Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

Македонски јазик и литература VIII одд.

Час 1 и 2. Обработка на лектирата „Девојките на Марко“ од Оливера Николова

Оливера Николова е македонска писателка за возрасни и за


деца родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот
факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Целиот работен век го
поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e
член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Николова објавила голем број книги, како: Зоки Поки (проза за деца, 1963); Ден за
летување (раскази, 1964); Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965); Земјата
во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965); Зимски детективи (роман за деца и
млади, 1972); Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974); Сребрено јаболко (комедија,
1975); Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976); Мојот звук (роман за деца и млади,
1977); Тесна врата (роман, 1983); Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984); Умна
глава (пиеса за деца, 1984); Девојките на Марко (роман за деца и млади,
1987); Љубоболки (роман за деца и млади, 1988); Домашни задачи (роман, 1989) и др.
Оливера Николова е автор и на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена
серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец);
„Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку
радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте
татковината“, „Големото зошто“ итн.
И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на
првиот градски лик во македонската литература - Зоки Поки. За своето творештво,
Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966
година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата
награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила
таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за
1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни
постигнувања во современиот израз на литературата за деца.
Значајни награди:

РТВ Скопје на СВП


„Младо поколение“
„Змаева награда“
„Стале Попов“
1
Македонски јазик и литература VIII одд.

Рациново признание

Девојките на Марко — роман за деца и младинци од македонската


писателка Оливера Николова од 1987 година.
Приказната во романот започнува со главниот лик Славе.Тој е
најмалиот од трите сина во семејството. Негов идол е брат му Марко,
кој е во војска и треба да дојде на отсуство. Славе е чуствително
момче, кое прави се за својот постар брат. За време на неговото
отсуство, Славе се труди да ги задоволи сите негови желби, за сметка
на тоа, тие двајца да поминат што повеќе време заедно. Но, Славе се
уште живее во оној детски свет, во кој се е чисто и наивно. Таа недела
додека е Марко на отсуство, Славе полека ќе навлезе во светот на
возрасните. Од едно срамежливо детенце, за една недела ќе
прерасне во едно организирано момченце, кое е во центаротна внимание на целото
друштво. Така во една наизглед наивна игра, Славе добива можност за сопствено
докажување и можност да се жртвува за друг.
Авторот на романот, низ згодите и незгодите на главниот лик на еден лесен хумористичен
начин ни го прикажува неговото созревање.
Главен лик: Славе,најмалиот брат помеѓу Диме и Марко (мирно, добродушно и искрено
дете).
Споредни ликови:
-Марко (најстариот брат кој е војник)
-Диме (другиот брат на Славе)
-Мајка му на Славе (Милка)
-Татко му на Славе (Живе)
-Верче (инструктор по пливање, а воедно и пријателка на Марко и Славе)
-Јана
-Билјана
-Јагода (позната и по своите тулумби)
-Лиле
-Дивна
-Роска

Пораки од романот „Девојките на Марко“-Оливера Николова

Идеи (пораки) од учениците извлечени од романот:


1.„Стравот и срамот не треба да претставуваат пречки во нашето созревање.“
2.„Најтешкото нешто во животот е пречекорувањето на скалилата од детскиот свет кон
младешкиот.“
3.„Благородно е понекогаш да се жртвуваш за своите најблиски.“
2
Македонски јазик и литература VIII одд.

4.„Понекогаш е доволно малку време за да созрееме многу.“


5.„Вистината треба да ја гледаме како лав, лав кој се бори со непријателите. Баш така и
луѓето треба да се борат за вистината, за иднината да биде посветла.“
6.„Со девојките секогаш треба нежно и љубезно.Со трпение би научил. Стравот нека не
биде препрека.“
7.„Секоја девојка е убава и вредна на свој начин и никој не треба да ја разубеди да го
мисли спротивното за себе.“
8.„Прифатете го човекот каков што е, бидејќи тој вреди без разлика на се`.“
9.„Не е важно дали си возрасен или дете, важно е да си искрен и добар.“
10.Девојките се нешто најубаво на светот.Не смеат да бидат сами, не смеат да бидат тажни.
11.„Секој човек е и ќе биде сакан од некого без разлика на се.“
12.Биди искрен, секогаш вреди да ја кажеш вистината.“
13.„Правејќи добро некому, си правиме добро себеси.“
14.„Не дозволувај срамот и стравот да те спречат во остварувањето на своите желби.“
15. „Биди љубезен и применувај ги советите од повозрасните. Секогаш можат да ти
помогнат.“
16.„Љубовта и топлината на срцето можат да ги надминат сите стравови.“
17.„Понекогаш, со некои наши постапки, незабележително зачекоруваме во светот на
возрасните.“
18.„Не секогаш малите мораат да учат од возрасните.“
19.„Срамежливоста е пречка при остварувањето на желбите затоа не дозволувај да застане
на твојот пат.“
20„Дружењето со девојките се неодминливиот дел од созревањето на момчињата.“

