Синтакса е

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Синтакса е дел од науката за јазикот што се занимава со јазично

точниот редослед на зборовите во реченицата.


Таа ги разгледува законите по кои зборовите се врзуваат во реченица
и по кои се гради проста или сложена реченица.
Зборот синтакса значи „редење, распоред на зборовите“.
Основни синтаксички единици се: именска група, реченица, сложена
реченица и врзан текст.
Реченицата е централна синтаксичка единица.
Помала од реченицата е групата (синтагма или фраза), поголема е
сложената реченица, а сите тие поврзани во смисловна целина
сочинуваат врзан текст.
Синтаксички единици
1. Именската група (синтагма или фраза) претставува
неприрошка единица чиј главен дел е именката или некој
друг именски збор (заменка, придавка, број). Таа е дел од
реченицата и претставува една целинка без прирок
(глаголско дејство).
Именската група има центар (или глава) која може да ја претставува
целата група, односно може да стои без другите додатоци. Центарот е
обично именка, а додатоците се придавки, заменки, броеви.

На пример: добри деца;


малите добри деца;
нашите мали добри деца.
Во примерот центарот на групата е именката ДЕЦА и таа може да стои
самостојно, без додатоците и да ја претставува целата група.

2. Реченицата е основната, централната синтаксичка


единица. Основа на реченицата е прирокот (без прирок
нема реченица, освен во некои исклучоци).
На пример: Нашите мали добри деца спијат.

Со прирокот СПИЈАТ се изразува глаголското дејство што е основа на


реченицата.
3. Сложената реченица е поголема синтаксичка единица
која содржи намалку два прирока.
На пример: Нашите мали добри деца спијат и сонуваат.
Оваа реченица бидејќи има два прирока (спијат, сонуваат) е сложена
реченица.
4. Врзаниот текст претставува најголема синтаксичка
единица. Тој е составен од повеќе реченици (именски
групи и сложени реченици) кои се смисловно поврзани и
сочинуваат целина.
На пример: Штом се стемни, сите се прибираме во куќите. Постарите
се вртат околу огнот, ги греат коските, а ние помладите ги
потсредуваме собите колку да не седнеме веднаш. Нашите мали
добри деца спијат и сонуваат.

You might also like