Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 88

Go

pro
Erick Wore

7 ЧЕКОРИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ
ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ВО
МРЕЖЕН МАРКЕТИНГ

1
За Network Marketing Pro

NetworkMarketingPro.com е основан во 2009та година како бесплатна


алатка за помош за едукација и подигање на професијата мрежен
маркетинг. Можете да пронајдете стотици бесплатни тренинг видеа и
интервјуа со луѓе кои имаат заработено милиони во мрежниот маркетинг,
и други корисни информации на http://networkmarketingpro.com

Добродојдени сте да ни се придружите на Facebook:


http://facebook.com/nmpro

Би биле почестени ако одвоите неколку минути и напишете коментар на


Амазон. За информации за принтање на посебни порачки на Go-Pro,
пратете e-mail на gopro@networkmarketingpro.com

Програмата попушта на количина: Нашата цел е да оваа книга дојде до рацете на


што поголем број на луѓе. За да ја претвориме оваа цел во реалност, креиравме
програма попушта на величина која ќе им овозможи на лидерите да имаат примероци
од GoPro во секој момент. Ве охрабруваме да:

•Дадете книга на секоја личност во вашиот тим


•Дадете копија на секоја личност што ке ви се приклучи во организацијата •Да
овозможите продажба на копии на ваши случувања/презентации

2
1-9, 12 долара; 10-24, 10 долара; 25-49, 8 долара; 50-99, 7 долара; 100-499, 6 долара;
500-999, 5 долара; 1000+, 4 долара.

За да порачате, посете ја networkmarketingpro.com/gopro. Ако имате прашања,


контактирајте не на 1-855-66 GO PRO, или преку e-mail на
gopro@networkmarketingpro.com

ВОВЕД

Се сеќавам на денот кога се запознав со мрежниот маркетинг. Беше Јануари 1988.


Имав 23 години и продавав недвижности за една мала компанија, која беше на мојот
татко и неговиот пријател Џон Џојс. Бев штотуку оженет со мал син. Веќе каснев со
моите сметки, и бев исплашен. Една година порано имав заработено 45.000 долари,
во провизии од продавање недвижности, што беше добро. Проблемот беше во тоа
што истрошив 60.000 долари, и не зачував пари да ги платам трошоците, кои
пристигнаа за неколку месеци. Кога Џон Џојс дојде на мојата маса и ми рече: „Ерик,
мислам дека пронајдов начин како да направиме повеќе пари“, му реков: „Кажете ми
како“. Тој продолжи и рече дека негов добар пријател има нешто да ни покаже и не
повика во неговата куќа. Така влегов во колата со Џон и мојот татко и отидовме до
таму да видиме за што се работи. Кога пристигнавме, не одведе во дневната соба,
стави касета во видео рекордерот и пристина PLAY. Седев и го гледав тоа лудо
видео. Беше преполно со вили, лимузини и сведочења на луѓе кои се збогатуваат
буквално преку ноќ. Беше толку претерано што едноставно не можев да верувам и
излегов и им кажав на сите дека мислам дека тоа е лоша идеја и дека не сум
заинтересиран. Моите природни ментални филтери тука едноставно не можеа да
попуштат.

3
Тогаш нешто интересно се случи. Џон и мојот татко рекоа, „Во ред, баш штета. Ние
сеедно ќе го направиме ова“. Ова МНОГУ ме погоди затоа што единствената работа
полоша од банкрот беше да ги гледам овие двајца како прават огромни пари без мене
! Така да го променив ставот, ги одвоив моите пари, и го прашав дали би ми позајмил
пари за да можам да се зачленам. Фала му на бога што рече да, затоа што одлуката
да станам дистрибутер во мрежниот маркетинг го промени мојот живот.

Кога почнав, го третирав мојот бизнис како и поголемиот дел од луѓето, што значи
не го третирав како бизнис воопшто. Се зачленив, направив неколку повици, и се
надевав дека мојот тајминг и позиција се доволни за мене да ми се посреќи и да
заработам неколку долара. И на почетокот, функционираше ! Направив неколку пари
и беше многу возбудливо, иако морам нешто да ви признаам. Овие неколку месеца,
мојата комплетна стратегија беше брзо да ги контактирам сите контакти на татко ми
пред тој да има време да ги контактира. Мислев дека ако им се јавам, и им кажам
дека мојот татко и Џон Џојс се вклучени и ги доведам на состанок или да го
погледнат видеото и тие ако бидат заинтересирани дека на мојот татко тоа нема да
му смета, со оглед на тоа дека бев во неговата организација. Имав ограничен успех
со ова, ама како што можете да замислете не траеше долго. Така, три месеца после
почетокот, мојот приход од мрежниот маркетинг присуши. И кога тоа се случи, мојот
позитивен став тотално го снема. Почнав да обвинувам се и сешто за мојот неуспех.
Мојот „upline“ не ми пружеше доволно помош. Компанијата не пружеше адекватен
тренинг, не познавав доволно луѓе. Никој не ме послуша затоа што сум млад. Го
обвинував производот. Ја обвинував компанијата. Ја обвинував економијата.
Обвинував се, освен себе. Но имав голем проблем. Окривувањето на светот не ми
помогна да ги платам сметките. И излегов од бизнисот со недвижности после првиот
добиен чек. Требаше да помине многу време за да се добие провизија од
недвижностите, немав диплома од факултет за да добијам достојна работа и така
пристојно платена работа стана невозможна. Единствено место каде што можев да
направам нешто кеш беше во мрежниот маркетинг. Така ја кренав главата и почнав
со работа. На почетокот не беше лесно. Всуштина, во првите 3 години, ја обновив
организацијата 7 пати ! Би ја изградил и таа би паднала, па јас пак би ја изградил и
таа пак би се срушила. Од почеток и од почеток и од почеток.

После тие 3 години бев толку обесхрабрен што речиси ја изгубив цела надеж. Тогаш
се случи нешто што ми го промени животот. Всуштина тоа беше комбинација на две
работи. Беше тоа ноќта пред конвенцијата на мојата компанија и гледав вести на
телевизија. Имаа гостин кој беше експерт на некоја тема. Сега не можам да се сетам.

4
Тогаш на памет ми текна идејата: „Како некој постанува ЕКСПЕРТ на таа тема!“.
Единствената работа на која можев да се сетам беше, дека мора да биле одлучени да
станат искусни, да научат се што можат, да ја прочитаат секоја книга, да разговараат
со секоја личност и да научат толку за да станат експерти. Следниот ден отидов на
конвенцијата на мојата компанија и гледав како ѕвезда по ѕвезда се шетаат по бината.
И тогаш, беше како да бев погоден од гром. Конечно ми текна во главата дека ако
навистина одлучам тоа да го направам, би можел да станам експерт во мрежниот
маркетинг. Би можел да се фокусирам на вештините. Би можел да вежбам додека не
станам експерт и НИКОЈ не може да ме сопре. До тој момент, секогаш барав некоја
кривица. Се надевав дека ќе ми се посреќи. Се надевав дека ќе спонзорирам некоја
таква ѕвезда која би променила се. И бев исплашен дека ќе ја изгубам шансата ако
тоа не се случи набрзо. За момент, се се промени. Сватив дека не морам да се грижам
за среќата. Тајмингот и позицијата се добри, но не се за долгорочен успех. Не морав
да се грижам за својот upline, за познавањето на вистинските луѓе, или за било што
друго. Се што требаше да направам е да станам експерт. Така одлучив тој ден да го
променам својот фокус и да ги развијам вештините да станам професионалец во
мрежниот маркетинг. Тоа беше ден кој го промени мојот живот.

Од тогаш, мојот живот беше неверојатна авантура. Мрежниот маркетинг стана


кариера за мене. Имам целосна временска слобода. Ги запознав нај неверојатните
луѓе на светот. Бев способен да допрам и да бидам допрен од стотици илјадници
луѓе, патувајќи насекаде низ светот, правејќи работи кои ми се битни на мене и
најважно, станувам подобра личност. Сето ова ми се случи мене и може да ви се
случи и на вас. Во оваа книга, ќе ви ги дадам основните принципи кои можат да ве
водат кон тоа да станете професионалец во мрежниот маркетинг. Ми служеа добро
во последните неколку децении и знам дека и на вас ќе ви служат еднакво добро.
Добредојде во возбудлива нова авантура !

5
ГЛАВА 1

Мрежниот маркетинг не е совршен... Едноставно е ПОДОБАР

Дали се чувствувате немирни ? Дали се чувствувате незадоволни ? Дали чувствувате


дека мора да постои подобар начин кога се работи за вашата работа и начинот на кој
заработувате ? Добра вест: ПОСТОИ подобар начин, но поразличен е од тоа што сте
го учевте во училиште. Дозволете ми да ви објаснам. Додека патувам и зборувам
ширум светот, сакам да ја играм играта во која учествува публиката. Ги прашувам
луѓето да ми помогнат да го креирам ултиматниот бизнис и да ми кажат прецизно
што би сакале да имаат во тој бизнис и работите кои бие сакале да ги избегнат.
Секогаш се креира многу интересна листа. Ако би биле очи во очи, би ве прашал и
вас истата работа. Но затоа што не сме, дозволете ми да ви сумирам што луѓето од
преку 30 земји ми рекоа додека го креиравме она што јас го нарекувам „Список на
услови за завршена кариера“.

Луѓето обично започнуваат со именувањето работи кои не ги сакаат:

6
•Шеф
•Замена
•Аларм
•Вработени
•Политика
•Компромис
•Дискриминација
•Образование

Затоа, како што почнуваат луѓето да ја користат фантазијата во позитивна смисла,


почнуваат да визуализираат некои позитивни атрибути:

•Нешто позитивно. Личен пораст


•Одличен производ или услуга. Многу привилегии
•Неограничен приход. Интернационално
•Да уживаат со луѓето кои работат Стабилен приход
•Слобода Бенефит на шанса
•Нешто значајно Забава
•Мали трошоци за старт Мал ризик
•Отпор на економска промена

Сега можете да додадете некои сопствени атрибути, но дали не би сте сложиле дека
ова е добар почеток ? Замислете да можете да уживате во кариера со сите овие
атрибути !
Сите работи кои ги знам потпаѓаат во една од пет категории:

•Blue-collar – работа за работничка класа


•White-collar – канцелариска работа
•Продажба
•Традиционална сопственост на бизнис
•Инвестирање

7
Blue-Collar кариера

Ова е дефиницијата на Википедија за blue-collar: „Blue-collar работник е припадник


на работничка класа која извршува физичка работа“. Мојата дефиниција е некој што
работа за да поправи нешто, направи нешто, исчисти нешто, изгради нешто, или да
му служи на нешто ( некој ). Во својот живот имав многу такви работи. И за некој
кој ја вршеше ваквата работа, постои одреден тип на сатисфакција кога ваквата
работа ќе се заврши добро. Но постои големо прашање: Дали работата за
работничката класа ( blue-collar ) може да се најде на списокот на услови за завршени
кариери ? Очигледниот одговор е не. Секако, може да даде некои од наведените
атрибути. Би можел да има одличен производ и малa start-up цена или било кој друг
услов наведен во списокот, но ако навистина размислите, работата за работничката
класа ( blue-collar ) едноставно не може да ве одведе таму каде што вие сакате да
бидете.
Нема „завршена кариера“.

Канцелариска ( White-Collar ) кариера

Ова е дефиницијата на Википедија за white-collar: Поимот канцелариски работник се


однесува на личноста која се занимава со професионална, менаџерска или
административна работа, за разлика од blue-collar работникот чија задача бара
физичка работа. Типична white-collar работа се врши во канцеларија. Мојата
дефиниција е личност која е вработена од некој друг да работи нешто што е различно
од физичка работа и продажба. Многу луѓе ја бираат white-collar кариерата, затоа
што тоа е една од најмногу социјално прифатените од понудените опции. Долго се
смета за безбедна и сигурна опција. Од неодамна и тоа се промени. Подразбирачкиот
говор дека, ако си лојален на твојата компанија, твојата компанија ќе биде лојална
према тебе, одамна е минато. Бев white-collar работник во мојата кариера. Во моето
искуство, постојат два вида на личности кои го работат ова: луѓе желни за успех (
achievers ) и луѓе кои се кријат ( hiders ).

Луѓето желни за успех ( achievers ) се луѓе кои сакаат да ја извршуваат работата на


високо ниво. Амбициозни се, мотивирани и енергични. Полни се со идеи и сакаат да

8
се искачат на корпорациската скала, и тоа се одлични особини да ги имаат. Но постои
и лоша страна кај овие луѓе. Во оној момент кога личноста ќе одлучи да стане
achiever, станува мета. Неговиот шеф го гледа како закана за својата работа, затоа
почнуваат да ги забавуваат или да им ја уништуваат репутацијата. Неговите ривали
го гледаат како личност која ќе се посрамоти или ќе ги спречи да напредуваат, така
што почнуваат да прават сé што можат за да го намалат значењето на нивните
достигнувања. Затоа за да станеш achiever и да преживееш во оваа непријателско
опкружување, личноста мора да стане добра во едната работа која нема врска со
нивната продуктивност а тоа е политика. Мора да научи како да се ориентира во
политичкиот свет уништувајќи ги своите непријатели и појачувајќи ги своите врски
со моќните луѓе. Всуштина, некои од најуспешните луѓе во корпоративниот свет не
се личности желни за успех воопшто. Тие се чисти политичари. Така да ако се
одлучите да работите во корпоративно опкружување и да бидете achiever, морате да
го прифатите фактот дека исто така морате да станете и политичар.

Сега, да зборуваме за кријачите ( hiders ). Ова се луѓе кои МРАЗАТ политика, но


сепак им треба работа. Учат да не станат амбициозни Achiever-и. Не се истакнуваат.
Не зборуваат на состаноците. Не донесуваат нови идеи. СЕ КРИЈАТ. Ги ведат
главите и прават како што ќе им кажат. Работат доволно колку да не се зборува за
нив во негативен контекст. Преживуваат. И ова успеваше со децении. Но во новата
економија, станува сé потешко да се сокријат и на луѓето им истекува времето. Така
да се вратиме на нашиот список на совршени кариери: дали white-collar работа може
да пружи услови за совршена кариера ? Повторно, јасниот одговор е не, секако не во
многу области.

Продажба

Некои луѓе бираат да избегат од вработеноста и бираат да бидат вклучени во


кариерата на продажба. Ова сигурно е многу позабавно затоа што обично луѓето во
продажба се платени на основа на продажбата наместо на час. Знаев илјадници луѓе
во продажба. Постои заедничка особина која ја забележав во текот на кариерата.
Типичната личност во продажба ќе има период во кариерата кога сé оди совршено.
Сé што допрат се претвора во злато и заработуваат голема количина на пари. Штом
тоа ќе се случи, тие го подесуваат начинот на својот живот според нивото на нивниот
приход. Купуваат куќа, нов автомобил, ги презапишуваат децата во подобри

9
училишта, купуваат викендица – функционира. Сé е супер некое време. И тогаш
нешто ќе се промени. Компанијата го менува компензацискиот план, теренот им се
менува, се појавува конкуренција, го губат најголемиот купувач, економијата оди во
рецесија, новата технологија ги прави понудите помалку вредни, или владина одлука
ја менува нивната индустрија. Ова се само неколку примери. Постојат уште стотина
причини зошто личноста во продажниот свет може ( и веројатно ќе ) стане многу
покомплицирана. Кога тоа ќе се случи, со високиот животен стандард кои го разбиле,
сега 40 часа неделно не е доволно да ги покријат своите сметки. Па почнат со 50 часа
неделно. Па 60. Па 70. Тогаш нивниот живот станува многу мал. Да, имаат работи,
но немаат време да уживаат во нив. Другиот предизвик во кариерата на продажба е,
без оглед на тоа колку работи личноста, повторно почнуваат од нула наредниот ден.
Може да биде заморно да се живее под таков тип на притисок / стрес преку долг
временски период. Дали може кариерата во продажба да ги покрие сметките ?
Секако. Но дали може да испорача совршена кариера како што опишавме порано ?
Повторно, одговорот е не.

Традиционална сопственост на бизнис

Некои луѓе го бираат големиот сон – градење на сопствен бизнис каде што тие се
газди и тие ги донесуваат сите одлуки. Идејата е возбудлива, зарем не ? Ова е
реалност за голем број на луѓе:

Прв чекор: Искористете ја целата ваша заштета, земете нов кредит и многу пати
позајмуваат пари од пријатели и семејството за да почнат.

Втор чекор: Се задолжуваат уште повеќе во вид на лизинг и лични гаранции во секој
правец.

Трет чекор: Сега наместо да се фокусираат на она во кое се добри ( да кажеме дека
биле одлични во продажба и одлучиле да почнат сопствен бизнис ), мораат да бидат
сé за секој. Глумат адвокати кога се работи за правни работи, бејбиситер за
потребите на работниците, преговарачи за куповините, и мноштво различни агенти
за приходи. Дури им се случува и да изнесуваат ѓубре. Работат сé освен продажба,
кое што е она во кое биле добри уште на почетокот.

10
Четврти чекор: Се мачат. Наместо да го поседуваат бизнисот, бизнисот ги поседува
нив. Тие се првата личност која ќе стигне на работе и последна која си оди. И откако
сите други ќе бидат платени, можеби ќе однесат доволно пари дома за да ги платат
сметките, додека преостанува долгот во кој влеголе за да го почнат бизнисот.

Петти чекор: Или успеат или не. Или ќе стигнат до точката кога ќе постигнат успех,
или ќе пропаднат влегувајќи повеќе пати во банкрот и враќајќи се во продажбата.
Дури и да се успешни, тоа обично значи живот полн со прекувремени часови и стрес.

Звучи романтично, зарем не ? Ако не сте почнале свој бизнис до сега, прашајте ги
вашите пријатели кои го имаат направено тоа дали овој опис е точен. Повеќето луѓе
кои почнуваат сопствен бизнис не се гриѓат за повратокот на инвестицијата. Ја
сакаат својата инвестиција НАЗАД. Доста е јасно дека традиционалната сопственост
на бизнис не може да обезбеди совршена кариера каква што опишавме.

Инвеститор

Последната категорија од начиниот за заработување денеска во светот е да си биде


инвеститор. Што ви треба за да бидете инвеститор ? Пари, зарем не ? Ако немате
многу пари, ќе биде тешко да заработите доволно за живот на враќањето на вашите
инвестиции, посебно ако пробувате да бидете конзервативни за да го намалите
ризикот од губење. Но да кажеме дека имате. Што следно ви е потребно за да бидете
успешен инвеститор ? Потребно ви е неверојатно знаење и вештина. Знаев повеќе
луѓе од што можам да избројам кои имаа вештини во инвестирање и недвижности во
текот на годините. Но кога работите радикално се променија на пазарот на
недвижностите, вештината не можеше да им помогне. Изгубија многу. Дали би
сакале да инвестирате во нечиј традиционален бизнис ? Среќно. Во повеќето случаи,
нема да бидете инвеститор, по веројатно е дека ќе бидете филантроп.

Што мислите за берзата ? Луѓето таму одлично се снаоѓаат, зарем не ? Дел од нив да,
макар што од време на време. Но знам повеќе луѓе кои изгубиле отколку што добиле,
посебно во последната деценија. Многу е тешко да имате загарантирани враќања ако
немате контрола. И верувајте ми, како инвеститор НЕМАТЕ контрола. Сé може да
се случи, и може да се случи преку ноќ.

11
Дозволете ми да раскажам една приказна за да ви ја илустрирам поентата. Касно во
2001 година, живеев на висока нога. Ја продадов компанијата која ја основав во
партнерство и работев како високо платен консултант. За својот дел во продажбата
имав околу 170.000 акции во новата компанија. Јавно беше продаван на Њујоршката
берза и се продаде за отприлика 44 долари по акција, што значеше дека моите акции
имаа вредност отприлика 7.5 милиони долари. Имав одличен приход и одлично
портфолио. Животот беше УБАВ. Искористив дел од акциите за да го покријам
заемот за градењето на куќата од соништата. Што се однесува на останатото, не го
диверзификував затоа што знаев дека компанијата е во одлична состојба со добри
производи и одлична продажна сила. Потоа се случи нешто надвор од контрола.
Преку ноќ акцијата падна на 37 долари по акција, затоа што група на инвеститори ја
целеа компанијата и ја скратија вредноста на акциите. Со други зборови, колку беше
пониска цената на акциите, толку повеќе пари би заработиле. Мислев дека тоа е
смешно затоа што компанијата работеше одлично, од таа причина купив повече
акции од 37 долари, користејќи ги моите постоечки акции како колатерал, знаејќи
дека цената повторно ќе порасне. Се симна на 33 долари поакција. Купив повеќе
акции. Се спушти на 26. Почнав да добивам испаничени повици, што значеше дека
ако не почнам да им праќам пари, тие ќе почнат да ги продаваат акциите за да ги
покријат губитоците. Немав што да им праќам. Акцијата продолжи да паѓа. Се симна
до 10 долари по акција и моите 7.5 милиони долари исчезнаа. Пуф ! Сé за помалку
од 90 дена. Потоа, акцијата се врати и акцијата беше превземена во приватна
сопственост по цена од 65 долари по акција. Но не бев таму да заработам на тоа. Бев
истрошен. Дали можев да бидам попаметен ? Дали правев грешки ? Апсолутно. Но
ова е лекција: Ако сакате да бидете инвеститори, морате да прифатите дека
работите ќе бидат надвор од контрола од време на време. И кога тоа ќе се случи,
може да биде многу скапо.
Така да се вратиме на списокот на совршени кариери. Дали инвеститорот може да се
најде на листата ? Не верувам.

Зборувавме за blue-collar, white-collar, традиционална сопственост на бизнис и


инвестирање. И ниту еден од тие не може да ги исполни условите од списокот за
совршени кариери. Па дали совршената кариера е возможна ? Одговорот е да, но за
да стигнете до таму, морате да разберете дека сé се менува. Старите модели на
работење се мртви или умираат и се движиме преку најголемите економски промени
во своите животи.

12
НОВА економија

Светот кој го познаваме се промени. За луѓето кои не ги препознаваат тие факти,


овие ќе бидат најтешките времиња. Во текот на последните 100 години, се случи
интересен феномен. Издигањето на компаниите станаа вообичаено во друштвото.
Безбедно и почитувано место за луѓето да опстанат во опкружувањето е да работат
како вработени.

Прв чекор: Да тргнат на школо за да научат како да бидат вработени


Втор чекор: Да најдат компанија која ќе ги вработи
Трет чекор: Да работат за таа компанија 40 години
Четврти чекор: Пензионирање

Во последните децении, ветувањето дека ќе бидете наградени од страна на


компанијата за својата лојалност и вреден труд се воспостави како мит. Луѓето
почнаа да сфаќаат дека лојалноста која ја имаат спрема своите компании не ја
добиваат назад за возврат. Така да се разви друг процес.

