PDF Document 2

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 4

СУДБИНАТА НА ЛЕКОТ ВО ОРГАНИЗМОТ

Фармакокинетиката е област од фармакологијата која се занимава со изучување


на судбината на лекот во организмот и тоа од неговата апликација, преку
ресорпцијата (апсорпцијата) во системската циркулација, неговата дистрибуција
до местото на дејствување, биотрансформацијата и, на крајот, елиминацијата од
организмот. На овој пат молекулите на лекот поминувааат низ различни бариери,
се врзуваат за други структури во организмот, тие се предмет на дејство на
ензими и во различен степен им се менува структурата или дејството. Сето тоа
може да има и позитивни имликации во насока на зголемување на терапискиот
ефект, но и негативни импликации во смисла на манифестирање на несакани
ефекти.

РЕСОРПЦИЈА НА ЛЕКОВИТЕ
Ресорпцијата или апсорпцијата на лековите претставува процес во кој
молекулите на лекот од местото на апликацијата влегуваат во системската
циркулација. Во текот на овој процес молекулите на лекот мора да поминат цела
низа од бариери. Имајќи го предвид фактот дека молекулите на лекот главно
поминуваат низ клеточната мембрана, тие бариери, всушност, се клеточните
мембрани на оние клетки што се наоѓаат на патот на молекулите на лекот од
местото на апликацијата до крвотокот. По оралната примена (перорална,
голтање)
*Mолекулите на лекот мора да поминат од луменот на цревата низ епителните
клетки на цревата, други клетки кои го сочинуваат ѕидот на цревото, па потоа низ
клетките кои го сочинуваат ѕидот на крвниот сад што го васкуларизира тој дел на
цревото, неговите ендотелни клетки и на крајот да се најдат во луменот на
крвниот сад. Значи, на целиот овој пат молекулите на лекот поминуваат
многубројни бариери кои се, всушност, клеточни мембрани на оние клетки низ кои
поминуваат.
Ресорпција на лековите од дигестивниот тракт
Лековите главно слабо се ресорбираат од слузокожата на усната празнина затоа
што по пероралната примена тие во устата се задржуваат многу кратко. Доколку
лекот се примени во фармацевтски облик на лингвалети, под јазик, тогаш
ресорпцијата се одвива преку слузокожата на подот на усната празнина, преку
подјазичните вени. На овој начин молекулите на лекот директно влегуваат во
системската циркулација преку горната шуплива вена со што се заобиколува
порталниот крвоток, односно можноста тие да бидат разградени уште при првиот
премин низ црниот дроб. Со подјазичната апликација се избегнува пресистемската
елиминација на лекот која би се случила кога лекот се ресорбира по пероралната
апликација. На овој феномен на пресистемска елиминација (на првиот премин низ
црниот дроб) не подлежат сите лекови туку само некои определени хемиски
структури. Во облик на лингвалети се применуваат лековите коишто брзо се
разградуваат во црниот дроб (пресистемска елиминација) или кога очекуваме
многу брзо дејство, како на пример, примена на нитроглицерин во текот на акутен
напад на ангина пекторис.

