Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Хамлет е најпознатото дело на Вилијам Шекспир и едно од најзначајните дела во

историјата на литературата. Централна тема во Хамлет е одмаздата, всушност конфликтот


мешу двајцата протагонисти, Хамлет и нековиот стрико Клавдиј. Низ целата драма врската
помеѓу нив прераснува во психолошка борба која завршува со умирање на двајцата.

Една од клучните теми што треба да се анализираат во оваа трагедија е да се


размислува за можноста за одмазда на Хамлет веднаш по неговиот последен разговор со
Духот. Настаните од драмата на Шекспир се сметаат за одмаздничка трагедија и даваат рамка
за анализа на оправдувањето на Хамлет. Главната причина за двоумењето на Хамлет е самото
убиство што ќе го изедначи со сторителот и со убиецот на неговиот татко. Понатаму, главната
грижа на ликот имплицира дека извршувањето на убиство на Клавдиј нема да го оправда
убиството на татко му. Жестоката конфронтација завршува кога Хамлет го убива Клаудиј со
отруен меч, но самиот е убиен во мечување со Лаерт. Според ова може да земиме две
гледишта. Првото е: Хамлет е потполно во право да се одмаздува, бидејќи Клавдиј го убил
татко му, додека второто е: Одмаздата на Хамлет е непотребна постапка која нема да смени
ништо. Јас повеќе се согласувам со второто гледиште, иако гледам како некој целосно ја
оправдуваат одмаздата. Одмаздата на Хамлет не е само поради убиството на неговиот татко,
туку и тоа штто Клавдиј му го зема престолот на Хамлет кој тој треба да го наследи, како и тоа
што Клавдиј пробува да го убие Хамлет во Англија. Сето ова изгледа како комплетно добра
причина за барање одмазда, но јас би рекол: Дали огнот се бори со оган? Дали на убиство се
одговара со убиство. Истиве причини го тераат и Хамлет да расмислува за дали е вистинската
одлука да го убие Клавдиј. Сепак тој се одлучува за одмазда, за која иако јас не се согласувам,
не можам никако да го обвинам Хамлет. Сигурен сум 80% од луѓето се согласуваат со
постапката на Хамлет.

Како крај би сакал да кажам дека никогаш не е добро да се спуштаме на ниво на


“лоши” луѓе. Па тоа и Шекспир го кажува со тоа што и Хамлет и Клавидј ја имаат истата
судбина, односно умираат. Со тоа Шекспир укажува дека, иако Хамлет е јунак не е ништо
подобар од Клавдиј.

You might also like