Прв чекор: Да тргнат на школо за да научат како да бидат вработени


Втор чекор: Да најдат компанија која ќе ги вработи
Трет чекор: Да ги менуваат компаниите поради различни политички и економски
причини секои три до пет години во текот на својата кариера
Четврти чекор: Да разберат дека не можат да се пензионираат ниту после 40 години
работен стаж, така да да продолжат да работат

И сега поминуваме преку најголемата промена во нашите животи. Цел век,


компаниите им плаќаа на луѓето по часот, неделата или по годината. Тоа се менува
на глобално ниво. Светот се движи кон стореното ( performance economy ). Тоа веќе
се случува. Еве што значи тоа: Во иднината, ќе бидете платени исклучиво според
стореното. Нема да бидете платени за вашето време. Работниците во ресторантската
индустрија ( келнери ) отсекогаш живееле по овој модел. Добиваат многу мала
саатнина која е барана со закон и живеат од бакшижот, кој се заснова на нивната

13
работа. Ако можете да го замислите истиот модел применет за буквално секоја
работа во светот, ќе можете да видите што доаѓа во иднината. Личноста која чисти
соби во хотелот нема да биде платена по часот. Ќе биде платена по соба. За
канцелариските работници, еве пример. Личноста има 60.000 долари годишна
заработка.

Прв чекор: Компанијата ќе ја намали таа заработка на отприлика 50.000 долари


затоа што на денешниот пазар постојат луѓе кои земаат работа за помал износ. Втор
чекор: Ќе ја намалат основната заработка на отприлика 20.000 долари годишно.
Трет чекор: Ќе кажат дека можат да додадат дополнителни 30.000 долари во текот
на годината ако се исполни одредената квота за месецот. Со други зборови, ако
стигнат до своите броеви, можат да заработат дополнителни 2.500 долари месечно.
Сега има притисок, и компанијата тоа го сака. Ако не ги оствариш своите бројки
можат да заштедат уште повеќе пари. Ако ДОЈДЕТЕ до своите броеви, погодете што
има во вашата иднина ? Ќе ги крене очекувањата.

Освен ако не сте екстремно специјализирани, ова ќе ви се случи и на вас ако веќе ви
се нема случено. Сметајте на тоа. И ќе се случи во секоја поединечна професија
ширум светот. Еволуцијата почна. Зошто ова се случува ? Прво, тоа е подобар модел
за компанијата. Ќе добие подобри резултати за помалку трошоци. Второ, на
економијата и требаат помалку луѓе, така да компанијата има повеќе луѓе кои
конкурираат за сé помалку и помалку работни места. Дозволете да ви објаснам зошто
во новата економија потребно е сé помалку работни места. Брзиот развој на
технологијата промени сé. Пред повеќе од 100 години, 90% од популацијата
работеше во земјоделството. Денеска, поради драматичното зголемување на
ефикасноста, тоа е помалку од 1% и работните места на фармите исчезнаа.

Се сеќавате ли на центарот каде што зборувавте со луѓе ? Денеска, зборувате со


машини и тие работни места се минато. Се сеќавате ли кога компаниите имаа
огромни количини на продавачи ? Сега луѓето порачуваат онлајн и тие работни
места во продажбата се минато. Се сеќавате ли на кино дворовите и нивните
вработени ? Сега луѓето гледаат филмови на нивните компјутери или таблети, а тие
работни места се минато. Јас обожавам книги, но идете до локалната книжара кога
ќе можете. Ќе биде дел од историјата наскоро, така ќе биде и за тие работни места
кои биле обезбедени дотогаш.

14
Би можел да продолжам и да опишам буквално за секоја категорија работно место
во светот. Технологијата и ефикасноста елиминираат работни места секој ден, и нема
ништо што можеме да направиме за да го сопреме тоа. Всушност, само ќе се забрза.
Ако седите и чекате економијата да се врати и работните места исто така, немојте.
Не се враќаат. Исто како и децата на фармерите кои ги виделе натписите на ѕидот и
го напуштиле земјоделството поради нови повици, истата работа се случува и со
луѓето кои работеле во старата економија ( економски услови ). За да преживеат, ќе
мораат да ги отворат очите во оваа реалност и да најдат нешто ново.

Мрежниот маркетинг е подобар

Најдобриот начин за кој знам да не само преживеете, туку и да се внесете во новата


економија, е мрежниот маркетинг. Постојат важни производи и услуги во светот
денес кои мораат да бидат промовирани на луѓето на кои им се потребни.
Потрошувачите сеуште треба да бидат едуцирани. Компаниите имаат избор. Можат
да влезат во секој постоечки свет на рекламирање за да се дознае за нив, можат да
ангажираат голема и скапа продажна сила да ги продаваат нивните производи или
услуги, или можат да применат мрежен маркетинг да ја продава нивната причина на
светот. Сé повеќе и повеќе компании ќе бираат да користат мрежен маркетинг затоа
што тоа им одговара на нивната економија. Можат да ја обезбедат целата подршка и
да ги платат дистрибутерите на чисти резултати за да ги промовираат нивните
производи. Многу е ефикасно затоа што новата економија, на принципот на работа
„зборови од уста“ ( word-of-mouth ) реклами остава да работат подобро од било кој
друг вид на промоција. Компанијата само треба да ги одвои парите кои би ги
потрошила за рекламирање и промоција и да ги платат на своите дистрибутери да ја
рашират новоста. Тоа значи за Вас како превземачи е дека ги добивате сите бенефити
на традиционалното поседување на бизнис без типичните ризици. И ќе нема граници
на вашата заработка, затоа што мрежниот маркетинг САКА од вас да направите што
е можно повеќе. Ако живеете според перформансите сеедно, но зошто да живеете со
ограничување.

„Финта“ ( Catch ) на мрежниот маркетинг

15
Сето ова звучи одлично што и é. Но постои и финта која овде повеќето луѓе не сакат
да ја кажат. И еве ја: Морате да го прифатите привремениот губиток од
социјалното прифаќање на неуки луѓе ! Тоа значи дека некое време, луѓето кои
живеат и пробуваат да функционираат во стариот систем ќе мислат лошо за вас. Тие
не разбираат. Ќе мислат дека сте луди што се вклучувате во мрежниот маркетинг.
Всуштина, зборот прифаќање ( accept ) не е потполно точна. Морате да го прегрнете
привремениот губиток од социјалното прифаќање од неуки луѓе. Вие ја гледате
иднината пред да дојде подобро од било кој друг. Вие сте тие кои се паметни. Вие
сте личноста која превзема акција за подобар живот. Постои причина зошто луѓето
ве сметаат за помалку вредни, а тоа не е само затоа што се заглавени во системот.
Дозволете ми да ви објаснам ова подобро да го разберете, затоа што ако одлучите
мрежниот маркетинг да стане ваша професија, важно е да знаете. Повеќето луѓе се
приклучуваат во мрежниот маркетинг или знаат некој кој се приклучил. Тоа
поминува низ умот буквално на секоја личност која одлучува да се биде вклучена.
„Хм, знам пет или шест луѓе кои би можеле да го работат ова со мене ! Мојата сестра
би била одлична ! Мојот пријател обожава вакви работи. Знам друга личност која би
можела да биде фантастична ! Во ред, се приклучувам.“ Со други зборови, не
влегуваат во професијата за да работат. Само се надеваат дека ќе им се посреќи, да
запишат неколку луѓе за да ги покријат своите почетни трошоци, и да седат и чекаат
да дојдат пари. Примамливата мисла за тоа да бидат платени за нечиј туѓ труд е
моќна, но често погрешно сфатена. Не почнаа да прават бизнис. Само купија и
величат тикет за лотарија. Замислете гребалка со шест места за гребење. Тие места
претставуваат секоја личност за која мисли дека сигурно ќе се приклучи. Им
приоѓаат на тие луѓе и пробуваат да ги разубедат да се придружат. И поради нивниот
недостаток на вештини, повеќето од нив ќе завршат со ништо – исто како и тикетот
за лотарија. Ова станува само уште една изгубена прилика, и како што работеа
невешто и незнаејќи, можеби и имаат уништено некое пријателство. Така да го
фрлаат тикетот, и наместо да превземат одговорност затоа што навистина не почнале
да работат, тие го обвинуваат мрежниот маркетинг и се трудат да им кажат на
другите, „Слушајте, бев таму. Работев на тоа. Зборував со секоја личност што ја знам
и мрежниот маркетинг едноставно не функционира. Штедете си ги парите.“ Тоа ќе
го сретнете ако ја одберете оваа професија – мислењата на неуките луѓе кои мислат
дека тоа исправно го работеле и дека не функционира. Ако тоа е претешко за да се
совлада, тогаш мрежниот маркетинг не е за Вас. Но ако го прегрнете, светот е Ваш.

Луѓето кои ова ќе го прегрнат ќе заработат ГОЛЕМИ пари. Компаниите ќе платат


неограничени износи за личностите кои можат да изградат голема заедница на
истомисленици. Некои луѓе сакаат да кажат, „Перцепцијата е реалност.“ Ја мразам

16
таа изрека. Сите големи лидери во светот го игнорираа ова со векови. Што би било
ако Нелсон Мандела рекол дека перцепцијата е стварност ? Што би било ако
големите лидери во светот кажат, „Реалноста е реалност, и ќе направам сé што
можам да им помогнам на луѓето да го разберат тој факт.“ Вистина е дека мрежниот
маркетинг не е совршен. Едноставно е ПОДОБАР. И тоа е реалност !

ГЛАВА 2

Ако мислите да се вклучувате во мрежниот маркетинг, одлучете се


да бидете професионалци, одлучете се да бидете „GoPro“.

Постојат три категории на луѓе во мрежниот маркетинг. Ги видов сите и сум биле
како сите. Тоа се позери, аматери и професионалци.

ПОЗЕРИ

Позерите го третираат овој бизнис како да е тикет за лотарија. Се надеваат дека ќе


добијат премија за што е можно помалку работа. Кога почнав, без позер, надевајќи
се да одам по траговите на мојот татко и неговиот партнер. За моја среќа, добивав
некакви резултати и тоа ме туркаше напред, барем за кратко. Но мислам дека ќе се
согласите со мене дека останување позер е лоша идеја. За рок од 90 дена излегов од
таа категорија и станав аматер.

17
АМАТЕРИ

Аматерите се фокусираат на различни работи. Една од работите на кои се фокусирав


беше среќата. Навистина се надевав дека ќе ми се посреќи и ќе впишам некој
монструозен дистрибутер преку кој би се збогатил. Сите имаме слушнато приказна
за личноста која се има збогатено со еден упис. Во реалноста, дури и да е некоја од
тие приказни точна, тоа не и служи добро на нашата професија, затоа што тоа ги тера
луѓето да си го трошат времето надевајќи се дека ќе имаат среќа.

Друга работа на која се фокусирав како аматер беше тајмингот. Секогаш се грижев
за тајмингот. Дали стигнав доволно рано ? Дали би можел да бидам најмладата
личност на највисокото ниво ? Колку други лидери се веќе на мојот тарф ? Дали ги
има премногу за да им се наметнувам ? Дали би ги имало доволно за да го погодам
вистинскиот момент ? Како стои компанијата ? Дали е преголема ? Бев опседнат со
идејата за тајминг.

Трета работа на која се фокусирав како аматер беше позиционирање. Дали бев во
правилната организација ? Дали други луѓе имаат подобра позиција од мене ?
Можеби го немав вистинскиот upline ? Дали би ми било подобро на некое друго
место ?

И четвртата работа на која се фокусирав како аматер беа кратенки. Секогаш барав
начин. Било која трошка на која би наитал на патот, би ја земал. Реклама во весник
? Ок. Барање на помош преку билбоарди ? Ајде и тоа ќе го направам. Делење флаери
во поштенските сандачиња ? Доаѓам. Тропање од врата до врата ? Да пробаме.
Интернетот не постоеше кога бев аматер. Само замислете колку би бил луд, да ги
користев сите тактики преку интернет кој би можел, да би привлечел внимание од
другите. Тоа значи дека секој пат кога ќе слушнев за некој нов примамлив пристап
кој се предлага на сите околу светот, би копал по тоа да најдам кратенки.

ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

И тогаш конечно донесов одлука да станам професионалец ( GoPro ). Дефиницијата


на Wikipedia за професионалец е: „Личност која е платена да изврши низа на
специјализирани задачи за кои е надокнадена“. Мојата дефиниција за
професионалец во мрежниот маркетинг е: „Личност која е експерт во потребните

18
вештини, способна да изгради голема и успешна организација/структура на мрежен
маркетинг“. Постои изрека во нашата професија која прави повеќе штета отколку
корист. Таа вели: „Не знаењето на оган е подобро отколку знаење на мраз.“ Поентата
на оваа поговорка е дека е подобро да бидеш возбудлив и неук, отколку сталожен и
паметен. Тоа можеби да е вистина, но зошто мораме да бидеме едното или другото
?

Дозволете ми да ви дадам пример. Да кажеме дека ви треба операција. Во болницата


го запознавате докторот. Тој доаѓа и ви вели: „Многу сум возбуден што ке ве
оперирам. Толку сум страствен за тоа што едвај спијам. Никој на светот не сака да
ви помогне повеќе од мене.“ Вие кажете: „Wow, фала докторе. Колку време вие
правите вакви операции ?“ И тој ви каже: „Па, никогаш не сум имал обука за оваа
операција, и никогаш не сум вежбал и никогаш немам направено ниту една, но не е
важно зошто сум толку многу страствен!“ Како ќе се чувствувате ? Ентузијазмот е
сјаен, но на крајот морате да се ожените за страст и вештина.

Професионалните атлети ќе посветат безброј саати припремајќи се за натпревар но


кога ќе се придружат во мрежниот маркетинг, нема да посветат еден ден труд за да
ги научат нашите вештини. Докторите ќе посветат деценија од својот живот по
огромен финансиски трошок за да станат специјализирани, но кога ќе се придружат
во мрежниот маркетинг нема да потрошат ни месец за учење и вежба за да би станале
професионалци во мрежниот маркетинг.

Во својата книга „Натпросечни“, Малколм Гладвеловото истражување покажало


дека се потребни отприлика 10.000 саати вежбање за да се постигне експертско ниво
во било што. Со четири часа дневно вежби, тоа се отприлика седум години. Таа
формула се применува во мрежниот маркетинг исто така. Би биле потребни седум
години за да станете светска класа. Добра вест е тоа што професијата опростува и
можете да заработите многу пари се додека не станете експерт. Трикот е да не
останете самозадоволни, да не престанете да учите додека заработувате. Кога
донесов одлука да станам професионалец, се се промени за мене. Престанав да се
наклонувам на среќа, тајминг, позиционирање и кратенки. Дури и престанав да се
фокусирам на парите. Мојот свет се промени кога одлучив да се фокусирам на
вештините и си направи обврска да учам, учам, учам, се додека не ги совладам. Уште
една работа се случи кога одлучив да станам професионалец. Изненадно, мојата
група почна да расте. Беше како луѓето да можеа да ја осетат промената во мојот

19
фокус и посветеност и сакаа да бидат дел од тоа. Мислете на време на вашиот живот
кога сте биле покрај личност која е посветена на перфекција. Можеби е бил учител,
тренер, шеф или пријател. Како сте се чувствувале ? Зарем не е било инспиративно
? Ќе видете дека ќе бидете инспирација на другите кога ќе ја примените оваа важна
промена.

Да подвлечеме: Ако сакате да се приклучите во одлична професија, одлучете се тоа


да го сторите на правилниот начин и третирајте ја како професија. Ако станете
професионалец, овој бизнис е одличен. Ако станете позер или аматер, ќе бидете
очајни. И до сега имате забележано дека многу го користам зборот професија. Тоа
го правам со намера. Мрежниот маркетинг е повеќе од проект. Тоа е индустрија, тоа
е професија. Ако ја работите правилно, тоа е вистински избор за кариера. Може да
ве одведе од работата која ја имате, која ве прави несреќен, до тотална слобода. Затоа
својот web site го крстив NetworkmarketingPro.com Еве што им кажувам на луѓето
секој ден:
„Дами и господа, мојата желба за вас е да одлучите да станете професионалец во
мрежен маркетинг – да одлучете да станете „GoPro“, затоа што е цврст факт дека
имаме подобар начин. Ајде сега тоа да му го кажеме на светот“. Кога сајтот беше
лансиран на 11 Март 2009, многу мал број на луѓе беа професионалци во мрежниот
маркетинг. Тоа веќе не е случајот. Милиони луѓе го променија начинот на кој
размислуваат за нашата работа, и горд сум на тој факт.

Унапред се радувам на денот кога ќе слушнам луѓето да кажат: Доктор сум, но исто
така и професионалец во мрежен маркетинг. Работам во градежништво, но исто
така сум професионалец во мрежен маркетинг. Јас сум атлет, но исто така сум
професионалец во мрежен маркетинг. Колку повеќе луѓе ги слушнат тие зборови,
толку повеќе светот ќе биде спремен за подобар начин.

ГЛАВА 3

Како и во секоја друга професија, морате да ги научите вештините

20
Се надевам дека до сега бев успешен во убедувањето, дека мрежниот маркетинг е
подобар начин за вас. Така да се надевам дека дојдов до мојата поента, затоа што ако
тргнете кон тој пат, ако бидете вклучени, најдобро е да станете професионалец.
Следниот чекор е да сфатите дека морате да ги совладате вештините. Но пред да
дојдеме до тие вештини, дозволете да ви ги соопштам добрите вести. За разлика од
другите професии, нема да ви требаат многу пари за едукација. Нема да морате да
подигате студентски кредити и всуштина можете да заработувате додека учите.
Покрај тоа, оваа професија не познава предрасуди. Всуштина, ова е
најрамноправниот бизнис во светот. Вашата позадина, искуство, контакти, години,
раса или пол нема да делува на вашата способност да ги научите вештините за да
станете професионалец ( GoPro ). И за крај, ова не е комплицирано. Вештините кои
се потребни за да се создаде голем и успешен бизнис се многу лесни за учење, и ќе
имате изненадувачки број на луѓе кои се финансиски мотивирани да ви помогнат да
ги научите.

Постојат три примарни елементи за вашиот мрежен маркетинг бизнис.

Прво, ги имате производите на компанијата. Ако некои луѓе се успешни во


рекламирањето на тој производ, а вие не сте, тоа не е кривица на производителот. Со
други зборови, сите во вашата компанија го имаат истиот производ што го нудат на
истата јавност.

Второ, го имате компензацискиот план на вашата компанија ( планот за распоредба


на провизиите меѓу дистрибутерите ). Ако некои луѓе прават многу пари а вие не,
тоа не е кривица на компензацискиот план. Не постои посебен план за мажи и жени.
Не постои еден план за различни групи на старост, или образовна позадина, или
бојата на кожата. Компензацискиот план е ист за сите.

Третиот елемент е најважниот и тој елемент сте ВИЕ. Вие во суштина сте
единствената променлива. Сите го имаат истиот производ и истиот компензациски
план, но вие ќе бидете разликата помеѓу успехот и неуспехот.

Тоа значи дека сега и овде, морате да превземете полна одговорност за вашиот
бизнис мрежен маркетинг. Денеска одлучете се да не обвинувате никој друг или
ништо друго заради вашиот недостаток на резултат. Всуштина, во мрежниот
маркетинг постои нешто како епидемија. Луѓето едноставно обожаваат да го

21
обвинуваат својот upline ( луѓе над нив во структурата ) за сите свои проблеми. „Ако
мојот upline го направеше ова или она за мене, се ќе беше подобро“.

Ако сте посветени на градење на голема и успешна организација, би сакал да му


кажете збогум на вашиот upline. Јавете им се и кажете им: „Би сакал да ви се
заблагодарам за оваа прилика. Ја ценам. Влегувањето во бизнисот ми беше важно и
го ценам тоа што ме запознавте со компанијата во која верувате и во која сега и јас
верувам исто така. Но од сега натаму, кога се работи за градењето на мојот бизнис,
ќе ве користам вас како извор а никогаш како изговор. Можеби ке ви се јавам од
време на време. Ако сте достапни, тоа е супер. Ако не сте, тоа е во ред. Ќе го градам
својот бизнис и разберам една работа: Се почнува и завршува со мене.“ Се се менува
кога ќе превземете полна одговорност за својот бизнис во мрежниот маркетинг. Дали
би ве изненадило ако дознаете дека постојат само седум основни вештини кои се
неопходни за градење на на огромен бизнис во мрежниот маркетинг ? Седум, не
седумдесет. Секоја потполно основна, но секогаш ме зачудува колку малку труд
луѓето вложуваат за да ги научат. Кога би постоел курс на факултет кој би се нудел
во мрежниот маркетинг, тоа би бил еден од најлесните курсеви за полагање. Тоа не
е ракетна наука, но ќе бидете задоволни да знаете дека тоа е еден од најдобро
платените сетови на вештини во светот.
Ајде да ги истражиме сите од нив заедно.

22
Глава 4

Вештина 1

Кога луѓето гледаат во мрежниот маркетинг, едно од најголемите прашањa e


дали знам некого? Тие веруваат дека ако знаат многу луѓе, можат да успеат многу, и
ако не знаат многу луѓе, немаат шанса. Звучи логично, но едноставно не е точно.
Kako што спомнав во второто поглавје, има три типа на луѓе во мрежниот маркетинг:
позери, аматери и професионалци.Кога доага до пишење на контакт
листата,позерите си прават ментален склоп од три,четири или пет луѓе за кои се
наваат дела ке им се придружат во бизнисот, и нивната цела иднина зависи од
одговорот на тие неколкумина луѓе. Ако се доволно среќни да придобијат еден од
нив, можат да го продолжат рокот на нивната кариера за краток период. Можат дури
и да направат друг список со 3 или 4 лиѓе. Се надевам, евентуално ке престанат да
бидат позери и ќе се одлучат да влезат во аматерските ранкови.

Ќе те изненади ли ако дознаеш дека 80% од сите луѓе што се придружуваат на


мрежниот маркетинг и приогаат на бизнис како позери ?

Вистина 8 од 10 дистрибутери прво се однесуваат спрема бизнисот со позерски


менталитет. Тие си прават мал ментален список и чекаат да видат што ќе се случи.
Тие никогаш не се решаваат да ги развијат потребните вештини. Твојата задача е да
се осигуреш дека не си еден од нив и да му помогнеш на твојот тим да го направи
истото.

Едуцирај ѓи лугето. Помогни им да разберат колку е моќна оваа можност ако ја


третираат со почит. За позерите нивната единствена шанса е среќата, и таа среќа
подобро е да се случи брзо.

23
Втората група се аматерите. Наместо мал ментален список, овие луѓе си прават
список, што е чекор во правата насока. Да кажеме дека ке си направат список од 100
луге. Тие се впуштаат во задачите со возбуда, но со малко вештина. Тие почнуваат
со состаноците и пополека листата се намалува. Како листата се намалува нивната
нестрпливост се зголемува и зголемува. Нивниот најголем страв е да останат без луѓе
со кои можат да зборуваат. Јас знам за мене беше тоа најголем страв.

