Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 3

Функции

Задачи за вежбање (2)

Задача 1. Напиши програма со посебна функција zbir(n), во која


се пресметува збир на реципрочните вредности на првите n природни
броеви (1 + 1/2 + 1/3 + 1/4 + 1/5 + ... + 1/n)! Бројот n го внесува
корисникот, а во функцијата се проследува како аргумент.

Задача 2. Напиши програма со посебна функција broenje(m, n) со


која се пребројуваат парните природни броеви во опсегот од m до n!
Ако m>n да се заменат вредностите на променливите m и n!

Задача 3. Корисникот внесува 7 цели броеви. Напиши функција


broenje(), со која ќе се преброи колку од внесените броеви се
позитивни, а колку негативни! (нулата да не се разгледува)! (
Внесувањето на броевите се прави во функцијата.

Задача 4. Корисникот внесува броеви сѐ додека нивниот збир e


помал од 100. Напиши функција broenje(), со која ќе се изброи колку
броеви се внесени! Внесувањето на броевите се прави во функцијата.

Задача 5. Корисникот внесува природен број. Напиши функција


cifri(n), со која се пребројува колку цифри има бројот!

Задача 6. Корисникот внесува природен број. Напиши функција


pecati(n), со која ќе се отпечатат цифрите на внесениот број
почнувајќи од цифрата на единици! Пр. ако се внесе бројот 5497, на
екран да се прикажува 7, 9, 4, 5,

Задача 7. Корисникот внесува броеви, внесувањето се прекинува


кога ќе внесе 0. Напиши функција najgolem(), со која ќе се пронајде
најголемиот број од внесените броеви! Внесувањето на броевите се
прави во функцијата.

Задача 8. Напиши функција pecati(), со која ќе се прикажат сите


трицифрени броеви на кои последната цифра им е 0!
Задача 9. Корисник внесува 10 броеви. Напиши функција
broenje(poz, neg) со која ќе се преброи колку од внесените броеви се
позитивни или негативни броеви (нулата да не се разгледува)! Потоа
да се напише функција proverka(poz, neg), со која ќе се испечати
соодветна порака за тоа дали се внесени повеќе позитивни или
негативни броеви. (со референци)

Задача 10. Корисник внесува 10 броеви. Напиши функција


broenje(par, ne) со која ќе се преброи колку од внесените броеви се
парни или непарни броеви (нулата да не се разгледува)! Потоа да се
напише функција proverka(par, ne), со која ќе се испечати соодветна
порака за тоа дали се внесени повеќе парни или непарни броеви. (со
референци)

Задача 11. Напиши програма со посебна функција broenje(m, n)


со која се пребројуваат непарните природни броеви во опсегот од m
до n! Ако m>n да се заменат вредностите на променливите m и n! (n и
m се добиваат како аргумент на функцијата.)

Задача 12. Да се напише функција sprotiven(n), со која се добива


и враќа спротивен број на природниот број n. ( Тоа е природниот број
што ги има истите цифри со n, но напишани во спротивен редослед,
пр. 1234 ‒> 4321) (n се добива како аргумент на функцијата.)

Задача 13. Да се напише функција proverka(n), со која ќе се враќа


податок дали природниот број n е палиндром или не. (Тоа е
природниот број кој читан и однапред и одзади ја има истата
вредност) (n се добива како аргумент на функцијата.)

Задача 14. Да се напише функција presmetaj(n), со која ќе се


1+2+3+⋯+𝑛
пресмета аритметичка средина на броевите од 1 до n, , n се
𝑛
добива како аргумент на функцијата.

Задача 15. Да се напише функција presmetaj(n), со која ќе се


пресмета збирот 1+4+7+10+...+n. (n се добива како аргумент на
функцијата.)
Задача 16. Да се напише функција fact(n), со која ќе се пресмета
факториел на ненегативен број n внесен од тастатура (1 ∙ 2 ∙ 3 ∙ … ∙
(𝑛 − 1) ∙ 𝑛 = 𝑛!) (n се добива како аргумент на функцијата.)
Задача 17. Да се најдат природните броеви во интервалот [n1,n2],
кои се деливи со својот спротивен број. Програмата да содржи:
- Функција за замена на вредностите во променливите за почеток и крај на интервалот
доколку не се во растечки редослед
- Функција за добивање на разгледуваниот број во цифри со обратен редослед (25->52)
- Функција за проверување дали разгледуваниот број е делив со својот спротивен број
(број со обратен редослед на цифри)
- Функција која ќе прави печатење на опис што појаснува каков проблем решава
програмата.
- Главна функција со соодветни пораки за корисникот;
Задача 18. Да се најде колку непарни броеви има во интервалот
[a,b]. Програмата да содржи:
- Функција за замена на вредностите во променливите за почеток и крај на интервалот
доколку не се во растечки редослед;
- Функција broenje(a,b) која ќе враќа информација колку непарни броеви има во
интервалот;
- Функција која ќе прави печатење на опис што појаснува каков проблем решава
програмата.
- Главна функција со соодветни пораки за корисникот;

You might also like