Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 22

Испитни прашања по

ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА


1. Што е карактеристично за примена на минералните води?
 Можат да бидат хипотермни, изотермни и хипертермни; растворени
минерали, гасови или микроелементи
2. Што опфаќа физикална терапија кај пациент со остеоартрит?
a. Општи мерки (отстранување и ублажување на преципитрачки фактори,
едукација на болниот)
b. Медикаментозна терапија
c. Физикална терапија
d. Кинези терапија
3. Кои се карактеристики на галванотерапијата?
 Има ексцитомоторно дејство, ја зголемува надразливоста и проводливоста на
моторните нерви и мускули
 Прави активна хиперемија, има ресорптивно дество, се внесува сп две
електроди
4. Што е карактеристично за триењето?
 Се изведува со јагодиците на прстите или дланката, се подигнува кожата од
поткожното ткиво, напречно или попречно
 Ги омекнува лузните, адхезиите и фиброзните задебелувања, помага во
ресорпција на депозити во поткожното ткиво, лигаменти, тетиви ( +
Предизвикува хиперемија на ткива, зголемува еластичност и контрактилна
способност на мускули, има и аналгетско дество – ако е на пишување)
5. Кои методи се користат во функционалната терапија?
a. Правење на јазли, плетње, ткаење, нижеење на перли, обработка на дрво,
грнчасрво, изработк на таписерии, изработка на сламени кошници, трска,
градинарство, картонажа, укоричување на книги, работа со глина, дрво,
керамтика, пластелин и боење кај децата
6. Што опфаќа третман на чкунката по ампутација?
a. Во раната пост-оп фаза потребна е нега и надзор на заздравувањето на
оперативната рана, третман на болка. Превенција на контрактури со
одржување на правилна положба и кинезитерапија. Третман на едем на
чкунката. Третман на болка со аналгетиви или електроаналгезија.
Едукација на болниот за хихиена и тоалета на чкунката.
7. Што е ергономско советување кај лумбален синдром?
 Пациентот се обучува да изведува и применува заштитни положби и движења
на рбетниот столб во секојднвниот живот и при работа
 Пациентот се обучува за основни принципи на добра биомеханика на телото
8. Што е крактеристично за хидротерапијата врз кардиоваскуларниот систем?
 Топлата вода од 36 до 39оС предизвикува аткивна хиперемија
 Жешката вода над 39оС доведвуа до вазоконстрикција во првата фаза, а во
втората ваза активна хиперемија (во трета фаза за пасивна)
 Студената вода во првата фаза предизвукува вазоконстрикција која трае 1
минута
 Студента вода во втората фаза предизвикува активна хиперемија
9. Кои се цели/задачи на рехабилитација кај пациент по цереброваскуларен
инсулт?
a. Превенција на контрактури, деформитети, циркулаторни нарушувања,
декубитлани рани
b. Вежбање на моторни активности на долен екстремитет, со цел повторно
вооспоставување на одењето
c. Вежби на горен екстремитит за постигнување на максимална функција
d. Да се обучи пациентот за извршување на активностите
e. Вежбање на говор
10. 1. Кои рехабилитациски постапки се користат кај пациент по
церебробаскуларен инсулт? 2. Што опфаќа рехабилитацијата по ЦВИ кај
пациент со хемипареза? 3. Цели на кинезитерапија при ЦВИ?
a. Во раната акутна фаза: позицинирање, пасивни движења(не смеат да бидат
форсирани), мануелна масажа, вртење на пациентот за да се спречат
декубитуси, пневмоија, тромбофлебит.
b. Во спастичната фаза: пасивни вежби, подигвање на глава и торакс од
легната положба со подметки, пациентот се поставува во седната положа,
се настојува да се наслони на заболени екстремитети, вртење во крвет,
обучување седење со спуштени нози, вежби за одење
c. Хронична фаза: Кинезитерапија (постапки за невромускулна
фасцилитација, опуштање на спастични мускули, вежби за баланс, вежби
за вертикализација), мануелна масажа, работна терапија, криотерапија,
орто помагала, електро терапија.
11. Кои се суви форми на термотерапија?
 Термофор, електрично перниче
 Парафин
12. Што значи оценка 3 на мануелен мускулен тест?
a. Со мускулна контракција мускулот е во состојба да го совлада
дејствувањето на земјината тежа и го придвижува сегментот без
дополнително оптеретување. Сочувани се 50% од мускуланта сила
13. Фотохемиска дразба настанува при примена на:
 Хелиотерапија
 Ултравиолетови зраци
14. Што е карактеристично за еритемот по примена на инфрацрвени зраци?
a. Се јавува веднаш по 1-2 минути без латентен интервал и трае еден час. Тој
е нехомоген, мрежаст, нејасно ограничен од околната незрачена кожа.
Повеќекранто зрачење може да се јави пигментација која е исто така
мрежаста, нехомогена и нејасно ограничена.
15. Што е карактеристично за примена на парафинотерапија со компреси?

2
 Тоа се повеќеслојни гази потопени во распотен парафин на температура од
55-60оС со кои се обвиткува регијата.
 Директно пренесување на топлината од парафинот на делот од телото ?
16. Што се потпазувни патерици, за што служат, кај кои состојби се
применуваат?
a. Помагала кои овозжожуваат стабилност при стоење и одење во случај на
одземеност на долните екстремитети, растоварување на долните
екстремитети, а донекаде и на рбетниот столб. Имаат склон во
потпазувната јама, така што при нивна примена дел од тежината на телото
ја носат дланките и потпазувниот дел.
17. Што е карактеристично за криомасажа?
 Има аналгетско дејство, спазмолитично дејство, се аплцира 3-10 минути
 Се прават бавни движеања во регијата со мраз кој е добиен од замрзната вода
во чаша
 Се применува за намалување на акутната болка, акутни спортски повреди,
епикондилит
18. Кои се тераписки дејства на криотерапијата?
a. Намалување на спастицитет (пормена на тонус на мускули)
b. намалување на оток и хематом (вазоконстрикција, намалена цуркулација,
со тоа и екстравазација односно крврање),
c. аналгетско дејство (намалува развој на оток и инфламација, се намалува
ослободување на супстанци кои иницираат болка, намалена кондукција на
рецептори и нервни влкана)
19. Индикации за криотерапија се:
a. Намалување на акутна болка, акутни контузии, дисторзии, спортски
повреди, епикондилит, алгодистрофичен синдром во прва фаза.
20. Која е целта на кинезитерапијата кај периферни нерви?
a. Зачувување на физиолошки обем на движење во зглобовите, превеција на
контрактура
b. Зголемувње односно обновувње на полнит обем на движење кај
контрактури
c. Задржување на моторна шема, обучувае на целни движења
d. Стимулација на функција на паретични и парализирани мускули
e. Јакнење на снага на ослабени мускули
f. Јакнење на соседни здрави мускули
g. Обнова на сензибилитет
21. Основни активности на дневен живот се:
 Комуникација (разговор, читање, пишутвање)
 Лична нега, јадење, пиење, чешлање, хигиена на лице
22. Кај вежби се применуваат кај пациент со остеопороза? Рехабилитација кај
пациенти со остеопороза:

