Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 391

РЕДАКЦИЈА

Коста Бојаџиевски
извршен уредник
Александар Ежов
Никола Тодоров
директор
Иван Чаповски
БЛАЖЕ КОНЕСКИ

БЛАЖЕНА
ГОРА
ЗЕЛЕНА
АНТОЛОГИЈА
НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ЛИРИКА

МАКЕДОНСКА КНИГА
СКОПЈЕ — 1986
CIP, Народна и универзитетска библиотека
„Климент Охридски“, Скопје
398.8(497.17)
398.8(497.17) (049.3)
БЛАЖЕНА гора зелена: антологија
на македонската народна лирика /
[собрал и подготвил] Блаже Конески. —
Скопје: Македонска книга, 1986. — 383
стр.; 20 СМ
Предговор / Блаже Конески: стр. [7]—12
. — Речник на понепознатите зборови:
стр. 385—392.
1. КОНЕСКИ, Блаже
Уводна белешка

Оваа антологија излезе прзпат во 1945 година под нас-


лов „Збпрка на македонски народни песни“. Второто издание
(без предговорот) се појави во 1947 година. Во малку скратен
вид таа беше преведена и издадена на хрватскосрпски (Ma-
kedonske narodne pjesme. Preveo i obradio Jure Kastelan. Zagreb-Beograd
1948). Таа послужи и за еден мал избор во ан-
глиски превод (ЅопSongs from Macedonia . Translated
by Andrew Harvey. Ann Penington. Oxford 1 978).
Идејата беше да се состави една збпрка на поезија, ос-
лободена од етнографски и фолклористички референци, за
да може читателот најспонтано да пристапи кон текстот. За-
тоа и поделбата на циклуси е направена без оглед на кла-
сификациите на лирските народни песни сврзани со нивното
исполнување на определени празници, при обреди или при се-
зонски работи. Беше извршена и извесна нормализација на ја-
зикот на песните, зашто во времето кога оваа збирка излезе
се чувствуваше голема потреба од текстови на изедначен маке-
донски јазик.
На сегашното издание му е даден нов, попоетичен нас-
лов. Во предговорот е извршено обновување на правописот
и се изменети или испуштени неколку збора. Слични интер-
венции се направени и во речничките објаснувања на крајот.
Б. К.
ПРЕДГОВОР

Сакав антологијава да се чита докрај како книга


песни од еден велик поет. Таа затоа и не е замислена
да биде општ преглед на нашата народна поезија, по
циклусите. Целта беше друга: да се претстави нашата
народна поезија преку најубавото и вистински уметнич-
ки издржаното во неа, за да се изјави чисто нејзи-
ната голема вредност. И дека се најубави, овдека се
одбраа само нашите лирски и лирско-епски песни.
На народната поезија не треба да се гледа само
како на материјал за научен историски и поредбен
разбор, а треба да се гледа и од чисто естетска стра-
на. И баш ова второто е многу попредно кога сакаме
да му дадеме на народот да ги чита своите песни. Но
при составувањето на оваа антологија не помала уло-
га играше и друг еден момент. Народната поезија го
кажува животот на народот. И требаше преку избра-
ниве песни да се сети колку што може појасно како
историскиот пат на македонскиот народ, така и лич-
ниот живот, во најтипичните негови пројави, на ма-
кедонскиот човек. Таа замисла требаше да се спроведсе
низ подборот и подредувањето на одделните песни.

7
Долгото ропство под Турците има оставено тврд
печат на животот од нашиот народ и на неговите
песни. Затоа во антологијава се дадоа на прво место
баладите, од коишто едни укажуваат направо на тоа
ропство, а сите заедно се поврзани со основно таговно
настроение. Циклусот на ајдутските песни по нив, от-
крива уште една страна од ропскиот живот — раз-
мирици, насилби, несигурност, и тесно преплетен со
нив, но сепак виден — индивидуален бунт, и една
незагасната традиција на јунаштво. На тој темен фон
веќе понатаму се даваат песните за личниот живот
на човека — од првите пролетни претчувствија, пре-
ку страсниот копнеж и љубовните разговори меѓу мла-
дите, така како што се раѓа среќата и маката од
љубовта, така како што, по стар ред, иде стројот, свад-
бата и брачниот живот. Тоа е личната драма на Ма-
кедонецот. Смешните песни, зад ова, го гледаат сето
тоа, и крвта и веселбата, од една друга рамнина. По-
натаму следат песните со печат на поново време, — пе-
чалбарските, последен и трогателен одглас на песните
од разделба, па оние во коишто се чувствуваат веќе
проблесоците на младата македонска национална про-
буда, првите песни за индивидуалниот бунт против
турското економско и политичко ропство, дури да се
дојде до револуционерните песни, кај што се опева-
ни борбите и хероите на нашиот народ од Илинден,
и на крајот до песните на нашите партизани. Така
се дава една линија за животот на македонскиот народ
низ ропството — до денот на неговото национално
ослободување.

8
2

Дали можат да се сетат извесни основни движења,


како пулс, што ја проникнуваат нашата народна ли-
рика? Да ги земеме за пример најинтимните, љубов-
ните песни. Во нив има страстен здив, чулност што
напина и мачи — но сето тоа е впрегнато во таков
израз, што во истото време дава белег за пречисте-
ност и длабочина на чувството. Никаква сировост. Ту-
ка силниот изблик на љубовната страст се превива
во една форма што изненадува често со својата ис-
танченост и богатството:

Ја опули се, девојче,


на ваа тука планина,
што магла има на неа!
Да не ја речеш од бога,
туку да речеш од мене.
Тоа се мојте здиови,
што здивам јаска за тебе,
а ќе изгорам крај тебе!

По таков начин секогаш останува недоиска-


ж а н о т о. Нешто спотаено шуми, како што шуми тре-
вата ноќе. Свршеницата има да му каже на својот
љубим на умирачка само еден збор: „Јас за тебе си
умирам“. И тоа е карактеристично за нашата народна
песна, не само за љубовните: таа не зборува многу,
не опишува. Таа ги бара брзо силните лирски мо-
менти, и врви по оној напон на оптегнат лак пред
да пукне. А недоискажанотонѐ жеже најчесто
со една елегичност, и тоа е основната нота на наша-
та народна лирика. Таа избива највидно токму во оние

9
песни што се најмногу наши — печалбарските, пес-
ните за разделба, но таа може да се забележи дури
и во некои „смешниа песни. Да ја поредиме само пес-
ната како се женел куси врабец за девојка подмрежица
со онаа тажна песна кога помалото деверче не мо-
же да ја одбрани невестата од ајдутите, — и тоа ќе
ни стане сосем јасно.
Едно друго основно чувство се има од нашите на-
родни песни. Тоа човек и на нејќена го сетува во
еден момент и тоа може да се нарече — нивна в и с -
т и н и т о с т. Не можеш да се отргнеш од мислата
дека се во животот било така како што е кажано
во п е с н а т а. Тоа е верно, да, за секоја вистинска,
непосредна поезија, но фактот што од нашата народ-
на лирика го сеќаваме тоа со особена јасност, говори
сам по себе за нејзината голема уметничка вредност.
Вистинитоста на одделни слики е толку силна, што
неволно ги восприемаме не само како поетски израз,
туку како жива реалност: и кога се кажува како затво-
реник со крвта своја хранел пиле соколе, си велиш
— така било; и дури во фантастичното, кога само-
вилите го присилуваат мртвиот свирач Стојан да им
свири, и кога плаче гората, ќе помислиш неволно — та-
ка било!
Треба да ги одделиме нашите печалбарски и ре-
волуционерни песни. Кога другите јужнословенски на-
роди беа добиле веќе слобода и развиле своја уметнич-
ка поезија, и кога кај нив опадна народното творештво,
македонскиот народ, поробен и понатаму, ја опеваше
својата судбина со истата сила и непосредност; Тој
беше создал прекрасна песна за детето со ѕвезда на
чело, што ќс му земс „на крала кралство“ и „на
цара царствои, мил образ лелеан во народот како

10
мечта за слободата, а во почетокот на овој век тој
ги обесмрти во песна своите револуционери што по-
ведоа борба против царството на Султанот, против бе-
говското самовластие, и што гинеа млади „за црна
земја робина, за клета Македонија“. Револуционерната
поезија внесе елемент на бодрост и борбеност во поези-
јата на нашиот народ, внесе вера во силите негови
и во неговото скоро ослободување.

Од народната извре и нашата уметничка поезија.


Тоа е една нова страна откај што треба да вникнеме
денеска во нашата народна песна, а имено, да си раз-
јасниме како нашата литература се сврзува со народ-
ното творештво и се разраснува на негова основа.
Материјалот од народната песна во јазик, мотиви, рит-
мични средства и сликовитост, најобилно е искористен
од нашите поети. Можеме да приведеме не едно мес-
то кај што се даваат наполно народски слики, како
што е например ова од убавите „Елегии за тебе“ на
Кочо Рацин:

Зошто по тебе дрвјата


и на дрвјата гранките
и на гранките лисјата
шумолат скришно таговно?

Ако сакаме да го истакнеме најценото што пре-


мина од народната песна во поезијата на нашите по-
ети, —- тоа е близоста до животот, простото и свежо
чувство, духот на народноста. Така треба да оди пра-

11
вилниот развој на нашата литература и понатаму. Но
нашите млади поети треба да знаат дека секаков чис-
то формален однос спрема народната поезија ќе ги
доведе дотаму, да го повторуваат она што е веќе
еднаш кажано. А такво подражавање се забележува
кај нашите почетници на литературното поле. Место
тоа, тие треба да ја изучат добро народната поезија,
да се запрат на самиот извор, и да разберат дека
за нив веќе не формата на народната поезија е нај-
важното, туку онаа вистинитост што избива од
зборот на нашиот народен певец.

Овој избор од народната македонска поезија има


една најпрва цел: да му ја открие на македонскиот
народ во целосна претстава убавината на оние песни
што тој ги пеел, да разбуди кај него љубов за нив
и свест за нивната вистинска вредност. Многу песни
збрани од бугарскиот поет Пенчо Славејков во „Кни-
га на песните“ се — македонски. Со нив се гордееја
други. Сега си ги присвова народот што ги испеал и
им го дава своето име. Тој народ треба да разбере
дека народ што создал такви прекрасни песни нема
да заостане во разгрнувањето на својата уметничка ли-
тература, нема да заостане во изградбата на целокупна-
та своја национална култура.

1945. Блаже КОНЕСКИ

12
ШТО МИ ГРАЧИШ,
ГАВРАНЕ МОРЕ
Што ми грачиш, гавране море, на каменот?
Али ти се, црно пиле море, месо јаде?
Ако ти се месо јаде,
та појди си во Косово,-
таму има благо месо,
благо месо од јунаци,
од јунаци бело лице!
Што ми грачиш, гавране море, на каменот?
Али ти се, црно пиле море, вода пие?
Ако ти се вода пие,
та појди си на рамно Косово;
таму има студна вода,
студна вода од јунаци,
од јунаци црни очи!

15
Во зандана Иво Црногорче,
на рамено пиле соколово:
очи точи вода да го пои,
лице груби рана да го рани.
„Расти, пиле, расти да порастеш,
ќе те пратам во мојте дворои“.
„Дејди Иво, Иво Црногорче,
и да појдам дворје не познавам".
„Мојте дворје сами бележити:
во дворои една бела чешма,
до чешмата едно суво дрво,
на дрвото до три кукаици.
Та што кука од утро на вечер,
таа ми е моја мила сестра,-.

16
та што кука од пладне на пладне,
таа ми е мојата невеста;
та што кука едно едностојно,
таа ми моја стара мајка“.

Што ми е роса, што ми е магла:


по кале, поле, по сино море?
Ни било роса, ни било магла,
туку ми било сирак Ѓорѓија,
сирак Ѓорѓија в црна зандана.
На рака држи пиле соколе,
пиленце пишти, раница сака.
Од раце сече, пиленце рани,
од очи точи, пиле напова.
„Јади ми, пиј ми, пиле соколе,
та ќе те пуштам на мој вилает,
на мој вилает, каде мајка ми;
та да ми видиш, што коа ми е,
да ли е лето или е зима?

17
Ако е зима во коложега,
да ми донесеш грутка снегова;
ако е пролет каде Ѓурѓовден,
да ми донесеш киска гороцвет;
ако е лето каде Петровден,
да ми донесеш три класје житни,
три класје житни, бела пченица“.
Та ми е ошло пиле соколе.
Не било зима во коложега,
не било пролет каде Ѓурѓовден,
тук било лето каде Петровден:
та му занесе три класје житни,
три класје житни, бела пченица.

18
Двајца браќа во зандана,
еден Петре други Павле.
Малечки се затворени,
големи ми пораснале:
бели бради до појасот,
руси коси до рамења.
Ми поминал синџирџија,
проговара еден од нив,
еден од нив помалиот:
„Синџирџија, брат да си ни,
ајде пушти еден од нас,
еден од нас помалиот,
да видиме кој е заман
да видиме лето ли е,

19
Лето ли е, зима ли е,
пролет ли е, есен ли е?
Ако си е пусто лето,
да видиме клас пченица,
да каснеме, да пукнеме;
ако си е пуста есен,
да видиме гровче грозје,
да каснеме, да пукнеме;
ако си е пуста зима,
да пивнеме од лед вода,
да пивнеме, да пукнеме;
ако си е пуста пролет,
да скинеме росно цвеќе,
да скинеме, да пукнеме“.
Синџирџија молба почу
и го пушти помал Павле
да прошета од зандана.
Ми излегол, ми прошетал,
ми го нашол негов татко,
си продава имањето,
да откупи двата сина,
двата сина од зандана.
Ми отишол поонака,
ми ја нашол негва мајка,
си продава голем гердан,
да откупи двата сина,
два си сина од зандана.
Ми отишол поонака,

20
ми ја нашол негва жена,
си продава машки деца,
да откупи двата брата,
двата брата од зандана.
Ми отишол поонака,
ми ја нашол негва сестра,
си продава бело руво,
да откупи двата брата,
двата брата од зандана.
Па се вратил пак тој назад
и му вели на брата си:
„Дејди Петре, брат поголем,
што излегов, не излегол!
Си го најдов мојот татко,
мојот татко, мојте луѓе,
си продават имањето,
да откупат нас два брата,
нас два брата од зандана!“

21
Што ми белее в онаа страна?
Ил е бел облак ил бела магла
или е овчар со рудо стадо?
Ни е бел облак ни бела магла
ни пак ми било овчар со овци,
туку ми било болесни Стојан.
Што ми долета пиле соколе,
што му донесе до три понади:
во уста носи студена вода,
под десно крило пресно јаболко,
а в лево крило суво гројзенце.
Му одговори болесни Стојан:
„Да ај ти тебе, пиле соколче,
што добро ли ме ти паметуеш“?

22
„Да ај ти тебе, болен Стојане,
добро ти тебе јас паметувам:
кога врвеше силната војска,
кога гореше силниот огон,
ми ги подгоре ситниве крилја,
кој си помина, се ме замина,
ти ми извади од седло нога
и ме откина од силен огон.
Тоа ти добро јас паметувам“.

уто се дете налути,


Л
метна си пушка, на рамо,
турило февче на око,
појде си в гора зелена,
најде си сура елена,
кај пасе трева зелена,
кај пие вода студена;
пиеше вода студена
на студените извори.
Луто се дете измами,
сметна си пушка од рамо,
кладе си чаркот на око,
та што ми лепо намери,
да удри сура елена.

23
Та што ми праот не удри,
не удри сура елена,
удри си нога десница.
Тога ми сура збореше:
„Ај море дете малечко,
не тргај пушка на мене!
Јас не сум сура елена,
туку бев твоја дружина!
Ај гиди дете малечко!
Бргу врати се дома ти,
лекарче да ти побарат,
лекарче, млада момиче
од дватринајсет години!“
Како му сура поела,
така си дете почуло.
На патна врата клукаше,
клукаше ем си викаше:
„Отвори врата, мајко ле!“
Стара му мајка отвори
и што му нему говори:
„Каде ми шеташ, синко ле?“
„Не зборуј, мајко, не прашај!
Шетав низ гора зелена,
најдов си сура елена:
пасеше трева зелена,
пиеше вода студена
на студените извори.
Мошне се, мајко, измамив, —

24
сметнав си пушка од рамо,
да удрам сура елена.
Не удрив сура елена,
удрив си нога десница!
Сура ми мене збореше:
ти да ми бараш лекарчс,
лекарче, младо момиче
од дватринајсет години:
белки ќе нога излеквит!“

Чума бие горното маало,


што отепа еден син у мајка.
Од жал мајка во двор го закопа.
Секо утро: Синко, добро утро!
Сека вечер: Синко, добро вечер!
Арна ти е земјена одаја?
Тешка ли е плоча мраморлија?
Од жалои земја проговори:
„Арна ми е, мајко, и не толку.
Не е тешка плоча мраморлија,
тешки ми се момини гревои:
три години, мајко, се љубевме,
се љубевме, а не се зедовме“.