Во моите рани 20 ти години, мојот список не беше нешто за пофалба. Како што
спомнав претходно, пробав да ги контактирам контактите на моите родители на
почетокот, и не помина многу време кога останав без имиња. Наскоро секој мојот
свет знаеше што правам и или ми имаа кажано да или не. Беше страшно. Се
чуствував како да ако не најдам некои големи луѓе од мојот список наскоро ќе
пропаднам во бизнисот.

Чекор 1

Направете го вашиот список што можете по детален. Вклучете ја секоја личност на


која можете да се сетите. СЕКОЈА личност. Не е битно дали мислите дека ќе
прифатат или не. Вашата контакт листа ќе биде едно од најважно сретство. Сите одат
на список. Ако се негативни, ставете го на списокот. Ако ги мразите, ставете ги на
списокот. Ако ви е најдобар другар ставете го на списокот. Ако ви имаат кажано “Јас
никогаш нема да работам во мрежен маркетинг” ставете го во контакт листата. Ако
има 98 години ставете го на контакт листата. Ако имаат 18 години ставете го на
контакт листата.

Вожно е да се направи ова, затоа што како што си го празни умот со котакт листата,
тоа ќе направи повеќе место за нови контакти. Кога ќе го впушете вашиот внук, ќе
почнете да мислете на кругот луѓе околу вашиот внук. Сите овие конекции ќе ви
станат очигледни на вас додека ја правите контакт листата се по и по детална.
Мислете на се, секоја оганизација со која сте биле, секоја група од која сте биле дел,
се што некогаш имате правено. Ако го направите ова правилно на крајот ќе излезат
стотици и можеби и илјадници број на луѓе.

Чекор 2

Дали сте слушнале за концептот дека сите ние сме само 6 контакти разделечени
од било која личност во светот? Шест степени разделеченост? Не сум сигурен дали
тоа е мит или вистина, но јас верувам во концептот. Чекор 2 е гледање во вашиот

24
список и размислувајте за луѓето што тие ги знаат – вториот степен на разделување.
Шансите се дека и вие ги познавате повќето од тие луѓе.

Размислете за членови на вашето семејство. Кој знаат тие? Додадете ѓи во вашиот


список. Размислете за вашите пријатели. Кој знаат тие? Додадете ѓи во вашиот
список. Размислете за сите врски во вашиот живот. Кој знаат тие? Додадете ѓи во
вашиот список. Не се гижете во врска со тоа што ќе правите со овој список. Ќе
зборуваме за тоа покасно, Вие само продолжете да го градите.

Чекор 3
Постојано го зголемувајте вашиот список. Затоа професионалците го викаат ова
“ Активена листа на контакти”. Тој никогаш не престанува да расте.
Професионалците имаат цел да додаваат барем по двајца нови кандидати секој ден.
Тие можеби нема да ги употребат, но како што татко му на Харви Макеј рекол тие
ќе влезат во списокот и вие ќе смислите некој креативен начин за да стапите во
контакт. Книгата на Харви “Ископај ја фонтаната пред да си еден” го пишува овој
концепт. Ако размислете за ова како основна вештина, ќе сфатите дека не е многу
тешко. Стапувате во контакт со луѓе секој ден. Едноставно додадете ги во вашиот
список. Запознавате луге преку Он лине. Додадете ги во вашиот список. Правете
бизнис со нови луѓе. Додадете ги во вашиот список.

Мојот пријател Хордан Адлер е автор на книгата “Пари на плажа” и исто така тој
заработува милионски суми во мрежниот марќетинг. Тој е владетел на третиеот
чекор. Тој едноставно си го живее животот и постојано се спријателува со нови луѓе,
и ако погледнете во неговиот бизнис, речиси сите луѓе што ги има здобиено во
неговата огромна организација се луѓе кои не ги знаел пред да почне со мрежниот
маркетинг како бизнис. Тој е професионалец.

Професионалците развиваат поголемо ниво на припазливост. Тие обраќаат внимание


на светот. Тие знаат дека ќе се запознаваат со нови луѓе секој ден.
Позерите и аматерите не ни приметуваат. Тие едноставно си ги минат деновите
кажувајќи кој луѓе.

Колко тешко би можело да биде да си ја зголемиш припазливоста и да додаваш две


нови личности дневно во твојот список? Размисли. Ако го правиш тоа 6 дена во
неделата, тоа се 600 луѓе годишно. Прави 5 години и тоа е 3000 луѓе. Можеш ли да
видиш зошто професионалците не се грижат да не останат без луѓе со кои можат да
зборуваат?

25
Ве молам разберете, јас не велам дека треба да ѓи напрагате овие луѓе со вашиот
предлог во моментот кога ке се запознаете. Некои луѓе во мрежниот маркетинг ја
прават таа греска и тоа не е добро. Едноставно додадете ѓи бо контакт листата,
спријателете се, развијте конекција, и во правилниот момент можете да им
помогнете да разберат што имате да им понудуте.

Чекор 4

Намерно емитување. Професионалците намерно емитуваат. Тешко е да


запознаваш нови луѓе ако се криеш од светот. Излези надвор. Забавувај се. Оди во
нава теретана. Забавувај се со ново хоби. Волонтирај во цел што ти е важна. Најди
места и оганизации каде што можеш да запознаеш нови луѓе. Не само што ќе биде
добро за вашиот бизнис, туку и ќе запознаете одлични пијатели.
Никогаш не ми текна дела наоѓањето добри луѓе за контакт е вештина. Се до овој
момент во мојата кариера, одсекогаш сим ја гледал како билет за богатство. Ако
водете добар список, ќе успеете, а ако водете лош список или треба да ви се посреќи
или нема да успеете.

Кога стигнав до мојот дефинирачки момент и се посветив да станам професионалец,


почнав да ги проучувам луѓето кои имаа изградено големи и успешни бизниси.
Открив дека професионалцие се придржуваат кон наоѓањето луѓе како една од
нивните основни вештини. Беше дел од нивната работа да најдат нови луѓе. Нив не
ги интересира среќа. Тие не се грижеа од бегањето на луѓето. Но потоа тие
фокусирано се посветија никогаш да не престанат да додаваат луѓе во списокот. Тие
созададоа несто што се вика Активна Контакт Листа, И јас ке ви покажам како да го
направете истото.

Еден од луѓето кој ме научи како да го правам ова е Харви Макеј, автор на книгата
“Како да пливаш со ајкули без да те изедат” Харви ме е добар пријател и е исто така
еден од најдобрите емитери во целиот свет. Еднаш го прашав како изгради таков
голем и влијателен список со пријатели. Тој ме кажа дека кога бил 18, неговиот татко
го седнал и му рекол “Харви, почнувајки од денес и до крајот на животот сакам да
го земеш контактот на секоја личност што ке ја запознаеш, и најди креативен начин
да останеш во контакт” Тој го прави тоа веќе преку 60 години, И дене неговата листа
на пријатели има над 12000 луѓе. И овие не се само социјални медии пријатели. Тие
се вистински пријатели. И јас се сметам дека сум еден од тие пријатели. Ако сакате
да ја совладете оваа вештина, следете ги овие едоставни четири чекори.

26
ГЛАВА 5

ВЕШТИНА #2

Повикување на кандидатите ( контактите ) да го разберат вашиот производ


или шанса

Откако ќе ги идентификувате кандидатите, следната вештина е да научите како да


ги викнете на одговарачки начин да дознаат повеќе за вашиот производ или шанса.
Ова е далеку најкритичната вештина за развивање. Јас ја викам „капија“ ( gateway )
вештина на мрежниот маркетинг. Ако не сте успешни во повикувањето на луѓето да
видат, тогаш можеме да погодеме како ќе изгледа вашата иднина во MLM ( multi
level marketing ). Поголемиот дел од луѓето мислат дека мораат да почнат со сјајна
репутација и да имаат многу влијание на другите за да им ја погледнат шансата која
ја нудат. Тоа не е вистина. Кога почнав во 1988 година, немав ниту репутација ниту
влијание. Едвај го завршив средното образование, се прошетав еден семестар во
друштвен колеџ пред да се откажам и имав вкупно 18 работи – сето тоа пред 23
години во мојот живот. Мислите дека имав многу почитување во друштвото ? Имав
нула. И бев личност која е платена 5 до 10 долара по саат, сите мои пријатели беа
исти и не беа од голема корист. Поголемиот дел од нив уште живееа со нивните
родители. Но бев очаен и бев борбен. На почетокот, надокнадував со броеви тоа што
ми недостасуваше во вештини. Ѕвонев на секој што го познавав и почнав да ги
убедувам. Дел од нив се придружија. Поголемиот дел не. Лепев реклами во
весниците. Им го дадов на сите луѓе што ме слушаа моето убедување. Од сите тие
активности, дел од нив се придружија. Поголемиот дел не.

27
Пробав се. Бев како ловец со цел да ловам слон. Кружев наоколу со
оружјето/шансата во мојата рака и пукав на се што мрдаше. Не пазев многу на
односите. Само ме интересираше да регрутирам некој нов. Мојот став беше, „некои
сакаат, некои нејќат. Па што ? Продолжувам понатаму !“ Но затоа што бев ловец,
сите околу мене се чувствуваат како плен. И почнаа да ме избегнуваат. Не беше ни
малку забавно. Најлошо од се беше тоа што луѓето кои ги наговорив на влезат во
бизнисот пробаа да ја прават истата работа како мене, не успеаја и се откажаа. После
три или четири години фрустрации. Дојдов до одлучувачкиот момент и почнав да ги
проучувам успешните луѓе во MLM за да видам како тие работат. Тоа што го открив
ме изненади. Тие градеа врски. Тие правеа пријателства. Градеа доверба со луѓето
кои ги запознаваа и умееја вешто да ги пренесат своите верувања за производите и
шансите на фирмата. Целта не им беше веднаш да ги ангажираат своите кандидати.
Нивната почетна цел беше да ги образуваат своите кандидати во врска со тоа
што имат да понудат и тогаш ги оставаа тие самите да одлучат дали е тоа нешто што
тие го сакаат. Ова беше ОГРОМНА промена во стратегијата за мене и почнав да
гледам на работите на друг начин. Се ставив на местото на кандидатот и размислував
за тоа што би било интересно за мене и на крај, што би ме натерало да кренам гард.
Сватив зошто професионалците имаат добри резултати. Наместо да делуваат како
ајкули, беа повеќе како тренери или консултанти. Тие правеа врски и потоа нудеа
разумни решенија за проблемите на луѓето. На кој тоа не би му се допаѓало ? Кај
професионалците забележав дека тие не го подобруваа својот производ или шанса.
Наместо тоа, во вистинскиот момент, им кажуваа на луѓето да направат една од две
работи, зависно од индивидуалната состојба на кандидатот.

Првата работа што ја правеа беше да викнат луѓе да присуствуваат на некој вид
случување, како еден на еден, или два на еден состаноци, т.е. со уште еден член на
нивниот тим, трисмерни телефонски разговори, мали групни презентации во своите
куќи, онлајн вебинар, состанок во локален хотел, или некоја поголема случка или
конвенција. Професионалците разбираат дека личната интеракција е критична
компонента кога се работи за градење на доверба и пренесување на верувања, и за
тоа пробуваат да се поврзат со луѓето што е можно повеќе.

Друга работа што ја правеа беше да им дадат на луѓето да прегледаат некоја врска на
алатка. Јас сум голем верник во користењето на алатки за помош при едукацијата на
кандидатите. Алатките имаат многу облици. Постојат: CD, DVD, магазини,
брошури, веб страници и онлајн презентации. Кај некои компании, можеш да им

28
дозволиш на луѓето да користат примерок од призводот и да го користиш како
алатка.

Нема сомнеж дека технологијата продолжува да се развива, нудејќи се полесни


начини да им помогнат при едукацијата на кандидатите, но морам да го додадам
сопственото мислење кое се базира на искуство. Додека технологијата им дозволува
на луѓето да дојдат до квалитетна информација брзо, нема ништо слично со физичка
алатка. Во светот на битови и бајтови, и во светот на мрежниот маркетинг, каде што
е важно да се изгради доверба, физичката алатка тоа го прави најдобро. Од двата
методи кои се користат за помош при едукација на кандидатите, случувањата се
најефективни. Постојат многу причини. Постои физичка интеракција од
запознавања со луѓе, што помога во градењето на доверба. Постои важен елемент на
социјалното докажување. Вредно е за кандидатите да видат дека постојат и други
луѓе кои се активно вклучени и да откријат какви се тие луѓе. Постои едукација за
производот и финансиската можност. Можат да ја видат од прва рака подршката која
е вклучена и гледат дека не мора сé да прават сами. Во поголемиот дел од случаите,
постои возбудување и важност на овие настани. И можат да слушнат приказни како
се одвиваат работите кај другите луѓе. Тоа се дел од бенефитите. Единствената лоша
страна на случувањата е тоа што можат да бидат тешки за закажување и
потврдување, посебно за нови личности. Ако немате вештини, доста е често да се
случи да поканете дваесет луѓе и да се појават само еден или двајца. Тоа може да
биде обесхрабрувачко.

За градење на голема и дуплирачка организација, открив дека алатката е првиот


чекор. Сетете се дека нашата цел е едукација и разбирање. Ние сакаме луѓето да
знаат што имаме и да разберат како тоа може да им користи во нивните животи.
Алатката е одличен начин за едукација на луѓето ( се надеваме и возбудливо ) додека
се зафатени во животот. Можеби ќе немаат време да се возат до другата страна на
градот за да се сретнат со вас, но би можеле да го слушнат CD-то во автомобилот, да
изгледаат кратко DVD, да прочитат весник, или да гледаат онлајн презентација. Ако
погледнете во мојата кариера, ќе видите дека алатките за мене променија сé. Во
1990та година мојата компанија објави видео, кое беше динамично и возбудливо.
Дури беше и скап, 15 долари од парче, но во тоа време вредеше, затоа што кога
научив да ги повикам луѓето да го погледнат видеото, резултатите беа изненадувачко
добри. Сите во компанијата беа фокусирани на дневниот начин на работа кој се
фокусираше на повикувањето на луѓе да го погледнат нашето видео. Не
дозволувавме да ни се одземе вниманието. Нашата целосна култура се засноваше на

29
оваа стратегија и нашиот пораст беше „над покривот“. Случувањата и понатаму беа
важни, но тие беа вториот чекор, откако личноста ќе го изгледа нашето видео. Со
усвојувањето на овој нов пристап, мојата организација конечно се проби, и можев да
уживам во искуството на поседувањето на група која ќе расте и со мене и без мене.
Беше позабавно од што можам да објаснам. Мојата група порасна од неколку
членови до неколку стотини а потоа и неколку илјади. Сé што правев е да учам како
успешно да ги повикувам луѓето да го гледаат видеото, па да го проследам тоа со
покана за некое случување и да ѓи научам другите како да го прават тоа.

Другиот пробив во мојата кариера се случи во вид на аудио касета. Да, реков касета.
Беше тоа 1992ра година и тоа беше сé што имавме. Компанијата лансираше нешто
ново и возбудливо и овој пат јас лично снимав аудио во кое ја објаснував шансата во
детали. Ја продававме по цена од 50 центи од парче, и тоа ни ги покри трошоците за
помалку од една година, таа мала касета се продаде во повеќе од милион примероци.
Ги научивме луѓето како да ги повикуваат контактите да ја земат таа касета, да ја
стават во автомобилот и одма да ја ислушат. Резултатите беа неверојатни. На
почетокот ги трениравме луѓето да земат по 100 касети наеднаш, и да ги дадат на
сите што ги познават, и после тоа се фокусираат да дават барем по две на ден.
Користејќи го овој едноставен систем, мојот приход порасна на речиси милион
годишно. Различни компании користат различни алатки и стратегии на случувањата
за да им расте бизнисот. Некои користат приватни забави. Некои користат онлајн
презентации. Некои користат еден на еден презентации со весници и табли за
пишување. Пронајдете што функционира во вашата компанија, развијте го вашиот
дневен план на работа и потоа тренирајте ги вашите луѓе како ефективно да го
работат истото и да ги викнат нивните контакти да го направат истото. Како
професионалец, ќе ги викате вашите контакти да ги видат алатките или да
присуствуваат на случувања. Еве што НЕМА да правите. НЕМА да ги притискате
луѓето и да пробувате да го опиете светот со вашата мудрост. Тој пристап само ќе го
задоволи вашето его, што не е добро. Дозволете да ви ја дадам формулата за
финансиска независност во мрежниот маркетинг:

Вашата способност да натерате голем број на луѓе константно да прават неколку


едноставни работи повторливо преку долг временски период.

Ова беше формулата која ми помогна да се пробијам во мрежниот маркетинг, и ќе


ви помогне и на вас да го направите истото. Со години се фокусирав и зависев на
мојата способност да ги убедам луѓето да се приклучат. После „дипломирав“ во

30
наоѓањето на нови клучни лидери и можев да тренирам да го правам тоа што го
правам. И најпосле, ја научив формулата која штотуку ја споделив и почнав да се
фокусирам на тоа да водам голема група на луѓе напорно да работат на неколку
едноставни работи и постојано да ги прават. Кога тоа се случи, сé се промени на
добро. Тоа се основите. Ајде за момент да зборуваме за емоциите во приликата за
повикување. Постојат четири основни правила.

Правило број еден

Морате емоционално да се исклучите од исходот. Ова е многу важно. Сетете се,


нашата почетна цел е едукација и разбирање. Не е форсирање на потрошувачот да се
вклучи или новиот дистрибутер. Со други зборови, ако ги исклучите емоциите од
исходот и само се фокусирате на едукацијата и разбирањето, сé станува многу
полесно. Звучи лесно, но тешко е да се постапува на тој начин. Сите ние влегуваме
во овој бизнис со надеж дека ќе регрутираме некои одлични луѓе. Тешко е да се
исклучите од тие очекувања. Но морате да запомнете, ние не сме ловци. Ние не сме
ајкули. Нашата работа е да ги едуцираме луѓето и да им помогнеме да разберат што
имаме да им понудиме. Делуваме како консултанти кои нудат предлози како луѓето
можат да живеат подобар живот. Ако се насочите кон привлекување на
потрошувачот или дистрибутерот, ќе бидете константно разочарани и ќе гледате
како ви бегаат контактите. Ако се фокусирате на едукација и разбирање, ќе се
забавувате и вашите проспекти ќе уживаат во искуството.

Правило број два

Бидете тоа што сте ( бидете свои ). Толку многу луѓе стануваат други личности кога
ќе почнат да повикуваат. Ова на сите им станува непријатно. Само фокусирајте се на
тоа да бидете во вашето најдобро светло.

Правило број три

Внесете малку страст. Ентузијазмот е заразен. Во ред е да бидете малку живи. Бидете
концентрирани. Слушајте музика која ве инспирира. Смеејте се додека сте на

31
телефонот. Ви ветувам дека вашите позитивни емоции ќе се претворат во подобар
резултат.

Правило број четири

Имајте јак став. Ова беше голем чекор за мене. На почетокот бев многу несигурен.
Мислев дека никој нема да сфати сериозно. Но додека ги гледав професионалците,
го забележав нивниот став. Беа отмени. Беа самоуверени. Беа цврсти. Па и јас
одлучив да станам смел. Престанав да се извинувам цело време. Наместо да
зборувам: „Да, знам дека имав многу работи во мојот живот, но се надевам дека оваа
ќе биде промената која ја барав“, јас зборував: „Погоди што ? Ми здосади животот
што го имав до сега и одлучив да ги превземам работите во мои раце. Не би се
обложувал против себе затоа што сум сериозен“. Дали ја чувствувате разликата ?
Бидете свои, но бидете вашата посмела страна. Бидете свои, но бидете вашата јака
страна. Бидете свои, но бидете вашата самоуверена страна – барем додека се
јавувате. Открив дека можам тоа да го работам краток период на време на почетокот
и со текот на времето можев да работам сé подолго и подолго, сé додека тоа не стана
дел од мене. До сега ја наместивме бината, да почнеме со формулата за повикување.
Оваа формула е дизајнирана да се користи по пат на телефон или лице во лице. НЕ е
за користење преку порака, меил, или било кој друго комуникациони алатки – само
преку телефон или лице во лице. Ова може да делува со вашите блиски пријатели (
некој кого познавате ) или познаници ( некој кој се запознале додека сте го живееле
вашиот живот ). Ќе ви дадам пример за двата типови.

Ова се осум чекори за професионално повикување. Можеби ќе звучи комплицирано,


но со малку вежба, ќе видите дека вештината лесно се совладува.

Прв чекор: Бидете во гужва


Втор чекор: Дајте му комплимент на
кандидатот Трет чекор: Направете ја поканата
Четврти чекор: Ако јас би, дали би ти ?
Петти чекор: Потврда #1 – Добијте сигурен датум
Шести чекор: Потврда #2 – Потврдете го сигурниот датум
Седми чекор: Потврда #3 – Закажете го следниот состанок
Осми чекор: Спуштете ја слушалката

32
Прв чекор: Бидете во гужва

Ова е психолошка работа. Луѓето секогаш повеќе ги привлекуваат личности кај кои
нешто се случува. Ако го почнете секој разговор преку телефон или очи во очи
оставајќи впечаток дека сте во гужва, ќе видите дека разговорите ќе ви траат
пократко, ќе има помалку прашања, помалку отпор, и луѓето повеќе ќе го ценат
вашето време.

Примери за блиски пријатели ( warm market ):

„Немам многу време за разговор, но многу ми е важно што те добив.“

„Имам милион работи кои треба да ги завршам, но мило ми е што ти се јавив.“

„Излегувам надвор, но морам да зборувам со тебе набрзина.“

Примери за познаници ( cold market ):

„Сега не е време да навлегуваме во тоа и морам да одам, но... “

„Морам да одам, но... “

Ја разбирате ли пораката. Поднесете го тонот како да сте во брзање.

Во врска со примерите кои ви ги дадов, не грижете се премногу за точните зборови.


Само фокусирајте се на концептот и користете ваши зборови. Дајте им до знаење на
луѓето дека сте зафатени, имате многу работи да завршите и немате многу време, но
дека ви е важно да зборувате со нив набрзина. И правете го тоа со малку страст во
својот глас.

Втор чекор: Дајте му комплимент на кандидатот

33
Ова е многу важен чекор. Искрениот комплимент ( мора да биде искрен ) отвара
врата за вистинска комуникација и ќе го направи кандидатот помек во врска со тоа
што имате да го кажете.

