Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

МИКРООРГАНИЗМИ

Стр.28,29,30,31,32,33,37

-Кои едноклеточни организми ги изучивме?

-Кои се повеќеклеточни организми?

1.Микроорганизми се сите живи организми кои не се гледаат со голо око.

2.Микроорганизмите се групирани во 4 групи

 БАКТЕРИИ

-најстари жители на Земјата


-живеат во вода, почва,воздух , во организмите (растенија, човек, животни)

 МИКРОСКОПСКА ГАБА-КВАСЕЦ

-за производство на леб


 ЕДНОКЛЕТОЧНИ АЛГИ И ПРОТОЗОИ

Алга амеба и парамециум

-живеат во вода

 ВИРУСИ

-се наоѓаат на граница на живо и неживо


(во воздухот се како честички-неживи, а во клетката –домаќин се живи)
-немаат клеточна градба
3.Петриев сад со агар (хранлива материја) се користи за одгледување на микроорганизми

-Што се случува со парче овошје доколку се остави неизедено или месо кое е оставено надвор од фрижидер?

-Што ги предизвикува овие промени?

-Од каде дојдоа живите организми кои се хранат со храната?

4.Спонтана генерација е верување дека микроорганизмите настануваат од нешто неживо.

ЛУЈ ПАСТЕР
4.Луј Пастер докажал дека микроорганизмите се живи организми и се размножуваат

ЕКСПЕРИМЕНТ НА ЛУЈ ПАСТЕР

-Луј Пастер докажал дека расипувањето на млекото, храната, виното е поради микроорганизмите

-Герминативната теорија е верување дека микроорганизмите ги предизвикуваат болестите

-дали знаете што значи зборот пастеризација?

-каде го среќаваме овој збор?


5.Пастеризација е е загревање на прехранбени производи (млеко, вино, конзерви и др.) до
температура при која изумираат микроорганизмите што можат да предизвикаат вриење или
расипување, а се зачувуваат витамините и другите хранливи својства на производите.
Луј Пастер за првпат го извршил процесот на пастеризација на 20 април 1862.

 Овошјето и зеленчукот со вриење на теглите


 Млекото со загревање на 72 степени целзиусови -16 секунди, потоа се лади до 4 степени

6.Стерилизација е процес на убивање на сите живи микроорганизми(пример на прибор)


7.Дезинфекција е процес на убивање на микроорганизмите кои предизвикуваат болест(пример на
раце)
8.Микроорганизмите имаат корисна улога во животот на човекот

-да се пополни веновиот дијаграм

млеко Кисело млеко


 Подготовка на кисело млеко
-се користат млечно-киселински бактерии
-бактериите го претвораат шеќерот во млечна киселина

-ПОСТАПКА
 во сад се става топло благо млеко
 во него се додава филџан кисело млеко
(во киселото млеко има корисни живи бактерии)
 се остава на топло место неколку часови

 pH или водороден показател ни покажува колку некоја супстанца е кисела


пример. pH на млекото е 6,7 pH на јогуртот е 4,5
јогуртот е покисел од млекото

-дали садот треба да биде чист?


-зошто благото млеко треба да биде топло?
-зошто треба да стои на топло место?

 Подготовка на леб
- Се користи едноклеточната габа –квасец
- Квасецот се храни од брашното и диши, ослободува јаглерод диоксид и тестото расте

- ПОСТАПКА
 Во сад се става брашно, квасец и вода
 Се меси
 Се остава на топло место да нарасне
 Се печи

-зошто тестото се става на топло место ?

 ДОМАШНА ЗАДАЧА-СТР.33 АКТИВНОСТ 1.13Б


РАБОТНА ТЕТРАТКА СТР.22-25

Задача плус- Планирање како би ја нашле најдобрата температура за пастеризирање млеко.


Да се најдат независни, зависни и контролни променливи
Да се напиши истражувањето

You might also like