Хари Потер и Каменот На Мудроста

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

Хари Потер и Каменот на Мудроста

Хари Потер и Каменот на Мудроста (оригинално Harry Potter and the Philosopher's Stone) e првиот
дел од Хари Потер серијалот напишан од Џ. К. Роулинг со Хари Потер како главен лик, младо момче
волшебник. Во книгата се зборува за тоа како Хари открива дека е волшебник, како стекнува блиски
пријатели и неколку непријатели во Хогвортс Училиштето за Вештерство и Волшебништво, и со
помош на своите пријатели се обидува да го спречи обидот за враќање на злобниот волшебник
Волдеморт, кој ги убил родителите на Хари, и се обидел да го убие самиот Хари кога имал само
една година.

Книгата за првпат беше објавена на 30 јуни, 1997 од издавачката куќа Блумсбери во Лондон, и во
Соединетите Американски Држави под името Хари Потер и Каменот на Волшебникот (оригинално
Harry Potter and the Sorcerer's Stone) од Сколастик Корпорација во 1998 година. Ги освои поголемиот
дел од наградите за книги во Обединетото Кралство што беа отценувани од деца, и други награди
во САД. Книгата стигна на врвот на топ листите на Њу Јорк Тајмс за бестселери во август 1999 година,
и остана на врвот на листата поголемиот дел од 1999 и 2000 година. Беше преведна на неколку
други јазици и беше направен долгометражен филм со истото име.

Поголемиот дел од критиките беа задоволувачки, коментирајќи ја имагинацијата на Роулинг,


хуморот, едноставниот, директен стил и паментата конструкција на заплетот, иако некои од нив се
жалеа дека последните поглавја од книгат изгледале избрзани. Пишувањето беше споредено со
онаа на Џејн Остин, една од омилените писателки на Роулинг, Роалд Дал, чии дела доминираа во
детските приказни пред да се појави Хари Потер, и на онаа на древниот грчки раскажувач - Хомер.
Додека некои коментатори мислеа дека книгата се навраќа на Викторианскиот и Едвардскиот начин
на приказни од училиштето, други мислеа дека жанрот е сместен цврсто во модерниот свет кој го
следаат етнички и социјални проблеми.

Хари Потер и Каменот на Мудроста, заедно со останатите книги од Хари Потер серијалот, се
напаѓани од неколку религиозни групи и се забранети во некои држави под изговор дека романите
промовираат вештерство. Како и да е, некои христијански коментатори имаат напишано дека
книгата дава пример за важни христијански точки на гледање, вклучувајќи ја и моќта на
саможртвувањето и начинот на кој луѓето избираат да ги обликуваат своите карактери. Погледот на
образованите луѓе е дека Хари Потер и Каменот на Мудроста и неговите продолженија се важна
помош во подобрувањето на писменоста поради популарноста на книгата. Серијалот од книги исто
така е користен како извор за објективни лекции во образовните техники, во социјалните анализи
и во маркетингот.

Посветата

„За Џесика, која сака приказни;

за Ен, која ги сакаше приказните исто така;

и за Дaj, која ја слушна оваа приказна прва.“

Книгата е посветена на три женски роднини на авторката: Џесика е нејзината најстара ќерка, Ен
беше нејзината мајка која умре од мултипла склероза, а Дaj е нејзината сестра.
Заплетот

Веднаш пред започнувањето на книгата, Волдеморт, најмоќниот зол волшебник од кога паметат
волшебниците, ги убил родителите на Хари, но мистериозно исчезнал откога не успеал да го убие
Хари. Додека волшебничкиот свет го слави падот на Волдеморт, професорот Дамблдор,
професорката Мек Гонагал и Хагрид го сместуваат едногодишното сираче под грижа на неговите
безтални (не волшебнички) тетка и тетин, Вернон и Петунија Дарсли.