25
С онцето оди, заоѓа,
девојка душа береше
меѓу две гори зелени,
меѓу двеј води студени.
Никој крај неа немаше,
вишен е господ над неа,
црна е земја под неа,
станоит камен под глава,
под камен змија лутица.
Змија си бога молеше:
„Умри ја, боже!, девојка,
гнездо в коса и да правам,
од лице месо да јадам,
од очи вода да пијам!“

26
Како ми бога молеше,
така ѝ господ поможа:
ми умре млада девојка.
В коси и гнездо направи,
од лице месо јадеше,
од очи вода пиеше.

Болно ми легнало Русо Граматчето,


болен лежи Русо до девет години,
што искина Русо до девет постели,
до девет постели, десетто подзглавје.
Русо мајка вели: „Русо мили синко,
што грев си сторило, што олку ми лежиш?“
„Дел ме прашаш, мајко, право ќе ти кажам
кога се женеше Јанкула војвода,
кога ја земаше Марија девојка,
ние бевме, мајко, китени сватои,
китени сватои село Мариино.
Кога си влеговме в црква на венчање,
секи коња врза за гранка маслинка,
а јас коња врзав за момини кивур.

27
Коњот беше, мајко, многу аџамија,
коњот се затресе, кивур се откорна,
што се виде, мајко, моминото лице.
И јас се наведов, лице го избришав,
лице го избришав, лице го целивав“.
„Колку си лежало, уште толку лежи,
дур да се раскостиш ти коски од коски!
Низ твоите коски трева да изникне,
низ тревата, синко, змии да пролазат!“

рОо ми играле триста самовили


на врв на планина, на рамна рудина,
на бакарно гумно, на олоен стежер.
Оро ми играле, мефтера немале,
мефтера дочуле дури Овчко Поле,
во Свето Николе Стојан мефтерџија.
„Кого да пуштиме мефтера да земе?
Ај да ја пуштиме Ѓурѓа самовила,
таа брго оди, таа брго иди,
туку е вдовица, да не го заљуби,
да не го заљуби, да не се забави!“
Бог да ја убие Ѓурѓа самовила,
глава се миеше, глава не се доми,
раце засукани, копци отпетлани,

28
глава нечешлана, така ми отишла.
Па се угодило на ден Велигден,
таму си го нашла Стојан на вечера,
први залак касна, Стојан ничкум падна.
Мајка го тажела, сестри го плачеле:
„Леле Стојан, леле, леле мило брате!
Лели ти велевме оро да не играш,
оро да не играш во триста девојки,
камен да не фрлаш во триста јунаци!“
Ѓурѓа го однесе на врв на планина.
„Свири, Стојан, свири!“
Стојан невесело, Стојан не ми свири.
Бог да ја убие Ѓурѓа самовила,
што ми го удрила по црните очи,
по црните очи с чатала камшика,
и што му подала сурли восокои.
Кога засвирело, гора заѕунело,
гора заѕунело, листот затрепетел:
„Ѓурѓо безгревнице, Ѓурѓо бездушнице!“

29
Млад Манула мост ми прави,
мост ми прави по Вардара,
дење прави, ноќе паѓа.
Се почуди што да чини.
Го допушти башта калфа,
да ја викне Манулица.
„Манулице, мајсторице,
ме допушти мојот мајстор,
мојот мајстор, твојот стопан,
и те вика по Вардара
как што знаеш бргу да дојш“.
„Ај ти, калфа, најбаш калфа,
да му кажеш на Манула,
да повијам машко дете,

30
и јас тога ќе си дојдам“.
Манулица мајсторица
машко дете повиваше,
лепа песна му пееше:
„Нани, нани; машко дете,
ми допуштил твојот татко,
твојот татко, мојот стопан,
и ме вика, по Вардара,
как што знаам бргу д'одам.
Ак ме вика за љубење
да облечам бела руба,
ак ме вика за губење
да облечам црна руба.
Ак ме вика за љубење,
мошне да се ти успиеш,
ак ме вика за губење,
бргу да се ти разбудиш“.
Манулица мајсторица
и си ојде во Вардара.
„Млад Мануле, мил стопане,
и ти мене што ме викаш?
Ак ме викаш за љубење,
да облечам бела руба,
ак ме викаш за губење,
да облечам црна руба“.
Млад Манула си ја фати
си ја фати Манулица,
си ја фати за раката,

31
ја заѕида во ѕидои,
во ѕидои, во мостои,
„Млад Мануле, мил стопане,
еле мене не ме жалаш?
Пожалај си машко дете,
ќе ме бара, ќе ме плаче“.
Малу време не постоа,
се разбуди машко дете.
Млада мајка си побара,
си дотрча до Вардара,
со жалање со плачење.
Си го фати и татко му,
си го зеде за раката,
и го кладе кај мајка му,
кај мајка му на градите,
ги заѕида во ѕидои,
во ѕидои во мостои.
Тога мостот се застои.

32
Од сон Ѓурѓа попленета,
попленил ја војводата,
војводата Дренополски.
Однел ми ја цару двори,
турил ми ја цару скути;
па се Ѓурѓа не разбуѓа.
Припојаа пауните,
пригукаа гулабите,
прилајаа загарите.
Тогај ми се разбудила.
На мајка си говореше:
„Леле, мале, стара мале!
Наша куќа паун нема,
паун нема, паун пее?

33
Гулаб нема, гулаб гука?‘‘
Изговара војводата:
„Не си, Ѓурѓо, крај мајка ти,
Туку си му цару скути.“
Изговара мома Ѓурѓа:
„Е војвода млад војвода:
ја подај ми рушко новче,
да расечам жолта дуња,
да расквасам танка уста!“
Измами се војводата,
подаде ѝ рушко новче, —
не пресече жолта дуња,
убоде се клето срце!
Салт еднашка изговори:
„Ти да знаеш, млад војвода,
ка се Ѓурѓа од сон краде!“

34
Облагала се Петкана
с помали девер Деана
да ожнеј нива голема.
Петкана свекор говори:
„Седи си; снао Петкано,
облага арна не си е!“
Петкана свекор не слуша,
задена дете во лулка,
па збодна фурка на појас,
ојде на нива голема,
во нива круша висока.
Врзала лулка за круша,
турила дете во лулка,
зажнала нива голема,

35
зажнала и ја ожнала
и ја е сама врзала,
девет крстини врзала.
Ошла Петкана до дома,
дигнала ведро на глава,
ошла си крава да молзе.
Рикнала крава Белана,
Петкана луто проклела:
„Краво ле, краво Белано,
камо ти, краво, телето,
како ќе млеко да молзам?“
„Те ми на мене телето,
кам ти на тебе детето?“
Тога Петкана текнало,
оти и нема детето.
Бирден Петкана оправи
по тие патје крстати,
па ошла поле широко,
до два ми волка сретнала
и ги Петкана прашала:
„Еј вие сури два волка,
минавте поле широко,
кај таа нива голема,
во нива круша висока,
до круша лулка врзана,
чувте ли дете да плаче?“
Волци и велат говорат:
„Минавме поле широко,

36
кај таа нива голема,
во нива круша висока,
за круша лулка врзана,
во лулка дете плачеше. “
Ошла Петкана дотаму,
не нашла дете во лулка.

Попитал Стојан бела Бојана


Стојан ја пита, брат ја не дава;
Стојан бекрија, лудоделија:
„Отруј брата ти, бела Бојано,
отруј брата ти, земи ме мене!“
„Отруло би го, Стојане море,
отруло би го, немам со ошто.“
„Јас да ти кажам, бела Бојано,
ајде појди си од осој в осој,
ти да фати си две лути змии,
една осојна, друга присојна,
да преврзи ги со зелен гајтан,
да префрли ги на зелен јавор:
јавор ќе цути, јадот ќе капи;

37
да си начекаш во зелен филџан,
да да, му дадеш да се напие“.
Па ми отишла од осој в осој
и си фатила две лути змии,
ги преврзала со зелен гајтан,
ги префрлила на зелен јавор,
јавор ми цутел, јадот ми капел;
го начекала во зелен филџан.
Брату подава да се напие:
„Напи се брате лута ракија!“
„Напи се, сестро, ти си постара!“
„Напи се, брате, господ е постар! “
Колку се напи од коња падна,
од коња падна, на нож се удре,
на нож се удре, и часот умре.

38
Ѓорѓи ле, Ѓорѓи грозниче
Имала мајка имала
девет ми сина левенти
и девет снаи невенки
и девет машки дечиња,
десетто Ѓорѓи грозниче.
Мајка му вели говори:
„Ѓорѓи ле, Ѓорѓи грозниче,
мани се Ѓорѓи оттука,
да не ми грозиш дворои,
да не ми грубиш синои
и девет снаи невенки
и девет машки дечиња!“
Ѓорѓи ѝ вели говори:

39
„Мале ле, стара мајчице,
каде ќе, мале, да идам,
како сум уште малечок
и патиштата не знаам?“
Мајка му вели говори:
„Иди си, Ѓорѓи, во гора,
ѕверои да те изедат,
ѕверои уште врагои!“
Ѓорѓи и вели говори:
„Збери ми, мале, дреите,
перено и неперено
и ново мале, и ветво,
крпено и некрпено.
Јас ќе се манам оттука,
да не ти грозам дворои,
да не ти грубам синои
и девет снаи невенки,
и тие дребни дечиња.
Јас од двор кога излезам,
чума во двори да влезе,
да ти умори, умори
девет ти сина левенти
и девет снаи невенки
и тие дребни дечиња
и за мене каил да станеш!“
Ѓорѓи од дворје излезе,
не ојде в гора зелена,
ѕверои да го изедат,

40
ѕверои, уште врагои,
тук ојде поле широко.
Таму ми Ѓорѓи спечалил
илјада петстотин гроша,
педесет вакли овнои,
па сака дома да иде
стара си мајка да види.
Ојде си Ѓорѓи дворои,
а клета мајка му кука,
кука како кукавица.
И на мајка си говори:
Он не ја рече: „Мајко ле!“
туку ја рече: „Бабо ле,
што кукаш жално, што плачеш,
има ли место за мене,
за мојте вакли овнои?“
Баба му вели говори:
„Мини си, мини, туѓ јунак,
имаме место широко,
имаме двори широки.
Јас имав до девет сина,
и девет снаи невенки,
и девет малки дечиња,
десетто Ѓорѓи грозниче.
Сама си Ѓорѓи испадив,
ѕверои да го изедат,
ѕверои уште врагои,
ама сега и за него

41
мајка е каил паднала.
Кога он од двор излезе,
чума во двори ми влезе,
та ми умори, умори
девет ми сина левенти,
девет ми снаи невенки
и девет малки дечиња“.
Тогај се Ѓорѓи покажал:
„Јас сум ти Ѓорѓи грозниче
твоето дете десетто!“
Тогај се мајка сетила,
оти е дете падила,
десетто дете грозниче,
и е за Ѓорѓи грозниче
после си каил станала.

42
Карала Мара свекрва
од вечер, Мара, до утро.
Тргала Мара, тргала
токму за девет години.
Една си вечер забегна
по солунските овчари;
машко си дете остави
и Стојана си стопана.
Девет години стојала,
спечали Мара, спечали:
девет гердани сковала;
сурија овци спечали,
ергеле коњи с коњара.
И тамо ѝ се здодеа.

43
Веќе се Маре дожале
за машко дете нејзино
и за Стојана стопана.
На поле овци потера,
ергеле коњи поведе,
натури Мара; натури
во Стојанови ограѓе,
коњите пушти в ливаѓе.
Излезе Стојан — се кара:
„Овчаре, море овчаре!
Не ми затирај ограѓе,
и не ми паси ливаѓе!“
Таа си него опита:
„Стојане, море Стојане!
Јас ќе те нешто опитам:
Али е жива мајка ти?!
Али е живо детето,
што ти од Мара остана?!“
„Овчаре, море, овчаре!
Мене ми мајка умрело
уште првата, година
кога ми Мара побегна;
машко ми дете порасло,
сега сум мома свршило,
в недела свадба ќе правам!“
„Е гиди, море Стојане!
Ал имаш гумно широко,
овците да ги затворам?

44
И јас ќе дојдам на свадба!“
Кога ми Мара отиде,
Стојану си му велеше:
„Стојане, море Стојане!
Влези си в коњи ергеле,
одбери коњи за сватој,
за зета коња дорија.“
Влезе си Мара во стадо,
си одбра овни калеши,
за свадба му ги поклони.
Пособра Стојан сватои
и си донесе невеста.
Тогај си Мара станала,
машко си дете прегрна,
прегрна и го целива;
невеста си ја пречека,
девет гердани поклони,
десетти гердан, карагрош.
Тогај му Мара велеше:
„Стојане, море Стојане!
Та јас не си сум овчарот,
тук сум ти Мара стопанка.“

45
Јанко ле, банко убава!
Нишна се блага јаболка,
удари бегот у сарај,
излетна пиле од сарај,
на крилја ферман изнесе
и на ферманот пишано:
„Што е до седум години,
секи на војска да иде:
кој има сина да прати,
кој има чичо да прати,
кој има вујко да прати,“
Јанко си нема ни сина,
Јанко си нема ни чича,
Јанко си нема ни вујко,

46
тој има до девет ќерки,
најмалата е Тодора.
Тодора итра, разумна,
на татко вели говори:
„Иди си, тате, на пазар,
купи ми коња ранена,
ранена коња седлана,
купи ми руво низамско,
купи ми пушка далјанка,
купи ми сабја огњанка,
збери ми верна дружина,
се таткова ми роднина,
јас ќе си идам на војска!“
Ошол татко и на пазар,
купил и коња ранена,
ранена коња седлана,
купи и руво низамско,
купи и пушка далјанка,
купи и сабја огњаика,
собра и верна дружина,
се таткова и роднина,
ојде Тодора на војска.
Кога ојдоа кај царот,
наѕрнала ми царица,
и скоро се поврнала,
на царот вели говори:
„Царе ле, царе везире,
во војска имаш девојче,

47
дали ќе да го познаеш?“
Наѕрна царот прегледа,
не може да го познае.
Царот и вели говори:
„Оти ме мене излага?
Во војска немам девојче! “
Царица вели говори:
„Царе ле, царе везире,
ја ги одведи во бавча,
сите ќе ќитки да берат,
сите по една ќе скинат;
тоа што си е девојче,
тоа ќе скине две ќитки:
една на глава ќе качи,
друга на појас ќе затне.“
Па ги одведе во бавча.
Сите скинале по ќитка,
Тодора итра, разумна
и таа една скинала.
Не можел да ја познае.
Царица вели говори:
„Царе ле, царе везире,
ја ги одведи на пазар,
тоа што си е ергенче,
ќе да си купи тамбурче,
тоа што си е девојче,
ќе купи фурка, вретенче.
Сите ќе дрнкат, ќе пеат,

48
Мома ќе преде, ќе пее.“
Па ги одведе на пазар.
Сите купиле тамбури,
Тодора итра, разумна
и таа купи тамбура.
Сите си дрнкат и пеат
и таа дрнка и пее.
Не можел да ја познае.
Царица вели говори:
„Одведи војска во поле,
таму ќе камен да фрлат;
тоа што си е ергенче,
пет сажни напред ќе фрли,
тоа што си е девојче,
пет сажни назад ќе фрли.“
Па ги одведе во поле.
Сите си камен фрлале,
Тодора итра, разумна
и таа камен фрлила,
пет сажни напред фрлила.
Царот и вели говори:
„Оти ме мене излага?
Во војска немам девојче!"
Па си служила три годин.
Дојде ми време за дома.
Сите ми коња чешале,
чешале коња седлале,
седлале и па свиреле;

49
Тодора коња чешаше,
чешаше, коња седлаше,
лепа си песна пееше.
Тогај ми царот е познал
оти имало девојче.
Јанко ле, банко убава!

Изникнала јаболкница:
на две гранки, две јаболки;
на треќата славеј пее:
„Бегај, бегај, старо Југро,
старо Југро, чудовиште,
со две деца сирачиња,
каде иде турска војска,
Турци земја ќе попленат!“
Уште речта не изрече,
исполнија клети Турци,
клети Турци, Арнаути!
Што е старо погубиле,
што е младо поробиле!
Заплениле тенка Јанка,

50
тенка јанка и јанкула.
Јанко ми го однесоа,
дека сонце што изгрева;
па Јанка ја однесоа,
дека сонце што заоѓа.
Па раснале, пораснале;
Јана, мома за давање;
Јанко, момче за женење.
Тува стана млади Јанко,
ујана си врана коња,
од град на град лико тражи.
Па отиде на далеку,
дека сонце што заоѓа.
Таму најде тенка Јана,
бендиса ја и ја зеде.
Водија се три години,
па имаа машко дете;
не е дете, како дете
туку им е лута змија.
Киниса си млади Јанко,
ќе си иде на нов пазар,
на нов пазар на панаѓур,
и на Јана говореше:
„Кажи, Јано, што да купам?
Да ли чоа, ил кадифе?
Она му се многу моли:
„Леле, Јанко, првно љубно!
Ни ќум чоа ни кадифе,

51
да ми купиш робинчица,
да ми чува машко дете,
да ми мете рамни двори;
ни ќум стара, ни ќум млада
средна жена за работа."
Ојде Јанко на нов пазар,
на нов пазар, на панаѓур,
па и купи робинчица,
па у дома ја доведе.
Учини се два дни, три дни.
Јана готви сладок ручок,
робина и дете лула,
ем го лула ем му пее:
„Нани, нани, машко дете,
и од сина и од ќерка,
и на баба мило внуче!“
Па седнале да си ручат.
Изговара млади Јанко:
„Робинчице, стара мајко!
Сакам нешто да те прашам,
сакам право да ми кажеш:
дали имаш нешто рода,
нешто рода и роднина?“
Робинчица говореше:
„Леле, Јанко, мили синко!
Јас си немам нигде рода,
нигде рода ни роднина;
само имав две дечиња, —

52
едно момче и девојче,
едно Јанко, друга Јана.
Турци земја попленија,
пленија ми двете деца!“
„Робинчице, стара мајко,
дали ти се нишанлии?“
„Јана ми е бележена
на грлото под герданот,
Јанко ми е бележено
на главата под косата!“
Па се живи прегрнале,
па се мртви одгрнале! —
Они биле брат и сестра,
робинчица, стара мајка!

