Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 149

СТРАНЕЦОТ

АЛБЕР
КАМИ

1
ПРВ ДЕЛ

1.

Денеска умре мама. Или можеби вчера,


не знам. Добив телеграма од домот за старци:
„Мајка ви почина. Закопот утре. Искрени
сочувства.“ Тоа не кажува ништо. Можеби тоа
било вчера.

Домот за старци се наоѓа во Маренго, на


осумдесет километри од Алжир. Ќе земам
автобус во два часот и ќе стигнам истото
попладне. Така ќе можам да бдеам над
покојната и ќе се вратам утревечер. Побарав два
дена отсуство од газдата и тој не можеше да ми
ги одбие, извинувајќи се како порано. Но не
беше задоволен. Јас дури и му реков: „Јас не
сум виновен за тоа.“ Тој не одговори. Помислив
тогаш дека можеби не требаше да му го речам
тоа. Впрочем, немаше зошто да се извинувам.
Побргу тој требаше да ми изрази сочувство. Но
несомнено тоа ќе го стори задутре, кога ќе ме
види ожалостен. Засега, сè уште како мајка ми

2
да не беше умрена. По закопот, напротив, тоа ќе
биде свршена работа и сè ќе добие службен
изглед.

Со автобусот тргнав во два часот. Беше


мошне топло. Како и обично, се хранев во
ресторанот на Селест. Многу ме жалеа сите, а
Селест ми рече: „Имаме само една мајка.“ Кога
си заминував, тие ме испратија до врата. Бев
малку непромислен, зашто требаше да ce качам
до Емануел за да позајмам црна вратоврска и
панделка за околу ракав. Пред неколку месеци
нему му умре вујко му.

Трчав за да не го испуштам автобусот. По


ради ова брзање, ова трчање, поради сето тоа,
несомнено и поради труцкањето, мирисот на
бензин, блескавото треперење на патот и
небото, сум задремал. Сум спиел речиси сето
време на патувањето. И кога се разбудив, бев
потпрен на еден војник кој ми се насмеа и ме
праша дали доаѓам од далеку. Јас му реков „да“
за да не разговарам повеќе.

Домот за старци се наоѓа на два


километра од селото. Тој пат го минав пеш.
Сакав веднаш да ја видам мама. Но чуварот ми
рече дека треба да се видам со управникот.
Бидејќи беше зафатен, малку чекав. За сето тоа

3
време чуварот зборуваше и јас го видов
управникот: тој ме прими во својата
канцеларија. Тоа e мало старче со орденот
Легија на честа. Тој ме гледаше со светли очи.
Потоа ми ја стегна раката и ми ја држеше толку
долго, што не знаев како да ја извлечам.
Погледна во едно досие и ми рече: „Госпоѓата
Мерсо е дојдена овде пред три години. Вие
бевте нејзината единствена Потпора.“ Помислив
дека ми префрлува нешто и почнав да му
објаснувам. Но тој ме прекина: „Немате зошто
да се оправдувате, драго мое дете. Го читав
досието на вашата мајка. Вие не можевте да
одделувате средства за нејзините потреби.
Нејзе ѝ требаше жена за чување. Вашата плата е
скромна. И земајќи сè во обзир, овде таа беше
посреќна.“ Јас реков: „Да господин управниче.“
Тој додаде: „Знаете, таа имаше пријатели, луѓе
на нејзини години. Таа можеше да споделува со
нив мисли и впечатоци од едно друго време.
Вие сте млад и нејзе бездруго ѝ било здодевно
со вас.“

Тоа беше вистина. Кога беше дома, мама


го поминуваше времето следејќи ме молчаливо
со поглед. Во првите денови од своето доаѓање
во домот, таа плачела често. Но тоа било по
навика. По неколку месеци таа би плачела ако

4
би ја извадиле од домот. Пак поради навика.
Покрај другото, тоа беше една од причините
што последнава година речиси и не одев таму. А
исто така и поради тоа што тоа ќе ми ја земеше
мојата недела без да се смета на усилбата да
одам на автобус, да земам билети и два часа да
патувам.

Управникот ми зборуваше уште. Но јас


речиси не го слушав веќе. Потоа тој ми рече:
„ Претполагам дека би сакале да ја видите мајка
си.“ Станав без збор и тој тргна кон вратата пред
мене. На скали ми објасни: „Ја пренесовме во
нашата мала мртовечница. За да не ги
возбудуваме другите. Секојпат кога некој
пансионер ќe умре, другите се вознемирени
два-три дена. И тоа ја отежнува службата.“
Поминавме низ еден двор каде што имаше
многу старци, што брбореа во мали групи. Тие
замолчаа кога минувавме. И по нас разговорите
пак продолжија. Тоа прилегаше на придушено
дрдорење на мали папагали. На вратата од една
мала зграда управникот ме напушти: „Ве
оставам, господин Мерсо. Ви стојам на
располагање во мојата канцеларија. Во
принцип, закопот е закажан за десет часот
изутрина. Мислевме дека на тој начин ќе
можете да бдеете над покојната. И на крај,

5
мајка ви, како што изгледа, пред своите другари
често ја изразувала желбата да биде погребана
според религиозен обред. Го презедов она што
е потребно. Но сакав да ве известам за тоа.“ Му
заблагодарив. Мама, без да биде атеист,
никогаш во својот живот не помислуваше на
религија.

Влегов. Тоа беше мошне светла сала,


варосана и покриена со шарено стакло. Во неа
имаше столови и ногари во форма на Х. Две
меѓу нив, во средината, носеа мртовечки сандак
покриен со својот капак. Се гледаа само одвај
завртените блескави шрафови, што се изделуваа
врз штиците обоени со лушпи од орев. Покрај
сандакот стоеше болничарка Арапинка, во бела
селска блуза, и шамија со живи бои на главата.

Во овој момент вратарот влезе зад мојот


грб. Бездруго трчал. Тој д’ткаше малку: „Ја
покривме, но треба да го дигнам капакот за да
можете да ја видите.“ Тој се приближи до
сандакот, кога го запрев. Тој рече: „Вие не
сакате?“ Одговорив: „Не.“ Тој застана и ми беше
неудобно, зашто и почувствував дека не
требаше да го речам тоа. Веднаш потоа ме
погледна и ме праша: „Зошто?“ но без
префрлување, како да сакаше само да се

6
информира. Реков: „Не знам.“ Тогаш, виткајќи го
својот бел мустак, изјави без да ме гледа:
„Разбирам.“ Имаше убави, јасно сини очи и
малку црвеникаво лице. Ми даде стол и самиот
тој седна малку зад мене. Чуварката стана и се
упати кон излезот. Во тој момент вратарот ми
рече: „Таа има рак." Бидејќи не сфаќав, ја гледав
болничарката и забележав дека под очи таа
носеше завој што ѝ беше завиткан околу глава.
Во висина на носот, завојот беше сплескан. Се
гледаше само белината на завојот на нејзиното
лице.

Кога таа си замина, вратарот зборна: „Ќе


ве оставам сам.“ Не знам какво движење
направив, но тој остана, простум зад мене. Тоа
присуство зад мојот грб ми пречеше.
Просторијата беше полна со една убава
светлина од залезот. Два стршлена брчеа спроти
шарените стакла. И чувствував како ме обзема
сон. Без да се свртувам кон него, му реков на
вратарот: „Одамна ли сте тука?“ Веднаш
одговори: „Пет години“ како да го очекувал
одамна моето прашање.

Потоа тој брбореше многу. Многу се


зачудил кога некој му рекол дека ќе заврши
како вратар во домот за старци во Маренго.

7
Имаше шеесет и четири години и беше од
Париз. Во овој момент го прекинав: „Ах! вие не
сте оттука?“ Потоа се сетив дека пред да ме
одведе кај управникот, тој ми зборуваше за
мама. Ми беше рекол дека би требало бргу да
се погребе, зашто во рамницава е топло,
особено во овој крај. И тогаш ми рече дека
живеел во Париз и дека му било тешко да го
заборави. Во Париз се останува со мртовецот
три, четири дена понекогаш. Овде се нема
време, човек уште не се созел, а веќе треба да
трча по мртовечката кола. Жена му тогаш му
рекла: „Молчи, тоа не се работи за
прикажување пред господинот.“ Старецот
поцрвене и тоа беше извинување. Се замешав
за да речам: „Но не. Но не.“ Она што тој ми го
раскажа го сметав за вистинито и интересно.

Во малата мртовечница ми рече дека во


домот за старци тој дошол како последен
сиромав. Бидејќи се чувствувал способен, се
предложил за ова место на вратар. Јас му
забележав дека всушност тој беше пансионер.
Тој ми рече дека не е. Веќе бев фрапиран од
начинот на кој го изговараше: „тие“, „другите“, и
многу ретко „старците“, зборувајќи за
пансионерците, некои од кои не беа постари од
него. Но природно, не беше тоа иста работа. Тој

8
беше вратар и во извесна мера тој имаше
извесни права над нив.

Во тој момент влезе чуварката. Вечерта


беше се спуштила наеднаш. Мошне бргу ноќта
беше се згустила над шарениот стаклен покрив.
Вратарот го сврте прекинувачот и бев заслепен
од ненадејниот блесок на светлината. Тој ме
покани во трпезаријата на вечера. Но не бев
гладен. Тогаш ми понуди да донесе филџан
бело кафе. Бидејќи многу го сакам белото кафе,
го прифатив предлогот и по еден момент тој се
врати со послужавник. Го испив. Тогаш имав
желба да пушам. Но се двоумев, зашто не знаев
дали би можел да пушам пред мама.
Размислував, тоа немаше никакво значење. Му
понудив цигара на вратарот и запушивме.

Во еден момент, тој ми рече: „Знаете,


пријателите на госпоѓата ваша мајка исто така ќе
дојдат да бдеат. Тоа е обичај. Ќе треба да
побарам столови и црно кафе.“ Го прашав дали
би можело да се изгаси една од ламбите.
Блескавата светлина врз белите ѕидови ме
заморуваше. Ми рече дека тоа не е возможно.
Инсталацијата беше така направена: тоа беше сè
или ништо. Повеќе не му обрнував големо
внимание. Тој излезе, се врати, ги распореди

9
столовите. Врз еден од нив тој натрупа филџани
околу еден сад за кафе. Потоа седна спроти
мене, од другата страна на мама. Свртена со
грб, чуварката исто така беше во дното на
просторијата. Не гледав што работеше таа. Но
по движењето на нејзините раце помислував
дека плете. Беше тивко, кафето ме стопли и низ
отворената врата влегуваше мирис на ноќ и на
цвеќиња. Мислам дека малку сум дремнал.

Некое шушкање ме разбуди. Кога ги


отворив очите, просторијата ми се стори уште
поблескава од белина. Пред мене немаше ни
една сенка и секој предмет, секој агол, сите
криви линии се оцртуваа со една чистота болна
за очите. Во тој момент влегоа пријателите на
мама. Вкупно беа околу дванаесетмина и
влегуваа молчејќи во оваа заслепувачка
светлина. Тие седнаа и ниеден стол не крцна. Ги
гледав толку јасно, како што никогаш никого не
сум видел и ни еден детаљ од нивните лица или
од нивните облеки не остана незабележан.
Меѓутоа, не ги слушав и одвај можев да
поверувам дека тие постојат. Скоро сите жени
носеа престилки и панделката што им ја стегаше
половината уште повеќе го истакнуваше
испакнатиот стомак. Никогаш уште не бев
забележал колкав стомак можеле да имаат

10
старите жени. Мажите беа речиси сите мошне
слаби и држеа бастуни. Она што ме фрапира во
нивните лица е тоа дека не ги забележував
нивните очи, ами само едно слабо светкање без
блесок среде гнездо од брчки. Додека седнаа,
повеќемина ме гледаа и климаа со глава
срамежливо, усните им беа сосема вовлечени
од беззабата уста, така што не знаев дали ме
поздравуваат или е тоа лоша навика. Повеќе
мислам дека ме поздравуваа. Во тој момент
забележав дека сите беа седнати спроти мене
околу вратарот и ги поттресуваа главите. Еден
момент имав смешен впечаток дека тие се тука
за да ме судат.

Малку потоа една од жените почна да


плаче. Таа беше во вториот ред, скриена од
една од своите другачки и ја гледав слабо. Таа
плачеше со кратки липања, непрекинато: ми се
стори дека нема да запре никогаш. Другите
имаа изглед како да не ја слушаа. Беа
наведнати, тажни и тихи. Го гледаа сандакот или
својот бастун, или што и да е, но гледаа само во
тоа. Жената плачеше постојано. Бев мошне
зачуден, бидејќи не ја познавав. Сакав веќе да
не ја чујам. Меѓутоа не се решавав да ѝ го речам
тоа. Вратарот се наведна кон неа, ѝ зборуваше,
но таа ја подзатресе главата, промрморе нешто

11
и продолжи да плаче со истата изедначеност.
Вратарот тогаш дојде од мојата страна. Тој седна
до мене. По еден доста долг момент тој ме
извести без да ме гледа: „Таа беше многу
приврзана кон госпоѓата ваша мајка. Таа рече
дека тоа ѝ било единствената пријателка овде и
дека сега нема веќе никого.

Останавме така доста долго време.


Воздишките и липањата на жената стануваа
поретки. Таа шмркаше многу. Најпосле молкна.
Мене веќе не ми се спиеше, но бев уморен и ме
болеше во крстот. Молчењето на сите овие луѓе
сега ми беше страшно. Одвреме навреме само
ќе чуев поодделен шум и не можев да разберам
што беше тоа. Подоцна одгатнав дека некои од
старците ја цицаа внатрешноста од образите,
испуштајќи го ова чудно мласкање. Толку беа
потонати во своите мисли, што не се ни
забележуваа. Дури имав впечаток дека оваа
покојница, што лежеше среде нив, не значеше
ништо во нивните очи. Но сега мислам дека тоа
беше погрешен впечаток.

Сите пиевме кафе со кое нѐ послужи


вратарот. Потоа, не знам ништо веќе. Hoќта
мина. Се сеќавам дека еден момент ги отворив
очите и видов дека старците спиеја потпрени

12
еден до друг, освен еден со брада потпрена врз
своите раце што го зграпчиле бастунот, кој ме
гледаше без трепнување како да го чекал само
моето будење. Потоа уште спиев. Болката во
крстот што сѐ повеќе се засилуваше, ме разбуди.
Денот се лизгаше врз шарениот стаклен покрив.
Малку потоа, еден од старците се разбуди и
многу кашлаше. Плукаше во голема карирана
марама и секоја од неговите плуканки беше
како корнење. Тој ги разбуди другите и вратарот
рече дека треба да излезат. Тие станаа. Ова
неудобно бдеење им ги направи лицата како од
пепел. Излегувајќи, и на мое големо чудење,
сите ми стегнаа рака како оваа ноќ во која не
разменивме ниеден збор да беше ја зголемила
нашата интимност.

Бев уморен. Вратарот ме одведе кај себе


и можев малку да се суредам. Уште пиев бело
кафе што беше многу вкусно. Кога излегов,
сосема беше разденето. Над ритчињата што го
делат Маренго од морето, небото беше
исполнето со руменило. И ветрот што дуваше
над нив донесуваше ваму мирис на сол. Се
приготвуваше убав ден. Долго време не сум бил
во природа и чувствував, ако не беше мама,
какво задоволство ќе ми овозможеше
прошетката.

13
Но чекав во дворот, под еден платан 1. Го
вдишував мирисот на свежата земја и не ми се
спиеше веќе. Мислев на колегите во
канцеларијата. Во овoj час тие стануваа да одат
на работа: за мене тоа беше секогаш најтежок
час. Уште малку размислував за тие работи, но
бев одвлечен од ѕвонењето на еден ѕвонец во
внатрешноста на зградата. Зад прозорците
забрзано нешто се преместуваше и тропаше,
потоа сè стивна. Сонцето беше се кренало малку
повеќе на небо: почнуваше да ги стоплува моите
нозе. Вратарот помина низ дворот и ми рече
дека ме бара управникот. Отидов во неговата
канцеларија. Ми даде да потпишам неколку
акти. Забележав дека беше облечен во црно, со
панталони во штрафти. Ја зеде телефонската
слушалка и ме праша: „Службениците од
закопниот завод се тука веќе извесно време. Ќе
ги замолам да дојдат и да го затворат сандакот.
Дали би сакале пред тоа за последен пат да ја
видите вашата мајка?“ Реков не. Тој наредуваше
во телефонот спуштајќи го гласот: „Фижак,
кажете им на луѓето дека можат да одат.“

Потоа ми рече дека и тој ќе присуствува


на закопот и јас му заблагодарив. Тој седна зад
својата маса, и ги вкрсти своите куси нозе. Ме
1
Платан – вид дрво, чинар

14
извести дека јас и тој ќе бидеме сами со
дежурната болничарка. Во принцип
пансионерците не треба да присуствуваат на
закопите. Ги оставаат само да бдеат: „Тоа е
прашање на хуманост“, забележа тој. Но во овој
случај, тој му беше дозволил да ја следи
процесијата на еден стар пријател на мама:
„Томас Перез“. Овде управникот се насмеа. Ми
рече: „Разбирате, тоа е малку детинско чувство.
Но тој и вашата мајка не се разделуваа никогаш.
Во домов се шегуваа со нив и му велеа на Перез:
„Ова е вашата свршеница.“ Тој се смееше. Тоа
му причинуваше задоволство. „И факт е дека
смртта на госпоѓа Мерсо многу го погоди.
Сметав дека не треба да му ја одбијам желбата.
Но по совет од домскиот лекар, му забранив
вчера да ја чува."

Доста долго молчевме. Управникот стана


и погледна низ прозорецот од својата
канцеларија. Во еден момент тој забележа: „Ене
го веќе и свештеникот од Маренго. Подранил.“
Тој ме предупреди дека до црквата што се наоѓа
во истото село ќе треба да се оди речиси три
четвртини час. Слеговме. Пред зградата беше
свештеникот и две деца од хорот. Едното од нив
држеше кадилница и свештеникот се наведна
над него за да ја регулира должината на

15
сребрената веришка. Кога стигнавме,
свештеникот се исправи. Тој ме викаше „сине
мој“ и ми рече неколку збора. Тој влезе; јас го
следев.

Веднаш забележав дека шрафовите беа


за ковани и дека имаше четворица луѓе во црно
во просторијата. Истовремено чув дека
управникот ми рече оти колата чека на патот и
свештеникот ги почна своите молитви. По овој
момент сè одеше многу брзо. Луѓето се упатија
кон сандакот со покрив. Свештеникот, неговите
придружници, управникот и јас излеговме. Пред
врата имаше една жена што не ја познавав: „Г.
Мерсо“, рече управникот. Не го чув името на
оваа жена и само разбрав дека таа беше
болничарка определена за придружбата. Таа го
настрани своето коскесто и долгманесто лице
без насмевка. Потоа се наредивме за да го
пропуштиме ковчегот. Одевме по носачите и
излеговме од домот. Пред врата беше колата.
Лакирана, долгманеста и блескава, таа
потсеќаваше на мастилница. Покрај неа се
наоѓаше редарот, малечок човек облечен
смешно и еден старец со неприродно држење.
Сфатив дека тоа беше Г. Перез. Имаше мека
шапка со тркалеста глава и широка периферија
(тој ја симна кога ковчегот го изнесоа од врата),

16
костум чии панталони се виткаа околу чевлите и
врска од црн штоф и премногу мала за неговата
кошула со голема бела јака. Неговите усни
трепереа под носот посипан со црни дамки.
Неговите доста фини бели коси ги пропуштаа
чудните уши што се клатеа и чија крваво црвена
боја на бледото лице ме вџаши. Службеникот од
закопниот завод ни ги определи нашите места.
Свештеникот одеше напред, потоа колата.
Околу неа, четворицата луѓе. Одзади,
управникот, јас и на крајот делегираната
болничарка и господин Перез.

Небото беше веќе полно сонце. Тоа


почнуваше да ја притиска земјата и горештината
постојано растеше. Не знам зошто чекавме
доста долго пред да тргнеме. Ми беше топло во
моето темно облекло. Малото старче, повторно
ја симна шапката. Малку се свртев кон него и го
гледав додека управникот ми зборуваше за
него. Тој ми рече дека мајка ми и господин
Перез често оделе на прошетка навечер до
селото, придружени од една негувателка. Ја
посматрав рамницата околу мене. Минувајќи
низ редовите со чемпреси што водеа до
ритчињата близу до работ на хоризонтот низ
оваа светла и зелена земја, покрај овие ретки и
добро оцртани куќи, ја разбирав мама. Вечерта

17
во оваа земја морала да биде како
меланхолична починка. Денеска, од сонцето
што се излеваше, пејсажот потреперуваше,
станувајќи нечовечен и тежок.

Тргнавме. Овој момент забележав дека


Перез одвај накуцува. Малку по малку колата
забрзуваше и старецот заостануваше. Еден од
луѓето што ја опкружуваа колата, исто така
заостана и сега одеше во линија со мене. Бев
изненаден од брзината со која сонцето се
качуваше по небото. Забележав дека веќе долго
време полето зуни од песната на инсектите и од
крцкањето на тревата. Пот течеше врз моите
образи. Бидејќи немав капа, се ладев со моето
крпче. Службеникот од закопниот завод ми рече
тогаш нешто што не го чув. Во истовреме, тој си
ја избриша главата со едно крпче што го
држеше во левата рака, а со десната подигајќи
ја козирката2 од својот качкет. Јас му реков
„Како?“ Тој повтори покажувајќи на сонцето:
„Ова удира.“ Јас реков: „Да.“ Малку потоа тој ме
праша: „Вашата мајка ли е таму?“ Јас уште
реков: „Да.“ „Стара ли беше?“ Јас одговорив:
„Па, така“, бидејќи не го знаев точниот број.
Потоа тој молкна. Се свртев и го видов стариот
Перез на педесетина метри зад нас. Тој брзаше
2
Козирка - Штит на капа против сонце.

18
балансирајќи со својата шапка в рака. Го гледав
исто така и управникот. Тој чекореше со многу
достоинство, без ниедно излишно движење.
Неколку капки пот блескаа врз неговото чело, но
тој не ги бришеше.

