занимливости 2 мај 2023

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Н.Н.

Знаменитостите на Македонија

Н. Античките споменици како материјално културно наследство

П.Н. Откриени се споменици во античките македонски области – Дасаретија, Линкестида,


Пајонија, Деуриопос и Орестида. Во конотација на античките споменици може да се споменат и
оние кои се откриени во Скопје и неговата околина, односно во римската провинција Мезија
Супериор. Голем дел од античките споменици се објавени во „Corpus Signorum Imperii Romani“ –
Тркалезна скулптура од страна на Вера Битракова-Грозданова и Александра Николоска.

Меѓу македонското материјално културно наследство античките споменици заземат видно место.
Ова е особено евидентно во проектот Корпус на камени споменици, проект започнат во 2013
година при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на Истражувачки центар
за културно наследство „Цветан Грозданов“. Територијата на современата македонска држава во
стариот век, во голема мера припаѓал на Горна Македонија и Долна Македонија, како и на
Источна Панонија. Во римскиот период оваа територија е дел од провинцијата Македонија. Од
споменатиот период откриени се споменици во следниве антички македонски области –
Дасаретија, Линкестида, Пајонија, Деуриопос и Орестида. Во конотација на античките споменици
може да се споменат и оние кои се откриени во Скопје и неговата околина, односно во римската
провинција Мезија Супериор. Голем дел од античките споменици се објавени во „Corpus Signorum
Imperii Romani“ – Тркалезна скулптура од страна на Вера Битракова-Грозданова и Александра
Николоска. Во ова издание, односно во овој прв том, се публикувани портрети и бисти, почесни
женски статуи, почесни машки статуи, како и оклопни – војнички статуи.

Меѓу нив е и Бистата на дете која беше откриена во 1995 година во Стоби, поточно на Западната
некропола. Конкретно станува збор за биста од ситнозрнест бел мермер која е солидно зачувана.
Откршени се носот, дел од устата и брадата, како и делови оф ушните школки, особено на левото
уво. Недостасува парче оф десниот агол од правоаголниот постамент на бистата, а мали откршени
се забележуваат и на градите. Главата е заоблена, малку сплескана на темето, со високо и
испакнато чело и проширена на темпоралниот дел. Лицето е овално, со полни образи и заоблена
брада. Крупните очи се прецизно изведени, а косата е изведена со долги плитки засеци. Главата е
поставена на низок врат кој продолжува на мали рамења, а површината на бистата е полирана.
Бистата е поткрепена со правоаголен држач, изделкан од истото парче мермер, кој на долната
страна завршува со мал правоаголен дел за вглавување.. Предната страна на држачот е
профилирана со конкавни страни. Во правоаголно поле во рељев е изведено легнато животно, за
кое се верува дека е куче, со крената опашка. Бистата потекнува од периодот на т.н. римските
императори-војници од третиот век од нашата ера.

Рамка 1.

Н. Вера Битракова-Грозданова – еминентен македонски професор и научник од областа на


археологијата

Вера Битракова-Грозданова е македонски професор и научник од областа на археологијата и


историјата на уметноста, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во
1972 ги завршува магистерските студии на Филозофскиот факултет во Загреб, на Отсекот за
археологија, од областа на античката археологија. Во 1984 година на Филозофскиот факултет во
Загреб го одбранува докторатот на тема Спомениците од хеленистичкиот период на тлото на СР
Македонија, кај академик Дује Рендиќ-Миочевиќ. Од 1975 г. до пензионирањето е професор на
Филозофскиот факултет на Институтот за историја на уметноста и археологија. Ги предава
предметите: историја на уметноста на старите народи, класична археологија и античка археологија
на Балканот. Таа е автор на повеќе од 100 научни трудови; учесник е на многубројни меѓународни
научни собири и добитник е на повеќе научни и општествени признанија.

Реализирала повеќе самостојни ископувања: во Охрид – на некропола на ул. Илинденска (1966), на


поликонхалната црква на Плаошник (1964–1966), на базиликата кај Студенчишта (1968) на Кале –
Самоилова тврдина, (1995/6, 2000), на тврдината и некрополата кај Дебој (2000); во Струга на
некрополата и на Калето кај Делогожда (1979–1984, 2007), на базиликата кај Октиси – Св. Никола
(1990–1992), на некропола кај Октиси (1998), на базиликата кај Ташмаруништа – Св. Мартинија,
(1999–2001), на некрополата кај Добовјани (1998); во Кратово: на наоѓалиштето „Дупка“ (1988); во
Преспа извршила истражувања на населбите кај Претор (1967), Крани (1990), Наколец (2002) и на
островот Голем Град (1967, 1968, 1980–1984, 1992–1994, 1998–2008); во с. Октиси, римска печка
(2008). Во периодот 1998–2002 година е член на Одборот за возобновувањето на црквата Св.
Климент – Св. Пантелејмон, како надзор за ископувањата и конзервацијата на архитектонските
објекти и член на Конкурсната комисијата за избор на архитектонскиот проект за
реконструкцијата на светиот објект, а од 2007 година е научен раководител на ископувањата на
Плаошник и член на Одборот за возобновување на „Свети Климентовиот универзитет“ на
Плаошник во Охрид.

Рамка 2.

Н. Истражувачки центар за културно наследство „Цветан Грозданов“

Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ e научна организациона


единица на Македонската академија на науките и уметностите, формирана во 2014 година под
раководство на академик Цветан Грозданов.

Основна цел на Истражувачкиот центар е проучување на културното наследство на почвата на


Македонија од античко време до времето на Просветителството. Главна задача на Истражувачкиот
центар е редовно издавање на меѓународното научно списание за културно наследство со
Меѓународен редакциски одбор, а тоа е годишникот MONUMENTA, кој се стреми кон висок
степен на фактор на влијание, релевантно списание со кое се врши размена со клучните
регионални и светски центри. Соработници на Истражувачкиот центар се специјалисти, доктори
на науки од земјава и од странство. Во рамките на програмата дополнително се печатат
монографии за елитните споменици од Македонија, како и зборници од научни собири
организирани од Истражувачкиот центар.

Д.Ст.

You might also like