Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 15

Економски факултет Прилеп

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


СОЦИОЛОГИЈА

ТЕМА : МАТЕРИЈАЛНА И НЕМАТЕРИЈАЛНА


КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ

ИЗРАБОТИЛ : МЕНТОР :

Ивона Грујоска проф. Љупчо Печијарески


15/18

Прилеп, 2019
Содржина

Вовед .......................................................................................................................... 3
1. Материјална и нематеријална култура и вредности .......................................... 4
1.1. Карактеристики на култура ............................................................................... 4
1.2. Културни сличности и културни разлики ........................................................ 6
2. Поим за вредности и определба на вредностите ................................................ 7
2.1. Скалило (рангирање) на вредностите ............................................................... 8
2.2. Доминантна (универзална) вредност ................................................................ 8
2.3. Негативна вредност ............................................................................................ 9
2.4. Прилог (пример) за вредностите ..................................................................... 10
2.5. Норми ................................................................................................................. 10
3. Општи теории на културата и цивилизацијата ................................................. 12
3.1. Промена на културните карактеристики ........................................................ 13
Заклучок .................................................................................................................... 14
Копристена литература ............................................................................................ 15

2
Вовед

Култура — општо земено, се однесува на човековата активност;


различните објаснувања на поимот „култура“ се одраз на различните теории и
критериуми на разбирање и оценување на човековата активност.
Културата се зема традиционално како најстар човечка одлика, она што
го одделува човекот од животните, иако најновите откритија ни кажуваат дека
оваа линија на поделба и не е така остра. Културата го обезбедува опстанокот на
цивилизацијата. Таа настанала кога настанал и човекот.
Културата ја сочинуваат две компоненти: традиционалните норми,
верувања, вредности и однесувања, од една страна и поединецот, од друга, кој
активно влијае врз измените на културните традиции и со својата интеракција
станува основен двигател во промената на традиционалните елементи на
културата.
Со тоа може да се заклучи дека културата претставува збир од
материјални и духовни вредности кои се под влијание на традиционалните
рамки и на современите промени кои го формираат прифатливото однесување
на членовите на едно општество.
Карактеристичниот начин на однесување на поединецот не претставува
културна вредност ако не е дел од обичаите и однесувањата на групата -
општествените норми на однесување ги претставуваат правилата на однесување
во една култура.

3
1. Материјална и нематеријална култура и вредности

Културата е научен сет на заеднички вредности и ставови, верувања и


обичаи и однесувања на едно општество кое се разликува од друго. Сè што
може да се види (однесување, обичаи, пред сè) е само врвот на ледениот брег, а
подолу се сите “нешта” (начин на размислување, убедување, вредности, итн.)
кои се усвоени за да влијаат на однесувањето. Затоа културата е живописна како
санта мраз – повеќето од нив се невидливи.
Елементите на културата се многубројни. Работна етика, економски
развој, комуникација, јазик, религија, вредности, ставови, верувања, се само дел
од некои елементи на културата. 1
Секој од овие елементи влијаат на креирање општи друштвени културни
опкружувања кои последователно влијаат и на организирање на работната
култура.

1.1. Карактеристики на култура

- вредности - претставуваат прифатени верувања за правилното


однесување во рамките на една култура;
- норми - пишани правила на однесување на членовите
на општеството кои се во директна врска со наградите или санкциите;
- обичаи и морал - непишани, но прифатени правила на однесување од
мнозинството на припадници на една култура.
Исто така, едни од обележјата на културата се следниве:
1) културата е створена - тоа значи дека се ствара од меѓусебната врска
на три независни системи: идеолошки, технолошки и организациски.
2) културата е адаптивен процес - таа се менува и процесот на промена се
јавува како прилагодлив. Доколку тој процес не се одвива, општеството био
било статична (неменлива) целост.

