01 SkladiranjeMTSKatarinaLevajkovska

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 12

НАСЛОВ

Семинарска работа по предметот


„Ракување со материјално технички средства“

Тема:Складирање на технички материјални средства

Ментор: Изработил:
Пполк. д-р Елениор Николов, доцент Катарина Левајковска-1176

Скопје, Декември 2014


Складирање на материјални технички средства

Содржина
Апстракт.............................................................................................................................3

1. Складирање на кожа и кожни предмети......................................................................4

1.1. Складирање на кожата според намена.................................................................4

1.2. Складирање на војнички обувки...........................................................................4

1.3. Складирање на кожни костуми и ракавици.........................................................5

2. Складирање волнени и крзнени предмети од опремата............................................6

2.1. Складирање на предмети по волнени ткаенини..................................................7

2.2. Складирање на плетени и волнени предмети......................................................8

2.3. Складирање на крзнени и заштитени предмети..................................................8

3. Складирање на памучни предмети..............................................................................9

3.1. Складирање на предмети од памучна ткаенина..................................................9

4. Складирање на пумпи и противпожарни апарати....................................................10

Заклучок............................................................................................................................11

Користена литература.....................................................................................................12

2
Складирање на материјални технички средства

Апстракт
Складирањето на материјални технички средства не е така лесна задача за
еден ракувач. Складирањето си има свои специфики и свои побарувања. Секое
техничко средство без разлика од кој вид е има посебни услови за складирање.
Во оваа семинарска работа е опфатена опремата на воената служба во
армијата. Нивната опрема се дели на неколку видови и подвидови и тоа:
 Складирање на кожа и кожни предмети
 Складирање на волнени и крзнени предмети од опремата
 Складирање на памучни предмети

Клучни зборови:складирање, складишта, опрема, крзно, кожа, волнена опрема

3
Складирање на материјални технички средства

1. Складирање на кожа и кожни предмети


Готовата кожа без обзир на врстата, потрклото, суровините и начинот на
преработка, се состои од кожни супстанци, вода, масти и минерални материи.
Присуството на овие супстанци во кожата се битни за складирањето на кожата
бидејќи за складирање на кожата има посебни услови. За подолго чување на
готовата кожа основните услови се складишните простории во кои треба да се
овозможи:
-да се одржува релативна влажност од 45 до 50 % и температура од 12 до
15 C, потполна заштита од дирктните сончеви зраци и нагли промени на
температурата и да се проверува лесно.
Ѕидовите на просторијата да бидат исправни а подот да биде дрвен или
бетонски, рафтопвите дрвени бидејки кожата несмее да дојде во допир со
метални делови. Кога се работи за поголема количина на складирање на кожа и
кожни материјали треба да се обезбеди посебно складиште, бидејки кожата има
специфичен мирис и специфични услови.1

1.1. Складирање на кожата според намена


Складирањето на готова кожа треба да раподели спрема намената и према
начинот складирање. Сето ова има практични причини, и стручни причини зосшто
токму по овие критериуми треба да се складира кожата во складиштата. Затоа
посебно треба да се скадираат следните делови од кожа:
 кожа за долниот ден ос обувките
 кожа за горниот дел од обувките
 кожа за столови и торби
 техничка кожа
 коќа за облека

1.2. Складирање на војнички обувки


Војничката облека се скадира према врстата на обувки и
полиците.Војничките чизми ако се праќаат во кутии од по еден, пет или десет
пара, се скадираат во сталажи со оргиналното пакување, во случај да се
испраќаат непаковани тогаш се складираат во сталажи по четири пара во еден

1
Upotstvo o skladistenju intedantskih materijalnih sredstva, 1969
4
Складирање на материјални технички средства

ред. Во тој случај треба да нсе внимава на тоа да бидат точно поставен ѓон со ѓон.
Моногу по практично би било и за ракувачот и за складирање да војничките чизми
имаат свои кутии во кои би биле спаковани, и така би биле складирани во
складиштето, или пак доколку немаат свои кутии да се набават соодветни кутии за
да се спакуваат и складираат. Но истот така доколку се скадираат во кутии има
услови, секоја кутија треба да има отвор 1цм намалку за проветрување.

Сл. 1- Војнички чизми


Војнички кондури се складираат во сталажи една до друга, така штоа да
бидат свртени ѓон со ѓон и да се во ред со другите ѓонови од горе и долу.
Војнички папучи може да се складираат на сталажа во кутија врзана со по
десет пара, и поединечно по парови. Но при скадирање мора да се води ред за
тоа да не се деформираат ѓоновите.
Гумени чизми најдобро се складираат кога кје се завиткаат во хартиени или
најлонски кеси а потоа се складираат во кутии.2

1.3. Складирање на кожни костуми и ракавици


Кожни одела кои немаат поставено крзно се складираат на два начина:
 Закачени на дрвени закачалки. Пред ставање на дрвените закачалки,
деловите од костумот се превртуваат, така што поставата ќе биде на
надворешната страна. Потоа костумот се става на закачалка па потоа се
обложува со кеса за заштита на костумот. Потоа се закачалката се закачува
на метална шипка. Доколку костумите не се складирани одделно во кеси,