Примери за warm market ( блиски пријатели ) кандидати:

„Бевте многу успешни и отсекогаш сум се восхитувал на начинот на кој работите “

„Секогаш сте имале полна подршка спрема мене и тоа го ценам многу. “ ( одлично
за користење со фамилијата и блиските пријатели )

„Имаш одлични идеи за бизнис и гледаш работи кои другите не можат да ги видат“

„Од кога ве познавам, верувам дека сте најдобри во тоа што го работите“

Примери за cold market ( познаници ) кандидати:

„Кај вас имав една од најдобрите услуги кои некогаш сум ги имал“

„Многу сте остроумни. Може ли да прашам со што се занимавате ?“

„Ова го направивте со фантастично искуство“

Клуч за комплиментите е тоа што мора да биде искрен. Пронајдете нешто што
можете искрено да го користите за да можете да му дадете комплимент на
кандидатот и користете го. Овој едноставен чекор ќе ги дуплира вашите резултати.
Кога ќе почнете со важноста и со комплиментот, станува многу тешко за личноста
да реагира негативно на вашиот повик. Луѓето не слушаат комплименти често.
Чувството е добро. Ќе приметите дека кандидатите ќе станат многу претпазливи.
Ако ги проучите професионалците, ќе видите дека тие константно ги водат луѓето
кон подобро расположение со своите искрени комплименти. Помага во создавањето
на блискост, помага во отварањето на човечките умови и најмногу, помага во
остварувањето на нашата цел едукација и разбирање.

34
Трет чекор: Направете ја поканата

Ова е ситуација каде што една големина НЕ им одговара на сите. Постојат три типови
за пристап со поканата во професијата мрежен маркетинг.

Директен пристап

Тој се користи кога ќе ги повикате луѓето да дознаат повеќе за можноста која им се


нуди, но поголемиот дел од луѓето користат директен пристап со сите свои
кандидати. Обично се одвива вака: „Најдов начин како да се збогатите! Дозволете да
ви објаснам. Бла, бла, бла.“ Ја разбирам страста, но вистина, кој ќе биде возбуден за
тоа, освен ако добиваат повик од милионер ? Ова не значи дека директниот пристап
не дејствува. Делува. Има важно место во нашиот процес на повикување. Но треба
да биде резервирано за луѓе кои ве познаваат и ве ценат или за луѓе за кои знаете
дека тражат нешто подобро, во спротивно овој метод го избегнувајте.

Примери за warm market кандидати:

„Кога ми рековте дека (ја мразите вашата работа, ви требаат повеќе пари, сакате да
си купите нова куќа итн.), дали бевте сериозни или се шегувавте ? ( Речиси секогаш
ке кажат дека биле сериозни. ) Одлично ! Мислам дека го пронајдов начинот да ( го
добиете тоа, да го решите тој проблем, да го направите тоа )“ Овој метод се користи
во ситуации каде што ја знаете областа за нивното незадовлство, потреба или желба.

„Мислам дека пронајдов начин како да го зголемеме вашиот прилив на пари“

„Кога помислував на луѓе кои можат да направат апсолутно богатство со бизнисот


кој го пронајдов, помислив на вас“

„Дали уште барате работа ? Најдов начин како и двајцата да почнеме одличен бизнис
без вообичаените ризици“

35
„Дозволете да ве прашам нешто, ако постои работа која можете да ја работите
привремено која би ја заменила вашата заработка од работата со полно работно
време, дали би биле заинтересирани ?“

Примери за cold market кандидати:

„Дали имате размислувано за диверзификација ( повеќе начини ) на вашата заработка


?“

„Дали уште размислувате за други опции во вашата кариера ?“

„Дали планирате да ја работите работата што ја имате сега до крајот на вашиот живот
?“

Можете да ја продолжите оваа варијација на текст со: „Имам нешто што би


можело да ве интересира. Сега не е време да навлегуваме во тоа, но...“

Индиректен пристап

Ова е уште една моќна алатка која ќе ви помогне да ги ослободите луѓето од


почетниот отпор и да ги едуцирате со тоа што имате да им го понудите. Во
индиректниот пристап од кандидатот барате помош, информација или правец. Го
користев овој пристап многу пати и со голем успех кога почнував. Поради
недостаток на самодоверба кога имав 23 години, немав многу успех со директниот
пристап, па научив да се спуштам и да си играм со егото на кандидатот. Делуваше
неверојатно добро и сеуште делува.

Примери за warm market кандидати:

„Штотуку започнав нов бизнис и многу сум нервозен. Пред да започнав ми треба да
вежбам на некој пријателски настроен. Ќе ви смета ли ако вежбам на вас ? ( Ова е
одличен пристап за фамилија и блиски пријатели. )

36
„Најдов бизнис за кој сум возбуден, но што знам јас ? Вие имате толку искуство.
Дали ќе го проверите за мене ако не ви е премногу тешко и да ми кажете што
мислите, дали го правам вистинскиот чекор ?“

„Еден пријател ми рече дека најдобрата работа што можам да ја направам кога
започнувам бизнис е да имам луѓе што ги ценам да погледнат за што се работи и да
ми ги кажат било кој забелешки. Дали би сакале да го направите тоа за мене ако ви
поедноставам ?“

Примери за cold market кандидати:

Кога ќе запознаете некој од друг град, регион или држава, и вашата компанија делува
таму, можете да кажете:

„Мојата компанија се шири во вашата област. Дали ќе ми направите услуга да го


погледнете тоа и да ми кажете што мислите, дали би функционирало таму каде што
живеете ?“

Кога ќе запознаете некој кој може да ви даде добар совет за вашиот производ, можете
да кажете:

„Започнав бизнис за производ за кој мислам дека има смисла, но би сакал да го


добијам вашето мислење. Дали би сакале да проверите за што станува збор и да ми
го дадете вашето мислење ?“

Супер индиректен пристап

Третиот пристап е супер индиректен пристап. Овој пристап е исклучиво моќен затоа
што делува на повеќе психолошки нивоа. Во овој пристап, вие му кажувате на
кандидатот дека тој не е кандидат и дека вие сте само заинтересирани да дознаете
дали тие знаат некој кој би можел да бенефицира од вашиот бизнис. Ова е многу
ефективно !

Пример за блиска личност ( warm marker prospect )

37
„Бизнисот во кој сум јас, јасно е дека не е за вас, но сакав да ве прашам, кои луѓе ги
познавате кои се амбициозни и мотивирани за заработување и кои би биле возбудени
од идејата да добијат нов прилив на пари во нивниот живот ?“

„Колку луѓе познавате кои би сакале добар бизнис кој би можеле да го работат од
дома ?“

„Колку луѓе познавате кои не успеале во нивниот бизнис и можеби бараат начин да
променат приливот на приход во нивниот живот ?“

„Работам во компанија која се шири во овој регион и барам бистри луѓе кои би
можеле да бидат заинтересирани за додатен прилив на пари. Дали познавате некој
што одговара на тоа ?“

Поголемиот дел ќе ви побараат повеќе информации пред да почнат да ви кажуваат


било какви имиња ( позади тоа барање има скриено интрига, мислејќи дека тоа е
можеби и за нив но нема сеуште да го признаат тоа ). Кога ќе прашат за повеќе
информации, можете да одговорите со следното: „Има смисла тоа што го кажувате.
Би сакале да знаете повеќе во врска со тоа пред да ми препорачате некој свој контакт
?“ Потоа можете да продолжите со четвртиот чекор.

Пример за пријател – познаник ( cold market prospect )

Што се однесува до супер индиректниот пристап, cold market е идентичен со


претходно наведениот. Едноставно користете ја скриптата за блиските луѓе ( warm
market ) или било кој начин кој ви одговара.

Четврти чекор: Ако јас би, дали би вие ?

Ова прашање беше моето тајно оружје долго време. Тоа е далеку најмоќната
реченица која ја открив во градењето на голем и успешен бизнис во мрежниот
маркетинг.

„Ако ви дадам CD, дали би го изгледале“


„Ако ви дадам CD, дали би го ислушале“

38
„Ако ви дадам магазин ( или било каков друг материјал ) дали би го прочитале“
„Ако ви дадам линк за веб сајт со комплетна презентација, дали би го изгледале“

Ова прашање е толку моќно од повеќе причини. Прво, реципрочно е. Кажете дека ќе
направите нешто ако и тие направат нешто. Како луѓе, ние сме силно врзани да
одговориме позитивно на овој вид на ситуација. Второ, ве става во позиција на моќ.
Вие имате контрола. Вие не молите. Вие не барате услуга. Вие просто нудите
размена на вредности. И како трето, дава до знаење дека ВИЕ имате нешто од
вредност за да понудите. Вие кажувате дека ќе направите нешто, но не ако таа
личност не направи нешто за возврат. КОГА ЌЕ ГО ВРЕДНУВАТЕ ТОА ШТО ГО
ИМАТЕ, ЛУЃЕТО ЌЕ ВЕ ЦЕНАТ ! Кога започнав не знаев за ова магично прашање.
Само зборував работи како: „Јас навистина, озбилно, сериозно би сакал да го
погледнете моето видео, да го видите мојот производ, да го слушнете моето CD итн.“
Можете да ги замислите резултатите. Целосната психологија на тоа е слаба. Ако
викате АКО БИ ЈАС, ДАЛИ БИ ВИЕ ? - тогаш имате бизнис разговор. Ако користите
„Јас навистина, озбилно, сериозно би сакал да го погледнете...“ тогаш звучите
очајно, а очајниот промотер не е привлечен. Ако веќе го имате користено овој
пристап тогаш знаете за што зборувам. АКО ЈАС БИ, ДАЛИ БИ ВИЕ ? - донесува
резултати. Ги тера луѓето да кажат ДА. Им помага на кандидатите да видат што
имаме ние да им понудиме. Запамтете, нашата цел е ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ.
АКО ЈАС БИ, ДАЛИ БИ ВИЕ ? Помага да ја постигнеме нашата цел. Ако сте го
започнале телефонскиот разговор со брзање, комплимент, сте се јавиле и прашале
АКО ЈАС БИ, ДАЛИ БИ ВИЕ ? Нивниот одговор ќе биде ДА речиси 100%, и потоа
можете да продолжите со чекор број 5.

Ако прашаат за повеќе информации, прво само одговорете го следното: „Разбирам


дека сакате повеќе информации но сé што барате е на овој ( Линк, книга, CD итн. )
Најбрз начин навистина да разберете за сé што ви зборувам е да го погледнете
следниот материјал. Значи, АКО ВИ ГО ДАДАМ, ДАЛИ ЌЕ ГО погледнете ? Ако
кажат НЕ, тогаш заблагодарете им се за нивното време и продолжете понатаму. Исто
така прегледајте ги чекорите од 1 до 3 за да видите што можете да направите
подобро. НО НЕ ИМ ГИ ДАВАЈТЕ МАТЕРИЈАЛИТЕ !

Значи, пројдовте низ првите четири чекори и кандидатот ви рече ДА ! Успех ! Се


согласи да ја погледне вашата алатка ! Дали тоа значи дека ќе продолжи понатаму ?
Не, не. Всуштина само 5% од вашите кандидати ќе го направат тоа што ви рекле дека
ќе го направат, ако ги користите само првите четири чекори – а 5% не е добра цифра.

39
За да би дошле блиску до 80% морате да го завршите процесот на професионално
повикување.

Петти чекор: Потврда #1 – Добијте временска обврска

Вие прашавте, АКО ЈАС БИ, ДАЛИ БИ И ВИЕ ? А тие рекле ДА. Следниот чекор е
временско обврзување.

„Кога мислите дека ќе го изгледате видеото навистина ?“


„Кога мислите дека ќе го ислушате CD-то навистина ?“
„Кога мислите дека ќе го причитате материјалот навистина ?“

Не го предлагајте времето наместо нив ( тоа е друга грешка која ја правев порано во
мојата кариера ). Само поставете го прашањето и чекајте да ви одговорат. Ова
прашање ќе ги натера да размислат за нивното време и обврски, за да најдат простор
да ја погледнат вашата алатка и да ве контактираат во врска со тоа. СО ДРУГИ
ЗБОРОВИ, ГО ПРАВИ ТОА РЕАЛНОСТ ! Кога по прв пат прашавте, АКО ЈАС БИ,
ДАЛИ БИ И ВИЕ ? А тие одговориле ДА, тоа значи некој ден. Кога ќе направите
временска обврска, почнува да станува реално. Единствената работа која е важна е
да ви дадат време. Не е битно кога е тоа време. Нека размислат за нивното
организирање и нека ви кажат кога сигурно ќе ги погледнат материјалите.

Околу 90% од времето ќе ви даваат одговори. Остатокот 10% ќе бидат нејасни,


кажувајќи ви „Ќе пробам да го погледнам некогаш“. Ако го направат тоа, кажете им:
„Не би сакал да ви го губам времето, а ни своето. Зошто да не го погледнеме некое
време кога навистина би сакале да го видите ( слушнете, прочитате ). Сетете се дека
во четвртиот чекор рекоа дека ќе го погледнат. Ова е само потврда за времето кога
тоа ќе го направат. Клучот на сево ова е дека веќе имаат два пати речено ДА. Првиот
пат кога одговорија на АКО ЈАС БИ, ДАЛИ БИ И ВИЕ ? А вториот пат кога добивте
временска обврска од нивна страна. Така да сега можете да им ја дадете алатката,
зарем не ? ПОГРЕШНО ! Уште не сте завршиле. На професионалците им требаат
уште неколку секунди за да ги довршат уште неколкуте чекори пред да завршат.

40
Шести чекор: Потврда #2 – Потврда за временската обврска

Ако ви кажат дека ќе го изгледат видеото ( прочитат книгата ) до вторник вечер,


вашиот одговор треба да биде: „Значи, ако ви се јавам во Среда наутро, сигурно
веќе ќе го имате изгледано, така ?“ Ако ви кажат дека ќе го изгледат видеото до
Четврток наутро, вашиот одговор треба да биде: „Значи, ако ви се јавам некаде преку
денот во Четврток сигурно би го имале изгледано, така ?“ Ако ви кажат дека ќе ја
погледнат алатката до 1ви Јули, вашиот одговор треба да биде: „Значи ако ви се јавам
на 2ри Јули, вие сигурно ќе го имате завршено тоа, така ?“ Тие во главно или би
рекле ДА, или би додале уште малку време. Во двата случаи, најбитното во шестиот
чекор е тоа што веќе трети пат до сега имаат потврдено и сега се многу поблиску вие
тоа да го проследите, а СУШТИНАТА Е, ОВА НЕ Е ТЕРМИН ШТО ВИЕ ГО
ЗАКАЖАВТЕ. ОВА Е ТЕРМИН КОИ ТИЕ ГО ЗАКАЖАА ! Рекоа дека ќе го
прегледат материјалот, во одреден временски период и ако им се јавите после тоа,
тие веќе би ги прегледале материјалите. Вие го поставивите прашањето, а нивниот
одговор го закажа терминот.

Седми чекор: Потврда #3 – Закажете го следниот повик

Овој чекор е едноставен. Само прашајте: „Кога е најдоброто време да ви се јавам ?“


Тие ќе ви кажат што им одговоара најмногу и сега го имате вистинскиот термин. Сé
што треба да направите е да запамтите ( запишете ) за да се јавите тогаш кога сте
рекле дека ќе се јавите. Четири пати ви кажаа ДА. Целото повикување траеше
неколку минути и вашите шанси за постигање на вашата цел за ЕДУКАЦИЈА И
РАЗБИРАЊЕ скокна од 5% на 80%.

Осми чекор: Спуштете ја слушалката

Запамтете, се брзавте зарем не ? Штом го потврдите терминот, најдобрата работа


што можете да му ја кажете на некој е: „Одлично, ќе зборуваме тогаш. Морам да
одам !“ Многу луѓе ќе договорат термин и потоа ќе го уништат со зборување и
зборување. Запамтете, нашата цел е ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ и ќе оставите
алатките да го завршат поголемиот дел од работата.

Ова се некои примери од сите 8 чекори:

41
За личноста за која знаеш дека ја мрази својата работа – Директен пристап

„Здраво, немам многу време за зборување, но многу ми е важно што те добив.


Слушај, ти си една од финансиски најинтелигентната личност што ја познавам и
отсекогаш сум го ценел тоа кај тебе. Кога ми рече дека навистина не ја сакаш твојата
работа, дали беше озбилен или само се шегуваше ?“ ( Ќе каже дека бил озбилен ).
„Одлично, мислам дека пронајдов начин како ќе направиш излезна стратегија. Имам
едно видео кое објаснува за што зборувам многу подобро од мене. АКО ти го дадам
тоа видео, дали би го изгледал ?“ ( Ќе каже дека ќе го изгледа ). „Кога мислиш дека
сигурно ќе го изгледаш ?“ ( Ќе каже Вторник ). „Значи ако ти се јавам во Среда
наутро, ти ќе го имаш изгледано видеото ? “ ( Ќе каже да ). „Ок, тогаш се слушаме
во среда. Кога е најдоброто време да ти се јавам ?“ ( Ви дава информација ).
„Одлично, ќе зборуваме тогаш. Морам да одам ! Поздрав.“

Добар другар – индиректен пристап

„Здраво, само што излегувам, но морам да позборувам со тебе набрзина. Имаш ли


секунда ? Одлично. Слушај, отсекогаш си бил тука за мене и си ме подржувал и тоа
многу го ценам.“ „ Само што започнав нов бизнис и баш сум нервозен. Пред да
почнам би сакал да вежбам на некој пријател. Ќе ти смета ли ако вежбам на тебе ?“
( Тие ќе ви кажат секако дека нема да им смета ). „Одлично ! Ако ти дадам линк од
едно видео, кое дава информации на професионален начин, ДАЛИ БИ ГО
ИЗГЛЕДАЛ ?“ ( Ќе каже да ) „Трае околу 30 минути. Кога мислиш дека ќе го
изгледаш сигурно ?“ ( Каже во Четврток ). „Значи ако ти се јавам во Петок наутро,
ти веќе сигурно ќе го имаш изгледано, така ?“ „Одлично, кога е најдоброто време да
ти се јавам ?“ ( Ви дава информација ). „Супер, се слушаме тогаш. Морам да одам !
Фала многу !

Многу успешна личност – Супер Индиректен Пристап

„Знам дека сте зафатени и јас исто така имам милион работи, но мило ми е што ве
добив. Вие сте многу успешен човек и отсекогаш сум имал почитување кон вашиот
начин на водење на бизнис.“
„Неодамна почнав нешто ново и барам бистри луѓе. Јасно е дека ова не е за вас, но
сакав да ве прашам, кого познавате што е амбициозен, мотивиран да заработи и кој
би бил возбуден од идејата да добие нов прилив на пари во нивниот живот ?“ ( Ќе ви

42
каже дека познава некои луѓе ) „Разбирам, дали би сакале да дознаете нешто повеќе
во врска со тоа пред да ми препорачате некој свој. Имам едно видео кое објаснува
точно што работам и какви луѓе барам.“
„Ако ви го пратам, ДАЛИ би го изгледале ?“ ( Каже да ) „Фала ви. Кога мислите дека
сигурно ќе го изгледате ?“ ( Каже наредниот понеделник ). „Во ред, значи ако ви се
јавам наредниот вторник, вие сигурно ќе го имате изгледано, така ?“ „Во ред, се
слушаме тогаш. Кое е најдоброто време да ви се јавам ?“ ( Вторник, ќе ви даде
информација ) „Во ред, одлично ! Фала ви уште еднаш ! Многу го почитувам ова. Се
слушаме наредниот Вторник !“

Познаник-пријател ( cold market prospect ) кој направил добра работа продавајќи ти


нешто – Директен пристап

„Сега не е време да почнуваме со ова и морам да одам, но ти си многу бистар, а јас


моментално барам бистри луѓе. Дали планираш да го работиш тоа што го работиш
до крајот на твојата кариера ?“ ( Каже не ) „Добро. Имам нешто што би можело да
те интересира. Сега не е момент да почнеме со тоа но имам едно видео кое објаснува
во детали. Ако ти го дадам, дали би го изгледал ? “ ( Каже да ) „Кога мислиш дека
ќе го изгледаш сигурно ?“ ( Каже во Недела ) „Значи, ако ти се јавам во Понеделник,
ти ќе го имаш изгледано сигурно, така ?“ ( Каже да ) „Ок, се слушаме тогаш. Кога е
најдоброто време да ти се јавам ?“ ( Дава информација ) „Во ред, тоа е тоа. Фала ти
уште еднаш на одличната услуга и се слушаме наскоро !“

Дали чувствувате како функционира ова ? Очигледно има многу варијатни за


различни врсти на кандидати, но јас се надевам дека овие примери ви помогнаа да
сфатите како сево ова доаѓа во едно ( Сé се вклопува ). Во примерите од скриптите,
најдобро е да го земете основниот концепт и не се фокусирајте премногу на
зборовите од одредени скрипти. Животот не функционира така. Но ако научите да
им дадете до знаење на вашите кандидати дека се брзате, па ако им дадете
комплимент, ги отворите во вашиот бизнис, потоа проследите со алатката, АКО ЈАС
БИ, ДАЛИ БИ И ВИЕ ? Тогаш потврдите користејќи го одговорот на кандидатот и
конечно се тргнете од телефонот. Ќе ви оди сосема добро ! Запамтете во
регрутирањето, не постојат добри или лоши искуства – само едукативни искуства.
На вашиот пат кон станувањето професионалец во мрежен маркетинг, најдоброто
нешто што може да ви се случи е да ги развиете вештините за регрутација, во било
која ситуација. Тогаш никогаш не мора да се грижите дали ќе ви се посреќи. Значи
ВЕЖБАЈ, ВЕЖБАЈ, ВЕЖБАЈ !

43
ГЛАВА ШЕСТ

Вештина #3

Презентирање на вашиот производ или прилика на кандидатите

Зборувавме за првите две вештини идентификувањето на кандидатот и повикување


на истиот да дознае повеќе за вашиот производ или прилика. Како што научивте, ќе
ги повикате да ја погледнат алатката или да присуствуваат на некој вид на настан.
Ако прегледаат нешто сами а вие не сте присутни, нема ништо што можете да
направите. Само преследете го како што сте рекле дека ќе го направите тоа. Ако сте
физички присутни, постојат некои работи кои морате да ги разберете, а една од
најважните е, ВИЕ не сте темата ! Ова ми беше тешко да го прифатам. Кога почнав,
прочитав сé што можев, ислушав сé што можев, и присуствав на секој тренинг што
можев. Мислев дека најважната работа која можам да ја направам е да го знам секој
детал што се однесува до мојата компанија за ако ми постави некој било какво
прашање да бидам спремен со одговори. Звучи логично, зарем не ? Би седел со некој
и би рекол: „Дозволете ми да ви кажам сé за нашиот производ. Дозволете ми да ви
кажам сé за нашата компанија. Дозволете ми да ви раскажам сé за нашиот распоред
на приход. Дозволете ми да ви раскажам сé за нашиот неверојатен систем на
подршка.“ Постои голем проблем во таквиот вид на пристап, ако сакате да изградите
голема и успешна организација. За мене, првиот проблем беше, без разлика на тоа
колку учев, секогаш постоеја прашања кои ме збунуваа. А со оглед на тоа што се
претставував како експерт, кога би се збунил, тоа би го натерало кандидатот да је
преиспита целата шанса ( прилика ).