1
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0

4
3) културата се пренесува - значи дека се пренесува од генерација на
генерација по пат на социјализација (преку семејството, училиштето и верските
институции).
4) културата е пријатна реакција - таа ги задоволува како биолошките,
така и психолошките потреби на општеството, а кога ќе исчезнат тие потреби,
тогаш истовремено исчезнуваат и елементите на културата.
5) културата е заедничка за сите припадници на одредено општество - таа
е збирен феномен, ја делат припадниците на една заедница а ја одржуваат
преку нормитеи обичаите. Освен тоа, таа може да се пренесува и усвојува и во
другите географски и културолошки оддалечени заедници.
6) културите се слични, но сепак различни - сличности: секоја култура
има своја музика, образование, уметност, мода, ...; разликите се во начините и
методите на донесување и користење на секој елемент кој ја чини културата.
Токму тие разлики влијаат врз специфичното однесување на поединците
припадници на различните култури.2
7) културата е трајна и таа наградува - ги задоволува подеднакво и
основните биолошки, како и научените потреби - ако тие се задоволуваат
согласно нормите, однесувањето е наградено и тоа ги зајакнува веќе
постоечките норми.
8) културата е прилагодлива категорија - значи дека се прилагодува на
промените предизвикани од технологијата, иновациите, промените во средината
итн. Културата го насочува однесувањето, но и промените во однесувањето ја
менуваат културата.
9) културата е организирана и интегрирана - сите делови од културата
преку меѓусебна интеракција се стремат кон усогласување со општите
вредности, верувања и моралните основи на пошироката култура.
10) културата ги пропишува однесувањата - таа претпоставува идеални
стандарди на однесување на своите припадници кои се наградуваат и со тоа се
зајакнуваат. Од друга страна пак, казните им се закануваат на оние кои го
нарушуваат пропишаното и посакувано однесување во една култура.

2
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0

5
Процесот на учење на културата, преку кој ги примаме вредностите и
нормите кои ни ги наметнува општеството, се нарекува социјализација.
Агенси или чинители на социјализацијата, односно она од кого учиме
се: родителите, поширокото семејство, пријателите, училиштето, медиумите
итн.
• Главна поделба на културата е на:
- материјална (алати, машини, објекти за живеење, верски објекти...) и
- духовна (обичаи, морал, религија, филозофија, наука, уметност...). 3

1.2. Културни сличности и културни разлики

1. Во секоја култура постојат заеднични елементи кои ги нарекуваме


културни сличности. На пример, во секоја култура постојат: јазик, религија,
морални норми, обичаи за стапување во полнолетство, стапување во брак,
умирање итн.4
2. Но сепак во секоја култура постојат специфичности, односно
културни разлики. Пр. а) јапонска култура: саке, суши, гејши, кимоно, самураи,
катана, харикири, оригами, бонсаи... б) мексиканска култура: текила, тортиља,
сомбреро, пончо, маријачи... в) руска култура: водка, пирошка, Кремљ,
Чајковски, Толстој, бабушки... г) американска култура: кока – кола, хот – дог,
Холивуд, Лас Вегас, статуа на слободата... д) италијанска култура: шпагети,
пица, Колосеум, кривата кула во Пиза, мафија, Верди... ѓ) француска култура:
шампањ, коњак, Ајфелова кула, Лувр, Диор, Шанел... е) англиска култура: tea at
four, Биг Бен, Шекспир, Битлси...

3
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0
4
https://www.datalab.com.mk/razbiranje-na-kulturnite-razliki-kolku-serazlikuvame-a-kolku-sme-
slicni/

6
2. Поим за вредности и определба на вредностите

Вредностите се оние, најчесто широко прифатени и втемелни сознанија


и верувања за она што е битно, важно за идентитетот на една заедница односно
за нејзино добро. Искажани се во вид на ставови за она што е добро, посакувано
и исправно во секојдневниот живот, акциите на човекот,за целите кои него го
раководат во неговата егзистинција.
Израснуваат спонтано,во текот на заедничкиот живот на луѓето. Меѓутоа
со оглед на тоа што се однесуваат на таквите суштински работи како што се :
животот на луѓето, нивната личност ( чуството на лично достоинство што во
себе ги носи секој човек) на блага што се битни за опстанок на довербата меѓу
луѓето и слично, се смета дека нивната природна појава ја овозможуваат
несебичните импулси на човекот кои што поттикнуваат на соработка, природна
желба за помош на другите, сочуството со нивните радости и жалости. 5
Еднаш оформените вредости се одржуваат низ долг временски период.
Тие се најтрајниот дел на културата, најотпорен на било какви промени. Оваа
трајност меѓу другото резултира од нивната замна сообразност. Тие една со
друга се поддржуваат и поттикнуваат. Сепак со текот на времето доаѓа до
потполно нивно менување. Тие се менуваат во правец соодветен со постојната
општествена состојаба.
Да не забораваме дека секое општество има голем број вредности, но
сите не се еднакво значајни. Секогаш постојат неколку најзначајни вредности
кои што го одредуваат изборот на одновните цели на луѓето. Другите вредности
имаат помошна улога и служат за давање поконкретни упатства за начинот на
остварување на овие цели:
Во едно општесво највисока вредност може да има материјалнит успех.
Во него високо се цени работливоста, штедливоста и почитувањето на времето.
Предност им се дава на одредени начини на потрошувачката, на вложувањата на
материјалните блага кои претставуваат основа за понатамошно зголемување на
богатсвото итн.