53
Д о три ми пушки пукнале,
тројца јунаци паднале,
три мајки се расплакале,
Стојановата најпојќе:
ката ден црква одеше,
на гробот му се враќаше,
по една свеќа палеше,
лепа му песна пееше:
„Стани ми, сине Стојане,
Стојане, синко, млад Стојан!
Кому остави невеста
со седум осум сираци,
со мајка ти деветина?“
Што одговори млад Стојан:

54
„Не можам, мајче, да станам,
белата плоча над мене,
црната земја под мене,
лутите змии на мене,
пијат ми црните очи,
јадат ми белото месо!“

Девојка си црни очи колне:


„Црни очи, да би не гледале,
се гледавте, денес не видовте:
поминале три синџири робје.
Први синџир се добри јунаци,
втори синџир калеши невести,
трети синџир убави девојки.
У јунаци мојот мили братец,
у невести моја мили снаа,
у девојки моја мила сестра.

55
Мома Ерина, скоро робена,
скоро робена, непотурчена,
милно се моли брату Николу:
„Ај гиди, брате, брате Никола!
Та откупи ме од турски раце,
та тие много не ти сакаат,
чашана злато, пол чаша бисер“.
„Ај гиди сестро, сестро Ерино!
Та ја не можам да те откупам;
јас да си имам чашана злато,
би ми носило љуба на грло,
љуба на грло, ќерка на чело,
ќерка на чело, дете на капа!“
Мома Ерина луто проколна:

56
„Ај гиди брате, брате Никола!
Твојата љуба Турци носиле;
твојата ќерка турска робиња;
твоето дете турско сеисче!“
Како проколна мома Ерина,
та така му се клетви фатија:
та сите му се све потурчија.

Стојане море Стојане!


Чуло се Стојан загинал,
та не е Стојан загинал
туку е Стојан затворен
во Дренополски апсани.
Зарана Стојан порача:
„Ка може мајка да може
да ми испрати Калина,
Калина добра невеста
со машко дете Дојчинче;
да ми допрати премена,
и да ми прати кавала.“
Дочула го е мајка му,
испратила му Калина,

57
Калина добра невеста,
со машко дете Дојчинче;
испратила му премена,
испратила му кавала.
Кога си дојде Калина
и ја видоа Турците
со машко дете Дојчинче,
Турци си турски думале:
„Стојане, море Стојане,
ајде ни остај Калина,
просто да ти е кабает!“
Стојан на Турци говори:
„Девет сум годин лежало
и уште девет ќе лежам,
па си Калина не давам,
Калина добра невеста
со машко дете Дојчинче!“

58
Товарил е Димо девет ми товара,
девет ми товара сè туџарска стока,
да си оди Димо на Колица града,
на Колица града на нова пазара.
Кинисал си Димо низ пусти дервени,
да си нашол Димо глава пресечена,
глава пресечена и на пат фрлена.
Да му вели глава, вели ем говори:
„Еј бре Димо, Димо, Димо кираџија,
дека ќ'одиш Димо низ пусти дервени?“
„Еј бре главо, главо, главо пресечена,
главо пресечена и на пат фрлена!
Јас ќе одам, главо, на Колица града,
на Колица града, на нова пазара.“

59
„Ка ќе одиш, Димо, на Колица града,
на Колица града, на нова пазара,
да и кажеш,Димо, на мојата мајка,
— ние бевме, Димо, деветина браќа,
сите не исклаа, сите не избија“.
„Еј бре главо, главо, главо пресечена,
главо пресечена и на пат фрлена,
јас не ја познавам та твојата мајка“.
„Еј бре Димо, Димо, Димо кираџија,
наште куќи, Димо, сами се познават.
Ѕидовите ни се сѐ карагрошеви,
а портите ни се сѐ алтан варакли".

60
Никола вика низ гора:
— Сестро ле Јано, сестро ле,
скоро ти дома да идеш,
тражат ни глава за глава,
јас немам глава за глава,
моја ќе глава да иде.
Јана говори брату си:
— Молчи, Никола, не плачи,
јас имам до девет сина,
а десеттиот Илија,
Илија младо козарче;
сите ќе вечер да дојдат,
сите ќе редум да седнат,
сите ги редум погледај,

61
кому се веќе нагледаш,
он ќе за тебе да иде.
Сите ми вечер надошле,
сите ги редум погледа,
на Илија се нагледа,
Илија младо козарче.
Смислиле да го излажат,
татко му вели говори:
— Илијо синко Илијо,
вујко те кани на свадба,
на вујна девер да бидеш,
вујна за рака да водиш,
тио по тио да збориш,
лекум по лекум да одиш. —
Браќа му седло седлаа,
седлаа и па плачеа;
снаи му поклон месеа,
месеа и па плачеа;
сестри му перчик чешлаа,
чешлаа и па плачеа;
мајка му руба тражеше,
тражеше и па плачеше;
татко го тио учеше,
учеше и па плачеше:
— Илијо, синко Илијо,
таму се Турци сватови,
не терај коња наеро,
не фрлај пушка оддалек,

62
не викај тенко високо. —
Илија татко не слуша,
потера коња наеро,
усфрла пушка оддалек,
узвикна тенко високо,
чуле го Турци сватови,
чуле го и го фанале.
Илија на ум думаше:
— Арно ме татко учеше,
ама јас него не слушав!
Да не се, вујчо, ожениш,
да не и вујне поведеш,
на каква свадба ме викаш
Турци му глава узеле.

63
Кучишта лаат, брато Митано,
кучишта лаат, лоши луѓе идат.
Скривај се, скривај, брато Митано,
скривај се, скривај, во црна земја,
во црна земја, во сребрен ковчег.
Да се скријал е брат и Митано,
да се скријал е во црна земја,
во црна земја, во сребрен ковчег.
Да си дојделе тие лоши луѓе,
да ја прашаат мома Елена,
аман, аман, аман, мома Елена:
„Кажи го, кажи, моме Елено,
кажи го, кажи, дека е брат ти“.
„Јас не го знаам, еј бре лоши луѓе.

64
јас не го знам дека е брат ми“.
„Ак не го кажеш, моме Елено,
ак не го кажеш дека е брат ти,
ќе ти извртиме двете ти очи,
аман, аман, аман, двете ти очи“.
Да ги земале, да г' извртеле,
да г’ извртеле двете и очи.
„Кажи го, кажи, моме Елено,
кажи го, кажи, дека е брат ти,
аман, аман, аман, дека е брат ти“.
„Јас не го знаам, еј бре лоши луѓе,
јас не го знаам дека е брат ми,
аман, аман, аман, дека е брат ми“.
„Ак не го кажеш, моме Елено,
ако не го кажеш дека е брат ти,
ќе ти отсечеме двете ти раце,
аман, аман, аман, двете ти раце“.
„Јас не го знаам, еј бре лоши луѓе,
јас не го знаам дека е брат ми“!
Да и земале, да и сечеле,
да и сечеле двете и раце,
аман, аман, аман, двете и раце.
„Кажи го, кажи, моме Елено,
кажи го, кажи, дека е брат ти.
Ак не го кажеш, моме Елено,
ак не го кажеш дека е брат ти,
ке ти исечеме двете ти нозе,
аман, аман, аман, двете ти нозе“.

65
Да ги исекле двете ѝ нозе,
па не го кажа дека е брат ѝ.
Да си отишле тие лоши луѓе,
да си отишле во црна земја,
и си го нашле брат и Митано,
во црна земја, во сребрен ковчег.
Да го фатиле брат и Митано,
да го врзале во сребрен синџир.
Да го земале тие лоши луѓе,
да го носиле во пуста гора.
Да си викнала мома Елена,
да си викнала да си го плаче:
„Ах ка немам очи, брато Митано,
ах ка немам очи да те изгледам.
Ах ка немам раце, брато Митано,
ах ка немам раце да те прегрнам,
аман, аман, аман, да те прегрнам.
Ах ка немам нозе, брато Митано,
ах ка немам нозе да те испратам,
аман, аман, аман, да те испратам“.

66
АРАМИЈА КУЌА НЕМА
А рамија куќа нема;
куќа му е планината.
Арамија татко нема;
татко му е танка пушка.
Арамија мајка нема;
мајка му е остра сабја.
Арамија браќа нема;
браќа му се чифт пиштоли.
Арамија сестра нема;
сестри му се везмињата.
Арамија жена нема;
жена му е мрка гуна.
Оф, оф, арамија ми велеше:
„Трновице, мори подзглавнице

69
Каменице мори постелице!
Шуменице, мори јорганице!“
Арамија е колнато,
е колнато од мајка си,
уште дете малечкаво,
кога било во лелејка.
Љуто било и проклето,
тога мајка го колнала:
„Ај ти дете малечкаво!
Да си растеш, да порастеш,
а ти куќа да н’ отвориш,
твојте куќи планињето,
и там мекан да не фатиш!
Пиле мекан да направи,
а ти место да не најдеш! “
Како мајка го колнала,
така клетва го фатила;
шета јунак во гората,
во гората-планината,
ми шетало, прошетало,
сите гори ишетало,
зафатило орманите.
Ми излегол од гората,
ми натурил рудината,
Тука место не бендиса;
легна јунак да преспие.
Лош сон јунак ми видело:
што ми дојде лута змија,

70
сака јунак да укаса!
Се уплашил сирак јунак,
се уплашил, се разбудил.
Тога јунак си говори:
„Ај планино, татковино!
И овде ми дар не било! “
Сегде јунак ми ишетал,
нигде место не зафатил.

Ој Стојане, бре Сгојане!


Да ли знаеш паметуеш,
кога беше скапијата,
скапијата, гладијата:
кило жито ока сребро,
ока брашно цел карагрош
Стојан има девет деца,
девет деца сите машки.
Пара нема половница,
да си рани девет деца,
девет деца сите машки.
Сестра има бела Проја,
пребогата со сточица,,
стока има бела пчејнца,

71
пченичица пет амбари.
Што отиде сиромашец
сестре и се помолуе:
„Дај ми, сестро, кутел жито
ели, сестро, шиник просо,
да изранам девет деца,
девет деца — твојте мнуци“.
„Ој Стојане, мили брате!
Ај појди си на друмои,
пречекај си силен карван,
силен карван триста маски,
да измери бела пчејнца,
од ошто ќе да престане,
јас од тоа ќе ти дадам“.
Си отиде сиромашец,
си пречека силен карван,
силен карван пусти маски,
ги доведе в рамни дворје,
си товари бела, пчејнца,
та испрати кираџии.
„Ејди брате, бре Стојане!
не престана едно зрно“.
Зеде вреќа на рамена,
си отиде на Ситница,
си наполни дробна песок,
си донесе своја куќа.
Го видоа девет деца,
затрчаа при татка си,

72
деца гладни, голи, боси,
да им даде пченичица.
Им истури дробна песок,
как зобаа, так треснаа.
Им ископа еден гробец,
си закопа девет деца.
Пушка зеде на рамена,
си излезе арамија.

Стојане, сину Стојане!


Јас мислам да те оженам,
куќата да ти отворам,
невеста да ти, сину, донесам!“
„Ти мислиш да ме ожениш,
куќата да ми отвориш,
невеста да ми донесеш.
Јас мислам да те продадам,
на нови пазар дорјански,
на тие жолти евреи,
за таа коња чапкуна,
за тоа седло сребрено,
за таа узда позлаќна,
млад арамија, мајко, да бидам

73
низ Дорјанската планина.
Мајка го тогај проколна,
Стојана луто проколна:
„Стојане, сину Отојане,
ако ме, сину, продадеш,
нигде ставјало да немаш,
од јаже да не куртулиш,
душата да, ти, сину, излезе
на таа ќемер ќуприја!“
Стојан си мајка продаде,
на нови пазар дорјански,
на тие жолти евреи
за таа коња чапкуна,
за тоа седло сребрено,
за тоа узда позлаќна.
Како го мајка колнеше,
така го клетва стасало:
вторник ја Стојан продаде,
во среда коња обружа,
четврток гора испадна,
петокот ми го фанале
сејмени млади неверни,
бели му раце врзале,
Дорјан го, желно, донеле.
„Сејмени, до два невени,
јас ви се молба вам молам,
вие ме мене водете
низ еврејското маало,

74
имам си мајка робинка“.
Стојана ми го пренеле
низ еврејското маало.
Стојан се малце провикна:
„Излези, мајко, да видиш,
сега се Стојан ожени:
кумови — две белегзии,
невеста —танка ортома,
мајка е — ќемер ќуприја!“

Дека се чуло видело,


мома војвода; да биде
на седумдесет сејмени,
на тие гори зелени,
на тие води студени?
Дружина свидно не падна
дека е мома војвода.
Мома ми вели говори:
„Тоа со лудба не бива,
тоа со срдба не бива!
Земете прстен од рака,
врзете прстен на бука,
фрлајте редум на нишан:
кој ќе го удри прстенот

75
тој ќе си биде војвода
и мене ќе ме ќердоса".
Сите фрлија со редум,
никој ми прстен не удри.
Мома си вели говори:
„Подај ми, чауш, пушката!“
Пушката пукна од рака,
падна ми прстен од бука.
Пак мома вели говори:
„Земете камен фрлајте,
кој ќе ме мене натфрли,
тој мене ќе ме ќердоса.
Тој млад војвода да биде“.
Сите ми редум фрлија,
никој с камен не натфрли,
кога ми мома фрлила,
десет чекори по таму.
И седумдесет дружина
одбраа Сирма војвода.

76
На душа ти било, нане, воденички камен!
Та зашто ме даде, нане, н' она лудо младо,
н' она лудо кесеџивче, горско арамивче.
Ноќе му се, мила нане, порти отворени,
дење му се, мила нане, порти затворени.
Ката ноќ ми носи, нане, крвава кошула.
во кошула, мила нане, од јунаци глави.
Што ми е донесло, нане, рано од утрина,
ми донесло, мила нане, од јунака рака,
а на прстот, мила нане, бурма позлаќена.
Как да си ја, мила нане, рака припознаив,
как да беше, мила нане, од мој мили братец,
од мој мили братец, нане, брата Костадина.

77
Извика Стојан извика
од високата планина:
„Чујте ме, браќа селани:
мене ме фатија ајдути,
стадото ми го пленија“.
Ајдути што му велеа:
„Не плачи, Стојан, не плачи
не ќе те тебе колиме,
ние ќе тебе жениме
за една лична невеста,
за високана јасика:
свраки, гаврани сватои,
сурине орли кумои“.

78
Откако гора никнала,
никако човек не минал
од тие клети ајдути.
Минаа, китни сватои
со убавина невеста.
Ми излегоа ајдути,
ми разбегале сватои,
остана млада невеста
со помалото деверче.
Невеста што му велеше:
„Деверче, брате најмало,
дал можеш сабја да вртиш,
дал можеш пушка да тргаш?“
„Невесто калеш убава,

79
не можам сабја да вртам,
не можам пушка да тргам“.
Ми го пресекле деверче,
ја поплениле невеста.

Заплакала ми гората,
гората и планината,
и од гората дрвјето,
и од дрвјето лисјето,
и од гнездата пилците,
и од земјата тревата,
од кладенците воѓето —
заради Инџе војвода:
„Камо си, Инџе, да дојдеш?
Ајдуци гора с' исполна,
ајдуци оган дадоа
гората ја изгорија,
пилци од гора избегле!“
Тога се Инџе изгласи

80
низ таа гора зелена:
„Потрај ми, горо зелено,
ете го Инџе кај иде,
с' ајдуци!ќе се обиде:
првото срце го нема.
Кога трандафил цутеше,
секој му душа љубеше;
кога трандафил капеше,
никој му мишки нејќешс.
Потрај ми, горо, не плачи,
ете го Инџе кај иде,
ајдуци ќе ги испади!“
Ајдуци гласот му чуја,
еден пред други бегаа,
еденздруг не се видоа.
Тога се гора зарадва
и од гората дрвјето,
и од дрвјето лисјето,
и од гнездата пилците,
и од земјата тревата,
од кладенците воѓето.