2
Upotstvo o skladistenju intedantskih materijalnih sredstva, 1969
5
Складирање на материјални технички средства

тогаш костумите се закачуваат на закачалки се редат едно до друго и се


покриваат а потоа се прекриваат со прекривачи за заштита од прашина.
 Складирана на сталажи. Се складира по должина без приклопување. При
складирање мора да се води сметка за тоа полиците на сталажата мора да
бидат потполно рамни, да не би дошло до изместување и поставување
нагоре кои подоцна неможат да се исправат. Ако се распределени во
посебни кутии доволно големи за костумите без превиткување најдобро е
да се складираат во кутии. Вака складираните треба да се употребуваат
само во итни случаеви и за пократко време. Успешно складирање во
сталажи е можно само во фабриките. Кожните ракавици, капуљачи, капи и
други ситни галантерски опреми кои не се поставени со крзно, се
складираат во кутии со голема надворешна ознака и така се ставаат на
сталажи. Тие се контролираат и подмачкуваат исто така и кожните костуми

2. Складирање волнени и крзнени предмети од опремата


За условно складирање волнени и крзнени предмети од опремата потребна е
посебна складишна просторија според општите да се отстварат и посебни услови.
Услови кои што треба да се исполнат се следните:
 Потполна заштита од присуство на инсекти, глодари
 Температура од 4 до 12C, релативната влажност на воздухот од 55 до 65%
 Заштита од директна сончева светлина
 Проветрување само доколку е потребно одржување поради температурата
и влажноста
 Примерно чисти подови, ѕидови и наместај

Доколку во складиштето се складираат волнени и крзнени предмети од


опремата кои се заштитени од напад на инсекти во самото производство треба
да се обезбеди зголемено и редовно проветрување. Меѓутоа во простории
каде што се чува незаштитена опрема мора непрекинато да се одржува
одредено прочистување на опремата за заштита од инсекти.

6
Складирање на материјални технички средства

2.1. Складирање на предмети по волнени ткаенини


Волнената ткаенина и предметите од опремата изработени од таа ткаенина
при складирање во магацините, се пакуваат и складираат на сталажи. Волнените
ткаенини се виткаат во торби, завиткани во хартија и се складираат на сталажи
една на друга. Хартијата треба да ги заштити од нечистотија и промена на бојата.
Капути, наметки и други предмети од волнени ткаенини, се превртуваат на
надворешната страна, се превиткуват ракавите навнатре и се ставаат пер
парчиња и се заврзуваат на три места. Волнените блузи исто така се пакуваат
десет парчиња со тоа што се врзуваат само на краевите, но исто така блузите
можат да се складираат и на друг начин, да се превиткаат ракавите навнатре и на
прворо и деветото парче да се постави картон од по 10cm да се заврзи и спакува
во кеси и да се постави на сталажата. Панталоните се складираат превиткани на
половона по должина така што да се води грижа да не се превиткаат. Доколку
постои можност да се набават хартиени кеси за пакување на панталони за
подолго чување. Се пакуваат на најизменичен начин и од едната и од другата
страна. Пакување на сите врсти кебиња се превиткуваат на четити дела и се
складираат на сталажи. Доколку има простор кебињата можат да се превиткуваат
поединечно или по десет парчиња без превиткувања и така да се складираат на
сталажите. При пакување и складирање во сталажите мора да се обезбеди:
 Опремата да биде спакувана и складирана одвоено по видот на ткаенина
од кое е направена
 Предметите да бидат одвоени по квалитет
 Опремата да биде одвоена по величински броеви

Сл. 1 - Складиште за војничка опрема

7
Складирање на материјални технички средства

Целата опрема без оглед на категоријата кога е произведена се складира


на ист начин. На секој пакет сталажа и столица треба да биде напишана ознаката
на врстата, квалитетот, врсти, квалитет и величинскиот број.3

2.2. Складирање на плетени и волнени предмети


Плетените и волнените предмети од опремата се складира на следниот
начин. Џемпери, џиври и слични предмети од плетената опрема се пакуваат по
10комада по должина без превиткување. За подолго складирање, доколку постои
можност треба да се превиткаат и сместат во картонска кутија од по 10 односно
20 парчиња и така да се складираат во сталажи. Волнени чорапи, ракавици,
шалови и поткапи и слични ситни предмети се чуваат во оригиналните фабрички
пакувања, во случај да не се спаковани при испорака треба да се обезбеди
соодветна амбалажа и треба да се изврши пакување и складирање на сталажа.