5
https://www.datalab.com.mk/razbiranje-na-kulturnite-razliki-kolku-serazlikuvame-a-kolku-sme-
slicni/

7
Во друго општество пак највисока вредност може да биде традицијата.
Во него луѓето се насочуваат кон минатото кое треба да им послужи како
основна животна ориентација. Овде луѓето како своја основа цел го имаат
зачувувањето на сé она што дотогаш било создадено преку колективниот напор
на претходните генерации.

2.1. Скалило (рангирање) на вредностите

Постојат одредени вредности кои сите луѓе ги ценат, а особено здравјето,


угледот, приврзаноста, слободата на движење и др. Тоа се т.н. универзални
вредности.
Тие се или предмети за кои луѓето тежнеат или постапки кои тие ги
одобруваат или цели кон кои се стремат. Меѓутоа за набројување на
универзалните вредности ни придонесува размислувањето на посебните
култури.
Откако ќе констатираме што повеќе ценат одредени луѓе, а што помалку
и на кое скалило стои одредена вредност тогаш дознаваме нешто за ориентација
на одредена група. Дури кога ќе видиме каков е изборот на луќето во ситуации
кога не можат да имаат сé што посакуваат дознаваме за карактеристиките на
културата.

2.2. Доминантна (универзална) вредност

Секое општество гради култура која според начинот и формата на


градењето на одредени вредности е единсвена и неповторлива. Варијациите на
културните елементи кај одделни култури и различно градење на системот на
меѓучовечките односи се многубројни. Заедничките културни вредности кои ги
сретнуваме кај различните општествени заедници произлегуваат од основната
егзистенцијална рамка што ја споделува човештвото како и од природата на
човекот и неговите способности за соочување со таа егзистенција.

8
Така една вредност стои секогаш на највисоката скала. Тоа е онаа
вредност за која се жртвуваат другите вредности. Луѓето на можат истовремено
да ги ценат материјалните благосостојби над сé страсно посакувајќи технички
напредок, да го сакаат семејството, да ја поставуваат убавината на највисоко
ниво или училишната надградба на прво место, да ја сакаат дисциплината и да
умираат за “златната слобода”.
Не само доминантната вредност туку и останатите вредности се наредени
како на некоја скала: нешто луѓето повеќе сакаат, нешто помалку, а нешто и
очигледно го занемаруваат. Некаде, за чистотата и хигиената луѓето жртвуваат
сé, а некаде овие постапки се сметаат за снобизам. Некои луѓе трошат многу за
јадење , некои за стан, а други пак за разонода. Секоја средина има специфични
приоритети.6

2.3. Негативна вредност

Некои вредности имаат негативен облик.Тоа се ситуации кои луѓето се


обидуваат да ги избегнат, кои им се чинат потполно неподносливи. Почсто
вредностите можат полесно да се формулираат во негативен отколку во
позитивен облик.7
Во војната, на пр. Негативните аспекти доаѓаат во преден план. Се
случува дури и сите вредности де се изгубат и да останат само мал број кој се
негативни. Пр. Во II Светска војна за многу окупирани народи нетолеранцијата
кон насилството од страна на окупаторските власти била доминантна вредност,
а истата поприма скоро присилен (принуден) карактер.

