Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Контролна задача од синтакса за деветто одделение

Ученик_________________________________

1. Прочитај го внимателно следниот текст и одговори на барањата под текстот:

Есенска слика
Дните течеа тивко и незабележано. Дувнаа есенски ветрови. Пожолтената шума пееше тажна
песна и ронеше лист по лист. Зашуми ситниот октомвриски дожд. Во долот сѐ почесто лежеше
магла. По тревата и ветките се нижеа бисерни капки. Сѐ поблизу околу селото белееше стадото
на Безит. Ѕвонците на овците-предводници се слеваа со веселите песни што доаѓаа од
училиштето.
-Борис Бојаџиски
Во овој текст има само две сложени реченици. Пронајди ги и препиши ги на празните
линии по оној редослед како што се дадени во текстот:

а) __________________________________________________________________________
б) __________________________________________________________________________

Дел -речениците во составот на првата реченица се во(заокружи):


а)независен однос
б)зависен однос
Дел-речениците во составот на втората реченица се во(заокружи):
а)независен однос
б)зависен однос

2. Внимателно прочитај го следниот текст и одговори според барањата под текстот:

Суша
Месеци поминаа, а дожд никако немаше. Кога дојде есента, одвај се збираа на небото мали,
ретки облаци. Пред да се соберат доста облаци, остар јадлив ветер од пустината ги растеруваше.
Небото остануваше празно и пусто. Тешка суша ги зафати нашите краишата, загрижувајќи ги
селаните.
- Перл Бак
Препиши ги сложените реченици во кои има временска зависнa дел-реченица.
Тоа
се:________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________

Дополни ги со по една зависна временска реченица следниве реченици:

а) Излегов на улица _______________________________________________________ .


б) __________________________________________________ се вратив од училиште.
в) Ќе дојдам кај тебе ______________________________________________________ .
3. Внимателно прочитај го текстот и одговори според барањата:

Човекот и јаболката
Еден човек одеше на гости во куќата на еден богат пријател. Покрај патот здогледа кошница
со круши и јаболка и помисли:
− Не ги јадам овие јаболка бидејќи богатиот поубаво ќе ме нагости.
Потоа ги расфрли јаболката во правот и го продолжи патот.
Дојде до една река.Таа не се преоѓаше затоа што беше многу голема од дождовите.Бидејќи беше
многу гладен,се врати назад по јаболката.
На патот ги немаше нив.

Во овој текст има причински зависни реченици. Препиши ги заедно со речениците од кои
зависат:

__________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________

Дополни ги со по една зависна причинска реченица следниве три реченици:

а) Дејан задоцни на средбата _____________________________________________________ .


б) Ненад редовно пребарува на интернет ___________________________________________ .
в) Денис доби награда на натпреварот ______________________________________________ .

4. Прочитај ја следнава реченица и одговори на барањата:

Кога капитенот му рече оти соиграчите играле според договорот, тренерот разбра дека успешно
ја подготвил тактиката.
Подвлечи ги исказните зависни дел-реченици!

Дополни со исказни реченици( употреби ги зврзниците дека, како што):


а) Мирјана извести ______________________________________________ .
б) Вики набљудуваше _________________________________________________ .
в) Многу се радувам ______________________________ .

Забелешка: За секој точен одговор се добива еден поен. Вкупно може да се освојат дваесет
поени.

Внимавајте, внимателно читајте и точно одговарајте!!


Вкупно поени:

Скала за оценување:
0-4/1
5-9/2
10-14/3
15-17/4
18-20/5

Наставник:_____________________ Родител:______________________

наставник:
Ана Динковска-Божиновска

You might also like