3
a. Антигравитациони вежби со високо механичко влијание и интензитет:
пешачење, проштетки во природа, џогинг, тренинг на сила, програма на
вежби со отпор во гимнастичка сала.
b. Активни вежби и вежби со отпор за јакнење на паравертребралната
мускулатура, изомтрички вежби за јакнење на абдоминална мускуалтура,
активно вежби за одржување на обемот на движење во горни и долни
екстремтити.
c. Вежби во вода кај пациенти кои не се способни за антигравитациони
вежби.
d. Постурален тренинг
23. Кои се физички каракатристики на хидростатскиот притисок во
хидротерапијата?
 Се зголемува интраабдоминалниот притисок, се олеснува отекувањето на
венската крв и лимфата од долните екстремитети
 Инсипириумот станува отежнат, а експириумот олеснат
 Кога вронетиот дел од телото е во мирување, течност постигнува еднаков
притисок врз сите површни делови од телото на соодветна длабочина
24. Кои се влажни форми на термотерапија?
 Пелоидни пакувања
 Локални и општи бањи
25. Што значи оценка 2 на мануелен мускулен тест?
a. Мускулот е во состојба да изведе полн обем на движење во зглобот, кога
е исклучена земјината тежа (во суспензија, во водена средина, со помош
на друго лице) Сочувани се 25% од мускулната сила.
26. Термична дразба настанува при примена на:
 Инфрацрвени зраци
 Високофрекветни струи
27. Што е карактеристично за еритемот по примена на ултравиолетови зраци?
a. Локално на местото на зрачењето настанува еритем (црвенило на кожата)
по латентен интервал од 2 до 6, па и до 12 часа. Тој е хомоген и јасно
ограничен од околната незрачена кожа. Трае 2-3 или повеќе дена.
Морфолошки, се работи за алтеративно- пролиферативно воспаление на
кожата. Кожата е црвена, а може да биде лесно отечена и болна.
Еритемната реакција достигнува максимум по 12-24 часа, а потоа слабее
и по неколку дена се губи. Поради пролиферација на базалните клетки на
епидермот, кожата станува задебелена и добива темна боја, а
дегенерираните клетки десквамираат.
28. Карактеристично за примена на парафинотерапија со имерзија е:
 Се применува на шака и стапала со повеќекратно потопување во растопен
парафин
 Апликацијата трае 20-40 минути
29. Што се инвалидски колички, како се делат, кај кои пациенти се
применуваат?

4
a. Инвалидските колички се ортопедски помагала, кои се применуваат кај
пациенти кои се неподвижни поради различни заболувања и повреди: кај
пациенти со параплегија, квадриплегија, хемиплегија, ампутација,
церебрална парализа, мултипна склероза. Може да бидат собни, теренски,
тоалетни, електромоторни, колички за деца, стоечки инвалидски колички.
30. Кои вежби се применуваат кај деца со рамни стапала?
a. Вежбите опфаќаат вежби за јакнење на кратките и на долгите флекосри на
прстите, јакнење на супинатори на стапала, јакнење на пронатори на
стапала, дорзални флексори на стапала. Одење боси на псеок, камчиња.
31. Третман за стекнати рамни табани:
a. Вежби
b. Кинезитерапија
c. Мануелна масажа за да се воспостави еластичност на стапалото и
намалување на ригидитет
d. Вежби во топла вода, локални и општи бањи.
e. Ортопедски влошки (со метатрзално и навикуларно перниче)
f. Физикални процедури: патека за прошети, дијадинамски струи, ТЕНС
32. Напредни активности на дневен живот се:
 Употреба на јавен превоз, одење во пошта и банка, пазарење
33. Кои рехабилитациони постапки се применуваат кај пациент со
анкилозантен спондилит?
a. Кинезитерапија: респираторни вежби, вежби за јакнење на екстензори на
труп и екстремитети, вежби за мобилација на рбетотот и истегнање на
скратени мускили
b. Физикални процедури: термотерапија, фототерапија, електротерапија,
мануелна и подводна мсажал хелиоталасотерапија
34. Во кои установи се применува рана рехабилитација?
a. Во акутни оделенија на општа болница или некоја клиника додека болните
се лекуваат од лекари од други специјалност
35. Кои се физичките карактеристики на силата на потисок на во
хидротерапијата?
 Силата дејствува спротивно на гравитацијата
 Движењата во водата се олеснети
 Потопеното тело во вода привидно губи од својата тежина онолку колку што
што тежи волуменот на истисната вода
36. Што се статички вежби, кога и на кои мускули се применуваат?
a. Тоа се вежби кај коишто должината на мускулот односно оддалеченоста
на припоите на мускулот останува постојана. Поради тоа кај овие
контракции на мускули не доѓа до придвижување на сегментот на
екстримитетот.
b. Се применуваат кај имобилизирани екстремитети во гипс, во завој, на
екстезија – кога движењето во зглобовите е неповолно и оневозможено, а