81
Абре Митре, чауш Митре,
чауш Митре, буљук баши!
Пие, јаде чауш Митре
в Лагадинско рамно поле,
во бегличката корија.
Там дек пие, дека јаде,
добар аинк дека чине,
долета му бела книга,
бела книга, црно писмо
од солунски силен паша
и од воденски војвода;
и од енички кадија:
„Што да чине чауш Митре,
да развие црвен бајрак,

82
црвен бајрак арамиски,
да собере сѐ дружина,
се дружина свој момчиња,
да си појде в честа гора,
да си гони арамии,
арамии низ гората,
кесеџии по полето." —
Нито стои чауш Митре,
нито стои, нито гледа,
та си разви црвен бајрак,
та си собра се дружина,
се дружина свој момчина,
та си појде в честа гора,
в честа гора в стари Кожув.
Там настанал арамија,
стар Балабан, стар ајдутин,
сосе сина му Јанкула.
Син му оди с триста души.
Криејќи се по зад шумка
по зад шумка, по зад дренка,
дочу свират карадузен:
ми си свири стар Балабан,
син Јанкула танец води,
танец води со ајдути,
Та ги зеде на пусија:
кога тргна танка пушка,
си го удри стар Балабан
в десна рака, в клето срце,

83
sвиeејќи карадузен.
Други удри син Јанкула
што водеше дробно оро.
Та ги фати друзи живи,
та ги носи в град Солуна,
да му играт дробно оро
на силнего в Солун паша,
дробно оро во синџирот.

На планина до два снега,


под планина два извора,
под извори ладна сенка,
под сенката јунак лежи
с куршум удрен в половина.
Два сокола над глава му,
коњот врзан за елвата,
коњот 'ржит, не се држит:
„Стани, стани а стопане,
фрли нога в узенгија!
Твоја мајка жалоита,
тук те бара дење, ноќе
од меана на меана,
со јарани пријатели,
како адет што имаше“.

84
В ита се гора, гора развила,
и тревата ми раззеленела
и дрвјата ми се расцутиле,
сал едно дрвце не се расцуте.
Под дрво лежи јунак наранет,
на дрвце стои црна орлица
и на јунака тио говори:
„Умри си, умри, ти ранет јунак,
да ти испијам црните очи,
да ти исклуам белото лице!“
Тио говори тој ранет јунак:
„Мани се, мани, црна орлице,
да не си земам кусата, пушка,
ќе ти застрелам клетото срце!“

85
А орлица му тогај прозбори:
„Јас не сум дошла да ти испијам,
да ти испијам црните очи;
јас не сум дошла да ти исклуам,
да ти исклуам белото лице:
мен ме испрати твојот војвода,
лек да донесам, да те лекуам“.

Пушка пукна во гора зелена,


та удари тове добар јунак!
Јунак падна бајракот не падна.
Проговара тове добар јунак:
„Еј дружина добра и собрана
земете ме на две танки пушки,
носете ме горе на планина,
со калачки гроб ми ископајте,
побијте ми тоа бојно копје,
врзете ми таа добра коња,
па нек писка ем нека ми виска!
Ќе да чуе мојот стари татко,
ќе да чуе ем ќе да ми дојде.
Еј ти коњо, таа добра коњо,

86
дигај глава више во небеса,
та не давај татко да те фане!
Он ќе скапо да ми те продаде,
мене неќе он да ме спомена!
Ќе дочуе мојот мили браток,
ќе дочуе ем ќе да ми дојде.
Еј ти коњо, таа добра коњо,
дигај глава више во небеса,
та не давај браток да те фане!
Он ќе многу тешко да товара,
мене неќе он да ме спомена!
Ќе да чуе моја стара мајка,
ќе да чуе ем па ќе да дојде.
Еј ти коњо, таа добра коњо,
снижи глава ниско до земјата,
она тебе нека да те фане,
она тебе многу ќе те чува,
она сено тебе ќе те рани,
она вода тебе ќе ти пои,
она мене ќе ме споменуе!“

87
Болен лежи Шико капиданот,
болен лежи Шико, ќе да умре.
„Шико, Шико капидане!
Ти да видиш чудо големо,
како се бијат лисјата,
лисјата од дрвјата,
дрвјата од гората,
шумките од леските!
Ал ми е, Шико, од Бога,
дали ми е од душмани?“
„Кренете ме да си станам,
подајте ми тамбурата,
малку јас да си посвирам,
да си речам до три песни,

88
до три песни капидански.
Кога ќе село влезете,
да не си пушки фрлате;
да не ве чуе мајка ми,
мајка ми, та и сестра ми;
часот ќе прашат за мене:
„Камо го Шико капидан?“
Вие да нејзе речете:
„Шико ми се ожени:
мраморна плоча — невеста,
а камарчето — деверче,
девери, дробни камења,
сватови — суви дрвари,
нункото — Стара планина!"

89
Бог да бие девет мина браќа
осум мина под бајрак паднаа,
уште еден по колена оди!
Викна јунак на негој другари:
„Ој ви, вие, мои мили браќа,
со сунги ми гроба ископајте,
с остри сабји земја исфрлете,
и за срце бајрак закачете,
за бајракот коња ми врзете,
коњ да 'ржи, мене да ме буди.
На глава ми бавче направете,
во бавчето цвеќе посадете,
на нозете чешма направете,
да се бере мало ем големо.

90
Цут да берат, вода да ми пијат,
и моето име да го слават!“

Озгора идат сејмени,


е стара бабо жалбо ле,
ајдутска глава носеа.
Излезе баба да гледа,
видела баба главата,
викна ми баба да плаче:
„Не ми е глава ајдутска,
тук ми е глава синова!“
Сејмени баби велеа:
„Еј жална бабо, жалбо ле!
Што јунак ти си родила!
Дури му глава зедовме,
педесет мина паднавме,
сам буљук баша загина“.

91
Стига сме јале, јале и пиле,
руди јагнина и вино црвено.
Бре зави бајрак, ти Мануш војвода!
Нашите мајки се у црно одат,
се у црно одат и за нас жалат.
Бре зави бајрак, ти Мануш војвода!
Нашите сестри на оро не одат,
на оро не одат, либе не среќават.
Бре зави бајрак, ти Мануш војвода!
Нашите деца турски робје одат.
Бре зави бајрак, ти Мануш војвода!
Да растуриме голема ордија,
да откупиме наши дробни деца.

92
ДОЈДЕ ВРЕМЕ, ДОЈДЕ
КОА ДА РАСЦУТИ
ТРЕНДАФИЛОТ
Дојде време, дојде коа
да расцути трендафилот,
да смириса сета земја,
сета земја румелиска:
од Битолско до Прилепско,
од Прилепско до Велешко,
од Велешко до Солунско;
да го берат момињата,
да го редат на лесите,
да ги горат ергените.

95
А девојче, перуниче,
што си поли обросило?
Ил си в гора билје брало,
ил по река перуника,
ил в градина бел босилек?
— Ни сум в гора билје брало,
ни по река перуника,
ни в градина бел босилек;
сум врвело низ ливаѓе,
јас сум браќа попраќало:
ливаѓето росни беа,
поли ми се обросија.

96
Сонцето оди заоди,
девојка трча и вика:
„Чекај, почекај сондевце,
јас да ти речам два реча,
два реча, два изговора:
дал да посадам босилек
на сува рида без вода,
на неградена градина?“
„Сади,посади, девојко,
силен ќе ветер повее,
градина ќе ти загради,
ситна ќе роса пороси,
босилек ќе ти ороси“.

97
—А девојче загорјанче, билјаро!
Дал си било на Загорје?
— И сум било и сум дошло.
— Ал имаше многу цвеќе?
— Многу беше, дребно беше,
само цвеќе порачваше:
како знаат девојките,
да ми идат, да ме берат,
да ме носат под појаси
и по дарпни и по киски.
И да дојдат невестите,
да ме носат под грлата,
под грлата оковани,
саноќ ноќа под лизгавје.

98
— Каунчице, сиротице, билјаро,
што ми цутиш среде зима, билјаро,
среде зима, коложега, билјаро?
— Јас си имам зла маштеа, билјаро,
ме скорива мошне рано, билјаро,
за те цутам среде зима, билјаро,
среде зима, коложега, билјаро.

99
Ран босилек, бел босилек, ран горе венее.
Да појдете, прашајте го заошто венее?
Дан венее, дан венее за вино црвено,
дан венее, дан венее за лута ракија?
Ми венее, ми венее за вода студена,
ми венее, ми венее за убаво моме.

100
Цутила ружа во кледа,
а во дворови развила.
Туе помина детенце,
детенце едно у мајка.
Детенце, едно у мајка,
кротко води го коњчето,
да не окрши ружица,
ил е ружица вадена
утро и вечер со вода,
а на пладнина со солзи.

101
Ѓул девојка под ѓул ми заспало,
ѓул ми цути, на девојка капе.
Девојка си на ѓулум говори:
„А ѓулуме, најарно цветенце,
што ми цутиш и на мене капеш?
Ако цутиш, на мене не капи,
јас си имам големи дердови:
млад ме сака, за старо ме дават,
старо аро како јавор дрво,
млад неженет како страк босилек.“

102
Заспала ми е, заспала ми е
паун Богдана,
заспала ми е, заспала ми е
на врв планина.
Послано и е, послано и е
зелена трева,
лизгавје и е, лизгавје и е
се гороцвеќе,
покриена е, покриена е
с зелена шума,
Туе помина, туе помина
младо овчарче.
Жалба му беше, жалба му беше
да ја разбуди,

103
пожал му беше, пожал му беше
да ја остави.
Оту ми свирна, оту ми свирна
со писан кавел,
да ја разбуди, да ја разбуди
паун Богдана.

Славеј пее во градина


на утрина во недела.
Девојка му говореше:
„Ој ти славеј, мило брате,
ајде да се натпеваме!
Ако мене ти натпеваш,
ќе ти дадам градината,
градината со се цвеќе;
ако тебе јас натпевам,
да ми дадеш ливадата,
ливадата со тревата.“
Мома славеј натпеала,
и му зела ливадата,
ливадата со тревата.

104
Ој ливадо, зелена ливадо,
јас те сеав цвеќе и босилек,
ти излезе чичек и капина:
не се праи карта од капина,
ток се праи карта од босилек.

105
— Здравчс венче, меризливо цвеќе!
Здравче венче, берат ли те моми,
здравче венче, китат ли те китки?
А здравец им потиом говори:
— Та мене ли моми да не берат,
та мене ли китки да не вијат?
Сета гора од мене мерише.

106
ЛУДОСТ МЛАДОСТ
Море лудост младост
бргу поминува,
лудост младост
бргу поминува, де!
Како роса
по зелена трева,
како лисје
по дрвја зелени,
како лисје
по дрвја зелени, де!

109
Ја опули се, девојче,
на ваа тука планина,
што магла има на неа!
Да не ја речеш од бога,
туку да речеш од мене.
Тоа се мојте здиови,
што здивам јаска за тебе,
а ќе изгорам крај тебе.

110
Дали легна, дали заспа,
дали виде сон за мене,
как што видов јас за тебе?
Се сторивме два голаба,
си летнавме вишно небо,
ние токмо ѕевгарично,
се качивме ливаѓата.
Бог да бие берачите,
што дојдоа, нѐ скорнаа.
Си летнавме ние токмо,
се качивме на лозјето.
Бог да бие аргатите,
што дојдоа, нѐ скорнаа.

111
Ој ти, моме, малој моме,
блазе тебе на душата,
како можеш ти да спиеш
при мајка ти, при татка ти.
Ами јаска, јас сиромав,
сам легнуам, сам стануам,
на полноќ се разбудуам,
малој моме побаруам,
малој моме не најдуам.
Перницата загрнуам,
дробни солзи поронуам.

112
Шетале, ми се шетале
до три јунаци беќари
по тие бавчи широки,
под тие сенки високи,
на таа трева зелена,
крај таа вода студена.
Пиле! Како сум си шетало
јас така сум си заспало,
голем сон сум си видело:
моме на раце ми лежеше,
пиле! Како камен ми тежеше,
во пазува ми дишеше.
Вардев да не си го отпуштам!
Кога јас си се разбудив,

113
моме на раце си не најдов;
голема жалба си видов,
тргнав да си се отепам!
Дружината ме фатија:
„Ај море лудо и младо,
зашто ќе си се отепаш,
за тоа моме убаво?“

Ти беше сношти на вода,


грееше како деница...
Си појдов горе в планина,
си најдов китка темјанка,
на китка велам, говорам:
„Вени си, китко темјанко,
како што вене млад јунак
за малој моме убаво!“
Си појдов уште погоре,
там најдов грутка снегова,
ја кладов в десна пазува:
„Топи се, грутке снегова,
така се топи млад јунак
за малој моме убаво!“

114
Излези, Марче, излези,
излези на двор, до двора.
Качи се, Марче, качи се,
качи се горе на чардак,
качи се, Марче, земи си,
земи си танка дуљбија:
разгледај, Марче, разгледај,
разгледај горе на доле,
погледни, Марче, погледни
горе на небо што има,
да видиш, чудо да видиш,
да видиш чудо големо!
Какво е, Марче, какво е
грубо небото без ѕвезди,

115
така е, Марче, така е
грубо на мене без тебе!

Мома ме е, мале, омајала


со два грозда, мале, бело грозје.
Каде одам, мале, без ум одам,
коња терам, мале, пешо одам,
леб си носам, мале, гладен одам,
вода газам, мале, жеден одам.

116
Магла падна, мамо, по полето,
мене тага на срцето,
з' едно моме во селото.
Плот ни дели, мамо, двориштето,
китка дели, мамо, образите.
Ил ме жени, мамо, ил ме уби,
пуста младост, мамо, не се трпи!

117
Седумдесет села шетав,
седумдесет моми љубев,
седумдесет китки носев.
Сите китки во џебои,
твоја китка во пазува.
Сите китки повенале,
само една останала.
За сите си жалба немам,
сѐ за таа лична Стојна:
кога оди, ветер вее,
кога стои, сонце грее,
кога збори, бисер рони.
Ој ти Стојно, бела Стојно,
бело цвеќе и црвено!

118
А невесто русокосо,
русокосо, црнооко!
Три години сејмен шетав,
ништо тебе не ти реков,
сега нешто ќе ти речам:
да ѝ речеш на золва ти,
на золва ти помалата,
да ми чува две јаболки,
ни од роса наросени
ни од ветер повеани
ни од слана попарени
ни од сонце угреани!

119
Таму горе извор вода студена,
што одеше малко моме на вода,
ми одеше лудо младо по неа:
„Дај ми, боже, да се ставам со неа,
да целивам бело лице од неа,
да целивам црни очи од неа“.

120
Билјана платно белеше
на оридските извори.
Оздола идат винари,
винари белограѓани.
„Винари белограѓани,
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
платното ми е даровно!“
„Билјано моме убаво,
ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме“.
„Јас ви го нејќам виното,
тук ви го сакам лудото,
што напред оди пред карван,

121
што турил февче над око,
а мене гледа под око“.

Што појдов в село Дреново,


што најдов момче убаво,
што брза коња јаваше,
што русо перче имаше,
што силен ветер вееше,
перчето му го вееше
на широките рамена.
Дади ме, мајко, за него,
сама ќе трчам по него,
пак да ме чекаш в година
со русо момче пред мене,
со машко дете на раце.

122
Треска ме тресе, глава ме боли
за она момче што е најгоре,
та што ми носи финоно февче,
финоно февче на добра глава.
Зашт ми се гледа небоно лице,
зашт ми се гледа как сонце грее?
А моја мајка мене не дава
за она момче што е најгоре!

123
Да ти беше тебе мило за мене,
не би чекал есен месец да греди,
не би чекал месечина да греи!
Месечина за патници друмници,
темни ноќи за две млади зелени
како мене, лудо младо, и тебе!

124
Ако сакаш росно цвеќе,
дојди, лудо, на утрина —
на утрина цвеќе росно,
цвеќе росно и весело!
Ако сакаш ладна вода,
дојди, лудо, на пладнина,
на пладнина вода ладна,
вода ладна и студена!
Ако сакаш милување,
дојди, лудо, на вечера —
на вечер е малој моме
мило, драго милување!

125
Заспала мома крај море
под една гранка маслинка.
Повеа ветер од море,
откршил гранка маслинка,
го удри моме по гради.
Моме се од сон разбуди,
моме ми луто проколна:
„Егиди ветер Меглене,
зашто ме од сон разбуди,
никога да не повееш!
Што сладок сон си догледав,
на сон минеа три луди.
Првото лудо што мина,
тој ми потфрли јаболко,

126
позелен да е од него!
Второто лудо што мина,
тој ми потфрли злат прстен,
низ него да се провира!
Третото лудо што мина,
тој ме на соне целива.
Дај ми го, боже, на јаве,
со него век да поминам!“

Аман, моме, ти се молам,


не ме мами, ја земај ме,
не ме чини да полудам!
Да не варам ноќна кова,
ноќна кова на полуноќ.
Кој не знае луд ме чини,
кој ме види волк ме чини.
Да не варам по стреите,
да, ме капат капчињете.