Ми изгледаше дека процесијата оди


малку пребрзо. Околу мене постојано се
протегаше истото осветлено поле исполнето со
сонце. Блесокот на небото беше неподнослив.
Извесно време минувавме дел од патот што
беше неодамна поправан. Сонцето беше го
стопило асфалтот. Нозете пропаѓаа и оставаа
трага во неговата блескава маса. Над колата,
капата на колартот на коларот, од варена кожа,
како да беше брцната во оваа црна кал. Бев
малку изгубен меѓу синото и бело небо и
монотонијата на овие бои, лепливата црна боја
на отворениот асфалт, посната црнотија на
облеклата, лакираната црнотија на колата. Сето
тоа, сонцето, мирисот на кожа и на лепешки од
колата, на лак и на темјан, умората на една
непроспиена ноќ, ми го заматуваше погледот и
мислите. Се свртев уште еднаш: Перез беше
мошне далеку, изгубен во облак жештина, потоа
не го забележав веќe. Гo барав со поглед и
видов дека беше го напуштил патот и фатил
преку полето. Исто така констатирав дека пред

19
мене патот свртуваше. Сфатив дека Перез, кој го
познаваше овој крај, ќе удри напревар за да не
стигне. На свијокот тој ни се придружи. Потоа го
изгубивме. Тој уште еднаш фати низ полето и
така неколку пати. Чувствував како крвта ми бие
во слепите очи.

Потоа сè се сврши со таква брзина,


сигурност и едноставност, што не си спомнувам
ништо веќе. Само една работа: при влезот во
селото, болничарката определена за придружба
ми зборуваше. Таа имаше особен глас кој не
одеше со нејзиното лице, глас мелодиозен и
треперлив. Таа ми рече: „Ако се оди полека, се
ризикува сончев удар. Но ако се оди мошне
брзо, човек се поти и во црквата ќе добие
треска.“ Имаше право. Се немаше излез. Уште
паметам неколку слики од тој ден: на пример,
лицето на Перез кога за последен пат нѐ стигна
близу до селото. Големи солзи од премаленост
и мака му се тркалаа врз образите. Но, поради
брчките тие не течеа. Тие се ширеа, се стигнуваа
правејќи еден вид воден лак врз разореното
лице. И уште сликата: црквата и селаните врз
тротоарите, црвен гераниум врз гробовите,
несвестицата на Перез (би се рекло раставена
кукла), земјата црвена како крв што течеше врз
сандакот на мама, белото месо на корењата што

20
се мешаа со неа, па луѓето, гласовите, селото,
чекањето пред една кафеана, непрекинатото
брмчење на мотор и мојата радост кога
автобусот влезе во гнездото на светлините на
Алжир и кога мислев дека ќе си легнам и ќе
спијам дванаесет часови.

2.

21
Будејќи се сфатив зошто мојот газда
имаше незадоволно лице кога му ги барав
моите два дена отсуство: денеска е сабота. Така
да се каже, бев заборавил на тоа, но станувајќи
ми дојде таа мисла. Сосем природно, мојот
газда мислел дека на тој начин јас ќе имам
четири слободни дена заедно со мојата недела
и тоа не можеше да му причини задоволство. Но
од една страна, не бев виновен јас дека закопот
на мама беше вчера место денеска, а од друга, и
без тоа саботата и неделата ќе ми беа слободни.
По себе се разбира, тоа не ми пречи сепак да го
разберам мојот газда.

Одвај станав бидејќи бев изморен од


вчерашниот ден. Додека се бричев, се прашував
што ќе правам и решив да одам на капење. Се
качив на трамвајот за да појдам на плажата во
пристаништето. Таму, се нурнав во каналот.
Имаше многу млади луѓе. Во водата ја најдов
Марија Кардона, некогашна дактилографка од
мојата канцеларија кон која нешто ме влечеше
во тоа време. Мислам дека и неа ја влечеше
нешто кон мене исто така. Но таа отпатува малку
потоа и ние немавме време. И помогнав да се
качи на еден мореказ и во тоа движење ги

22
допрев нејзините гради. Бев сè уште во вода
кога беше веќе мешечки легната врз мореказот.
Таа се сврте накај мене. Косите ѝ беа в уста и таа
се смееше. Се искачив покрај неа врз мореказот.
Беше пријатно и шегувајќи се главата ми отиде
назад и ја кладов врз нејзиниот стомак. Таа не
рече ништо и останав така. Сето небо ми беше
во очите и тоа беше сино и позлатено. Под мојот
тил, чувствував како стомакот на Марија полека
бие. Останавме долго врз мореказот
полузаспани. Кога сонцето стана силно, таа
скокна во вода, а и јас појдов по неа. Ја стигнав,
ја опфатив околу половината и пливавме
заедно. Таа се смееше постојано. На кејот,
додека се сушевме, ми рече: „Повеќе сум
поцрнета од вас“. Ја прашав дали сака да дојде
на кино, вечер. Таа уште се смееше и ми рече
дека би сакала да гледа филм со Фернандел.
Кога се облековме, таа мошне се изненади кога
ме виде со црна вратоврска и ме праша дали
жалам за некого. Ѝ реков дека умре мама.
Бидејќи таа сакаше да знае кога, јас ѝ
одговорив: „Вчера.“ Малку се сепна, но ништо
не рече. Сакав да ѝ речам дека јас не сум
виновен за тоа, но се воздржав, зашто се сетив
дека тоа веќе му го кажав на мојот газда. Тоа

23
немаше никакво значење. На секој начин некој е
постојано по малку виновен.

Вечерта Марија беше заборавила сè.


Филмот беше комичен на моменти и потоа
навистина глупав. Таа ја стави својата нога врз
мојата. Јас ѝ ги милував градите. При крајот на
претставата ја прегрнав, но лошо. Откако
излеговме, таа дојде кај мене.

Кога се разбудив, Марија беше си


заминала. Таа ми беше објаснила дека ќе треба
да појде кај тетка си. Мислев дека е недела и
тоа ми беше здодевно: не ги сакам неделите.
Тогаш, се свртев во креветот, врз перницата го
барав мирисот на сол што го оставија косите на
Марија и спиев до десет часот. Потоа пушев
цигари, постојано легнат, до пладне. Не сакав да
појадувам кај Селест како и обично, бидејќи,
бездруго, ќе ме прашуваат, а не го сакам тоа.
Сварив јајца и ги изедов од истиот сад без леб,
бидејќи не ми беше останал повeќe, a не сакав
да слегувам да купам.

По појадокот, малку ми беше здодевно и


шетав по станот. Тој беше комотен и кога мама
беше тука. Сега пак тој е преголем за мене и
морав да ја пренесам во мојата соба масата од
трпезаријата. Живеам само во оваа соба, меѓу

24
малку искинатите сламени столови, орманот со
пожолтеното огледало, тоалетната масичка и
креветот од бакар. Сè друго беше запуштено.
Малку подоцна, за да работам нешто, зедов
еден стар весник и го читав. Исеков една
реклама за Крусеновата сол и ја залепив во една
стара тетратка во која ги ставам нештата што ме
интересираат во весниците. Исто така си измив
раце и на крајот излегов на балкон.

Мојата соба е свртена кон главната улица


на предградието. Попладнето беше убаво.
Меѓутоа, плочникот беше извалкан, луѓето ретки
и уште забрзани. Најпрвин тоа беа фамилии што
одат на прошетка, две мали дечиња во
морнарски костими со панталони под колената,
малку притеснети во чкоравите облекла, и мало
девојченце со голема розова панделка и црни,
лакирани чевли. По нив, огромна мајка во
свилен, костенлив фустан, и таткото, доста
слабичок, мал човек што го познавав по
видување. Имаше шапка, врска-пеперуга и
бастун во раката. Гледајќи го заедно со жена му
разбрав зошто во квартот се зборуваше за него
дека е угладен. Малку потоа поминаа млади
луѓе од предградието со светнати коси и црвени
врски, со припиени палта и везено марамче во
џепчето и во чевли со четвртести врвови.

25
Мислев дека одеа во кината во центарот. Затоа
тие заминаа толку брзо и итаа кон трамвајот
смеејќи се мошне силно. По нив, полека улицата
опусте. Претставите насекаде беа почнати,
верувам. На улицата беа само дуќанџиите и
мачките. Небото беше ведро, но без сјајот на
фикусите што ја порабуваа улицата. На
тротоарот отспротива продавачот на тутун
изнесе еден стол, го стави пред својата врата, го
опчекори налактувајќи се со двете раце врз
потпирачот. Трамваите, до пред малку
преполнети, речиси беа празни. Во малото
кафеанче: „Кај Пјеро“, покрај продавачот на
тутун, келнерот чистеше со триње во
напуштената сала. Беше навистина недела.

Го свртев мојот стол и го наместив како


оној на продавачот на тутун, зашто најдов дека е
тоа поудобно. Испушив две цигари, влегов да
земам парче чоколадо и се вратив да го јадам
на прозорецот. Малку потоа небото се намурти
и помислив дека ќе имаме летна луња. Меѓутоа,
полека пак се разведри. Но минувањето на
облаците беше оставило над улицата како едно
ветување на дожд; поради што таа беше
понатажена. Долго останав гледајќи го небото.

26
Во пет часот трамваите пристигнаа со
шум. Од стадионот во предградието тие
доведуваа групи гледачи качени врз скалите и
врз оградите. Следните трамваи ги донесоа
играчите што ги познав по нивните мали
куферчиња. Тие извикуваа и пееја со полни
гради дека нивниот тим нема да изгуби.
Повеќемина ми даваа знаци. Еден дури ми
викна; „Ги суредивме“. И јас реков: „Да“,
климајќи со глава. Потоа почнаа да се тискаат
автомобили.

Денот одмина уште малку. Над


покривите, небото стана црвеникаво и со
вечерта што се раѓаше улиците оживеа. Луѓето
што се шетаа полека се враќаа. Среде другите го
познав, угладениот господин. Децата плачеа или
се влечеа. Речиси веднаш од кината во квартот
на улицата се излеа бран од гледачи. Меѓу нив,
младежите гестикулираа порешително од
порано и помислив дека гледале некој
авантуристички филм. Оние што се враќаа од
кината во градот пристигнаа малку подоцна. Ми
се стори дека се посериозни. Тие уште се смееја,
но одвреме навреме изгледаа изморени и
поспани. Тие останаа во улицата одејќи и
доаѓајќи на тротоарот отспротива. Младите
девојки од квартот, гологлави, се држеа за раце.

27
Ергените беа се наредиле за да ги пресретнат и
тие правеа вицеви на кои овие се смееја и
свртуваа глава. Повеќето од нив, што ги
познавав, ми даваа знаци.

Уличните ламби тогаш наеднаш се


запалија и поради нив изгледаа бледи првите
ѕвезди што блеснаа во ноќта. Почувствував како
ми се уморуваат очите од гледањето на
тротоарите исполнети со луѓе и светлини. Од
ламбите блескаше влажниот паваж 3 и
трамваите, во правилни интервали, го фрлаа
својот одблесок врз нечија намачкана коса, врз
некој насмев или сребрена нараквица. Попосле,
со сè поретките трамваи и ноќта веќе црна над
дрвјата и ламбите, квартот незабележано се
празнеше сè дури првата мачка не помина
полека по улицата одново опустена. Се сетив
тогаш дека би требало да вечерам. Малку ме
болеше вратот, поради долгото потпирање врз
грбот на мојот стол. Слегов да купам леб и
паштета, сам ја зготвив и јадев стоејќи. Сакав да
испушам една цигара на прозорецот, но
воздухот беше станал свеж и ми беше малку
студено. Ги затворив прозорците и, враќајќи се,
во огледалото видов еден крај од масата каде
што ламбата на шпиритус стоеше до парчињата
3
Паваж – калдрма.

28
леб. Мислев дека измина уште една недела,
дека е мама закопана, дека пак ќе се зафатам со
работа и дека сè на сè, ништо не се измени.

29
3.

Денеска многу работев в канцеларија.


Шефот беше љубезен. Ме праша дали сум многу
изморен и исто така сакаше да знае колку беше
стара мама. Реков „шеесетина години“, за да не
згрешам и не знам зошто имаше израз како да
му олекнало и оти смета дека таа работа е
свршена.

Куп товарни листови беше натрупан врз


мојата маса и требаше сите да ги прегледам.
Пред да ја напуштам канцеларијата, за да
појдам на ручек, си измив раце. На пладне
многу го сакам овој момент. Навечер наоѓам
помалку задоволство, бидејки крпата на вртење
што се употребува е сета измокрена: со неа беа
се служеле целиот ден. Еднаш му направив
забелешка на мојот шеф. Тој ми одговори дека е
тоа за жалење, но дека е сепак тоа еден
безначаен детаљ. Излегов малку подоцна, во
дванаесет и пол, со Емануел кој работи во
експедицијата. Канцеларијата гледа кон морето
и ние изгубивме еден момент гледајќи товарни
бродови во пристаништето усвитено од сонце.
Овој момент доаѓаше еден камион трескајќи со
синџири и пукајќи. Емануел ме праша: „дали да
се качиме“ и јас почнав да трчам. Камионот нè

30
престигна и ние удривме по него. Бев задушен
во шум и во прашина. Не гледав веќе ништо и
само го чувствував овој необичен занес на
трчањето, среде чекрци и машини, катарки што
поигруваа на хоризонтот и труповите на
бродови покрај кои итавме. Прв се фатив за
оградата и се префрлив. Потоа му помогнав на
Емануел да седне. Бевме заздишени, камионот
потскокнуваше по нерамниот плочник на кејот,
среде прав и сонце. Емануел толку се смееше,
што се залипна.

Стигнавме испотени кај Селест. Тој беше


секогаш тука, со својот голем стомак, со
престилката и своите бели мустаќи. Ме праша
„како сум“. Му реков добро и дека сум гладен.
Јадев многу брзо и испив кафе. Потоа си дојдов
дома, спиев малку, зашто бев испил многу вино
и откако се разбудив посакав една да запалам.
Беше доцна и се стрчнав да стигнам еден
трамвај. Работев сето попладне. Беше многу
топло во канцеларијата и излегувајќи бев среќен
што се враќам чекорејки полека долж кејовите.
Небото беше зелено, јас бев задоволен. Сепак,
се вратив директно дома бидејќи сакав да си
приготвам варени компири.

31
Качувајќи се по темните скали удрив во
стариот Саламано, мојот сосед од ходникот. Тој
беше со своето куче. Има веѓе осум години како
ги гледаат заедно. Потполошкарот има некаква
болест на кожата, некое воспаление мислам, од
што му паѓаат речиси сите влакна и кожата му се
покрива со дамки и кафени красти. Живеејќи
така долго со него, самите двајца во едно мало
сопче, стариот Саламано на крајот почна да
личи на него. Имаше две црвени красти врз
лицето и жолтеникави и ретки влакна. А и
самиот пес прими од својот господар еден вид
подгрбавено одење, муцката напред, а вратот
издолжен. Како да беа од иста раса, а сепак се
гнасеа еден од друг. Двапати на ден, во
единаесет часот и во шест часот стариот го води
својот пес на прошетка. Beќe осум години тие не
го измениле својот пат. Секој може да ги види
долж улицата Лион, песот го влече човекот сè
дури стариот Саламано не се сопне. Тогаш тој го
тепа својот пес и му се руга. Песот лази од страв
и остава да го влече стариот. Во тој момент на
стариот му е редот да го влечка. Кога песот ќе
заборави, повторно го влече својот господар и
овој пак го тепа и му се руга. Тогаш и двајцата
остануваат на тротоарот и се гледаат, песот со
страв, човекот со омраза. Така е тоа секој ден.

32
Кога песот сака да моча, старецот не му остава
време за тоа и го тегне, а потполошкарот сее по
него трага од ситни капки. Ако случајно тоа го
направи во собата, тогаш е уште тепан. Тоа трае
веќе осум години. Селест постојано вели дека е
тоа „несреќa“, но всушност никој не може да
знае што е. Кога го сретнав на скали, Саламано
токму го караше својот пес. Тој му велеше:
„Гнасо! Мрцино“ и песот стенкаше. Јас му реков:
„Добра вечер“, но старецот му се караше
непрекинато. Тогаш го прашав што му беше
сторил песот. Тој не ми одговори. Само рече:
„Гнасо! Мрцино!“ Го сфатив дури кога се
наведна над својот пес нешто да му поправи на
ѓерданот. Говорев многу силно. Тогаш без да се
сврти ми одговори со еден вид воздржан бес:
„Секогаш е тука“. Потоа отиде влечејќи го
животното кое оставаше да биде влечено на
сите четири нозе и пискаше.

Точно во тој момент влезе вториот мој


сосед по ходникот. Во квартот се зборува дека
тој живее од жени. Меѓутоа, кога го прашуваат
за неговата професија, тој е „магационер“.
Главно никој не го сакаше. Но тој ми зборува
често и понекогаш поминува еден момент кај
мене бидејќи го слушам. Сметам дека она што
тој го раскажува е интересно. Впрочем, немам

33
никакво право да не му зборувам. Тој се вика
Ремон Сентес. Тој е доста мал, со широки
рамења и боксерски нос. Секогаш е облечен
мошне коректно. Исто така зборувајќи за
Саламано и тој ми рече: „Зарем тоа не е
несреќа?“ Ме прашуваше дали од тоа не се
гнасам и јас одговорив не.

Се искачивме и кога сакав да го


напуштам тој ми рече: „Имам во станот колбаси
и вино. Сакате ли да каснете едно парче со
мене? ...“ Мислев дека тоа ќе ме ослободи од
тоа да морам да готвам и прифатив. Тој исто
така има само една соба со кујна без прозорец.
Над неговиот кревет има еден ангел од бел и
розов штук, фотографии на шампиони и две или
три слики на голи жени. Собата беше нечиста и
креветот несуреден. Најпрвин ја запали својата
ламба на газија, извади од џебот еден доста
сомнителен завој и ја завитка својата десна
рака. Го прашав што е тоа. Тој ми рече имал
судирање со еден тип што го предизвикувал.

„Разбирате господин Мерсо, ми рече тој,


не е тоа поради тоа што сум лош, туку дека сум
брз. Оној ми рече: „Слези од трамвајот ако си
маж. Јас му реков: „Ајде, биди мирен.“ Тој ми
рече дека не сум маж. Тогаш слегов и му реков:

34
„Подобро да прекинеш, инаку ќе те вразумам.“
Тој одврати: „Што?“ Тогаш го удрив еднаш. Тој
падна. Јас сакав да го подигнам. Но тој ме ритна
со нога од земја. Тогаш го удрив со колено и
двапати со бокс. Лицето му беше во крв. Го
прашав дали е задоволен сега. Тој ми рече:
„Да“.

За сето тоа време Сентес го наместуваше


своjот завој. Бев седнат врз креветот. Тој ми
рече: „Гледате дека јас не го сакав тоа. Тој ме
навреди. Тоа беше точно и јас му одобрив.
Тогаш ми изјави дека токму сакал да се
посоветува со мене по повод таа афера, дека
сум јас еден човек што го познавам животот,
дека можам да му помогнам и дека потоа ќе
станеме пријатели. Ништо не реков и тој ме
праша уште дали би сакал да бидам негов
пријател. Реков дека тоа ми е сеедно: тој беше
волен. Извади колбаси, ги испече во тава и
постави чаши, чинии, прибор за јадење и две
шишиња вино. Сето тоа го правеше молчејќи.
Потоа седнавме. Јадејќи, почна да ми раскажува
некои настани од својот живот. Отпрвин малку
се двоумеше. „Познавав една жена ... така да се
каже, тоа беше моја метреса4.“ Човекот со кого

4
Метреса - Љубовница, жена материјално издржувана од
љубовникот.

35
беше се тепал, беше брат на оваа жена. Тој ми
рече дека ја издржувал. Ништо не одговорив, а
сепак веднаш додаде дека знае што зборуваат
за него луѓето во квартот, но дека му е совеста
чиста и дека е магационер.

„Но да се вратам на мојата историја“, ми


рече тој, „забележав дека таа ме лаже“. И давал
достатно за да може да живее. Самиот и плаќал
кирија за нејзината соба и ѝ давал дваесет
франкови на ден за храна. „Триста франкови за
собата, шестотини франкови за храна, одвреме
навреме по еден чифт чорапи, тоа чини илјада
франкови. Госпоѓата не работеше. Но таа ми
велеше дека е тоа в ред, но дека со она што ѝ го
давав не можела да излезе на крај. Меѓутоа јас
ѝ реков: „Зошто не работиш барем само
половина ден. Доста би ми олеснила за сите тие
дребулии. Овој месец ти купив фустан и мантил,
ти плаќам дваесет франкови на ден, ти ја плаќам
киријата, а ти попладнето пиеш кафе со твоите
пријатели. Ти им даваш кафе и шеќер. Јас ти
давам пари. Јас добро постапувам со тебе, а ти
ми вракаш зло.“ Но таа не работеше, постојано
велеше дека не излегува на крај и така
забележав дека ми е неверна.“

36
Потоа тој ми раскажа дека нашол еден
лоз од лотарија во нејзината чанта и дека не
можела да му објасни како го купила. Малку
подоцна, тој нашол кај неа „потврда“ од
залагалницата која докажуваше дека таа
заложила две гривни. Сè дотогаш не знаел дека
тие гривни постојат. „Добро видов дека ме
лаже. Тогаш ја напуштив. Но најпрвин ја биев. А
потоа ѝ ги реков сите вистини. Ѝ реков дека она
што таа го сакаше беше да се занимава со онаа
своја работа. Како ѝ го реков тоа, вие разбирате,
господин Мерсо: „Ти не гледаш дека луѓето ти
завидуваат на среќата што ти ја давам. Дури
подоцна ќе ја дознаеш среќата што ја имаше.“

Тој ја тепал до крв. Порано не ја тепал.


„Ја тепав, но така да се каже, нежно. Таа викаше
малку. Ги затворав капаците и сè свршуваше
како секогаш. Но сега е сериозно. И што се
однесува до мене, не ја казнив достатно.“

Тој ми објасни тогаш дека е тоа поради


тоа што чувствувал потреба за еден совет.
Застана да го поправи фитиљот на ламбата што
чадеше. Јас го слушав постојано. Испив речиси
литар вино и чувствував врелина во слепите очи.
Пушев цигари од Ремон, бидејќи други не ми
останаа веќе. Последните трамваи минуваа и со

37
себе ја носеа вревата сега далечна на
предградието. Ремон продолжи. Му било криво,
дека сакал уште да има однос со неа“. Но тој
сакал да ја казни. Прво размислувал да ја
одведе во хотел и да ја викне полицијата за
јавен ред и морал за да предизвика скандал, та
така да ѝ дадат книшка на проститутка. Потоа се
обратил до своите пријатели од подземјето.
Ништо не смислиле. И како што забележа
Ремон, многу ти чини да бидеш во подземјето.
Тој им рекол и тие му предложиле да ја
„обележат“. Но тоа не било она што го сакал тој.
Ќе размисли. Пред тоа сакаше нешто да ме
праша. Впрочем, пред да ме праша за тоа,
сакаше да знае што мислам јас за оваа историја.
Одговорив дека не мислам ништо, но дека е тоа
интересно. Тој ме праша дали таа го лаже, а
мене ми изгледаше дека таа го лаже, потоа дали
сметам дека треба да ја казни и што би правел
да сум на негово место, а јас му реков дека
никогаш не може да се знае, но дека разбирам
што сака да ја казни. Уште малку пиев вино. Тој
запали цигара и ми ја откри својата идеја.
Сакаше да ѝ напише писмо, „со навреди но
истовремено и со такви нешта што ќе ја натераат
да се покае“. Потоа, кога ќе се врати, тој ќе
легне со неа и „точно оној момент кога ќе треба

38
да сврши“ тој ќe ѝ плукне в лице и ќе ја исфрли
надвор. Јас сметав дека на тој начин со еден
збор таа ќе биде казнета, но Ремон ми рече
дека не се чувствува способен да го напише
писмото што му е потребно и дека мислел на
мене јас да го составам. Бидејќи не реков
ништо, тој ме праша дали би ми било здодевно
тоа да го сторам веднаш и јас одговорив дека не
би ми било.