Кратка содржина:

Книгата содржи шест глави:

 Понеделник
 Вторник
 Среда
 Четврток
 Петок
 Сабота

Романот започнува со настан кој е многу важен за целото семејство-војникот Марко,


најстариот син, доаѓа на отсуство од војска и тоа цела една недела. Него со нетрпение го
чекаат сите и тато Живко, мама Милка, средниот брат Диме, но најсреќен е најмалиот во
семејството, Славе. Марко е негов идол, а тоа што е во војска го прави неверојатно горд.
Славе е ужасно збунет и воопшто не знае што да направи, но сепак смислува еднонеделен
план. Планот се разбира се однесува само на него и Марко, па така според тој план Марко
секој ден треба да го учи Славе војнички вештини: пукање, лазење, криење со гранки,
поздравување старешини, за да го резервира последниот ден за девојките.
3
Македонски јазик и литература VIII одд.

Поминува време и Марко доаѓа. Славе му го кажува својот план и Марко се


согласува. Но, Марко е скаран со својата девојка Роска и сака да ја врати, па го моли Диме
да ја најде и да ја донесе кај него. Таа му се јавува и му простува за тоа што ѝ го направил и
тие се смируваат. Но настанува друг проблем, како Марко ќе му објасни на Славе дека
времето сака да го поминие со Роска.
Марко не сака да го разочара Славе и не знае што да прави. На Диме-
моторциклистот му светнува една идеја, и двајцата веднаш почнуваат со реализација на
истата. Така во една наизглед наивна игра, Славе добива можност за сопствено
докажување и можност да се жртвува за друг. Тој се вклучува во играта да им носи
писменца на божемните девојки на Марко, како и доследно и одговорно да ги извршува
обврските кон нив. Учи да се дава себеси безрезервно, не помислувајќи ни миг дали еден
ден нешто ќе му ја надополни жртвата или ќе му биде возвратено. Така организиран,
кутриот Славе, на крај ја дознава целата вистина за Марко и Роска, па и тој иако во прво
време е навреден и лут, одговорно си ги извршува своите обврски до крај. Цела недела
додека е зафатен со девојките, два пати се слуша и со неговиот најдобар другар Јовче, кој
е на одмор во Охрид. Доаѓа и последниот ден од отсуството на војникот Марко, па на Славе
некако му е собрана душата. Но тој не би бил Славе ако не организирал заедничко дружење
на базенот. Па така, сите девојки:Билјана. Верче, Дивна, Јагода, Лиле и се разбира Јана,
доаѓаат на базен во чест на војникот Марко. Најпосле пристигнуваат Роска и Марко и на
радоста и нема крај. Попладнето Марко заминува.Го испраќаат сите, па и Славе кој го
пречека својот брат како детенце, а сега го испраќа како момче. Ете што се може да
направи една недела во животот на човекот.

Домашна задача: Во прилог имате аудио запис од лектирата и наставен лист со


прашања за анализа на истата.

Час 3. Интерпретација на текстот „Рацин“ од Борис Вишински

Прочитајте го текстот „Рацин“ на стр.96 од учебникот. Потсете се од претходниот час што


беше тоа исказ на лик.

Размислете и одговорете!

1. На какова начин е претставено дејството во текстот?

2. Кои се носители на дејството во овој текст?

3. Во кое време се случува дејството?

4. Што сакале да постигнат со издавање на весникот?

5. Што открива Рацин за создавањето на своите песни?

6. Анализирај ја последната реченица во текстот што ја кажува Рацин!

You might also like