6
https://www.datalab.com.mk/razbiranje-na-kulturnite-razliki-kolku-serazlikuvame-a-kolku-sme-
slicni/
7
https://www.gimprilep.edu.mk/files/Priracnik_po_sociologija.pdf

9
2.4. Прилог (пример) за вредностите

Одредени елементи, облици на културата можат на специфичен начин да


бидат разбирливи за припадниците на други култури. На пр. Нам не ни е туѓа и
неразбирлива, а уште помалку безмислена уметноста на древната египетска
цивилизација, како што не ни е сосема туѓа животната филозофија на
современите култури кои доаѓаат од северноамериканскиот континент, особено
од САД. Сепак постојат низа моменти врзани за социјалниот и културниот
контекст на една средина, кои го овозможуваат или спречуваат разменувањето
на симболите, односно нивното разбирање.
Меѓутоа, кога говориме за вакви и на нив слични вредности, не треба да
се заборави дека тие не мораат да бидат под еднакво значајни, па ниту присутни
(гледано историски и географски) во секоја култура. 8 Социјалните околноости,
поднебјето, суштинските егзистацијални рамки во кои се создава еден
културен модел се во таа смисла мошне важни параметри.Тие ги одредуваат
реперите за создавање на системот на вредности приоритетни за
конкретнитте облици на меѓучовечките односи како и за сите процеси и
творби кои излегуваат од нив.

2.5. Норми

Нормите можат да се дефинираат како правила и насоки со кои


општеството и културата го определуваат општеството оправдано и посакувано
однесување на човекот кон другите луѓе и во определени ситуации.
Контролата на социјалното однесување се изведува токму преку нормите.
Тие се израз на општествените и културните вредности, категории кои се
апстрактни и генерални поими. Нормите претставуваат широко прифатени
правила на една конкретна ситуација.

8
https://www.gimprilep.edu.mk/files/Priracnik_po_sociologija.pdf

10
Всушност се работи за обрасци според кој би требало да се придржуваат
претставниците на една култура во своето однесување. И нормите се
пренесуваат и учат преку системот на социјализацијата така што човекот често
ѓи прифаќа без да е свесен за тоа.
Се разликуваат од општество до општество , од културата до култура.
Дури и во рамките на една иста култура постојат нијансирани разлики помеѓу
нормите. Крутоста на нормите (како и на вредностите) е честа причина за
конфликт помегу културата,од една страна , и поединецот од другата страна.9
Нормите,дефинираат како луѓето “би требало “ да се однесуваат под
определени околности во поединечни општества. Ние толку подготвено им се
потчинуваме на нормите што речиси и не сме свесни за нивното постоење.
Всушност, ние повеќе го забележуваме отстапувањето од нормите,
отколку потчинувањето на истите. Секое општество мора да поседува систем на
општествена контрола, збир на средства, за да се осигура дека неговите
членови, општо земено, ќе се однесуваат на очекуван и прифатен начин.10
Сите норми, без оглед дали се модифицирани во закон или не, се
подржани од санкции, награди за нивното почитување или казни за нивното
непочитување. Во социолошката литература се разликуваат три видови норми:
обичаите, моралите и правните норми.

9
https://www.gimprilep.edu.mk/files/Priracnik_po_sociologija.pdf
10
http://www.imor.org.mk/programmes/common_values/New%20folder/vrednosti.html

11
3. Општи теории на културата и цивилизацијата

Во поглед на културата постојат две теории:


1.рационалистичка теорија
2.ирационалистичко-метафизичка теорија
1.Рационалистичка теорија Во рамките на рационалистичката теорија
постојат две поттеории а)еволуционистичка б)функционалистичка Во рамките
на еволуционистичката поттеорија најпознат претставник е англискиот
антрополог Едвард Тејлор. Оваа поттеорија се потпира врз биолошката наука на
тргнување од поедноставни кон посложени облици. Еволуционизмот во
културата претставува дека животот на културата се развива преку растење и
промена. Еволуционистите сметаат дека разликите помеѓу различни култури се
само квантитативни, односно дека две култури се разликуваат само во степенот
на развој. Тие имаат негативрн став кон митот и митското сознание бидејќи
според нив митот е на понизок степен на развој во однос на научното сознание.
Тие го потценуваат митот, а ја преценуваат науката. Познатиот американски
антрополог Лесли Вајт ја унапредува еволуционистичката поттеорија и смета
дека општествената група е таа која ја создава културата, а не поединецот.
Најрепрезентативна личност на функционализмот, а воедно и негов основач е
Бронислав Малиновски. Со текот на времето еволуционистичката поттеорија
започнува да старее и уште во времето на Лесли Вајт се појавува нов поим
поимот на функцијата. Овој поим пошироко е разработен од Малиновски.
Имено, Малиновски го воведува поимот функција покрај битниот фенмен -
човекот. Тој го поставува односот културна потреба <=> функција. На пример
театарот е своевидна институција каде човекот може да задоволи една културна
потреба. Од друга страна пак културната потреба за гледање филм останува
иако институцијата кино гасне. Функционалистите го воведуваат и поимот
традиција кој е важен за културата и човековото битие.
2. Метафизичко-ирационалистичка теорија
а) теорија на животните циклуси
б)психоаналитичка теорија на културата