Тогаш, откако испи една чаша вино тој


стана. Ги оттурна чиниите и малку од колбасите
што бевме ги оставиле. Внимателно ја избриша
мушамата на масата. Од една фијока на својата
ноќна масичка зеде лист коцкеста хартија, жолт
коверт, мало перо од црвено дрво и четвртеста
мастилница со лилјаково мастило. Кога ми го
кажа името на жената, забележав дека е
Маварка. Го напишав писмото. Го напишав без
многу да му мислам, но настојував да го
задоволам Ремона, бидејќи немав причина да
не го задоволам. Потоа го читав писмото на
глас. Тој ме слушаше пушејќи и климајќи со
глава, потоа ме замоли да го препрочитам. Беше
сосема задоволен. Ми рече: „Знаев дека добро
го познаваш животот. Отпрвин не забележав
дека ми се обрнува со ти. Тоа беше само кога ми
објави: „Сега си ми вистински пријател“, од кое

39
бев фрапиран. Тој ја повтори својата фраза и јас
реков: „Да“. Мене ми беше сеедно дали сум
негов пријател, но тој имаше навистина изглед
како тоа да го сакал. Го затвори писмото и ние
го завршивме виното. Потоа еден момент
пушевме молчејќи. Надвор, сè беше мирно,
слушнавме лизгање на автомобил што
минуваше. Јас реков: „Доцна е.“ Ремон го
мислеше истото. Тој забележа дека времето
изминало брзо и во извесна смисла тоа беше
вистина. Ми се спиеше, но ми беше тешко да
станам. Треба да сум имал уморен изглед,
бидејќи Ремон ми рече дека не треба да
очајувам. Отпрвин не го разбрав. Потоа ми
објасни дека дознал за смртта на мајка ми, но
дека тоа е нешто што морало да дојде порано
или подоцна. Така мислев и јас.

Станав, Ремон ми ја стегна раката мошне


силно и ми рече дека машките секогаш се
разбираат меѓу себе. Откако излегов од
неговиот стан, ја затворив вратата и еден
момент останав во мракот на одмориштето од
скалите. Куќата беше тивка и од длабочините на
заградениот простор меѓу скалите се качуваше
темен и влажен здив. Ги слушав само ударите на
мојата крв што ми свиреше во ушите. Останав

40
неподвижен. Но во собата на стариот Саламано,
песот пискаше придушено.

4.

41
Добро работев целата недела, Ремон
дојде и ми рече дека го испратил писмото.
Двапати одев на кино со Емануел кој никогаш не
го разбира она што се прикажува на екранот.
Тогаш треба да му давам објасненија. Вчера
беше сабота и Марија дојде, како што бевме се
договориле. Чуствував голема желба по неа
бидејки имаше убав фустан со црвени и бели
линии и кожени сандали. Се наѕираа нејзините
тврди гради, а лицето потемнето од сонце
прилегаше на цвет. Се качивме на автобус и
отидовме на неколку километри од Алжир, на
една плажа, стегната меѓу карпи и порабена со
ружи од страната на копното. Сонцето во четири
часот не беше многу топло, но водата беше
млака, со мали бранови, долги и мрзеливи.
Марија ме научи на една игра. Пливајќи
требаше да пиеш од гребенот на брановите, да
ја собираш в уста сета пена и потоа да се
превртиш на плеќи за да ја исфрлаш кон небото.
Од тоа се правеше како една пенеста тантела
што исчезнуваше во воздухот или пак како
млачок дожд ми паѓаше врз лицето. По извесно
време, устата ми беше испечена од горчливоста
на солта. Марија тогаш ме стигна и се припи кон
мене во водата. Таа ја стави својата уста врз

42
мојата. Нејзиниот јазик ми ги освежуваше
усните и еден момент така се движевме низ
брановите.

Кога се облековме на плажата, Марија ме


гледаше со светнати очи. Ја бакнав. Потоа веќе
не зборувавме. Ја држев до себе и побрзавме да
најдеме автобус, да се вратиме, да појдеме во
мојата соба и да се фрлиме врз мојот кревет.
Бев го оставил прозорецот отворен и беше
убаво да се чувствува како летната ноќ тече врз
нашите исончани тела.

Тоа утро Марија остана и јас и реков дека


ќе појадеме заедно. Слегов да купам месо.
Враќајки се, чув женски глас во Ремоновата
соба. Малку потоа стариот Саламано го караше
својот пес, чувме шум на ѓонови и шепи врз
дрвените скали и потоа: „Гнасо, мрцино“ и тие
излегоа на улица. Ѝ ја раскажав на Марија
историјата на старецот и таа се смееше. Таа
беше во една од моите пижами чии ракави
беше ги запрегнала. Кога се смееше, уште
еднаш посакав да ја имам. Момент потоа, таа
ме прашуваше дали ја сакам. Ѝ одго ворив дека
тоа не значи ништо, но оти ми се чини дека не.
Таа имаше натажен изглед. Но приготвувајќи го
појадокот, таа уште се смееше така што ја

43
бакнав. Во истиот момент избувна шумна
расправија кај Ремон.

Најпрвин се слушна писклив глас на


жена, а потоа Ремон кој зборуваше: „Ти ме
измами, ти ме измами. Ќе те научам како да ме
измамуваш.“ Неколку придушени шумови и
жената толку страшно стенкаше, што
одмориштето веднаш се исполни со луѓе.
Марија и јас исто така излеговме. Жената
постојано викаше и Ремон непрекинато ја
тепаше. Марија ми рече дека е тоа страшно, а
јас не одговорив ништо. Таа ме замоли да
појдам да побарам полицаец, но ѝ реков дека
не ги сакам полицајците. Сепак еден стигна
заедно со некој лимар, што живее на вториот
кат. Тој чукаше на вратата и повеќе ништо не се
слушна. Тој чукаше посилно и по еден момент
жената плачеше, а Ремон отвори. Тој имаше
цигара во устата и смирен изглед. Девојката се
стрчна кон вратата и му изјави на полицаецот
дека Ремон ја тепал. „Твоето име“, рече
полицаецот. Ремон одговори. „Извади ја таа
цигара од уста кога ми говориш“, рече
полицаецот. Ремон се двоумеше, ме погледна и
повлече од својата цигара. Во тој момент,
полицаецот со својата дебела и тешка дланка со
сета сила го плесна по образ. Цигарата падна

44
неколку метри подалеку. Ремон го измени
лицето, но за момент ништо не рече и потоа
понизно прашаше дали може да го земе својот
опушок. Полицаецот рече дека може и тој
додаде: „Но следниот пат ќе знаеш дека
полицаецот не е кукла.“ За тоа време девојката
плачеше и таа повтори: „Тој ме тепаше. Тој е
макро.“ – „Господин полицаец, праша тогаш
Ремон, по законот ли е тоа да му се рече макро
на еден човек?“ Но полицаецот му нареди „да ја
затвори својата муцка“. Тогаш Ремон се сврте
кон девојката и ѝ рече: „Причекај, малечка, пак
ќе се најдеме“. Полицаецот рече да престане,
дека девојката треба да оди, а тој да остане во
својата соба и да причека дури не биде
спроведен во комесаријатот. Тој додаде дека би
требало да се засрами дека е толку пијан што
сиот се тресе. Во тој момент Ремон му дофрли:
„Јас не сум пијан, господин полицаец. Само сум
тука пред вас и треперам пред силата.“ Тој ја
затвори својата врата и сите луѓе си отидоа.
Марија и јас го завршивме приготвувањето на
појадокот. Но таа не беше гладна, и јас изедов
речиси сè. Таа си замина во еден часот и јас
малку спиев.

Кон три часот, се почука на вратата и


Ремон влезе. Јас останав да лежам. Тој седна на

45
работ од мојот кревет. Еден момент остана
молчалив и го прашав како помина неговата
афера. Тој ми раскажа дека го направил она што
го сакал, но дека добил шлаканица и потоа тој ја
тепал. Другото го видов и јас. Му реков дека ми
се чини оти сега таа е казнета и дека би требало
да биде задоволен. Тоа беше и неговото
мислење, и тој забележал дека полицаецот
попусто го сторил она, тој нема да ја ослободи
од ударите што таа ги добила од него. Тој
додаде дека добро ги познавал агентите и дека
знаел како требало да се постапува со нив.
Потоа ме праша дали очекував да одговори на
шлаканицата од полицаецот. Одговорив дека не
очекував ништо и дека впрочем не ги сакам
полицајците. Ремон изгледаше мошне
задоволно. Ме праша дали би сакал да излезам
со него. Станав и почнав да се чешлам. Тој ми
рече дека би требало да му бидам сведок. Тоа
ми беше сеедно, но не знаев што требаше да
кажам. Според Ремон, ќе биде достатно да
изјавам дека девојката го измамила. Се
прифатив да му послужам како сведок.

Излеговме и Ремон ми понуди коњак.


Потоа сакаше да одигра партија билијар и јас
изгубив справедливо. Тој сакаше потоа да
појдеме во јавна куќа, но јас не се согласив,

46
зашто не го сакам тоа. Потоа се вративме полека
и тој ми зборуваше колку бил задоволен што
успеал да ја казни својата метреса. Беше мошне
љубезен со мене и мислев дека тоа беше
пријатен момент.

Оддалеку, на прагот од вратата го


забележав стариот Саламано кој изгледаше
возбуден. Кога се приближивме, видов дека
беше без својот пес. Гледаше на сите страни, се
обѕрнуваше околу себе, се обидуваше да ја
проѕре темнината на ходникот, мрмореше
зборови без врска и со своите мали црвени очи
одново почнуваше да ја пребарува улицата. Кога
Ремон го праша што му е, тој не одговори
веднаш. Нејасно чув како мрмореше: „Гнасо,
мрцино“, и продолжуваше да се возбудува. Го
прашав каде е неговиот пес. Тој ми одговори
наеднаш дека се изгубил. И потоа наеднаш
почна брзо да зборува: „Го поведов како и
обично на Маневарското поле. Имаше многу
луѓе околу саемските бараки. Застанав да го
гледам „Кралот во бегство“. И кога сакав да си
тргнам, него го немаше веќе таму. Бездруго,
одамна сакав да му купам помала белезика. Но
никогаш не верував дека оваа мрцина може
вака да отиде.

47
Ремон потоа му објасни дека песот се
изгубил и дека ќе се врати. Тој му наведе
примери на пци кои оделе повеќе од десетина
километри за да го најдат својот господар.
Наспроти на тоа, старецот беше мошне
возбуден. „Но тие ќе ми го земат, разбирате.
Ако уште некој го прибере. Но тоа не е
возможно, сите се гнасат од неговите красти. По
лицајците ќе го фатат, тоа е сигурно.“ Му реков
тогаш дека би требало да оди во општинскиот
кучкарник и дека ќе му го вратат ако плати
такса. Тој ме праша дали е таксата голема. Јас не
знаев. Тогаш тој се налути: „Да дадам пари за
таа мрцина. Ах! подобро да пцовиса!“ И почна
да го пцуе. Ремон се смееше и влезе в куќи. Јас
го следев и се разделивме на одмориштето од
катот. Еден момент потоа ги чув стапките на
старецот и тој почука на мојата врата. Кога
отворив, остана еден момент на прагот и ми
рече: „Простете ми, простете ми.“ Го поканив да
влезе, но тој не сакаше. Тој го гледаше врвот на
своите чевли, а неговите крастави раце
трепереа. Без да ме погледне, ме праша: „Нема
да ми го земат, нели господин Мерco. Тие ќе ми
го вратат. Инаку што ќе биде со мене?“ Му
реков дека општинскиот кучкарник ги чува
кучињата три дена на располагање на нивните

48
сопственици и дека потоа прават што сакаат. Тој
ме гледаше молкома. Потоа ми рече: „Добра
ноќ.“ Ја затвори вратата од својата соба и го
слушнав како шета ваму-таму. Неговиот кревет
закрцка. И по чудниот мал шум што го мина
преградниот ѕид, сфатив дека тој плачеше. Не
знам зошто мислев на мама. Но требаше утре да
станам рано. Не бев гладен и легнав без да
вечерам.

5.

49
Ремон ми телефонираше во
канцеларијата. Ми рече дека еден од неговите
пријатели (тој му зборувал за мене) ме кани
неделата да ја поминам во неговата куќарка,
крај Алжир. Одговорив дека на драго срце би
сакал да појдам, но дека тој ден ѝ го ветив на
една своја пријателка. Ремон веднаш изјави
дека тој ја кани и неа. Жена му на неговиот
пријател ќе биде мошне задоволна ако не биде
сама среде група мажи.

Сакав веднаш да ја спуштам слушалката,


зашто знам дека шефот не љуби да ни се
телефонира од град. Но Ремон ме замоли да
чекам и ми рече дека оваа покана можел да ми
ја пренесе вечер, но сакал да ме извести за
нешто друго. Цел ден го следеле група Арапи
меѓу кои се наоѓал братот на неговата бивша
љубовница. „Ако го видиш крај куќата, оваа
вечер на враќање, јави ми.“ Му реков дека е в
ред.

Малку потоа, ме викна шефот и за


момент ми беше неудобно, зашто помислив
дека ќе ми зборува помалку да се телефонира и
подобро да се работи. Сепак не беше тоа. Ми
рече дека ќе разговараме за еден уште нејасен

50
проект. Сакаше само да го има моето мислење
за тоа прашање. Имаше замисла да отвори
претставништво во Париз кое на самото место
ќе ги решава неговите работи и директно со
големите компании и сакаше да знае дали сум
расположен да одам таму. Тоа би ми
овозможило да живеам во Париз и исто така
еден дел од годината да патувам. „Вие сте млад
и ми се чини дека е тоа живот што би требало да
ви се допадне.“ Реков дека е тоа точно, но дека
всушност тоа ми е сеедно. Потоа ме праша дали
не сум заинтересиран за промена на животот.
Одговорив дека животот никогаш не се менува,
дека во секој случај секој живот има вредност и
дека мојот овде токму ми се допаѓа. Тој имаше
незадоволен израз, и ми рече дека секогаш
одговарам поинаку, дека немам амбиции и дека
е тоа кобно за работата. Потоа се вратив да
работам. Повеќе би сакал да не го
онерасположев, но не гледав причина да го
менувам својот живот. Откако размислив добро
за тоа, не бев несреќен. Кога бев студент, имав
многу амбиции од тој вид. Но кога морав да ги
напуштам студиите, мошне бргу сфатив дека
сето тоа беше без реално значење.

Вечерта Марија дојде да ме бара и ме


праша дали би сакал да се оженам за неа. Реков

51
дека ми е тоа сеедно и дека би можеле тоа да го
сториме ако го сака таа. Потоа сакаше да знае
дали ја сакам. Ѝ одговорив, како што тоа веќе
еднаш го сторив, дека тоа не значи ништо, но
дека несомнено не ја љубам. „Зошто тогаш да се
ожениш за мене?“ рече таа. Ѝ објаснив дека тоа
воопшто не е важно и дека ако таа сака, би
можеле да се венчаме. Впрочем, таа го бараше
тоа и јас се задоволив со едно да. Таа забележа
тогаш дека бракот е сериозна работа.
Одговорив: „Не.“ Таа молкна еден момент и ме
гледаше во тишина. Потоа почна да зборува. Таа
сакаше едноставно да знае дали би го прифатил
истиот предлог што би дошол и од друга жена
со која би одржувал исти врски. Реков:
„Природно.“ Потоа таа се праша самата дали ме
љуби, но за тоа ништо не можев да знам. Откако
пак малку помолча, промрморе дека сум чуден,
дека таа бездруго ме љуби поради тоа, но дека
можеби еден ден поради истите причини ќе ѝ
здодеам. Бидејќи молчев, зашто немав што да
додадам, таа ме фати за рака смеејќи се и рече
дека би сакала да се венча со мене. Одговорив
дека тоа ќе го сториме тогаш кога таа ќе посака.
Ѝ говорев тогаш за предлогот од мојот шеф и
Марија ми рече дека би сакала да го запознае
Париз. Ѝ реков оти извесно време живеев во

52
Париз и таа ме прашуваше како е таму. Ѝ реков:
„Бербатно. Има гулаби и мрачни дворови.
Луѓето имаат бела кожа.“

Потоа одевме и го минавме градот низ


неговите големи улици. Жените беа убави и ја
прашав Марија дали го забележала тоа. Таа ми
рече дека го забележала и дека ме разбира.
Еден момент ние не зборувавме. Сакав меѓутоа
да остане со мене и ѝ реков дека би можеле да
вечераме заедно кај Селест. И таа копнееше за
тоа, но имаше нешто работа. Бевме близу до
мојот стан и ѝ реков догледање. Таа ме
гледаше: „Ти не сакаш да знаеш што имам
работа?“ Многу сакав да знам, но не помислив и
затоа како да сакаше да ми префрли. Тогаш
пред мојата збунетост, таа уште се смееше и со
сето тело се подаде кон мене да ми ги подаде
своите усни.

Вечерав кај Селест. Веќе бев почнал да


јадам кога влезе чудна мала жена која ме праша
дали би можела да седне на мојата маса. Се
разбира, можеше. Гестовите ѝ беа испрекинати
и очите сјајни на малото лице како јаболко. Таа
го соблече својот жакет, седна и нервозно ја
разгледуваше листата на јадењата. Го викна
Селест и ги порача сите јадења со глас напати

53
прецизен и заитан. Чекајќи ги студените
предјадења, таа ја отвори својата торба, извади
од неа лист хартија имолив и однапред
пресмета сè, додавајќи го и бакшишот, потоа од
чантичката за пари ја извади точната сума што ја
стави пред себеси. Во тој момент ѝ ги донесоа
студените предјадења, што таа ги изеде со
голема брзина. Чекајќи на следното јадење, таа
уште извади од својата торба еден син молив и
едно неделно списание што ги донесуваше
радиофонските програми за неделата. Многу
грижливо, таа една по една ги подвлече речиси
сите емисии. Бидејќи списанието имаше дузина
страници, таа ја продолжи оваа работа во
подробности сето време на ручекот. Јас бев веќе
готов додека таа сè уште подвлекуваше со
истата трудољубивост. Потоа стана, го облече
својот жакет со истите прецизни автоматски
движења и отиде. Бидејќи немав ништо да
работам, исто така и јас излегов и еден момент
одев по неа. Таа се качи на работ од тротоарот и
со неверојатна брзина и сигурност го следеше
својот пат без да скршнува и без да се свртува.
Најпосле ја изгубив од око и се вратив по истиот
пат. Мислев дека беше чудна, но ја заборавив
доста бргу.

54
Врз прагот од мојата врата го најдов
стариот Саламано. Го поканив да влезе и тој ми
рече дека неговиот пес е изгубен, зашто го
немало во општинскиот кучкарник.
Службениците му рекле дека е можеби
прегазен. Тој прашуваше дали е возможно за
него да знаат во комесаријатот. Му одговориле
дека за вакви нешта не се води сметка, бидејќи
се случуваат секој ден. Му реков на стариот
Саламано дека би можел да има друг пес, но тој
имаше право кога ми забележи дека бил
навикнат на овој.

Се собрав на својот кревет и Саламано


седна врз еден стол крај масата. Седеше спроти
мене и рацете му беа врз колена. Не беше ја
симнал „својата стара шапка.“ Ги џвакаше
краиштата на речениците под своите пожолтени
мустаќи. Ми здодеваше малку, но немав
никаква работа, а не ми се ни спиеше. За да
кажам нешто, го прашував за неговиот пес. Тој
ми рече дека го набавил по смртта на својата
жена. Се оженил доста доцна. Во младоста
сакал да стане артист: и во војска играл во
водвили5 од војничкиот живот. Но на крај,
стапил на работа во железницата и тој не се кае,

5
Водвиљ - Кратка и лесна театарска игра без голем заплет
во која преовладува пеењето.

55
зашто сега има мала пензија. Не бил среќен со
својата жена, но сенасе доста свикнал на неа.
Кога умрела, се чувствувал мошне осамен.
Тогаш го замолил својот другар од
работилницата да му набави пес и го добил овој
мошне млад. Морал да го храни со цуцла. Но
бидејќи едно куче живее помалку отколку еден
човек, на крајот и двајцата заедно остареле.
„Имаше лоша ќуд, ми рече Саламано. Одвреме
навреме, ќе се зграпчевме. Сепак тоа беше
добро куче.“ Реков дека беше од убава раса и
Саламано имаше задоволен изглед. И уште,
додаде тој, „вие не го познававте пред неговата
болест. Имаше многу убави влакна. Ceкоја вечер
и секое утро, откако песот ја доби оваа кожна
болест, Саламано го мачкаше со некоја маст. Но
според него, неговата вистинска болест беше
староста, а староста не се лекува. Во тој момент
се прозевнав и стариот изјави дека треба да
оди. Му реков дека може да остане и оти ми е
жал за она што му се случи на неговиот пес: тој
ми се заблагодари. Ми рече дека мама многу го
сакала неговиот пес. Зборувајќи за неа, тој
велеше „вашата кутра мајка“. Тој изрази
претпоставка дека би требало да бидам мошне
несреќен по смртта на мама и јас ништо не
одговорив. Тој ми рече тогаш, мошне брзо и со

56
стеснување, дека знаел оти во маалото ме
осудувале поради тоа што сум ја испратил мајка
ми во дом за старци, но тој ме познаваше и
знаеше дека многу ја сакав мама. Одговорив, сè
уште не знам зошто, дека досега не знаев оти ме
осудуваат во тој поглед, но дека домот за старци
ми изгледаше нешто природно, зашто немав
достатно пари да ја издр жувам мама.
„Впрочем, додадов, има веќе подолго време
откако немаше што да ми каже и дека се
досадуваше сосема сама“. „Да, ми рече тој, и во
Домот за старци човек се здобива со другари.“
Потоа се извини. Сакаше да спие. Неговиот
живот се промени сега и тој не знаеше што
треба да прави. За првпат откако го познавам, со
едно скришно движење, ми ја подаде раката и
ги почувствував мозолите на неговата кожа.
Малку се насмевна и пред да си замине, ми
рече: „Се надевам дека пците нема да лајат оваа
ноќ. Мислам постојано дека е тоа мојот.“

6.

