Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

Најчесто користени компјутерски програми се програмите за

пишување на текст.

Според можностите кои му ги нудат на човекот програмите за работа


со текст можат да бидат:
- текст едитори - за пишување на кратки текстови
- текст процесори - за пишување и уредување на подолги текстови.

Денес човекот може да избира меѓу големиот број на


различни програми текст процесори како Microsoft Office Word, Open
Office Writer и други.
Сите тие му овозможуваат на човекот најразлични алатки со кои може
да се напише сé: писмо, молба, оглас, соопштение, честитка, покана,
брошура, книга или веб страница.
Текст процесорите ги имаат сите можности од текст едиторите,
но овозможуваат и форматирање на текстот.
Форматирање
Форматирање е постапка при која се уредува изгледот на текстот.
Уредувањето најчесто се прави со:
- избор на фонт
- стил
- големина
- боја
- пишување во колони и редици
- поставување на набројувања
- поставување на рамки
- внесување на слики и графички објекти и слично.

Фонтови
Фонт е начинот на испишување на знаците од азбуката во програма за
уредување текст. Човекот го избира фонтот со кој ќе го пишува
текстот.
Фонтовите имаат свои имиња. На пример: Times New Roman, Arial,
Comic Sans MS, Macedonian Tms и др.
Еден фонт може да се пишува со различна големина.
Знаците од еден фонт може да се пишуваат со различен стил –
задебелени, подвлечени, накосени.
Околина на програмата за обработка на текст
Активирање на програмата се прави:

- преку икона на апликацијата, доколку постои на Desktop

или

- Start → All Programs → Microsoft Office → Microsoft Word.

Изглед на работен прозорец


Работниот прозорец на Word вообичаено е поделен на
следните делови:

1. Лента со мени
2. Лента со алатки
3. Работна површина на која се внесува текстот
4. Статусна лента
Работа со документи
Работа со документ подразбира отворање, затворање, зачувување,
печатење на документот и слично.

Во File се групирани наредбите за работа со документот.

Отворање нов документ


Нов документ можеш да отвориш со File / New

Отворање постоечки документ

Постоен документ се отвора со File /Open

Снимање документот

Документот можеш да го зачуваш за подоцна повторно да го


користиш, да го отпечатиш или преуредиш.

Снимај го документот почесто во текот на работата.

Документите се снимаат со наредбата File / Save и File / Save as.

Наредбата Save as се користи кога сакаш да зачуваш некој документ


под ново име или на нова локација.
Доколку документот еднаш е сниман (веќе има име и локација каде се
наоѓа) се користи командата Save за да се зачуваат само
промените што се направени .

Затворање на документот

Откако ќе завршите со работата на документот во Word , истиот го


затворате ако од менито File ја одберете наредбата Close.

Поништување на извршените наредби


Доколку се направи некаква промена на документот, а потоа се
заклучи дека таа е непотребна или погрешна, промената лесно може
да се поништи.
Последна промена може да се поништи на еден од следните начини:
- со употреба на копчето Undo или
- со избор на тастерите Ctrl+Z од тастатура (се притиска тастерот
Ctrl, се држи притиснат и се притиска тастерот со буквата Z)

Постапка при креирање документ


Кога се пишува текст наједноставно се добива саканиот изглед на
текстот ако се оди по следниот редослед:
1.внесување на текстот;
2.едитирање на текстот - корекција на грешки, преместување,
копирање, пронаоѓање и замена на делови од текстот;
3. форматирање на текстот.

You might also like