127
Девојко, тага голема,
што имам тага за тебе,
дур да се ставам со тебе!
В градина си изникнало,
за вода си овенало.
Преидов да те навадам,
загрешив, ми те настапив.
Часум под нога подвена,
како петровко јаболко
во момин ковчег чувано,
во зетовата кошула.

128
Девојчиња гугувчиња,
ви си молат две момчиња,
пат сторете да поминат
меѓу двете убавите,
меѓу Ката, меѓу Мара.
Нешто завал не ви чинат,
раце им се во џебови,
џебовите полни рамни,
полни рамни суво грозје.

129
Синоќ си појдов, мила мамо,
с коња за вода,
с коња за вода,
сокол на рамо.
Таму си најдов
едно девојче.
Кога го видов
умот ми штукна.
Умот ми штукна,
коњ ми побегна,
коњ ми побегна,
сокол ми летна.
Учи ме, карај, мила мамо,
по што да трчам?

130
Трчај ми, трчај, мили сину,
по девојчето.
Коњот е учен,
сам ќе си дојде,
сокол е учен,
сам ќе долета,
а девојчето не е учено.

Крена лудо тенка пушка,


се рашета горе долу,
горе долу по полето:
'рта пушти по заекот,
сокле пушти еребица,
сам се пушти по момата.
Туа туа да ја стигне,
да ја стигне на вратата,
на вратата кералната.
Му постисна половина,
помни му се — трска скрши,
трска скрши сред езеро;
му целива бело лице,
помни му се — симид јаде;

131
му целива вити веѓи,
помни му се — гајтан куфа;
му целива црни очи,
помни му се — грозје јаде,
грозје јаде енишерско.

Прошетало се девојче
низ тие долги загони
со два ибрика сребрени,
со две маштрапи златени;
лудо ми оди по неа.
Спрсна ми моме да бега;
запнала ми се капина
за момината кошула.
Лудо ми вика по неа:
„Држ ја, капино, не пуштај,
твоја да биде фалбата,
моја да биде момата!"

132
Кинисало моме наквечер на вода,
наквечер на вода на ниедна доба.
И ја сусретило едно лудо младо,
моме целивало и киска ѝ зело.
Тешко не ѝ падна дека ја целива,
потешко ѝ падна зашт ѝ киска зеде.
„Как да појдам дома, на мајка да кажам?“
Право појде моме дури на давија:
„Кадија, кадија, суди как се суди!
Сум си кинисала наквечер на вода
наквечер на вода ни на една доба,
и ме сусретило едно лудо младо,
младо ме целива и киска ми зеде.
Тешко не ми падна дека ме целива.

133
Потешко ми падна зашт ми киска зеде.
„И јас да те најдам на ниедна доба,
и јас те целивам и киска ти земам!“

Многу ми го фалат, мајко,


комшиско девојче.
Јас ќе да те пуштам, мајко,
ти да го побараш.
Ако ти го дадат, мајко,
да се позабавиш,
да се позабавиш, мајко,
џефа да попраиш.
Ако не го дадат, мајко,
бргу да си дојдеш,
бргу да си дојдеш, мајко,
мене да ми кажеш.
Јас ќе се направам, мајко,
младо калугерче.

134
И јас ќе си земам, мајко,
котле каленово,
котле каленово, мајко,
крсте, монохеро.
И јас ќе си одам, мајко,
вода да им крстам.
Така ќе ме баци, мајко,
севда ќе помине,
севда ќе помине, мајко,
огон ќе прегори.

135
Синоќа ти дојдов, Кито,
тебе не те најдов,
Кито, Кито, китко накитена!
Вечера ти најдов, Кито,
тебе не те најдов.
Седнав да вечерам, Кито,
без тебе не можам.
Постела ти најдов, Кито,
тебе не те најдов.
Легнав да заспијам, Кито,
без тебе не можам,
Кито, Кито, китко накитена!

136
Горе долу Нижо-поле
најдов мало моме.
Се завртив да го видам,
што ми прилегаше!
Се обѕрнав да го видам,
што ми мило беше!
Ама има клети татко,
не ќе ми го даде;
па си има клета мајка,
не ќе ми го даде.
Али за нив лесно бива,
една овца, една крпа,
сами ќе ме молат.

137
„Куме ле, куме, кум Карафиле
Учи си, карај, крштеничето,
да не расфрла црните очи:
секое село се посестрими,
секое село се по две по три,
нашето село се печестина,
туку се чуди која да љуби.“
„И си го карам и си го учам,
кога не слуша што да му чинам,
кога е убав секој го љуби.“
Што ми е дошло лудоно младо,
што му донесле лута ракија,
лута ракија да се напие,
да не ми чини големи зулум.

138
Сон ми го вари и ми го крши,
а нема лудо да ми заспие.
Се зачудија кутри селани,
од што ми чини големи зулум,
му донесоа згодна вечера,
болаки лудо да ми вечера,
да ми вечера, да ми заспие;
пак нема лудо да ми заспие.
Му донесоа старана баба,
чес да му чини дан' ќе заспие:
пак нема лудо да ми заспие.
И му турија рујноно вино,
да се напие, дано заспие;
пак нема лудо да ми заспие.
Му донесоа малконо моме,
колку му седна на коленото,
му ја префрли десната рака,
десната рака на десно рамо,
вчасот лудото ми е заспало;
тивнале луѓе од тешки зулум.

139
БИСЕРО, МОМЕ БИСЕРО
„Ако ме, милуеш, милувај,
ако не, право ми кажи.
Не ми довоѓај немтурски, —
со главата наведена,
со очите ничкосани!
Кога ќе дојдеш у мене,
променено, накитено,
како горско јаребиче.
Зере ќе идам јабана|,
јабана, Стара Планина.
Там гробот ќе си направам,
и име ќе си напишам,
и мојте тешки тегоби!“

143
— Бисеро, моме Бисеро,
Бисеро, една на мама!
Да знаеш, мило, да знаеш,
како е жалба за младост,
на порта би ме чекала,
од коња би ме сметнала,
за рака би ме фанала,
в одаја би ме однела,
постела би ми послала.
Кажи, Бисеро, кажи ми
кој ти ја даде личбата?
Дал си од Бога паднала,
дал си од земја никнала?
— Што прашаш, лудо, што прашаш

144
кој ми ја даде личбата?
Не сум од Бога паднала
ни пак од земја никнала,
тук сум од мајка родена,
со пресно млеко доена,
со рујно вино поена,
зато сум бела црвена,
зато ме момци сакаат.

Ој Ројно, Ројно Мемедичина,


излези надвор на месечина,
јас да ти видам белото лице!
— Било си, лудо, во град чаршија,
видело ли си симид на вурна —
така е, лудо, моето лице.
— Ој Ројно, Ројно Мемедичина,
излези надвор на месечина,
јас да ти видам црните очи!
— Било си, лудо, в лозје по грозје,
видело ли си грозје на лоза —
така се, лудо, мој црни очи.

145
„Карамфило, малој моме,
ела да ме разговориш! “
„Море лудо, море младо,
сошто да те разговорам?
Уште Маја не е дошло,
уште цвеќа не развиле,
да направам лепа туфка,
лепа туфка босилкова
да те тебе разговорам“.
„Карамфило, малој моме,
јас не сакам лепа туфка,
лепа туфка босилкова,
туку сакам со твојата,
со твојата блага уста,

146
со твоето рудо грло,
со твоите бели гради,
да ме мене разговориш“.

„Ој ти моме убаво и лично!


Роб ќе ти бидам до три години,
за да ти видам рамната става,
црните очи, тонките веѓи,
твој црвен образ, медната уста,
белото грло, белите гради“.
„Дегиди лудо, дегиди младо!
Дека ќе видиш што фајде имаш
Полните очи, празните раце“.

147
„Видов мома в одајата,
каде ми се променува.
Ќе продадам сета стока,
туку таа да си земам“.
Мома вели и говори:
„Ој ти лудо, ој ти младо!
Ако сум ти нарачано,
ќе ти пруснам во дворјето
како кревка еребица,
ќе ти седнам на софрата
как шарена преперица,
ќе ти легнам, в постелата,
како кротко рудо јагне.“

148
„Еј колку те милвам, мори моме,
ти толку чувај се,
да не те сретам, море лудо,
во тесна улица!“
„Еј, и ако ме сретеш, море лудо,
што ќе ми чиниш?
Не сум бел симид, та ќе ме каснеш?
Не сум грозд грозје, та ќе ме зобнеш?
И јас сум мома, мома за момче,
мома за момче, момче како тебе!“

149
Девојчице драга љубичице,
драга љубичице,
љубил бив те ама си малечко...
— Малечко е зрно бисерово
што го носат невести на грло...
Девојчице драга љубичице,
љубил бив те ама си малендо.
— Малендо е птица преперица
што ми скита од трага до трага.

150
Девојче тенко високо,
не ситни ситно пред мене,
не кревај магли правои,
доста се мои дертои,
кај да ги турам и твои,
кај да ги турам и твои?
— Собери десна пазува,
тури ги ново градинче,
види си што ќе ти никне.
Ако ти никне џунџуле,
џумбуш ќе правиш со мене!
Ако ти никне босилек,
босо ќе трчаш по мене!
Ако ти никне тополче,
топло ќе спиеш со мене!

151
Ситно просо, црно око, не стој спроти мене:
се оддадов, се продадов, сѐ заради тебе.
— Не оддај се, не продај се, сама ќе ти дојдам.
— Си продадов брза коња, сѐ заради тебе.
— Не оддај се, не продај се, сама ќе ти дојдам.
— Си продадов тенка пушка, сѐ заради тебе.
— Не оддај се, не продај се, сама ќе ти дојдам.
— Си продадов чиф пиштоли, сѐ заради тебе.
— Не оддај се, не продај се, сама ќе ти дојдам,
да направиш, да направиш шарена одаја,
да постелиш, да постелиш убава постела
и чекај ме утре вечер, сама ќе ти дојдам.

152
—Петлите пеат како на самнато,
ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
ќе станам, мило добро, ќе си одам!
— Петлите ми се многу лажовити,
полежи, лудо младо, поспи си,
пољуби бело лице Тодино,
прегрни рамна става Тодина,
целувај црни очи Тодини!
— Коњот ми висна отаде гумното,
коњот ми писна отаде гумното,
ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
ќе станам, мило добро, ќе си одам,
— Полежи, лудо младо, поспи си,
пољуби бело лице Тодино,

153
прегрни рамна става Тодииа,
целувај црни очи Тодини!

,„Дал си одамна, девојче, калугерица?“


„Ни сум одамна, јуначе, ни сега бргу,
туку си има девет години,
девет години как в келија седам“.
„За кого чуваш, девојче, црните очи?“
„Чувам ги, чувам, јуначе, за црна земја!“
„Црната земја, девојче, сполај не вели,
аризај мене, сполај да речам.
Кому ги чуваш црните веѓи?“
„Чувам ги, чувам, јуначе, за црна земја!“
„Црната земја, девојче, сполај не вели,
аризај мене сполај да речам.
За кого чуваш, девојче, рудото грло?“
„Чувам го, чувам, јуначе, за црна земја!“

154
„Црната земја, девојче, сполај не вели,
аризај мене сполај да речам.
Кому ја чуваш тенката става?“
„Чувам, ја чувам, јуначе, за црна земја!“
„Црната земја, девојче, сполај не вели,
аризај мене, сполај да речам!“

„Мерудо, Мерудо, ај златн


а Мерудо,
богатсконо чедо од богата, куќа,
од голема рода, од мнозина браќа!
Знаеш, моме, знаеш, знаеш, паметуеш,
кога ми ти носев дребното овоште,
лешти и миндали и благи јаболки,
кисели калинки, и сувоно грозје?“ —
„Знаам, лудо, знаам, нема што да чинам,
една мајка имам, болје да ја немам;
она не ме пушта вонка да излезам,
в градина да влезам, китки да наберам,
китки да наберам, глава да наредам,

на тебе да пуштам, љубов да зафатам“


„Мерудо, Мерудо, ти златна Мерудо!

155
И јас сум си така, како ти што велиш:
една мајка имам, болје да ја немам;
она не ме пушта вонка да излезам,
на чешма да појдам, коњот да напојам;
ќе ми нарачуе, ќе ми прерачуе:
„Дека да ја видиш таа врашка ќерка,
од пат да се тргаеш, место да ѝ чиниш“.

„Девојко, девојко, моме црнооко!


Не стој спроти мене, изгорев за тебе“
„Гори, лудо, гори, гори да изгориш,
гори да изгориш, пепел да се сториш.
Мајка не ме дава, оти си сиромав,
оти си сиромав, оти куќа немаш“.
„Девојко, девојко, моме црнооко!
Ти не гледај куќа, тук гледај јунака,
јунак куќа правит, тој куќа расипвит.
Девојко, девојко, моме црнооко!
Дење ми те гледам, ноќе те сонуам
на мека постела, на деснава рака,
на мека перница, до десна пазува.
Па се разбудуам, тебе те побарвам,

156
кога те побарвам, тебе не те најдвам,
на постела велам: „Постело пустино,
камо ти момето? “ Пернице е велам:
„Перницо треснатице, камо ти момето?
Сега тука беше на деснава рака,
на деснава рака, до десна пазува“.

„Али си рада, девојче, вечер да дојдам?"


„Рада сум, рада, јуначе, вечер да дојдеш!“
„Али е рада, девојче, твојата мајка?“
„Мојата мајка, јуначе, уште порада;
туку си имам четири браќа,
два оженети, два неженети.
Оженетите, така и така,
неженетите, две лути змии.
Ако те фатат, ќе те посечат,
ќе те посечат залак по залак,
најголем залак, што мрава носи!“
„Ако ме фатат, девојче, да ме посечат,
да ме посечат залак по залак,
најголем залак што мрава носи,

157
да ме собереш во скутината,
да ме посееш во градината.
Јас ќе изникнам секакво цвеќе,
секакво цвеќе, бело, црвено,
бело, црвено, сињо, зелено;
та да ми станеш на утрината,
пак да ме береш во скутината,
да ме раздаваш на дружината:
цвеќе да носат, мене да мислат“.

158
„Злато, мори Злато, златна ми јаболко,
китка невенова, грутка шеќерова,
в пазува ти носам, јас те моја знаам!“
„Море лудо младо, не биди будало,
јас ќе се сторам сива еребица,
па ќе се пуштам во поле широко,
там ќе се кријам од полог на полог,
па ми ти тебе, момко, јас нејќам,
па ми те тебе, момко, јас не земам! “
„Ти ќе се сториш сива еребица,
па ќе се пуштиш во поле широко,
јас ќе се сторам сивото сокле,
па ќе те тебе, моме, намерам,
па ќе те тебе, моме, јас земам!“

159
„Јас ќе се сторам риба летница,
па ќе се пуштам во море глибоко,
там ќе се кријам под црниот камен,
па ми те тебе, момко, јас нејќам,
па ми те тебе, момко, јас не земам!“
„Ти ќе се сториш риба летница,
па ќе се пуштиш во море глибоко,
там ќе се криеш под црниот камен,
јас ќе се сторам црниот камен,
сама ќе ми дојдеш, либе, до мене,
сама ќе си легнеш, либе, со мене!“

160
„Девојко, мори Маријо!
Ме пушти мајстор до тебе,
ти да ми дадеш ибришим,
ибришим, свила коприна,
да ти сошие фустанот,
тој пусти фустан до земја“.
„Јуначе, море шегарче!
Дека ме мајстор видело,
што ми кроило фустанот?“
„Девојко, мори девојко!
Кога одеше на бања
со дванаесет робинки,
со тринаесет алајки,
робинки патот метеа,

161
алајки поли крепеа,
тогај, девојко, мајстор ми
од сенка фустан ти крои“.

„Терзии, браќа, терзии,


ај сошите ми бел фустан;
без аршин да го мерите,
без ножици да го кроите,
без игла да го шиете,
без конец да го берете“.
„Девојче, врашко ѓаволче,
ај да ни месиш кравајче:
без сито да го отсееш,
без вода да го замесиш,
без огин да го испечеш“.
„Терзии, браќа, терзии,
јас ќе ви месам кравајче:
низ клепки ќе го отсеам,

162
со солзи ќе го замесам,
на гради ќе го испечам“.

-Ој Радо, Радо, работно моме,


тебе те кажат многу работно,
малку си прело, многу си ткало.
Јас ќе ти дадам од лен појасмо,
да ми исткаеш омална чалма,
омална чалма од триста лакти.
Ако остане, на бог ти душа,
на бог ти душа да не го скриеш,
да ми направиш мало маврамче,
мало маврамче за в пазумарче.
— Ој Коста, Коста, Коста златарче,
тебе те кажат баш куменџија,
малку си леел, многу си праел.
Јас ќе ти дадам титрајка и пол,

163
ти да направиш влашки менѓушки,
влашки менѓушки, триста титрајки.
Ако престане, на бог ти душа,
на бог ти душа да не го скриеш,
да ми направиш мало прстенче,
мало прстенче за мало прсте.