Во неделата со мака се разбудив и


Марија мораше да ме вика и протресе. Не

57
појадувавме, зашто сакавме веднаш да одиме
на капење. Се чувствував наполно празен и
малку ме болеше глава. Цигарата ми беше
горчлива. Марија ми се потсмеваше, зашто
велеше дека изгледам како на закоп. Таа облече
фустан од бело платно и ја распушти својата
коса. Ѝ реков дека е убава, таа се насмеа од
задоволство.

Слегувајќи, почукавме на вратата од


Ремон. Тој ни одговори дека слегува. На
улицата, поради мојата умора, а исто така и
поради тоа што не ги отворивме ролетните
денот, веќе сиот исполнет со сонце, ме удри
како шлаканица. Марија потскокнуваше од
радост и не престануваше да зборува дека е
убаво. Се почувствував подобро и забележав
дека сум гладен. Тоа ѝ го реков на Марија, која
ми ја покажа својата торба од непропустливо
платно во која беше ги ставила нашите два
костими за капење и крпа за бришење. Јас само
чекав и не чувме кога Ремон ја затвори својата
врата. Тој носеше сини панталони и бела кошула
со куси ракави. Но беше ставил една капа,
поради што Марија се насмеа, и неговите
подлактици беа мошне бели под црните влакна.
Поради тоа почувствував извесна одбивност.
Слегувајќи, тој потсвирнуваше и имаше мошне

58
задоволен изглед. Ми рече „Здраво, стари“, и
Марија ја викаше „госпоѓице“.

Ден пред тоа бевме во комесаријатот и


јас сведочев дека девојката му била „неверна“
на Ремон. Беше ослободен со предупредување.
Не го проверија моето тврдење. Пред врата,
зборувавме за тоа со Ремон, потоа се решивме
да фатиме автобус. Плажата не беше многу
далеку, но така ќе стигневме побргу. Ремон
мислеше дека неговиот пријател ќе биде
задоволен кога ќе не види дека доаѓаме. Токму
сакавме да тргнеме, кога Ремон сосем наеднаш
ми даде знак да погледнам отспротива. Видов
група Арапи потпрени со грб врз излогот од
продавницата за тутун. Нѐ посматраа молкома,
но на нивни начин, како да бевме ни малку ни
повеќе, туку камења или мртви дрвја. Ремон ми
рече дека вториот одлево е неговиот тип и тој
имаше замислен изглед. Сепак тој додаде дека
сега тоа е свршена работа. Марија не сфаќаше
добро и нѐ праша што беше тоа. Ѝ реков дека
тоа беа Арапи кои го демнат Ремона. Таа сакаше
веднаш да тргнеме. Ремон се исправи и се
насмеа велејќи дека би требало да побрзаме.

Одевме кон автобуската сопирка што


беше малку подалеку и Ремон ми рече дека

59
Арапите не нè следат. Се свртев. Тие беа сè уште
на истото место и со истата рамнодушност го
гледаа местото кое штотуку го напуштивме. Се
качивме во автобус. Ремон, кому сосема му
олесне, непрекинато се шегуваше со Марија.
Чувствував дека му се допаѓа, но таа речиси не
му ни одговараше. Одвреме навреме таа го
гледаше смеејќи се.

Слеговме во предградието на Алжир.


Плажата не беше далеку од автобуската
станица. Но мораше да се премине едно плато
што доминира над морето и кое потоа се спушта
кои плажата. Беше покриено со жолтеникави
камења и сосема бели асфодели 6 врз фонот од
синото веќе длабоко небо. Марија се
занимаваше да им ги растура латиците удирајќи
ги силно со својата торба од непропустливо
платно. Чекоревме меѓу редови од мали вили со
зелени или бели огради, по некои скриени со
нивните веранди под тамариси7, други соголени
среде карпите. Пред да се стигне на работ од
платото, веќе може да се види неподвижното
море и подалеку еден гребен сонлив и огромен
во светлата вода. Лесен шум на мотор се
качуваше низ мирниот воздух до нас. И ние

6
Асфодели – вид растение, цвеќе
7
Тамарис – украсно растение

60
видовме мошне далеку мал рибарски чамец
што напредуваше незабележливо врз
блескавото море. Марија набра неколку
перуники од карпите. Од падината што
слегуваше кон морето забележавме дека веќе
има неколку капачи.

Пријателот на Ремон живееше во една


мала дрвена куќарка на крајот од плажата. Од
задната страна куќарката беше потпрена врз
карпите, а од предната столбовите што ја држеа
веќe ce капеа во вода. Ремон нѐ претстави.
Неговиот пријател се викаше Масон. Тоа беше
големо човечиште, co крупно тело и широки
плеќи, а жена му мала, тркалеста и љубезна;
говореше со париски акцент. Тој ни рече веднаш
да се чувствуваме слободно и дека веќе ја
испржил рибата што ја фатил изутринава. Му
реков дека сметам оти му е куќата убава. Тој ми
објасни оти тука доаѓал да ја помине саботата,
неделата и сите денови на годишниот одмор.
„Добро се разбираме со жена ми“, додаде тој.
Жена му токму се смееше со Марија. За прв пат
можеби навистина помислив да се оженам.

Масон сакаше да се капе, но жена му и


Ремон не сакаа да дојдат. Слегнавме сите тројца
и Марија веднаш се фрли во вода. Масон и јас

61
малку чекавме. Тој зборуваше полека и
забележав дека имаше навик сè што ќе рече да
го дополни со едно „и ќе додадам“, дури и
тогаш кога всушност не ѝ додаваше ништо на
смислата од својата реченица. По однос на
Марија ми рече: „Таа е прекрасна и, ќe
додадам, шармантна.“ Потоа не обрнував
внимание на таа лоша навика, зашто чувствував
како сонцето ми е пријатно. Песокот почнуваше
да ги топли стапалата. Се воздржав уште малку
од желбата да влезам во вода, но на крајот му
реков на Масон: „Одиме ли?“ Се нурнав. Тој
влезе во водата полека и се фрли кога ја изгуби
почвата од под нозе. Пливаше на гради и доста
слабо, така што го оставив да ја стигнам Марија.
Водата беше студена и чувствував задоволство
да пливам. Со Марија се оддалечивме,
чувствувајќи согласност во движењата и во
нашето задоволство.

На морската шир се свртевме на грб и врз


моето лице свртено кон небото сонцето ги
сушеше последните капки вода што ми течеа в
уста. Видовме дека Масон се врати на плажата
да се истегне на сонце. Оддалеку, тој изгледаше
огромен. Марија сакаше да пливаме заедно. Се
поставив зад неа за да ја фатам околу
половината и таа напредуваше пливајќи со раце

62
додека јас помагав удирајќи со нозе. Лесниот
жубор на водата што ја сечевме нѐ следеше во
утрото сè дури не се почувствував изморен.
Тогаш ја пуштив Марија и се вратив пливајќи
правилно и дишејќи длабоко. На плажата се
истегнав мешечки до Масон и лицето го ставив
во песокта. Му реков дека е „тоа мошне
пријатно“ и тој имаше исто мислење. Малку
потоа дојде Марија. Се свртев да ја гледам како
се приближува. Таа беше сета леплива од
солената вода, а косите ѝ беа зафрлени назад.
Се истегна до мене и двете топлини - на
нејзиното тело и на сонцето малку ме приспаа.
Марија ме протресе и ми рече дека Масон
влегол в куќи и дека треба да се руча. Станав
веднаш бидејќи бев гладен, но Марија ми рече
дека не сум ја бакнал од утрото. Тоа беше
вистина и сепак и самиот го сакав тоа. „Дојди во
вода“, ми рече таа. Се стрчнавме за да се
истегнеме во првите мали бранови. Запливавме
малку и таа се припи до мене. Ги почувствував
нејзините нозе околу моите и пожелав да ја
имам.

Кога се вративме, Масон веќе не викаше.


Му реков дека сум многу гладен и тој веднаш и
изјави на својата жена дека му се допаѓам.
Лебот беше вкусен и го излапав моето парче

63
риба. Потоа имаше месо и пржени компири.
Сите јадевме молчејки. Масон често пиеше вино
и тој ме служеше непрекинато. При кафето,
главата ми беше малку тешка и пушев многу.
Масон, Ремон и јас ја разгледавме можноста
месец август да го поминеме заедно на
плажава, со заеднички трошок. Марија ни рече
наеднаш: „Знаете ли колку е часот? Веќе
единаесет и пол.“ Сите бевме зачудени, но
Масон рече дека тука се руча мошне често и
дека е тоа природно, зашто часот за ручање е
часот кога е човек гладен. Не знам зошто тоа ја
насмеа Марија. Помислив дека малку повеќе
испила. Масон тогаш ме праша дали би сакал да
се прошетам по плажата заедно со него. „Жена
ми секогаш ќе отспие малку по ручекот. Јас, не
го љубам тоа. Мора да се движам.“ Му реков
дека е тоа секогаш подобро за здравјето. Но на
крајот на краиштата, тоа е нејзино право."
Марија додаде дека ќе остане да ѝ помогне на
госпоѓа Масон при миењето на садовите.
Малата парижанка рече дека затоа треба да ги
истераат мажите. Слеговме сите тројца.

Сонцето паѓаше речиси вертикално врз


песокта и неговиот блесок врз морето беше
неподнослив. Немаше веќе никого на плажата.
Во куќарките што го порабуваа платото и беа

64
наведнати кон морето се слушаа шумови на
чинии и прибор за јадење. Одвај се дишеше од
врелината на камењата што избликнуваше од
земјата. Ремон и Масон најпрвин зборуваа за
работи и луѓе што не ги познавав. Сфатив дека
веќе долго се познаваат и дека извесно време
дури живееле и заедно. Се упативме кон водата
и одевме долж морето. Понекогаш некој мал
бран, подолг од другиот, ќе ги натопеше нашите
платнети чевли. На ништо не мислев, зашто бев
полуприспан од ова сонце врз мојата гола глава.

Во тој момент Ремон му рече на Масон


нешто што не го чув добро. Но истовремено
забележав сосема на крајот на плажата и мошне
далеку од нас двајца Арапи во сина облека што
идеа кон нас. Го погледнав Ремон и тој ми рече:
„Тоа е тој.“ Продолживме да чекориме. Масон
праша како можеле да неѐ следат дури дотука.
Помислив дека морале да не видат како се
качуваме во автобусот со торба за плажа, но
ништо не реков.

Арапите напредуваа полека и беа веќе


многу поприближени. Ние не го изменивме
нашето одење, но Ремон рече: „Ако дојде до
мешаница, ти Масон, ќе го земеш вториот. Јас,
ќе јуришам на мојот тип. Ти, Мерсо, ако дојде

65
уште некој друг тој е за тебе.“ Реков: „Добро“ и
Масон ги стави рацете во џебовите. Прегреаната
песок сега ми се стори црвена. Напредувавме со
ист чекор кон Арапите. Растојанието меѓу нас се
намалуваше правилно. Кога дојдовме на
неколку чекори едни од други, Арапите
застанаа. Масон и јас ги успоривме нашите
чекори. Ремон одеше сосема право кон својот
тип. Не чув добро што му рече тој, но другиот
направи движење како да ќе го удри по глава.
Ремон тогаш го удри за првпат и тој веднаш го
викна Масон. Масон појде на оној што му беше
означен и го удри двапати со сета своја сила.
Арапинот се истегна во вода, со лице кон дното,
и остана неколку секунди така, испуштајќи
меури кон површината, околу својата глава. За
тоа време, Ремон исто така удираше и на онега
лицето му беше во крв. Ремон се сврте кон мене
и рече: „Ќе видиш што ќе извади.“ Јас му
викнав: „Пази, тој има нож!“ Но веќе раката на
Ремон му беше засечена, а устата расечена.

Масон скокна напред. Но другиот Арапин


беше се кренал и тој застана зад оној што беше
вооружен. Не смеевме да се мрднеме. Тие се
повлекуваа полека, без да престанат да нѐ
гледаат и да не застрашуваат со ножот. Кога
забележаа дека достатно се оддалечиле,

66
избегаа мошне брзо, додека ние останавме
приковани под сонцето, а Ремон ја стегаше
својата рака од која течеше крв.

Масон наеднаш рече дека има еден


лекар што ги поминува неделите тука на
платото. Ремон сакаше да појде веднаш. Но
секојпат кога ќе зборнеше, крвта од неговата
рана правеше меури во неговата уста. Го
придржавме и се вративме во куќарката колку
што можевме побрзо. Тука Ремон рече дека
неговите рани се површински и дека би можел
да оди кај лекарот. Тој отиде заедно со Масон, а
јас останав да им го објаснам на жените она што
се случи. Госпоѓата Масон плачеше, а Марија
беше мошне бледа. Ми беше здодевно да им
објаснувам. На крајот замолчав и пушев
гледајќи го морето.

Кон еденипол часот и Ремон се врати со


Масон. Раката му беше преврзана, а во аголот
од устата имаше фластер. Лекарот му рекол
дека тоа не е ништо, но Ремон изгледаше
намуртен. Масон се обиде да го насмее. Но тој
воопшто не зборуваше. Кога рече дека ќе слезе
до плажата, го прашав каде оди. Масон и јас
рековме дека ќе го придружуваме. Тогаш тој се
налути и почна да нè навредува. Масон изјави

67
дека не треба да му се противиме. Сепак, тргнав
по него. Долго одевме по плажата. Сега сонцето
беше многу силно. Се кршеше на парчиња врз
песокта и врз морето. Имав впечаток дека
Ремон знае каде оди, но несомнено тоа беше
погрешно. Сосем на крајот од плажата,
стигнавме најпосле до едно мало изворче што
истечуваше во песокта, зад една голема карпа.
Тука ги најдовме нашите двајца Арапи. Беа
легнати во своите извалкани алишта. Изгледаа
сосем мирни и речиси задоволни. Нашето
доаѓање ништо не измени. Оној што беше го
удрил Ремона го гледаше без ниеден збор.
Другиот свиреше на малечка трска и ги
повторуваше непрекинато, посматрајќи нѐ со
крајче од окото, трите ноти што ги изведуваше
на својот инструмент.

За сето тоа време, тука беше само


сонцето и оваа тишина, со тивкиот жубор на
изворот и трите ноти. Потоа Ремон ја приближи
раката кон џебот со револверот, но другиот не
се ни помрдна и тие се посматраа постојано.
Забележав дека оној што свиреше на кавалот
имаше мошне разделени прсти на нозете. Но
без да го испушти од око својот противник,
Ремон ме праша: „Да го кутнам?“ Помислив
дека ако му речам не, ќе го раздразнам и

68
бездруго ќе стрела. Му реков само: „Уште ништо
не ти рече. Би било несмасно да пукаш само
така.“ Во срцето на тишината и врелината сè
уште се слушаше тивкиот жубор на водата и на
кавалот. Потоа Ремон рече: „Тогаш ќе го
навредам и кога ќе одговори, ќе го кутнам.“
Одговорив: „Тоа е она. Но ако не извади нож, не
можеш да пукаш.“ Ремон почна да се возбудува
малку. Другиот сеедно свиреше и двајцата го
следеа секое движење на Ремон. „Не, му реков
на Ремон. Фати се со него како човек со човек и
дај ми го твојот револвер. Ако другиот се
замеша, или ако извади нож, јас ќе го убијам.“

Кога Ремон ми го даде својот револвер,


сонцето го огреа. Сепак, стоевме уште
неподвижни како сè околу нас да беше се
затворило. Се гледавме без трепнување и сè се
решаваше тука меѓу морето, песокта и сонцето и
двојната тишина на кавалот и на водата.
Помислив овој момент дека можеше да се пука
или да не се пука. Но нагло, Арапите,
отстапувајќи, се повлекоа зад карпата. Ремон и
јас тогаш се вративме по истиот пат. Изгледаше
подобро и зборуваше за автобус за враќање.

Го придружував до куќарката и додека се


качуваше по дрвените скали, стоев пред првиот

69
басамак8, со глава замелушена од сонцето,
обесхрабрен пред усилбата што требаше да ја
направам за да се искачам на дрвениот кат и да
дојдам кај жените. Но жештината беше таква,
што ми беше страшно исто така да останам
неподвижен под заслепителниот дожд што се
истураше од небо. Да се остане тука или да се
замине, тоа ми беше сеедно. По еден момент се
свртив кон плажата и тргнав.

Тоа беше истото она црвено блескотење.


Врз песокта морето збивташе со сиот свој брз и
придушен здив на своите мали бранови.
Чекорев бавно кон карпите и чувствував како
челото ми набабрува под сонцето. Сета таа
жештина се опираше врз мене и ми ги
сплеткуваше чекорите. И секојпат кога ќе го
почувствував нејзиниот силен врел здив врз
своето лице, ги стискав забите, ги стегав
дланките во џебовите од панталоните, се
напрегнував сиот за да го надвијам сонцето и
оваа непроѕирна опијанетост што се истури врз
мене. При секој меч светлина бликнат од
песокта, од побелена школка или од парче
стакло, вилиците ми се грчеа. Одев долго. Од
далеку ја забележив малата, темна маса на
карпата обиколена со заслепителен прстен од
8
Басамак - 1. скала, лествица, 2. скалило на скала

70
светлина и морска прав. Помислив на свежиот
извор зад карпата. Имав желба одново да го
најдам жуборот на неговата вода, желба да
избегам од сонцево, од усилбата и плачот на
жените, желба на крајот да најдам сенка и
починка. Но кога се доближив, забележав дека
Ремоновиот противник беше се вратил.

Беше сам. Почиваше на плеќи, со раце


под тилот, со лице во сенките од карпата, а сето
тело на сонце. Неговата сина облека се
испаруваше на жештината. Бев малку
изненаден. За мене тоа беше свршена историја
и бев дојден тука без да мислам на тоа.

Откако ме виде, се придигна малку и ја


стави раката в џеб. Јас, се разбира, го стегнав
револверот од Ремон во моето палто. Тој
повторно се спушти назад, но без да ја извади
раката од џеб. Бев доста далеку од него, на
дванаесетина метри. На моменти ќе го назрев
неговиот поглед меѓу полузатворените клепки.
Но најчесто неговото лице поигруваше пред
моите очи, во распламтениот воздух. Шумењето
на брановите беше уште помрзеливо,
понеподвижно отколку на пладне. Тоа беше
истото сонце, истата светлина, врз истиот песок
што се проширила тука. Имаше веќе два часа

71
како денот не напредуваше, два часа како денот
фрлил котва во океанот од зовриен метал. На
хоризонтот помина едно мало бротче, а јас со
крајот од мојот поглед назрев само црна дамка,
зашто непрекинато го посматрав Арапинот.

Помислив дека треба само да се свртам и


тоа ќе биде свршено. Но цела една плажа
треперлива од сонце ме притискаше одзади.
Направив неколку чекори кон изворот.
Арапинот не се помрдна. Наспроти сè, тој беше
сè уште доста долеку. Можеби поради сенката
врз неговото лице, изгледаше како да се смее.
Јас чекав. Врелината од сонцето ми ги опфати
образите и чувствував капки пот како се
собираат во веѓите. Тоа беше истото сонце од
денот кога ја погребавме мама и како и тогаш,
особено ме болеше челото и сите негови вени
биеја заедно под кожата. Поради оваа врелина
што не можев веќе да ја поднесувам, направив
чекор напред. Знаев дека е тоа глупаво, дека
нема да се растоварам од сонцето
преместувајќи се за еден чекор. Но направив
еден чекор, само еден чекор, напред. И овој пат,
без да се подигне, Арапинот го извади својот
нож што ми го покажа на сонцето. Светлината
бликна врз челикот и тоа беше како долго
светкаво острило што ме погоди во челото.

72
Истиот момент, насобраната пот во моите веѓи
наеднаш потече низ клепките и ги покри со млак
и густ превез. Моите очи беа заслепени зад оваа
завеса од солзи и сол. Ги чувствував само
цимбалите9 на сонцето врз моето чело и нејасно
блескавото сечило што молска од ножот,
постојано вперен во мене. Овој усвитен меч ми
ги бодеше трепките и ми ги копаше болните
очи. Тогаш сè се заниша. Од морето се носеше
тежок и врел здив. Ми изгледаше дека небото
се отвора со сето свое пространство за да истура
оган. Сето мое суштество се напрегна и ја
стегнав раката врз револверот. Чкрапецот
попушти, ја допрев мазната испакнатост на
дршката и тука, во татнежот истовремено остар
и заглушен, сè почна. Ја истресов потта и
сонцето. Сфатив дека ја нарушив рамнотежата
на денот, и вонредната тишина на една плажа
каде што бев среќен. Тогаш стрелав уште
четирипати врз неподвижното тело во кое
куршумите се забуцуваа незабележливо. И тоа
беа како четири кратки удари со кои почукав на
вратата од несреќата.

9
Цимбал - Музички инструмент со многу жици по кои се
удира со чеканчиња.

73
ВТОР ДЕЛ

1. I

Веднаш по моето затворање, бев


распрашуван повеќе пати. Но се работеше за
испитувања на идентитетот што не траеја долго.
Отпрвин во Комесаријатот, изгледаше дека
мојот случај не го интересира никого. По осум

74
дена, судијата, напротив, ме гледаше
љубопитно. Но за да почне, само ме праша за
името, адресата, професијата, датумот и
местото на моето раѓање. Потоа сакаше да знае
дали сум избрал адвокат. Признав дека не сум
го сторил тоа и го прашав да знам дали е
бездруго потребно да се има. „Зошто?“ рече тој.
Одговорив дека мојот случај го сметам мошне
едноставен. Тој се смееше велејќи: „Тоа е
вашето мислење. Меѓутоа, тука е законот. Ако
не изберете адвокат, ќе го назначиме по
службена должност.“ Сметав дека е тоа мошне
удобно што правдата се занимава со тие
дреболии. Тоа и му го реков. Тој ми одобри и
заклучи дека законот е добро направен.

На крајот, не го сфатив сериозно. Ме


прими во една просторија со навлечени
пердиња, врз масата за пишување имаше само
една ламба што ја осветлуваше фотелјата, во
која ме понуди да седнам, додека самиот тој
остана во сенка. Бев веќе читал еден сличен
опис во книгите и сето тоа ми прилегаше на
игра. По нашиот разговор, напротив, го
посматрав и забележав човек со фини црти, со
длабоки сини очи, висок, со долги сиви мустаќи
и бујна, речиси бела коса. Ми се стори мошне
умен и со еден збор симпатичен, наспроти

75
нервозното грчење на мускулите што му ја
развлекуваше устата. Излегувајќи сакав дури да
му ја стегнам раката, но се сетив на време дека
јас бев убил човек.

