Македонија - Македонски Идентитет - Иле Македонски

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 38

МАКЕДОНСКИ

ИДЕНТИТЕТ

ИЛЕ МАКЕДОНСКИ
Во оваа студија ќе објавам најстари артефакти од Македонија кои го сочинуваат
Македонскиот идентитет. Ќе одиме длабоко во историјата, праисторијата и
неолитот низ милениумите и вековите до ден денес.
Ќе видиме дека симболите на Македонскиот идентитет се исти и тогаш и сега,
непроменети со што го докажувам постоењето на Македонскиот народ со старост
од 8000 години во Македонија. Тие симболи се: 8, 16 кракото сонце, розетата
(цветот), лавот, Божицата Мајка МА, коњот, волкот и бикот.
Главно ќе се задржам на Македонското Сонце бидејќи преку него е граден
Македонскиот Идентитет низ милениумите. Треба да се потенцира дека симболот
на македоснкото сонце и розетата тие се пред се култни религиски најстари
симболи во Македонија. Подоцна тие стануваат и официјални симболи на
Македонското Царство на Македонските Цареви и Царска Куќа. Со што
континуитетот е зачуван и продолжен. Тие симболи се составен дел од кованите
пари монети на Македонските Цареви уште од создавањето на Македонската
држава и Царство низ милениумите и вековите до ден денес. Монетите парите се
неоспорен доказ, главен артефакт, кој неможе да се побие на никаков начин, за
постоењето на Македонскиот народ, држава, царство, империја. Преку парите се
докажува постоењето на Македонија и Македонскиот народ не само со симболите,
какво што е сонцето и другите симболи како лавот, коњот итн, туку и преку писмото
написот на тие монети. Каде многу јасно стои покрај ликот на Царот или лик на Бог
стои написот Македонон, што означува Македон, Македонец, Македонски. Што
докажува дека постоела Македонија бидејќи имаме артефакти со докази за
нејзиното постоење и постоењето на Македонскиот народ и нација најстара на
светот. Многу јасно пишува дека Царевите биле Македонски од Македонија.
Со тоа го докажувам постоењето на Македонскиот народ и Македонија врз основа
на археолошки артефакти во оваа студија. Во други студии тоа ќе го направам со
други науки и научни дисциплини како на пример генеологијата, лингвистиката,
топонимијата, хидронимијата, мезонимијата и други научни дисциплини.
I
ДОКАЗИ СО АРТЕФАКТИ ЗА ПОСТОЕЊЕТО
НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И НАРОД ОД
ПРЕД 8000 ГОДИНИ
Македонија, Македонскиот народ и неговата Цивилизација, Историја и Култура
почнува многу многу одамна. Оваа Македонска Цивилизација на развиено и
цивилизирано општество со сите поединости во сите области на општествен и
културен и социјален живот претставува Мајка на Цивилизацијата на Европа и
Целиот Свет.
Ја истражував Антиката на Македонија темелно десетина години, барав и копав се
подлабоко и подлабоко во историјата и минатото за да дојдам се до почетоците на
Македонската Цивилизација преку артефакти, пишани зборови, симболи и знаци.
Не очекував при моите истражувања да отидам толку далеку назад во минатото и
историјата на Македонскиот народ и цивилизација но стигнав до самите почетоци
на цивилизацијата воопшто во Европа и светот. Подрачјето на моите истражувања
за Македонија и Македонскиот народ е огромно и за се работи за еден енормно
голем временски период. Ги истражував Македонските Цареви Филип и Александар
и македонските царски династии далеку пред нив, отидов и до македонската
митологија до големите јунаци, богови и кралеви во таа митологија но и подалеку
во религија од чиишто почетоци доага се покасно. Многу велат дека тие богови не
постојат дека се само измислица. Но како може еден Еракле да непостои кои е
глава на Македонската Царска Династија на Филип и Александар на Теменидите.
Како може главата на династијата да непостои, тоа нема никаква смисла. Истото е
и за Македон и за син му Ематиј по кои кралеви настанало и името на државата
Македонија и Ематија.
И не само тоа. Истражувањата ме оведоа длабоко во религијата до самиот почеток
не само на човековиот општествен и социјален живот туку и религиски бидејќи
религијата е во самиот почеток на човековиот општествен живот. Сврзно ткиво
неразделиво од неговото секојдневие. Преку пронајдените артефакти со многу
голема старост сосема точно и прецизно доагаме до самиот почеток на општествен
живот на Македонецот бидејќи и тогаш тој ги користил истите симболи и знаци во
неговиот религиски живот, кои потоа служат како основа за дрeвноста за време на
Филип и Александар и нивните претходници цареви и царски семејстава се до ден
денес. Бидејќи и ден денес истите знаци и симболи кои го сочинуваат македонскиот
идентитет ги користиме и се идентификуваме ние Македонците и нашата
држава/вност и религија.
Така да во истражувањата дојдов до праисторијата до првите почетоци на
социјален организиран општествен живот преку повеќе науки и научни дисциплини:
археологија, палеологија, генетика, лингвистика, оронимија, низонимија,
хидронимија, геологија и многу други науки и религија.
Дојдов до непобитни докази, кои неможат да се побијат со ништо и од никој. Еве
давам предизвик кој сака од кој и да било универзитет во светот, доктор професор,
истражувач кој сака да е нека се обиде со сета сила да ги побие овие факти што јас
сега тука ќе ги изнесам со артефатки, доколку ги побие јас ќе паднам на колена и
ќе му се извинам. Но доколку проба и неуспее во тоа да си ја самозапали
дипломата, да напише во научни списанија за моите и на другите Македонисти
истражувања и пронаогања за посебноста на македонскиот идентитет, царство
држава и да си ги побие своите истражувачки трудови и да ја преведе објави оваа
книга на својот универзитет да биде задолжителна литература за Историја и
Ахреологија за Древна Македонија.
Артефактите што сега ќе ви ги презентирам се 100% факти за Македонската
државност, потекло, историја, култура, цивилизација, религија, писменост со
старост од 8.000 години.
Повелете со артефатите од археологијата од неолит пронајдени на територијата
на Македонија и никаде на друго место во светот.