5
истовремено е неопходно да се спроведе превенција од атрофија на
мсукулатурата и да се превенира појава на тромбофлебит.
c. Се изведуваат на долгите мускули, полесно на екстензорите на долните
екстремитети – m. quadriceps femoris.
37. Што е карактеристично за приемената на инфрацрвените зраци?
 Делуваат само апсорбираните зраци од светлите извори, продираат низ
кожата до субкутисот
 Се јавува еритем веднаш, има топлотно дејство, се применуваат 10-20
апликации.
38. Со каква цел се применуваат вежби за кифоза во детска возраст?
a. Истегање на мускули на преден торакален ѕид
b. Актинво истегање на рбетот по надолжна оска, вежби во вис
c. Истегање на мускули на задна ложа на над коленица
d. Намалување на преден наклон на карклица и корекција на засилена
лумбарна лордоза
e. Јакнење на екстензорите на торакален рбет
f. Еластично раздивжување на рбетот во целина
39. Кои се карактеристики на дијадинамски струи?
 Се применува ганглиотропно, долж нервно стебло, трансрегионално,
сегментално
 Прави активна хиперемија, има аналгетско и симпатиколитичко дејство, се
внесува со две елетроди
40. Што се применува во превенција на декубитуси кај пациент со повреда на
рбетен мозок?
a. Инспекција на кожа – се испитува сакарална регија, трохантери, пета,
колени лакта.
b. Пациентите треба да се вртат на секои два часа, загрозените места да се
масираат и да се става талк
c. Специјални антидекубитални душеци
d. Пациентот постојано да е сув, се избегнува тесна облека
e. Подигање на дел од телото во траење од 10-20 секунди
41. Што е каратеристично за мазнење?
a. Мазнењето се изведува со ритмични и бавни движења во вид на лизгање
и притискање, може да биде рамно и опфатно. Рамното мазнење се прави
со дланка, јагодица од палец или од неколку прсти, а опфатното масирање
со дланката и прсите заедно, при што мускулните групи се опфаќаат
помеѓу палецот и останатите прсти. Секогаш се врши од периферијата кон
центарот, односно во правец на циркулацијата и венскиот проток. Има
дејство врз кожата и поткожното ткиво, ја забрзува циркулацијата на крвта
и лимфата, потпомага ресорпција на оток, дејствува аналгетски, ги
отстранува десквамираните клетки на епителот.
 Се изведува со ритмични и бавнни движеања во вид на лизгање и притискање,
намалува болка

6
 Се изведува во насока на венската и лимфната циркулација, делува на оток
42. Што е електрофореза со лекови и кои лекови најчесто се применуваат?
a. Електрофореза е електротераписка постапка на внесување на лекови во
организмот со посредство на галванска струја.
b. Јод, аналгин, кетопрофен, диклофенак, новокаин, кортикостероиди,
хидрокортизон, дексаметазон, вазодилататори, редергин.
43. Кое е дејството на кратките бранови?
a. Ја зголемуваат циркулацијата на крва и лимфата
b. Ги зголемуваат метаболните процеси
c. Ги зголемуваат дифузионите процеси и пропустливоста на капилари
d. Се ресорбираат патолошките продукти
e. Се намалува отокот на ткивата
f. Стимулација на регенеративни процеси
g. Се зголемува ензимска активност
44. Какво дејство имаат пелоидите:
 Термичко, хемиско и механичко
45. Што е карактеристично за статичните вежби:
 Активни вежби кај кои оддалеченста на припоите на мускулоте останува
постојана
46. Што е супституција?
 Замена, надомест на изгубен дел од телото или фунција
47. Што е радијација?
 Пренос на топлина по пат на елтектромагнетно зрачење
48. Што е одалка и за што служи?
 Ортопедско помагало за одење со 4 точки на ослон
 Ногарките можат да бидат без или со тркалца
49. Што е одалка и за што служи?
a. Помагало за одење кои има 4 точки на ослон, од кои двете предни ногарки
може да бидат со ило без тркалца, а задните се стабилно. Постојат и одалки
на кои сите 4 точки се со тркалца –ролатор. Од со помош на одалка без
тркалца се применува во случај на тешко нарушување на рамнотежа и
перцепција, кај пациенти кои имаат потреба од растеретување на едната
нога, особено корисна кај постари пациенти. Одалка со 3 или 4 тркалца го
олеснува движењето кај пациенти кои имаат намалена координација на
горни екстремитети.
50. Што е каратеристично за лекување на цервикален синдром?
 Се применуваат ТЕНС, дијадинамски струи, тераписки ултразвук
51. Кои методи на рехабилитација се применуваат кај деца со церебрална
парализа?
a. Аналитичка пкола по Фелпс (по условно рефлеткорен пат да се создаде
релаксција на спастични мускули)
b. Глобални методи: методи на Темпл Феј, проприоцептивна
нервромускулна фасцилитација по Кабат, невроразвоен третман со

7
рефлексна инхибицја и фацилитација по Бобат, методи на рефлексни
движеања по Војта, кондуктивна едукација по Петро.
52. Што е карактерустулно за реакцијата на нервниот систем при примена на
хидротерапија?
 Општите топли температури делуваат седативно, а студените надразнувачки
и тонизирачки
53. Конвекција претставува:
 Пренесување на топлина преку медиум кој е во постојано струење (течност,
гасови)
54. Што е каратеристично за ортозите?
 Се слушат за ограничување за движење во некој зглоб, за растоварување на
екстремитетот
 Служат за корекција на деформитети во детска возраст, особено на рбет
55. Што е хидротанк?
 Специјална када во форма на пепертука за хирокинезитерапија и подводна
масажа
56. Што се активно-потпомогнати вежби и кога се применуваат?
a. Преоден вид помеѓу активни и пасивни движења, во случај кога
мускулната снага не е толку голема да за може да изведе активна вежба.
57. Кои се локални реакции на примена на ултравиолетови зраци?
 Појава на еритем, пигментација
 Забрзана гранулација и епителизација на епителот, бактерицидно дејство
58. Кај кои состојби се применуваат локлано УВ зраци?
a. Кожни болести(псоријаза, акни)
b. Васкуларна хирургија(улкус крурис)
c. Отворени рани и улкуси
d. Ревматски заболувања
e. Забавено создавање на калус
f. Туберкулоза на коски и зглобови
g. ПУВА терапија
59. Што опфаќа терапија на пациент со ревматоиден артрит?
 Во субактуна фаза се применува магнетотерапија, дијадинамски струи,
електрофореза со НСАИЛ
60. Кои методи на рехабилитација се употребуваат во акутна фаза на
реуматоиден артрит?
a. Mирување во постела и позиционирање (во положба која е спротивна на
онаа со тенденција за контрактура или во најдобрата функционална
положба); криотерапија (криомасажа, пакувања со мраз, спреј или вода со
мраз); кинезитерапија (вежби дишење, обука за релаксација, изометрични
вежби за снага, благи активни и активно потпомогнати вежби до граница
на болка); едукација
61. Кои се фази во третман на пациент со ампутација?