Утредента, еден адвокат дојде да ме


види во затворот. Беше малечок и
тркалообразен, доста млад, косата грижливо
прилепена. Наспроти жештината (јас бев во
кошула, тој имаше темен костим, изгмечен
околувратник и необична врска со широки, црни
и бели линии. Ја стави врз мојот кревет чантата
што ја носеше под мишка, се претстави и ми
рече дека го проучил моето досие. Мојот случај
беше деликатен, но тој не се сомнева во
успехот, ако му се доверам. Му се заблагодарив
и тој ми рече:. „Да влеземе во суштината на
работата.“

Седна врз креветот и ми објасни дека се


добиени известувања за мојот приватен живот.
Знаеле дека мајка ми неодамна умрела во
старечки дом. Потоа воделе истрага во Маренго.
Истражните органи дознале дека „сум покажал
бесчувственост“ во денот на мајчиниот закоп.
„Разбирате, ми рече мојот адвокат, малку ми е
неудобно да ве прашам за тоа. Но тоа е мошне
значајно. И тоа ќе биде голем аргумент за

76
обвинението, ако не ќе можам ништо да
одговорам.“ Сакаше да му помогнам. Ме праша
дали ми беше тешко тој ден. Ова прашање
многу ме зачуди и ми изгледаше дека и мене би
ми било неудобно кога некому би му го
поставил. Меѓутоа, одговорив дека сум
одвикнал самиот да се прашувам и дека ми е
тешко нешто да му речам за тоа. Несомнено,
многу ја сакав мама, но тоа не значи ништо.
Сите здрави суштества, повеќе или помалку, ја
посакале смртта на оние што ги љубеле. Тука,
адвокатот ме прекина и изгледаше мошне
возбуден. Бараше од мене да му ветам дека тоа
нема да го кажам при сослушувањето, ниту пред
иследникот. Меѓутоа, му објаснив дека мојата
природа е таква, што моите физички потреби ги
потиснуваат често моите чувства. На денот на
мајчиниот закоп бев мошне изморен и поспан.
Поради тоа не се обѕрнував на она што се
случуваше. Она што можев да го речам со
сигурност беше дека повеќе би сакал да не
умреше мама. Но мојот адвокат немаше
задоволен израз. Тој ми рече: „Тоа не е
достатно.“

Размислуваше. Тој ме праша може ли да


рече дека тој ден сум владеел со своите
природни чувства. Јас му реков: „Не, зашто тоа е

77
погрешно.“ Тој ме гледаше на чуден начин, како
по малку да му станав гнасен. Ми рече речиси
злорадо дека во секој случај директорот и
персоналот од домот за старци ќе бидат
сослушани како сведоци и дека „тоа може да ми
направи мошне гадна непријатност.“ Јас му
забележав дека тој случај нема врска со моето
дело, но тој ми одговори само дека е очигледно,
оти никогаш не сум имал работа со правдата.

Си отиде со налутен изглед. Сакав да го


задржам, да му објаснам дека ја сакав неговата
симпатија, не за да бидам подобро бранет, туку,
ако можам да речам, природно. Особено зашто
забележав дека го доведов во неудобна
ситуација. Тој не ме сфати и малку ми се налути.
Имав желба да го убедам дека јас бев како и
сите луѓе, апсолутно како и другите. Но сето тоа,
во основа немаше да има голема полза и се
откажав од тоа, зашто ме мрзеше.

Малку време по тоа, бев повторно


одведен пред иследникот. Беше два часот
попладне и овојпат неговата канцеларија беше
полна со светлина, одвај просеана низ една
проѕирна завеса. Беше мошне топло. Ме покани
да седнам и со голема куртоазија ми изјави дека
мојот адвокат, „поради спреченост“ не можел

78
да дојде. Но јас имав право да не одговарам на
неговите прашања и да чекам додека мојот
адвокат ќе може да присуствува. Реков дека ќе
одговарам сам. Со прстот тој притисна едно
копче врз масата. Еден млад судски писар дојде
и се намести скоро зад мојот грб.

Двајцата бевме се рашириле во своите


фотелји. Сослушувањето почна. Најпрвин ми
рече дека ме прикажуваат како човек со
молчалив и повлечен карактер. И тој сакаше да
знае што мислам јас за тоа. Одговорив: „Тоа е
поради тоа што никогаш немав да речам нешто
значајно. Затоа молчев.“ Тој се насмеа како
првиот пат, и призна дека е тоа најдобрата
причина и додаде: „Впрочем, тоа нема никакво
значење“. Молкна, ме погледна и стана доста
нагло за да ми рече мошне брзо: „Она што ме
интересира тоа сте вие.“ Не разбрав добро што
сакаше со тоа и ништо не одговорив. „Има
работи, додаде тој, што не ми се јасни во
вашите постапки. Убеден сум дека ќе ми
помогнете да ги разберам.“ Му реков дека сето
тоа беше многу просто. Настојував да му го
опишам мојот ден. Јас му го опишав она што
веќе бев му го раскажал: Ремон, плажата,
капењето, караницата, пак плажата, малиот
извор, сонцето и петте куршуми од револверот.

79
На секоја реченица тој велеше: „Добро, добро.“
Кога стигнав до истегнатото тело, тој одобри
велејќи: „Добро.“ Бев изморен од таквото
повторување на истата приказна и ми
изгледаше дека никогаш не сум зборувал толку
многу. По извесно молчење, тој се крена и ми
рече дека сака да ми помогне, дека го
интересирам и и дека со божја помош тој ќе
стори нешто за мене. Но однапред, сакаше да
ми постави уште неколку прашања. Без премин,
ме праша дали ја сакав мама. Јас му реков: „Да,
како сите луѓе“ и судскиот писар, кој досега
чукаше рамномерно на својата машина, изгледа
ја погреши типката, зашто се збуни и беше
принуден да се врати назад. Постојано без
видлива логика, судијата тогаш ме праша дали
петте куршуми од револверот ги истрелав
наеднаш. Размислував и прецизирав дека
најнапред испукав само еден, а по неколку
секунди, другите четири куршуми. „Зошто
чекавте меѓу првиот и вториот куршум?“ рече
тој тогаш. Уште еднаш ја видов вцрвената плажа
и врз моето чело ја почувствував врелината на
сонцето. Но овој пат, ништо не одговорив. За
време на сето молчење што настана судијата
изгледаше вознемирен. Седна, почна да ја мрси
косата, се налакти врз својата маса и се наведна

80
малку накај мене со чуден изглед: „Зошто,
зошто стрелавте во едно тело истегнато на
земја?“ И тука уште, не знаев да одговорам.
Судијата мина со рака по своето чело и го
повтори своето прашање со малку изменет глас:
„Зошто? Треба да ми го кажете тоа. Зошто?“
Молчев непрекинато.

Наеднаш, тој стана, се упати со крупни


чекори кон еден крај на својата канцеларија и
отвори една фиока во орманот за акти. Извади
посребрено распјатие со кое мавташе враќајки
се кон мене. И со сосема изменет глас, кој
речиси трепереше, тој викна: „Го познавате ли
овој тука?“ Реков: „Да, се разбира.“ Тогаш ми
рече мошне брзо и на еден страстен начин дека
тој верува во бога, дека е уверен оти никој не е
толку виновен што бог не би му простил, но дека
за тоа треба човекот со своето каење да стане
како дете чија душа е чиста и готова да прими
сè. Беше го наведнал сето свое тело над масата.
Мавташе со распјатието речиси над мене. Право
да речам, лошо го следев во неговото
резонирање, најпрвин поради тоа што ми беше
топло и што во неговиот кабинет имаше големи
муви што ми застануваа врз лицето, а исто така
и поради тоа што малку и се плашев.
Истовремено сфатив дека е тоа смешно, зашто,

81
по сè, јас бев криминалецот. Сепак тој
продолжи. Делум сфатив дека според неговото
мислење постои само една нејасна точка во
моето признание, фактот што сум почекал да го
истрелам вториот куршум од револверот.
Другото, беше мошне добро, но тоа, не го
разбираше.

Сакав да му речам дека нема право толку


упорно да тврди: таа последна точка немаше
такво значење. Но тој ме прекина и ме
советуваше последен пат, исправен со сета своја
височина, прашајќи ме дали верувам во бога.
Јас одговорив дека не верувам. Тој седна полн
со презир. Ми рече дека е тоа невозможно, дека
сите луѓе веруваат во бога, дури и оние што се
свртуваат од неговото лице. Тоа беше неговото
уверување и ако кога и да било се посомнева во
него, неговиот живот не ќе има повеќе смисла.
„Сакате ли, извикна тој, мојот живот да нема
смисла?“ Според моето мислење, тоа не ме
интересираше и тоа му го реков. Но преку
масата тој ми го приближи Христа веќе под
очите и извика избезумено: „Јас сум
христијанин. Се молам на овој тука да ти ги
прости гревовите. Како можеш да не веруваш во
оној што страдаше за тебе?“ Добро забележав
дека ми се обрнуваше на ти, но ми беше сето

82
тоа доста. Жештината сè повеќе се зголемуваше.
Како и секогаш, кога имав желба да се
ослободам од некого што го слушав со мака, јас
имав изглед како да му одобрувам. На мое
изненадување, тој триумфираше: „Гледаш,
гледаш, рече тој. Нели ти веруваш дека и ти ќе
му се довериш?“ Очигледно, реков, не уште
еднаш веќе. Тој пак се спушти на својата
фотелја.

Имаше мошне уморен изглед. Еден


момент остана молчалив додека машината, што
непрекинато го следеше дијалогот, продолжи
да ги отчукува последните реченици. Потоа, ме
погледна внимателно и малку натажено.
Промрморе: „Никогаш не сум видел толку
бесчувствена душа како вашата. Криминалците
што доаѓаа пред мене секогаш ќе заплачеа пред
оваа слика на болката.“ Сакав да одговорам
дека тоа е вистина, зашто се работело за
криминалци. Но помислив дека и јас сум исто
така како нив. Тоа беше мисла на која не можев
да се навикнам. Тогаш судијата стана, како да
ми даде знак дека сослушувањето е завршено.
Со истиот малку уморен изглед, само ме праша
дали жалам поради моето дело. Размислив и
реков дека повеќе од вистинско каење
чувствувам извесна неудобност. Имав впечаток

83
дека тој не ме разбра. Но овој ден работите не
тргнаа потаму.

Во продолжение често го виѓавав


истражниот судија. Само, секогаш бев
придружуван од мојот адвокат. Се ограничија на
тоа да прецизираат некои точки од моите
претходни искази. Или судијата расправаше со
адвокатот за исказите на сведоците. Но
всушност, во овие моменти тие никогаш не се
занимаваа со мене. Малку по малку во секој
случај тонот на сослушувањата се измени.
Изгледаше дека судијата не се интересира веќе
за мене и дека беше го определил мојот случај
во извесен вид. Не ми зборуваше веќе за бога и
никогаш не го видов толку налутен како првиот
ден. Резултат од сето тоа беше тоа што нашите
средби станаа посрдечни. Неколку прашања,
малку разговор со мојот адвокат, и
сослушувањата беа завршени. Мојата работа,
според изјавата на судијата, си одеше по својот
тек. Понекогаш исто така, кога разговорот
имаше воопштен карактер, ќе ме замешаа и
мене. Почнав мирно да дишам. Во тие часови
никој не се однесуваше лошо кон мене. Сè беше
толку природно, толку добро уредено и толку
едноставно изведено, што имав смешен
впечаток дека „сум дел од една фамилија“. И на

84
крајот од единаесет месеци, колку што траеше
оваа истрага, можам да речам, дека речиси се
чудев што никогаш на ништо не се радував
толку како на овие ретки моменти кога судијата
ќе ме испратеше до вратата од својот кабинет
тупајќи ме по рамото и велејќи ми со срдечен
изглед: „За денеска е свршено, господин
Антихрист.“ Потоа ме предаваа во рацете на
жандармите.

2.

Има работи за кои никогаш не сакав да


зборувам. Кога влегов в затвор, по неколку дена
сфатив дека не би сакал да зборувам за овој дел
од мојот живот.

Подоцна, не му придавав значење на ова


чувство на одбивност. Всушност, првите денови
јас не бев навистина в затвор: очекував нејасно
некој нов настан. Сето тоа почна дури по првата
и единствена посета на Марија. Од денот кога го
добив нејзиното писмо (таа ми велеше дека не ѝ
дозволувале веќе да доаѓа бидејќи не ми била

85
жена), од тој ден, почувствував дека сум дома
во мојата самица и дека мојот живот тука
запрел. На денот на моето затворање најпрвин
ме затворија во една просторија во која веќе
имаше неколку затвореници, повеќето Арапи.
Забележувајќи ме, тие се насмевнаа. Потоа ме
прашаа што сум направил. Им реков дека убив
Арапин, и тие молкнаа. Но еден момент потоа
се спушти вечерта. Тие ми објаснија како да ја
наместам ругузината врз која требаше да
лежам. Кога ќе се свитка еден крај, може да се
направи цилиндрична перница. Целата ноќ
стеници лазеа врз моето лице. По неколку дена
ме изолираа во самица, каде што лежев на
дрвено легало. Имав сад за вршење нужда и
железен умивалник. Затворот беше сосема
високо над градот и низ едно мало прозорче
можев да го гледам морето. Еден ден кога бев
фатен за решетките, со лице испружено на
сонцето, еден чувар влезе и ми рече дека имам
посета. Помислив дека е тоа Марија. И
навистина беше таа.

Појдов по еден долг коридор за да


дојдам до просторијата за средби, потоа по
едни скали и на крајот низ еден друг коридор.
Влегов во една мошне голема сала осветлена од
голем прозорец. Салата беше поделена на три

86
дела со две големи решетки што ја сечеа по
должината. Меѓу двете мрежи се наоѓаше
простор од осум до десет метри што ги
одделуваше посетителите од затворениците.
Лице в лице кон мене ја забележав Марија со
нејзиниот фустан со надолжни шарки и
нејзиното исончано лице. Од мојата страна
имаше десетина затвореници, повеќето Арапи.
Марија беше окружена со Маварки и се наоѓаше
меѓу две посетителки: една мала старица со
стиснати усни, облечена во црно, и една дебела
жена со долга коса која зборуваше мошне силно
и многу гестикулираше. Поради оддалеченоста
меѓу решетките посетителите и затворениците
беа принудени да говорат мошне гласно. Кога
влегов, од џагорот гласови што отскокнуваа кон
големите оголени ѕидови на салата, од суровата
светлина што течеше од небото врз стаклата и
шуркаше во салата добив еден вид несвестица.
Мојата ќелија беше помирна и помрачна. Ми
требаше неколку секунди за да се навикнам.
Сепак, на крајот го гледав секое лице оцртано во
полниот ден. Забележав како еден чувар
седеше на крајот од коридорот меѓу двете
решетки. Мнозинството арапски затвореници
како и нивните фамилии седеа едни спроти
други со прекрстени нозе. Овие тука не викаа. И

87
покрај викотницата, тие сепак успеваа да се
чујат зборувајќи мошне тивко. Нивниот
придушен шепот, што доаѓаше оздола,
создаваше како еден постојан бас во
разговорите што се вкрстуваа над нивните
глави. Сето тоа го забележував мошне брзо
приближувајќи се кон Марија. Веќе фатена за
решетката, таа ми се насмевнуваше со сиот глас.
Сметав дека е мошне убава, но не знаев тоа да ѝ
го речам.

„Значи, ми рече таа мошне гласно. Значи,


ете - ти си добар, ти имаш сè што сакаш? - Да,
сè.“

Замолчавме и Марија постојано се


смееше. Дебелата жена рикаше кон мојот сосед,
несомнено нејзин маж, еден голем русокос
човек со чист поглед. Тоа беше продолжение од
еден веќе започнат разговор.

„Жана не сакаше да го земе“, викаше таа


со сета своја сила. „Да, да, говореше човекот. Jас
ѝ реков дека ти ќе го земеш повторно кога ќе
излезеш, но таа не сакаше да го земе.“

Марија од своја страна викаше дека


Ремон ме поздравува, а јас реков:
„Благодарам.“ Но гласот ми беше заглушен од

88
мојот сосед кој прашуваше: „како му е“. Жената
му се смееше велејќи „дека никогаш не се
чувствувал подобро“. Мојот сосед одлево, еден
млад човек со фини раце, не зборуваше ништо.
Забележав дека стоеше спроти мала старица и
дека и двајцата се гледаа непрекинато. Но
немав време да ги посматрам повеќе, зашто
Марија ми викна дека треба да се надевам. Јас
реков: „Да“. Во исто време, ја гледав и имав
желба да ѝ го стегнам рамото над нејзиниот
фустан. Ме привлекуваше таа убава кожа и не
знаев сосем добро во што требаше да се
надевам надвор од неа. Но несомнено беше
добро она што сакаше да ми го каже Марија,
зашто таа се смееше постојано. Го гледав само
блесокот на нејзините заби и малите брчки
околу нејзините очи. Таа повторно викна: „Ќе
излезеш и ќе се венчаме!“ Јас одговорив:
„Веруваш?“, но тоа беше само да речам нешто.
Тогаш таа рече мошне брзо и мошне гласно
дека ќе бидам ослободен и дека пак ќе се
капеме. Но другата жена рикаше од своја страна
и велеше дека оставила една кошница кај
писарот. Таа набројуваше сè што ставила во неа.
Требаше да се провери, зашто сето тоа чинело
многу. Другиот мој сосед и неговата мајка се
гледаа постојано. Шепотот на Арапите

89
продолжуваше под нас. Надвор изгледаше дека
светлината надоаѓа низ прозорецот.

Почувствував дека малку не ми е добро и


сакав да се вратам. Вревата не можев да ја
поднесувам. Но од друга страна сакав што
повеќе да го искористам присуството на Марија.
Не знаев колку време беше минало. Марија ми
зборуваше за својата работа и се смееше
непрекинато. Шепотот, криковите, разговорите
се вкрстуваа. Единственото островце на
тишината покрај мене беше во оној млад човек
и онаа старица што се гледаа. Малку по малку,
ги одведоа Арапите. Речиси сите молкнаа
откако првиот излезе. Малата старица се
приближи до решетките и во истиот момент
еден чувар му даде знак на нејзиниот син. Тој
рече: „До гледање, мамо“ и таа ја протна раката
меѓу две пречки за да му даде еден бавен и
продолжителен знак.

Таа отиде, а за тоа време влезе еден


човек со капа во раката и го зазеде нејзиното
место. Доведоа еден затвореник и тие
разговараа живо но полугласно, бидејќи
просторијата пак стана молчалива. Дојдоа да го
бараат мојот сосед оддесно и жена му
зборуваше без да го спушти гласот како да не

90
беше забележала дека не беше веќе потребно
да се вика: „Чувај се и пази се.“ Потоа дојде ред
на мене. Марија ми испрати бакнеж. Се свртев
пред да исчезнам. Таа беше неподвижна, со
лице притиснато врз решетката со истиот
растегнат и згрчен насмев.

Малку потоа таа ми пишуваше. И токму


од тој момент почнаа работи за кои не сакав
никогаш да зборувам. На секој начин, не
требаше воопшто да се претерува и тоа ми беше
полесно отколку на другите. Во почетокот на
моето затворање сепак најтешко ми беше тоа
дека со мислите бев слободен човек. На
пример, ме опфаќаше желба да бидам на некоја
плажа и да слегувам кон морето. Кога ќе го
замислев шумењето на првите бранови под
моите стапалки, влегувањето на телото во
водата и извесното ослободување што го наоѓав
во тоа наеднаш чувствував колку се блиски
ѕидовите од мојот затвор. Но тоа траеше
неколку месеци. Потоа, живеев со мислите на
затвореник. Ја чекав секојдневната прошетка
што ја правев во дворот или посетата на мојот
адвокат. Мошне добро го распоредував
остатокот од своето време. Често мислев тогаш
дека кога некој би ме присилил да живеам во
некое исушено стебло од дрво, без друга

91
разонода освен да ја гледам бојата на небото
над мојата глава, малку по малку и на тоа би
свикнал. Би го чекал минувањето на птиците
или средбите на облаците како што ги чекав
тука чудните кравати на мојот адвокат и во еден
друг свет како што стрпливо ја чекав саботата за
да го прегрнам телото на Марија. Зашто, кога
добро ќе се размисли, јас не бев во суво дрво.
Имаше тука понесреќни од мене. Тоа беше
впрочем мислата на мама и таа ја повторуваше
често, дека на крајот човек свикнува на сè.

Впрочем, обично не одев толку далеку.


Првите месеци беа тешки. Но всушност усилбата
што морав да ја правам ми помогна да ги
поминам. На пример, бев вознемируван од
желбата за жена. Тоа беше природно, јас бев
млад. Никогаш не мислев посебно на Марија.
Но мислев толку на една жена, на жените, на
сите оние што ги познавав, во сите околности во
кои ги љубев, што мојата самица се
исполнуваше со сите тие лица и се населуваше
со сите мои желби. Во извесна смисла тоа ме
правеше неурамнотежен. Но во друга, тоа го
убиваше времето. На крајот успеав да се
здобијам со симпатијата на шефот на чуварите,
кој за време на ручеците го придружуваше
готвачот. Најпрвин тој ми говореше за жените.

92
Тој ми рече дека е тоа првата работа на која се
жалеле другите. Јас му реков дека сум како нив
и дека таквото третирање го сметам
несправедливо. „Но, рече тој, тоа е
справедливо, зашто токму за тоа и ве ставаат в
затвор.“ „Како, за тоа?“ „Но да, слободата, тоа е
она. Тие ви ја одземаат слободата.“ Никогаш не
сум мислел на тоа. Јас му одобрував: „Тоа е
вистина, му реков јас, каде би била инаку
казната?“ „Да, вие ги разбирате работите, вие.
Другите, не. Но на крајот тие се олеснуваат
самите.“ Потоа чуварот си отиде.

Тука беше и проблемот за цигари. Кога


влегов во затворот, ми го зедоа каишот, врвците
од чевлите, мојата врска и сè што носев по
џебовите посебно цигарите. Еднаш во ќелијата
прашав кога ќe ми ги вратат. Но ми рекоа дека е
тоа забрането. Првите денови беа мошне
сурови. Можеби тоа најмногу ме скрши. Цицав
парченца дрво што ги кинев од штицата на мојот
кревет. Целиот ден го минував во непрекината
тегоба. Не разбирав зошто ми го зедоа она што
не му причинуваше зло никому. Подоцна,
сфатив дека тоа беше исто така дел од казната.
Но тогаш навикнав да не пушам и тоа не
претставуваше веќе за мене казна.

