Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Културата на младите кај нас и во светот

За да се анализира културата на младите луѓе треба да се знае што е


култура? Културата е уметноста, верувањата, обичаите, институциите и
производите на човечката работа, особено во однос на одредено време и
социјална група. Поимот култура на младите подразбира дека младата
генерација има своја култура одделена од културата на целокупното
општеството. Јас ја сфаќам културата како надворешна структура
(надградба) на економските и материјалните темели на општеството.

Тоа што го размислуваме, се е поттикнато од нешто или некоја потреба.


Културата на младите е многу важно нешто. Темелите на иднината ги
гради новата генерација денес, според своите идеи и идеологии. Иако тие
можеби не мислат така. Самата култура на младите се изразува низ разни
начини. Како на пример облеката, музиката, односот кон другите и кон
идеите, спортот, уметноста и така натаму. Во денешниот век младите
скоро ич не се залагаат со културни дејности. Денешната “култура” на
младите подразбира комуникација преку интернет. Како можи тоа да се
сфати како нешто продуктивно? Кога главното што се разменува преку
интернетот се лажни информации и сокривање од реалноста? Во поглед
кон иднината превладува цинизам и грижа. Во ова време, ни младите ни
старите, имаат надеж за иднината. Тоа не се одразува на сите, но за жал
на повеќето. Младите се грижат за многу работи за кој тие самите ништо
неможат да направат, како глобалното затоплување, идеологијата што ја
пронашле на интернет, вести кој ги слушаат преку интернет и телевизија ,
за кој пред пет секунди не ни знаеле дека постојат. На што личи тоа?
Денешната култура на младите јас сметам како лажна свест. Таа постои за
да ги сокрие материјалните вистини на ова време и за младите да имаат
кон што да се свртат за да избегнат од вистината.

Реченица која многу се кажува од младите во ова време е: ”Ние сме


будали, ама следните ќе бидат полоши” А од каде превладува ваков
цинизам? Кога пред 35 години кон иднината се гледаше со надеж? Кога
секоја година државното индустриско производство растеше за 12%, кога
патиштата и автопатите ги градеа младинските работни акции? Јас сметам
дека и тоа има многу добро влијаније кон развојот на културата и
човечкот однос.
Развојот на културата низ времето во западниот свет и во Македонија е
сосема различна и не се споредува. Но, тоа не значи дека е подобра. Кога
и во тие држави познавам луѓе со истиот цинизам што превладува кај нас,
истата неодговорност, истото избегнување од реалноста со “социални
мрежи” и интернети, со вртењето кон материални задоволства и
заборавање на најосновните вистински работи. Но и тоа неможе да се
каже, па и реално, тие имаат сосема подобри материјални услови, и тие се
разликуваат сосема меѓу себе.

Јас сметам дека ние не сме заостаната држава. Јас мислам дека
пред 35 години ние имавме подобри услови за живот од самите западни
земји, кои сега ги земаме за идеал. Затоа што тоа беше земја, која со
огромен труд, македонскиот народ и македонската младина, ја претвори
од најзаостанатото подрачје во Европа, до светска земја, со братството на
Југословенските народи и светската солидарност.

Една изрека која многумина ја имаат заборавено во воа време:


“Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”
-Гоце Делчев
Па сега стигнавме да плукаме врз културата како таа да е крива, за тоа што
ние самите, од готово направивме пустелија.

цитати:
ТВ приказна за Македонија, телевизија Скопје 1983
https://www.youtube.com/watch?v=VLXPbT2vHcs
https://examples.yourdictionary.com/examples-of-youth-culture.html
https://news.gallup.com/poll/234314/global-warming-age-gap-younger-
americans-worried.aspx
https://www.fakulteti.mk/news/20112020/ideologijata-im-prodava-na-
mladite-tesnograda-slika-za-svetot-i-veruvanje-vo-vistini-vo-koi-ne-smeat-da-
se-somnevaat
https://mk.wikipedia.org/wiki/Гоцева_мисла
https://www.britannica.com/topic/false-consciousness

Изработено: Анастас Трпчески

You might also like