8
a. предоперативна; оперативна; постоперативна (рана постоперативна,
претпротетичка и протетичка фаза)
62. Што опфаќа постпротетска рехабилитација кај натколоена ампутација?
a. Обука за правилно поставување и симнување на протезата
b. Интензивна кинезитерапија
c. Вежби на душек со справи, вежби со протеза
d. Одење со протеза во разбој,
e. Вежби одење со две патерици, па со една, па со бастун, па без помагала
f. Седнување и станување од столици
g. Одење по скали
h. Паѓање и станување со протеза
63. Кои ортопедски помагала се користат кај пациент со
хемипареза/хемиплегија како последица на цереброваскуларна болест?
a. Се користи митела за горен екстремитет при нивна вертикализација, се
користи привремени лонгети за плегичниот долен екстремитет, а во фаза
на обука за одење и помагала за одење(бастуни).
64. Кои тераписки процедури се применуваат во рехабилитација на пациенти со
повреда на рбетен мозок?
a. Акутна фаза: најголема внимание се посветува на респираторен тракт,
превенција на компликации(декубитуси, контрактури), одржување на
обем на движење, фацилитација на активни движеања во сочувана
мускулатура
b. Фаза на мобилизација: Кинизитерапија – пасивни вежби за зглобови во
одземени екстремитети, аткивно потпомогнати вежби за паретични
мускули, активно вежби за сочивана мускултура на телото, вежби за
седење, стоење и одење во разбој. (фаза на мобилизација и како посебно
прашање)
65. Кои се основни параметри на балнеотерапијата/минерални води?
a. Вкупна минерализација, јонски состав, содржина на микроелементи,
концентрација на радиоактивност, температура и рН реакција.
66. Во која рака се носи бастум?
a. Во спротивната страна од повредена и заболена нога
67. Кои се целите во претпротетската фаза на рехабилитацијата кај пациент со
натколена ампутација?
a. Намалување на едем на чкунка
b. Превенција на контрактура во колено или колк
c. Јакнење на мускулатура на чкунка
d. Зголемување на обем на движење во колено или колк
e. Јакнење на мускултура на труп
f. Совладување на сомостојно одење со помагало
g. Постигнување независност во активност на дневен живот
68. Koe e oпштото дејство на УВ зрачењето?
a. Подобрување на имунолошкиот систем, подигање на отпорност кон
инфекции

9
b. Во кожата од 7-дехидрохолестерол се создава витамин D3
c. Забрзување на оксидоредуктивни процеси
d. Зголемен број на еритроцити и леукоцти, зголемено ниво на хемоглобин
e. Промени во реакција на вегетативен систем
f. Подобрување на ендокрини жледзди
69. Индикации за инфрацрвено зрачење:
a. Цервикален и лубален синдром, артрози, артртит, мијалгии, тендинит,
бурзите, хроничен синузит, хроничен отит и ринит, површни промени на
кожа
70. Што се патерици, видови и кај кои лица се применуваат?
a. Помагала кои овозможуваат стабилност при одење и стоење во случај на
одземеност на долни екстремитети. Се користат за растоварување на
долни екстремитети и донекаде и рбетниот столб
b. Се делат на подпазувни и подлактни. Изработени од дрво или метал
71. За што се користат ортопедските помагала?
a. Служат за воспоставување или подобрување на функцијата при оштета на
локомоторниот и нервниот систем. Се користат за да се овозможи
пациентот да стане посамостоен и самостоен во извршувањето на
секојдневните активности.
72. Цели на кинезитерапија?
a. ресторација на функција
b. корекција на функцијата
c. компензација на функцијата
d. супституција на функцијата
e. подготовка за нова професија
f. подобррување на регнерација на ткива
g. психогено дејство
73. Што се активни вежби?
a. Активните вежби се изведуваат самостојно од страна на здраво лице
претходно создавајќи си претстава за тоа движење и целта која треба да се
постигне.
b. Интензивна промена на циркулацијата, поголема оксигенација на ткива.
c. Активните движења се извведуваат до граница на појава на болка.
Болката е сигнал дека движењето е доволно и врз основа на тоа се врши
дозирањето во кинезитерапијата.
d. Во однос на видот на мускулната контракција – активните вежби може да
бидат статички и динамички !
74. Што се динамички вежби ?
a. Вежби кои се изведуваат со придвижување на сегментите на кои се
припоени активните мускули. Тие се изведуваат кога мускулите се во
состојба да ги придвижуваат сегментите со или без отпор, кога е барем
делумно сочувана подвижноста и кога нема локална болност.
b. Тонусот кај овие вежби расте до извесен степен на почетокот,а потоа е
изотонус.

10
75. Што претставуваат пасивни вежби и кај се применуваат?
a. Вежби кои се одвиваат без активно учество на пациентот.
b. Се применуваат во сосјтоби кои не е можно да се примента акттивни
вежби: при млитава флакцидна парализа за да се спречат контрактури на
зглобовите.
76. Третман на сколиоза опфаќа / физикални процедури кај деца со сколиоза:
a. Лекувањето може да е конзервативно и оперативне.
b. Ккинезитерапија со асимтерични вежби кај сколиоза без фиксирана
кривина и симетрични вежби за мобилизрање на рбетот
c. Кинезитерапијата опфаќа: вежби за зголемена подвижност на рбетот,
вежби за активно јакнење на екстентори на грбот, вежби за корекција на
сагитална кривина на рбетот, вежби за истење на адукторите на
надколеницата, постурални вежби и вежби за обликување.
d. Хидрокинезитерапија во базен
e. Употреба на ортози кај кривина поголема од 20 степени
77. Терапија после фрактура: (рехабилитација)
a. Физикална терапија за стимулација на калус: фототерпаија (УВ),
електротерапија, сонотерапија
b. Кинезитерапија: се јакне мускултарута на на повредениот дел, одржување
на обем на движење во зглобови, спречување на појава на трмобоза на
крвни садови, спречување на појава на декубитус
c. Хидротерапија во базен или хидротанк
d. Термотерапија (ИФР), парафин за совладување на контрактури
e. Работна терапија
f. Мануелна масажа – не во дел на фрактурата
g. Ортопедски помагала
78. Кои се цели на физикална терапија?
a. Намалување и остранување на болка
b. Подобрување на локална циркулација
c. Намалување на едем
d. Подобрување на трофика
e. Процеси на репарација и регенерација
f. Воспоставување на функција на одземени нерви
g. Совалдување на контрактури
h. Воспоставвување на координација на движење
i. Стимулација на создавање на калус
79. Што е климатотерапија и кои се климатски фактори?
a. Медицинскат климатологија го проучува влијанието на времето и климата
врз човечкиот организам. Тоа може да биде поволно кога се зборува
климатотерапија, но може да биде и штетно.
b. Климатските фактори се делат на атмосферски или метеоролошки
(температура, влажност, врнежи); космички(сончева радијација);
земни(магнетизам на земја, радиоактивост)
80. Кои се општи контраиндикации за приемна на физикална терапија?
11
a. Малигни тумори
b. Системски заболувања на крвта
c. Кардиоваскуларно заболуваање со декомпензирано срце
d. Респиратнрни заболувања со декомпензација
e. Малигна ХТА
f. Активна туберкулоза
g. Кахесија
81. Кои се индикации за кинезитерапија?
a. Трауматологија: фрактури на коски, ампутации на екстреитет,
параплегија, кквадриплегија
b. Ортопедиа: состојби по контрактури, сколиоза, кифоза, лордоза,
деформитети на стапало
c. Неврохирургија: краниоцеребрална повреда
d. Неврологија: парализа на периферни нерви, парализи како последиза на
ЦВИ
e. Ревматологија: РА
f. По изгореници, пост-АМИ.
82. Кои се индикации за хидрокинезитерапија?
a. посттрауматски состојби, особено на карлицата и долните
b. екстреми тети,
c. посттрауматски контрактури на зглобовите,
d. млитави парези и парализи,
e. спастични парези и парализи, мултипла склероза (без сфинктерни
потешкотии), некои видови на детска церебрална парализа (без
епилепсија),
f. примарни мускулни заболувања (миопатии),
g. остеоартритис на периферните зглобови,
h. лумбални дископатии,
i. ревматоиден артритис,
j. анкилозантен спондилит,
k. периартрит на рамо,
l. алгодистрофии,
m. сколиози и други деформитети на ΄рбет,
n. конгенитална луксација на колкот,
o. состојби по имплантирана ендопротеза,
p. Шоерманова и Пертесова болест,
q. нарушување на венската циркулација на долните екстремитети,
r. инфаркт на миокард во фаза на подоцната рехабилитација.
83. Кај кои состоби се применува општо зрачење со ултравиолетови зраци?
a. Се применува кај нарушување на метаболизмот на калциум и фосфор, за
превенција на остеопороза, рахит, остеомалација
b. За лекување на рахит
c. Остеомиелит
d. Анемија