93
Освен овие незгоди, не бев мошне
несреќен. Сето прашање, уште еднаш беше да
се убие времето. На крајот, кога се научив да се
сеќавам, веќе воопшто не ми беше здодевно.
Понекогаш размислував за својата соба и во
воображението ќе тргнев од еден нејзин кат и
набројувајќи сè што ми се наоѓаше на патот,
повторно ќе ce врaтев во него. Во почетокот, тоа
беше бргу сторено. Но секојпат кога повторно ќе
почне, тоа беше малку подолго. Зашто јас се
сеќавав на секој дел од мебелот, на секој
предмет што се наоѓаше таму и на сите
подробности, на секој еден украс, пукнатина
или оштрбнат раб, на нивната боја или финоќа.
Во исто време, се обидував да не ја изгубам
нишката на мојот список, да направам целосен
попис, така што по неколку недели можев да
поминувам часови само во набројување на она
што се наоѓаше во мојата соба. Така, колку
повеќе размислував, толку повеќе непознати и
заборавени работи извлекував од своето
сеќавање. Сфатив тогаш дека човек којшто
живеел само еден ден би можел без мака да
живее сто години во затвор. Тој би имал
достатно спомени да не му биде здодевно. Во
извесна смисла тоа беше напредок.

94
Исто така тука беше прашањето за сонот.
Најпрвин, ноќе спиев лошо, а дење не спиев
воопшто. Малку по малку, моите ноќи се
подобруваа и можев да спијам исто така и
дење. Можам да речам дека последниве
месеци спиев по шеснаесет до осумнаесет
часови на ден. Тогаш ми остануваа шесте часа за
убивање на времето за јадење, за одење по
нужда, за моите спомени и за историјата на
Чехословачка.

Меѓу мојот сламник и штицата од


креветот всушност најдов старо парче весник
речиси залепено за ткаеницата, пожолтено и
проѕирно. На него се расправаше за некој настан
чиј почеток недостигаше, но кој морал да се
случи во Чехословачка. Еден човек беше
заминал од едно чешко село на печалба. По
дваесет и пет години, богат, тој се вратил со
жена си и едно дете. Мајка му држеше хотел со
сестра му во неговото родно село. За да ги
изненади, тој беше ја оставил жена си и своето
дете во друг хотел и пошол кај мајка си која не
го познала кога беше влегол. На шега дошол на
мисла да земе една соба. Ноќта мајка му и
сестра му го убиле со удари на чекан за да го
ограбат и го фрлиле неговото тело во реката. Ут
рото, жената дошла и без да знае ништо го

95
открила идентитетот на патникот. Мајката се
обесила. Сестрата се фрлила во еден бунар.
Треба да сум ја читал таа историја илјада пати.
Од една страна, таа беше неверојатна. Од друга,
таа беше природна. На секој начин, сметав дека
и патникот бил малку заслужен за тоа и дека
човек никогаш не треба да си игра.

Така, заедно со часовите на спиење,


спомените, читањето на овој расказ и во
сменувањето на светлината и мракот ми
минуваше времето. Бев читал дека на крајот
човек ја губи претставата за времето во
затворот. Но тоа немаше голема смисла за мене.
Не разбрав во колкава мера деновите можат да
бидат во исто време долги и кратки. Несомнено
долги за живеење, но така развлечени, што на
крајот се слеваа едните во другите. Притоа тие
го губеа своето име. Зборовите вчера или утре
беа единствените што зачуваа извесна смисла за
мене.

Кога еден ден чуварот ми рече дека сум


тука веќе пет месеци јас му поверував, но не го
разбрав. За мене тоа беше непрекинато истиот
ден кој ја плавеше мојата ќелија и истата тешка
работа што ја продолжував. Тој ден, по
заминувањето на чуварот, јас се погледнав во

96
мојата железна порција. Ми се стори дека моето
лице останало сериозно дури и тогаш кога се
обидував да му се насмевнам. Го затресов пред
себеси. Се смеев, а тоа го чуваше истиот суров и
жалосен изглед. Денот привршуваше и тоа беше
час за кој не сакам да зборувам, час без име, во
кој шумовите на вечерта се качуваа од сите
катови на затворот во една свита од тишина. Се
приближував до прозорчето и во последната
светлина уште еднаш го посматрав својот лик.
Тој беше сè така сериозен и тоа не беше
воопшто чудно, зашто во тој момент и јас исто
така бев сериозен. Но истовремено и за првпат
по месеци го чув јасно звукот на мојот глас. Го
познав гласот кој одекнуваше веќе долги денови
во моите уши и разбрав дека за сето тоа време
разговарав самиот со себеси. Се сетив тогаш на
она што го велеше болничарот на закопот на
мама. Не, не, немаше тука излез и никој не
може да си замисли што се тоа вечерите во
затворот.

97
3.

Можам да речам дека во основа летото


мошне брзо го смени друго лето. Знаев дека со
настапувањето на првите жештини ќе дојде
нешто ново за мене. Мојот случај беше
определен за последната седница на
поротничкиот суд, а таа седница завршува со
месец јуни. Претресот почна кога надвор веќе
печеше сонцето. Мојот адвокат ме уверуваше
дека нема да трае повеќе од два-три дена.
„Впрочем, додаде тој, судот ќе брза, бидејќи
вашиот случај не е најзначаен. Има едно
убиство на татко за кое ќе се расправа веднаш
по тоа.

98
Во шест и пол часот изутрината дојдоа да
ме побараат и затвореничката кола ме одведе
во судот. Двајца жандарми ме внесоа во една
мала полумрачна соба. Чекавме седнати до
една врата зад која се слушаа гласови, повици,
чкртање на столови и сета таа мешаница ме
потсети на оние празници во квартот, кога, по
концертот, ја уредуваат салата за да може да се
игра. Жандармите ми рекоа дека требаше да се
причекаат судиите и едниот од нив ми понуди
цигара што ја одбив. Тој ме праша малку потоа
дали се плашам. Одговорив дека не се плашам.
И дури во извесна смисла ме интересираше да
видам еден процес. Никогаш немав таква
можност во мојот живот: „Да, рече вториот
жандарм, но на крајот и тоа заморува.“

По малку време едно мало ѕвонче


одекна во собата. Тогаш ми ги симнаа лисиците.
Ја отворија вратата и ме одведоа до
обвинителната клупа. Салата беше преполна. И
покрај завесите, сонцето се пробиваше делумно
и воздухот веќе беше задушлив. Прозорците ги
оставија затворени. Јас седнав и жандармите ме
обиколија. Во овој момент забележав еден ред
лица пред мене. Сите ме посматраа: сфатив
дека се тоа поротниците. Но не можам да речам
по што се разликуваа едни од други. Имав само

99
еден впечаток: се наоѓав пред една трамвајска
клупа и сите овие анонимни патници го демнеа
новодојдениот за да откријат на него нешто
смешно. Знаев дека е тоа глупава помисла,
зашто овде не го бараат смешното, туку
злосторството. Меѓутоа, разликата не беше
голема и во секој случај таа мисла ми дојде на
ум.

Бев исто така малку збунет од


присуството на сите овие луѓе во оваа затворена
сала. Уште ја посматрав судската сала и не
разликував никакво лице. Не се чудам што во
првиот момент не сфатив дека сите овие луѓе се
тискаат за да ме видат мене. Обично луѓето не
обрнуваа внимание на мојата личност. Требаше
да се напрегнам за да сфатам дека јас сум
причината на сето ова возбудување. Му реков
на жандармот: „Колку луѓе!“ Тој ми одговори
дека тоа го предизвикале весниците и ми
покажа една група што стоеше до една маса под
клупата за поротниците. Тој ми рече: „Еве ги.“
Јас прашав: „Кои?“ И тој повтори: „Новинарите.“
Тој познаваше еден од новинарите којшто тој
момент го забележа и се упати кон нас. Тоа
беше човек веќе во години, симпатичен, со лице
што се набрчкуваше малку. Тој му ја стегна
раката на жандармот со многу топлина. Во овој

100
момент забележав дека сите тие луѓе се
сретнуваа, се повикуваа и разговараа, како во
некој клуб каде што се среќни да се најдат меѓу
луѓето од ист круг. Си го објаснив себеси исто
така чудниот впечаток дека сум овде некој
никаквец, сосема излишен. Сепак, новинарот ми
се обрна смеејќи се. Тој ми рече дека се надева
оти сè ќе оди добро за мене. Јас му
заблагодарив и тој додаде: „ Знаете ние малку
го надувме вашиот случај. Летото тоа е мртва
сезона за весниците. И беше само вашата
историја и онаа на убиството на татко што нешто
чинат.“ Потоа од групата од која дојде ми
покажа еден млад човек што прилегаше на
здебелена невестулка, со големи очила во црни
рамки. Тој ми рече дека е тоа специјален
дописник на еден париски весник: „Тој не е
дојден поради вас, впрочем. Но бидејќи е
задолжен да известува од процесот на
таткоубиството, од него е побарано наедно да
телеграфира и за вашиот случај.“ Тука уште
пропуштив да му се заблагодарам. Но јас
мислев дека би било смешно. Тој ми направи
срдечен знак со рака и нѐ напушти. Чекавме
уште неколку минути.

Мојот адвокат дојде во адвокатска тога,


обиколен од многу други колеги. Тој се упати

101
кон журналистите и им ги стегна дланките. Се
шегуваа, се смееја и изгледаа мошне задоволни,
сè до моментот кога ѕвончето одекна во
судската сала. Сите луѓе си ги зазедоа своите
места. Мојот адвокат дојде кај мене, ми ја
стегна раката и ме советуваше да одговарам
накусо на прашањата што ќе ми ги постават, на
своја рака да не преземам ништо и да се
потпрам врз него за сè друго.

Лево од мене чув шум на еден стол што


се влечеше и забележав еден висок, танок
човек, облечен во црвено со лорњон, кој седна
грижливо наместувајќи ја својата тога. Тоа беше
обвинителот. Еден вратар го најави доаѓањето
на поротниците. Во истиот момент два големи
вентилатора почнаа да брчат. Тројца судии,
двајца во црно и третиот во црвено влегоа со
досиеата и одеа мошне брзо кон трибината што
доминираше со салата. Човекот во црвена тога
седна во средната фотелја, ја стави капата пред
себе, ја избриша својата мала ќелава глава со
крпче и објави дека претресот почнува.

Новинарите ги држеа веќе пенкалата в


рака. Сите имаа рамнодушен и потсмешлив
изглед. Сепак, еден од нив, многу помлад,
облечен во сива облека со сина врска, го остави

102
своето пенкало пред себе и ме погледна. Во
неговото, малку асиметрично лице јас ги
забележав само двете очи, мошне светли, што
ме испитуваа внимателно, без да изразуваат
притоа ништо определено. И имав чуден
впечаток како да се гледав самиот себеси.
Можеби поради тоа, а исто така и поради моето
непознавање на обичаите на ова место, не
сфатив добро сè што се случи потоа,
извлекувањето на поротниците со жрепче,
прашањата поставени од претседателот на
адвокатот, на обвинителот и на поротниците
(секојпат, сите глави на поротниците ќе се
свртеа истовремено кон судскиот совет), брзото
читање на обвинителниот акт, во кој ги пре
познавав имињата на местата и на лицата и
новите прашања кон мојот адвокат.

Но претседателот рече дека најпрвин ќе


пристапи кон прозивање на сведоците. Вратарот
ги читаше имињата кои го привлекоа моето
внимание. Од пред малку бесформената
публика забележав како стануваа еден по еден
за да исчезнат потоа низ една странична врата,
директорот и настојникот на домот за старци,
стариот Томас Перез, Ремон, Масон, Саламано,
Марија. Таа ми направи еден неспокоен знак. Се
зачудив што не ги забележав уште порано, кога,

103
откако го чу своето име, последен се крена
Селест. Покрај него ја познав малата постара
жена од ресторанот, со својот жакет и својот
строг и решителен изглед. Таа ме посматраше
интензивно. Но немав време за размислување,
зашто зеде збор претседателот. Тој рече дека ќе
почне вистинскиот претрес и дека смета за
излишно да ѝ препорача на публиката да биде
мирна. Според него, тој беше тука за да
раководи непристрасно со претресот на еден
случај што сака објективно да го разгледа.
Пресудата што ќе ја донесе поротата ќе биде во
духот на правдата и во случај на најмал
инцидент тој ќе нареди да се испразни салата.

Жештината се зголемуваше и забележав


како во салата присутните се ладат со весници.
Тоа произведуваше мало продолжително
шушкање на изгмечена хартија. Претседателот
даде знак и вратарот донесе три лепези
исплетени од слама што тројцата судии ги
употребија веднаш.

Моето сослушување почна веднаш.


Претседателот ме испрашуваше мирно и дури
ми ce стори со нијанса на срдечност. Уште
еднаш морав да ги повторам своите генералии и
наспроти мојата раздразнетост, сметав дека во

104
основа тоа беше доста природно, зашто е многу
тешко да му се суди на еден човек место на
друг. Потоа претседателот ја почна приказната
за она што бев го сторил, обрнувајќи се кон
мене на секоја трета реченица за да ме праша:
„Така ли е тоа?“ Секојпат, јас одговарав: „Да,
господине претседателе“, според упатствата од
мојот адвокат. Тоа траеше долго, зашто
претседателот употреби многу минути за својата
приказна. За сето тоа време, новинарите
пишуваа. Го чувствував погледот на помладиот
меѓу нив и онаа мала жена автомат.
Трамвајската клупа беше сета свртена кон
претседателот. Тој кашлаше, го листаше своето
досие и се сврте кон мене ладејќи се. Тој ми
рече дека треба сега да ми постави некои
прашања што се навидум без врска со мојот
случај, но дека можеби се мошне поврзани.
Сфатив дека уште ќе зборува за мама и
истовремено почувствував колку ми е тоа
непријатно. Тој ме праша зошто ја дадов мама
во домот за старци. Одговорив дека е тоа
поради тоа што немав пари за да платам некого
да ја чува и да се грижи за неа. Тој ме праша
дали тоа лично ми паѓаше тешко и јас одговорив
дека ни мама ни јас не очекувавме ништо
повеќе еден од друг, ни впрочем од никого, и

105
дека и двајцата свикнавме на нашиот нов живот.
Претседателот тогаш рече дека не би сакал да
инсистира на тој факт и тој го праша
обвинителот има ли да постави некое друго
прашање.

Со грб полусвртен кон мене и без да ме


гледа, тој изјави дека со дозвола од
претседателот би сакал да знае дали кај изворот
се вратив сосема сам со мислата да го убијам
Арапот. „Не“, реков jac. „Тогаш, зошто бил
вооружен и зошто да се врати точно на тоа
место?“ Јас реков дека тоа беше случајно. И
обвинителот забележа со злобно нагласување:
„Засега тоа е сè.“ По ова беше малку збунет,
барем мене ми се стори така. Но по извесно
договорување, претседателот изјави дека
претресот се прекинува и се одложува за
попладне поради сослушување на сведоците.

Немав време за размислување. Ме


одведоа, ме качија во затвореничката кола и ме
спроведоа во затворот каде што ручав. По
мошне малку време, токму кога сфатив дека сум
изморен, тие се вратија да ме земат; сè почна
одново и јас се најдов во истата сала, пред
истите лица. Само жештината беше многу
посилна и како по некакво чудо секој од

106
поротниците, обвинителот, мојот адвокат и
неколку новинари беа се снабдиле исто така со
лепези од слама. Младиот новинар и малата
дама беа постојано тука. Но тие не се ладеа и ме
гледаа сè уште без збор.

Ја избришав потта што ми го облеваше


лицето и не бев свесен за местото и за себеси сè
дури не чув да го повикуваат управникот на
домот за старци. Го прашаа дали мама се
жалела на мене и тој рече дека се жалела, но
дека во извесна смисла тоа е манија на неговите
пансионерци да се жалат на своите блиски.
Претседателот побара од него да каже точно
дали таа му префрлувала поради тоа што ја дал
во домот за старци и директорот уште еднаш
рече да. Но овој пат, тој не додаде ништо. На
едно друго прашање, тој одговори дека бил
изненаден од мојата мирнотија за време на
закопот. Го прашаа што подразбира тој под
мирнотија. Директорот тогаш го погледна врвот
од своите чевли и рече дека јас не сакав да ја
видам мама, ни еднаш не заплакав и отпатував
веднаш по закопот без да се задржувам на
гробот. Уште нешто го изненадило: службеникот
од закопниот завод му рекол дека јас не сум
знаел колку години има мама. Еден момент
настана тишина и претседателот го прашаше

107
дали тоа го зборуваше за мене. Бидејќи
управникот не го разбра прашањето, тој му
рече: „Тоа е законот.“ Потоа претседателот го
праша државниот обвинител дали сака да му
постави прашање на сведоков, а обвинителот
извика: „О! не, ова е достатно“, толку гласно и
со таков победнички поглед насочен кон мене,
што за првпат по толку години добив глупава
желба да плачам, зашто чувствував колку бев
презрен од сите овие луѓе тука.

Откако ги праша поротниците и мојот


адвокат дали имаат да постават прашања,
претседателот почна да го распрашува вратарот.
За него како и за сите други се повтори истата
церемонија. Пристигајќи, вратарот ме погледна
и го сврте погледот. Тој одговори на прашањата
што му ги поставуваа. Тој рече дека не сум сакал
да ја видам мама, дека пушев, дека спиев и
дека пиев бело кафе. Тогаш почувствував нешто
што ја крена целата сала и за прв пат сфатив
дека сум виновен. Бараа од вратарот да ја
повтори приказната за кафето и онаа за
цигарата. Државниот обвинител ме гледаше со
иронична искра во очите. Во тој момент мојот
адвокат го праша вратарот дали и тој пушел
заедно со мене. Но обвинителот стана
енергично против тоа прашање: „Кој е тука

108
злосторникот и какви се овие методи што се
состојат во тоа да се валкаат сведоците на
обвинението за да се ослабнат сведоштвата кои
се мошне тешки!“ И покрај сè, претседателот
побара од вратарот да одговори на прашањето.
Стариот рече со еден збунет израз: „Знаев
добро дека згрешив. Но не смеев да ја одбијам
цигарата што ми ја понуди господинот.“ На
крајот ме прашаа мене дали имам нешто да
додадам. „Ништо, одговорив јас, само тоа дека
сведокот има право. Точно е дека јас му
понудив цигара.“ Вратарот тогаш ме погледна со
мало чудење и еден вид благодарност. Тој се
двоумеше, потоа рече дека тој прв ми понудил
бело кафе. Мојот адвокат шумно ликуваше и
изјави дека поротниците ќе го имаат тоа
предвид. Но обвинителот загрме над нашите
глави и рече: „Да, господата поротници ќе го
имаат тоа предвид. И тие ќе заклучат дека еден
туѓ човек можел да понуди кафе, но дека еден
син требало да го одбие пред телото на онаа
што му го дала животот.“ Вратарот повторно
седна на својата клупа. Кога дојде ред на Томас
Перез, вратарот требаше да го придржува до
преградата. Перез рече дека добро ја познавал
мајка ми и дека тој ме видел само еднаш, на
денот на закопот. Го прашуваа за она што сум

109
правел тој ден таму и тој одговори: „Сфатете,
мене лично ми беше многу тешко. Тогаш ништо
не забележав. Тагата ме спречи да видам.
Бидејќи е тоа за мене тешка тага. И дури се
онесвестив. Тогаш, не го видов господинот“.
Државниот обвинител го праша дали барем ме
видел да плачам. Перез одговори дека не ме
видел. Обвинителот тогаш рече од своја страна:
„Господата поротници ќе го имаат тоа предвид.
Но мојот адвокат се налути. Тој го праша Переза
со еден тон што ми се стори претеран, дали тој
видел дека јас не сум плачел. Перез рече: „Не.“
Публиката се насмеа. И мојот адвокат,
запрегнувајки го едниот ракав, рече
беспоговорно: „Ете ја сликата на овој процес. Сè
е вистина и ништо не е вистина!“ Обвинителот
имаше безизразно лице и со молив
обележуваше нешто во насловите на своите
досиеја.

По пет минути прекин, кога мојот адвокат


ми рече дека сè оди најдобро, го сослушуваа
Селест што беше наведен од одбраната.
Одбраната тоа бев јас. Одвреме навреме Селест
ќе фрлеше поглед кон мојата страна и вртеше
една панамена капа меѓу раце. Тој носеше ново
облекло што го облекуваше извесни недели за
да оди заедно со мене на коњски трки. Но

110
сметав дека не можел да ја стави својата јака,
зашто носеше само едно бакарно копче со кое
му беше закопчана кошулата. Го прашаа дали
бев негов клиент, а тој рече: „Да, но исто така тој
ми беше пријател“, потоа што мисли за мене, а
тој изјави дека сум човек; што подразбира под
тоа, а тој изјави дека сите го знаат тоа што
сакаше да го каже; тој беше забележал дека сум
затворен човек и призна само дека сум
зборувал само тогаш кога сум имал нешто да
речам. Државниот обвинител го праша дали сум
го плаќал својот пансион редовно. Селест се
насмеа и изјави: „Тоа се подробности меѓу нас.“
Го прашаа уште што мисли за моето
злосторство. Тој ги стави тогаш рацете врз
оградата и се гледаше дека нешто има
приготвено, па рече: „За тоа е мене, несреќа.
Несреќа, цел свет знае што е тоа. Тоа ве остава
без одбрана. Е добро! За мене тоа е несреќа.“
Сакаше да продолжи, но претседателот му рече
дека е тоа доста и дека му се заблагодаруваат.
Тогаш Селест остана малку вчудоневиден. Но тој
изјави дека би сакал уште да зборува. Од него
побараа да биде краток. Тој уште еднаш
повтори дека е тоа несреќа. И претседателот му
рече, „Да, тоа се подразбира. Но ние сме тука за
да ги судиме несреќите од овој вид. Ние Ви

111
благодариме.“ Како да беше го исцрпел сето
свое знаење и сета своја добра волја, Селест се
сврте тогаш накај мене. Ми изгледаше дека
неговите очи блескаа и дека усните му
трепереа. Имаше израз како да ме прашува што
може уште да направи. Јас не реков ништо, не
направив никакво движење, но за првпат во
својот живот сакав да бакнам еден човек.
Претседателот уште еднаш му нареди да ја
напушти оградата. Селест појде да седне во
салата. За време на остатокот од претресот, тој
остана тука, малку наведнат напред, со лакти
врз колената, капата меѓу раце, да слуша сè што
се зборуваше. Влезе Марија. Беше ставила капа
и беше уште убава. Но повеќе ја сакав со
распуштена коса. Од местото каде што бев ги
наѕирав нејзините мали гради и ја познав
нејзината долна полничка усна. Изгледаше
мошне нервозна, Веднаш ja прашаа од кога ме
познава. Таа го назначи времето кога таа
работеше кај нас. Претседателот сакаше да знае
какви беа нејзините односи со мене. Таа рече
дека ми била пријателка. На едно друго
прашање, таа одговори дека е вистина оти
требало да се омажи за мене. Обвинителот кој
прелистуваше едно досие нагло ја запраша од
кога датира нашата врска. Таа го назначи

112
датумот. Обвинителот индиферентно забележа
дека му се чини оти е тоа првиот ден по смртта
на мама. По тоа тој рече со извесна иронија
дека не би сакал да инсистира на тоа
чувствително прашање, дека добро ги разбира
обѕирите на Марија, но (и овде неговиот акцент
стана потврд) дека должноста му налага да се
издигне над вообичаените обѕири. Значи, тој ја
замоли Марија да го резимира денот кога сум ја
запознал. Марија не сакаше да зборува, но на
инсистирањето од обвинителот, таа раскажа за
нашето капење, за одењето на кино и средбата
наша кај мене. Државниот обвинител рече дека
по изјавите од Марија на сослушувањето ги
прегледал програмите за тој ден. Тој додаде
дека сама Марија ќе каже кој филм се
прикажувал тогаш. И навистина со речиси
безбоен глас таа рече дека тоа беше филм со
Фернандел. Полна тишина завладеа во салата
кога таа сврши. Тогаш се крена обвинителот,
мошне сериозен и со глас што го сметав за
возбуден. Покажувајќи со прст кон мене, тој
полека изговори: „Господа поротници,
утредента по смртта на својата мајка, овој човек
се капе, почнува една недозволена врска и оди
да се смее на еден комичен филм. Ништо
повеќе немам да ви кажам.“ Тој седна, а

113
наоколу беше сè уште тишина. Но, наеднаш
Марија залипа и рече дека тоа не е точно, дека
тоа беше нешто друго, дека ја приморале да го
зборува спротивното од она што го мисли, дека
добро ме познава и дека ништо лошо не сум
сторил. На знак од претседателот, вратарот ја
одведе и претресот продолжи. Потоа одвај го
сослушаа Масон кој изјави дека сум чесен човек
„и би додал, дека сум благороден човек.“ Одвај
го сослушаа и Саламано кога ги потсети дека бев
добар кон неговиот пес и кога на едно прашање
за мајка ми и за мене одговори велејќи дека
немав повеќе ништо да ѝ кажам на мама и дека
поради тоа ја дадов во домот за старци. „Треба
да се разбере, рече Саламано, треба да се
разбере.“ Но изгледаше дека никој не разбира.
Го одведоа.

