Lab1 B

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство

Лабораториска вежба 1 – Модел на


реалниот свет (ЕР дијаграм)
Во продолжение се дадени корисничките барања за некој систем за управување со
тениски турнири и натпревари. Прочитајте го дадениот текст, направете анализа
на барањата и дадете предлог решение во форма на ЕР дијаграм. Побарајте и
изберете online ресурс (апликација) за цртање на ЕР дијаграмите (при изборот
внимавајте во избраната апликација да можат соодветно да се прикажат
ограничувањата за кардиналност и учеството кај релациите во ЕР дијаграмот).
Предлог online ресурс: https://www.draw.io/.
Во базата на податоци се чуваат информации за учесниците кои се идентификувани
со име, презиме, пол, број на пасош, држава од која потекнуваат и датум на
раѓање. Учесниците може да бидат играчи, тренери и судии. Играчите по
завршување на нивната кариера може да бидат тренери, но не може да бидат
судии. Постојат и други учесници за кои не се чуваат информации во базата на
податоци. За играчите се водат информации за годината во која започнале
професионално да играат тенис, како и нивното ранг место на официјалната листа
(WTA ranking/ATP ranking). Се чува историјата за сите ранг места на играчот така
што се знаат почетниот и крајниот датум за секое ранг место. За тренерите се
чуваат информации за играчите на кои се тренери или биле тренери во минатото.
За судиите дополнително се чува нивното искуство во години.
За секој турнир се водат информации за името и типот на турнирот (Grand Slam,
WTA1000, ATP1000), како и кој е најдобриот играч во историјата на тој турнир
(играчот кој има најмногу победи на турнирот се смета за најдобар играч).
Турнирите се одржуваат на терени кои се идентификувани со нивното име, тип и
бројот на седишта за публика, при што на еден терен може да се одржуваат повеќе
турнири. За секоја година во која се одржал турнирот се знае кој е периодот на
одржување (датуми од и до), како и спонзорите на турнирот. Во базата на податоци
се чуваат информации за натпреварите кои се одржале во рамки на одржаните
турнири така што за секој натпревар се знае кои се двата играчи, судијата, времето
на почеток, времето на крај на натпреварот, и крајниот резултат.
За секој пар играчи се знае бројот на победи на едниот против другиот играч (head-
to-head) така што се чуваат информации за бројот на победи на секој од двајцата
играчи. Во базата на податоци се водат информации за тренинзите така што се знае
кој играч, на кој терен, со кој тренер и на кој датум (ден, месец, година, време)
имал тренинг.
Користејќи ја одбраната online апликација нацртајте го вашиот ЕР дијаграм.

Бази на податоци
1

You might also like