12
3.1. Промена на културните карактеристики

Постојат значителни разлики во следниве карактеристики на културата:

1) промена на вредностите - општествените вредности константно се


менуваат. Постојат два феномени кои ја објаснуваат постојаноста и промената
на вредностите: животниот циклус (вредностите кои денес ги имаат младите со
текот на нивното стареење ќе станат слични на оние кои ги има постариот
општествен сегмент, а вредностите на иднината ќе бидат слични на вредностите
кои ги имаат денешните млади луѓе) и феноменот на смената на генерации
(постепено ќе дојде до смена на актуелните вредности со вредностите на
младите луѓе).11
2) промена на односот работа - забава - се јавува се поголема желба за
слободно време.
3) намалено влијание на семејството - семејството како клучен медиум во
генерацискиот пренос на темелните општествени вредности почнува да го губи
своето традиционално значење. На пример, поради вработеноста на двата
родители децата ги одгледуваат образовните институции, а освен тоа една од
карактеристиките на современото општество е високиот процент на разведени
лица.
4) изменето влијание на религијата - намалувањето на влијанието на
верските институции доведува до измена на општествените вредности.
5) промена на образовните институции - позитивни промени: постојат
два тренда - сѐ повеќе млади ги посетуваат вискообразовните инстутуции (значи
сѐ пообразувана работна сила), изменета методологија односно нов пристап кон
образованието.

11
http://www.imor.org.mk/programmes/common_values/New%20folder/vrednosti.html

13
Заклучок

Во социологијата, поимот култура има пошироко значење за разлика од


она во секојдневниот говор. Имено, за социолозите, културата е сфатена како
СЕ она што се пренесува повеќе социјално отколку биолошки, односно
културата е општ термин кој се однесува на симболичките и научените аспекти
на човековото општество. Со други зборови, културата е збир од знаења,
верувања, уметност, морал, право и обичаи кои човекот ги создал и пренесувал
живеејќи во едно општество.
Културната глобализација е релативно долг процес кој се однесува на
создавање на стандардни, унифицирани (единствени) културни елементи преку
поврзување на различни култури. Меѓутоа, во науката, се почести и погласни се
ставовите дека всушност, културната глобализација како процес е вештачки
создаден и наметнат од носителите на процесот на глобализација (САД) и затоа
културната глобализација често се нарекува американизација, вестернизација,
чија единствена цел е наметнување на американската култура.
Друг концепт поврзан со културата е масовната култура или т.н.
популарна култура. За подобра илустрација и сфаќање на овој поим, неопходно
е да се направи разлика помеѓу популарната култура (која ги опфаќа спортските
настани, ТВ, филмовите, снимената забавна музика и сл) и високата (елитна)
култура која се однесува на класичната музика, сери-озните романи, поезијата,
балетот, високата ликовна уметност и др. аспекти кои вообичае-но се
почитуваат и ценат од страна на релативно мал број на образовани луѓе.

14
Користена литература

1.https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BB
%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0
2. https://www.datalab.com.mk/razbiranje-na-kulturnite-razliki-kolku-serazlikuvame-
a-kolku-sme-slicni/
3. https://www.gimprilep.edu.mk/files/Priracnik_po_sociologija.pdf
4.http://www.imor.org.mk/programmes/common_values/New%20folder/
vrednosti.html

15

You might also like