Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

18 октомври 1912 (Србија, Бугарија и Грција објавуваат војна на Турција.

-Цел била поделба на Македонија иако мотото било наречено “Ослободување на Македонија!”

Почетокот на балканската војна ги завршува спогодбите меѓу Србија и Бугарија за поделба на регионот
Македонија.

- Октомври 1911 година Бугарија и ставила до знаење на Србија дека треба "што поскоро да се разберат
околу територијата на Македонија, односно кој што ќе добие таму"

-Идеални услови биле Србија да го задржи Скопје, додека Бугарија да ги задржи Солун, Битола и Велес.

-Од корист им била војната помеѓу Турција и Италија(октомври 1911г).

13 март 1912г се потпипува јавен договор за пријателство и сојуз.

-Член 2 предвидувал, најдоцна по три месеци откако со заедничка работа би се реализирале сите
територијални придобивки, Србија да го признае правото на Бугарија на територијата источно од Родопите и
реката Струма, додека Бугарија правото на територија Северно и западно од Шара.

- Територијата, пак, меѓу Шар, Родопите, Архипелагот и Охридското Езеро, доколку на овој простор не
може да се формира автономија, со оглед на "интересите на српската и бугарската народност", и на "другите
надворешни и внатрешни причини", би била поделена според линијата повлечена од Голем Врв (северно од
Крива Паланка) до Охридското Езеро.

Српско-Бугарскиот сојуз се проширува со Обранбениот сојузнички договор меѓу Бугарија и Грција

1912г се оформува Четворниот балкански сојуз против Турција. Оформуваат пропаганда поврзана со религија и
велат дека треба да се помогне на браќата христијани од Македонскиот дел.

Цела територија на Македонија окупирана, на 4 декември 1912г Турција е принудена да склучи договор.

Во борбите имало и македонски чети

-Биле организирани и испратени 44 чети, кои, заедно со 34 чети што дејствувале во самата Македонија,
претставувале едно јадро од околу 1.500 македонски доброволци.

-Одредот на Јане Сандански имал 500 војници каде во Мелник воспоставуваат своја власт.

-Штабот на Бугарската армија формира 12 бригади со доброволци од кои 10 чисто македонски со 12.000
доброволци. Вкупно се бореле 14.000 македонци во Бугарската Армија.

-Врховната српска команда формирала доброволни чети од Македонци (30 чети, 400 доброволци)

-Постоеле доброволечки чети и во Грција, составени од Македонци и Власи од Македонија. Нивниот број
не е точно утврден.

По поделбата Србија, која го изгубила излезот на Јадранското Море не била задоволна и побарала компензација
од Бугарија која праведно го одбила тоа барање. Грција потоа го барала правото на Солун и дел од источните
македонски територии, Бугарија и тоа го одбила.

Србија и Грција на 1 јуни 1913 година се договориле за заедничка акција против Бугарите. Ним им се
придружила и Романија, која ја побарала Јужна Добруџа. Русија се обидела работите да се решат по мирен пат,
додека, пак, Австро-Унгарија, држејќи ја страната на Буга-рија, работела на тоа страните да се скараат, а
најновиот сојуз, кој, повеќе од очигледно, бил вперен против Бугарите, да се распадне. Потпирајќи се на
поддршката на Виена, на 29 јуни 1913 година, бугарската војска ги нападнала своите довчерашни сојузници.

Војната се водела на Македонска територија.


Август 1913г Букурешкиот мир.

-Целата неспорна зона и припаднала на Србија.

-Грција се утврдила во Солун и ја добила југоисточна Македонија.

-Бугарија ги изгубила скоро добиените територии освен Пиринска Македонија.

И оваа меѓусојузничка војна исцело се водела на територијата на Македонија. На 10 јули во војната се вклучила и
Романија, а четири дена подоцна и Турција. Тоа било премногу за Бугарија: таа претрпела катастрофален пораз и
под итно побарала примирје.

После овој договор

-Грците гонејки ја бугарската војска палеле Македонски села, вршеле масовни убиства.

-Кога Грците влегле во Кукуш убиле 400 старци и деца. Бегалци побегнале во Аканџери (4000). На 6 јули
1913 во селото влегува Грчка единица и убива 356 мажи, жени, деца и старци и пали се до темел иако биле
пречекани со бели знамиња

- Во Серез, грчката милиција уапсила околу 200 Македонци, кои потоа, постапно, биле ликвидирани со
колење. Во градот Ингрита биле заклани околу 1.000 мажи.