Десет години, тие и нивниот син Дадли го третираат Хари како најлош вид слуга. Кусо време пред
единаесетиот роденден на Хари, серија од писма пристигнува, адресирани до Хари, но уништени
од неговиот тетин пред Хари да може да ги прочита. Како резултат на тоа, дожд од писма паѓа во
куќата низ секој отвор, колку и да е малечок тој, и за да го избегне ова, Вернон Дарсли ја носи својата
фамилија на осамен остров. Додека тие се сместуваат таму, Хагрид влегува преку вратата и му го
кажува на Хари тоа што Дарслиеви го криеле од него: Хари е волшебник и е прифатен како ученик
во Хогвортс за таа учебна година.

Хагрид го носи Хари во Дијагон Алејата, магичен предел за шопинг во Лондон, каде Хари сосема е
збунет кога открива дека е познат помеѓу волшебниците и вештерките како „момчето што
преживеа“. Тој исто така дознава дека во волшебничкиот свет е прилично богат, затоа што дел од
богатството на неговите родители останало на депозит во банката Гринготс. Воден од страна на
Хагрид, тој ги купува книгите и опремата што му е потребна за Хогвортс - и открива дека
едниственото стапче што му одговара нему е всушност близнакот на онаа на Волдеморт.

Месец подоцна, Хари го напушта домот на Дарслиеви за да го фати Хогвортс Експрес од


железничката станица Кингс Крос. Таму тој се запознава со фамилијата Визли, која му покажува како
да помине преку магичниот ѕид до Перонот 9¾, каде што чека возот. Додека е на возот Хари се
спријателува со Рон Визли, кој му кажува дека некој пробал да ограби трезор во Гринготс. И друг
нов ученик, Драко Малфој, придружуван од неговите дебели телохранители Креб и Гојл, се
понудува да го советува Хари, но на Хари не му се допаѓаат ароганцијата и предрасудите на Драко.

Пред првата вечера во училиштето во Големата Сала, новите ученици се распределуваат во домови
со помош на Сортирачката Капа. Капата ги распределува поголемиот број од учениците брзо -
посебно кога ги прати Драко, Креб и Гојл во Слитерин - но има телепатска дискусија со Хари за тоа
дали амбициите на момчето го прават Слитерин најдобриот избор за него. Кога Хари тивко, но
жестоко се спротиставува, Капата го праќа да им се придружи на Визлиеви во Грифиндор. Додека
Хари се опушта после вечерата, професорот Снејп го погледнува и тој почувствува како болка го
пронижува во лузната на челото, која му ја оставил Волдеморт.

После трауматичен прв час по Напивки со Снејп, Хари и Рон го посетуваат Хагрид, кој живее во
селска куќа на работ од Забранетата Шума. Таму тие дознаваат дека обидот за грабеж во Гринготс
се случил во времето кога Хари подигал пари, и Хари се сеќава дека Хагрид ја напушта банката со
мал пакет.

За време на првиот час за новите ученици по летање, Невил Лонгботом си го скршува зглобот и
Драко си зема за право да го фрли Запаметкото на кревкиот Невил високо во возух. Хари го брка на
својата метла, го фаќа Запаметкото само на неколку инчи од земјата. Професорката Мек Гонагал
излегува надвор и го назначува за нов Трагач на Грифиндор.
Драко ги намамува Рон и Хари на полноќна екскурзија, а Невил и заповедничката Хермиона
Гренџер го придружуваат парот за да го држат подалеку од неволји. Сите четворица по несреќа
влегуваат во забранет ходник и наоѓаат соба во која има огромно триглаво куче. Групата забрзано
се повлекува, и само Хермиона забележува дека кучето стои врз врата во подот. Хари заклучува
дека чудовиштето го чува пакетот што Хагрид го подигна од Гринготс.

Откако Рон ја критикува покажаното сезнање на Хермиона на Волшебства, таа се крие и плаче во
женскиот тоалет. Професорот Квирл известува дека трол влегол во занданите. Додека сите други ја
евакуираат зградата, Хари и Рон брзаат да ја предупредат Хермиона. Тролот ја фаќа на тесно
Хермиона во тоалетот но, додека Хари го прободува со своето стапче во носот, Рон го нокаутира
тролот со неговата споствена ластегарка, употребувајќи ја магијата за левитација што Хермиона ја
демонстрираше на Волшебства. Кога неколку професори доаѓаат, Хермиона ја превзема вината за
борбата и станува блиска пријателка со двете момчиња.

