Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

„ Животот на работниците опеан во социјалните песни“

Песни кои ја опеваат и пресликуваат во форма на стихови општествената реалност во


нашата татковина не така одамна се социјалните песни напишани од Коста Солев
Рацин,Коле Неделковски .Наши поети кои засегнати од она што го гледаат околу себе,ги
опишуваат мрачните,тажни слики кои се редат пред нивните очи во своите песни.Во духот
кој преовладувал во нивното време го пренесуваат незадоволството на
обесправените,обесхрабрените и намачени работници кои се обидуваат да донесат корка
сув леб на домашната трпеза.Социјалната нееднасквост,мрачното лице на нездоволниот
работник,сиромаштијата да се помине денот на туѓа нива за корка сув леб која не е
доволна да го нахрани целото семејство,тоа е основната инспирација на поетот кој сака да
види едно поинакво секојдневие- да преовлада храброста,вербата и да победи
долгоочекуваната надеж на секое македонско семејство од тоа време а таа била да се стане
наутро како човек,човек платен за својот труд,човек со право да живее слободно и да му
биде награден трудот кој го давал за подобра иднина на себе и своето семејство.
Во своите песни општествените поети го искажуваат незадоволството на работникот
кој е незаштитен,обесправен и обесхрабрен.Темниот тон и мачно,мрачно расположение
преовладуваат во тешкото секојдневие на работникот.Работникот опеан од Коле
Неделковски во песната „Работник“е опишан како човек кому му тежи мислата која го
обзема секој ноќ од неизвесното секојдневие и тажно време кое не му дава да се израдува
на животот ,зошто животот поминат од утро до мрак на туѓа нива е тежок.Секое утро брза
да биде изнајмен за да има за денот да преживее,скромно облечен излегува да работи по
скелиња градежна работа.Парталав ,изморен со чувство дека е предвреме остарен ја
споредува својата младост со црнина наместо радост.А радост не може да ти донесе
животот поминат без да ти ја чуе некој маката,без да имаш кому да се пожалиш.Без
трошка надеж е овој работник дека неговите деца,неговата иднина ќе живеат во среќа и
слободни како луѓе.Така минувал животот работникот кој не можел да промени
ништо ,еднолично и тажно. Светлината на сонцето кое требало да го грее ја чувствувал
како горка и жешка мака без да осети радост во себе.Бидејќи знае дека својата младост ја
заменил со тагата од работењето за туѓ интерес ,немоќен да промени ништо.Кочо Рацин
во својата песна „ Денови“ го споредува денот на работникот со тежок камен кој го
притиска на неговите рамења.Ден исполент со мака,тага и премор на работникот кој секое
утро со себе ја понесува топлината од домот,а навечер се враќа со тагата која ја заработил
на туѓиот имот.Роден како човек,а живее како роб,работејќи на туѓ имот и без можност да
стекне нешто свое за себе и за своето семејство.Без можност да биде чуен неговиот
глас,деновите исти еден на друг ,го влечат надолу како железен синџир тежок кој не може
да го раскине за да се ослободи од него.
Содржински богати,исполнети со чувства на патила ,немир и копнеж за подобра
иднина на децата кои им се изродиле се општествените песни.А стилски се одликуваат со
богати компарации и метафори кои до денес се непроценливо наше стиховно богатство
кое во наследство го оставиле нашите социјални поети за нас .

You might also like