 Желудочната слузокожа, исто така, е многу слаба. Сосема мал број


лекови се ресорбираат од желудникот. Лековите мошне кратко време се
задржуваат во желудникот, средината е многу кисела, тие се мешаат со
храната, па сето тоа влијае врз слабата ресорпција. Лековите кои се слаби
киселини, како што е, на пример, ацетилсалицилната киселина, во киселата
желудочна содржина не дисоцираат, туку остануваат во молекуларен облик
и може да се ресорбираат во одредена мера. Спротивно на тоа, сите базни
лекови ќе дисоцираат и нивната ресорпција од желудочната слузокожа ќе
биде невозможна. Ацидитетот на желудочната содржина оштетува многу
лекови и им го оневозможува дејството, па тие мора да се применуваат во
фармацевтски облик на ацидорезистентни капсули, филм таблети, дражеи
или некој друг облик. Кај некои болести или, пак, по употребата на некои
лекови (антациди), ацидитетот може да се промени што, исто така, влијае
врз ресорпцијата на лековите. Најголемиот број лекови, сепак, се
ресорбираат од
 Слузокожата на тенкото црево
Во луменот на цревата, пред сè, има соодветна pH средина. Освен тоа,
ѕидот на цревата е добро васкуларизиран. Таму постои голема ресорптивна
површина (околу 200 m2 ), а врз добрата ресорпција влијае и постојаната
перисталтика и движењето на цревата со што се овозможува добар контакт
на лекот со цревната слузокожа. Имајќи ја предвид должината на тенкото
црево, лековите во него доволно долго се задржуваат. Липосолубилните
лекови се ресорбираат со процесот на проста дифузија во најголема мера
преку слузокожата на цревата. Некои лекови во цревниот лумен се наоѓаат
целосно јонизирани, па нивната ресорпција по оралната примена е речиси
невозможна (аминогликозиди, невромускулни релаксанси). Со помош на
протеинските носачи од цревата се ресорбираат главно некои
аминокиселини, шеќери или антиметаболити, додека големите молекули
(масти, протеини, токсини) се ресорбираат со процесот на пиноцитозата. Во
мал број случаи, интестиналната ресорпција за некои лекови во голема
мера е зависна од транспортот преку носачи (на пример, леводопа).
Условите за ресорпција на лековите од луменот на дебелото црево во
принцип се многу слични со условите во тенкото црево. Најголемиот број од
лековите што се внесени орално веќе се ресорбирани пред да стигнат во
дебелото црево. Ресорпцијата во овој дел на дигестивниот тракт е од
значење кога лековите се аплицираат во
 Дебелото црево во фармацевтска форма на чепчиња или клизми.
Потребно е да се нагласи дека лековите аплицирани во ректумот во
најголем дел одат директно во системската циркулација преку
а) долната шуплива вена (преку долната и средната хемороидна вена)
б) само мал дел од нив оди во системот на vene porte (преку горната
хемороидна вена) и во црниот дроб каде што може да бидат подложни на
пресистемска елиминација. Апликацијата на лековите преку дебелото
црево е од големо значење кај пациенти кои од какви било причини не
можат да го примаат лекот перорално (без свест, операција на глава и
горни партии на дигестивниот тракт итн.) или кога лекот е подложен на
пресистемска елиминација ‒ феноменот на прв премин преку црниот дроб.
По пероралната примена лековите се наоѓаат во крвта и тоа во голема
количина веќе по половина до еден час. Меѓутоа, можно е различни
фактори да го намалат степенот на ресорпција преку дигестивната
слузокожа. Така, на пример, нарушувањето на циркулацијата во крвните
садови кои ги васкуларизираат цревата во голема мера може да доведе и
до промена на нивото и брзината на ресорпцијата на лекот. Промената на
перисталтиката на цревата, до која доаѓа во текот на различни заболувања,
може во голема мера да влијае врз степенот на ресорпција. Во услови на
брзо и често празнење (дијареја) лековите мошне кратко време се во
контакт со цревната слузокожа и побрзо се исфрлаат од цревата, па и
нивната ресорпција е значително отежната. Од друга страна, намалената
перисталтика кај некои заболувања (шеќерна болест) или постоперативната
атонија на цревата, исто така, може да ја забават или да го намалат нивото
на ресорпцијата на лековите.

Ресорпција на лековите по вдишувањето


Молекулите на лекот доспеваат во респираторниот систем по вдишувањето
на гасови, лесно испарливи течности или цврсти супстанции ,течности
дисперзирани во облик на аеросоли. Од површината на носната слузокожа
лековите се ресорбираат само ако фармацевтски се подготвени да се
шмркнуваат. На ваков начин може да се применат некои хормони или други
лекови кои би се разградиле под влијание на различни супстанции во
дигестивниот тракт. Од носната слузокожа делумно се ресорбираат и
супстанции кои имаат токсиколошко значење како што се, на пример,
никотинот од чадот од тутунот или некои наркотици, пред сè, кокаинот. За
можноста од ресорпција на лековите од слузокожата на трахејата и
бронхиите од пресудно значење е големината на нивните честички. Се
смета дека честичките поголеми од 10 µm во дијаметар веројатно и не
доспеваат во долните партии на респираторниот тракт. Честичките чиј
дијаметар е помеѓу 5 и 10 µm, главно остануваат во горниот респираторен
тракт. Само честичките чиј дијаметар е помал од 5 µm можат да стигнат до
слузокожата на малите дишни патишта. Се смета дека непречената
ресорпција низ белодробното ткиво е можна само за оние лекови чии
честички имаат дијаметар помеѓу 0,1–1 µm. За да се оствари ресорпција на
лековите преку белодробните алвеоли во крвотокот и за да се овозможи
евентуално директен локален ефект на лековите, тие се применуваат во
облик на аеросоли. Со помош на посебно конструирани инхалатори
(„пумпичка“, небулизатори) по пат на инхалација во организмот најчесто се
внесуваат бронходилататори или антиинфламаторни лекови во текот на
терапија на бронхијална астма.
Во овој случај молекулите на лекот мора да поминат низ алвеоларната
мембрана која ја сочинува епителот на алвеолите-нивниот ѕид -мазните
мускулни клетки на крвните садови кои ги васкуларизираат - нивниот
ендотел. Болестите на белите дробови кои резултираат со
бронхоконстрикција, може да го намалат степенот на ресорпција на
лековите внесени на овој начин. Инхалациските општи анестетици во облик
на гасови или лесно испарливи течности релативно добро се ресорбираат
преку ткивото на белодробните алвеоли. Тие се главно липосолубилни
лекови кои со проста дифузија лесно поминуваат низ алвеоларната
мембрана од вдишаниот воздух, од места со поголема концентрација, во
крвотокот, на места со помала концентрација. Освен тоа, белите дробови
имаат голема ресорптивна површина (околу 70 m2 ). Кога ќе се престане со
вдишување на инхалационите анестетици, тие од крвотокот, каде што
концентрацијата е поголема, во спротивна насока, ќе дифундираат кон
празнините на белодробните алвеоли и ќе се издишуваат. Многубројни
фактори може да влијаат врз брзината на ресорпцијата: концентрацијата на
лекот во вдишаниот воздух, брзината на дишењето, состојбата на
алвеоларното ткиво, растворливоста во крвта, брзината на циркулацијата
на крвта низ белодробното ткиво и друго.

You might also like