Слика бр.1
Првиот артефакт е Големата Мајка, Божицата МА по која нашата земја се нарекува
Македонија. Етимологија Маке = Мајка Дон Земја или Божица, превод Мајката Земја
или Божицата МА. Ова е првата Божица од сите други божици во Светот, Мајката
на Светот. Пронајдена насекаде во сите археолошки наогалишта во неолит околу
30 и палеолит 2. Пронајдена само во Македонија која подоцна е проширена и во
Мала Азија што се смета за Втора Македонија, бидејќи миграцијата на населението
се одвивала повеќепати низ милениумите од Македонија во Мала Азија Анадолија.
На сликата 1 ја имате Големата Мајка МА, Божицата МА Македонија од Тумба
Маџари Азамбегово во неолитот со старост од 6000 год пне. На втората слика ја
имате истата Божица Мајка МА Македонија од Породин од неолит иста старост 6
000 год. п.н.е. Тоа е првата Божица од која се произлезени сите други Богови и
Божици подоцна кои потоа ќе носат различни имиња кај различни македонски
племиња и други народи и култури во светот. Ќе ви дадам и примери истата Божица
Мајка е и Земела обожавана многу покасно во Македонија, исто и Кибела и Кубаба
обожавана во Анадолија Мала Азија, Втората Македонија. Истата божица се
нарекува со различно име како на пример Артемида, Атена, Иштар, Астарте,
Афродите, Изида и илјадници други имиња на божици носаат потекло од
Македонската Голема Мајка, Божицата Мајка МА.
А која е таа? Тоа е Земјата. Жената родилка, чувар на домот, што раѓа деца што
дава живот. Токму затоа е токму обожавана бидејќи преку неа животот е вечен, се
реобновува вегетира човекот не умира туку повторно се раѓа. Вечен е човековиот
живот. Затоа е обожавана жената, мајката како заштитничка на својот род. На
ловот, земјоделието, чувањето деца, куќата и фамилијата.

