Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ

Нуклеинските киселини прeтставуваат полинуклеотиди со голема молекулска маса,


составени од јаглехидрати, хетероциклични органски бази и фосфорна киселина.
Од шеќерите кои влегуваат во состав на нуклеотидите се пентозите,рибоза и
деоксирибоза. Нуклеотидите се изградени од два вида органски бази: пурински и
пиримидински кои се разликуваат по структурата и бројот на хетероцикличните прстени.
Во состав на нуклеотидите од пуринските бази влегуваат аденин и гванин, а од
пиримидинските цитозин, тимин, урацил.Секогаш скоро непогрешливо доаѓа до
соединување на аденин со тимин со две водородни врски и цитозин со гванин со три
водородни врски.
При синтеза на нуклеинските киселини пуринските и пиримидинските бази се поврзуваат
со деоксирибозата во т.н. нуклеозиди. Зa да стане дел од DNA или RNA молекула,
нуклеозидот се поврзува со фосфорната киселина и формира нуклеотид. Повеке
нуклеотиди се поврзуваат меѓу себе формираaт долги полинуклеотидни вериги.
Разликуваме два типа нуклеински киселини: DNA во чиј состав влегува шекерот
деоксирибоза и RNA во чиј состав влегува шекерот рибоза. Во состав на нуклеотидите кај
DNA влегуваат: пурински аденин и гванин, пиримидински: цитозин и тимин , додека во
состав на нуклеотидите кај RNA пуринската база тимин е заменета со урацил.
Во однос на физичката структура, DNA претставува двојна спирала каде што нулеотидите
се поврзани со водородни мостови во нуклеотидни парови, а кај RNA таа претставува
едноверижна молекула, чии бази остануваат слободни.
ДЕОКСИРИБОНУКЛЕИНСКА КИСЕЛИНА
DNA како значајна полинуклеотидна макромолекула, претставува составна компонента на
клетките кај сите живи организми.
Специфичното спарување на базите во DNA молекулата ја определува
комплементарноста на двете вериги. Ако го прочитаме редоследот на базите на едната
истовремено сме го откриле и редоследот на другата комплементарна верига но со
обратен редослед, бидејќи веригите секогаш се поставени во спротивна насока една од
друга.Според тоа, секоја молекула на DNA, кај сите видови живи организми се разликува
во однос на две значајни структурни особини: 1. Бројот на нуклеотидните парови и 2.
Редоследот на базите.

You might also like