„Филипо, моме Филипо!


Излези на пенџерето,
да ти го видам лицето,
на книга да го напишам,
зашто ќе одам на војска:
ко ќе ми текне за тебе,
книгата да ја погледам,
тагата да ми помине.“
„Егиди лудо и младо!
Кога ќе одиш на војска,
и јас ќе идам со тебе.“
„Филипо, моме Филипо!
Не можеш д’ идеш со мене,
зашто ме мене писаа

164
баш буљук-баша да одам,
зелени бајрак да носам
дур во Црвено Јаболко.
Филипо, моме Филипо!
Излези на пенџерето
да ти ги видам очите,
очите да ги напишам!
Ко ќе ми текне за тебе,
книгата да ја отворам,
очите да ги целивам,
жалбата да ми помине“.

165
Шетнала се калеш Ѓурѓа, Ѓурѓо мори,
од чинарот до бунарот,
си загина срма колан.
Ми помина лудо младо,
то ми најде срма колан,
Ѓурѓа му се милно моли, лудо море:
„Ејди лудо аџамија!
Дан ми најде срма колан?“
„Жими тебе, жив да сум ти, Ѓурѓо мори!
Не сум, не сум, не сум нашло!
Ак сум нашло срма колан,
да се виткам како него
на твојата половина“.
Се прошета калеш Ѓурѓа

166
од чинарот до бунарот,
си загина коан гердан.
И намина лудо младо,
то ми најде коан гердан.
Ѓурѓа му се милно моли, лудо море:
„Ејди лудо аџамија!
Дан ми најде коан гердан?“
„Не сум, не сум, не сум нашло, Ѓурѓо мори
Ако сакаш, ти се колнам,
жими тебе, жив да сум ти!
Ак сум нашло коан гердан,
да ти висам како него
на твоето бело грло“.

167
Заљубиле се, душо, две луди млади,
две луди млади, две аџамии,
не ми умеат как да се љубат:
мома ја љуби со црни очи,
лудо го љуби со сувогрозје.
Ми ги дочула кучка маштеа,
та ми отишла на нови пазар,
та ми купила горка зеера,
та ми отрула две луди млади.
Лудо ми умре кун пладнината,
мома ми умре кун квечерина.
Та ми дочула кучка маштеа,
та ми прегнала четворна кола,
та ги однесла меѓу два друма;

168
мома закопа меѓу два друма,
лудо закопа меѓу три друмје.
Мома излезе долга лозница,
лудо излезе црвен трендафил.
Одошто љубов што си имале,
мома ми пушти лоза кун лудо,
лудо ми пушти мишка трендафил,
мишка трендафил кун мала мома.
Одошто љубов што си имаа,
двајцата млади ми се здружија.
Пак си дочула кучка маштеа,
та си отишла дури дома е,
и та си зела остроно сорче,
та ми отишла меѓу два друма,
та ми исекла долга лозница;
пак си отиде меѓу три друмје,
та ми исекла црвен трендафил.
Та ми отишла дури дома си,
та ми запали два силни огна,
та ми изгоре долга лозница,
та ми изгоре црвен трендафил,
та ми се стори белана пепел.
Та ја собрала белана пепел,
та ја фрлила во градинчето;
та ми излезе рамен босиљок,
што ми го носат све јуначиња,
све јуначиња под фесоине,
а девојкине под пазуине,
а дечињана во рачињана.

169
Питал ја Стојан Бојана,
питал ја за три години,
мајка ѝ не ја даваше,
Бојана ми го сакаше.
Ми стана бела Бојана,
ми влезе земни керали,
отклучи ковчег шарени,
бело си руво изваде,
и лепо ми се промена,
си посла рамни дворои,
си посла мека постела,
легна Бојана да спие,
од нафол ми е умрела.
И ја догледа мајка ѝ,

170
расплете коси над неа,
викна си таги по неа.
Браќа и лепо говорат:
„Мајко ле, мила мајко ле!
Да појме в гора зелена,
да зејме змија лутица,
да ѝ кладиме в пазува,
дан е од нафол умрена“.
Појдоа в гора зелена,
најдоа змија лутица,
и ѝ кладоа в пазува,
бар не Бојана мрднала!
Пак ѝ говорат браќа ѝ:
„Мајко ле, мила мајко ле!
Да зејме живи јаглени,
да ѝ кладиме в пазува,
ак е од нафол умрена,
Бојана ќе се разбуди“.
Зедоа живи јаглени
и ѝ кладоа в пазува,
бар не Бојана мрднала!
Пак си говорат браќа и:
„Мајко ле, мила мајко ле!
Да го викнеме Стојана,
ак е од нафол умрена,
Бојана ќе се разбуди“.
И го викнаа Стојана,
Стојан ѝ сегна в пазува,

171
колку ѝ сегна в пазува,
Бојана ми се разбуди.
Бојана лепо говори:
„Мајко ле, мила мајко ле!
Што бев си лепо заспала“.
„Ќерко ле, мила ќерко ле!
Кога ти змија кладовме,
как не те змија изеде?
Кога ти оган кладовме,
как не те оган изгоре?“
„Мајко ле, мила мајко ле!
Кога ми змија кладовте,
как да ме роса оброси,
кога ми оган кладовте,
как да ме сонце огреа“.
„Бојано, ќерко Бојано!
Кога ти сегна в пазува,
како не ми се уплаши?“
„Мајко ле, мила мајко ле!
Зашто ми сегна в пазува,
со него да се ќердосам“.

172
Заљубил Стојан Марија,
не може да си ја види,
и си ја праша мајка си:
„Умрев, мајко ле, загинав,
как да ја видам Марија?“
Мајка му тогај велеше:
„Стојане, синко Стојане!
Ак ти сум мајка маштеа,
што ќе ти речам, да сториш:
поарчи азно сребрено,
напрај си чешма мраморна;
сите девојки ќе дојдат,
водица да си залеат,
белки ќе дојде, Стојане,

173
и твоја бела Марија!“
Стојан си мајка послуша:
напраи чешма мраморна,
напраи тасој сребрени
и синџирите јалдази,
поарчи азно големо.
Сите девојки дојдоа,
чешмата да ми ја видат,
водица да си залеат,
Марија не ми е дошла.
Излезе Стојан, излезе,
со шарен кавал свиреше
и на мајка си велеше:
„Изгорев, мајко, изгорев,
Марија не си ја видов!“
Тогај му вели мајка му:
Стојане, синко Стојане!
Ак ти сум мајка маштеа,
послушај што ќе ти речам
Легни си, Стојан, умри си;
сите девојки ќе дојдат
свеќица да ти запалат,
белки ќе дојде, Стојане,
и твоја бела Марија!“
Стојан си мајка послуша:
легна си Стојан од наул,
легна си Стојан, умре си.
Сите девојки дојдоа,

174
свеќица му донесоа.
И бела Марија ми дошла,
кискица му е донесла,
високи гласје е дала:
„Стојане, мили Стојане!
На живот не се видовме,
на смртта ќе се видиме!“
Окото му е на поглед,
раката му е на пограб,
ногата му е на потскок.
Тогај си Стојан рипнало,
та си пограбил Марија.

175
Рано ранила Петкана,
од сите моми порано
на бели Дунаф на вода:
„Добро ти утро, Дунафе!
Дунафе, бели Дунафе,
јас тебе ќе те опитам,
ти мене право да кажеш,
тако ти морска глобина,
тако ти полска ширина
и жити сестра моруна,
ти мене право да кажеш
дали го виде млад Стојан?“
„Петкано, бела Петкано!
Тако ми морска глобина,

176
тако ми морска ширина,
и жими сестра моруна,
јас тебе право ќе кажам.
Откако петли пеале,
триста гемии минале,
прва гемија што мина,
во неа беше млад Стојан,
во шарен кавал свиреше,
во кавал песна пееше:
„Мажи се, мажи, Петкано,
дури си млада зелена,
дури си бела црвена,
јас веќе назад не идам,
ти мене да ме не чекаш!
Луто ме мајка колнала:
„Стојане, синко Стојане!
Петкана да ја не земеш,
д’ обидиш, синко, д'обидиш,
три девет бели градови,
нигде девојка не нашол,
тук да ми најдеш вдовица,
со дванадесет сираци!“

177
Заљубил јунак три девојчиња,
првата беше од Жито-поле,
другата беше од Вино-поле,
треќата беше од Овче-поле,
Таа што беше од Жито-поле
пушта допушта книга по книга,
книга по книга, абер по абер:
„Како да знае моето лудо,
како да знае, бргу да дојде,
му се родило многуно жито,
од секо снопче кило ченица“.
Таа што беше од Вино-поле
пушта допушта книга по книга
книга по книга, абер по абер:

178
„Како да знае моето лудо,
како да знае бргу да дојде,
му се родило многуно грозје,
од сека лоза по товар грозје“.
Таа што беше од Овче-поле
пушта допушта книга по книга,
книга по книга, абер по абер:
„Како да знае моето лудо,
како да знае, бргу да дојде,
му се родило многу живинка,
секоја овца по две јагниња;
му се родило машконо дете,
кум да си викне, да си го крсти,
да му донесе златна лелејка“.
Виде не виде, нигде не појде,
туку си појде дете да крсти.

179
Облаг ми чинеле лудо ем девојка,
наедно да спијат три дни и три ноќи,
н’ една рутузина, на една перница,
наедно да спијат, да не се задеват.
Момчето таксало своја брза коња,
момата таксала сандок со прикија.
Момчето заспало како лудо јагне,
момата легнала, сон не ми ја фаќа,
туку се расфрла од рамо на рамо,
туку се расфрла еме разговара:
„Стани лудо, стани, јас сум посмеала,
и коњот е твојо, и јас сум ти твоја“.

180
Јана иде од бањата
измиена, истриена
и на ситно уплетена.
на лесата китка цвеќе.
Раде греит од меана
најадено, напиено,
си јавнало брза коња;
штом ја виде бела Јана,
си разигра брза коња,
си рашири бели раце,
да прегрне бела Јана.
Јана му се милно моли:
„Немој лудо, жити коња!
Не чини ме ти срамота“.

181
Се излага лудо младо,
ја остави бела Јана.
Таман лудо позамина,
Јана му се шега подби:
„Срети волкот рудо јагне,
не умее да го дави,
срети сокол еребица,
па не знае да ја граби“.
И му дочу лудо младо,
ѓуч му падна на лудото:
„Чекај, Јано, ти да видиш!“
Па разигра брза коња,
па рашири бели раце
и ја грабна бела Јана,
и ја фрли зад себе си!
„Стој да видиш, бела Јано,
како волкот не умее
да си дави рудо јагне,
како сокол не умее
да си граби еребица!“
Ја однесе бела Јана,
бела Јана во свој дворје.

182
Трено, пиленце шарено!
Во ваша горна маала
дал има моми убави,
дал има мома за мене?“
„Бачо ле, бачо Стојане!
В нашата горна маала
скоро е чума вртела,
сите си моми измреле,
мома си нема за тебе,
за тебе и спроти тебе.“
„Трено, пиленце шарено!
Дигни си ведро на рамо,
нали си вода студена,
на водата се огледај, —

183
која мома ти ќе видиш,
таа ќе биде за мене,
и јас ќе бидам за неа.
Трена го е послушала,
дигна си ведро на рамо,
нали го вода студена,
над водата се огледа,
никоја мома не виде,
сама се себе видела.
Тогај му вели говори:
„Баче ле, баче Стојане!
Најдов си вода студена,
над водата се огледав,
никоја мома не видов,
сама себе си се видов“.
„Трено, пиленце шарено!
Што толку си аџамија
што толку не се сеќаваш,
оти не ми ти текнува,
оти за мене ќе бидеш,
и јас за тебе ќе бидам!“
„Баче ле, баче Стојане!
Подмести се од местото,
да не те господ устрела
од јаснина на пладнина!
Ние сме близу роднина,
тејко и чико два брата,
мајка и чина јатрви,

184
ние со тебе брачеди".
Стојан и вели говори:
„Трено, пиленце шарено!
Калешо јагне грев нема,
дребнана песок број нема,
длабоко море брод нема,
широко поле од нема,
убаво моме род нема“.

Остана Кољо сираче,


без мајка Кољо, без татко.
Глави се Кољо слугинче
кај едно младо анамче.
Девет години служеше,
лицето не ѝ го виде.
Дошло е време за љубов.
Кољо отиде на бербер,
а анамчето на бања.
Стретнале ми се, стретнале
во едно тесно сокаче.
Дувнал ми ветер од море,
јашмакот ѝ го однесе,
од лице сонце грееше,

185
од очи ѕвезди сјаеше.
„Анамче, бело анамче,
ти да ми платиш ругата,
што сум ти тебе слугуал
токму за девет години,
от ми пуштиле браќа ми,
ќе одам да ме оженат“.
„Јуначе, море јуначе!
Кога си сакал женење,
јас да те тебе оженам,
што ќе ги бараш браќа ти?
Јас имам до три алајки,
која ја сакаш, земи ја:
русата поубавата,
таа е тонка висока,
таа е бела црвена“.
„Анамче, бело анамче,
јас не си сакам алајка,
туку си сакам анамка!“

186
Бојано, бела Бојано!
Бојана мајка плетеше
ем си ја луто колнеше:
„Оплела, не се расплела,
опустела ти косата,
окапала ти лесата!
Не оди, ќерко, в комшии,
в комшии има беќари,
да не т' излезат зборои,
за куќни луѓе ножои“.
Бојана жалба, паднало,
одбегна скраја од село,
до светоторски манастир,
отскраја викум викаше:

187
„Калуѓерички, мајчички,
има ли празна одаја,
празна одаја, да седам
и црна крпа да носам,
има ли росен да берам?“
„Бојано, моме убаво!
Имаме празна одаја,
празна одаја да седиш
и црна крпа да носиш,
имаме росен да береш!
Ама си многу убава:
полна е црква ѓачиња,
во тебе ќе се опулат,
книгата ќе ја затворат“.
„Калуѓерички, мајчички,
косата ќе си посмолам,
лицето ќе си погрубам“.
Кога ѝ коса сечеа,
и викаше и не толку:
кога и лице грубеа,
до небеси се чуеше
од Бојанини жалои.

188
Растол јунак, јунак за женење.
Дошол јунак, јунак за женење,
ми посакал близу во комшии,
ми посакал Фалена девојка.
Ми дочула неговата мајка:
„Не ја сакам; Фалена девојка,
ќе ти земам Зурија девојка! “
Ми ја дочул убави Алија:
„Ај ти, мајко, моја стара мајко,
не ти сакам Зурија девојка!“
Се затворил убави Алија,
се затворил три дни и три ноќа,
што ми крови: до три рубје добри,
една руба во куќа носење,

189
друга руба за надвор одење,
треќа руба Алија жалење.
И ѝ пратил на старата мајка.
И ми пратил до три аманета:
„Да ми зовеш моите другари,
да ми зовеш до три оџи млади,
да заминам дворје на девојка!“
Го капеле до три оџи млади,
го носиле негови другари.
Ко минале дворје на девојка,
видела го Фалена девојка.
Повикала Фалена девојка:
„Застанте го убави Алија,
да го видам убави Алија!“
Погледнала, жална погледнала,
и до него мртва е паднала.

190
Е ПРОКЛЕТ ДА Е
КОЈ ЉУБИ
Е проклет да е кој љуби,
кој љуби да се не земе,
е како јас и Мариќа.
Марика мома убава,
Марика китка каранфил!
Девет години носена
по ергенските џебои!
Прва година отидов
Марика да ја посакам.
Мајка ѝ вели: „Малка е,
малка е наша Марика".
Друга година отидов
Марика да ја посакам.
Мајка ѝ вели: „Болна е,

193
болна е наша Марика“.
Трета година отидов
Марика да ја посакам.
Мајка ѝ вели: „Премина,
премина наша Марика“.
Ах што е мачно и жално,
Марике, моме убаво!

Се заљуби, се заљуби
едно лудо младо.
Три години, три години
ја љубувал,
срам му било, грев му било
да ѝ рече.
„Оди, мајко, стара мајко,
да ѝ речеш“.
Ојде мајка, стара мајка,
да ѝ рече:
„Син ми, ќерко, син ми, ќерко,
те љубувал,
те љубувал, те љубувал
три години.

194
срам му било, грев му било
да ти рече“.
„Ој ти, мајко, стара мајко,
стара, мајчице!
Зашто син ти, зашто син ти
не ми кажал!
Сега сум си, стара мајко,
посвршено“.

Летај, пеперуго,
од гора на гора,
од поле на поле.
Слегнав у полето,
припи ми се вода.
Там најдов девојка
дек вода налева,
налева, разлева.
ѝ посакав кова,
не ми даде кова,
тук ми даде стомна:
е де вода блага,
е де мома арна!
Иди мале, сакај ми ја!

195
Ако ти ја дадат
скоро да си дојдеш,
абер да донесеш,
сарај да оградам.
— Сину, мили сину,
мајка отишла е
и дваш, сину, и триш.
Момините брати
момата не дават,
мома на тебека.