Вториот проблем беше, тоа што поголемиот дел од кандидатите знаеја дека не сум
експерт. Така да кога ќе дојдев и ќе се претставев како авторитет, тие знаеја дека тоа
не е вистина. Тоа ги правеше уште поскептични.

44
Третиот проблем беше во тоа што дури и кога успешно ќе се претставев како експерт,
другите дистрибутери во мојата организација ја немаа потребната страст и волја за
учење. Како резултат на тоа, бев човек кој беше потребно да отиде на секоја
поединечна презентација ( go-to guy ).

Не постои начин да се креира организација која ќе се дуплицира со ваков пристап,


а без дупликација, мрежниот маркетинг е само работа. Во раните денови, тоа беше
мрежниот маркетинг за мене – работа. Немав дупликација затоа што од себе
направив тема. Но бев одлучен и почнав да гледам и претпазливо да забележувам
како поголемиот дел успешни дистрибутери прават успешни презентации.
Професионалците никогаш не ја правеа темата да биде за нив. Што е и поважно,
никогаш не се претставуваа како експерти. Делуваа како консултанти кои ги
поврзуваат кандидатите со алатките, настаните, или со другите дистрибутери за да
им помогнат да станат едуцирани. Ако кандидатите би поставиле прашање, тие би
ги насочиле кон одговорот, но никогаш не би им дале одговор директно. Ова ме
збунуваше додека не почнав да ја разбирам дупликацијата. Професионалците знаеја
дека можат да ја зачленат личноста заслепувајќи ги со своето знаење и искуство, но
исто така знаеја и дека тоа ќе одземе премногу време за и нивниот дистрибутер да
почне да го прави истото, и така смислија поедноставен пристап. Тоа беше
отприлика во тоа време кога го слушнав концептот кој од тогаш ми остана врежан
во сеќавањето:

Во мрежниот маркетинг, не е важно што делува. Единствената работа што е важна е


што се дуплицира.

Ова би требало да биде водечкиот принцип на секој професионалец во мрежниот


маркетинг. Професионалците користат алатки наместо својата мудрост.
Професионалците користат настани во живо наместо своите презентации.
Професионалците користат други дистрибутери кои ги даваат деталите, наместо да
ги даваат тие самите. Професионалците не се претставуваа како експерти, тие само
ги повикуваа луѓето да научат повеќе за производот или приликата и оставаа
средствата на трети лица да ги обезбедат информациите. Професионалците
внесуваат страст, ентузијазам, возбуда и верба. Ако некогаш гледате професионалец
како работи, ќе видите оган во нив кој е заразен. Направете ги страста, ентузијазмот,
возбудата и вербата вашиот приоритет, потоа јавете се професионално и дозволете
изворот ( средството ) на трето лице да го доврши останатото. Покрај учењето како
ефективно да го презентирате производот или приликата при траењето на личното

45
регрутирање, исто така е важно и да научите како да ја презентирате вашата прилика
на група на луѓе. Слушнав дека викаат ( и мислам дека е вистина ): „Личноста со
маркерот заработува пари“. Со други зборови, личноста на почетокот на
просторијата која ја прави презентацијата обично има поголем приход од
просечниот. Кога почнав бев смртно исплашен да зборувам пред луѓе, но бев
амбициозен, и кога сите зборуваа дека оваа е важна вештина, бев одлучен да ја
совладам. Почнав така што учев како да дадам кратко ама ефективно сведочење (
признание ). Учењето како да ја раскажам мојата приказна беше екстремно вредно
во градењето на мојот бизнис и така е до ден денес. Луѓето не ги интересира колку
знаете, но СЕ заинтересирани да ја слушнат вашата приказна, сé додека не им
досадувате со неа.

Работев на мојата приказна некое време додека не ја прилагодив два или три пати,
еве што добив од тоа: „Здраво ! Моето име е Ерик Вор и јас сум пензиониран
работник. Имав 18 работни места до 23 години од мојот живот и почнав сам да
размислувам за мојата иднина која не изгледаше добро. Бев посрамотен со
недостатокот на резултат и очајно барав некаков начин за да направам нешто во
животот. Во Јануари 1988 година ми беше претставен мрежниот маркетинг и тој ми
го промени животот. Наместо да се плашам од иднината, сега сум возбуден за неа.“
( И потоа би додал што би било пригодно за ситуацијата, а тоа зависи од моето
моментално ниво на успех ).

Темата на мојата приказна беше, ако можам јас да успеам, секој може да успее. И тоа
функционираше. Тоа го користев цело време. На хотелски состаноци, на куќни
состаноци, на тространи телефонски разговори, на конференциски повици – на било
што.

Без разлика на тоа каква е историјата, можете да составите сопствена неодолива


приказна. Открив дека секоја добра приказна има четири елементи:

1. Ваша позадина
2. Работи кои не ви се допаѓаат за вашата позадина
3. Како мрежниот маркетинг или вашата компанија ви помогна
4. Вашиот резултат, или како се чувствувате во врска со иднината

46
Одвоете малку време за да ја создадете вашата приказна и почнете да ја раскажувате
секогаш кога ке имате прилика. Следното нешто што одлучив беше да ја совладам
презентацијата за шансата на мојата компанија. Повторно, концептот за моделирање
на успешни луѓе влезе во игра. Најдобро платениот човек во мојата компанија бепе
екстремно моќен и ефективен. Освен тоа, тој ја правеше истата презентација секој
пат, збор за збор. Па ја снимив неговата презентација и препишував сé на лист. Кога
го завршив тој чекор, го снимав својот глас рецитирајќи ја таа презентација. Го
правев тоа збор за збор. Истата приказна, истите шеги – сé беше неговата прецизна
презентација. Кога завршив, ја пуштив сам касетата и бев ужасен. Гласот ми беше
без енергија. Бев досаден. Го мразев тоа. Па снимав уште еднаш, па уште еднаш,
неколку пати сé додека не стана прифатливо. На крајот имав аудио касета со мојата
презентација, и ја преслушував безброј пати во мојот автомобил. Би се обложил дека
ја имав ислушано 500 пати, и до тогаш, веќе ја имав запамтено. Ја знаев однапред и
одназад. Можев да почнам од било кој дел на презентацијата и да продолжам од
таму. Не би ми поверувале колку самодоверба ми даваше тоа. И со нејзина помош
од човек исплашен од презентација, станав некој кој бараше прилика да ја направи !
Ја направив презентацијата на конференциски повици, куќни состаноци, тространи
повици и било кое друго место кое можев да го пронајдам. Станав редовен презентер
на нашите локални состаноци и продолжив да се искачувам на сé поголеми и
подобори настани, дури и барав да зборувам на конвенциите на компанијата.

За мене, еволуцијата на станување на презентер одеше во повеќе фази:


1. Учење на мојата приказна
2. Учење на стандардни презентации за прилика ( шанса )
3. Учење на различни тренинг презентации

Голем, одлучувачки момент како презентер дојде во 1993та година. Имав 29 години
и почнав да создавам име во мрежниот маркетинг. Имав разговор со извршниот
директор на компанијата ( CEO ) и број еден дистрибутерот во тоа време. Не можам
точно да се сетам како таа тема се спомна, но се сеќавам дека му реков на директорот
нешто како: „Па, тој ( најдобриот дистрибутер ) можеби е подобар работник во
мрежата од мене моментално, но можам да победам во презентација било кога.“ Го
кажав тоа како на шега, но директорот тогаш рече: „Во ред, вака ќе направиме.
Имаме голема конвенција наскоро. Ќе има над 14000 луѓе. Ќе ви дадам на двајцата
еднакво време и ќе имате тајно натпреварување. Јас сам ќе одберам неколку судии и
тие ќе гласаат кој направил подобра работа.“

47
Woow ! Сега бев на удар ! Не бев голем лидер. Немав голема организација ни
репутација во тоа време како најдобар дистрибутер. Така ја направив единствената
работа што можев да ја контролирам. Почнав да се припремувам како животот да ми
виси на конец. Ја одбрав темата. Напишав говор и го исправував многу пати.
Истражував. Вежбав. Се снимав сам како правам говор. Направив сé што беше во
мојата моќ. Кога дојде тој ден, никогаш се немав чувствувано толку нервозно во
животот. Да се обратите на 14000 луѓе е како да зборувате со океан. Но припремата
ми послужи. Ги смирив моите 29 години и испорачав смирено. Одговорот беше
неодолив. Публиката полуде, буквално. Се чувствував малку вкочането додека се
симнував од бината додека тие сеуште навиваа и седев додека најдобриот
дистрибутер го даваше својот говор. Тој направи добра работа, но морам да ви
признаам, ми беше толку добро кога директорот ми пријде и ми честита на победата
во нашиот приватен натпревар. Тоа дефинитивно беше одлучувачки момент. Тој
говор беше изгубен долго време но копија е пронајдена неодамна. Ако би сакале да
го слушнете, тоа можете да го направите со следење на овој линк:
www.networkmarketingpro.com/calltoaction

Ако ги соберете сетот вештини, ќе запамтите неколку работи. Кога истражувате (


ангажирате ) вие сте гласовникот ( преносител на порака ), а не пораката. Потргнете
се на страна и користете ја алатката на трето лице. Научете да ја кажувате вашата
приказна на начин на кој ќе ги натера вашите кандидати да сакаат да слушнат повеќе.
Кога се работи за презентирање пред група луѓе, припремата е клуч. Кога сте
спремни, забавно е.

48
ГЛАВА СЕДУМ

Вештина #4

Проследете ги вашите кандидати

Се вика дека богатството во мрежниот маркетинг е во проследувањето на


кандидатите ( follow up ). Мислам дека тоа е вистина, затоа што поголемиот дел од
луѓето во мрежниот маркетинг не ги проследуваат своите кандидати воопшто, барем
не како професионалци. Морате да разберете неколку важни концепти, доколку
сакате да ја совладате оваа вештина.

49
КОНЦЕПТ БРОЈ 1 – Проследување ( follow up ) значи да направите сé што се рекле
дека ќе направите !

Ако сте рекле дека ќе се јавите во одредено време, тогаш направете го тоа !
Професијата на мрежниот маркетинг е полна со луѓе кои стануваат многу возбудени
за една минута, а потоа се губат во акција наредниот момент. Водете го вашиот
бизнис преку рачен или електронски календар. Бидете личност која прави сé што
рекла дека ќе прави. Луѓето тоа ќе го почитуваат.

Продавав невижности година пред да се приклучам во мрежниот маркетинг. Мојот


татко и неговиот партнер беа сопственици на компанијата во која работев во тоа
време. Еден ден бев сам во канцеларијата и еден господин кој се викаше Чак Ејкок,
дојде на закажан состанок во 10 часот со мојот татко. Беше 9:55, а мојот татко уште
не беше пристигнат во канцеларијата. Го поздравив господинот и му реков дека сум
сигурен дека мојот татко ќе пристигне наскоро. Точно во 10 часот Чак стана и рече:
„10 часот е. Твојот татко не е овде. Кажи му да ми се јави ако сака повторно да закаже
состанок.“

Не можев да поверувам. Дојде до нашата канцеларија и си замина 30 секунди после


закаженото време. Му реков: „Господине Ејкок. Сигурен сум дека ќе пристигне сега,
нема потреба да си одите.“ Тогаш ми рече нешто што никогаш нема да го заборавам.
Рече „Сине, или си рано или доцниш. Тој доцни, а моето време е вредно. Пренеси му
да ми се јави ако сака повторно да го закаже состанокот.“ И си замина. Мојот татко
се појави во 10:10 часот очекувајќи дека ќе се сретне со Чак. Му кажав што се случи
и беше изненаден исто како мене. Не му беше навика да задоцнува или било што.
Само тоа утро беше малку поопуштен со своето време. Повторно го закажа
состанокот и забележав дека таа година мојот татко СЕКОГАШ ПОДРАНУВАШЕ
на состаноците со господин Чак.

Која е лекцијата од оваа приказна ? За мене, лекцијата беше дека луѓето ја почитуваат
личноста која го прави тоа што ќе каже дека го прави. Луѓето исто така ја почитуваат
личноста која го вреднува своето време. Ако сте кажале дека ќе испочитувате
одредено време по одреден принцип, ИЛИ НАПРАВЕТЕ ГО ТОА ИЛИ
НАПРАВЕТЕ НОВ РАСПОРЕД ДОСТА ПОРАНО ЗА ТОЈ СОСТАНОК.

50
КОНЦЕПТ БРОЈ 2 – ЕДИНСТВЕНАТА ПРИЧИНА ЗОШТО ИМАТЕ
СОСТАНОЦИ Е ЗА ДА ГО ЗАКАЖЕТЕ СЛЕДНИОТ СОСТАНОК

Кога почнував јас, секој излез го завршував прашувајќи „ШТО МИСЛИТЕ ЗА ТОА“.
Никој не ми рече дека тоа е најлошата работа што сум можел да ја направам. Ми
изгледаше природно да поставам такво прашање, но моите резултати беа ужасни.
Барав помош од мојот постар ментор. А тој ми рече: „Ерик единствената причина
зашто држиш состаноци е за да го закажеш следниот состанок.“ Одлепив кога го
слушнав тоа. Мислев дека ако веќе имам состанок ( мини термин ) тогаш морам да
ја зачленам таа личност ! Продолжи да ми објаснува дека ако го завршувам секој
состанок со закажување на наредниот состанок, контакт личноста евентуално би
станала едуцирана во врска со шансата која и се пружи, па ќе донесе сигурна одлука.

Мислата во мојата глава се промени од „добивање контакт личност на првиот


состанок“ во задржување на овој процес во животот преку закажување на нареден
термин, па нареден, па нареден, се додека тие не донесат одлука. Кога го направив
ова мало унапредување, моите резултати се подобрија драматично.

Зборувавме порано како професионално да се повика контакт личноста да погледне


што имате да им понудите. На крајот на тој процес, пројдовме преку повеќе чекори
за да го закажеме следниот состанок, всушност вашиот следен повик. Тоа е вашиот
следен состанок. Кога ќе го направите тој повик, ќе ги прашате дали го погледнале
материјалот ( видеото ). Ќе речат, „Не“ или ќе речат „ДА“. Да поразговараме како ќе
го закажете следниот состанок во двата случаја. Ако кажат НЕ, затоа што немале
време да го погледнат материјалот, многу е важно да не го покажете вашето
незадоволство заради нивното задоцнување. Звучи смешно, но поголемиот дел од
луѓето само ги притискаат своите контакти со „мислев дека рековте дека ќе го
погледнете сигурно“. Очигледно е дека ова нема да ви помогне во градењето на
односот на кој работите.

Најдобриот начин да одговорите на тоа е: „Во ред е, разбирам дека понекогаш нема
време. Кога мислите дека ќе го погледнете сигурно, ама сигурно ?“ Сега можете да
кажете „сигурно, сигурно“ тоа е малку премногу но јас ова го користев со декади, во
ваквите „проследување на кандидат“ случаи и тоа го правам затоа што дејствува. Во
секој случај, користете го тој говор што сакате вие да го користете само за да ја
закажете следната временска обврска и пројдете низ сите чекори за да ја добиете таа
временска обврска. Кога ќе го добиете и датумот и времето за следниот повик (

51
следниот состанок ) тогаш спуштете ја слушалката и јавете им се кога сте се
договориле дека ќе им се јавите. Ако им се јавите во договореното време, а тие
сеуште го немаат погледнато материјалот, само повторете го процесот сé додека
тие не го направат тоа. Запамтете, тие го закажуваат следниот повик ( состанок ), а
вие сте професионалец кој ги проследува на начин на кој сте рекле дека ќе ги
проследувате.

Ако се јавите на контакт личноста и таа каже „ДА, го погледнав материјалот“, вие ќе
им поставите неколку интелигентни прашања. Како прво нема да ги прашате „Што
мислите за тоа“. Ова само го повикува критичниот дел во човековиот ум, да излезе
со приговор за да звучи паметно. Најдобро follow up прашање кое јас го користев е
„Што најмногу ти се допадна ?“ Ова прашање ќе ве доведе во доста позитивен правец
и ќе ви даде индиција за нивото на нивната заинтересираност. Ако кажат производот
( штедењето ) тогаш вашето следно прашање ќе биде во врска со производот. Ако
кажат бизнисот ( финансиската независност ) тогаш вашето следно прашање ќе биде
во врска со бизнис шансата.

Друго одлично прашање е „На скала од 1 до 10, каде што 1 е нула заинтересираност,
а 10 е спремност да се почне веднаш, каде се гледате себе на таа скала ?“ На оваа
прашање сé преку 1 е ДОБРО. Ви кажува дека имаат некоја заинтересираност.
Најчесто ќе добивате одговори 5 или 6. Без разлика кој број ќе ви го дадат, сé што
треба да им кажете е да ги прашате како можете да им помогнете да дојдат до
поголема бројка. Обично одговорите ќе бидат околу работите кои следеа после
вашето прашање „Што најмногу ви се допадна ?“

Ако одговорот им е многу позитивен, а бројката е висока, можете да преминете


директно на процесот на затварање ( ќе зборуваме повеќе за тоа во наредниот дел ).
Ако не добивте зелено светло, тогаш ќе го закажете следниот мини термин. Можеби
ќе сакаат да го искористат производот ( сина – штедна картичка ), па ќе им помогнете
тоа да го направат и го закажувате следниот термин т.е. Времето кога ќе им се јавите
да го проверите нивното искуство ( следниот состанок ). Можеби ќе сакаат да го
разберат компензацискиот план ( заработката ) така што вие закажувате состанок да
се најдете и заедно да погледнете ( следно излегување ).

Можеби ќе сакаат да разговараат со нивните сопруги, па тогаш ги праќате кај


нивните куќи со нивните материјали, за да можат за нив да позборуваат со нивните
сопруги и да го закажат следниот состанок кој вие нормално ќе го проследите.

52
Што и да се случи, никогаш не го завршувајте состанокот без закажување на
следниот. НИКОГАШ ! Ако го направите тоа тогаш е крај. Тоа мене ми се
случуваше на почетокот. Би имал некој кој би ја погледнал оваа прилика. Кога би го
погледнале, јас би ги прашал „Што мислите за тоа ?“ Обично ќе прозбореа нешто
како „Ќе ви се јавам“ или „морам уште малку да размислам за тоа“ или нешто
слично. И „пуф“ би ги снемало. Тогаш кога би пробал да им се јавам пак, само им
сметав. Целата работа беше непријатна. Кога еднаш го променив овој концепт
никогаш да не завршувам еден состанок без закажување на наредниот, сé се промени
на подобро. Се однесував професионално. Имав контрола. Контакт личностите имаа
повеќе почитување кон мене и кон бизнис шансата. Сето ова се случи благодарејќи
на мојата промена во размислувањето.

КОНЦЕПТ БРОЈ 3 – Во просек потребно е од 4 до 6 состаноци за личноста да се


приклучи

Луѓето не разбираат дека единствената причина за состанување е да се закаже


следниот состанок, па прават преголем притисок на своите контакти и на себе. Во
ваквата „Некои ќе сакаат, некои нема, па што, следниот“ MLM култура луѓето земаат
една по една контакт личност и доколку таа личност не се придружи веднаш, тие
продолжуваат понатаму и никогаш не ги проследуваат. Во многу случаеви, одат и
чекор напред до нарушување на односите со контакт личноста со нивниот став.

Професионалците знаат дека во просек се потребни 4 до 6 состаноци за контакт


личности да се инволвира. Нивната цел е ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ. Тешко е да
едуцирап некој во едно излегување. Така тие нив ги водат од состанок во состанок,
знаејќи дека тие евентуално ќе се приклучат. Преку таков процес, тие исто така
градат цврст однос со контакт личноста. Тие го појачуваат пријателството. Тоа
помага во градењето на верба и доверба и луѓето уживаат да работат со луѓе кои им
се допаѓаат. Од 4 до 6 излегувања е просек, што значи дека ќе има личности што ќе
се приклучуваат на првиот состанок, а ќе има и личности на кои ќе им се потребни
и повеќе од 10 состаноци. Едноставно никогаш не се знае. Едни од најдобрите луѓе
во Мрежниот Маркетинг се биле контактирани со години пред конечно да донесат
одлука да учествуваат во бизнис шанса. Задржете ја вашата ургенција но имајте
стрпение.

53
КОНЦЕПТ БРОЈ 4 – Концентрирајте се на излегување поради подобри резултати

Позерите контактираат некој еднаш и продолжуваат понатаму. Аматерите


контактираат некој повеќе трошејќи повеќе време. Професионалците ги скратуваат
излегувањата во накратко можно време. Луѓето се зафатени. На луѓето нон-стоп им
смета животот. Кога ќе им пријдете со понуда да погледнат нешто ново, многу е
важно да го одржувате нивниот интерес. Најдобар начин да го направите тоа е да
направите што помал период од излегување ( термин ) до следното излегување.

Ако тргнете бавно, можете да им предложете да го погледнат видеото. Тогаш


неколку недели покасно им овозможувате да присуствуваат на конференциски (
скајп ) повик. После месец дена ги повикувате на тростран телефонски повик т.е.
Разговор во кој може да биде вклучен и друг дистрибутер ( ваш партнер ). Овој бавен
процес е тежок затоа што помеѓу секое излегување на нив животот ќе им смета. Ќе
биде речиси како да почнувате од почеток секој пат.

Но од друга страна, ако им дадете да го погледнат видеото, па им се јавете да


присуствуваат на конференциски повик, па го испробаат производот, па ги водите
на бизнис инфо, па имате тростран телефонски повик и сето тоа го направите за една
недела, тогаш им давате шанса навистина да размислат како ова може да им го
промени животот.

Прашања и примедби

Во сите чекори во процесот на регрутација, ќе наидете на прашања и примедби. Тоа


е нормално. Доста често вашата контакт личност ќе сака да звучи паметно (
интелигентно ). Нема да сакаат да изгледаат лесни па ќе ви даваат примедби за да се
чувствуваат подобро. Како вие овде реагирате е од екстремна важност ! Ако
реагирате одбранбено тогаш ќе им дадете сомнеж. Ако се однесувате нападно ќе ги
отргнете од вас. Запамтете, нашата цел е ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ. Не е наша
цел да ја победиме дебатата. Нашата цел е да им помогнеме да слепите луѓе да
прогледаат. Кога некој ќе постави негативно прашање или ако дадат некоја
примедба, сé што прават всуштина е ви помагаат да ги идентифицирате ( лоцирате )
нивните слепи точки. Од помош ќе ви биде да знаете каде ги боли за да можете да ги
асистирате во елиминацијата на тие слепи точки. Ќе ви дадам специфични тактики
кои ќе ви помогнат да ги прејдете примедбите на кандидатите. Но работата која јас

54
сакам да ја запамтите и да и посветете доста време е на фокусирање на концептот.
Тактиките доаѓат и проаѓаат. КОНЦЕПТИТЕ СЕ ВЕЧНИ.

Открив дека секоја примедба има два извора. Првиот е дека кандидатите имаат
ограничени верувања во нивните способности. Не се сигурни дека во ова можат
да бидат успешни. Вториот е дека имаат ограничени верувања во мрежниот
маркетинг. Не се сигурни дека мрежниот маркетинг ќе им помогне да ги
остварат своите цели во животот.

