Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Описна оцена за прво полугодие (второ одд) ПРВО НИВО

Македонски јазик: Чита со разбирање и може да чита во себе. Препишува текст од печатни
на ракописни букви со уреден и читлив ракопис.Одговара на прашања со целосни реченици
и поставува прашања. Раскажува по низа слики, зададени зборови и по доживеан настан.
Правилно подредува зборови во реченица. Правилно ги употребува расказните,
прашалните и извичните реченици. Пишува куси и едноставни текстови според диктат.
Самостојно ги чита лектирите и умее да одговара на прашања во врска со содржината.
Препознава и чита драмски текст и умее да го интерпретира по улоги. Препознава и чита
детско списание. Разликува и наведува различни видови медиуми.
Математикa: Означува точка на права и црта искршена линија. Препознава, групира,
именува, опишува, замислува и црта 2Д форми според нивните својства. Групира, именува,
опишува, прави 3Д форми според нивните својства, ги разликува 2Д формите од 3Д
формите. Препознава линија на симетрија кај 2Д-форми и во околината, користи соодветни
термини за да искаже положба, насока и движење. Собира три помали броеви,
собира/одзема едноцифрен број со/од двоцифрен број без премин. Собира двоцифрен број
со полна десетка до 100, собира броеви до 100 со премин. Ги разбира едноставните
текстуални задачи, објаснува методи и размислува усно.
Природни науки: Прави разлика меѓу материјали од природно и вештачко потекло.
Класифицира различни материјали според нивното потекло на природни и вештачки. Ги
идентификува својствата на различни природни и вештачки материјали. Поврзува одредено
својство со конкретен материјал. Набројува различни примени на одреден материјал. Го
објаснува односот меѓу својствата на материјалите и нивната примена. Наведува предмети
изработени од повеќе различни материјали.
Oпштество: Ги знае своите права и почитува правила за однесување во училиштето. Го
разбира значењето на зборовите: трудољубивост, истрајност, љубопитност, одговорност,
чесност, соработливост, праведност, приватност. Разликува лично и заедничко. Ги
наведува, опишува и разликува посакуваните особини на учениците; ги наведува, опишува и
разликува постапките на посакувано и непосакувано однесување на учениците. Развива
вештини за донесување одлуки во група, развива свест за почитување на различности врз
основа на пол, јазик и можности. Ги знае празниците поврзани верската и државната
традиција.
Ликовно образование: Умее да применува разни материјали и техники за цртање,
сликање, моделирање и градење на визуелни комуникации во ликовното изразување. Го
воочува значењето на боите и индивидуално креативно ги применува во комбинација со
форми и текстури.
Музичко образование: Има правилен пејачки став. Правилно ја пее мелодијата на песната.
Слуша и препознава вокална, инструментална и вокално – инструментална изведба, го
препознава карактерот на музиката (весела, тажна, брза, бавна), изведува музичко –
ритмички чекорења соодветно на поставените задачи. Пее самостојно и колективно, без и
со придружба на музика.
Физичко и здравствено образование: Фрла предмети (топче, топка и фризби) во
далечина и во одредена цел, со една и со две раце. Правилно го држи телото и
координирано се движи при гимнастичко одење и трчање. Правилно изведува гимнастички
движења во простор без и со реквизити. Разликува елементи кои се составен дел од игрите.
Игра народно оро со едноставни чекори. Игра современ танц со едноставни чекори. Ги
почитува правилата на играта и правилата за фер плеј однесување. Учествува во
едноставни групни игри. Учествува во штафетни игри.
Англиски јазик: Го идентификува и именува вокабуларот.Успешно ги има совладано
граматичките структури.Ги разбира песничките и приказните со изучениот
викабулар.Учествува во активностите на часот.

You might also like