12
e. Екстрапулмонални форми на туберкулоза
f. Дерматолошки заболувања
84. Како се делат ортозите за рбет?
a. Можат да бидат ортози за врат – Шансова кравата, за торакален, за
тораколумбален (пр. Корсети за кифоза и сколиоза во детскта возраст),
лубален дел(платнен лубален корсет засилен со фишбајн).
85. Што се респираторни вежби и кога се применуваат?
a. Респираторните вежби се вежби кои имаат за цел воспоставување и
одржување на нормланта белодробна вентилација, спречување на стаза на
белодробна циркулација во долните делови на белите дробови и
спречување на настанување на компликации при дишење.
b. Со нив се подоврува белодробна вентилацијам се олеснуваат или
спречуваат напади на отежнато дишење, подобруваат екскурзии на граден
кош со зголемување на сила на дишна мускуалтура, подвижност на
дијафрагмата, подобрување на циркулација, отсранување на секрет од
бронхите.
86. Кој е пример за специфична реакција на организмот по приемена на
физикален агенс?
 Создвање на Д3 витамини под дејство на ултравиолетови зраци (+ пишување
како пример)
87. Кое е дејстово на локалното зрачење со ултравиолетови зраци?
a. Еритем, пигментација, стимулација на регенрација на клетки, забрзана
гранулација и епителизација на епителот, бактерицидно дејство.
88. Кои се биолошки реакции на организмот по примена на физикална
терапија?
a. Локална вазомотрона реакција
b. Интра и екстрацелуларна промена на концентрација на јони
c. Промена во мембрански потенцијал и формирање на акционен потенцијал
на нерви и мускули
d. Промена на пХ на средина
e. Стимулација на создавање на биолошки активни супстанци(хистамин)
f. Создавање на аферентни импулси до различни нивоа до ЦНС
g. Процеси на биосинтеза
89. Што е тераписко дејство на инфрацрвни зраци?
a. На местото на зрачење доаѓа до активна хиперемија како последица на
дилатација на артериоли и капилари. Се забрува локално метаболизмот.
Се отрануваат распадните продукти на метаболизмот. Се подобрува
трофика на ткивата. Се зголемува ренеративната способност на ткивата.
Се зголемува пропустливоста на клеточните мембрани. Се намалува едем,
се намалува болка.
90. Што опфаќа терапијата на кокошкини гради во детска возраст?
a. Кинезитерапија со вежби за дишење и зајакнување на мускулатурата на
градите и рамениот појас.

