Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Мултифункционална алатка за тестирање на електронски компоненти

1. Здраво на сите, јас сум Тоше, а ова е мојот другар Стефан. Ние сме тим 6. На
почеток би сакале да ви се заблагодариме поради тоа што не избравте и ни
овозможивте да ја реализираме нашата идеја. Денеска сме тука за да ви го
претставиме нашиот финален производ, односно да ви го претставиме
исходот од реализираниот проект.

2. Нашата идеја се роди поради проблемите со кои се соочуваат нашите


сокласници при извршувањето на практичната настава. Ние се трудевме да
пронајдеме решение на проблемот па на тој начин ние дојдовме до нашата
идеја. Но меѓутоа за да ја реализиравме нам ни беа потребни финансиски
средства кои училиштето не можеше да ги обезбеди. Па затоа ви се
обративме вам. Аплициравме на повикот на Up-Shift програмата и ви ја
претставивме нашата идеја. По одлуката на жири комисијата ние ги добивме
финансиските средства. По завршетокот на натпреварот во рок од три
месеци ние требаше да го реализираме проектот.

3. Добиените средства ги распределивме по претходно изработен план.

Реализацијата на проектот течеше во четири фази и тоа: процес на набавка

на компоненти, процес на изработка на самиот производ, тестирање и


презентација на самата алатка.

4. Во првиот процес нашиот тим со помош на менторот како и одредени фирми


од нашата општина ние ги набавивме потребните компоненти. Набавката
беше извршена речиси и без потешкотии. Некои од компонентите, поради
недоволно развиениот пазар во земјата, требаше да ги набавиме од
странство. Во ваквиот тип на набавка ни помогнаа фирмите од општината.
Додека другите компоненти ги набавивме од земјава со помош на нашиот
ментор. Откако ги набавивме компонентите следуваше фазата на изработка
на алатката.
5.

6. Во оваа фаза учествуваа повеќе ученици (притоа беа запазени сите


протоколи за безбедност ) под надзор на ментор. Во текот на изработката на
алатката користевме и 3D принтер за изработка на интерфејсот. Потоа
следуваше нагодување на компонентите и на крај спојување со интерфејсот.
7. .
8. По составувањето на алатката следуваше тестирање. Алатката беше
тестирана на различни начини, односно помина низ различен вид на тестови
и со сигурност можеме да кажеме дека е 100% функционална и исправна.
9. .
10. Како финален производ добивме една функционална алатка претставена на
следниве слики.
11.
12.
13. Во врска со работата на алатката ќе објасни мојот другар Стефан.
14. Би сакал да се надоврзам на сево ова во врска со презентацијата на алатката.
Сега за сега поради условите создадени од пандемијата со алатката се
запознаени дел од учениците. Доколку во блиска иднина се подобрат
условите нашиот тим ќе го презентира производот и на пошиорката јавност
и ќе може да го стави во функција на тестирање и сервисирање на уреди на
фирмите. Ви благодариме на вниманието.

You might also like