Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Црноризец Храбар

Црноризец Храбар е анонимен писател од словенската средновековна литература. За


Црноризец Храбар се знае дека е автор на делото “О писменех” за кое се верува
дека е напишано во X век а зачуван препис е најден на Света Гора.
Текстот “О писменех” e вид теоретска статија која според композицијата е изложена
на два дела. Првиот дел е изложен со историско-јазичен карактер, додека вториот
содржи полемички елементи каде Црноризер Храбар полемизира со непријателите.
Првиот дел започнува со описот на развојот на Словените. На почетокот тие биле
многубошци, немале своја азбука и се служеле со цртички и решки. Големо значење
за развојот на Словените било кога тие го прифатиле христијанството и почнале да
се покрстуваат. Со прифаќањето на христијанството биле принудени да ги користат
грчките и римските букви. За ширење на христијанството во Моравија било
неопходно создавањето на оригинална словенска азбука. Создадена од Кирил
азбуката била наречена глаголица и во неа 24 букви биле по образец од грчкото
писмо, а 14 ги измислил сам според гласовниот систем на словенскиот јазик.
Во вториот дел на текстот Црноризец Храбар полемизира со тријазичниците.
Првиот аргумент против словенската азбука е зошто таа има 38 букви, а не 24 како
грчката. Црноризец Храбар аргументира со историски факти и тврди дека тие не
знаат со колку букви пишуваат. Грчката азбука има 24 букви, но има 11 двогласки и
три знака за броевите 6, 90, 900. По првиот аргумент тие поставуваат уште едно
прашање за значењето на словенската азбука. На ова прашање тој одговара со
библиски и историски факти. Пред јазиците на Евреите, Грците и Римјаните
постоеле и јазиците на Египќаните, Асирците и Персијците. Тој ги пробива
тријазичниците и се преставува како образован Словен со големо знаење.
Црноризец Храбар го поставува третото прашање упатено кон непријателите. Тој ги
прашува кој ги создал нивните букви. Тој споредува како на Грците им било
потребно 70 мажи и долг период да го преведат Светото писмо од еврејски јазик
додека спротивно од нив, на Словените им било потребно само двајца мажи да ги
преведат црковните книги. Со овие факти тој им докажал на непријателите дека
Словените не само што се приближуваат на народите со побогата култура туку
можат и да ги надминат.
“O писменех” e текст од големо значење за Словените бидејќи е првата научно-
историска творба во словенската литература. Црноризец Храбар ја брани идејата
дека секој народ има право на своја писменост и култура.

You might also like