13
b. Хидрокинезитерапија и пливање, земање на витамин Д, сончање,
рекреативни активност.
c. Ортоза со градна пелота.
d. Хирургија
91. Кои физикални агенси се користат во акутната фаза на комплексен
регионален болен синдром?
a. Редукција на едемот со позиционирање, елевација на екстремитет и
криотерапија.
b. За нормализирање на тонус на симпатикус, дијадинамски струи.
c. За намалуванје на болката ТЕНС, дијадинамски и интерференти струи.
d. Кинезитерапија со активни вежби
92. Кои се цели на окупационата работа?
a. Психичко ангажирање на пациентот, за да не мисли на својата болест или
оштетување.
93. Кој е механизмот на дејство на екстензијата?
a. Можност да се зголеми интервертербарлниот простор, се раздвојуваат
зглобните повржини и се прави дистракција на задните интервертебрални
зглобови
b. Се прошируваат интервертербалните простори, се истегнува мекото
ткиво, лигаменти и мускули
94. Кои физикални агенци и рехабилитациони постапки се применуваат кај
пациент со цервикален синдром?
a. Во акутна фаза: мирување, одмор, примена на заштитни положби,
релаксација на мускулатура со промена на валчеста перница,
растеретување на врат со Шансова кравата.
b. Субакутен стадиум: електротерепија од тип дијадинасмки струи, ТЕНС за
намалување на болка, сонотерапија, галвано терапија, интерферентни
стуи, екстензија, фото и термотерапија
95. Кои се целите на фунцкионална работна терапија?
a. Јакнење на мускулна сила
b. Зголемување на аплтитуда на движење за зглобови
c. Подобрување на координација на движење
d. Подобрвуање на брзина на движење, осопособување за активности на
дневен живот
e. Подобррување на функција на сензибилетет и сетило
f. Совалдување на дерпесијата
g. Подобро снадоѓање во општетсвото
96. Што е професионална рехабилитацика?
a. Професионално осопособување. Болниот треба во зависност од неоговата
здравствено состојба да се оспособи за до тогашната професија или за
некоја друга професија (преквалификација), а ако претхнодно немал
никакво занимање да се оспобои за одредена квалификација. Основна цел:
срекнување на стручна спрема.
97. Што е социјална рехабилитација?
14
a. Процес кој се одвива во текот на медицинската и професионална
рехабилитација, во домен на социланиот работник, во смисла на грижа за
материјални проблеми(финансиска помош, пензија) и останати проблеми
за средување лични, семејни и социјални состојби). Полноправен член на
општеството.
98. Терапија на луксација на колк:
a. Се започнува веднаш по раѓање. Се применуваат ортопедски корективни
апарати, ременчиња, гакички за одрживат на колковите во флексија и
абдукција.
b. Кинезитерапија за зајакнува пелвиофеморална мускулатура
c. Хидрокинезитерапија во топла вода
99. Кај кои здравствено состојби се применуваат ортопедски чевли?
a. Изразени деформитети на стапало во детска возраст, абревијација на
едната нога, ампутација на прсти во спој со потколеничен или
надколеничен апарат (чевли со узенгија), чевли со протеза
100. Кое е рефлексно дејство при зрачење со ултравиолетови зраци?
a. Рефлексни реакции кои настануваат преку кутовисцералните
рефлекси(Хедови зони) кои на внатрешните органи предизвкуваат:
намалување или остранување на помали болки и воспалителни процеси,
зголемена функција на бубрезите, пад на крвен притисок, подобрена
циркулација на внатрешни органи.
101. Бартел индекс преставува:
 Мерка за процена на општиот фунцкионален статус
102. Кондукција претставува?
 Директно пренесување на топлина од молекула на молекула кај цврсти тела
103. Кои се својства на парафинот?
 Не се раствора во вода, не се меша со неа, при ладање се стега
 Има голем топлотен капацитет
104. Оцена 4 на мануелен мускулен преглед значи?
a. Со мускулната контракција се изведува движење со совладувае на
земјината тежа и умерен дополнителен отпор со оптоварување кој го
прави терапевтот. Сочувани се 75% од мускулната сила.
105. Што се добива со терапија со експоненцијални струи?
a. За стимулација на денервирани мускули се применуваат експоненцијални
импулси. Тие се одликуваат со постепен пораст на интензитетот, кој ако
се прикаже графички има форма на закривена линија, а математички
одговара на експоненцијална крива. За дразнење на парцијално
денервираните мускули со експоненцијални импулси се постигнува
селективна контракција на денервираните мускулни влака, бидејќи тие се
контрахираат со понизок интензитет одколку влакната со интактна
инервација.
106. Какво дејство имаат интерферентните струи?

15
a. Аналгетско дејство, симптаиколитично дејство, предизвикуваат активна
хиперемија, позитивно трофичко дејство, антиедематозно,
антиифламаторни дејство, ја менуваат рН кон алкална, забрзана
регенерација при повреда на периферни нерви, подобруваат
функционална состојба на невромускулен апарат.
b. Се применуваат локално, сегметно, во предел на Хедови зони,
ганглиотропно.
107. Како се нанесува инфрацрвена светлина?
a. Директно на кожата. Се нанесува под прав агол, со ламба на растојание од
25-40цм, а ако е со поглема снага 40-80цм. Ако се зрачи лицето – треба
ламбата да е со помала сила ( 150 W ) oчи затворени и со темни стакла.
Интензитетот прво е помал, потоа се зголемува.
108. Што е бастум и за што служи?
a. Бастумот е најчесто помошно средство кое го користат болните при
одење. Постојат алумиумски и дрвени. Потребно е да се прилагоди
неговата висина. Се носи во онаа рака на спротивната страна од
повредената нога.
109. Што претставува функционален статус на пациент, како се одредуваат
степени на независност?
a. Функционалниот статус на пациентот означува дали има нарушувања во
функционирањето на пациентот, односно дали постои попреченост и
онеспособеност. Степенот на независност се проценува со Barthel-ов
индекс, преку изведување на 10 задачи од областа самозгрижувањето и
активностите на днениот живот. 1. Независност 2. Потреба од надзор 3.
Потреба од помош или помагала 4. Зависност
110. Што се вежби во суспензија и кога се применуваат?
a. Вежбите за суспензија се потпомогнати вежби, за чие изведување
потребно е екстремитетот да се постави обесен преку манжетна за јаже,
која е прикачена на рамка за да се обезбеди клатење. Најчесто се користат
кај парализа од периферен тип, повремено кај пост-трауматски состојби
во почетна фаза на лекување
111. Што се контрастни бањи?
a. Тоа се посебен вид на локални бањи. Се состојат од наизмнична примена
на топла и студена вода. Се користат две кадички од кои едната има топла,
а другата студена вода. Прво се почнува со топлата бода, при што се
префрла екстремитетот во ладната. Посебен тип на констрастни бањи се
патеки за прошетка. Се користат кај пост-трауматски состојби, спортски
повреди, циркулаторни поромени на долни екстремитети и др.
112. Криотерапија кај свежи повреди делува:
a. Прави вазоконстрикција и зголемена вискозност на крв, забавува
циркулација, такашто се намалува ексудацијата и крварењето и се
спречува појава на оток или хематом.
113. Опиши апликација на криотерапија си имерзија?

16
a. Се изведуваат потопувања на екстремитети, најчесто шака или стапало во
многу студена вода од 13 до 18 степени во која пливаат коцки мраз.
Потопувањето трае неколку секунди до пола минута, пауза од пола
минута. Се изведува 5-8 пати.
114. Рехабилитациони вежби кај пациент по оперативен третман на колк?
a. Физикална терпија за стимулација на калус (фото, електро, соно)
b. Кинезитерапија
c. Хидротерапија
d. Термотерапија
e. Работна терапија
f. Мануелна масажа, проксимално и дистално од фрактурата.
115. Индиферентна температура за водата е
 34-35оС
116. Точката на толеранција на водата изнесува:
 43 – 46 °С
117. За што се применува четириќелиска бања и како изгледа?
a. Четириќелиската бања се состои од четири кадички од изолатор
(пластична маса, плекси стакло), две за горните и две за долните
екстремитети. Во секоја кадичка на бочните ѕидови се наоѓа пар на
графитни или метални електроди, со кои пациентот при примањето на
процедурата не треба да дојде во допир. Во кадичката се налева топла вода
и пациентот ги става рацете во кадичката во долна третина од
надлактицата и нозете до средина на потколениците. Се применува кај
различни ревматолошки, ортопедски, невролошки заболувања,
посттрауматски состојби и др.
118. Како делува галванската струја врз крвните садови?
a. Активна хиперемија на местото на галванизација (на површните и
длабоките крвни садови), како и рефрактерно на оддалечени места преку
вазомоторните центри во ’рбетниот мозок и во мозокот. Поради
хиперемијата доаѓа до: подобра ресорпција на распаднатите продукти,
подобро трофичко дејство, забрзан метаболизам, донесува активни
супстанции и кислород, подобра размена на киселите продукти на
метаболизмот и нормализација на рН вредноста на ткивата.
119. Кое е механичкото дејство на ултразвукот?
a. Се состои во наизменичен ултразвучен притисок, згуснување и
разредување на ткивата, и забрзување на честичките кои вибрираат, а се
манифестира во вид на микромасажа која се одвива на клеточно и
субклеточно ниво.
120. Што е индиферентна температура?
a. Tемпературата при која организмот во контакт со топлинскиот медиум
најмалку прима, односно најмалку оддава топлина се нарекува
индиферентна температура
121. Најдобар начин за употреба на парафин на лице:

