занимливости 4 април 2023

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Н.Н.

Знаменитостите на Македонија

Н. Иса-беговата џамија, еден од највредните споменици од исламската архитектура во Македонија

П.Н. Градбата е претставник на раната османлиска архитектура. Изградена е од делкан бигор и


хоризонтално наредени тули, при што фасадата во горниот дел завршува со дворедни венци.
Основата на џамијата зафаќа површина од 19 метри квадратни и е покриена со две големи куполи,
кои пак се обложени со олово. Пред влезната врата од џамијата бил изграден трем, покриен со пет
мали куполи и аркадни лакови.

Еден од највредните архитектонски споменици од исламската култура е позната Иса-беговата


џамија која е лоцирана северно од Султан Муратова џамија во Скопје. Била изградена во втората
половина на 15 век, по смртта на Иса бег, познат османлиски воен командант и управник. Од
натписот над влезот од џамијата можеме да дознаеме дека џамијата е изградена по наредна и
желба на Иса бег, по кого е и именувана.

Градбата е претставник на раната османлиска архитектура. Изградена е од делкан бигор и


хоризонтално наредени тули, при што фасадата во горниот дел завршува со дворедни венци.
Основата на џамијата зафаќа површина од 19 метри квадратни и е покриена со две големи куполи,
кои пак се обложени со олово. Пред влезната врата од џамијата бил изграден трем, покриен со пет
мали куполи и аркадни лакови. Во задниот дел се издига минарето, коешто е високо 34 метри и
нема свои темели, туку израснува од самиот објект. На западната страна од џамијата се наоѓа
дрвена врата, која содржи резба со ориентални мотиви. Во нејзината внатрешност, пак, се наоѓа
саркофагот на Хазнадорат, книгводител на Иса бег, којшто е изработен од мермер, а неговиот гроб
од ќерпич. Во дворот на џамијата расте многу стар чинар со извонредна круна за кој се смета дека
бил засаден уште од времето на изградба на џамијата.

Според податокот од 1469 година, Иса бег изградил и изградил медреса со десет одделенија, а во
нејзина близина и теќе. За нивно издржување го завештал својот голем имот, меѓу кои: Чифте
амамот со дуќани покрај него; деветнаесет дуќани пред амамот што се поврзани со Безистенот на
татко му Исхак-бег и Капан ан со дуќаните околу него. За споменатата задужбина Иса-бег ги
увакуфил и сите свои книги. Тоа бил многу богат фонд на ракописни книги од разни области.
Книжниот фонд се состоел од 230 разновидни ракописни книги во 320 томови, што ја правело
оваа медреса една од најбогатите библиотеки на Балканот. Во најголем дел овие книги биле со
верски карактер но биле застапени и книги од областите на астрономијата, медицината,
филозофијата, математиката итн. Библиотеката изгорела пожарот од 1689 година, кога градот бил
освоен од Пиколомини.

Рамка 1.

Н. Иса бег – скопјанецот кој учествувал во освојувањето на Константинопол (Истанбул)

Иса бег е една од најпознатите личности во периодот на ширењето и воспоставувањето на


османлиската власт на Балканскиот Полуостров. Тој бил син на Исхак бег и внук на Паша Јигит
бег, освојувачот на Скопје и првиот командант на скопското краиште. За Иса бег се смета дека
бил најистакнатиот краишки војвода и султанов намесник со широки овластувања и права на
голема територија. Тој ги основал градовите Сараево и Нови Пазар. Своето големо богатство го
вложил во изградба на многубројни објекти во Скопје, Сараево, Нови Пазар и други места.
Неговата генеалогија најцелосно ја даваат Лидија Богоевиќ-Кумбараџи и некои од истражувачите
од меѓувоениот период. Иса бег бил третиот управител на Скопје, односно краишки војвода (такви
титули османлиите им доделувале на управителите во новоосвоените краеви).

И таткото Исхак, и синот Иса, освен што се управители на Скопје, тие се и негови значајни
градители: со името на Иса-бег се поврзуваат градбите на „Капан-ан“, „Чифте-амамот“ и други.
Тој е градител во Скопје на една од најпознатите медреси и најголеми библиотеки во тогашниот
исламски свет, со богат книжевен фонд. Таа, за жал, изгорела во пожарот во времето на
Пиколмини од 1689 година. Славниот град и надалеку познато Сараево, го подигнал Иса-бег во
1461 година, врз темелите на постаро населено место (Врхбосне). Наскоро, во 1462 година, тој ја
изградил познатата Царска џамија, а се смета дека во нејзината близина се наоѓа и неговиот гроб.

Д.Ст.

You might also like