Слика бр.2
На слика број 2 имате олтар, шртвеник на Големата Мајка МА, Божицата со
претстава на македонското сонце со повеќе краци, розета -цветот пронајдена во
неолитската населба Тумба Потсело село Стенче, Тетовско Македонија. Керамика
со бела и кафеава боја како на сликата. Наогалиштето припага на Анзабегово
вршничка културна група. Тука на овој олтар за Големата Мајка МА го наогаме
сонцето коишто е чист Македонски симбол на Македонскиот идентитет. Со старост
на овој артефакт од 6000 год п.н.е. или точно пред 8000 години.
Сите неолитски наогалиштата на Големата Мајка МА Божицата во Р. Македонија.
Како за споредба ќе ви ја постирам розетата цвет во сонце од кофчегот на
Македонскиот Цар Филип II Македонски што бил државен симбол. Вие проценете
сами дека станува збор за ист симбол, розета и сонце. Сето ова води потекло од
првите богови, Божицата Мајка МА Македонија со симбол розета, свет и Богот Ил,
Илија Сонцето со симбол Сонце со повеќе краци. Тоа се првата и првиот богови од
кои се создава светот и нивниот син МАКЕДОН. А тоа сме ние Македонците деца
на Божицата Мајка на Светот и Богот Сонце Ил, Иле, Или, Илија.
Овој артефакт и ја покажува и докажува врската помеѓу првата религија и
македоската царска династија на македонски цареви во антиката. Симболот на
сонцето е култен и религиски симбол на македонскиот народ од праисторијата и
неолитот до македонските царски династии во антиката кои продолжуваат во
Македонското царство во средниот век до ден денес симбол на Македонија и
Македонскиот народ, идентитет, култура, религија, традиција, писменост, фолклор,
и се што краси еден народ.
Сонцето кое може да биде со 8, 12, 16 краци е култен религиски симбол на
Македонскиот народ. Што претставува тоа? Сонцето го претставува врховниот Бог
и машки симбол, Богот на Сонцето Ил, Иле, Или, Илиа коишто кај различни
родови македонски и народи има различно име: ЅЕвс,ЅЕ, Сиј, Диј, Дион, Дионис,
Солн, Солун, Диос, Теос, Тео, Озирис, Амон Ра, Баал, Јупитер и.т.н.
Каква е случајноста овие два артефакти стари 8000 години да ги претставуваат
најстарите богови познати во нашиот цивилизиран свет? Случајност нема непостои
ништо не е случајно. Значи овие два артефакти ги преставуваат двата основни
религиски богови од кои потоа имаат настанато сите други богови и божества,
женски и машки.
Божицата Мајка МА Големата е првата религија во матриархатот таа од тука од
Македонија е распространета насекаде во околината прво како што рековме на
Балканот кои цел се викал Македонија преименуван до крајот на 18ти век и мала
Азија Анадолија која е наречена уште тогаш Втората Македонија. Подоцна
распространета низ Италија, Северна Африка, Источна Азија Месопотамија,
Индија, и на север како што се движело населението во Источна и Западна Европа
и на сите континенти во светот. Од ценатарот од каде потекнал организираниот
општествен живот од Македонија. Таа е Божицата МА или Мо од што потекнува
терминот Македонија Мајка на светот. Божицата Мајка МА.

Слика бр.3
Третиот артефакт е од македонскиот локалитет Градешница датиран од 5862 год.
Пне. На кои артефакт зетот, владетелот, царот се изјаснил за Пир Македонски. Ова
е древно македонско писмо што се чита од десно на лево иста кирилица која
подоцна ќе биде реформирана од Кирил и Методиј, кои не ја измислуваат туку
вршат реформа на азбуката за да се прилагоди за широките народни маси. Ова е
најстар артефакт со старост исто така од околу 8.000 години каде Македонски цар
се изјаснува јасно и гласно за Македонски. Пред овие факти и боговите молчат.
Дешифриран е од македонскиот гениј Васил Иљов кој чита и толкува текстови на
камен, надргробни споменици, пештери, секаков вид на натписи на најразличен
материјал, керамика и сл. Овој автор има дешифрирано стотици вакви текстови
напишани на древно македонско писмо. Од сите овие локалитети авторот Васил
Иљов ги има пронајдено сите букви од денешната кирилица на Македонски јазик со
што докажа со артефакти за поврзаноста на древно македонскиот јазик со
денешниот јазик. Види слика број 4. Подетално за јазикот ќе се запознаете во некое
од наредните поглавја во оваа книга каде ќе ги споделам со вас дел од неговите
истражувања, за сега само ќе ја постирам неговата азбука што ја најде од сите
наогалишта во Македонија на древно македонски јазик и јасната поврзаност со
денешната азбука, писмо и македонски јазик.

