Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Едно од важните прашања во теоријата на преведувањето е проблемот на

пренесувањето на стилската обоеност на јазикот. Постигнувањето „еквивалентност“ на


преводот го подразбира и фактот дека преведувачот мора да биде способен да ја пренесе
смислата на стилските особености во јазикот на преводот, од што зависи и квалитетот на
самиот превод.Со оглед на фактот дека „еквивалентноста“ на ниво на стилот е услов за да
може да се оцени еден превод како успешен или неуспешен, во овој труд се прави анализа на
стилот на преводот на Марија Најчевска-Сидоровска на драмата „Вишновата градина“ од А.
П. Чехов со цел да се види дали преведувачот успеал да ги задржи пренесе стилските
особености на во јазикот-цел. Клучни зборови:стил, обоеност, превод, драма, Чехов,Работата
на преведувачот е сврзана со оригинални текстови кои обично се различни по стил. За да може
да изврши соодветна замена на изворниот текст со јазичните средства на јазикот-
цел,потребно е преведувачот да знае да ја препознае и пренесе на соодветен начин и
експресивноста на текстот што го преведува. Едно од важните прашања во теоријата на
преведувањето е проблемот на пренесувањето на стилската обоеност на јазикот. На овој
аспект не му е посветено доволно внимание, така што неопходноста за адекватен пренос
на стилската 95

информација на уметничколитературниот текст продолжува да го привлекува вниманието


на теоретичарите кои се занимаваат со науката за преведувањето. Преведувачот мора да
внимава на стилската обоеност на оригиналниот текст, при штоима можност да избере
стилска, реторичка фигура или тропа кои ќе му помогнат да направи адекватен избор на
лексика, граматички форми или реченици. „Еквиваленцијата“ на стилот треба да биде
решавачкиот критериум за реализација на успешен превод. Тоа значи дека преведувачот
треба да ги задржи стилските фигури од оригиналниот текст (метонимијата, алузијата,
цитатите, крилатиците, метафорите, епитетите, поговорките, компарациите и епитетите) во
јазикот-цел, од што зависи и квалитетот на самиот превод.

You might also like