Professional Documents
Culture Documents
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА
ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА
Кодирање
Кодирањето е конверзија на квантизираната (заокружена) вредност на
секое отчитување на сигналот во соодветна комбинација на бинарни
симболи (бити). Нивоата на квантизација (1,2,3,....) се конверзираат од
декаден во бинарен код, при што за секоја десетка од декадниот
систем постои точно определена кодна група (бинарен коден збор) од
бинарниот систем што се состои од логички единици и нули.
Кодната група (бинарен коден збор) може да има (n) број на бити
(логички единици и нули), во зависност од бројот на нивоата на
квантизација, при што треба да биде задоволен условот: ( ).
Со други зборови кажано, кодирањето е постапка на генерирање на
бинарни кодни зборови (составени од логички единици и нули) кои ги
претставуваат заокружените вредности на отчитаниот аналоген
сигнал.
Во дигиталната радиодифузија бројот на битите (n) со кои се кодираат
аудио сигналите е 16 бити (соодветен на аудио динамички опсег од 96
dB)