Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

НАЗИВ И РЕЗИМЕ НА ПРЕДЛОГОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ

(КРАТКА СОДРЖИНА НА ПРЕДЛОГОТ)

Науката како поддршка на концептот " Учење преку работа "


( И ВО СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ИДНИНА )

1. Организирање на Саем за промовирање на Научниот институт за тутун – Прилеп кој


во своето јубилејно 100-годишно постоење и функционирање, се карактеризира со
перманентен развој во сите сегменти на општественото живеење и тој развој е
проследен со обезбедување квалитет во: научно-истражувачката, едукативната,
апликативната, производната и издавачката дејност.

Целна група која ќе биде поканета на промотивните денови на Саемот ќе бидат ученици од
средните општински училишта во градот, како и студенти од Економскиот факултет –
Прилеп (целна група ќе бидат оние студенти кои планираат да продолжат на втор циклус на
насоката Агроменаџмент во тутунското стопанство) кои преку едукативно предавање на
видео бим и печатени материјали ( брошури, флаери, прирачници ) ќе бидат детално
запознати со значењето на примарната дејност во секоја економија, а тоа е земјоделството
чија ефикасност и успешност е еден од условите за напредок и просперитет во државата.
Посебно ќе биде нагласен фактот дека оваа стопанска гранка ангажира обемна работна сила
која е стимулирана со голем број придобивки и бенефити во вид на субвенции, поволни
финансиски линии-кредити и неповратни средства, поддршка за купување нова современа
механизација, едукативни обуки за менаџмент и организациска поставеност, изработка на
детален бизнис план итн.

Посебно акцентот ќе се стави на тутунопроизводството и можноста едно семејство


организирано како приватен семеен бизнис да може успешно да егзистира, но и да оствари
профит за идни вложувања. Посебно е значајно тоа што на присутните учесници на Саемот
ќе им се доближат инфраструктурните и кадровските можности на Институтот, односно
можноста за склучување на Меморандуми за соработка со средните училишта во насока на
обезбедување на услови за спроведување на практична работа за која Научниот институт
има идеални можности, односно опитно поле и акредитирани современи лаборатории. Со
тоа очекуваме голем број од учениците и идни студенти својот просперитет да го гледаат во
оваа дејност, практично да се оспособат и да бидат спремни со своите компетенции да ги
задоволат барањата на работодавачите од оваа сфера. Оваа активност организирана преку
Саем ќе биде еден вид поддршка на образованието во насока на реализација на дуалниот
систем на учење преку теорија и пракса, со посебен акцент на практичната работа која
профилира успешни и оспособени кадри.

На Саемот ќе бидат поканети и компании од тутунопроизводствената дејност кои ќе имаат


можност да се престават преку промотивни материјали за дејноста што ја работат, но и за
потребите од идни вработување, како и потребата од ангажирање на практиканти.

На Саемот на сите учесници ќе им бидат поделени Анкетни прашалници за тоа каде ја


гледаат својата иднина, каде планираат да се насочат и дали се запознати со важноста на
земјоделството како стопанска гранка.
2. Науката поблиску до земјоделците, тутунопроизводителите ,испитување на почва,
заштита прихрана

You might also like