2.3. Складирање на крзнени и заштитени предмети


Крзнени предмети бунди, капути, панталони, ракавици, капи многу се
чувствителни на подолго чување во складишта. Крзното е хигроскопна и упива
повеќе влага одколку што е дозволено за условно чување на кожата. Крзнените
предмети можат да бидат кожни крзнени, волнени поставени со крзно и памучни.
Без оглед на ова, сите видови во текот на складирањето мора во прв ред да се
постават крзнените делови бидејки тие се најосетливи. За чување на крзнени
предмети, температурата во складиштата треба да биде околу 7 C и тоа без
големи и нагли промени. Релативната влажност треба да биде 55-60 % исто така
без големи и нагли промени. Крзнените предмети треба да бодат свртени на
задната страна за да може да циркулира воздухот, за да не дојде до расипување
на кожата. Поситните крзнени предмети можат да се спакуваат и во картонски
кутии. Крзнените предмети треба почесто да се проветруваат, дури на секои три
месеци.

3. Складирање на памучни предмети


Памучните предмети од опремата за подолго чување исто така имаат посебни
услови за складирање исто како и крзнените и волнените предмети. Памучните
3
Upotstvo o skladistenju intedantskih materijalnih sredstva, 1969
8
Складирање на материјални технички средства

предмети се помалку хидроскопни и помалку се изложени од напад на инсекти.


Тоа овозможува да се складираат во слкадишта каде што температурата и
влажноста на складиштето може да се надмине над и под дозволеното. Најголем
непријател на памучните предмети се влагата и нечистотија. Памучните предмети
можат да се складираат заедно со волнените предмети, кои се заштитени од
инсекти, влага, нечистотија. Во текот на чување на памучните предмети во
складиштето според условите треба да се прегледуваат барем еднаш во
годината, за да се спречи негативното дејство на влагата и нечистотијата.
Памучните предмети се слкадираат на сталажи. Поради тоа дека се складираат
на сталажи тие се пакуваат во кутии за поголема заштита од влага и нечистотија.
Пакувањето се врши одделно според врстата на предметите, одделно по боите, и
сетоа тоа испишано со ознаки на назив, колкичина, величински број и квалитет на
спакованите предмети.4

3.1. Складирање на предмети од памучна ткаенина


Одделни предмети од памучната ткаенина се пакуваат со посебни услови.
Ако не е на друг начин пропишано се пакува на следнов начин:

Сл. 3 -
 Памучни предмети, мантили и наметки, блузи, пантолони, сите врсти се
слкадираат на ист начин. Односно се одделуваат по врсти, и се складираат
по десет парчиња во една кутија.
 Војнички кошули се спакуваат на исти начин како и во производство се
пакуваат од по десе парчиња. Под првата и над деветата се поставуваат
цврст картон и се врзува на две места. Картонот по димензии мора да биде
10mm од превитканата кошула. За заштита од прашина и нечистотија
кошулите можат да се стават во хартиени или пластични кеси.

4
Upotstvo o skladistenju intedantskih materijalnih sredstva, 1969
9
Складирање на материјални технички средства

 Војнички тренерки и слични предмети на ткаенината се пакуваат на ист


начин како и кошулите, само што на долниот дел се превиткува ставена
една ногавица на другата по должина.
 Војнички марамчиња се пакуваат во кутии по десет парчиња и се складираа
на сталажи.

4. Складирање на пумпи и противпожарни апарати


Складирањето на водни пумпи и против пожарни апарати е многу по
комплицирани за складирање во однос на другите материјални средства. Водните
пумпи при прием се проверуваат дали се исправни, доколку има неисправни
пумпи да се складираат на страна, а пак доколку исправните пумпи се складираат
на посебни места и складови. На секоја пумпа треба да има залепено посебни
номенклатурни број, од каде е доставено и кога е доатавено. Доколку пак против
пажарните апарати кога ќе пристигант во складиштето се пребројуваат колку
парчиња се пристигнати во складиштето. Тие треба да бидат спаковани со
посебни пластични кеси. Секoј пп апарат треба исто така како и водните пумпи да
се стават налепници со свои номенклатурни броеви, од каде се доставени, и до
кога е нивниот експлатационен век.

Заклучок
Во оваа семинарска задача заклучив дека секое материјално техничко
средство се складира одделно зависно од видот на материјалот и зависно од

10
Складирање на материјални технички средства

ниваната намена. Тие треба да се уредно спакувани и средени поради нивна


заштита од влага, инсекти, нечистотија и други надворешни штетници.
Секое складиште треба да си исполнува одредени критериуми за да може
тоа материјално техничко средство да се складира во складиштето. Но и да се
прилагоди на секое материјално техничко средство бидејки секое материјално
техничко средство си има свои посебни критериуми за температурата и влажноста
на воздухот во складиштето.

Користена литература

https://www.google.com/search?
q=vojnicka+oprema&biw=1600&bih=799&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=kROPVOS
3JuWeywOP9oLYDQ&ved=0CAYQ_AUoAQ
11
Складирање на материјални технички средства

Upotstvo o skladistenju intedantskih materijalnih sredstva, 1969

Ракување со материјално технички средства, Елениор Николов, скопје, октомври


2011година

12

You might also like