Компјутерски Симулатор 1 За Fanuc 0te

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 9

ПРАКТИКУМ

ЗА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ

АВТОМАТСКО УПРАВУВАЊЕ И
ПРОГРАМИРАЊЕ IV - МТ
ПРОГРАМИРАЊЕ НА КУМА IV – ТКУ
( СИМУЛАТОР 1 )

Петар Бошковски
КОМПЈУТЕРСКИ СИМУЛАТОР 1 ЗА FANUC 0TE
Изглед на работната околина

1. Површина за симулација;
2. Простор за пишување на програмата;
3. Дел за информации во текот на користење на симулаторот;

Почеток на работа

По default, при стартување на симулаторот се отвора Start up прозорец во кој


се кликнува на Create a new part. Ако од некои причини овој прозорец не се отвори
на почеток, истиот ефект се постигнува со користење на текстуалното паѓачко
мени File во кое се селектира опцијата New. Повторно се појавува Start up
прозорецот.

1
Дефинирање на почетно парче

На горната палета со икони се кликнува на

Се појавува прозорец каде во Length се внесува должината на почетното


парче, а во Diametar, пречникот на почетното парче. Во Z се внесува оложбата на
нунлтата точка на работниот предмет W.

На екранот се појавува почетното парче. За „полн“ приказ на почетното


парче се кликнува на иконата zoom all на палетата со икони на лавата страна на
екранот.

2
При првото користење на симулаторот на даден компјутер треба да се избере
програмскиот јазик на FANUC кој ќе се користи. Постојат повеќе верзии на FANUC
програмски јазици. Предмет на изучување во овој случај е програмскиот јазик тип „А“.
Се избира со кликнување на иконата на горната палета со икони, select machine,
или со кликнување на текстуалното мени, Machine, на горната палета со текстуални
менија. Се селектира Fanuc OT – Type A.

3
Пишување на програмата

Програмата се пишува директно на работната површина за пишување програми или


се вметнува (со опцијата copy-paste) од било кој текст едитор (пр. Notepad).
Напомена: иако правилното пишување на програмата бара на крајот на секој
програмски ред да се внесе карактер за EOB (end of block) во овој симулатор тоа не се
прави.

По завршувањето на пишувањето на програмата, нејзино логичко тестирање се


изведува со кликнување на иконата Check. Ако во прогамата се пронајдат логички грешки
на десната страна во делот за информации тие се прикажуваат, во кој програмски ред се
наоѓа грешката и се дава опис на грешката. Грешките мора да се корегираат или не може
да се продолжи со симулацијата.

4
По чекирањето и проверувањето на програмата, автоматски се појавува прозорец
во кои треба да се дефинира алатот(те). Симулаторот автоматски ги пронаоѓа алатите во
програмата и во листата на алати во прозорецот само го прикажува редниот број на
алатот во револверската глава. За точно да се дефинира алатот се селектира редниот
број на алатот во табелата и се кликнува на Assign tool.

Се појавува нов прозорец во кој е дадена листа на понудени алати од кои се


избира потребниот алат(и). На десната страна визуелно е прикажан селектираниот
алатот.
Ако се потребни специфични карактеристики на алатот во поглед на димензии и
типот на резна плочка, се кликнува на Edit tool geometry. Се јавува прозорец во кој со
внесување на податоци во соодветните места се дефинира типот и геометријата на
држачот и резната плочка. Се кликнува ОК.
На екранот се враќа претходниот прозорец на кој исто така кликнуваме ОК.

5
На екранот се појавува прозорецот со листа на алати, но сега покрај редниот број
на алат во револверската глава е напишан типот на алат и стандардната ознака на
држачот и радиусот на плочката. Се кликнува ОК.

6
Ако се јави потреба за корекција на избраниот алат(и) се кликнува на

Следува процедурата која е дадена на претходно.

Симулација на обработката

На палетата за симулации која се наоѓа на горниот дел на екранот се кликнува на


опцијата Play. Следува компјутерска симулација. На десниот дел на екранот во делот за
информации во текот на симулацијата се прикажуваат промените на машинските
параметри. На десната страна на палетата за симулации се наоѓа лизгач-„слајдер“ со
помош на кој се регулира брзината на симулацијата.

1 2 3 4 5

1. Старт на симулација;
2. Симулација ред по ред;
3. Симулација алат по алат;
4. Континуирана симулација;
5. Лизгач за регулација на брзината на симулација;

7
Промената на типот на симулација од Solid во Line се изведува со кликнување на

Во Line тип на симулација може да се види исцртувањето на патеката на алатот.


Со испрекината линија се брзите движења, додека со полна линија се работните
движења.

Презентираниот симулатор е за CNC струг со носач на алат поставен зад


работното парче. Инструкцијата за старт на вретено би била М04, за разлика кај
машините со носачот на алат пред работното парче кај кои се користи М03.

You might also like