Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Работно упатство

за пополнување на градежен дневник

страна 1/4
страна 1/4
Содржина:

1. Цел
2.Подрачје на примена
3.Дефиниции и кратенки
4.Одговорности
5.Опис на постапката
6.Документи/записи

1. Цел
Целта на ова упатство е да го регулира начинот на пополнување, проследување и
архивирање на градежниот дневник генериран од проектните активности на градбата.
2. Подрачје на примена
Ова упатство се применува при работа со документација на проекти од типот -
Надзор над изградба на градба.
3. Дефиниции и кратенки
3.1. Верификација - потврдување дека Проектот ги исполнува специфицираните
барања (договорни услови).
3.2. Валидација - потврдување дека Проектот може да ги исполни барањата
(потребите) на инвеститорот.
3.3. Оперативна контрола - Опис на процедури и програми кои ќе обезбедат
активностите, производите и услугите да не излезат од контролата на
специфицираните услови или изведбени стандарди или ќе ги надминат или
прекршат законските прописи.
3.4. ДН - Директор на Сектор Надзор
3.5. ЗДН – Заменик Директор на Сектор Надзор
3.6. РОЕ - Раководител на одделение во сектор Надзор
3.7. ГН - Главен Надзор
3.8. НИ - Надзорен инженер за одредена фаза во изградба.
3.9. ИС – Инженер соработник
3.10. ИНВ – Инвеститор на проектот
3.11. ПРО – Проектант на проектот
3.12. ИЗВ – Изведувач на проектот

4. Одговорности
4.1. Според обврските кои произлегуваат од законските одредби кои ја регулираат
областа за Надзор над изградба на градба, Главниот Надзор и Надзорните
инженери треба да го контролираат градежниот дневник и со свој потпис го
заверуваат во рамките на законските овластувања.

страна 1/5
4.2. Градежниот дневник (дневници) секојдневно треба да го подготвува Изведувачот.
Изведувачот одговара и за чување на Градежниот дневник.
4.3. Дозволено е поради обемот на работа за проектот да се водат повеќе од еден
градежен дневник (т.е., за секоја фаза посебно). Во тој случај во договор со
Главниот Надзор, секој Надзорен инженер го потпишува градежниот дневник кој
се однесува на неговата фаза на градба. Во случај да дојде до конфликтна
ситуација (помеѓу Главниот Надзор и Надзорен инженер за одредена фаза) за
содржината на записот што ке се запише во градежниот дневник одговорноста за
записот е на Главниот Надзор.

5. Опис на постапката
 Генерални напомени
o Градежниот дневник (ГД) се води од почеток до завршување на
градбата
o ГД се води во форма на книга, формат А4, со тврди корици
o Прво се пополнува насловната страна на ГД
o Внатрешните страни се пополнуваат во 2 (два) примероци
o Првиот примерок (оригиналот) го задржува Главниот Надзор
o Вториот примерок го задржува Изведувачот
o Дозволено е да се води ГД за одделни фази за посложените градби
o Сите потписниците на ГД го потпишуваат со наведување на име и
презиме и своерачен потпис, освен Раководителот на изведба и
Надзорниот инженер кои наместо име и презиме го ставаат печатот со
кој потврдуваат дека имаат соодветно овластување за работата на која
се назначени
o Неточни или погрешни податоци се прецртуваат на начин на кои може
да се чита нивната содржина и се заверуваат со потпис од
Раководителот на изведба и Надзорниот инженер
o Градежниот дневник може да се користи за примопредавање на
оперативни документи помеѓу учесниците во проектот (градежна книга,
доказници за градежна книга и слично). Записот во градежниот дневник
треба да е на денот на примопредавање на документацијата
 Изведувач
o На дневна основа го подготвува градежниот дневник
o Градежниот дневник се пишува и за денови кога не се работи и се
наведуваат причините за неработење
 Надзорен инженер
o На дневна основа го потпишува градежниот дневник доколку работи
како постојан надзор (стациониран на објектот)
o На неделна основа доколку работи како повремен надзор (ја контролира
градбата повремено на секои 3-4 дена)
o Го задржува оригиналот од ГД
o Оригиналите ги чува во документите на проектот до завршување на
градбата

