Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Течно-цврста екстракција

Постапката може да се изведе и во Soxlet-ов апарат.

Екстракцијата со помош на овој апарат се изведува така што цврстата супстанција се става во
чаура за екстракција (доколку нема чаура се користи кесичка од филтер хартија), која се става
во телото од апаратот, додека пак растворувачот се става во колба. Колбата се загрева во
водена бања или со помош на грејно тело при што растворувачот од колбата испарува, а
неговите пареи поминуваат низ цевка и кондензираат во ладилото. Она што кондензира
започнува да капе на чаурата, па тие капки паѓаат на цврстата супстанција и ја собираат
чаурата во телото на апаратот се додека одредено ниво на течност не стигне на превојната
точка на преливната цевка, при што во колбата се пренесува екстрахираната растворена
супстанца. Доколку по испрарувањето на екстрахираната супстанца, не може да реагира сувиот
остаток, екстракцијата ќе прекине и доаѓа до крај на реакцијата.

You might also like