Слика бр.4
Тука можеме исто така да го истакнеме пронајдениот печат од Церје (Цар е),
Говрлево, Скопје, Македонија стар исто 6000 год. П.н.е. Дешифриран исто така од
Васил Иљов. На кој керамички печат пишува “Сал Со Бога Сум”.
Овој печат претставува царски воен печат кој докажува дека во тоа време има
општество со многу добра огранизација, со писмо, со јазик, со воена царска
организација, изработка од керамика, грнчарија, камен и други елементи. Можеме
да констатираме сосема развиено општество имаме во Македонија со докази од
8000 години. Од содржината можеме да констатираме дека верувале во Бога,
религијата е исто така поврзан дел од човековото општествено социјално живеење
и егзистирање од неолитот до ден денес.
Најголемиот доказ за постоењето на Македонија и македонската држава, царство и
империја се дадени токму преку парите и ковањето на монетите. Монетарниот
систем и економијата биле многу важен сектор од високо развиениот општествен
животот со милиони години на ова подрачје во Македонија. Преку монетите ние
имаме најголем и најсигурен 100% доказ за постоењето на Македонија и преку
Македонските Царски Династии. На сликава ќе ви покажам дел од најстарите
монети пронајдени во Македонија со сонцето со 8 зети (краци) типично афтентично
македонски симбол, религиски и царски на Македонските Царски куќи. Овие монети
се од 4-3 век п.н.е.
Дали ги гледате сега лавот, сонцето и коњот се македонските симболи на монети
на Македонските Цареви. Од монетите како најдобри артефакти нема посилен
доказ. Тука не можеш да менуваш ништо како на пример што грчките и бугарски
историчари романсиери сакаат тоа да го прават. Тие можаат да пишуваат само
приказки и бајки за некое нивно измислено далечно минато за кое тие немаат ама
баш никаква блака веза. Пред фактите и боговите молчат.

Наредниот афтефакт што ќе ви го презентирам говори за еден освојувач што ја


освоил и разграбал Македонската Царска Престолнија во Еге, Македонија. Се
пофалил дека ја ограбил Македонската Престолнина Еге со симбол сонце со 8 зети
(крака).
Со тоа докажал дека Македонија имала своја престолнина 1400 година п.н.е. а со
тоа се докажува дека Македонската Царска Династија од Еге со Теменидот Каран
не е најстара како што грците милуваат да речат иако се бават некои од нив со
“наука” цел живот. Пред Македонската Царска династија постојат уште две
Македонски Царски Династии со сонцето како симбол со 8 зети што значи зраци
(краци). Во тоа време и Царствата се нарекуваат Зети, Зета Македонија.
Според пронајдените Кумрански Ракописи (Списи) во Израел откриени во 1975
година во кои се открива континуитетот на Македонските Царски Фамилии, точно
се открива редоследот на Царевите на последната Македонска Династија на
Теменидите од Каран до Персеј.
Што правиме сега кога имаме Македонски монети со натпис Македон на
Македонски Цареви. Исто така на овие монети е и сонцето со 8 зети (краци, зраци)?!
Зарем тоа не е доказ за постоењето на Македонската Царска Династија за
постоењето на Македонците. Со натис Македонин во превод Македон, Македонот,
Македонецот. Од ова појасно здравје не да е докажан, покажан, туку е и
презентиран доказот за постоењето на Македонскиот народ, идентитет,
цивилизација, култура, уметност со писмо, со симболи и знаци со се. Повелете и
видете ги сами и прочитајте го написите на монетите на Македонско писмо коине
со македонски симболи и знаци на Македонските Цареви од Македонија. Коинето е
именувано по вториот македонски цар син на Каран, Коин. Од тука доага писмото
коин македонон. Писмо македонско.

Василеос Вашиот Ил бог = Владетел Филип I Македонон со лав исто така


македонски симбол на сонцето како претставник на земјата
Македонски Пари Златни Коини Статери на Филип II Македонски, Александар III
Македонски и други Македонски Владетели
Монета на Филип V и Персеј со натпис Македонон со македонско сонце со 8 зрака
Македонското сонце со 8 и 16 краци и розетата се наогаат на многу артефакти и
предмети од грнчарија и грнчарски производи на вазни, стомни, урни, статуи, накит
и различни видови на накит, белезгии, круни, огрлици и на други предмети.
Староста е за време на Македонските царски династии и предходно на
Македонскиот полуостров и околината.
Ил Бог на Сонцето и Александар како Бог на Сонцето

Македонска Царска претстолнина Пела претставени на грнчарија Филип,


Олимпија и Александар Македонски

Капата на одликуваните војници и генерали на војстака на Филип и Александар со Македонското


сонце со 16 краци
На македонските мозаици во Пела исто така може да се види Македонскиот сонце,
македонски симбол и идентитет на македонската држава и во другите македонски
градови, Еге, Дион, Хераклеа, Стоби и.т.н.
Потоа и во периодот под Римско влијание кога голем број на Македонски Антички
градови исчезнале или снемале население бидејќи живееле под тежок терор,
даноци, казни многу голем дел од населението бегало на север и северо исток.
И покрај тешките услови на Македонското население под различни императори
имало различни услови за живот, сепак се зачувал македонскиот идентитет. Прво
поделбата на Македонија била на 4 дела кои немале право да комуницираат меѓу
себе а потоа територијата на Македонија е поделена на Македонија Прима и
Македонија Секунда. Сепак и во овој период имаме остатоци од македонскиот
идентитет.