Вечерта пред првиот квидич меч на Хари, тој го гледа Снејп како добива медицинска грижа од
страна на Филч поради гризнување од страна на триглавото куче. За време на играта, метлата на
Хари излегува од контрола, загрозувајќи го неговиот живот, а Хермиона забележува дека Снејп зјапа
во Хари и мрмори нешто. Таа трча брзо до местото на професорот, соборувајќи го по пат професорот
Квирл, и ја запалува мантијата на Снејп. Хари ја повраќа контролата врз метлата и го фаќа Златниот
Скривач, извојувајќи победа за Грифиндор. Хагрид одбива да поверува дека Снејп бил одговорен
за опасноста на Хари, но му се испушта дека тој го купил триглавото куче, и дека чудовиштето чува
тајна што им припаѓа на професорот Дамблдор и некој човек наречен Николас Фламел.

Хари и Визлиеви остануваат во Хогвортс за Божиќ, и еден од подароците на Хари, од анонмен


праќач, е Невидливата Наметка. Хари ја употребува Наметката за да бара во библиотеката во
Ограничениот Оддел, информации за мистериозниот Фламел, мора да ги избегне Снејп и Филч
откако маѓепсана книга вреска, и се пикнува во соба во која се наоѓа Огледалото на Ерисед, кое ги
покажува неговите родители и неколку од неговите претци. Хари станува зависен од визиите на
Огледалото и е спасен од професор Дамблдор, кој му објаснува дека Огледалото му покажува на
гледачот онаа по што најочајнички копнее.

Кога останатите ученици се враќаат за второто полугодие, Драко си игра мајтап со Невил, и Хари го
утешува Невил со Чоколадна Жаба. Картичката за собирање од Чоколадната Жаба објаснува дека
Фламел е 665 годишен алхемичар кој го поседува единствениот познат еликсир на животот.
Неколку дена покасно, Хари го забележува Снејп како се прикраднува кон периферијата на
Забранетата Шума. Таму тој го слушнува половина од тајниот разговор за Каменот на Мудроста, во
кој Снејп го прашува на професорот Квирл дали нашол начин како да помине преку триглавото куче
и застрашувачки му вели на Квирл да одлучи на чија страна е. Хари заклучува дека Снејп пробува
да го украде Каменот и дека Квирл припремил серија пречки за да го одбрани.

Тројцата пријатели откриваат дека Хагрид одгледува бебе змеј, што е против волшебничкиот закон,
и уредуваат да го прокриумчарат надвор од земјата околу полноќ. Драко пристигнува, со надеж
дека ќе ги доведе во неволја, а Невил доаѓа за да ги предупреди за ѓаволштината на Драко. Иако
Рон е каснат од змејот и е во болница на оздравување, Хари и Хермиона успеваат да го испратат
змејот безбедно надвор од земјата. Како и да е, нив ги фаќаат, и Хари ја губи Невидливата Наметка.
Како дел од нивната казна, Хари, Хермиона, Драко и Невил се доделени да му помогнат на Хагрид
да го спаси лошо повредениот еднорог во Забранетата Шума. Тие се разделуваат на две групи, и
Хари и Драко го наоѓаат мртвиот еднорог, опкружен со неговата крв. Силуета со качулка се
наведнува над трупот и ја пие крвта, додека Драко вреска и бега. Силуетата со качулка се движи
накај Хари, кој е соборен на земјата од агонија во лузната. Кога Хари си доаѓа при свест, силуетата
со качулка ја нема и кентаур со име Фиренц се понудува да го однесе качен на неговиот грб до
училиштето. Кентаурот му кажува на Хари дека пиењето на крвта на еднорогот ќе го одржи животот
на смртно повредена личност, но ќе ја остави истата едвај жива. Фиренц претпоставува дека
Волдеморт ја пие крвта на еднорогот за да собере доволно сила и да го направи еликсирот од
Каменот на Мудроста, и да се здобие со целото здравје и сила со пиењето на истиот. Кога Хари ќе
се врати во замокот, открива дека некој му ја оставил Невидливата Наметка под чаршафите.