За двете категории, еден од најдобрите концепти е емпатија/сочуствување – како се


врзувате со луѓето. А најдобар начин да се врзате со луѓето е да им дадете до знаење
дека сте и вие исти како и нив. И вие ги имате истите сомнежи, истите прашања,
истите стравови и вие сте ги поминале. Верувале или не, вашата приказна ( и
приказните на други луѓе во бизнисот ) ќе направат повеќе во преоѓањето на
примедбите од било што друго.

Има една стара тактика која се вика ЧУВСТВУВАШ / СЕ ЧУВСТВУВАВ /


ПРОНАЈДОВ. Функционира со емпатија концептот. Кога контакт личноста ќе излезе
со примедба, вие одговарате со – Знам како се чувствувате, и јас исто така се
чувствував, но погледнете што пронајдов. Ова можете буквално вака да го користите
и тоа со голем успех. Исто така можете да ја менувате тактиката базирано на вашата
приказна и вашите контакт личности.

КОГА КОНТАКТ ЛИЧНОСТА ИМА ОГРАНИЧЕНИ ВЕРУВАЊА ВО НИВНИТЕ


СПОСОБНОСТИ

Заеднички примедби во оваа категорија се:

„ЈАС ГИ НЕМАМ ТИЕ ПАРИ“


„ЈАС ГО НЕМАМ ТОА ВРЕМЕ“
„ТОА НЕ Е ЗА МЕНЕ“
„ЈАС НЕ СУМ ЗА ПРОДАВАЊЕ“
„ЈАС НЕ ПОЗНАВАМ МНОГУ ЛУЃЕ“
„ПРЕСТАР СУМ / ПРЕМЛАД СУМ / НЕМАМ ИСКУСТВО“

55
Некои луѓе предаваат фенси пристапи каде вие излегувате паметен а проспектот
глуп.

„Немаш пари ? Имаш ли да платиш кабловска ? Имаш ли да платиш телефон ? Имаш


ли да платиш вечера ? Па ајде, ти имаш пари, освести се !

или

„Немаш време ? До кога ќе го имаш тој проблем во животот ? Мораш да се промениш


ако сакаш промена во твојот живот !“

Како се чувствувате кога го читате ова ? Како би се чувствувале ако некој ова ви го
каже ? Прилично лошо, зарем не ? Подобар пристап е да создадете однос и да ја
раскажете вашата приказна.

Кога личноста ќе ми каже: „ЈАС ЕДНОСТАВНО НЕМА ПАРИ СЕГА“ - Јас на тоа
одговарам: ЈАС ГО ИМАВ ИСТИОТ ТОЈ ПРЕДИЗВИК. НЕМАВ ДОВОЛНО ПАРИ
ЗА СМЕТКИТЕ, ЗА САМ ДА ЗАПОЧНАМ НОВ БИЗНИС. НО КОГА СЕ СЕТИВ
НА ТОА, СФАТИВ ДЕКА АКО СЕГА НЕМАМ ДОВОЛНО ПАРИ ЗА ДА ГИ
ПЛАТАМ МОИТЕ СМЕТКИ КАКО ЈАС ТОА ЌЕ ГО ПРОМЕНАМ ВО
ИДНИНАТА ? БЕВ УМОРЕН НОН-СТОП ДА ЗАОСТАНУВАМ, МИ БЕШЕ
ПРЕКУ ГЛАВА НОН-СТОП ДА МИ НЕДОСТИГААТ ПАРИ. САКАВ ПОВЕЌЕ ОД
ЖИВОТОТ. ТОГАШ ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО НАПРАВИВ ? НАЈДОВ НАЧИН, И ТОА
БЕШЕ НАЈДОБРАТА ОДЛУКА КОЈА ЈА ИМАМ НАПРАВЕНО. ДОЗВОЛЕТЕ ДА
ВЕ ПРАШАМ НЕШТО. АКО НАВИСТИНА ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА ОВА МОЖЕ
ДА БИДЕ ВАШАТА ШАНСА ДА ИМАТЕ КОНТРОЛА НА ВАШАТА
ФИНАНСИСКА ИДНИНА, ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА БИ ГО ПРОНАЈДЕЛ
НАЧИНОТ ТОА ДА ГО РЕАЛИЗИРАТЕ ?
9 од 10 луѓе ќе се сложат дека можат да најдат начин. Повторно, заборавете ги
точните зборови и фокусирајте се на концептот ! Им реков дека сум бил исти како
нив, со истите примедби, им кажав за мојата болка. И им реков дека пронајдов начин
како сето тоа да го решам. Резултатот беше поврзување. Се поврзавме. Бевме на
истиот брод со истите желби и сонови.

А доколку ја немав мојата приказна која би можела да се спореди со нивната, тогаш


би ја раскажал приказната на некој друг од бизнисот. Постојат доста приказни во

56
твојата компанија кои можеш да ги користиш во вакви ситуации. Така, кога
проспектот ќе ја извади својата примедба, вие можете да кажете. „Знам на што
мислите, имам пријател кој го имаше истиот тој проблем, па дозволете ми да ви ја
кажам неговата приказна“. Можете ли да видите како тој пристап би можел да делува
за секоја примедба базирана на ограничени верувања во нивните способности и
нивните животи ? Концептот е едноставен, докажен е и резултатите се извонредни.

КОГА ЛУЃЕТО ИМААТ ОГРАНИЧЕНИ ВЕРУВАЊА ВО


МРЕЖНИОТ МАРКЕТИНГ

Оваа категорија вклучува:

„Дали ова е MLM ?“


„Дали ова е една од оние работи ?“
„Дали е ова пирамида ?“
„Не сум заинтересиран за MLM“
„Не сакам да им додевам на моите пријатели“
„Колку заработуваш ?“

Ајде да почнеме со првиот пример кој внесува страв во срцињата на поголемиот број
на луѓе во нашата професија. - „Дали ова е MLM ?“ или „Дали ова е една од оние
работи ?“ или „Дали ова е пирамидална шема ?“ или „Јас не сум заинтересиран за
MLM“. Некои луѓе полудуваат кога ќе ги слушнат овие прашања. Тие викаат
„Пирамидална шема ?“ - Како секоја корпорација на светот ? Како што е владата ?
На тоа мислите така ?

Наместо да полудите со вашите контакти кога ќе ги слушнете овие прашања, важно


е да сфатите од каде доаѓа ова прашање ? Моето искуство ми покажа дека во главно
тие познаваат некој кој се вклучил порано во MLM, а немал успех инаку и тие би се
приклучиле ( во главно тие само купуваат виртуелен лото тикет, како што опишав
претходно и тој тикет не се исплатил ). Ова сценарио се случува кај 90% од луѓето
кои поставуваат такво прашање. Останатите 10% имаат слушнато за ваква шанса и
прилика како овие па со право се скептични од ветувањето дека брзо ќе се збогатат.

Ако постават прашање од овој вид со било каква емоција, јас знам дека на некој
начин имаат учествувано во ваков бизнис, па им кажувам, „Само малку. Вие имате

57
некоја приказна, што се случило ? Дали сте биле вклучени во мрежен маркетинг
некогаш ?“ Тогаш само дозволете им да ви ја раскажат нивната приказна. Тоа ги
отвара, го спушта нивнот гард и дозволува да им поставите неколку прашања
поврзани за нивното искуство. Дозволете да ви дадам типичен пример. Додека јас
одам преку повикувањето, мојот контакт ми каже, „Чекај малку, дали е ова MLM ?“
И тоа го кажат со емоција. Јас одговорам. „О па вие имате приказна ? Дали сте
пробале ? Што се случи ?“ Тие кажат, „ДА, се приклучив во една фирма пред неколку
години, купував некои производи и ги изгубив парите.“ Јас им одговорам: „Што
мислите, која беше причината што не сте успеале ?“ Тие кажат: „Па мојот другар ме
наговори. Немав доволно време и мислев дека доста луѓе ќе се приклучат веднаш,
но не се приклучија. Веројатно и јас изгубиг интерес.“ Јас на тоа им кажам: „Дали
мислите дека навистина сте се потрудиле ?“ Тие кажат: „Па не, не баш“. Јас им
кажам: „Што мислите дека било проблемот: мрежниот маркетинг или вашиот
тајминг не бил добар ?“ Тие кажат: „Веројатно е бил тајмингот.“ Дали ја гледате
динамиката ? Сум имал илјада вакви разговори и секој малку се разликува. Но ако
поставите неколку прашања кои се пријателски настроени за време на процесот,
тогаш имате јака прилика да им помогнете да се ослободат од слепите точки и да
погледнат што имате да им понудите. Во продолжеток можете да се поврзате со нив
ако им кажете дека сте и вие во присуство, јас секогаш велам, „Оу НЕ.
Пирамидалните шеми се нелегални, а јас никогаш нема да бидам вклучен во нешто
нелегално.“

За луѓето кои поставуваат прашања без емоции, јас во главно одговарам со „Да, ова
е мрежен маркетинг. Дали знаеш нешто во врска со тоа ?“ Повторно, јас поставувам
прашање и чекам одговор. Од тој одговор, јас поставувам повеќе прашања и преку
процесот јас можам да ја постигнам мојата цел т.е. ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ.

„Не сакам да им додевам на моите пријатели.“ Тоа е сосема друго. Со нив се


поврзувам раскажувајќи им ја мојата приказна или приказната на некој друг. А потоа
поставувам прашања како, „Што ве тера да мислите дека ќе ги малтертирате вашите
луше ?“ или „Ако навистина верувате во производот, дали би дозволиле на вашиот
пријател да дознае за него ?“ или „Ако јас би можел да ви покажам како ние го
шириме овој производ со други луѓе без да се почувствуваш или звучип непријатно,
дали тоа би ти помогнало ?“

Последното во оваа категорија е „Колку заработувате ?“ Ако веќе заработувате


тогаш ова е одлично прашање. Ако сеуште не заработувате, вашиот одговор зависи

58
од тоа колку време сте вклучени. Ако сте сосема нови, можете да им кажете дека
штотуку сте почнале. Ако сте веќе некое време во бизнисот а сеуште не заработувате
големи пари, можете да им кажете дека ова го работите хонорарно и дека сте
навистина возбудени за вашата иднина. Исто така можете да им кажете дека сте
возбудени за вашата иднина во врска со оваа компанија затоа што знаете дека
работите нема да се сменат доколку вие не направите нешто за да се променат. Друг
начин да одговорите е да ја раскажете вашата приказна и да им кажете примери од
некои луѓе кои веќе заработуваат добри пари. Исто така можете да им предложете
да имаат телефонски разговор со тие луѓе за да се чувствуваат уште посигурно во
врска со таа бизнис прилика.

Сето ова бара вежбање, но ако го совладате концептот сé станува многу лесно.
Другата работа која треба да ве охрабри е тоа што до крајот на кариерата ќе ги имате
истите прашања и истите примедби. Нема овде ништо ново. Сé што наведов во овој
дел е сé што постои. Запамтете, нашата цел е ЕДУКАЦИЈА И РАЗБИРАЊЕ. Ова е
дел од процесот кој овозможува таа цел да стане реалност.

59
.

ГЛАВА 8

Вештина #5

Помагање на кандидатите да станат потрошувачи или дистрибутери

Оваа вештина е природен нуспроизвод на професионалното проследување. Како се


движите низ излегувањата, нашата цел едукација и разбирање ќе биде исполнета. Но
тоа не значи дека кандидатот ќе дојде и ќе ви побара да порачате форма или
апликација. Вашата работа е да ги водите до таа одлука.

Клуч за успех во оваа област е комбинација на добар став и поставување на


вистинските прашања. Добриот став претставува начинот на кој се однесувате.
Вашите зборови и дела ќе му помогнат на вашиот кандидат да се чувствуваат
самоуверени за приклучување во вашата прилика или ќе посадат сомнеж.

Во раните години, мојот став беше ужасен. Пробував да ги „добијам“ луѓето наместо
да одам по поважната цел едукација и разбирање, а кандидатите можеа да ги осетат
моите намери. Бев многу емотивно врзан за исходот. Може да се каже и дека бев
очаен. Секој пат кога би дошол до овој дел од процесот, многу, многу го сакав ова.

60
Повторно, кандидатите можеа да ја видат мојата емотивна врзаност и обично тоа ги
оддалечуваше од мене.

Поради недостатокот на резултат и не разбирливост, почнав да претпоставувам дека


луѓето се незаинтересирани. И таа претпоставка почна да се прелива во сé, што
доведе до предвидлив резултат дека кандидатот нема да се приклучи. Поголем дел
од времето не бев добро припремен. Немав апликации, материјали за почеток, или
било што друго што било потребно. Размислете за потсвесното делување на овие
детали кај моите кандидати. Изгледаше како да сé што правев проектира недостаток
на доверба и недостаток на професионализам.

Наместо поставување прашања и внимателно слушање одговори, јас зборував и


зборував и зборував. Повеќе бев фокусиран на тоа да бидам интересен отколку да
бидам заинтересиран. Тоа на кандидатите не им се допаѓа. Тоа на никој не му се
допаѓа. Така почнав да го следам шаблонот на професионалците. Гледав што работат
најдобрите и почнав да ги копирам. Ги интервјуирав најдобрите перформери да
сфатам што прават тие различно. И полека, почнав да ги увидувам маните во мојот
пристап. Прво научив дека професионалците се емотивно одвоени од исходот. Со
други зборови, нивната цел е едукација и разбирање додека им помагаат на луѓето
да донесат одлука која би делувала позитивно на нивните животи. Тие се спротивно
од очајни. Не пробуваат да „придобијат“ никој. Тие искрено само сакат да помогнат.

Второ, тие се полни со претпоставки во нивниот пристап.

61
ГЛАВА 9

Вештина #6

Помагање на новиот дистрибутер да почне на вистинскиот начин

Во мрежниот маркетинг, луѓето вложуваат огромен труд, време и пари за да добијат


луѓе кои ќе се зачленат и потоа им пропаѓа таа инвестиција со тоа што ги оставаат
своите нови дистрибутери да сфатат сé сами. Професионалците тоа не го прават.
Поставуваат пристојни очекувања, помагаат да се добие некој брз резултат, и потоа
продолжуваат да ги водат новите дистрибутери низ многуте фази на нашата
професија. Бев доволно среќен да имам ментор на почетокот, Мајкл Нелсон, кој беше
многу вешт во водењето на нови дистрибутери. Мајкл не беше во мојот upline, но
беше лидер во мојот град. Освен тоа, имаше многу искуство во нашата професија.
Така да слушав што зборуваше, гледав што работеше, и му поставував многу
прашања. Тие денови, тој имаше мала канцеларија близу до неговата куќа, и секогаш
бев во близина пробувајќи да научам нешто. Мајкл беше многу успешен регрутер.
Секогаш зачленуваше нови луѓе. И поголемиот дел, луѓето на Мајкл беа добри во

62
бизнисот. Тоа на мене не ми се случуваше. Неколку луѓе кои ги зачленив не работеа
ништо. Додека го гледав Мајкл, забележав дека секогаш кога би зачленил нов
дистрибутер, би закажал нешто што се викаше „интервју за работен план“. Одлучив
да го копирам неговиот начин на работа. Така да следниот пат кога се сретна со
новиот дистрибутер, би седнал позади нив, доволно близу за да можам да го
запишувам нивниот разговор. Ова го направив повеќе пати, и бев изненаден кога
сфатив дека секој пат правеше речиси идентично интервју. Мислев дека ако го
научам процесот на тоа интервју, тогаш би имал шанса да ги остварам неговите
резултати.

Интервју за работен план – Прв дел

Ги оценуваше нивните одлуки да станат дистрибутери. Зборуваше работи како


„Честитам на донесената одлука. Се гордеам со вас затоа што сте превземале
контрола над вашиот живот. Од сега, работите ќе бидат различни за вас и за вашето
семејство.“ Секогаш траеше помалку од 5 минути, но до крајот на нивната дискусија,
било каков сомнеж што постоел околу постанувањето дистрибутер исчезнуваше. Се
чувствуваа одлично.

Интервју за работен план – Втор дел

Ги поставуваше нивните очекувања. Знаеше дека повеќето луѓе влегуваат во нашиот


бизнис со нереалистички очекувања, така да секогаш ги кажуваше истите три
работи: „Ако успеете во овој бизнис, вие ќе бидете тој кој го креира тој успех, а не
јас. И, ако не успеете во овој бизнис, вие сте тој што го креира тој неуспех, а не јас.
Вие ќе бидете разликата помеѓу успехот и неуспехот. Јас сум овде да ве водам во
секој чекор од вашиот пат, но јас не можам да работам наместо вас. Овде сум за да
работам со вас, а не за вас.“

Wow, ова беше радикален концепт и толку различен од разговорите кои јас ги имав
со личностите кои почнуваат. Кажував работи како „Платен сум од тоа што го
произведеш, така да работам за тебе !“ Па, што мислите каков вид на очекување ТОА
поставило во умот на дистрибутерот ? Така би рекол „Ќе изградиме бизнис заедно“,

63
а да тоа воопшто не биде точно. Тие мораа да изградат бизнис. Јас можев да бидам
ресурс, но не можев да работам наместо нив. Следната работа што ја кажуваше е
„Мојата работа е да ти помогнам да станеш независен од мене што е можно побргу.
Дали се согласуваш дека тоа е добра цел ?“

Повторно, и ова беше радикално, но имаше смисла. До таа точка, имав група која
беше екстремно зависна од мене. Само би работеле нешто кога јас би ги туркал. Но
Мајкл имаше група која сама произведуваше без негова константна помош. Имаше
дупликација и слобода. Јас немав. Ова ја поднесе групата на тој начин што Мајкл
беше учител на својата група но не роб. Можеше да им ги покаже вештините и тие
можеа независно да градат од таа точка. Третата работа која ја кажуваше е „Сигурно
ќе има проблеми и падови додека го градите својот бизнис. Ќе има добри и лоши
времиња. Да сте во лоша состојба значи доколку не ми се јавувате, не се појавувате
на состаноци, не повикувате кандидати, ако почнам да слушнам изговори – такви
работи. Кога тоа ќе ви се случи на вас, а ќе се случи со сите, како сакате да се
справиме со тоа ? Дали сакате да ве оставам на мир или сакате да бидам упорен и да
ве потсетувам зошто ја донесовте оваа одлука ?“

Ова беше брилијантно затоа што вистина е дека секој ќе има период на сомнежи. Им
објасни дека тоа е природно и во исто време, постави однос така што може да ги
потсети кога тоа ќе се случи. Она што Мајкл го постигна со овие три концепта беше
потполно различно од она што јас го работев, како ден и ноќ. Со мојот пристап,
дистрибутерот би седел и би чекал јас да работам. И ако би бил зафатен или не би
можел да помогнам поради било која причина, јас станував лесен изговор затоа што
работите не се одвиваат како што треба. Со пристапот на Мајкл, неговите луѓе брзо
стануваа независни. Би ги тренирал од време на време, но не би дозволил на неговата
група да го користат него како изговор за нивниот недостаток на резултат. Додека
моите дистрибутери се измачуваа, неговите цветаа.

Интервју за работен план – Трети дел

Мајкл пролистуваше низ листата за старт за да и помогне на новата личност да има


најдобри шанси за успех. Точниот план е различен за секоја компанија, но концептот
беше да се направи сé можно да се добијат брзи резултати. Еве некои примери кои
би можеле да ги вклучите во вашата листа за старт:

64
Погрижете се вашиот нов дистрибутер да биде припреман со соодветниот производ.
Секоја компанија има производи кои можат лично да се користат од страна на
дистрибутерот, така да погрижете се вашата нова личност тоа да го прави. Зависно
од вашата компанија, ова би можело да вклучи месечна обврска. Многу е важно
луѓето да развијат емоционална поврзаност кон производите и тоа може исклучиво
да се случи ако ги користите и уживате во нивните бенефити. Да додадам, многу
компании имаат производи кои можат да бидат користени како примероци за
демонстрација. Во тој случај, новите дистрибутери мораат да имаат соодветна залиха
за да бидат спремни на соодветен начин. Погрижете се вашиот дистрибутер да биде
припреман со соодветните алатки. Зборувавме за важноста на алатките на трето
лице во градењето на голем и успешен бизнис во мрежниот маркетинг. Вашиот нов
дистрибутер мора да биде припреман да им помогне на своите кандидати со алатките
кои професионално ќе ги водат преку процесот на излегување ( учење ).

Погрижете се вашите нови дистрибутери да бидат поврзани. Покажете им како да


најдат тоа што им треба на веб страната на компанијата, каде се одржуваат наредните
настани, кога се спроведуваат лидесрките повици или вебинари, и запамтете дека
нашата цел е да им помогнеме да станат независни што е можно побргу. Ова е важен
чекор во остварувањето на таа цел. Погрижете се вашиот нов дистрибутер да има
основно разбирање на компензацискиот план. Не мора да знаат сé во детали на
почетокот, но мораат најмалку да ги разбираат клучните точки што ќе се случуваат
на крајот додека се движат преку првите неколку нивоа. Погрижете се вашите нови
дистрибутери да имаат основно разбирање како правилно да ги повикуваат своите
кандидати да научат повеќе за тоа што имаат да понудат. Можете да ги спасете од
бркање наоколу и плеткање со малку или без резултат давајќи им увид како и зошто
професионалниот процес на повикување функционира.

Интервју за работен план – Четврти дел

Мајкл им помагаше на новите дистрибутери да создаваат работен план за да се


пробијат до првите нивоа и ги предизвикуваше тоа да го направат брзо. Разбираше,
и ми помагаше на мене да разберам, дека тоа беше трка да им се помогне на луѓето
да добијат брзи резултати. Ако би добиле брзо позитивно појачување, би
продолжиле. А ако не би, имаа тенденција кон напуштање.

65
Секоја компанија е различна, така да овој план на работа ќе биде различен. Но
размислете на едноставните чекори кои би ги превземале кои би можеле да ги
охрабрат луѓето да добијат најдобри резултати во првата недела.

Како можам да го добијам првиот потрошувач ? Како можам да го добијам првиот


дистрибутер ? Можете ли да ги охрабрите да присуствуваат на првиот настан ? Кои
чекори можете да ги превземете за да им помогнете да го заработат својот прв
провизионен чек ?

Успехот во мрежниот маркетинг не беше вистински за мене сé додека не го


добив првиот чек. Кога пристигна, сé се промени. Почнав навистина да сонувам за
креирање на подобар живот за мене и за моето семејство. Помагањето на своите нови
личности да почне со брз почеток е од витално значење.

