Ix - 27

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 8

Фетален развој

Наставна единица 27
Лекцијата се наоѓа на страна 36 и 37 во учебникот
Ембрион
• Зиготот движејќи се низ јајцеводот се дели при што бројот на
клетки се зголемува и се добива топче од клетки наречено
морула.
• Таа е зачеток на ембрион
• Кога морулата ќе пристигне во матката, таа се зафаќа и вгнездува
во дебелиот ендометриум на матката.
Ембрион
• Плодот во првите осум недели се вика ембрион.
• Во текот на овој период се создаваат сите органски системи во
организмот.
• Срцето и мозокот се меѓу првите органи што се развиваат. Првото
отчукување на срцето се случува во текот на четвртата недела.
Плацента
• Паралелно со развојот на ембрионот надворешните клетки што го
покриваат ѕидот на матката и крвните канали од мајката
создаваат кружен орган исполнет со крв и ресички и се вика
плацента.
• После третиот месец ембрионот се нарекува фетус.
• Фетусот се поврзува со плацентата преку папочна врвца.
• Преку оваа врвца се остварува врска помеѓу крвотокот на плодот
и крвотокот на мајката.
Фетус
• Фетусот е опкружен со водена обвивка или водењак што е
исполнета со чиста течност, плодова вода, во која плива и
слободно се развива плодот.
• Во текот на овој период се формираат и другите органски
системи.
• Најинтензивно растење се случува од 4 до 6 месец.
• Во тој период се чуствуваат и првите движења на плодот, а
рскавичното ткиво се заменува со коскено ткиво.
• Во периодот од 6 до 9 месец фетусот целосно се оформува и се
подготвува за раѓање.
Бременост
• Жената која носи ембрион се вика трудница или бремена жена.
• Периодот на бременост трае околу 280 дена или 40 недели.
• Со самото оплодување и развојот на ембрионот одредени
промени се јавуваат и кај млечните жлезди или гради кај жената.
• Тие излачуваат млеко во период наречен лактација.
• Млекото кое се создава се пренесува низ млечните канали.

You might also like