Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Правата на децата

Сите луѓе во светот имаат свои загарантирани права.Првиот


документ кој ги поставил тие права е ,,Големата повелба за
правата” во 1215 година.Потоа на повисоко ниво била напишана и
декларацијата за правата на човекот и граѓанинот во 1789 година.
Овие декларации имаат големо значење и влијание за да биде
напишан и најсовремениот документ во 1948 година Универзална
декларација за човековите права и е актуелна и важечка до ден
денес.
Како возрасните, така и ние децата имаме свои загарнтирани
права- детските права кои како дел од човековите права им
припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално или
етничко потекло, пол, боја на кожа, религија, возраст, попреченост,
јазик или кој било друг статус.
Децата треба да бидат заштитени од секаква форма на
дискриминација.
Секое дете има право на школување, да израсне во среќна семејна
средина со љубов и грижа од страна на неговите родители или
старатели. Има право на свој став и мислење.
За жал не сите деца ги имаат овие права. Во многу држави и
средини во светот нивните права не се почитуваат и се нарушуваат.
Има држави каде сеуште малите девојчиња немаат право да одат
на ушилиште и се присилени да се омажат на многу мала возраст,
против својата воља.А момчињата наместо да го продолжат своето
обфразоване мораат да почнат да работат и заработуваат
средства. Многу деца немаат пристојни услови за нормален живот.
Немаат пристап до храна и вода, немаат струја. Немаат родители
на кои можат да се потпрат кога им е потребна помош, оставени се
сами на овој свет. Во некои посиромашни општества децата немаат
пристап до болници и соодветни лекарства кои им се
потребни.Немаат кров над глава,немаат облека и се изложени на
секави временски непогоди голи и боси.
Ние како деца со огромни привилегии треба да бидеме многу
среќни и благодарни бидејќи некои деца ги немаат ни најосновните
нешта и живеат во неизвесност и страв. Наше е да се обидеме
колку можеме да помогнеме на тие на кој им е потребно. да ги
поддржуваме луѓето и организациите кои активно се борат и
придонесуваат за еднакви детски права насекаде околу светот.

You might also like