Неколку недели подоцна, додека се опуштаат по завршувањето на серија испити, Хари одеднаш се
прашува како нешто толку илегално како што е змејско јајце се нашло во посед на Хагрид. Чуварот
на имотот вели дека му било дадено од туѓинец со качулка кој му купил неколку пијачки и го прашал
како да помине преку триглавото куче, што Хагрид признава дека е лесно - музиката го заспива.
Откривајќи дека една од пречките до Каменот на Мудроста не е повеќе безбедна, Хари оди да го
информира професорот Дамблдор, само за да дознае дека директорот штотуку заминал на важен
состанок. Хари заклучува дека Снејп ја излажирал пораката и го тргнал Дамблдор на страна и дека
ќе се обиде да го украде Каменот таа вечер.

Волдеморт на тилот на професорот Квирл е врвот во филмот „Хари Потер и Каменот на Мудроста“.
Покриени со Невидливата Наметка, Хари и неговите двајца пријатели одат во одајата на триглавото
куче, каде Хари го заспива ѕверот со свирење на флејта. По паѓањето во врата во подот, тие
поминуваат серија од пречки, од која секоја од нив бара специјални способности кои ги има некој
од нив тројца, и една во која што Рон мора да се жртвува самиот себе. Во последната соба Хари,
сега сам, го наоѓа Квирл, кој му ги врзува рацете и нозете цврсто со магични јажиња. Кврил признава
дека тој го пуштил тролот што се обиде да ја убие Хермиона во тоалетот, и дека тој се обидел да го
убие Хари за време на првиот квидич меч, но бил соборен од страна на Хермиона. Снејп се обидувал
да го заштити Хари затоа што се сомневал во Квирл. Квирл му служи на Волдеморт и, по неуспехот
да го украде Каменот на Мудроста од Гринготс, му дозволил на својот господар за го опседне со
цел да ги подобрат нивните шанси за успех. Како и да е, единствениот друг предмет во собата е
Огледалото на Ерисед, и Квирл не може да види ни знак од Каменот. На заповед од Волдеморт,
Квирл го одврзува Хари и го присилува да застане пред Огледалото. Хари чувствува како каменот
паѓа во неговиот џеб и пробува да одолговлекува. Квирл го тргнува својот турбан, откривајќи го
лицето на Волдеморт на неговиот тилот. Волдеморт се обидува да го земе Каменот од Хари, но само
допирајќи го Хари предизвикува месото на Квирл да гори. По понатамошната борба, Хари се
онесвестува.

Тој се буди во училишната болница, каде што професорот Дамблдор му вели дека преживеал затоа
што неговата мајка го жртвувала нејзиниот живот за да го заштити, и дека Волдеморт не можел да
ја разбере моќта на таквата љубов. Волдемрот го оставил Квирл да умре, и е веројатно да се врати
на некои други начини. Дамблдор предвидува дека Огледалото им покажувало на Волдеморт и
Квирл како тие го прават еликсирот, но тие сакале да го употребат Каменот на Мудроста; Хари беше
во можност да го види Каменот во Огледалото затоа што тој сакал да го најде, а не да го употреби.
Каменот тогаш е уништен.
Хари се враќа кај Дарслиеви за летниот распуст, но не им кажува дека на малолетните волшебници
им е забрането да користат магии надвор од Хогвортс.

Листа на поглавја

1. Момчето што Преживеа


2. Стаклото што Исчезна
3. Писмата од Никого
4. Чуварот на Клучевите
5. Дијагон Алеја
6. Патувањето од Перонот Девет и Три Четвртини
7. Сортирачката Капа
8. Професорот по Напивки
9. Полноќен Двобој
10. Ноќта на Вештерките
11. Квидич
12. Огледалото на Ерисед
13. Николас Фламел
14. Норберт - Норвешкиот Гребеногрбец
15. Забранетата Шума
16. Низ Вратата во Подот
17. Човекот со Две Лица

You might also like