Professional Documents
Culture Documents
Колку Филмскиот Критичар Ги Слуша Своите Критики Кога Снима Сопствен Филм (Кон Филмот „Слобода" На Златко Ѓелески)
Колку Филмскиот Критичар Ги Слуша Своите Критики Кога Снима Сопствен Филм (Кон Филмот „Слобода" На Златко Ѓелески)
Колку Филмскиот Критичар Ги Слуша Своите Критики Кога Снима Сопствен Филм (Кон Филмот „Слобода" На Златко Ѓелески)
филм
кон филмот „Слобода“ на Златко Ѓелески
1
Целото дејство се случува во кафулето „Слобода“ сместено во некоја од
улиците на градот Кичево во кое на неколку различни маси или на шанк седат
десетина ликови кои влегуваат и излегуваат од кафулето, а во текот на филмот има
фокус на секоја од масите и на сите ликови. Во филмот како актери се појавуваат
Михајло Петревски, Ристе Ѓ орѓиевски, Станко Стевановиќ , Тамара Ристоска, Весна
Гаврилоска, Ивица Димитријевиќ , Игор Бошкоски, Дарко Мече Костески, Андреј Дукоски,
Тале Никодиновски, Ренато Јеремоски и Марија Петреска од кои само Ристоска и
Димитријевиќ се професионални актери, а останатите некои вешти, некои помалку
вешти аматерски актери што на моменти беше приметливо, но до некаде оправдано
доколку причината била нискиот буџет. Главните случувања во „Слобода“ се поставени
во дијалозите на ликови и тоа со фокус на три дијалози: 1. дијалогот на првата маса меѓу
три локални џаболебари кои трошат пари на пиење, дрога и обложувалници и чиј
главен муабет се врти околу расправање за пари, лоши шеги за жени и муабети кои не се
многу полни со суштина; 2. муабетот помеѓу две другарки на шанкот кои се жалат за
својот живот и за неуспешноста на нивните љубовни животи што завршува со еден
непотребен обид за бакнеж на крајот од муабетот и 3. случувањето на третата маса кога
доаѓаат двајца локални криминалци и носат пиштол за продажба (изгледа Чеховски –
кога пиштол ќ е се појави на сцена, мора да пукне).
2
функција и тоа добро изведена. Имено, општествена критика беше длабоко врежана во
тој натпис „или смрт“ што заедно со името на кафулето испишано на знакот ја формираа
паролата „Слобода или смрт“.