страна 2/5
o Страна на градежниот дневник во која е наведено примопредавање на
документација се скенира и испраќа на групната меил адреса или на
заедничката адреса
 Администратор на проектот
o На месечна основа прави скен од градежните дневници и ги архивира на
определено место на серверот.
 Главен Надзор
o По завршување на објектот, Главниот Надзор во комплет со другата
документација записнички го предава комплетот градежни дневници за
сите фази на изградба на градбата
5.2. Записи од надзорни инженери
 Општи забелешки за организација и (не)квалитетот на работењето на
Изведувачот
o По потреба запишува во ГД Главен Надзор
o По потреба запишува во ГД Надзорен инженер за одредена фаза
 Записи за примопредавање на документација како што е Градежна книга и
доказници за Градежната книга
o Примопредавање на наведената документација се врши помеѓу
Главниот инженер за изведба и Главниот Надзор(или нивните
заменици) и тоа се потврдува со запис во Градежен дневник потпишан и
потврден со печат од двете страни
 Записи за (не)превземење на активности во работењето над градбата кои
влијаат на запазување на поставената динамика за градба
o По потреба запишува во ГД Главен Надзор
o За овој запис Надзорниот инженер испраќа меил-информација на
групната адреса за проектот или на
o Доколку нема реакција и подобрување од страна на Изведувачот,
Главниот Надзор испраќа меил-информација до Назначениот
представник на Инвеститорот и допис со истата содржина преку архива
до Инвеститорот и Изведувачот.
 Записи за (не)превземење на активности во работењето над градбата кои
влијаат на сигурноста на објектот и вработените кои работаат на објектот
o По потреба, во договор со Проект менаџерот, запишува во ГД Главен
Надзор
o За овој запис Главниот Надзор испраќа меил-информација на групната
адреса за проектот или на
o Доколку нема реакција и подобрување од страна на Изведувачот,
Главниот Надзор испраќа меил-информација до Назначен представник
на Инвеститорот и допис со истата содржина преку архива до
Инвеститорот и Изведувачот.
o Доколку и после овој допис нема реакција од Изведувачот Главниот
Надзор во договор со Проект менаџерот и Претставникот на
Инвеститорот испраќа допис до надлежната државна инспекција
 Запис за неправилности во градбата со предлог- до Изведувачот за рушење
на соодветниот дел од градбата
o По потреба Главниот Надзор, во договор со Раководителот на
ОЕ/Проект менаџерот/Директор на проект/Директор на Сектор Надзор,
запишува во градежен дневник

страна 3/5
o За овој запис Главниот Надзор испраќа меил-информација на групната
адреса за проектот или на
o Доколку нема реакција и подобрување од страна на Изведувачот,
Главниот Надзор испраќа меил-информација до Назначен представник
на Инвеститорот и допис со истата содржина преку архива до
Инвеститорот и Изведувачот.
o Доколку и после овој допис нема реакција од Изведувачот Главниот
Надзор во договор со Проект менаџерот и Претставникот на
Инвеститорот испраќа допис до надлежната инспекција

6. Документи / записи

 ПР.06.01_Надзор
o РУ.06.01.01_Отпочнување и водење на нов проект надзор над изградба на градба
o РУ.06.01.02_Работа со документација за надзор
 ОБ.06.01.02-01_Евидентен лист за документација (ELD)
o РУ.06.01.03_за пополнување на градежен дневник
o РУ.06.01.04_за пополнување на градежна книга
o РУ.06.01.05_ за прифаќање на сертификати, А-тести, лабораториски анализи
o РУ.06.01.06_за припрема на извештаи

o РУ.01.02 _за правење на бекап во дигитална форма


o РУ.02.01.03_Архивирање на проекти
o РУ.04.09.01_ за прием, задолжување и употреба на ЛЗО

страна 4/5

You might also like