Натпис Македониа на Царските гробници во Исар Марвинци, Македонија


Имаме пронајдоци во Република Македонија од Македонското Царство и Империја.
Со знаци, симболи чисто македонски на предмети, штитови, пари, артефакти,
споменици и др.

Розетата од Охрид 6 века пред наша ера. Розетата од знамето на Македонија со


сонцето.
Златните маски од Требеништа, Охрид со сонциња и розети. Златни обетки од
Охрид со розети.
Штитовите од Бонче, Прилепско со македонското сонце.
Потоа на монетите во тој период што се печателе во Македонија повторно стои
зборот Македонија.

Македонон Ам Македонон Протос


Божицата Артемида на монета Македонон Протос (Заштитничка Македонска)
167-149 год. П.н.е.

Монета со лик на Александар Македонски Аесилас


95-70 год. П.н.е. Солун, Македониа
Потоа имаме монети од римски императори цезари што значи цар, кои јасно се
гордееле од своето македонско потекло и се чувствувале за Македонци. Тие тоа
јасно и гласно го напишале на монетите. Користејќи исти македонски симболи и
знаци од македонскиот идентитет во нивните ковани монети пари. Јасно и гласно
пишувале дека се МАКЕДОНЦИ насекаде, го поставувале македонското сонце,
ковале монети со Александар Македонски, со главата на императорот во вид на
сонце и во лавовска кожа исто како македонските цареви и нивните династии.
Клаудиос Каизер Себастос Македонон
Монета од Македониа

Васпазијан Македонон 69-79 н.е.Монета од Македониа

Тикладиос Македонон. Монета од Македониа


Каизер Неро Македонон - Монета од Македониа

Монети од Александар Македон (ски)


236-339 год. н.е. монета од Македониа
231-235 год. н.е.

Александар монета од Македониа 222 - 235 год. н.е.

Александру Македон (Македонски)


Александру Македонон

Александроу Македонон - Александар Македонски


Знам Македонци дека ова е малку потешко да го верувате но доколку истражувате
и ги гледате артефактите тие се многу јасно на нив се македонските симболи. Тука
нема место за претпоставки и приказни само се гледат и читат артефактите.
Еве погледнете ја Македонската монета со Цезар и Клеопатра со македосните
сонца со 8 краци.
Погледнете ги македонските коњаници на Рома = Рим. Ро значи пат на древно
македонски а МА е истата божица мајка МА = Македонија.
Тука ги гледате македонските царски коњаници со сонце со 8 краци типично и само
македонски симбол повеќе милениумски.
Во овој таканаречен римски а всушност македонски период има доказ на луѓе што
се чувствувале за македонци и тоа јасно било напишано на нивните гробовни
епитафи како на овој пример.

Потоа имаме цркви базилики во Сирија од 6 век од новата ера со текст на кирилица
македонски, 3 века пред Кирил и Методиј кои биле само реформатори. Јасно и
гласно на сликата подолу се чита Септември на Македонски јазик.
Написи со името Македониа.
Со ова го докажувам Македонскиот идентитет и континуитет на постоење на
Македонскиот народ кој ги користел овие македонски симболи сонцето и розетата
од пред 8000 години до Македонските Царски династии каде бил главен симбол и
уште ги користи до ден денес тие се симболи на македонскиот народ и Македонија.
Како доказ за континуитетот на Македонците ќе ви го дадам знамето на Република
Македонија од основањето во 1991 год со Македонското сонце со 16 краци и розета
истото како и на Македонскиот Цар Филип II Македонски од Македонската Царска
Престолнина Еге.
Користена Литература

• Истражувањата на Васил Иљов

• Веб портал Makedonijaese.com

• Кумрански списи

• Истражувања на Ристо Поповски

• Благодарност до сите Македонисти и нивните дела за Македонија


ОВА Е ГЛАВА ПРВА ОД КНИГАТА:

МАКЕДОНИЈА
МАЈКАТА НА СВЕТОТ
8.000 год. МАКЕДОНСКА
ЦИВИЛИЗАЦИЈА, ИСТОРИЈА,
ПИСМЕНОСТ

You might also like