Музиката Во Средниот Век

You might also like

Download as odt, pdf, or txt
Download as odt, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Музиката во средниот век

Средниот век опфаќа 10 векови во европската историја.


Уметноста во овој период започнува да се гради врз темелите на ранохристијанската култура и
уметност.
Црквата ја прифаќа музиката во овој период како важен фактор во богослужбата ,има големо
влијание врз развојот на музиката,но само онаа музика која е во нејзина полза.

Папата Грегориј Први (550-604) направил избор на мелодии кои ќе се изведуваат за време на
богослужбите. Според неговото име оваа збирка че се нарече Грегоријански корал или
Антифонариј.Тој е едногласен и пишуван врз латински текст.

Најголемото достигнување во средниот век е појавата


на нотација или нотно писмо.Првата нотација се нарекува екфонетска- и со неа се покажувало
кревање и спуштање
на гласот додека се читал црковниот текст.

Паралелно се развивала и неумската нотација. Освен покажување насока на интервалите го


зголемила бројот на знаци и истите прецизно го регистрирале тонот. Подоцна се појавила и
мензуралната нотација која го покажувала траењето на тоновите.
Системот за запишување инструментална музика се нарекува таблатура.

Најзаслужен за развитокот на средновековната нотација е Гвидо од Арецо. Тој бил калугер и


музички теоретичар.Тој увидел дека помеѓу музичката теорија и пракса постои голема
разлика.Од Химната за СВ.Јован ги земал почетните слогови од секој нареден стих(секој стих
почнувал за тон погоре) и тие тонови при пеење учениците лесно би ги запамтиле. На почетокот
првиот тон се викал УТ па потоа бил заменет во ДО.И така се добиле солмизациските тонови
ДО,РЕ,МИ,ФА,СОЛ,ЛА,СИ,ДО.

музиката се делела на ДУХОВНА-ПОСВЕТЕНА НА ГОСПОД и СВЕТОВНА-ПОСВЕТЕНА НА


НАРОДОТ. Паралелно со развивање на духовната музика се развивала и световната музика.Овој
вид на музика би пренесувана од ЖОНГЛЕРИ,ПЕЈАЧИ,АКРОБАТИ,ТРГОВЦИ И
ЗАБАВУВАЧИ.Со развојот на феудализмот се јавува и голем интерес за музиката и поезијата.
Така се појавуваат Трубадури во Јужна Франција,Трувери во северниот дел , и Минезенгери во
Германија.Нивната музика има одлика на народна музика,композиторот бил истовремено и
поет,а најчесто се пеело за љубов,природа и војни.

You might also like