Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 9

КОМПЈУТЕРСКИ

КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ
Физичко Ниво
- Physical Layer -
м-р Данијела Ефнушева
danijela@feit.ukim.edu.mk
Задача1

• Во типичен мобилен телефонски систем со


хексагонални ќелии, забрането е да се користи
истиот фреквенциски опсег во соседни ќелии.
Доколку на располагање има 840 фреквенции,
колку може да се користат во една ќелија?
------------------------------------------------------------------------------------------------------
доволни се 3 групи фреквенции
секоја ќелија има 6 соседи
централната ќелија е A, соседите се B,C,B,C,B,C
секоја ќелија може да има 840/3 = 280 фреквенции

м-р Данијела Ефнушева 2/9


Задача2

• Да се пресмета максималниот број на корисници што D-AMPS и


GSM може да ги поддржат во една ќелија. Да се коментира
разликата.
------------------------------------------------------------------------------
• D-AMPS (832 канали, секој со по 3 корисници)
– 2496 корисници во една ќелија истовремено
– Спектар: 30KHz x 832 = 24.96 MHz
– Говор со послаб квалитет (8 Kbps по корисник)
• GSM (124 канали, секој со по 8 корисници)
– 992 корисници во една ќелија истовремено
– Спектар: 200KHz x 124 = 24.80 MHz
– Говор со подобар квалитет (13 Kbps по корисник)
м-р Данијела Ефнушева 3/9
Задача3

• Површината на ќелиите во типичен мобилен телефонски систем не мора


да е со регуларна структура (хексагонални ќелии). Да се наведат неколку
причини за тоа!
------------------------------------------------------------------------------------------------------
• Во почетокот на развојот на мобилната телефонија, мобилни ќелии се
сместувале во предели каде има густо население и фреквентен
сообраќај со возила. Операторите подоцна не сакале да ги
преместуваат.
• Антените вообичаено се поставени на високи згради или планини, но
покриеноста може да биде неправилна поради пречки во брзина на
предавателот
• Некогаш не е дозволена изградба на кула во центарот на ќелијата. Во тој
случај антените не може да се постават во центар.

м-р Данијела Ефнушева 4/9


Задача4

• Направете груба проценка за бројот на микроќелии со дијаметар од


100m кои ќе бидат потребни за да се покрие површината на Сан
Франциско (120 km2).
-------------------------------------------------------------------------------------------------
• Површината која ја зафаќа секоја микрокелија со d=100m ќе биде:
– r2π = (d/2)2 π = 2500π m2
• Број на микроќелии во Сан Франциско=
= површина на Сан Франциско /површина на микроќелија
= 1,2x108 m2 /2500π m2 = 15279 микроќелии
• Сепак поради три-димензионалното протегање на градот (планини и сл)
реално ќе бидат потребни околу 20000 микроќеии за да се покрие
целата површина на градот.

м-р Данијела Ефнушева 5/9


Задача5

• Понекогаш кога мобилниот корисник се наоѓа на границата


на две ќелии повикот може да биде прекинат и покрај тоа
што предавателот и приемникот функционираат исправно.
Да се објасни зошто?
------------------------------------------------------------------------------------
• Фреквенциите не може да се реискористуваат во соседните
ќелии, па кога корисникот се движи од една кон друга
ќелија мора да му се додели нова фреквенција. Доколку
корисникот се придвижи во ќелија во која што сите
фреквенции се искористени (голем број на корисници),
повикот ќе биде терминиран.

м-р Данијела Ефнушева 6/9


Задача6

• A) Претпоставете дека мобилната мрежа покривa 1260 km2. Доколку


секој корисник користи 200 КHz, од расположливиот спектар од 40 MHz,
колку корисници поддржува мрежата доколку не е дозволено
реискористување на фреквенциите.
• 40 MHz / 200 KHz = 40 / 0.2 = 200 корисници

• Б) Доколку се употребат ќелии со површина од 30 кm2, така што ќе се


групираат во кластери со големина од 7, да се определи бројот на
корисници во секоја ќелија и во целата мрежа.
• 1260 km2/30 кm2 = 42 ќелии
• Секоја ќелија има 200/7 корисници
• Вкупно: 42 x 200/7 = 1200 корисници

м-р Данијела Ефнушева 7/9


Задача7

• Да се определи големината на антената на мобилен уред кој


работи со фреквенција од 600 MHz.
• Забелешка: Земете во предвид дека должината на антената
соодветствува на λ/4.
-------------------------------------------------------------------------------------
λf=c, c=3x108m/sec, f = 600 MHz = 6x10 8Hz
λ = c/ f = 3/6 m = 0.5 m = 50 cm
d = λ/4 = 50/4 = 12.5 cm

м-р Данијела Ефнушева 8/9


Задача8

• Некои радио антени работат најдобро кога должината на


антената соодветствува со брановата должина на бранот.
Доколку антената на еден безжичен рутер е долга 10 cm,
колкава ќе биде фреквенцијата на електромагнетните
бранови? Земете во предвид дека c = 3x108 m/s.
-------------------------------------------------------------------------------------
f=?, λ = 10 cm = 0,1 m, c=3x108m/s
f = c/ λ = 3x 108 / 0.1 = 3 GHz

м-р Данијела Ефнушева 9/9

You might also like