Интервју за работен план – Петти дел

Мајкл секогаш завршуваше со давање специфични задачи. Единствената работа што


ја научив е дека новите дистрибутери молат за насочување и одговараат неверојатно
добро на едноставни задачи. Мајкл секогаш завршуваше со давањето на тие задачи
заедно со рокот за нивниот завршеток. Му викаше и на неговиот нов дистрибутер да
му се јави на одреден датум. Тоа е исто како и процесот на наоѓање кандидати. Одите
од излегување кон излегување, задача до задача. Врвот на сето ова е да му помогне
на дистрибутерите да „ја прејдат линијата“. Кога некој ќе почне, овде е секогаш
линијата помеѓу успех и неуспех. На едната страна на линијата, полесно е да се
откаже отколку да продолжи. На другата страна на линијата, полесно е да продолжи
отколку да се откаже.

Што може да и помогне на личноста да ја прејде линијата ?

•Запишувањето на првиот потрошувач


•Запишувањето на првиот дистрибутер
•Добивањето на првата провизија
•Присуствувањето на голем настан

66
•Спријателување во внатрешноста во организацијата
•Соопштување на своите намери на светот
•Унапредување на следното ниво
•Да биде препознаен по некое достигање

Постојат стотина други работи кои можат да допринесат личноста да ја премине


линијата. Како спонзор ( промотер ), вашата работа е да им помогнете да ја преминат
линијата и да ОСТАНАТ преку линијата. И линијата никогаш навистина не се трга.
Секогаш е тука и вие, како лидер, морате константно да бидете буден како стојат
вашите луѓе на емотивен план. На овој начин можете да продолжите да ги
охрабрувате никогаш да не ги напуштаат нивните соништа.

67
ГЛАВА 10

Вештина #7

Промовирање на настани

Во мрежниот маркетинг, состаноците прават пари. Толку е едноставно. Да,


технологијата може да ни помогне со поврзувањето со луѓето на начини со кои е сé
поефикасно, но ништо не ја заменува интеракцијата лице во лице. Состанувањето со
луѓето еден на еден, во мали групи, или на локални или големи настани, ќе има
огромно делување на долгорочниот успех во било која организација во мрежниот
маркетинг. Но еден одреден тип на настан е најмоќен и тоа е „дестинациски“ настан
( destination event ). Тоа може да биде настан спонзориран од страна на компанијата
или настан организиран од страна на вашето лидерство во upline, но дестинацискиот
настан е тип на настан каде што поголемиот дел од присутните патуваат во друг град,
престојуваат во хотел, и учествуваат во конференции или конвенции.

Некои пробуваат да докажат дека дестинациските настани се мртви во светот на


модерната технологија и дека луѓето веќе не сакаат да патуваат за вакви работи. Сé
што можам да ви кажам е дека тие луѓе не заработуваат како и најуспешните во
нашата професија. Ако студирате што работат најуспешните луѓе за да ја изградите
својата организација во мрежниот маркетинг, ќе видите дека буквално секој од нив
користи дестинациски настани како тврд темел за градење на својот бизнис. Постои
нешто магично во врска со бегањето од секојдневието и целосното фокусирање на
своите сонови. Потполно одвојување, дури и ако е само за викенд, е ДОБРО. Можете
тоа да го искористите да се соберете и повторно да ја посетите вашата иднина и да
ја соберете силата потребна да се вратите дома и да работите што е потребно за да
тргнете со вашиот бизнис. Добивате сила од презентацијата која ја слушате во текот
на настанот. Понекогаш личноста ќе каже нешто во вистинскиот момент во вашиот
живот и тоа да ве промени засекогаш. Пред повеќе од 20 години бев на конвенција
кога еден човек по име Џони Даниел рече: „Можете да видите колкава е големината
на човекот по големината на проблемите што ги има.“ Таа изјава ми влезе право во
срце и ми помага до ден денес. Кога ќе сум растажен или депресивен, нешто во мене
ми каже „Дали ова е големината на Ерик ?“ Јас одговорам „НЕ“, се соберам и

68
продолжам понатаму. Имав стотини такви моменти преку годините на
дестинациските настани. Престанав да кривам на настанот. Одлучив да појдам на
врвот на настанот. Всуштина, кога размислувам за минатото, не можам да замислам
ниту една значајна случка во мојата кариера во мрежниот маркетинг која не беше
заради настанот. Толку се моќни. Освен добивањето сила од презентерот, исто така
добивате неверојатна валидација на својата одлука да бидете вклучени. Во
концептот наречен „социјално докажување“, многу е важно. Како луѓе, ние сме
подесени да бараме доказ од извор надвор од нашите мисли и искуства. На
дестинациски настан гледате многу луѓе кои ја донеле истата одлука како и вас,
и тоа е добро чувство. Исто така, ќе видите како некој од нив ги пребродиле своите
стравови и стигнале до највисокото ниво во вашата компанија. Почнувате да
размислувате „Ако можат тие, можам и јас.“

Тука е вклучено и нешто позитивен притисок. Повеќето дестинациски настани


вклучуваат програми за признанија. Кога бев на мојот прв настан и ги видов сите
луѓе кои се шетаа по бината, имав една мисла „следниот пат јас ќе одам по таа бина“.
Беше инспирирачко што толку многу луѓе го исполниле тоа а јас сеуште не. Ме
натера да мислам дека и јас тоа го можам и ме натера да работам на планот да го
остварам тоа. Освен што бев инспириран, не сакав да дојдам на следниот настан а да
не направам некои подобрувања во мојот бизнис. Тој позитивен притисок ми
помогна да се соочам со сите мои стравови и да ги остварам моите цели. На крајот,
чувството на заедница на дестинацискиот настан е утешен. Живееме во свет полн со
неуки луѓе кога се работи за мрежен маркетинг. Тоа може да биде обесхрабрувачки
на моменти. Но кога одиме на голем настан, одеднаш сме опкружени со луѓе кои
мислат на исти начин како и НИЕ. Имаат слични верувања, надеж, сонови,
аспирации и позитивни ставови. Поминувањето време со оваа убава група на луѓе
може буквално вас да ве врати така да имаме сила за следното туркање.

Откако ќе го сфатите значењето на дестинациските настани за успехот на вашиот


бизнис, ќе морате да научите како ефективно да ја промовирате вашата организација.
Навистина е многу едноставно: Колку повеќе луѓе од вашата група присуствуваат на
настаните, повеќе пари ќе заработите во нашата професија. Најголемите лидери
точно знаат колку луѓе присуствуваат и се погрижуваат да го зголемат тој број на
секој нов настан. Размислете околу тоа. На пример имате два дистрибутери од кои
секој има по 100 луѓе. Дистрибутер „А“ има приоритет и секој го турка да
присуствува на дестинациски настани. Дистрибутер „Б“ нема таков приоритет, така

69
да само мал дел луѓе присуствуваат. Која група ќе биде поуспешна ? Тоа не е ни
натпреварување.

Првиот чекор во развивањето култура која ветува присуствување на дестинациски


настани е лично да бидете повеќе посветени од било кој друг во присуствувањето и
да им помогнете на другите да ја донесат истата одлука. Тоа значи дека треба да
водите со пример и никогаш да не пропуштите дестинациски настан. Кога почнав со
оваа професија не знаев како да работам со неа. Немав пари и не можев да си
дозволам време; ги имав истите препреки како и сите останати. Но нешто ми се случи
на мене на првиот настан и тоа промени сé. Собрав доволно пари да стигнам до таму
и тоа беше револуционерно искуство. Бина, светла, луѓе, приказни – беше одлично.
За време на една од овие сесии, излегов да идам до тоалет и кога се вратив на влезот
во погрешна сала, се пронајдов како стојам до еден од луѓето со најголема заработка
во целата компанија ! Беше како да стојам до славна личност. Тој го постигнал тоа
што јас сакам да го постигнам, и повеќе. Стоев така пробувајќи да смислам нешто
паметно да кажам. Конечно, едноставно се претставив и прашав „Која е тајната?“

Денеска знам дека не постои тајна и можеше да ми го каже истото, но наместо тоа
имаше малку соучество и ми даде важна лекција која ми користи до ден денес. Ми
рече „Ерик, ја гледаш ли оваа соба ? Во неа се наоѓаат 2000 луѓе. Имаме вакви
настани околу 3 пати годишно. Еве ја тајната. На следниот настан, пола од овие луѓе
нема да се вратат, но половината ќе заработуваат повеќе од просекот на сите во оваа
просторија. Твојата работа е да бидеш помеѓу 1000те луѓе кои ќе се вратат. И не
застанува таму. На следниот настан половина од тие 1000 нема да се вратат, но 500те
кои ќе се вратат ќе заработуваат четири пати од износот на просекот на оваа
просторија. Ова продолжува од настан до настан. Ако продолжиш да се враќаш, ќе
бидеш помеѓу најплатените луѓе во просторијата, и на крајот и сам ќе вршиш
презентации на бината.“
Реков „Тоа е тоа ?“ И тој одговори „Ерик, очигледно ќе продолжиш да работиш со
твоите вештини помеѓу настаните, но моето искуство ми покажа дека ако издржиш
подолго од другите на нашите големи настани, ќе бидеш на врвот.“ Ова ми беше
прилично едноставно да го разберам. Му се заблагодарив и донесов одлука на лице
место никогаш да не пропуштам големи настани на компанијата. Не беше лесно.
Некогаш самите карти за настанот беа проблем. Тоа го поставив како приоритет и
најдов начин како да ги купам. Некогаш гледањето на детето беше проблем.
Неуморно барав дадилка додека не најдов некој на кој можам да му верувам.
Некогаш имав проблем со превозот до настанот. Наместо земање на удобен директен

70
лет, понекогаш морав да резервирам лет за два или три преместувања. Наместо
летање, некогаш морав да возам, еднаш дури и стопирав со група странци отидов до
местото на одржувањето на настанот. Имаше дури и време кога резервирав автобус
и ангажирав луѓе од мојот крај да ги поделат трошоците за да стигнеме до таму.
Поентата е, си поставив приоритет и успевав да доаѓам на настаните – без разлика
на околностите. Што се однесува на сместувањето, денеска седам во апартмани, но
не беше отсекогаш така. На почетокот делев соба што е можно повеќе луѓе. Наместо
послуга во собата, одевме во локалниот маркет и купувавме евтина храна за јадење.
И минибарот беше ограничен.

Да подвлечам, советот кој го добив ДЕЛУВАШЕ сите овие години. Затоа што бев
амбициозен и гладен, најдов начин да издржам подолго од луѓето кои се помалку
посветени, баш како што ми кажа врвниот дистрибутер, мојот приход продолжи да
расте со секој настан. Освен тоа, уште една чудна работа се случи. Почнав да се
чувствувам подруго од останатите. Почнав да се чувствувам како челичен човек (
Iron Man ). Почнав да се гордеам со фактот дека сеуште стоев на нозе додека другите
губеа верба. Така да ако сте повеќе посветени од било кој друг кои присуствуваат на
дестинациските настани, таа посветеност вам добро ќе ви послужи. Само кога ќе
станете потполно посветени, следниот чекор е да го зголемите бројот на луѓе во
вашиот тим кои ќе учествуваат со вас. Повеќето луѓе ќе го најават следниот голем
настан во својата група, ќе седат и ќе се надеваат дека луѓето ќе се регистрираат.
Професионалците знаат дека постои голема разлика помеѓу „објавувачот“ и
„промотерот“. Промотерот го прави настанот приоритет на групата. Неуморни се со
својата порака. Ја кажуваат пораката да ги инсприраат луѓето за акција. Ништо не
гледат како загарантирано и не одмараат се додека луѓето не се регистрираат.
Сликаат слика во умовите на луѓето за тоа колку ќе биде голем настанот и колку ќе
биде бенефитот од присуствувањето. Една работа одамна ја научив а тоа е да не го
купувам ничиј изговор, барем не во почетокот. Не можам да ви објаснам колку луѓе
почнаа со објаснување на своите причини поради кои не можат да присуствуваат на
следниот дестинациски настан, само за да би дознал дека нивната причина е само
едно обично оправдание, и дека во реалноста не е точен.

Проблемот со аматерите е тоа што тие ја прифаќаат таа прва приказна и тоа е крај.
Личноста ќе каже „Не можам да излезам од работа во тој момент“, или „Кој ќе го
гледа моето куче“ или „Имаме роденденска забава тој викенд“ и аматерот кажува
„Што да се прави, така е како што. Се надевам дека ќе дојдете на следниот“.

71
Професионалецот има потполно различен став. Кога ќе слушнат изговор, не
веруваат во приказната затоа што знаат дека најверојатно не е точна – или барем е
недоволно точна. Наместо тоа тие работат со таа личност да и помогнат да го разбере
значењето и важноста на присуствувањето на настанот. Потоа прават brainstorming
со нив за да го разберат начинот на кој би го преминале нивниот иницијален
проблем. Не можам да ги избројам луѓето со кои сум зборувал, кои веќе одлучиле
дека нема да присуствуваат на следниот настан и во рок од пет минути, го промениле
своето мислење и се пријавиле. Поентата е да ја раскажете вашата приказна, а
не да ја купувате нивната. Размислувајте за оваа вештина како за компанија со чии
акции се тргува на берзата и дека цената на вашите акции зависат од тоа колку од
вашите луѓе ќе дојдат на следниот дестинациски настан. Да е таков случајот, секогаш
би сте се труделе да имате што поголем број на луѓе на следниот настан, зарем не ?
Би можеле да почнете така што ќе идете сами на првиот настан, но после тоа целта
треба да биде да се однесат некој број на луѓе со вас наредниот пат, и да го
зголемувате тој број на следниот, па на следниот, и на следниот. Не постои нешто
како сребрен куршум ( silver bullet ) во мрежниот маркетинг, но вештината е многу
блиска до тоа.

72
ГЛАВА 11

Сé што е вредно за труд бара време

Ако личноста почна традиционален бизнис, очекува да ги исчисти сметките во


првите неколку години и по можност да се врати на почетната инвестиција во првите
пет години. Но кога личноста почне бизнис мрежен маркетинг, очекува да ги врати
своите пари во првиот месец, да направи профит во вториот, и да се збогати во
третиот месец. И кога тоа нема да се случи, го обвинуваат мрежниот маркетинг !

Изгледа како луѓето да не сакаат законите во бизнис светот да важат во мрежниот


маркетинг. Ние ИМАМЕ подобар начин, но не продаваме магичен грав. Сé што
вреди треба време да се развие. Научив одлична лекција рано во својата кариера
мрежен маркетинг: Од време на време во вашиот живот, вашиот приход може да
добие среќен скок. Би можеле да бидете на вистинското место во вистинското време.
Но ако не растете брзо како личност со новото кариерно ниво, вашиот приход ќе се
врати на ниво на кое сте и вие. На крајот, добивате само тоа што сте.
Колку луѓе познавате што заработиле многу и изгублие сé ? Ја научив оваа лекција
на тежок начин во првите месеци во MLM. Назад во 1988та, се придружив во
компанија која бараше 5.000 долара аванс и која плаќаше спонзор помеѓу 1.200 и
2.400 долара, зависно од нивното ниво. Иако ми е драго што повеќето од тие скапи
пакети ја напуштија нашата професија, тогаш личноста можеше прилично брзо да
заработи големи пари. Во мојот прв месец во таа компанија заработив отприлика

73
7.400 долара ! Ако се сеќавате, мојата стратегија беше брзо да ги повикам
пријателите на татко ми пред тој да дојде до нив. Бев возбуден ! Во вториот месец,
заработив околу 12.200 долара. Неверојатно ! Но после тоа ме удри реалноста. Јас не
бев личност која би требало да заработува 12.000 долари месечно. Не работев на
своите вештини. Не се развивав. Само јавав на бранови. Мојот чек од третиот месец
беше 1.098 долари. Гледањето во тој чек беше како да се гледам самиот во огледало.
Ми покажа кој бев. Беше неубаво чувство. Мојата прва реакција беше да се откажам
и да обвинувам сé и сешто поради малиот износ на чекот. Но со текот на времето
сфатив дека за да заработам повеќе, треба да станам повеќе. Ми требаше работа на
вештините за да не би морал да се потпирам на среќа или тајминг или
позиционирање.

Можеби сте научиле „можете да се обогатите брзо“ или „овде нема работа“ или
„производот сам се продава“ или било која друга измислена изјава. Но морате да
научите да се откажете од тие лажни и нереални очекувања и да почнете да
работите на СЕБЕ !

1/3/5/7/ формула

Постои формула за која видов дека функционира во нашата професија. Јас ја викам
1/3/5/7 формула. Како општо правило, ќе ви треба околу една година за да станете
компетентни и профитабилни во мрежниот маркетинг. Ќе ги знаете основите, ќе ги
покриете трошоците, и ќе учите. Ќе ви требаат околу три години константен
повремен труд за да прејдете на полно работно време. Ќе ви требаат околу пет
години константна работа за да станете некој кој заработува шестоцифрени суми или
повеќе и ќе ви требаат околу седум години константен напор за да станете експерт.
Тоа не значи дека не можете да направите повеќе од тоа во краток рок. Многу луѓе
успеваат. Тоа само значи дека доколку сакате да ПРОДОЛЖИТЕ да заработувате
толкави износи, морате со време да станете експерт. Кога ќе размислете за тоа, седум
години не е толку страшно, посебно кога добар дел од тоа е повремена работа.
Секако ќе станете седум години постари. Можете исто така да станете експерт за тоа
време наместо да стоите во место.

Како да учите

74
Кога ќе се обврзате да се фокусирате на вашите вештини, следната работа која треба
да ја направите е да го пронајдете најдобриот начин на кој можете да учите. Една од
најдобрите работи кои ми се имаат случено е сфаќањето дека не постојат лоши
искуства или добри искуства, само искуства од кои се учи. Ова беше главниот
напредок. Со други зборови, оставете го исходот и фокусирајте се на она што можете
да го научите од тоа искуство. Ова ми отргна толку многу притисок. Наместо
секогаш да барам добри искуства, почнав да се фокусирам на БРОЈОТ на искуства
кои можам да ги имам, затоа што имав повеќе, повеќе можев да научам. Уште еден
атрибут на личност што заработува натпросечно ( top earner ) во MLM e што тие се
тие што ги викаме „активни ученици“. Како професионалци, тие секогаш учат,
секогаш растат, секогаш пробуваат да бидат подобри. Лу Холц најдобро рече „На
овој свет или растете или умирате, затоа помрднете се и растете“. Мислам дека е
вистина. Никогаш не престанувајте да учите.

Копирање на успешно однесување

Пробајте да избегнете одново да го измислете велосипедот кога се вклучувате во


оваа професија. Тешката работа е веќе завршена. Без оглед на тоа во која компанија
сте, лесно е да се најде некој кој е веќе успешен. Не е битно дали за привлекување
на потрошувачите, наоѓање кандидати, повикување, презентирање, проследување,
затварање, помагање на луѓе да почнат, правење настани, или било која друга
вештина, постојат луѓе во вашата компанија кои веќе ги имаат совладано тие
вештини. И за разлика од останатите професии, успешните луѓе во вашата компанија
се желни да ги споделат своите тајни. Сé што треба да направите е да го имитирате
нивното однесување и можете да почнете да уживате во нивните резултати.

Учење

Мене ме почнаа аудио програмите. 1998 година некој ми даде копија од презентација
која Џим Рон ја дал на компанијата Shaklee. Се викаше „Семе и сеач“, и го сврти
мојот свет наопаку. Се обложувам дека ја слушав во мојот автомобил 500 пати.
Потоа правев домашна работа за Џим Рон и го купив неговиот аудио програм
„Предизвикот за успех ( Challenge to Succeed )“. Господин Рон ми даде надеж, но
повеќе од тоа, ми даде правец за мојот личен развој. Тој аудио програм го лансираше
моето патување на личниот развој. Преку годините, пробав многу аудио програми,

75
сите се од неверојатна помош во одржувањето на мојот ум на вистинскиот пат.
Постои нешто магично во врска со аудио звукот. Ви шепоти во увото, потсетувајќи
ве на вашите соништа, на вашиот потенцијал и како да стигнете до таму. Освен тоа,
се повторува. Книгата веројатно нема да ја читате од почеток и од почеток, но ќе го
слушате аудиото на тој начин, посебно ако е забавно. И изгледа како секој пат да е
различно – и тоа е затоа што ВИЕ сте различни. Џим Рон исто така ме научи да бидам
читател. Без оглед на тоа што пробувате да научите, постои некој кој го посветил
целиот свој живот на таа тема и ви го нуди тоа за милостина. Прифатете ја таа
понуда. Во нашето друштво кое функционираше на електроника, со недостатокот на
внимание, се помалку луѓе читаат книги. Тоа не е точно за лидерите. Прашајте ги
дистрибутерите кои заработуваат најмногу дали тие читаат. Уште поважно, прашајте
ги што читаат. Не бев бил читател пред да станам професионалец во мрежен
маркетинг. Но од 1988ма година, читав во просек четири книги месечно. Тие книги
го обликуваа мојот живот и мојата кариера на подобро. Обврзајте се на само 10
страници дневно и можете да прочитате книга од 300 страници месечно. Тоа е
одличен почеток.

Видео

Видеото е уште еден извор на одлично учење. Понекогаш сака да гледа тренинг
видеа наместо само звук. Тоа е дел од причината зошто одлучив да користам видео
како главна алатка на мојот сајт NetworkMarketingPro.com. Сфатив дека ако креирам
кратко видео со интересни информации секој ден, луѓето добиваат неверојатна
вредност. Ако сакате да погледнете некои од стотина видеа, можете да идете на
http://networkmarketingpro.com. Бесплатно е.

Онлајн

Најдобар начин за кој знам дека навистина интернационализира информација која


менува живот е да присуствувате на настаните во живо. Како што веќе кажав,
повеќето мои дефинирачки моменти се случија на настаните. Од една страна,
секогаш постои добра информација за личностите кои слушаат. Од друга страна,
кога ќе ги елиминирате сите други работи кои ви го одземаат вниманието и само се
сконцентрирате, како што правите на настаните, имате шанса навистина да
слушнете. Двете страни се добри.

76
Бидете внимателни од работите кои одземаат внимание

Со сите избори кои ви се достапни кои се однесуваат на учењето на вашиот занает,


сега, повеќе од било кога, морате да бидете внимателни на што му дозволувате да
навлезе во вашиот ум. Луѓе од сите страни ќе пробаат да ви сметат со нивните
последни и најдобри пробиви и може да биде примамливо да навлезете во сите тие
можности. Треба да се фокусирате на многу голем сет вештини: Наоѓање кандидати,
повикување, презентирање, проследување, затварање, помагање на луѓето да почнат
и промовирање на настани. Потрудете се да ги совладате ТИЕ вештини пред да
додадете било што друго во вашата листа „да ја направите“.

