Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 47

ОПШТ ДЕЛ-КАРДИОЛОГИЈА

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ ЗА
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА/ТЕХНИЧАР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Оливер Калпак

Доцент Д-р сци.

Медицински факултет -УКИМ

Универзитетска Клиника за Кардиологија

Скопје
kalpakoliver@gmail.com

oliver.kalpak@medf.ukim.edu.mk
План

• Што е интензивно лекување

• Критериуми за прием во ЕИЛ

• Клучни пораки
Интензивно лекување
• Сет на зафати и мерки со користење на
човечки и технички можности за да се
овозможи стабилизирање и одржување во
живот на болните во тешка и
животозагрозувачка состојба
Интензивна интернистичка нега
• Интензивната интернистичка нега се однесува на високо
специјализираниот сектор во медицината кој се занимава со
третман и нега на пациенти со животозагрозувачки болести и
компликации кои не се хируршки по природа.
• Единиците за интензивно лекување (ЕИЛ) имаат поголем степен
на технички и кадровски можности за лекување и
дијагностички и терапевтски зафати во однос на регуларните
болнички оддели
Кој се лекува во ЕИЛ
• Болни кои имаат критични состојби како што се -
тешки форми на респираторни, кардиоваскуларни, невролошки,
ендокринолошки, и инфективни болести.
Интензивно кардиолошко лекување
Синоними
• Интензивна кардиолошка нега
• Акутна кардоваскуларна нега
• Единица за интензивна коронарна нега
• Коронарна единица
• Интензивна
Ниво
• 1
Неинвазивно мониторирање
• 2
Инвазивно мониторирање, зафати, интервенции
• 3
Механичка вентилација, ренална поддршка
супорт, екстракорпорална механичка поддршка
на циркулацијата
Единица за интензивна кардиолошка нега

Физички и административно засебна целина


во болницата специјализирана за лекување
на акутни кардиоваскуларни состојби
Најмоќна екипа на професионалци со најмоќни технички можности за интензивно спасување на животи
Кадровски можности
• Тим- посветени едуцирани професионалци
Континуирана експертиза за интензивно ниво на акутно
кардиоваскуларно лекување,

• кардиолози,
• интензивисти,
• специјализирани медицински сестри
• медицински сестри
• Останати
Технички можности
• Континуирано мониторирање на виталните параметри
на инвазивен или неинвазивен начин
• највисоко ниво на реанимација, одржување во живот и
акутно кардиоваскуларно лекување
• одржување, поставување, на респираторна поддршка
• можност за изведување на зафати, перикардиоцентеза,
привремена електростимулација , кардиоверзија,
• централен венски пристап, притисок во пулмонална
артерија, притисок во периферна артерија
• Специфични лабораториски параметри
Достапност на
• ЕКГ
• Фокусирана ехокардиографија
• Тренсезофаегеална ехокардиографија
• Скопија и рентгенграфија на граден кош
• Интервентна коронарографија и ангиографија
• Фамаколошка поддршка
• Биохемиска дијагностика
• Трансфузиска и хемостатска дијагностика и
лекување, дијализа и слични зафати
Мониторирање
• Континуирано ( 24 часа /7 дена неделно )
Дисконтинуирано мониторирање во единици со понизок степен на интензивност на нега

• Неинвазивно
ЕКГ Ритам, Крвен притисок, оксигенација, респирации

• Инвазивно
Крвен притисок, срцев индекс , оксигенација
Респирации од машина, притисок во бели дробови
Мониторирање-Клиничка проценка
• Континуирана клиничка проценка за секој
од интензивно лекуваните пациенти за
актуелната состојба и проценка за
критичната засегнатост
-ризик или стабилност
Според дијагнозата, терапијата и сите други
фактори
Динамика
промена во параметрите
• Промена-Реакција
Со зафат, интервенција, медикаментозно или
со дополнителна дијагностика

Следењето и реакцијата ја дефинираат


ИНТЕНЗИВНОСТА
на лекувањето и негата
Мониторирање
• Електрокардиографски (ЕКГ) запис од мониторски
одводи,
• Стандарден ЕКГ во 12 одводи
Мониторски- ритам и делумно морфологија
Стандарден ЕКГ- ритам, спроводливост, амлитуди,
морфологија на сите сегменти од записот
Кардиоверзија и Дефибрилација
• Кардиоверзија – лекување на забрзан
срцев ритам со синхронизиран и дозиран
електричен шок
• Дефибрилација- оживување на срцето кое
фибрилира и не се контрахира со силен
електричен шок заедно со одршување на
респирациите
параметри
• Ритам
• Респирации
• Притисок
• Оксигенација
• Свест
• Болка
• Диуреза
• Динамика на Специфични лабораториски
параметри
Оживување-Реанимација
• Дишни патишта -airways
• Дишење - breathing
• Крвоток – circulation
ABC …
• Интубирање поставување на респиратор,
одредување на режим на вентилаторна
поддршка, истовремено проценка на ритам,
дефибрилација, поставување на привремен
пејс-мејкер, инотропна циркулаторна
подршка, механичка срцева поддршка
Admission criteria
• Критериуми за прием

• Клиничка состојба
• Ризици
• Можност за примена на зафат
• Акутни состојби
Клиничка проценка
• Витални знаци
• свест, респирации, болка

