Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

„ПРИСТАПОТ КОН ЉУБОВТА КАКО ТЕМА ВО ДЕЛОТО ДЕКАМЕРОН ОД

ЏОВАНИ БОКАЧО“

За љубовта секојдневно се зборува како за највозвишена емоција, за неа


многумина и пишувале и пишуваат. Секој на свој начин, секој онака како ја доживува, но
Бокачо ткаејќи ги стиховите во Декамерон и дал свој слободен пристап, многу поразличен
од оној на Петрарка и на Данте. Декомерон го создал низ 100 новели, а љубовта ја
сместил како центар во новелите од третиот и четвртиот ден, односно тоа се расказите од
третата група со наслов: „Босилокот на Изабета“ и „Славејчето“.
Бокачо творејќи создавал многу ликови, со различни карактери, контрадикторни
ситуации, но сето тоа толку суптилно што не наведува на воодушевување. Тоа се случува
со ликовите на Изабета и Лоренцо. Во оваа новела пристапот кон љубовта е исконски.
Иако со трагичен крај, сепак става печат на верноста, без разлика на забраната за
остварување на една ваква љубов. Со стиховите во „Босилокот на Изабета“ Бокачо руши
бариери во време кога сталежите се јасно дефинирани и каде е невозможно остварување
на љубов помеѓу личности од различна класа - богат и сиромав, слуга и господар. Она што
мене ме воодушевува кај овој автор е неговото мислење дека секој човек е човек, без
разлика на која класа или сталеж припаѓа. Истото стојалиште и јас го застапувам и го
делам истото мислење, денес кога и во 21-от век гледаме се поголема поделеност на
релација побогати и посиромашни.
Катарина и Рикардо се новите ликови кои пак својата љубов ја остваруваат со
среќен крај. Овде пристапот кон љубовта на Џовани е толку отворено прикажан, што
речиси е зачудувачки како го илустрирал преку збориви за тоа време. Велам за тоа време
бидејќи толкава отвореност, толкава експлицитност во искажување на еротски моменти
во изразување на метафориката на “славејчето“, навистина е несекојдневно за
средновековието. Со ова Бокачо ги срушил непребојните граници во слободно
изразување на она што на некој начин природно го чувствуваат двајца млади луѓе кои се
сакаат.
И што би можел да кажам за пристапот кон љубовта на Џовани Бокачо во неговото
древно наследство со наслов „Декамерон“. Толку е спротивставено прикажан, а всушност
само сакал да ни покаже дека љубовта нема граници и дека треба да и се дозволи да им
се случува на луѓето, посебно на младите токму онака како што тие посакуваат со
единствена цел да бидат среќни и исполнети. Од чувствувањето на љубов не треба да се
срамиме, не треба да гледаме на неа како на интерес, не треба да дозволиме да се
ставаат граници врз основа на социо-економска состојба на оние кои се сакаат, туку
едноставно потребно е таа да биде силна и искрена.

You might also like