19.10.2022 БЛИЗНАЦИ НЛ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

ИЗРАБОТИЛ :___________________________________ Дата:

НАСТАВЕН ЛИСТ
БЛИЗНАЦИ – УМНИЦИ
(определи го хронолошкиот ред на настаните)

На Петар и Лука мајката им купи книга со сказни.


-Книгава е убава, синови мои... – им рече. – Треба да се прочита.
-Ми го зеде зборот... – прифаќа таткото – компјутерот малку нека мирува.
-А и телевизорот нека се одмори... – се согласи мајка им.
-Ајде, близнаци – умници!

Но се случи недоразбирање меѓу близнаците. Најпрвин сака да ја


прочита Петар, а истовремено тоа го бара и Лука.
Без кавги, деца! – ги смирува мајката. – Една сказна ќе чита Петар, а
друга Лука. Ние ќе ве слушаме. Недела е и имаме време за одмор.
-Добро се сети. Книгата не е голема. Натпревар во убаво читање! –
се одушеви таткото.

-Јас и ти, како и обично, ќе го одредиме победникот.

На браќата им се допадна играта. Чита едниот, а чита и другиот. Сказните –


кратки и слатки.
Мајката и таткото слушаат. Читајќи ги, четворицата како да се заборавија.
На Петар и Лука им е забавен натпреварот. А родителите како да се
вратија во своето детство. Во годините на најубавите сказни. И овојпат на
крајот треба да се прогласи победникот. Кој чита поубаво? Петар или
Лука? „Судиите“ немаат лесна задача!
– Кој? – исчекува Петар.

– Јас?

– А јас? – ги мерка и Лука.

– Кој ?

– И двајцата сте победници! – одлучува мајката, шегувајќи се: – Та овие како


близнаци да се!?

– Во сè сте исти!? – се согласува и таткото. – На наша радост и најдобри.

You might also like