Потоа дојде ред на Ремон, кој беше


последен сведок. Ремон ми даде мал знак и
веднаш рече дека сум невин. Но претседателот
изјави дека не барале од него проценување,
туку факти. Тој го покани да чека на прашањата
и да одговара. Побараа од него точно да ги
определи своите односи кон жртвата. Ремон ова
го искористи за да рече дека овој него го
замразил откако ја плеснал неговата сестра.
Меѓутоа, претседателот го праша дали жртвата

114
имала право да ме мрази. Ремон одговори дека
мојата присутност на плажата беше резултат од
една случајност. Обвинителот го праша тогаш
како дошло до тоа писмото што беше во
почетокот на драмата да биде напишано од
мене. Ремон одговори дека е тоа случајност.
Државниот обвинител одврати дека случајот во
овој настан имал веќе многу недела на својата
совест. Тој би сакал да знае дали било случајно
што јас не сум интервенирал кога Ремон ја
плеснал својата љубовница, случајно што сум
послужил како сведок во комесаријатот,
случајно уште што моите изјави на сведочењето
се направени од чиста љубезност. На крајот, го
праша Ремона од што живее, а бидејќи овој
одговори: „Магацинер“, државниот обвинител
им изјави на поротниците дека е општо познато
оти сведокот е подведувач. Јас бев негов
соучесник и негов пријател. Се работеше за една
гадна драма од најниско ниво, дотолку потешка
што имале работа со морално чудовиште.
Ремон сакаше да се брани и мојот адвокат
протестираше, но му рекоа дека државниот
обвинител треба да го пуштат да заврши... Овој
рече: „Малку имам да додадам. Беше ли тој твој
пријател?“ го праша Ремона. „Да, рече овој, тој
ми беше другар.“ Државниот обвинител ми го

115
постави тогаш истото прашање и го погледнав
Ремона кој не ги сврте очите. Одговорив: „Да.“
Тогаш обвинителот се сврте кон поротниците и
изјави: „Истиот човек кој утредента по смртта на
својата мајка се предал на најсрамен разврат
убил човек поради безначајни причини за да
ликвидира една афера со нечуени постапки.

Тогаш тој седна. Но мојот адвокат, на


краjот од своето трпение, извикна кревајќи
раце, така што ракавите се лизнаа откривајќи
дипли од неговата колосана кошула: „Најпосле,
дали е обвинет поради тоа што ја сохранил
својата мајка или дека убил човек?“ Публиката
се насмеа. Но обвинителот пак се крена, се
загрна со својата тога и изјави дека би требале
да бидат наивни како почитаниот бранител за
да не по чувствуваат дека меѓу овие две групи
факти има длабока возбудлива и суштинска
врска. „Да, извикна тој силно, го обвинувам овој
човек што ја сохранил мајка си со срце на
злосторник“. Оваа изјава, изгледа, остави силен
впечаток кај публиката. Мојот адвокат ги крена
рамениците и ја избриша потта што му го
облеваше челото. Но самиот тој изгледаше
поколебан и сфатив дека работите не се
одвиваат добро за мене. Претресот беше
прекинат. Излегувајќи од судот за да се качам во

116
колата за еден краток момент го почувствував
мирисот и бојата на летната вечер. Во мракот на
мојот подвижен затвор, како на дното од мојата
умора, пак ги најдов еден по еден сите оние
познати шумови на еден град што го сакав и на
еден извесен час кога ми се случуваше да се
почувствувам задоволен. Извиците од
продавачите на весници во веќе посвежиот
воздух, последните птици во скверот, нудењето
од продавачите на сендвичи, стенкањето на
трамваите на свијоците од градските угорници и
ова жуборење на небото пред да ce спушти
ноќта над пристаништето, сето тоа
придонесуваше како слепец да го доживеам
патот што го познавав добро пред да влезам во
затворот. Да, тоа беше часот кога, веќе одамна,
ce чувствував задоволен. Она што ме чекаше
тогаш секогаш беше лесен сон без сништа. Пa
сепак нешто беше се изменило, зашто во
исчекување на утрешниот ден, повторно се
најдов во својата самица. Како познатите
патишта исцртани на летното небо да можат да
водат во затвори како и во невини сништа.

117
4.

Секогаш, дури и на обвинителната клупа,


интересно е да се слуша кога зборуваат за тебе.
За време на говорите на државниот обвинител и
на мојот адвокат, можам да речам дека многу се
зборуваше за мене и можеби повеќе за мене
отколку за моето злосторство. Впрочем, дали
беа толку различни тие говори? Адвокатот ги
крена рацете и го бранеше виновникот,
настојувајќи да го оправда, државниот
обвинител ги протегаше рацете и укажуваше на

118
вината, но без да ја оправдува. Па сепак, нешто
нејасно ме мачеше. И покрај тоа што бев
опфатен со свои мисли, понекогаш се обидував
да интервенирам, а мојот адвокат ќе ми речеше
тогаш: „Молчете, тоа е подобро за вашиот
случај.“ На некој начин изгледаше како целиот
овој случај да го разгледуваат надвор од мене.
Сè се развиваше без мое учество. Ми ја кроеја
судбината без да ме прашаат за моето мислење.
Одвреме навреме, добивав желба да ги
прекинам сите и да речам: „Па сепак, кој е
обвинетиот? Значајно е да бидеш обвинет. И јас
имам нешто да кажам.“ Ho откако размислив,
ништо немав да кажам. Впрочем, морам да
признаам дека интересирањето што човек го
предизвикува кај луѓето не трае долго. На
пример, пледоајето на обвинителот мошне брзо
ме измори. Само одломки, гестови или цели
тиради, но откинати од целоста ќе ме потресеа
или ќе го привлечеа моето внимание.

Основата на неговата мисла, ако добро ја


разбрав, е дека однапред сум го приготвил
своето злосторство. Тоа барем се обидуваше да
го докаже. Како што рече самиот тој: „Ќе го
докажам тоа, господа, и ќе го докажам двојно.
Најпрвин под заслепителната јасност на
фактите, а потоа под придушената светлина што

119
ќе ми ја овозможи психологијата на оваа
злосторничка душа.“ Накусо тој ги изнесе
фактите почнувајќи од смртта на мама. Тој
потсети на мојата бесчувственост, незнаењето
во кое се најдов во поглед на нејзините години,
утредента моето капење со една жена, киното,
Фернандел и на крајот враќањето со Марија. Ми
требаше време за да го сфатам во тој момент,
бидејќи тој рече „неговата љубовница“ а за
мене тоа беше Марија. Потоа, тој дојде до
приказната за Ремон. Сметав дека во начинот на
кој ги разгледуваше настаните не му
недостигаше јасност. Она што го зборуваше тој
беше веројатно. Јас бев го напишал писмото
заедно со Ремон за да ја привлечеме неговата
љубовница и да ја предадеме во лошите
постапки на еден човек, „со сомнителен морал“.
Јас ги предизвикав на плажата противниците на
Ремон. Тој беше ранет. Од него го побарав
револверот. Сам се вратив за да се послужам со
него. Го убив Арапинот како што го замислив
тоа. Чекав. И „за да бидам сигурен дека е
работата добро сторена“, јас истрелав уште
четири куршуми, одмерено, сигурно, на некој
начин смислено.

„И ете, господа, рече државниот


обвинител. Го обележив пред вас текот на

120
настаните што го довеле овој човек да изврши
убиство наполно свесно. Инсистирам на
горното, рече тој. Зашто не се работи за обично
убиство, за еден несвесен акт што би можеле да
го судите со олеснителни околности. Овој човек,
господа, овој човек e интелигентен. Вие го чувте,
нели? Тој знае да одговара. Тој ја познава
вредноста на зборовите. И не би можело да се
рече дека постапил без да биде свесен за она
што го прави.

Јас слушав и чув дека ме сметаат за


интелигентен. Но не сфатив добро како
квалитетите на еден обичен човек можат да
станат страшно обвинение против обвинетиот.
Во нај мала мера, тоа ме вчудоневиди и веќе не
го слушав обвинителот сè до моментот кога го
чув да рече: „Дали кога и да е изразил каење?
Никогаш, господа. За време на претресот ни
еднаш овој човек не изгледаше возбуден од
своето грозно злосторство.“ Во тој момент, тој се
сврте кон мене и ме покажа со прст
продолжувајќи да ме напаѓа, а зошто, навистина
не сфатив добро. Несомнено, морав да
признаам дека тој имаше право. Не жалев многу
за своето дело. Но таквата огорченост ме
зачуди. Сакав да се обидам искрено да му
објаснам, речиси од срце, дека никогаш не

121
можев вистински да зажалам за нешто. Секогаш
бев опфатен од она што требаше да дојде,
денеска или утре. Но природно, во положбава
во која ме ставија, никому не можев да му
зборувам со тој тон. Немав право да ги покажам
своите чувства и својата добра волја. И затоа се
обидував да слушам уште, зашто обвинителот
почна да зборува за мојата душа.

Тој рече дека се наведнал над неа и дека


ништо не нашол, господа поротници. Рече дека
всушност јас и воопшто немам душа, и дека
ништо човечко и ниеден морален принцип што
го чуваат срцето на луѓето не ми се пристапни.
„Без сомнение, додаде тој, ние не можеме да
му префрлиме за тоа. За она со што не се
здобил, ние не можеме да го обвинуваме дека
му недостига. Но кога се работи за овој суд,
попустливоста ќе биде сосем негативна
добродетел и таа треба да се преобрази во онаа
помалку лесна, но повозвишена во
добродетелта на правдата. Особено кога
празнината на срцето таква каква што е
откриена кај овој човек станува бездна во која
би можело да падне општеството.“ Потоа тој
зборуваше за моето држење спрема мама. Тој
го повтори она што го рече за време на
претресот. Но неговото излагање сега беше

122
многу подолго од она кога зборуваше за моето
злосторство, дури толку долго што на крајот
само ја чувствував топлината на ова утро. И тоа
барем до оној момент, кога државниот
обвинител запре и по еден момент тишина,
продолжи со мошне длабок и пробивен глас:
„Истиот овој суд, господа, утре ќе суди најгнасно
злосторство: убиство на татко.“ Според него,
воображението отстапува пред ова свирепо
убиство. Тој се осмелува да се надева дека
човечката правда ќе го казни без милост. Но тој
не се плаши да рече дека ужасот што го
предизвика кај него тоа злосторство речиси
отстапува спрема она што го чувствувал пред
мојата бесчувственост. И пак, според него,
човекот што ја убил морално својата мајка се
оградил од човечкото општество како и оној кој
кренал убивачка рака кон својот родител. Во
секој случај, првиот го приготвува актот на
вториот, на некој начин тој го навестил и
озаконил. „Јас сум убеден, господа, додаде тој,
повишувајќи го гласот, дека не ќе ја сметате
мојата мисла претерано смела, ако речам дека
човекот што седи на оваа клупа е виновен исто
така за убиство како и оној кого што овој суд ќе
го суди утре. Тој треба да биде, според тоа,
казнет.“ Тука обвинителот го избриша своето

123
лице што блескаше во пот. На крајот тој рече
дека неговата задача е болна, но дека ќе ја
изврши решително. Тој изјави дека нема што да
правам во општеството чиишто основни правила
не ги признавам и дека не можам да апелирам
на човечкото срце чиишто реакции не ги
познавам. „Ја барам од вас главата на овој
човек, рече тој, и тоа го барам од вас со лесно
срце. Зашто ако во текот на мојата веќе долга
кариера ми доаѓало да барам смртна казна,
никогаш толку како денеска, не ја чувствував таа
страшна должност, компензирана, барана,
поткрепена од совеста на императивната и света
должност и гнасењето што го чувствувам пред
лицето на човекот во кое читам само нешто
чудовишно.“

Кога обвинителот повторно седна,


настана за момент долго молчење. Јас бев
замелушен од жештината и чудењето.
Претседателот се накашла малку и со мошне тих
глас ме праша дали имам нешто да додадам. Јас
станав и бидејќи сакав да зборувам, реков
малку потамина впрочем, дека немав намера да
го убијам Арапинот. Претседателот одговори
дека тоа е само тврдење, дека досега слабо го
сфатил мојот систем на одбрана и дека би бил
среќен, пред да го чуе мојот адвокат, точно да

124
ги изнесам мотивите што ме побудиле на мојот
акт. Реков брзо, малку мешајќи ги зборовите и
сфакајќи дека сум смешен, оти тоа се случи
поради сонцето. Во салата се слушна смеење.
Мојот адвокат ги згрчи рамениците и веднаш
потоа му дадоа збор. Но тој изјави дека е доцна,
дека има да зборува повеќе часови и дека тој
моли судењето да се одложи за попладне.
Судот се согласи со тоа.

Попладнето големите вентилатори


постојано го исфрлуваа тешкиот воздух од
салата, и малите разнобојни лепези од
поротниците мавтаа во истиот правец. Ми
изгледаше дека одбраната на мојот адвокат
нема никогаш да заврши. Во еден момент,
меѓутоа, го чув, зашто тој рече: „Вистина е дека
јас убив.“ Потоа продолжи во тој тон, велејќи
„јас“ секојпат кога зборуваше за мене. Бев
мошне зачуден. Се наведнав кон еден жандарм
и го прашав зошто е така. Тој ми рече да молчам
и по еден момент, додаде: „Сите адвокати го
прават тоа.“ Помислив дека тоа беше за уште
повеќе да ме оддалечат од настанот, да ме
сведат на нула и во извесна смисла, да се
постават место мене. Но сметав дека бев веќе
мошне далеку од оваа судска сала. Впрочем,
мојот адвокат ми се стори смешен. Кратко

125
време се задржа на поводот за убиството, и
потоа тој исто така зборуваше за мојата душа.
Но ми се стори дека тој имаше помалку талент
од обвинителот. „Јас исто така, рече тој, се
наведнав над оваа душа, но спротивно од
еминентниот претставник на државното
обвинителство, најдов нешто и можам да речам
дека таму читав како во отворена книга.“ Тој
таму прочитал дека сум чесен човек, исправен
работник, неуморен, верен на куќата во која
работев, сакан од сите и сострадателен кон
бедата на другите. За него јас бев примерен син
што ја издржавал својата мајка сè дури сум
можел. На крајот сум се надевал дека куќата за
згрижување ѝ ја даде на старата жена удобноста
што моите средства не ми дозволуваа да ѝ ја
овозможам. „Се чудам, господа, додаде тој,
дека се крена толку голем шум околу тој дом за
старци. Зашто најпосле, ако е потребно да се
даде доказ за корисноста и за големината на тие
институции, би требало навистина да се рече
дека самата држава ги субвенционира.“ Само,
тој не зборуваше за закопот и јас почувствував
дека тоа недостигаше во неговото пледоаје. Но
поради сите тие долги реченици, сите овие
денови и овие бескрајни часови за време на кои
се зборуваше за мојата душа, имав впечаток

126
дека сè станува како некоја безбојна вода од
која ме обземаше вртоглавица.

На крајот, додека мојот адвокат


зборуваше, се сеќавам само дека трубата на
некој продавач на сладолед одекнуваше до
мене од улицата и преку сиот простор на салите
и на судот. Навалија на мене спомените од еден
живот што не ми припаѓаше веќе, но во кој ги
пронајдов најбедните и најцврсти свои радости:
мирисите на летото, квартот што го сакав,
вечерното небо во извесен час, насмевката и
фустаните на Maрија. Сето што го правев
некорисно на тоа место ми се качи в грло и само
брзав сето ова еднаш да се сврши и повторно да
ја најдам својата ќелија со сонот. Одвај го чув
мојот адвокат како на крајот викна дека
поротниците не треба да испратат во смрт еден
чесен трудбеник, изгубен во момент на
изгубеност, туку бараше олеснителни околности
за едно злосторство, чијашто вечна грижа на
совеста ја влечам веќе како најсигурна казна.
Судот го прекина судењето и адвокатот седна
сиот исцрпен. Но неговите колеги дојдоа кај
него за да му стегнат рака. Јас чув:
„Величествено, драги мој.“ Еден од нив дури ме
зеде како сведок: „Зар не?“ ми рече тој. Јас
одобрив, но мојот комплимент не беше искрен,

127
бидејќи бев мошне изморен. Сепак, надвор
денот прекрши и жештината не беше веќе толку
силна. Според неколку шума од улицата што ги
чув, ја насетував благоста на вечерта. Сите
бевме тука и чекавме. И тоа што сите го чекавме
се однесуваше само за мене. Уште ја посматрав
судската сала. Сè беше во истата состојба како и
првиот ден. Го сретнав погледот на новинарот
во сиво палто и на жената автомат. Тоа ме
наведе на мислата дека за време на сиот процес
не ја побарав Марија со поглед. Не ја заборавив,
туку имав премногу работа. Ја видов меѓу Селест
и Ремон. Таа ми направи еден мал знак како да
велеше „Најпосле“, и го видов нејзиното малку
вознемирено лице што се смееше. Но јас го
чувствував моето срце како да беше затворено и
дури не можев да одговорам на нејзината
насмевка.

Судот се врати. Мошне брзо, на


поротниците им прочитаа серија прашања. Јас
чув, „виновен за убиство“ ... „предумисла“...
„олеснителни околности.“ Поротниците излегоа
и ме одведоа во една мала соба во која веќе
еднаш чекав. Мојот адвокат дојде да се состане
со мене: тој беше мошне благозборлив и ми
говореше со повеќе доверба и срдечност
отколку порано. Тој мислеше дека сè ќе оди

128
добро и дека ќе се извлечам со неколку години
затвор или робија. Го прашав дали има шанси
да се жалам до касациониот суд во случај на
неповолна пресуда. Тој ми рече дека нема.
Неговата тактика беше да не поднесува
предлози за да не ги онерасположи
поротниците. Тој ми објасни дека не се
поништува пресудата, туку така, без причини.
Тоа ми се стори јасно и ги прифатив неговите
причини. Ако работата се разгледа трезвено,
сето тоа беше сосем природно. Во противен
случај, би имало и премногу непотребно
испишана хартија. „На секој начин, ми рече
мојот адвокат, постои жалба. Но јас сум уверен
дека излезот ќе биде поволен.“

Ние чекавме мошне долго, мислам околу


три четвртини час. На крајот одекна едно
„Претседателот на поротниците ќе ги чита
одговорите. Ќе ве воведат само за да ја објават
пресудата.“ Вратите тропаа. Луѓето трчаа по
скалите за кои не знаев дали се блиску или
далеку. Потоа чув еден придушен глас како чита
нешто во салата. Кога висичето повторно
одекна, и вратата од оградата се отвори,
тишината од салата се искачи до мене,
тишината, и она особено чувство што ме опфати
кога младиот новинар ги сврте своите очи. Јас

129
не гледав кон Марија. Немав за тоа време,
зашто претседателот ми рече во една чудна
форма дека главата ќе ми биде отсечена на
јавно место во името на францускиот народ.
Тогаш ми изгледаше дека го познавам чувството
што го читав врз сите лица. Навистина мислев
дека тоа беше почитување. Жандармите беа
мошне благи кон мене. Адвокатот ја стави
својата дланка врз мојот зглоб. Веќе не мислев
на ништо. Но претседателот ме праша дали
имам нешто да додадам. Размислував. Реков:
„Не.“ Потоа ме одведоа.

5.

По третпат одбив да примам исповедник.


Немав ништо да му кажам, немав желба да
зборувам, но секако ќе го видам набргу. Она
што ме интересира овој момент, тоа е како да се
спасам од машината, да дознаам дали
неизбежното може да има излез. Ми ја
променија ќелијата. Од оваа, кога ќе се
истегнам, го гледам небото и само него. Сите
мои денови минуваат во гледање на промената
на боите на неговото лице што го води денот во
ноќ. Легнат ги подметнувам рацете под глава и
чекам. Не знам колку пати се прашав дали

130
имало примери на осудени на смрт што го
избегнале безмилосниот механизам, што
исчезнале пред извршување на казната, го
прекинале кордонот на чуварите. Си
префрлував тогаш што не им обрнував повеќе
внимание на приказните за извршувањето на
смртни казни. Човек би требало секогаш да се
интересира за тие прашања. Човек никогаш не
знае што може да го снајде. Како и цел свет, и
јас ги читав извештаите во весниците. Но имало
секако специјални дела што никогаш немав
случај да ги консултирам. Во нив можеби ќе
најдев приказни за бегства. Ќе научев дека
најмалку во еден случај тркалото запрело, дека
во ова незапирно итање случајот и среќата
барем само во еден случај измениле нешто.
Еднаш! Во извесна смисла, верувам дека тоа би
ме задоволило. Моето срце би го направило
другото. Весниците често зборуваа за еден долг
што мy го должиме на општеството. Би требало
според нив да биде платен. Но тоа не му
зборува на воображението. Она што е важно,
тоа е една можност за бегство, еден скок надвор
од неумоливиот обред, трчање во лудоста што
би ги понудила сите шанси на надежта.
Природно, надежта тоа е да бидеш убиен на
аголот од некоја улица, во полна трка, и со едно

131
зрно во лет. Но откако сè добро разгледав,
ништо не ми го дозволуваше овој раскош, сè ми
забрануваше, механизмот пак ме опфаќаше.