-Бугарите пак, во гратчето Докаст, населено со грчко и турско население, од 570 куќи тие изгореле 270 и
убиле стотина луѓе. Наводно, одмаздувајќи се за искланото македонско население во Серез, тие од 6.000 куќи во
овој град изгореле 4.000, кога повторно го зазеле градот, и масакрирале многу жители, главно Турци и Грци во
овој македонски град. Воопшто, на подрачјето на јужна Македонија Грците изгореле околу 16.000 куќи, а
повеќе од 100.000 Македонци тие денови со сила биле принудени да ги напуштат родните огништа и да избегаат
во соседните земји.

-Во пожарењето и убиствата ширум Македонија не заостанувале ни српските "ослободители": голем број
села биле изгорени, при што биле убиени повеќемина нивни жители, а во Битола, Скопје, Штип и Гевгелија,
српската војска, полицијата и четниците, извршиле масовни колежи.

Огромен број бегалци од Македонија, принудени со закани и сила да ги напуштат илјадагодишните огништа,
масовно бегале во Бугарија, Грција и Србија.

112.000 бегалци се обиделе да најдат заштита во Бугарија, од кои 50.000 биле Македонци.

Грција добила 157.000 бегалци, главно Турци и Грци, кои се населиле наместо избеганите Македонци.

Околу 1.000 бегалци се населиле на македонската територија што ја окупирала Србија

Околу половина милион луѓе станале бегалци во сопствената, македонска, земја!

Александар Белиќ уште во 1913 година подвлече: "На крајот им беше познато тврдењето на самите Македонци
дека се подеднакво далеку и од Србите и од Бугарите...".

Голем дел од македонската интелигенција размислуваше како Димитар Ризов: "Вистина е дека професорите во
Гимназијата ни зборуваа дека сме Срби, како и на оние во Бугарската гимназија оти се Бугари, но ние во себе си
мислевме, а тоа и дома ни го зборуваа: сеедно, нека прикажуваат тие, но ние сме си Македонски Словени-
христијани...".

1 март 1913 Конференцијата на претставниците на големите држави во Лондон

-Македонската колонија од Петроград испрати Меморандум за независноста на Македонија, на француски и на


руски јазик. Во него стои и ова: "Европа е готова да ја направи истата грешка што ја направи во 1788 година.
Наместо Македонија да се прогласи за самостојна држава, нејзините ослободители решија да ја разделат меѓу
себе.”

На македонскиот народ му е потребна:

1. Македонија во своите географски, етнографски, историски и економско-политички граници да остане


единствена, неделива, независна балканска држава;

2. во најскоро време да се свика, врз основа на општо гласање, македонско народно собрание во Солун,
кое подобро ќе го разработи внатрешното устројство на државата и ќе го определи својот однос со соседните
држави."

"Македонија е населена со еднородно население, со своја историја, па според тоа и со право на


самоопределување. Македонија треба да биде самостојна држава, во своите природни граници македонската
држава треба да биде одделна рамноправна единица на Балканскиот сојуз со своја Црква, што ќе се востанови
на темелите на древната Охридска архиепископија". На крајот се предлага да се свика народно претставничко
тело во Солун. Потписници на Меморандумот се членовите на најтесното раководство на Македонската колонија
од Петроград, од каде Меморандумот е пратен.

Штитејќи ги сопствените интереси, големите сили во Париз (јуни - номеври 1919), наспроти очигледниот факт
дека со поделбата на Македонија се черечат еден народ и една земја, ги потврдија одлуките на Букурешкиот мир
од 1912 година, со мошне скромни измени.

Македонското прашање било тема на конференцијата.

-Италијанска делегација (10 јуни 1919) предлага да се даде автономија на македонија во граници на
Кралството СХС, каде би добила најголем автономен статус.

-Француската делегација се спротиставила и ја натерале Италијанската делегација да го променат


нивниот став и да дадат помал автономен статус. Но и покрај тоа, Француската делегација била продив било
каква автономност на Македонија.

- Англичаните излегоа со свој предлог: во Македонија да се воведе посебна контрола од Друштвото на


народите за да се зачуваат гаранциите против угнетувањето.

-Инсистирањето на Франција да се симне македонското прашање од дневен ред, завршило со ставот на


нејзината делегација дека "Македонците немаат јасно дефинирана националност, а населението е поделено на
партии, кои, со оглед на настаните, го менуваат својот карактер".

До мировната конференција беше упатено барањето да се прифати делегацијата на ВМРО, која во името на
македонскиот народ ќе ги изложи неговите легитимни интереси за решавањето на таканареченото македонско
прашање.

Обраќајќи му се на Жорж Клемансо, претставниците на ВМРО особено подвлекуваа дека "македонската


емиграција во Бугарија за време од 30 години создаде малубројна група на бугаризирани Македонци, кои не
се посветија комплетно на интересите на својата родена земја, туку на Бугарија.