Тргнете во акција

Речиси целото учење во MLM е во работата. Ако сакате да научите како да


разговарате со луѓето преку телефон, тогаш зборувајте со повеќе луѓе преку телефон.
Ако сакате да научите како да правите куќни презентации, тогаш правете повеќе
куќни презентации. Сигурно ќе сфатите како. Тоа не значи дека не треба да барате
знаење потребно за вашите сетови на вештини за успех во MLM, но тоа значи дека
не треба да чекате за потполно да го знаете пред да превземете акција. Дел од
причината зошто луѓето избегнуваат да превземат акција е тоа што се исплашени да
не се посрамотат. Ако сакате да бидете успешни во мрежниот маркетинг, морате да
научите да го тргате тој страв на страна. Еве зошто, многу е тешко да изгледате добро
и да станете подобри во исто време. Наместо да бидете исплашени како изгледате
додека учите и растете, бидете исплашени од не превземање на акција и живеење на
животот во секој дел од вашиот потенцијал. Дозволете да ви го дадам концептот кој
ме служеше повеќе од 20 години во делот на развојот на моите вештини. Назад во
раните деведесети, пријател и јас баравме одличен производ за мрежен маркетинг.
Патувавме насекаде и запознавме многу интересни луѓе. Нашето патување не доведе
до организација во Мичиген која се викаше „Фондација на голем обем на едукација
и истражување ( High Scope Educational Research Foundation )“. Имаа напреден и
проверен начин за учење на децата како да учат поефективно.

High Scope има многу компоненти, но една која најмногу ме погоди е онаа која ја
користам до ден денес, се вика „планирај-работи-контролирај ( plando-
review )“. Еве како компанијата го објаснува процесот: Во процесот plan-doreview,
децата прават планови, ги извршуваат, и истражуваат што направиле. Работејќи така,
децата учат да превземат иницијатива, да решаваат проблеми, да работат со другите,

77
и да ги исполнуваат своите цели – нивната игра станува фокусирана. Правењето на
plan-do-review успешен и составен дел од вашата секојдневна рутина на подучување,
ќе научите како да промовирате учење и градење на детски интерест и внатрешни
мотивации.“ Додека слушав што зборуваа како тоа да го користам како алатка за
учење за деца, единствената работа што ми паѓаше на ум беше како можам тоа да го
искористам за себе и за луѓето во мојата организација. Покрај тоа што производот
на High Scope не успеа во мрежниот маркетинг, ќе бидам вечно благодарен на
нивната организација затоа што ми помогнаа мене и илјадници луѓе ширум светот
кои го користат овој концепт за градење на подобар бизнис.

Еве како го замислував и го користев концептот преку 20 години: Одберете ја


вештината која сакате да ја научите

1. Направете ПЛАН
2. Направете го планираното
3. Проверете ги резултатите да видите како можете да бидете подобри наредниот пат

Поголемиот дел од луѓето не прават план, тие само се испразнат и РАБОТАТ. Дури
и повеќе луѓе не го контролираат својот резултат за да проверат што можат да
поправат. Дали приметувате како ова се поврзува со реченицата за непостоењето на
добри и лоши искуства, само искуства кои ве учат ?

1. Направете ПЛАН
2. Направете го планираното
3. Проверете ги резултатите, добри или лоши, да бидите како може да биде подобро
наредниот пат
4. Направете подобар ПЛАН
5. НАПРАВЕТЕ го планираното
6. Проверете ги тие резултати, добри или лоши, да видите како може да биде подобро
наредниот пат
7. Никогаш не престанувајте да го применувате plan-do-review и на крајот ќе станете
експерт преку процес и грешка

Оваа мала „тајна“ за учење во MLM е една од најмоќните работи кои сум ги
споделил. Стана дел од мојата ДНК. Се надевам дека тоа ќе ви се случи и на вас.

78
Подучување

Дали би ве изненадило да знаете дека подучувањето е еден од најдобрите начини за


учење ? Тоа е вистина. Ако навистина сакате да совладате нешто, учете од другите.
Учењето се врежува во мозокот како ништо друго. Што мислите кој има најмногу
корист од дневните видео презентации на NetworkMarketingPro.com ? Јас ! Морам да
мислам на тоа, да се припремам и да презентирам порака секој ден, и тоа ми помага
да останам остар. Лекцијата за секој од вас би требало да биде, да најдете некој за
подучување, дури и ако имате само една личност во групата. Почнете од таму и како
расте вашата груша, тражете повеќе и повеќе можности за подучување. Вие ќе имате
најмногу корист.

Ваши здружувања ( познанства )

Ова е уште една важна лекција од Џим Рон. Тој ме научи за законот за здружување
кој вели дека ќе станете во просек од 5 луѓе со кои поминувате најмногу време. Ќе
мислите како што мислат тие, делувате како што делуваат тие, зборувате како што
зборуваат тие, заработувате како што заработуваат тие. Дозволете нешто да ви
соопштам. Овој закон е вистинит. Не можете да се борите против него. Работев три
работи во текот на својата кариера кога се работи за здружување.

Прво, се одвоив од луѓето кои беа токсични во мојот живот. Тоа не е лесна одлука,
но е важна. Некои луѓе ќе ве задржуваат трајно.

Второ, ги ограничив моите познанства со негативни луѓе или со луѓе кои не ми


помагаа да растам во правецот на моите соништа. Само научив да поминувам
помалку време со тие луѓе и повеќе време со луѓето кои ми делуваат позитивно.

И трето, работев да ги проширам моите познанства со луѓе кои можат да ми


помогнат да станам подобра личност и подобар професионалец. Ако пробувате да
научите да станете експерт во професијата мрежен маркетинг, зарем нема смисла да
најдете начин да поминувате повеќе време со луѓе кои ги имаат вештините кои вие
ги барате ?

Ако ова е премногу стресно да замислите пет луѓе со кои поминувате време
моментално, еве мал совет: Отприлика секои шест месеци, една од пет личности во

79
вашата група ќе се промени. Ќе се пресели, ќе најде нова работа, ќе почне врска, ќе
раскине врска – нешто ќе се случи. Тајна е, кога тоа ќе се случи, бирајте многу мудро
за тоа кој ќе го земе нивното место. Повеќето луѓе не размислуваат за тоа воопшто.
Само дозволуваат следната личност да влезе на тоа место. Тоа е голема грешка.
Најдете некој кој ќе ве турка. Најдете некој кој ќе ве инспирира. Се надевам дека
овие предлози за процесот за учење за станување на професионалец ви беа од помош.
Во ред е да сонувате големи работи, но исто така морате да бидете стрпеливи. Сé
што има вредност бара време. Продолжете да ги развивате сопствените вештини.
Станете траен студент. Тие вештини ќе бидат дел од вас до крајот на вашиот
животот. Постои еден концепт кој морате да го разберете. Ги анализирав луѓето кои
најмногу заработуваат во мрежниот маркетинг. Ги интервјуирав и станавме
пријатели. Дали знаете што имаат сите заедничко ? Работат НАПОРНО. Немојте
погрешно да ме сфатите, имаат сјаен животен стил и го сакаат тоа што го работат,
но тие се „убиваат“ од работа. Ако сакате голем успех во MLM, морате да го правите
истото.

Мрежниот маркетинг нема врска со среќа, тајминг, позиционирање, или запишување


на тие магични личности кои ќе ве обогатат. Слободата е можна, но не е бесплатна.
Ќе ви треба напорна работа за да станете доследни кога светот пробува да ви смета.
Ќе ви треба напорна работа за да ги научите вештините кои ви се потребни за
долгорочен успех. Ќе ви треба напорна работа за да станете лидер каков што сакате
да бидете. Некои луѓе во мрежниот маркетинг стануваат несреќни кога сфатат дека
и работата е вмешана. Повеќето од нив се вклучуваат во некој вид бесплатно возење.
Кога ќе ги почуствуваат растечките болки, бегаат на сигурно. Бидете различни.
Можеби е тешка работа но тоа е добра работа и најдобар начин за кој знам за
просечната личност да ужива во вистинска слобода.

ГЛАВА 12
80
Се исплаќа ( IT'S ALL WORTH IT )

Мрежниот маркетинг може да биде предизвикувачки. Тоа е емотивно искуство.


Препреките и падежите можат да бидат драматични. Но на крајот, од повеќе причини
ТРУДОТ Е ВРЕДЕН !

КАРИЕРАТА КОЈА ЌЕ ЈА НАПРАВИТЕ

Ако одлучите да станете професионалец во мрежен маркетинг, нема само да


направите приход, туку ќе направите и кариера. Земете ги во предвид потребните
вештини да станете доктор, адвокат, поседувач на голема компанија, или музичар од
светска класа. Зборуваме за вештини од висок степен и многу висок степен на
приход. Сега разгледајте ги вештините кои се неопходни за да станете
професионалец во мрежен маркетинг. Во споредба, тие се толку МАЛИ ! Но
повторно, многу професионалци во мрежниот маркетинг уживаат во поголемиот
степен на приход и повеќе од сигурно во поголемо ниво на слобода.
Ако погледнете било која друга кариера, постои бариера за влез ( колку тешко се учи
) и долгорочен бенефит ( што добивате ако влезете ). Примери за работа, докторот
би имал 12 години школо плус искуство. За тоа треба интелигенција која некои од
нас не ја поседуваат, пари кои некои од нас ги немаат, или уште поверојатно некој
од нас немаат контакти. На крајот, тие ќе уживаат во долгорочни бенефиции ( иако
многу од нив велат дека инвестицијата не вредела во споредба со бенефитите ).
Секогаш подноси однос ( ratio ) помеѓу бариерата за влез и долгорочниот бенефит.
Кај мене не постои сомнеж дека од сите професии во светот, професијата на мрежен
маркетинг има најдобар однос кога ќе се спореди малата бариера за влез со високите
долгорочни бенефиции. Една од најдобрите одлуки што ја имам донесено е да
направам кариера во мрежниот маркетинг, наместо да се шуткам наоколу ( messing
around ). Станувањето професионалец ми ги донесе сите промени и сега е многу
забавно да поминам добар дел од своето време помагајќи им на другите да го
направат истото.

СЛОБОДА ВО КОЈА ЌЕ УЖИВАТЕ

81
Слобода е интересен збор. Кога станува збор за работа, мислам дека го разбираме
концептот, но не и полното значење. За мене слобода значи да има избор. Тоа значи
да го живеам животот кој јас сакам да го живеам наместо како што другите би сакале
да го живеам. Се сеќавате ли на фантазиите кои сте ги имале како деца ? Замислете
го својот живот без лимит.

•Се будите кога ќе завршите со спиење


•Ја работите работата која ве исполнува и ве прави среќни
•Одите на работа со луѓе со кои сакате да работите
•Не морате да правите константни компромиси
•Работите кога ви се работи а исто и си играте кога ви се игра
•Имате многу време за поминување со луѓето кои ви се важни
•Живеете убав живот и не го поминувате во кутија

Кога ќе добиете чиста слика што сé значи слобода, ќе сфатите дека цената која
морате да ја платите за да ја постигнете преку мрежниот маркетинг е доста мала. Да
се соочите со своите стравови и да живеете слободен живот е лесно. Да ги поминете
сите денови и да живеете половичен живот е тешко.

ЖИВОТИ КОИ ЌЕ ГИ ДОПРЕТЕ

Една работа е да стекнете слобода за себе и за своето семејство. Друга работа е


воедно и да му помогнете на некој друг да го направи истото. Има толку многу луѓе
кои се измачуваат на овој свет. Вие имате способност да им помогнете на луѓето да
ја видат поголемата слика за себе. Можете да им дадете надеж на безнадежните.
Можете да ги охрабрите нивните соништа. Можете да им овозможите инспирација
потребна за да се соочат со стравовите и да ги совладат. Една од моите најголеми
радости е да се појавам на нечија пофалба. Прекрасно е да се слушне дека некој бил
изгубен, и на некој мал начин јас сум во можност да им помогнам да го најдат својот
пат. Мрежниот маркетинг ви дозволува да го направите тоа на многу висока скала.
Не само што можете да и помогнете на една личност туку на стотина или можеби
илјадници да го живеат својот живот подобро. А возбудливата работа е, ШТО ТОА
Е САМО ПОЧЕТОК.

82
Тоа е како кога фрлаш камен во вода. Кога ќе падне во водата гледаш кругови кои
стануваат се поголеми и поголеми, се додека не го удрат секој крај од водата. Во
мрежниот маркетинг, понекогаш не ги гледаш сите кругови. Можете да бидете
свесни за ударите кои сте ги имале на една особа или на уште два круга, но тие
постојат без разлика дали ќе ги видите или не. Затоа јас го работам тоа што го
работам. Затоа ја напишав оваа книга. Знам дека ударот ќе биде позитивен за луѓето,
а тоа е камен фрлен во вода. Но потоа тие позитивно ќе удрат на други и круговите
ќе почнат да растат. И тие луѓе ќе го направат истото и така цело време во круг. Со
мрежниот маркетинг, навистина можеш да направиш разлика.

ЛУЃЕТО КОИ ЌЕ ГИ СРЕТНЕТЕ ( ЗАПОЗНАЕТЕ )

Мрежниот маркетинг ме претстави на најневеројатните луѓе. Оваа професија ви дава


шанса не само да ја проширите својата група од пријатели, туку и да бидете во
можност да поминете повеќе време со нив. Никогаш нема да најдете по страствени
превземачи во било која друга професија. Тие луѓе го сакаат животот и го
поминуваат своето време подигнувајќи се еден со друг. Еве еден пример што тоа
значи за мене и што би можело да значи за вас. Можете да спомнете било која држава
во USA или било која друга земја во светот и автоматски ми се појавува личност во
главата. Мрежниот маркетинг исто така ме претстави на повеќето мои херои. Ја имав
таа среќа да ја поделам бината и да станам пријател со големите луѓе. Меѓу нив се:
Брајан Трејси, Ог Мандино, Роберт Киосаки, Стивен Кови, Том Хопкинс, Том Рат,
Арт Вилијамс и многу други. На врв на се, имав можност да учам од голем број
професионалци во мрежниот маркетинг кои заработуваат милиони. Сите тие имаа
позитивно дејство на мојот живот и мојата кариера. Оваа професија ме претстави и
на мојата прекрасна сопруга Марина. Бев во Москва на голем MLM тренинг настан,
а таа присуствуваше со нејзиното семејство. Поради тоа што зборуваше повеќе
јазици, таа помагаше со преводот позади сцената. Бев обземен. Нашиот прв состанок
беше на Црвениот Плоштад после полноќ, после манифестацијата. Снег паѓаше
насекаде околу нас. Тоа никогаш нема да го заборавам. Заедно сме од тој ден. Не
велам дека ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот во мрежниот маркетинг, туку
кажувам дека ќе стекнете пријателства кои ќе траат до крајот на вашиот живот.

83
МЕСТАТА КОИ ЌЕ ГИ ВИДИТЕ ( ПОСЕТИТЕ )

Ако изградите голем и успешен бизнис во мрежниот маркетинг, неколку работи ќе


се случат. Прво, ќе освоите патувања кои ќе бидат патувања за сите времиња. Второ,
ќе треба да ја подржувате својата организација во ширењето во секоја земја каде што
постои нашиот бизнис. И трето, ќе имате доволно пари и време да идете каде што ќе
посакате.

Кажано е дека вашиот живот може да се мери од бројот и интензивноста на вашите


искуства. Дали тоа е вистина ? Јас веќе проживеав добар дел од мојот живот. Сум
бил во секоја држава во USA освен Аљаска, а и тоа наскоро ќе го сторам. Така да
сум бил во 40 земји во светот. Нуркав на големиот Корален Гребен во Австралија. Ја
посетив Аја Софија во Истанбул, ги посетив близначките кули во Малезија, пловев
околу островот на Џејмс Бонд на Тајланд, посетив шатор на градови во Нигерија,
имав приватна тура во Белата Куќа, го гледав изгреј сонцето за Нова Година на Гранд
Кањон, пловев по каналите на Амстердам, летав во балон над Rocky Mountains,
рентирав јахта за 2000 мои пријатели да отидеме на Бахамите, имав вечера под
ѕвездите на врвот на Hotel de Paris во Монако, го посетив моето наследство во
Норвешка, пловев по Црното Море преку Украинскиот брег, играв голф во St.
Andrews во Шкотска, бев во неверојатната Сикстинска капела во Рим, гледав
утакмица од светскиот куп во Ирска и се молев на Ѕидот на Плачот во Ерусалим.
Сето тоа и уште многу повеќе стана реалност затоа што ја прегрнав оваа голема
професија во мрежен маркетинг. И на вас може истото да ви се случи.

РАБОТИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ДОПРИНЕСЕТЕ

84
Постојат многу вредни работи. Можеби ќе сакате да ги поклоните на вашите
родители или на некој друг од вашата фамилија или на некоја организација која ви
значи нешто. Во 2011та година го прашав Харви Мекеј кој беше најдобро
продаваниот автор, многу успешен бизнисмен и активист за друштво, за неговата
тајна за успехот. Ми ја раскажа оваа приказна:
Ерик, мојот татко после моето дипломирање на Универзитетот на Минесота на мојот
21ви роденден седеше со мене. Ми рече: Харви 25% или една четвртина од твојот
живот почнувајќи од сега ќе биде посветена на волунтеризам. Не знаев што значи
тоа, пред да почнам да волонтирам секаде. Обединет Пат, Извидник, Salvation Army,
March of Dimes, Heart, Cancer, буквално сé. Дозволи да ти кажам што тие искуства
значеа за мене за цел живот. Тоа што бев вклучен во сите тие хуманитарни
организации, од мене направија подобар комуникатор. Станав подобар лидер.
Станав подобар продавач, затоа што сé што работев беше собирање пари за преку 20
организации во кои бев. Станав подобар менаџер за продажба. И можеш ли да
замислиш колку луѓе запознав затоа што волонтирав ? Мојата мрежа порасна
извонредно. Но најголемата работа што се случи беше моето чувство дека сум
граѓанин на овој свет. Да знаеш дека си помогнал на друго човечко суштество и да
си во можност да ги видиш резултатите – е неверојатно чувство. Многу сум
благодарен на мојот татко затоа што неговиот совет ми го промени животот.

Тоа интервју ми го промени животот, затоа што делуваше на моето разсмислување


за моето допринесување. Секогаш мислев дека постои само еден начин да помогнеш
во големи работи и дека тоа беше со пари. Но после разговорот со Харви, сфатив
дека постојат три начина за помош.

Првиот е со вашите пари. Секако, можете да напишете чек и тоа е убаво. Мрежниот
маркетинг овозможува испишување на поголеми чекови од што можевте да
замислете порано.

Вториот е со вашето време. Како што Харво рече, можете добар дел од вашето време
да го посветите на причината која на вас ви е битна. Тој одбрал 25%. Можете да
одберете колку сакате но јас ве охрабрувам да одберете нешто. Но за тоа време не
мислам само да волонтирате неколку ласа, малку таму, малку наму. Туку мислам, да
го дадете своето време за креативно разсмислување, подигање на свест и собирање
пари.

85
И третиот е веројатно најважен, а тоа е со вашето влијание. Издвоете време за
поминување со вашите причини и вложете го целото ваше влијание во тоа.
Инспирирајте ја својата организација да направи нешто големо со вас. Охрабрете ја
својата компанија да се инволвира. Дјате и моќ на својата мрежа да прави големи
работи. Вие сте моќни и многу повеќе заради своето инволвирање во мрежниот
маркетинг. Искористете го тоа влијание за добро. Ќе ви го промени животот на
подобро.

ЛИЧНОСТА КОЈА ЌЕ СТАНЕТЕ ВО ПРОЦЕСОТ

Мрежниот маркетинг ми го промени животот на подобро затоа што ме форсираше


да станам подобра личност. Преку професијата, ние им овозможуваме на луѓето
производи и сервиси но нашата вистинска суштина е многу подлабока. Во својата
срж оваа професија е инкубатор за личен раст.

•Ќе научите како да се соочите со своите стравови


•Ќе научите како да ги решавате своите проблеми
•Ќе научите како да го храните својот ум со позитива и како да го заштитите од
негатива
•Ќе научите како да станете појаки
•Ќе научите како да Водите ( Да бидете лидери )

Кога ја започнав оваа професија речиси сé работев со страв. Ми беше страв дека нема
да успеам. Ми беше страв дека ќе останам без контакт личности. Ми беше страв дека
ќе ја пропуштам оваа прилика. Но со текот на времето, тој страв го снема. Одлучив
да се фокусирам на себе и на своите вештини, наместо да се фокусирам на сé што не
можев да контролирам и затоа сé ми стана јасно. Ја научив вистинската тајна на
мрежниот маркетинг.

86
Најголемиот бенефит не е да добиете сé што ќе посакате. Најголемиот бенефит е она
што треба да станете за да добиете сé што ке посакате. Го научив она што отсекогаш
беше тука и со години стоело назад. Патувањето е сé !

Ви благодарам што бевте на ова патување со мене. Дозволете ми да го заклучам ова


патување со нешто што го кажувам секогаш на крајот на секое мое излегување и
GoPro видео презентации: Дами и господа, мојата желба е вие да одлучите да станете
професионалци во мрежен маркетинг, да одлучите да бидете профи – затоа што е
црвст факт дека ние имаме подобар начин. Ајде сега тоа да му го кажеме на светот.

ЗА АВТОРОТ

Ерик Вор е лидер во професијата мрежен маркетинг повеќе од 25 години. За време


на неговата кариера за почитување како врвен професионалец во мрежен маркетинг,
тој го направи следното:

•Заработи над 15 милиони долари


•Изгради продажна организација со преку 500.000 дистрибутери во преку 60 земји
•Работеше како претседател на компанија со преку 200 милиони долари продажби
•Ко-основач и претседател на своја компанија, TPN – The peoples network
•Работеше за седумцифрени приходи годишно како маркетинг консултант во
директно продавачка индустрија

87
На тој пат, Ерик со намера стана врвен тренер и спроведуваше настани во живо со
преку 250.000 луѓе ширум светот, учејќи ги како и тие да станат професионалци во
мрежен маркетинг. Ја делеше бината со: Брајан Трејси, Ог Мандино, Роберт
Киосаки, Стивен Кови, Том Питерс, Денис Веитли, Џим Рон, Лез Браун, Дејвид Бах,
Даниел Пинк, Кен Бланкард, Том Рат, Марк Виктор Хансен, Џек Канфилд, Том
Хопкинс, Џефри Гитомер, Харви Макеј и многу други.

Во 2009та година, Ерик ја основа networkmarketingpro.com најгледаната веб


страница за тренинг во мрежен маркетинг со гледачи од 137 земји ширум светот. Од
датата на основањето networkmarketingpro.com овозможува повеќе од 100 бесплатни
тренинг видеа во кои е опфатено голем број на интервјуа со најславните и
најуспешните дистрибутери во светот и на најмоќните тренинг манифестации во
Професијата Мрежен Маркетинг.

На крајот од секое видео завршува со брендираната изјава:

Дами и господа, мојата желба е секој од вас да стане професионалец во мрежен


маркетинг, да одлучите да бидете профи ( you decide to Go Pro ) - затоа што е цврсто
докажан факт дека ние имаме подобар начин. Ајде сега тоа да му го кажеме на
светот.

Поврзајте се со Ерик:

www.networkmarketingpro.com www.facebook.com/NMPRO

88

You might also like