Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

ГРАДСКИ И СЕЛСКИ НАСЕЛБИ

ГРАД РЕСЕН

Ресен е град во југозападниот дел на Република Македонија и седиште на Општината Ресен, и


претставува административен и економски центар на областа Преспа, која е заградена со
високи планини. Баба од источната страна,Галичица од Запад и Бигла од северната страна.

Географија

Градот Ресен лежи во северниот дел на Преспанската Котлина, од двете страни на Голема
Река, а недалеку северно од Преспанското Езеро, на надморска височина од околу 880 метри.
Има умерено-континентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 9,6 оС и
просечна годишна количина на врнежи од 717 мм.

Историја

За време на Римското Царство низ Преспа поминувал познатиот староримски пат „Вија
Егнација “. Покрај него биле изградени повеќе населби и попатни страници. Една од нив била
Скиританија, на чие место подоцна израснала словенската населба Ресен.Во VI и VII век во
реонот се населува словенското племе Брсјаци. Првпат Ресен се спомнува како
средновековна населба во една повелба на Душановиот Законик од 1337 год, под името
Росне. Во еден попис од XIV век населбата е регистрирана како Ресне. Во XVIII век со
развојот на трговијата и занаетчиството Ресен прераснува во мала градска населба.

Население

Во првиот организиран попис на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од


1948 година, во Ресенскиот срез имало 23.137 жители, од кои 4.737 во градот Ресен, а 18.400
во селата во Преспа. Од етнички аспект, населението го сочинувале 17.354 (75 %) Македонци,
2.462 (10,6 %) Албанци, 2.421 (10,4 %) Турци, 290 (1,25 %) Роми, 246 (1,06 %) Срби и 240
(1,03 %) Власи. Градот Ресен е населено место од збиен тип.
СЕЛО ЈУРУМЛЕРИ

Географија

Селото се наоѓа во Скопско Поле, на 7 километри источно од Скопје и 43 километри


северно од Велес, во југоисточниот дел на подрачјето на Општина Гази Баба и на
десната страна од патот Скопје-Велес. Селото е рамничарско, на надморска
височина од 227 метри.

Историја

За настанокот на селото и неговото име е забележана една легенда дека Хавзи-паша


од Скопје на почетокот на XIX век тука доселил Грци од епирскиот град Јанија кои биле
вешти во правењето шалтра. По нив селото го добило. Потоа тие бргу исчезнале, голем
дел изумреле, а некои се преселиле во Скопје.

Население

Јурумлери е мошне големо село, со значителна емиграција на населението. Така, тоа во


1961 година имало 1.057 жители, од кои 846 биле Македонци, 34 Албанци, 2 Турци,
19 Срби и 156 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 3.326 жители, од кои
2.865 биле Македонци, 28 Албанци, 308 Роми, 4 Власи, 69 Срби и 52 останати. Во селото
од последните информации добиени во 2021 година живеат 3.256 жители, од кои
2.522 Македонци, 54 Албанци, 342 Роми, 7 Власи, 62 Срби, 15 и 254 лица без податоци.
Селото Јурумлери е населено место од збиен тип.

Изработила:
Мерјем Чековиќ VII2

You might also like