Октомври 1918г се објавува Декларација за решавање на македонското прашање во 4 точки поврзани за


македонската автономија, географските граници(Солун, Вардарска Долина, Битола и Скопје), територијално
обновување на Македонија, и на крајот, Македонија да добие најпогодна форма на управа.

Во Лозана на 15 декември 1918 година беше формиран Генерален совет на македонските друштва во
Швајцарија, кој во јуни 1919 година од Лозана испрати апел во кој нагласи дека Македонците не се аморфна
маса ниту пак несвесна заедница, како што мнозина заинтересирани сакаат "да нè уверат во тоа".
ВМРО упати до бугарската влада Мемоар во кој се оспорува нејзиното право пред Мировната конференција во
Париз да го застапува македонскиот народ. Привременото претставништво на ВМРО ја обвини бугарската влада
дека "... се наоѓа кон насочување на својата политика..." кон фрлање на "Македонија во полна пропаст и во
формално уништување". Привременото претставништво на ВМРО наедно го постави и прашањето: "Зошто
бугарската влада има негативен став кон идејата за самостојна Македонија, кога таа е должна и таа идеја да ја
прифати искрено и безрезервно, т.е. во нејзиниот чист облик?".

Серскиот револуционерен округ на ВМРО, кој стана непосреден следбеник на програмските барања на
првобитната ВМРО за создавање македонска држава, објави Декларација во која тргнува од посебните интереси
на македонскиот народ во конституирањето на македонската држава, при што истакнува дека македонското
прашање "... не е работа на бугарската, грчката или српската државна политика", затоа што како народ тој има
право сам да се грижи за својата судбина и за својата земја,,.

За жал, гласот на Македонецот големите сили ниту сакаа да го послушаат ниту го послушаа - поделбата на
Македонија веќе беше свршен чин.

-Грција заграби најголемо парче: таа доби 35.169 квадратни километри територија од Македонија,

-Кралството на СХС 25.774, -

-Бугарија 6.798 квадратни километри.

Според неофицијалната статистика, тоа пред Илинденското востание броеше околу 2.500.000 луѓе, а по
Париската конференција одвај ја надмина бројката од два милиона луѓе, поточно: 2.028.000 души, што значи
војните и емиграциите го намалија населението во Македонија за 472.000 луѓе. Оваа несреќна статистичка слика
беше највидлива во Егејска Македонија: во овој дел на Македонија во 1896 година живееле 681.451 жител, од
кои 354.406 Македонци, 68.000 Грци, 195.000 Турци и околу 66.000 други. На истава оваа територија во 1920
година бројот на населението беше сведено на 584.294 жители, при што македонското население изнесувало
307.643 или 46.763 души помалку, а грчкото 107.437 или 38.927 луѓе повеќе.

ЦИТАТИ И СТАТИИ
Димитрија Чуповски во своето гласило "Македонскиј голос", во Петроград, во тоа време ќе ја објави статијата "Македонија и
Македонците", сериозен, значаен оглед за историјата на Македонија, со што се удрени темелите на современата македонска
историографија. Во неа тој, меѓу другото, ќе рече: "На тој начин Македонија, во однос на Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора, се
појавува како сојузник во сегашната балканска војна. Воопшто, во таа војна учествуваа повеќе од 100.000 Македонци, не земајќи ја
предвид помошта од целото население што им ја укажуваше на сојузниците за своето ослободување. Правдата бара, кога веќе
Македонија се бореше против Турците за својата слобода под паролата "Македонија на Македонците”

Во петроградскиот весник "Славјанин" Д. Чуповски, под псевдонимот Управда, на 21 април 1913 година ќе ја објави статијата
"Македонската држава", во која предвидува дека "... И покрај енергичното спротивставување на самите Македонци, делбата на
Македонија ќе доведе несомнено до меѓусебна крвава борба меѓу сојузниците... Балканскиот Полуостров е премногу мал за да
можат на него да коегзистираат неколку великодржавни идеи. Само во федеративна држава составена од сите балкански народи,
во која мора да влезе врз еднакви права и неделивата, во внатрешните свои работи самостојна Македонија - само таквата
федерација може да им обезбеди мирна коегзистенција и прогрес на балканските народи!"

Наце Димов Чуповски, братот на Димитрија, во брошурата "Политички преглед на Македонија и Македонците", отпечатена во март
1913 година во Петроград, ќе запише: "Македонскиот народ нема да се помири ни со оние што се стремат да му го одземат
јазикот, обичаите и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа. Ете, ако Србите, Грците и Бугарите се откажат од
тој стремеж, само тогаш Македонија ќе живее дружно со Грците и ќе остане вечен сојузник на Србите и Бугарите".

Меморандум на Македонците на 7 јуни 1913 година во кој "во името на природното право, во името на
историјата", Македонците го ставаат на знаење до општествената јавност следново:

You might also like