196
Милице мила, Милице,
црното око кунатче,
белото грло гугутче!
Јас ќе те прашам распрашам,
дал знаеш дали паметиш,
кога си бевме малечки,
кога се двата љубевме
во вујкова ти градина,
под бели црвен трендафил
и под жолтиот карамфил,
на таа трева зелена?
Кога карамфил цветеше
и на гради ти паѓаше,
кога трендафил капеше

197
и врз лице ти паѓаше:
и лицето ти сјаеше.
Како ми тогај викаше,
за да се ние земеме?
Милице, мила Милице,
црното око кунатче,
белото грло гугутче!

„Ој ти, моме, мало моме, колку те милвам.


Ќе те прашам да ми кажеш, да ме не лажеш:
што си толку ужалено ем наплакано?
Дали мајка ти умрела или татко ти,
или брат ти ти е болен, или сестра ти?“
„Дел ме прашваш ќе ти кажам, не ќе те лажам,
ќе ти кажам, не ќе лажам, жими очите.
Нити мајка ми умрела нити татко ми,
нити брат ми ми е болен, нити сестра ми.
Сношти јаска сон сонував за нас двајцата:
ме укасна змија лута меѓу веѓите.
Тоа било разделвање за нас двајцата,
ти ќе љубиш друго либе, јас друго момче“.

198
евојко, мори девојко
Д
Се лето мое, се пролет,
на есен туѓа одмена!
Се лето сенка ти праев,
студена вода те поев,
блази јаболка те ранев.
Кога те видов на коња,
ми дојде да се убодам,
па жал ми падна за мајка,
дека сум еден у мајка.

199
„Марие, бела Марие,
што сношти доцна седевте,
што мили гости имавте:
али ви беа роднина,
али ви беа стројници?“
„Дејгиди лудо и младо,
на мама беа браќа ѝ,
на татка беа шуреи,
мене ми беа вујчеи!“
„Марие, бела Марие,
лажи го кого ќе лажеш,
мене не можеш да лажеш:
не ми ти беа вујчеи,
туку ти беа стројници!

200
Саноќ сум седел на баџа,
унери сум се нагледал!
Кога ти прстен клаваа,
тргнав да удрам мајка ти,
па жал ми падна за тебе,
да не те тебе ужалам!
Кога ти чевли даваа,
реков да удрам татка ти,
па жал ми падна за тебе,
ќе си помрсиш лицето!
Саноќ ме стреи капале,
саноќ ме пците лајале!
Кога ти венец клаваа,
тога сум стоал на врата,
реков да удрам брата ти,
па жал ми падна за тебе,
ќе си помрсиш лицето“.

201
Си посакав моме од малено,
од малено дури до големо,
а они ја мене не дадоа,
дадоа ја другиму јунака,
а мене ме кума окумија,
па брата ми девер деверија,
па ојдовме црква на венчање.
Ете оттам едно соколенце,
та ми лета над русата глава,
с крила трепти, с уста дума дума
„Венчај, куме, немој воздишати,
благославај, немој луто клети!“
А јазе му велам и говорам:
Ој ти тебе, сиво соколенце,

202
јас не колнам, срцето ми колне.
Да Бог даде мојата кумица
векуела како качун цвеќе,
род родила како врба грозје,
изгледала како кукавица,
процветала како игличица.
Мори веро мори лута клетво!
Ка ја прокле кумот господинот,
ка ја прокле, така ѝ се стигна!

203
Три години, Кате, болно лежав,
ти не дојде, Кате, да ме видиш.
Шуќур Господ, Кате, те донесе.
Сврти ми го, Кате, перничево,
перничево, Кате, кон пенџера,
да го видам, Кате, езерото,
како фрла, Кате, далги далги,
далги далги, Кате, бели пени,
како бие, Кате, од брег на брег,
така бие, Кате, мое срце
за мојата Ката, мила севда,
за другега, џанам, посвршена.

204
Јас ќе ти умрам, мајко мајчице,
младо, зелено и нељубено.
Ти да си слегнеш долу чаршија,
и да ми викнеш до три мај-стора,
до три мајстора, до три зуграфа,
да ми направат крстата гроба,
да ми отворат до три прозорца.
Први прозорец кај јасно сонце:
кога к' огрее јасното сонце,
јас да го видам јасното сонце.
Втори прозорец кај бели Вардар:
кога ќе идат мојте другачки,
кога ќе идат на бели Вардар,
јас да ги видам мојте другачки.

205
Треќи прозорец кај лепа црква:
кога ќе иде мојот свршеник,
кога ќе иде у лепа црква,
јас да го видам мојот свршеник.

Болно лежи мало моме,


болно лежи три месеци,
мака има, тага има,
тага има за лудото.
Па говори мало моме,
мало моме на мајка си:
„Ми се пие студна вода,
да с' напијам, та да умрам;
викнете го мојто лудо,
да го видам та да умрам“.
Па си дошло; лудо младо,
го видело, го целива,
тивко нему проговара:
„Јас за тебе си умирам“.
Уште речта не дорече,
веднаш моме си умрело.

206
ИГРАЛИТО СРЦЕ
ЈУНАКОВО
Игралито срце јунаково!
Како вино во сребрена чаша,
како јагне во големо стадо,
како сокол во силноно јато!

209
Да знаеш,моме, да знаеш,
да знаеш, да се не мажиш:
мажало пусто бесило,
моминство, моме, везирство.
Как расте цвеќе в градина,
така и мома при мајка.
Как жолти дуња в градина,
така и мома при момка.

210
Маро, бела Маро, мајчино кадано!
Седнала Мара вонка на куќата,
в малата градина, под белата лоза,
риза везе Мара и урнек зафаќа,
Там дека си везе и урнек зафаќа,
там ми долетале три бели галаби
и си застанале на белата лоза,
с крилје затрепнале, цветот зарониле,
цветот зарониле, риза напрашиле;
со уста запнале, коприна смотале.
Тогај вели Мара, вели и говори:
„Робини, робини, дајте до два лака,
дајте до два лака, дајте до две стрели,
за да си устрелам три бели галаби“.

211
Па они на Мара велат и говорат:
„Не сме дошле, Маро, за да нас устрелиш.
тук сме дошле, Маро, мома да гледаме,
мома да гледаме за нашего брата“.

Обложил се Дамјан јунак:


ак претече јасно сонце,
ќе му земе брза коња;
ак претече Дамјан јунак,
ќе му земе сонцу сестра,
и месецу братучеда.
Кога сонце блеснуеше,
тога Дамјан јавнуеше.
Кога сонце среде небо,
тога Дамјан среде земја.
Кога сонце по ридои,
тога Дамјан во дворои.
И му зеде сонцу сестра
и месецу братучеда.

212
Стојна в градина седеше
меѓу два трапа босилок,
меѓу два корна џунџуле,
зетска ми крпа везеше.
Тука помина снаа е,
таа ѝ нејзе велеше:
„Китена Стојно, токмена
токмо за девет години!
Кому ја везеш крпата?
Тебе ти момче умрело
уште првата година,
кога те тебе заврши!“
Стојне е жалба паднало;
па си пособра рубата,

213
и си завали два огна.
Во еден фрли рубата,
во други фрли дарои,
изваде ноже, с’ убоде!
Кога збираше рубата,
момчето сватој береше;
кога ми оган валеше,
момчето кинисуваше;
кога фрлаше рубата,
момчето беше пол патум;
кога фрлаше дарои,
момчето беше в селото;
кога се сама убоде,
момчето беше во дворје.
Излезе снаа Стојнина,
бели сватои пречека.
Таа на момче велеше:
„Ејгиди, момче јуначе,
кај идеш, кај коња мориш
Тебе ти Стојна умрело
уште првата година!“
„Дејгиди, снао Стојнина!
Дај ми го мене прстенот,
што сум ја Стојна свршило;
јас ќе направам мотика,
коските ќе ги откопам“.
„Ејгиди момче Стојнино!
Не ми е таа в гробишта.

214
тук ми е Стојна в одаа!“
Па влезе момче в одаа,
со сите бели сватои,
бело е лице открило,
лице е сонце огреа!
На момче жалба паднало,
само се себе убоде.
Сватои ги закопаа
во рамни дворје Стојнини.
Момче израсте јаболко,
моме израсте лозница,
врвои се загрнаа.

215
Ветер вее, гора се лелее,
од гора се дробен бисер рони.
Нека појде јунакова мајка,
да набере дробнего бисера,
да наниже јунаку на капа,
да наниже коњу на гривата.

216
Слушај, зете, слушај,
што ука те учат
твојот стари татко,
твоја стара мајка.
„Кога ќ' одиш тамо,
на момино село,
на момина куќа,
на момини дворје,
таму ќе излезе
моминиот татко,
момината мајка,
момините браќа,
момините сестри.
Чаша ќе ти даде,

217
чаша да му земеш;
страм ти да му имаш,
а страв да му немаш!“

Добре дошле, китени сватови!


Зеташина, киска босилкова,
зеташина, црвено јаболко!
Што си дошол, што коња си морил?
Ал си дошол вино да пиеме,
ал си дошол џилит да натфрлаш?“
„А девојки, момини другачки!
Не сум дошол вино да пиеме,
ни сум дошол џилит да натфрлам,
тук сум дошол по ваша другачка!“
„Зеташине, туѓи земјанине,
другачка ни в гора одбегнала,
се сторила горска еребица!“
„А ејгиди, момини другачки,

218
Јас си имам два сиви сокола,
ќе ги пуштам во гора зелена,
да ми фатат горска еребица!“

Сношти дошол туѓин јунак од туѓа земја;


коња ружа, пак да оди на туѓа земја.
Просто стои малко моме и му се моли,
девојка му стрмен држи и му се моли:
„Земај мене ти, јуначе, земај со тебе!“
„Ја врати се, малко моме, не вратило се:
наше поле е широко, не можеш да дојдеш,
наше море е глабоко, не можеш да дојдеш!“
„Ќе се сторам морска риба, ќе си препливам!“
„Бре врати се, малко моме, не вратило се!
Јас си имам лоша мајка, не можеш да живиш!“
„Лоша мајка, арна снаа, ќе поминеме!“
„Бре врати се, малко моме, не вратило се!
Јас си имам лоши татко, не можеш да живиш!“

219
„Лоши татко, арна снаа, ќе поминеме!“
„Бре врати се, малко моме, не вратило се!
Јас си имам лути браќа, не можеш да живиш!“
„Лути браќа, арна снаа, ќе поминеме!“

Ранила мома биљбиља,


утро и вечер со шеќер,
а на пладнина со солзи.
Сториле вера и клетва:
биљбиљот да не одлета,
девојка да не се мажи.
Девојка на збор не стоја, —
поскришем се посвршила,
биљбиљу му не казала.
Биљбиљот дочу, доразбра,
оти се таа свршила.
Биљбиљ жаловно пееше,
девојка му говореше:
„Биљбиле, пиле шарено,

220
зашто ми пееш жаловно?“
„Девојко, џаним девојко,
как да не пеам жаловно?
Зашто ми на збор не стоја,
как што си зборот имавме?
Арно, ти ќе се омажиш,
мене кај ќе ме остаиш?“
„Биљбиле, пиле шарено,
ако се јаска посвршив,
со себе ќе ми те земам,
в ковчегот ќе ми те скријам!“
„Девојко, џаним девојко,
ковчегот ќе ти бараат,
како што адет имаат,
и мене ќе ме изнајдат!“
„Биљбиле, пиле шарено,
пак ќе ми те земам со мене,
ќе ми те скријам в пазува!“
„Девојко, џаним девојко,
момчето ти е палаво,
рака ќе сегне в пазува,
и тука мене ќе најде!“

221
Девојко, девојко! Девојкини двори,
девојкини двори магла попаднало,
магла попаднало, роса заросило.
Девојкина мајка во двор, низ двор оди
дробни солзи рони, руси коси скубе,
руси коси скубе и на Бога вика:
„Боже, мили Боже, што си ме милуал,
што си ме милуал, и си ме даруал:
една мила ќерка, другому ја дадов,
другому ја дадов, без неа останав! “
Девојко, девојко! Јунакови двори,
јунакови двори сонце огреало,
јунакова мајка во двор, низ двор оди,
и се кревко смее и на Бога вика:

222
„Боже, мили Боже, што си ме милуал,
што си ме милуал, и си ме даруал:
една мила сина, една мила снаа!“

Дајте сито и ситно решето,


да пресејме јунакови двори,
да најдеме јунакови прстен, —
да питаме јунакова мајка:
играе ли јунаково срце?
— Игра, игра, еден бог да знае,
како вран коњ в зелено ливаѓе! —
Дајте сито и ситно решето,
да просејме момините двори,
да најдеме моминиот прстен,
да питаме момината мајка:
играе ли моминото срце?
— Игра, игра, еден бог да знае,
како риба во студена вода!

223
Доста си моме одила,
доста си глава врзала,
отсега каар да береш.
Свекор да чекаш од пазар,
љубе да чекаш од нива,
девер да чекаш од гора.
Темна темница пред очи,
тешко железо на раци,
тешка тежина на глава:
темна темница љубето,
тешко железо детето,
тешка тежина куќата.

224
Девер снаа водеше
за рачица десница.
Снаа му се враќаше,
на девера молеше:
— Ој девере братко ле
попушти ми рачица,
назад да се обрнам,
на мајка да порачам:
ма ој мале милинка,
оставам ти оставам
до два страка босилек,
а третиот калофер;
честом да ги заливаш,
вечер утро со вода,
на пладнина со солзи.

225
Никој нема коња да изведе,
да му тури това силно седло,
да му тури таа китна узда,
да му тури това шарен килим,
па да качи младата невеста.
Наима се помало деверче,
да изведе таа врана коња,
да му тури това силно седло,
да заузда таа китна узда,
да му тури това шарен килим,
па да тргнат на венчање д' идат.

226
Месече сече војниче,
камо ти ѕвезда по тебе!
„По себе сум ја остаил
с чеснаго кума со неа,
два побратима пред неа,
чесен ми татко до неа
и старосватот по неа“.

227
Пофали се гора божурова:
„А што имам голема меризба!
Од меризба пиле не пролета,
а пак камо човек да помине!“
Уште речта гора не изрече,
исполнија китени сватои,
сватоите со млада невеста.
Па седнале, малку да поседнат.
Изговара кумот, господинот:
„Прашајте ја младата невеста
дали има дари да дарува?“
Па прашале младата невеста:
„Дали имаш дари да даруваш?“
Извадила дари да дарува:

228
на кумои свилени кошули;
на девери крпи и чорапи;
на сватои свилени марами,

Облак дојде, а ѕвезда не дојде;


застанало зелени ливаѓе,
да собере трева детелина,
да нарани кумовата коња;
да нарани од старосват коњот;
да нарани од два побратими.
„Венчај, попе, немој се понашај!
Не е моме крадено, грабено,
тук е моме со закон земено!
Фрлај, куме, ситен, дробен јачмен!“

229
О да би знала момината мајка,
како трепти момковото срце
дур д' отвори шарени келари,
да си влезе при малка девојка!
Како трепти листот на дрвото,
така трепти момковото срце,
дур да влезе при малка девојка.

230
— Напи мене ладна вода, трандафил невесто!
— Сошто да те јас напијам, зету карафиле?
— Со твоите бели раци, трандафил невесто!
— Мојте раци полни со прстење, лудо ле.
— Напи мене ладна вода, зету карафиле!
— Сошто да те јас напијам, трандафил невесто?
— Со твојата лична уста, зету карафиле!
— Мојата уста, лудо, полна е со шеќер.

231
Девер невеста водеше
во зелените лагови
на студените кладенци
со два крондира зелени.
Снашица му се молеше:
— Деверче, мило, убаво,
далеку ли е водата? —
А деверче ѝ говори:
— не е далеку водата! —
Деверче вода налива,
снашица вода разлива,
а деверче ѝ говори:
— Снашице мила, убава,
немој ми вода разливај,

232
зашто ја скапо купуам:
за сека капка парица,
за сека чаша жолтица!

Сношти ојдов на студен кладенец,


там затекнав две снаи џелепски;
една носи венок од жолтици,
друга носи венок од бисера;
и двете си за мене збореа:
„Това ми е крадена девојка,
дваш крадена, триш препродадена!“
А јас, либе, крадена ли сум ти?
И мене сватови водиле,
и мене ме девер деверувал:
дробни ѕвезди — китени сватови;
јасен месец — кума окумија
и деница премлада кумица.

233
Голуб ми гуга осое,
а девојка му говори:
„Гугај ми, гугај, голубе,
и јас сум така гугала,
кога сум била при мајка,
дури сум била при татка.
Сега ме млада оддале,
та са ме на зло навеле!“

234
Биљбиљ пее на трандафил.
„Ај биљбиле лепо пиле!
Не пеи ми утро рано,
не буди ми господина;
сама сум си го успала,
сама ќе си го разбудам:
ќе си влезам во градина,
ќе си скинам страк босиљок,
ќе наквасам в бистра вода,
ќе попрскам господина:
„Стани, стани, господине,
дружина ти на лов ошле,
коњи ти се во пајвани,
а загари во синџири,

235
а соколи во кавези;
пауни се разиграле
по твоите рамни дворје,
кумрии се разгугале
по твоите герамиди,
биљбили се распеале
по твоите трандафили,
голоби се разрукале
по твоите паратири.
Стани, стани, господине!
Дружина ти на лов ошле,
улоиле еребици;
мој господар дома седи,
ми улоал малка мома“.