• Забрзан ритам поради малигна аритмија


• Забавен срцев ритам поради блок
• Хипотензија до шокова состојба (80/50)
• Белодробна конгестија до Белодробен едем
• Акутен Аортен синдром
• Критична лимбична исхемија
• Белодробна тромбоемболија
• Акутен Коронарен синдром
Клиничка проценка2
• Живото-загрозувачка аритмија
• Низок притисок и покрај инотропи под 80/50-Кардиоген шок
• Непосредно по реанимација заради прекин на срцевата работа-со запис од
дефибрилација од дефибрилаторот
• Хипотензија по претходна хипертензија-Акутен Аортен синдром
• Влошена срцева слабост која не се подобрува во дневна болница и се
влошува Белодробната конгестија
• Одсуство на пулс , топлина и пребоеност на еден од екстремитетите или
делови од екстремитет-Критична лимбична исхемија
• Веројатност за длабока венска тромбоза-Белодробна тромбоемболија
• Градна болка, ЕКГ, Тропонин, -Акутен Коронарен синдром
• Скорешна кардио-интервенција или зафат
• Малфункција на имплантиран пејсмејкер или друг апарат и протеза
Акутен Коронарен Синдром
• СТЕМИ/НонСТЕМИ/АПНС
• Акутен миокарден инфаркт со СТ елевација
• Акутен миокарден инфаркт без СТ
елевација
• Нестабилна ангина пекторис
Интензивна нега
• Интензивна клиничка проценка
• Интензивно лекување
• Интензивно-континуирано мониторирање

• Се до стабилизирање на болниот за да може


безбедно да се префрли во оддел со понизок
степен на интензивност во лекувањето
Ризици
• Од клиничката презентација
• Животозагрозеност
• Од носечката дијагноза – очекувани ризици
• Од лекувањето – очекувани ризици
Крваречки/Тромботични поради лековите,
зафатот или интервенцијата
• Од демографските карактеристики
• Од ...
Коронарен синдром
• Ризици
• Тромботичност –во коронарката, во левиот вентрикул,
• Пореметување во ритам-смрт или тромбоза
• Срцева слабост-Шок
• Лекување
• Хепарин, Анти-агрегациони лекови, Тромболиза, Антитромботичниантитела
• Ризици од медикаментите-Крварење системско (ГИТ, ЦНС)
• Интервенција –Перкутана коронарна имплантација на стент- ризици
тромбоза на стентот, крварење од артерискиот пристап

• Рамнотежа на тромботичен и крваречки ризик


Примери
• Притисочни криви од инвазиен притисок
• Коронаорграфија
• Перикардиоцентеза
Перикардиоцентеза
• Перикардиоцентеза е интервентна процедура при
која се одстранува течноста насобрана околу срцето
помеѓу листовите на перикардот
• Најчесто е итна терапевтска процедура , поретко за да
се добие материјал за дијагностички цели
• Први записи 1600, перкутана 1911, ехо-водена 1977
Клиничка индикација за перикардиоцентеза
Срцева Тампонада

Клиничка презентација
• Брзорастечка или Хируршка-акутен настан
• Бавнорастечка или Медицинска-влошување на хронична состојба

Патофизиолошки облици
• Предклиничка –притисокот во перикардот еднаков на десниот атриум
• Иницијална - притисокот во перикардот еднаков на левиот атриум
• Средна - притисокот во перикардот поголем за 10 до 15ммХг
• Напредната – хипотензија,парадоксален пулс,шок
Тампонада
поделби

• Според количина на течност (во милилитри)

• Според големината на перикардно раслојување-


ехослободен простор помеѓу перикардните листови

• Според тежина на клиничката презентација

• Според етиологијата
Тампонада
поделби

• Над 50 мл може и над 1500мл


Раслојување
• мало под 10мм
• средно од10 до 20мм
• големо над 20 мм
Клиничка презентација
Клиничка презентација
• Нестабилен- Шок, асистолија
• Ризичен –хемодинамски компромис, симптоми
• Стабилен=уредна хемодинамика +голем излив

• Тријада на Бек (Beck 1935)


Хипотензија+тивки тонови+југуларни вени
• Инспекција- Југуларни вени
• Палпација- Парадоксален пулс, тахикардија
• Аускултација на срце - тивки тонови
• Крвен притисок- околу 100
• ЕКГ- променливи амплитуди, микроволтажа,
СТ елевација во 10тина одводи
• Ехокард- раслојување
Бирање на пристап
Citation: Chapter 36. Pericardiocentesis, Reichman EF. Emergency Medicine Procedures, 2e; 2013. Available at:
https://accessemergencymedicine.mhmedical.com/content.aspx?sectionid=45343674&bookid=683 Accessed: March 04, 2023
Copyright © 2023 McGraw-Hill Education. All rights reserved
Клучни пораки
• Интензивната кардиоваскуларна нега е специјализирана единица со

најсовремени технички можности за акутно следење и лекување

екипирана со посветени едуцирани професионалци

• Континуирано следење, проценка, реагирање

• Интензивно лекување за акутни состојби

• Рамнотежата помеѓу ризиците и предизвиците е формула за успех


БЛАГОДАРАМ
ЗА ВНИМАНИЕТО

You might also like