Наспроти на мојата добра волја, не


можев да ја примам оваа дрска извесност.
Зашто најпосле имаше смешна диспропорција
меѓу пресудата врз која таа стоеше и нејзиното
непоколебливо одвивање од моментот кога
оваа пресуда е изречена. Фактот дека пресудата
е прочитана во дваесет часот, а не во
седумнаесет, фактот дека таа би можела да
биде сосема поинаква, дека е донесена од луѓе
што ја менуваат долната облека, дека беше
донесена под видот на еден така неопределен
поим како што е францускиот народ (или
германскиот, или кинескиот), ми изгледаше
навистина дека сето тоа намалува многу нешто
од сериозноста на едно вакво решение. Сепак,
бев принуден да признаам дека почнувајќи од
секундата кога беше донесена, нејзините
впечатоци стануваа исто така сигурни, сериозни
како присуството на овој ѕид до кој го затирав
своето тело.

Си спомнив во овие моменти за една


приказна што ми ја раскажуваше мама во врска
со тато. Јас не го познавав. Сè што знаев точно за

132
тој човек можеби беше она што ми го кажа
тогаш мама: отишол да види како се извршува
смртна казна над еден убиец. Од помислата
дека ќе појде таму, тој се разболел. Сепак тој
отишол и по враќањето повраќал тоа утро.
Тогаш мојот татко ми стана малку одбивен. Сега
разбрав, тоа било толку природно. Како не
забележав дека ништо не е толку значајно како
извршувањето на смртната казна и дека, сè на
сè, тоа е единствената работа навистина
интересна за еден човек! Ако кога и да е
излезам од овој затвор, ќе одам да ги гледам
сите извршувања на смртни казни. Немам
право, верувам, да помислувам на оваа
можност. Зашто од идејата да се видам
слободен едно мало утро зад кордонот чувари,
на извесен начин од онаа страна, од помислата
да бидам посматрач кој доаѓа да види и кој
може потоа да повраќа, еден бран горчлива
радост ми го исполни срцето. Но тоа не беше
разумно. Не требаше да се препуштам на
ваквите претпоставки, зашто, момент потоа, ми
стана толку грозно студено, што се згрчив под
својата покривка. Ѕинѕикав со забите без да
можам да се запрам.

Но, се разбира, човек не може секогаш


да биде разумен. Другпат, на пример, правев

133
нацрти на закон. Извршив реформа на
казнениот систем. Јас забележав дека е
основното да му се даде една шанса на
осуденикот. Една единствена на илјада, тоа е
достатно за да се уредат добро работите. Така,
ми изгледаше дека би можело да се пронајде
некоја хемиска смеша чијашто апсорпција ќе го
убие пациентот (јас мислев: пациентот) во девет
случаи од десет. Тој ќе го знае тоа, таков е
условот. Зашто кога ќе се размисли добро, кога
ќе се разгледаат работите спокојно, јас
констатирав дека дефектното во гилотината е во
тоа што не дава никаква шанса, апсолутно
никаква. Еднаш за секогаш, со еден збор, смртта
на пациентот беше решена. Тоа е свршена
работа, една сосем добро свршена
комбинација, утврдена спогодба против која не
можеше ништо да се стори. Ако по некое чудо
ударот не погоди, се почнува одново. Поради
тоа, непријатното е и во тоа што осудениот
требаше да го сака доброто функционирање на
машината. Јас велам дека тоа е слабата страна.
Тоа е вистина, во извесна смисла. Но, во друга
смисла, бев должен да признаам дека сета тајна
во една добра организација беше во тоа. Со
еден збор, осудениот беше принуден да

134
соработува морално. Во негов интерес беше сè
да се развива непречено.

Бев принуден да констатирам исто така


дека сè дотука за тие прашања имав погрешно
мислење. Долго време мислев и не знам зошто
дека за да се дојде до гилотината, требаше да се
качува по скалите до губилиштето. Мислам дека
тоа беше поради Револуцијата од 1789, сакам да
речам поради сето она што ме учеле или
упатувале во врска со тие прашања. Но едно
утро, се сетив на една фотографија објавена во
весниците по повод извршувањето на една
смртна казна што имаше голем публицитет.
Всушност, гилотината беше поставена на самата
земја, на наједноставен начин на светот. Таа
беше многу потесна отколку што си замислував.
Доста чудно е што порано не ми паднало тоа на
ум. Таа направа на фотографијата ме
вчудоневиди со својата прецизна, совршена и
блескава изработка. Секогаш се презголемува
она што не се познава. Морав да констатирам
напротив дека сè беше едноставно: гилотината е
на истото рамниште со човекот кој чекори накај
неа. Тој ѝ се приближува како што оди во
пресрет на некое лице. И тоа беше исто така
непријатно. Качувањето врз губилиштето,
качувањето под ведро небо, тоа можеше да ѝ

135
даде полет на фантазијата. Меѓутоа, таму
машината уништуваше: човекот беше убиен
дискретно, со малку срам и многу прецизност.

Имаше уште две работи за кои


размислував сето време: зората и мојата жалба.
Настојував да се вразумам и се обидував да не
мислам веќе. Ce истегнав, го гледав небото,
настојував да се заинтересирам за него. Тоа
стануваше зелено, беше вечер. Правев исто така
усилба да го свртам текот на моите мисли. Го
слушав моето срце. Не можев да си замислам
дека тој шум што ме придружува толку долго
може кога и да е да запре. Никогаш немав
вистинска фантазија. Сепак се обидував да си
претставам една определена секунда кога
тупкањето на срцето не ќе се продолжи во
мојата глава. Но попусто. Зората или мојата
жалба беа тука. На крајот си реков дека е
најразумно да не се изнасилувам.

Знаев дека тие доаѓаат во мугрите. Со


еден збор, ноќите ми беа исполнети со
исчекување на таа зора. Никогаш не сакав да
бидам изненаден. Кога треба да ми се случи
нешто, повеќе сакам да бидам приготвен за тоа.
Ете зошто на крајот спиев само малку дење а по
цела ноќ чекав трпеливо да се роди светлината

136
на окното од небото. Најтешкото беше во тоа
што не го знаев часот кога обично ги извршуваат
смртните казни. Минатата полноќ чекав и
демнев. Никогаш моето уво не чуло толку
шумови и не разликувало толку фини звукови.
Можам да речам впрочем дека на еден
определен начин имав среќа за време на сиот
тој период, за што никогаш не чув чекори. Мама
често велеше дека човек никогаш не е сосема
несреќен. Во затворот кога небото се обојуваше
и кога новиот ден се лизгаше во мојата ќелија,
сметав дека таа имаше право. Зашто исто така,
можев да ги чујам чекорите и срцето ќе ми
пукнеше. Но дури и тогаш кога најмалиот шум
ќе ме фрлеше на врата, дури и со уво залепено
врз дрвото, чекав избезумено сè дури не го
чујам своето сопствено дишење, уплашен дека е
толку зарипнато и толку слично на кркорење на
пес, на крајот моето срце не ќе препукнеше и јас
добивав уште дваесет и четири часа.

По цел ден бев опфатен со својата жалба.


Верувам дека го извлеков најдобриот дел од
оваа мисла. Ги пресметував своите изгледи и во
своите размислувања доаѓав до најдобар
резултат. Секогаш ја земав најлошата
претпоставка: мојата жалба е одбиена. „Е,
добро, значи ќе умрам.“ Очигледно, порано од

137
другите. Но целиот свет знае дека не чини да се
живее. Всушност знаев дека е сеедно дали ќе
умрам на триесет години или на седумдесет,
бидејќи, природно, во обата случаја другите
луѓе ќе живеат и тоа за време од илјади години.
Со еден збор ништо не беше појасно. Секогаш
јас ќе умрам, било сега или по дваесет години.
Во тој момент она што ми пречеше малку во
моето расудување беше тој страшен скок што го
чувствував во себеси при помислата на
дваесетте години што можев уште да ги
поживеам. Но требаше само да го задушам
замислувајќи си какви би биле моите мисли по
дваесет години кога сепак ќе се најдам пред тоа.
Во моментот кога човек умира, не е важно како
и кога, тоа беше очигледно. Значи (и тешкото
беше во тоа што не можеше да се изгуби од
предвид сето она што тоа „значи"
претставуваше во расудувањата), значи,
требаше да го прифатам одбивањето на мојата
молба за помилување.

Во тој момент, во тој момент само, така


да се рече, јас имав право, јас си давав еден вид
дозвола да се фатам за друга претпоставка: јас
бев помилуван. Непријатното беше тоа што
требаше да се стивне бесниот занес на крвта и
на телото што ми ги полнеше очите со безумна

138
радост. Требаше да вложам труд да го задушам
тој крик, да го вразумам. Требаше да сум
природен дури и во таа претпоставка за да биде
што поверојатна мојата помиреност со
судбината во првата претпоставка. Кога ќе
успеев во тоа, бев мирен еден час. Сепак, тоа
требаше да се земе во обѕир.

Во сличен момент уште еднаш одбив да


го примам исповедникот. Бев истегнат и го
насетував приближувањето на летната вечер
според една особена синевина на небото.
Штотуку ja одбив мојата молба за помилување и
можев да ги чувствувам брановите на мојата крв
како редовно циркулираат во мене. Немав
потреба да го видам исповедникот. За првпат,
по подолго време, помислив на Марија. Имаше
многу денови откако не ми пишуваше веќе.
Оваа вечер тука, размислував и си реков дека
таа можеби се уморила да биде љубовница на
еден осуден на смрт. Дојдов и на мислата дека е
таа можеби болна или мртва. Тоа е во редот на
нештата. Како би можел да го знам тоа кога
надвор од нашите две тела, сега разделени,
ништо не нè врзуваше и не нè потсетуваше еден
на друг. Од тој момент впрочем сеќавајки се за
Марија ќе останев рамнодушен. Како мртва таа
не ме интересираше веќе. Го сметав тоа за

139
нормално како што разбирав мошне добро дека
по мојата смрт луѓето ќе ме заборават. Не ќе
имаат веќе никаква работа со мене. Дури не
можев да речам дека ми беше тешко да мислам
за тоа.

Точно во тој момент исповедникот влезе.


Кога го забележав, малку потреперив. Тој го
забележа тоа и ми рече да не се плашам. Му
реков дека обично тој доаѓал во друго време.
Тој ми одговори дека е ова сосем пријателска
посета која нема никаква врска со мојата молба
за помилување за која тој не знае ништо. Тој
седна врз моето легало и ме покани да седнам
до него. Јас одбив. Па сепак наоѓав дека имаше
мошне благ израз.

Еден момент тој остана седејќи со рацете


врз колена, со спуштена глава и ги гледаше
своите раце. Тие беа фини и мускулести, и ме
потсетуваа на две итри животни. Тој ги растри
полека едната од другата. Потоа остана така, со
глава постојано наведната и толку долго, што за
момент имав впечаток дека го заборавив.

Но тој нагло ја крена главата и ме


погледна в лице: „Зошто, ми рече тој, ги
одбивате моите посети?“ Јас одговорив дека не
верувам во бога. Тој сакаше да знае дали сум

140
навистина сигурен во тоа и јас реков дека не сум
се прашувал за тоа: тоа ми изгледаше
безначајно прашање. Тогаш тој се наведна
назад и се потпре врз ѕидот со раце положени
врз бутините. Скоро со израз како да не ми
зборува, тој забележа дека понекогаш човек
мисли оти е сигурен, но всушност не е. Јас не
реков ништо. Тој ме погледна и ме праша: „Што
мислите вие?“ Јас одговорив дека е тоа
возможно. Во секој случај, можеби не бев
сигурен во она што навистина ме интересираше,
но бев сосем сигурен во она што не ме
интересираше. А токму она што тој ми го
говореше, не ме интересираше.

Тој го сврте погледот без да ја менува


положбата, ме праша дали не зборувам така
поради преголем очај. Јас му објаснив дека не
сум очаен. Само се плашев, тоа беше сосем
природно. „Бог ќe ви помогне тогаш, забележа
тој. Сите оние што сум ги посетил во вашата
положба се обрнуваа кон него.“ Се согласив
дека тоа било нивно право. Тоа исто така
докажува дека тие имале време за тоа. Што се
однесува до мене, јас сакав да ми се помогне и
немав време да се интересирам за она што не
ме интересираше.

141
Во тој момент тој со рацете направи еден
раздразнет гест, но стана и ги уреди диплите од
своето расо. Кога беше готов, се обрна кон мене
викајќи ме „пријателе мој“: ако ми говори вака,
тоа не е затоа што сум осуден на смрт; според
неговото мислење сите ние сме осудени на
смрт. Но јас го прекинав дека тоа не е истото и
дека, впрочем, во никој случај тоа не можеше да
биде утеха. „Секако, се согласи тој. Но ако не
умрете денеска, вие ќe умрете подоцна. И тогаш
ќе се постави истото прашање. Како ќе му
пријдете на тоа страшно искушение?“ Јас
одговорив дека ќе му пријдам точно така како
што му пријдов во овој момент.

Тој се дигна на тој збор и ме погледна


право в очи. Тоа е игра што ја познавав добро.
Често се занимавав со Емануел или Селест и,
главно, тие ќе ги свртеа очите. И исповедникот
исто така добро ја познаваше таа игра, веднаш
го сфатив: неговиот поглед не трепнуваше. Не
потрепери веќе ни неговиот глас кога ми рече:
„Дали значи воопшто не се надевате и дали
живеете со мислата оти ќе умрете наполно?“
„Да“, одговорив јас.

Тогаш тој ја наведна главата и повторно


седна. Ми рече дека ме сожалува. Смета оти тоа

142
човек не може да го поднесува. Јас само
почувствував дека почнува да ми здодева. И се
свртев и појдов под прозорчето. Со рамото се
потпрев врз ѕидот. Без добро да го следам, чув
дека пак почнува да ме испрашува. Тој
зборуваше со вознемирен и забрзан глас.
Сфатив дека беше возбуден и затоа подобро го
слушав.

Тој ми рече дека е уверен оти мојата


молба за помилување ќе биде прифатена, но
дека јас го носам товарот на гревот од кој тој
требаше да ме ослободи. Според него,
човечката правда не е ништо, а божјата правда е
сè. Забележав дека првата ме осуди. Тој ми
одговори оти со тоа сепак не ми го измила мојот
грев. Јас му реков дека не знам што е тоа грев.
Само ми соопштија дека сум виновник. Јас бев
виновник, јас платив, ништо веќе не можат да
бараат од мене. Во тој момент, тој стана
повторно и помислив дека во оваа толку тесна
ќелија ако сака да се движи тој немаше друг
избор. Требаше да се седне или да се стане.

Очите ми беа управени во подот. Тој


направи еден чекор кон мене и запре како да не
смееше да појде напред. Тој го гледаше небото
низ решетките. „Се мамите, синко мој, рече тој,

143
би можело да се бара од вас и повеќе. И
можеби ќе го побараат тоа од вас.“ „И што тоа?“
„Би можеле да бараат да видите. –„Што да
видам?“

Свештеникот погледна околу себе и


одговори со глас што ми се стори наеднаш
изморен: „Од сите овие камења избликнува
болката, го знам тоа. Секогаш ги гледав со
морничавост. Но во длабочините на душата,
знам дека најбедните меѓу вас видоа како од
нивната темнина излегува лицето божје. Тоа
лице ќе треба и вие да го видите.“

Малку се разлутив. Реков дека со месеци


ги гледам овие ѕидишта. Ништо и никого на
светов не познавам подобро од нив. Можеби
тоа беше одамна кога барав тука едно лице. Но
тоа лице ја имаше бојата на сонцето и пламенот
на страста: тоа беше лицето на Марија. Го барав
попусто. Сега е тоа свршено. Во секој случај, не
видов ништо да се појавува од овој испотен
камен.

Исповедникот ме гледаше некако тажно.


Сега бев сосема потпрен врз ѕидот и светлината
ми паѓаше врз челото. Тој рече неколку збора
што не ги чув и мошне брзо ме праша дали ќе
му дозволам да ме прегрне: „Не“, одговорив јас.

144
Тој се сврте и зачекори кон ѕидот врз кој полека
мина со рака: „Значи, толку го сакате животот на
земјава?“ прошепоти тој. Ништо не одговорив.

Тој остана доста долго така свртен.


Неговото присуство ми тежеше и ме нервираше.
Токму сакав да му речам да си оди, да ме
остави, кога наеднаш, свртувајќи се кон мене,
извика силно: „Не, не можам да ви верувам.
Уверен сум дека ви се случило да посакате друг
живот.“ Јас му одговорив дека е тоа природно,
но дека тоа има исто толку значење како да
посакаш да бидеш богат, да пливаш мошне брзо
или да имаш поубава уста. Тоа беше иста
работа. Но тој ме прекина и сакаше да знае како
го замислувам тој друг живот. Тогаш му викнав:
„Живот во кој би можел да се сеќавам за овој
овде“, и веднаш му реков дека ми е доста од
сето ова. Тој сакаше уште да ми зборува за бога,
но јас тргнав накај него и се обидов да му
објаснам за последен пат дека ми останува
малку време. Не сакав да го губам расправајќи
за бога. Тој се обиде да ја промени темата,
прашувајќи ме зошто го викав „господине“ а не
„татко“. Тоа ме разнервира и јас му одговорив
дека тој не ми е татко: тој беше со другите.

145
„Не, сине мој, рече тој ставајќи ми ја
раката врз рамото. Јас сум со вас. Но вие не
можете тоа да го знаете, бидејќи вашето срце е
слепо. Jac ќe ce молам за вас.“

Тогаш, не знам зошто, нешто избликна од


мене. Почнав да викам колку што грлото ме
држеше и да го навредувам и му реков да не се
моли за мене. Го зграпчав за јаката од расото.
Со гнасење помешано со радост и со гнев му
истурив врз него сè што ми лежеше на срце. Се
чинеше дека е толку сигурен, нели? Сепак,
ниедно од тие уверувања не вредеше ни пет
пари. Дури не беше сигурен дека е жив, зашто
живееше како мртовец. Јас изгледав како да
имам празни раце. Но јас бев сигурен во себеси,
сигурен во сè, посигурен од него, сигурен во
мојот живот и во оваа смрт што ќе дојде. Да, јас
го имав само тоа. Но барем ја држев таа вистина
толку колку што и таа ме држеше мене. Јас имав
право, јас имав сè уште право, јас имав секогаш
право. Живеев така, а можев да живеам и
поинаку. Го правев ова, а не го правев она. Не го
правев ова нешто, кога го правев она нешто. И
потоа? Тоа беше како за сето време да ја чекав
оваа минута и оваа зора кога ќе ме погубат.
Ништо, ништо немаше значење и јас добро
знаев зошто. И тој исто така знаеше зошто. Од

146
дното на мојата иднина, за време на сиот овој
апсурден живот што го водев, еден таинствен
здив стигаше до мене низ годините што уште не
беа дојдени и овој здив при своето минување
уништуваше сè што ми предлагаа тогаш во уште
понестварните години што ги проживеав. Што
ми е грижа за смртта на другите, за љубовта на
некоја мајка, што ми е грижа за неговиот бог, за
животот и судбината што ја избрал некој,
бидејќи една единствена судбина требаше да
ме избере самиот мене и со мене милијарди
привилегирани кои, како него, се претставуваа
за мои браќа. Дали разбра, дали разбра? Сите
беа привилегирани. Постојат само
привилегирани. И другите исто така еден ден ќе
бидат осудени на смрт. И тој исто така ќе биде
осуден. Што ми е грижа ако обвинетиот за
убиство е погубен поради тоа што не плачел при
закопот на својата мајка? Саламановиот пес
чини исто толку колку и неговата жена. Онаа
мала жена автомат беше исто толку крива како
и парижанката што се омажи за Mасон или
Марија која сакаше да се омажи за мене. Што
ми е грижа дека Ремон ми беше другар? Или
Селест кој вредеше повеќе од него? Што ми е
грижа ако Марија денеска ги дала своите усни
на еден нов Мерсо? Разбра ли, значи, овој

147
осуден дека на од дното на мојата иднина... Се
задушив викајќи го сето ова. Но чуварите веќе
ми го истргнаа исповедникот од раце и ми се
заканија. Меѓутоа, тој ги смири и еден момент
ме гледаше молкома. Неговите очи беа полни
со солзи. Се сврте и исчезна.

Штом си замина тој, пак се смирив. Бев


исцрпен и се фрлив врз своето легало. Мислам
дека сум спиел, зашто кога се разбудив звездите
ми го огреаја лицето. Шумовите од полето се
качуваа до мене. Мирисите на ноќта, на земјата
и на солта ми ги освежуваа слепите очи.
Чудесниот мир на ова заспано лето влегуваше
во мене како плима. Во овој момент и при
крајот на ноќта рикаа сирени. Тие го објавуваа
тргањето во еден свет кон кој сега бев засекогаш
рамнодушен. За првпат по толку време
помислив на мама. Ми изгледаше дека разбрав
зошто при крајот на животот таа нашла
„свршеник“, зошто изигрувала дека одново
почнува. Таму, таму исто така околу тој дом за
старци каде што се гасеа животите, вечерта била
како меланхолична починка. Толку близу до
смртта, мама бездруго се чувствувала слободна
и готова одново да доживее сè. Никој, никој
немаше право да плаче над неа. И јас исто така
се почувствував готов повторно да преживеам

148
сè. Како тој голем гнев да беше ме пречистил од
злото, како да беше ме испразнил од надежта
пред оваа ноќ преполна со знаци и ѕвезди, за
првпат ѝ се предавав на онаа пријатна
рамнодушност на светот. Откако искусив дека е
толку слична на мојата, дека по сè ми е толку
братски блиска, почувствував дека бев среќен и
дека сум таков уште и сега. И само сè да се
сврши, само да се почувствувам помалку сам,
ми останува да пожелам на денот на моето
погубување да има многу посматрачи и да ме
дочекаат со извици на омраза.

149

You might also like