Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 8

Наставен предмет :Физика Наставник:Жаклина Пешевска

Тотална рефлексија
Појавата тотална рефлексија се применува при пренесување на информации
на телевизија ,телефонски разговори .....и најпознати пренос преку оптички
влакна .
Сликата со желката ни покажува појава на тотална рефлексија,односно
нуркачот ќе ја види желката на границата вода –воздух како во огледало-
светлината наместо за се прекрши таа се рефлектирала и поради тоа нуркачот
ја гледа желката !
Што е тотална рефлексија ?
Појавата тотална рефлексија најдобро ќе ја објасниме ако повториме за
прекршување на светлината
Кога настанува прекршување односно рефракција на светлината ?
-Кога светлината поминува од една во друга оптичка средина во која се движи
со различита брзина ,светлината ја менува насоката на простирање !
Прекршување на свелината го видовме низ оптички призми ,низ леќи......
Да се потсетиме ,како се прекршува зракот кога минува од оптички погуста во
оптички поретка средина(вода –воздух) ?
Одговор:Зракот се прекршува од нормалата односно упадниот агол е помал од
аголот на прекршување !
Според ова правило се нацртани зракот 2,3,4,5,6,.....единствено зракот кој паѓа
нормално на граничната површина не се прекршува.
Од долниот цртеж може да видиме дека ако го зголемуваме упадниот агол се
зголемува и аголот на прекршување .Во еден случај ,за одредена вредност на
аголот α4 ,аголот на прекршување β4 =90° ,оваа вредност на упадниот агол е
многу значајана и овој агол αg се нарекува граничен агол .За сите други
вредности на упадниот агол поголеми од граничниот ,аголот на прекршување
ќе е поголем од 90°,односно зракот веќе нема дасе прекрши туку ќе се врати во
истата средина .Значи може да се случи светлината на граница од погуста
кон поретка средина светлината целосно да се одбие и оваа појава се
нарекува тотална рефлексија .
Во нашиот случај тоа се случува за агли поголеми од α4 !

Само со еден зрак тоа може да се види и на сликата:

Да повториме :
Граничен агол е вредност на упадниот агол за кој прекршениот зрак лизга
по гранична на површина на двете средини!

Вредности за граничен агол:


Воздух –вода:49°
Воздух –дијамант 24°
Воздух –кварцно стакло 43°
Воздух –алкохол 47°......
Гледаме дека граничниот агол кај дијамантот е најмал!
Примена на појавата ТОТАЛНА РЕФЛЕКСИЈА !

1.Оптички призми

Тоталната рефлексија кај оптичките призми е искористена при конструкција на


двогледи и други оптички апарати

2.За дијамантот :
Видовме дека дијамантот има најмал граничен агол ,тоа практичнозначи дека
сите зраци кои паѓаат под агли поголеми од 24°,а нивниот број ќе е голем ќе се
рефлектираат од дијамантот .Тоа ќе резултира со силно блескање на
дијамантот!Значи дека дијамантот е оптички густа материја која речиси
целосно ја рефлектира светлината и неговата вредност и цена произлегуваат
од неговиот сјај односно рефлектирањето на свелинските зраци!
3.Оптички влакна
-Тоа се пластички тенки цевчиња по дебелина слични со човековото влакно кои
преку многукратно одбивање на светлината во внатрешноста можат да
пренесуваат информации од еден на друг крај.
Повеќе оптички влакна може да се групираат и да се добијат оптички кабли

Овие оптички кабли можат да се искоритат за аудио и визуелен пренос на


информации

Најчеста примена е во интернет комуникацијата ,телевизијата .....но се


применува и во медицината .Апарат кој користи оптички кабли за набљудување
на внатрешните органи се нарекува ЕДНОСКОП
4.Фатаморгана ?
Фатаморгана е појава кога на одредени места се гледаат превртени фигури на
предметите како во рамно огледало на земја или во воздух.

Фатаморгана како феномен се јавува најчесто во пустините каде топлиот


воздух се наоѓа над површината на Земјата а потоа доаѓа слој на ладен
воздух.Кога сончевите зраци доаѓаат на границата ладен –топол воздух од
погуста кон поретка средина доаѓа до тотална рефлаксија па далечни
предмети како во огледалосе рефлектираат на граничната површина ладно-
топпло и рефлектираните зраци доаѓаат до патникот во пустината ,така да тој
далечните предмети ќе ги види поблиску.Обично тоа се толкувало дека
ожеднатите патници и зашеметени од силното сонце халуцинирааат и им се
причинува дека гледаат оаза (место со вода во пустината ),но појавата тотална
рефлексија ни покажува дека навистина овие патници гледаат една оптичка
илузија односно рефлексија на подалечните предмети
Фатаморгана може да ја видиме и во близина на асфалтниот пат кога е жешко

Или пак на водена површина :


Изразот фатаморгана го употребуваме кога нешто ни е неверојатно и мислиме
дека ни се причинува !

You might also like