17
 Апликација (парафинска маска)
122. Контраиндикации за употреба на инфрацрвено зрачење се?
 крвавење и склоност кон крвавење, малигни тумори, туберкулоза, заразни
болести, фебрилни состојби, декомпензирано срце, бели дробови, хепар,
оклузивни артериски болести, инкапсулирани жаришта на инфекција, променет
сензибилитет, висок крвен притисок.
123. Што е рехабилитација?
a. Според СЗО: Употреба на сите средства со цел намалување на влијанието
на онеспособувачки состојби и состојби на хендикеп и овозможување на
лицата со онеспособеност да постигнат оптимална социјална интеграција
b. Rехаблитацијата се дефинира како развој на едно лице кон потполн
физички, психички, социјален, професионален, вонпрофесионален и
едукациски потенцијал, во согласност со неговото физиолошко или
анатомско оштетување и ограничувања од опкружувањето;
124. ТЕНС има:
 аналгетско дејство
125. Што е галванска струја?
a. Е еднонасочна константна струја која не ги менува насокота, јачината и
напонот. Дејството на галванската струја врз човековиот организам е
одредено од продирањето во ткивата. Струјата минува низ изводните
канали на потните и помалку низ изводните канали на лојните жлезди и
меѓуклеточните простори. Добро ја спроведуваат крвта, лимфата,
цереброспиналната течност, паренхимните органи и мускули, додека
слаби спроводници се масното ткиво, тетивите, нервите и коските. Струја
не спроведуваат рожниот слој од сувата кожа, нокти и влакна. Во
физиолошко дејство на галванската струја спаѓаат: ексцитомоторно
дејство, ефект на протрахирана хиперемија со позитивно трофичко
дејство, аналгетско дејство и ресорптивно дејство.
126. Пелоиди се:
a. пелоидите (кал) се природни лековити фактори на тлото, кои настануваат
под влијание на геохидролошки, биолошки, хемиски и климатски и други
процеси.
127. Бисерни бањи се:
a. Бањи во кои се додава воздух и имаат изразено седативно и релаксантно
дејство(спаѓа во хидрокинетички процедури).
128. Кои се контраиндикации за спинална тракција?
a. Тешка дискус хернија кај која постои индикација за операција
(лумбоишиалгија со тешки моторни испади и синдром на cauda equina),
b. активен туберкулозен процес, ТБЦ спондилит,
c. коскени тумори, фрактури и сублуксации на прешлени,
d. цервикална миелопатија, засегнатост на ниво С1 – С2 прешлените кај
ревматоиден артрит,
e. изразена остеопороза, болест на Шоерман, Paget – ова болест,

18
f. анкилозантен спондилитис, стеноза на вертебралниот канал,
g. тешка вродена кифоза,
h. бременост, гноен остеомиелитис, воспалнение на околните меки ткива,
активна инфекција, остеомалација
129. Кои физички агнеси прават механички дразби?
a. Uлтразвук, масажа (мазнење, триење, гмечење, тропкање, вибрации),
кинезитерапија, вакум масажа, сонотерапија.
130. .Што е гмечење и како се изведува?
a. Се применува при масажа на мускулите и може да се врши со една или
двете раце, при што мускулите се опфаќаат помеѓу палецот и останатите
прсти и се гмечат. Ако мускулите се непристапни и неможе да се опфатат,
палците се ставаат од истата страна на мускулот, а останатите прсти од
спротивната страна и потоа палците се придвижуваат во спротивна насока.
b. Може да се одвива на два основни начини: 1) притискање на мускулната
маса кон основата, 2) подигање на мускулната маса од основата. Може да
биде и во вид на ритмично усукување, валање, тресење и истегање.
131. Во што се состои топлинското дејство на ултразвучната терапија?
a. Може да јазголеми температурата на ткивата во длабочина не повеќе од 5
см, настанува вазодилатација, се јавува зголемена растегливост на
фиброзното ткиво, кај зглобната капсула, лигаментите, тетивите и
ожилното ткиво, се намалува вкочанетоста во зглобот.
132. . Што се тоа дијадинамски струи и кое е нивното дејство?
a. тоа се еднонасочни нискофреквентни импулсни струи со
полусинусоидален облик кои се состојат од серија на различно
модулирани импулси според фреквенција, интензитет и амплитуда. Тие се
со фреквенција од 50 – 100 Hz и траење на импулсто од 10 ms. Овие
модулации се комбинираат со галванска струја (база) која е со низок
интензитет и кратко траење, кое е обично во периодите на менување на
половите на електродите. Тие имаат аналгетско дејство,
симпатиколитично дејство кое предизвикува вазодилатација,
предизвикува хиперемија, ја подобрува трофиката на ткивата и ја
подобрува ресорпцијата на отокот и на хематомот, спазмолитички ефект
со намалување на спазамата на мускулите и намалување на болката,
миостимулативно дејство при што се стимулираат инактивни нормално
инервирани мускули.
133. На колкава регија од телото се применува еритемско зрачење од 2 степен?
 на 20% од површината на телото (регионално зрачење)
134. Лекување кај Пертесова болест опфаќа?
a. Спречување на формирање на деформација на к=главата на фемурот и
секундарно остеоартроза
b. Се препорачува мирување во постела, а потоа растеретување на зглобот
преку одење со патерици
c. Кинизитерапија во растоварена положба на болната нога
d. Електротерапија (ЕФ со новокаин)
19
e. Фототерапија
135. Точката на толеранција за пелоиди изнесува:
 50 – 53 °С
136. Пациентот е:
 Субјект
137. Што е точка на толеранција за топло и студено?
a. Oнаа температура која не го загрозува животот на клетките од ткивата и
не доведува до појава на болка. Температури над овие граници може да
доведат до трајни оштетувања на ткива или органи. Изнесува: за воздух
100 °С, за парафин 65 – 70 °С, за пелоиди 50 – 53 °С, за вода 43 – 46 °С.
138. За што се употребуваат ортопедските помагала?
 Служат за воспоставување или подобрување на функцијата при оштетување на
локомоторниот и нервниот систем.
139. Кои се методи на тераписка масажа?
a. мазнење, триење, гмечење, тропкање, вибрации.
140. Што е физикална дијагностика?
a. Претставува примена на физички агенси во дијагностицирање на
заболување, дијагностицирање на функционален статус, следење на
исходот од лекувањето со помош на мерни вредности и различни тестови.
Се применува електродијагностика, сонодијагностика и др.
141. Што е физикална терапија?
a. Посебна медицинска дисциплина која се базира на примена на физички
агенси со цел лекување и оспособување на заболени и повредени и е еден
сегмент од поширокиот поим – медицинска рехабилитација.
142. Што е компензација/компензаторна супституција?
a. Претставува надомест на изгубената функција преку зголемување на
некоја друга функција која може да ја надомести изгубената. Тоа значи
дека ослабената или изгубената функција се надоместува со зголемување
на функцијата на истиот орган или декот од телото или пак со зголемување
на функцијата на друг дел од телото или орган. Пример при настанување
повреда на мускул, со увежбување на истиот мускул се зголемува бројот
и дебелината на мускулните влакна па е можна компензација на
изгубената функција на мускулот или пак функцијата може да се
компензира со зголемување на функцијата на друг мускул – синергист,
или друг орган ако е тој парен.
143. Начин на примена на термотерапија/парафинотерапија:
a. Термотерапија претставува лекување на болните со примена на топлина
која се пренесува по пат на: кондукција, конвекција и радијација. Обично
се подразбира примена на егзогена површинска топлина која се добива од
загреани тела кои служат како преносители на топлина и се нарекуваат
термотераписки средства. Парафинотерапијата претставува
распространета, ефтина и едноставна физикална процедура. Во тераписки
цели се користи прочистен медицински парафин, кој е провидно беличеста

20
маса во цврста состојба, без вкус и мирис, масен под прсти. Се топи на
температура од 45 - 52°С, а се применува загреан на температура од 52 -
60°С кога нема опасност од изгореници. Пред лекување треба да се
провери површината на која треба да се аплицира парафинот, на неа да
нема инфкеција, повреда, или пак нарушување на сензибилитетот за
топлина. Ако има помали повреди може да бидат препокриени со
непропустен материјал, како што е пластичен фластер или непропустна
газа. Чувството кое пациентот го има при примена на загреан парафин на
кожа во почетокот е жештина, но не толкава да предизвикува болка, а по
3 – 5 минути пријатна топлина. Може да се примени на неколку начини:
апликација, имерзија, компреса, калап.
144. Што е хидростатски притисок?
a. Претставува притисок на столбот на водатана см2 од површината на
телото.
145. Хидрокинетички процедури:
a. претставуваат примена на механичките ефекти на водата во тераписки
цели и во нив спаѓа подводна масажа, тушеви и хидрокинезитерапија.
146. Хидрохемиски процедури:
a. додавање на одредени хемиски, биолошки активни материи во водата кои
го зголемуваат биолошкото дејство врз организмот. Најчесто се користат
во форма на бањи кои во зависност од составот на водата можат да бидат
ароматични, гасовити, минерални и комбинирани.
147. Колку време трае терапијата со ИЦ зраци?
a. Од 10 до 20 максимум 30 минути.
148. Дејство на ИЦ и УВ зраци врз рана:
a. Инфрацрвените зраци делуваат поволно на регенерацијата на ткивата при
што ја подобруваат гранулацијата, и заедно со ув зраците кои ја
подобруваат епителизацијата се применуваат во лекување на рани кои
брзо зараснуваат.
149. Како делува криотерапијата на мускулниот тонус?
a. Доведува до намалување на мускулниот спастицитет
150. За што се користат гимнастичките вежби?
a. Со медицинска гимнастика се третираат проблеми како што се:
подвижност на зглобовите и `рбетот, мускулната сила и издржливост,
изведување едноставни движења, изведување сложени движења,
автоматизација и координација на сложени движења, дозирање на
движењето, контрола на изведување на вежбите и контрола на состојбата
на пациентот, обука на пациентот да изведува вежби, обновување на
делумно или потполно нарушените функции, дозирање на
оптоварувањето во текот на вежбите.
151. Кои се предности на мануелен мускулен тест?
a. Може да се направи во здравствени организации и во домашни услови, не
бара посебна апаратура, едноставен е за изведба, не го заморува
пациентот, дава релативни субјективни податоци, дава увид во ефектите

21
на правилната кинезитерапија и физикална терапија, што овозможува и
благовремена корекција на терапијата.
152. Какво дејство има конвенционален ТЕНС?
a. Аналгетско дејство и при негова реакција не треба да настане моторен
одговор.
153. Кои се факторите на таласотерапија?
a. Пприморска клима, морска вода, Сончева радијација, аеросол, морски
пелоиди, песок, алги.
154. Што е хидрогалванска када?
a. Погодна за примена, бидејќи водата рамномерно ги опфаќа сите делови од
телото, спроведувањето на струјата е едноставно, на голема површина на
телото.
155. Што е таласотерапија?
a. лекување со природни лековите фактори кои се карактеристични за
морето и за приморјето.
156. Колку треба да е голем потисокот и зошто е важен?
a. Секое тело во вода привидно губи од својата тежина онолку колку што
тежи волуменот на истиснатата вода. При потполна имерзија тоа изнесува
3% од вистинската тежина, при имерзија до вратот 7%, до градите 33%, а
до стомакот 50%. Силата на потисокот изнесува спротивно на
гравитацијата, така што во случај на применана вежби во вода за
подобрување на мускулната сила и функција, но при контролирано
оптоварување болнио може да оди во вода која ќе му биде до висина на
вратот. Благодарение не потисокот сите движења во вода се олеснати
бидејќи се изведуваат во услови на намалена гравитација. Тоа се користи
за вежби кои треба да се изведат во растоварена положа, како и за јакнење
на паретична мускулатура.

22

You might also like