236
ОТКАКО МИ СЕ
ОВЧАР ОЖЕНИ
Заблеала ми, заблеала ми
овца рогуша.
„А леле, леле, дури до Бога,
дури до Бога,
Дури ми беше, дури ми беше
овчар неженет,
трева си пасев, трева си пасев
по планината;
сенки си држев, сенки си држев
под јаорите;
вода си пиев, вода си пиев
по изворите;
солца си макав, солца си макав
по солиштата.

239
Откако ми се, откако ми се
овчар ожени,
трева си пасам, трева си пасам
по буништата;
вода си пијам, вода си пијам
по бариштата;
солца си макам, солца си макам
по патиштата“.

Сонце ме зајде, мале мајко ле,


на врв планина.
Едно ме зајде, мале мајко ле,
друго м' огреа.
Тога ми текна, мале мајко ле,
али е вечер.
Засилив коња, мале мајко ле,
дојдов си дома,
дојдов си дома, мале мајко ле,
в петлени доби.
Порти си најдов, мале мајко ле,
се затворени.
Засилив коња, мале мајко ле,
прескочив порти,

240
пак си се качив, мале мајко ле,
на висок диван.
Туе си најдов, мале мајко ле,
пуста постела,
како послана, мале мајко ле,
а некрената.
До постелата, мале мајко ле,
машконо дете,
как повиено, мале мајко ле,
неразвиено.
Пак си излегов, мале мајко ле,
на мала врата.
Си се распулив, мале мајко ле,
долу в градина,
таму си најдов, мале мајко ле,
млада невеста.
Главата клала, мале мајко ле,
во трендафилот,
нозете клала, мале мајко ле,
во карамфилот,
рацете клала, мале мајко ле,
во босилекот,

241
Заимчето спаичето,
во недела посвршено,
во четврток свадба стори,
во петокот абер дошло,
абер дошло од султанот:
„Да соберат силна војска,
да соберат заимите,
заимите, спаиите “.
Што ми стана заимчето,
заимчето спаичето —
заимчето коња седла,
анамче му свеќа свети,
свеќа свети, солзи рони,
солзи рони по образи,

242
По образи телосани,
телосани, срмосани.
— Зашто плачеш, анам, зашто жалиш,
зашто солзи ти ми рониш
по образи телосани,
телосани, срмосани?
— Как да не жалам, да не плачам,
на кого ме ти оставаш,
уште младо непознато?
— Ќе зарачам на мајка ми,
на мајка ми, на татка, ми:
да те гледат како сина,
да те чуват како ќерка,
да те чуват три години,
да те дадат за заимче,
за заимче како мене.

243
Извикнал Стојан, провикнал
отаде Кала-Марија,
зад таа жолта Дунава:
„Дојди ми, мајко, дојди ми,
змија ми влегла в пазува,
да дојдеш да ја извадиш! “
„Не можам, синко, да дојдам,
без тебе, синко, поминвам!“
Извикнал, Стојан, подвикнал:
„Дочуј ме, сестро Марие!
Змија ми влегла в пазува,
да дојдиш да ја извадиш!"
„Не можам, брате, да дојдам,
без десна рака да одам!“

244
Извикнал, Стојан, подвикнал
„Дочуј ме, либе, дочуј ме!
Змија ми влегла в пазува,
да дојдеш да ја извадиш!“
„Ете ме, Стојан, кај идам/
кај тебе, Стојан, ќе дојдам;
без десна рака ќе одам,
без тебе, Стојан, не можам!"

Канам те, ќерко, канам те,


канам те, Руњо, поканвам,
у мајка дојди на гости
заедно со стопана ти,
вечер чиниме првиче
за љубов, ќерко, зетоа“
„Како да дојдам, мајче ле,
срцево ми го изгоре!
Зетот е мошне малечек,
ах, ти ме зеде на душа!
Ката вечер тој, мајче ле,
на катот тешко заспива,
на раце јас си го кревам,
него в одаја го носам,

245
на три постели го клавам,
момче одвај се разбудва,
раце ми клава в пазува,
а не знај да ме пољуби;
пак ми задремва лудото,
как рудо јагне заспива“.

Везден Јана до девера жнала,


везден му се деверу плакала:
„Брате Петре, китко невенова,
брат ти љуби видимка девојка,
неа љуби, мене ќе загуби“.
„Дејди Јано, дејди мила снао,
што не кажа до три дни порано,
да заптисав друмишта, патишта,
да го вратев мојот мили браток!“

246
али си се наспало,
Д
диљбер бела Јованке,
три вечери без мене?
На четврта јас дојдов,
диљбер бела Јованке,
тебе дома не најдов,
тук те најдов комшии
кај твоите јарани,
кај моите душмани.
И те зедов за рака,
диљбер бела Јованке,
водив, водив дур дома.
И ти дадов борина:
јас вечерај, ти свети,

247
диљбер бела Јованке,
јас коња спремај, ти плачи!

„Ој невесто Стојанице,


што ти уста подгорела
како платно небелено? “
„Ој Стојане, мој стопане,
од твоите неправдини,
зашто одиш Мариово,
зашто љубиш друго љубе!“
„Ој невесто Стојанице,
ако љубам друго љубе,
да ми пукне добра, коња!“
„Ој Стојане, мој стопане,
да се колнеш, не ти вервам,
коњот ми е пчошка рана:
заколни се за очите,

248
ако љубиш друго љубе!“
„Ој невесто Стојанице,
ако љубам друго љубе,
да ми пукне машко дете!“
„Ој Стојане, мој стопане,
и за дете не ти вервам,
дете ни е заедничко.
Заколни се за очите,
да ти пукнат двете очи,
ако љубиш друго љубе!“

249
„Кажи, кажи, диљбер Стано,
што си замислена?
Дали пари немаш, Стано,
или руба немаш?“
„Сѐ си имам, либе Димо,
само едно немам:
од срцето немам рода,
од срцето порода“.
„Јас ќе одам, либе Стано,
во Солуна града,
ќе ти купам, либе Стано,
дете позлатено“.
„Пусто останало, либе,
дете позлатено,

250
кога нема да ми каже
од срцето: мајчице.
Кога нема да ми каже
од срцето: мајчице!“

„Ај Митро ле, русокосо невесто,


откако се ние оба зедовме,
оттогај ни карван коњи не траат;
оттогај ни плуг волои не траат;
оттогај ни се ергеле н’ остана;
оттогај ни стадо овци истресна“.
„Челебија, чапраџија солунски!
Промени ме, наружи ме убаво,
занеси ме в онаа града Стамбула,
извади ме на нов пазар, продај ме
Ти да сакаш скапа цена за мене,
да си сакаш три илјади дукати,
да си купиш карван коњи со ними
и да купиш плуг волои со ними,

251
и да купиш се ергеле со ними,
и да купиш стадо овци со ними“.
„Ај Митро ле, русокосо невесто!
Пусти биле карван коњи од мене,
кога дан' си утро вечер до мене;
пусти биле плуг волои од мене,
кога дан’ си утро вечер со мене;
пусто биле се ергеле од мене,
кога дан' си во постела при мене;
пусти биле стадо овци од мене,
кога дан' си ката вечер до мене!“
— Челебија, чапраџија солунски!
Што ги бараш карван коњи од мене,
кога мене не продаваш за ними?
Што ги бараш плуг волои од мене,
кога мене не продаваш за ними?
Што го бараш се ергеле од мене,
кога мене не продаваш за него?
Што ги бараш стадо овци од мене,
кога мене не продаваш за ними?“

252
„Ружо ле, Ружо, млада невесто!
Зашто не ми си како што беше
првото лето, првата зима:
првото лето цвеќе цутено,
првата зима ален карафил!“
„Ај гиди лудо, ај гиди младо!
Како да бидам како што си бев
првото лето, првата зима?
Свекрва сака куќа метена,
свекор ми сака слатка вечера,
девер ми сака перче чешлано,
золва ми сака коса плетена,
момче ми сака мека постела,
машкото дете сака да цица“.

253
„Ѓужо ле, Ружо, млада невесто !
Ќе ти откупам една алајка,
дење да седиш, сефа да чиниш,
ноќа да спиеш, уѕур да чиниш!“
„Е гиди лудо, е гиди младо,
првата младост назад не иде!“

Ј1 евен Пејо нива ора,


нива ора, песна пее,
песна пее гласовита,
гласја одат дур на царот.
Царот пушти два сејмени,
два сејмени чоадари,
да дојдоа в Пејовите,
в Пејовите танки порти.
Дваш викнаа, триш чукнаа,
да излезе Пејовица
гола боса по чорапи,
гушоглава по долама:
Кој сте вие, елте дома,
елте горе да ви кладам,

254
Да ви кладам леб да јајте,
леб сирење, бело млеко!
— Пејовице, невестице,
не сме луѓе за гредење,
тук сме луѓе за бегање.
Дека ми е левен Пејо?
— Пејо ми е на орање,
на орање, на сеење.
Отидоја дур при Пеја.
— Ој ти Пејо, левен Пејо!
Нива ораш, песна пееш,
песна пееш гласовита,
дал т' е нива роделива
или ѕевгар многу силен,
или жена пречеклива,
пречеклива, преводлива?
— Еј сејмени чоадари,
ѕевгар ми е многу силен,
нива ми е роделива,
жена ми е пречеклива,
пречеклива, преводлива,
и на васка ве пречека,
ве пречека ве преведе!
— Сполај тебе, левен Пејо!

255
Сон сонила Јанкулица
на утрина во недела:
изникнала јаболкница
среде дворје песочина:
сребрен корен, златни гранки,
заврзала пет јаболки,
пет јаболки позлаќени.
Говорила Јанкулица:
— А Јанкула, господине!
Да што сон сум јас сонила
во недела на утрина:
изникнала јаболкница
среде дворје песочина,
сребрен корен, златни гранки,

256
заврзала пет јаболки,
пет јаболки позлаќени.
— Јанкулице, невестице,
тоа ли ти не текнуе?
Јаболкница сама ти си,
а јаболки — наши деца

257
ШТО Е ОВА ЧУДО
ГОЛЕМО
Стојане, море Стојане!
Што е ова чудо од тебе,
од таа пуста тамбура!
Моми си парти фрлија,
невести разбој скршија,
старите урки здробија!
И ми станаа селани,
кренаа тешка давија:
„Егиди, млади кадија!
Ел суди како се суди
ели кажи ни побрго.
Што е ова чудо големо
од левенего Стојана,
од таа пуста тамбура!

261
Моми си парти фрлија,
невести разбој скршија,
старите фурки здробија!“
Кадија пушти сејмени,
ми го кренаа Стојана,
Стојан би умен разумен,
Стојан си зеде тамбура
и зеде овен најарен,
си ојде дур при кадија:
„Кадија, море кадија!
Што си допуштил по мене?“
Му фрли овен во дворје,
си удри пуста тамбура.
Стана кадија да игра,
си фрли биниш в камара,
си фрли шапка на греди;
кадија лепо му зборвит:
Стојане море, Стојане,
чини си, как си чинило,
свири си, как си свирило!“

262
Ајде да идеме у Легена града!
Таму ќе видиме тоа пусто чудо,
таму ќе видиме гуска зауздана,
таму ќе видиме шатка поткована,
таму ќе видиме уште ѕвер што има,
па ќе ги крстиме кој што мож да биде.
На гуска прилега камила да си е,
оти она има шија криволета;
на шатка прилега невеста да си е,
оти ситно оди и мрено си гледа,
и мрено си гледа, на широко стапи,
везден ми се бања, саноќ ми се клања;
на волкот прилега за коџабашија:
арно село има, арно грло има.

263
иде каде иде, празен не дооди,
он се си донеси, се млади јагништа,
ем си ги донеси ем сам си ги јаде;
на елен прилега кадија да биде,
кадија да биде, овчари да суди;
на петел прилега протогер да си е,
на високо лега и рано си пее,
и рано си пее и си светот буди;
на орли прилега попови да си се,
оти имат глави тапа набушава;
на зајче прилега падарченце да е,
на коленце легне, на коленце стане,
с едно уво мери, с едно око гледа,
с едно око гледа, на нишан ка гаѓа.

264
„О мори Стано Додоа,
што не го жените Никола?“
„Мислиме да го жениме,
сешто си имаме готово:
шикла шошница полна ченица,
и јас си јадам и в село давам,
пак се надевам свадба да чинам,
пак ме викаат сиромав,
попот ми ќерка не дава!
Од жаба нога цела пастрма,
и јас си јадам и в село давам,
пак се надевам свадба да чинам,
пак ме викаат сиромав,
попот ми ќерка не дава!

265
Цевка бурило полна со вино,
и јас си пијам и в село давам,
пак се надевам свадба да чинам,
пак ме викаат сиромав,
попот ми ќерка не дава!
Од глувче меше полно со мавца,
и јас си јадам и в село давам,
пак се надевам свадба да чинам,
пак ме викаат сиромав,
попот Ми ќерка не дава!“

266
п
„ редете, прелки, предете,
да омажиме дремуша.“
Дремуша дреме крај оган,
Дремуша мајка велеше:
„За кого, мајко, за кого,
за кого ќе ме омажиш?“
„3’ овчара, ќерко з' овчара,
з’ овчара ќе те омажам,
да јадеш кисело млеко.“
„Нејќум го, мајко, овчара,
тој има многу работа,
туку го сакам орача,
што јаде бели погачи,
што пие вино црвено
и прелутана ракија.“

267
Ејди сваќе, сваќе ваќе,
што ни даде чудна снајка!
Виде зелник, се зачуди:
„Што е ова витка тутка?“
Ејди сваќе, сваќе веќе,
виде племна, се зачуди:
„Што е ова лепа црква?“
Виде разбој, се зачуди:
„Што е ова чкрипни, рипни,
а оздола два ѓавола,
еден горе, други доле?“

268
Кинисало раче осмокраче,
кинисало долгомустакинче,
да ми тражи убава невеста
за своего сина осмокрака.
Ми одило раче што одило
и ми најде жаба кречанога,
и, ѝ вели раче осмокраче:
„А ејгиди, жабо кречаного,
а ејгиди, жабо полуооко,
дај ќерка ти за моего сина,
за моего сина осмокрака!“
Тогај вели жаба кречанога:
„Витосај се, раче осмокраче,
ај оттука долгомустакинче!

269
Не ти давам ќерка кречанога
за твоего сина осмокрака!“
Се налути раче осмокраче,
се налути долгомустакинче,
си истргна сабја шаварлија,
да посече жаба кречанога;
си истргна пушка бозоица
да отепа жаба кречанога!

С е посврши куси врабец


за девојка подмрежица,
си покани, си пособра
сто сватои сколовранци,
сто скакулци брзи коњи,
утицата старосватец,
орлиштата побратими.
Отидоа по невеста,
по невеста подмрежица.
Патем нашле нива просо,
се вратија сколовранци
да си коњи назобаат,
невеста си оставиле,
да ја вардат побратими,

270
да ја вардат покрај трње.
Се зададе темна магла,
таа иде право на нив!
Не ми било темна магла,
туку било диво пиле.
Ми прснаа да бегаат,
кој под грутче, кој над грутче,
кој под трнче, кој над трнче,
кој под глокче, кој над глокче,
сам зеташин во капина.
Оставија невестата,
оставија на полпати.
Си ја вати диво пиле;
кога очи целиваше,
црни крви и течеа;
кога грло целиваше,
пердуите ѝ скубеше.

271
Се посврши желурокот,
си посврши кутра. желка,
кутра желка за невеста.
И си стана желурокот,
дојде коа дојде време,
да се берат си сватои.
Си пособра куси врапци,
куси врапци за сватои,
уташина кумашина,
и си зеде за старосват,
за старосват сколовранец,
побратими биљбиљчиња,
Кинисаа по невеста,
отидоа во дворои.

272
Ми играат, ми скокаат,
ми јадаат, ми пијаат.
И потстана желурокот,
се поткачи на скалата,
и ја виде кутра желка,
променета, наружена,
ја целива бело грло.
Се зедоа, отидоа,
со желка се ќердосаа.

Р акоите свадба чинат,


а желките панаѓурват,
ежоите сеир чинат.
Ми се спушти едно еже,
ми целива една желка.
Го догледа желурокот,
та се спушти по ежето:
„Море еже, пуштараче,
чија жена си целивал!“
Ракот му се одговара:
„Море еже, пуштараче!
Ние на брак те канивме,
да ми јадеш да ми пиеш,
голем аинк да ми чиниш,

273
Не да бациш туѓа жена!“
Кутро еже одговара:
„Море раче осмокраче,
море долго мустакинче,
ко ќе јадеш, ко ќе пиеш,
лели ќе се опијаниш,
та се ќе си забораиш,
што е твое, што е туѓо.“

С е посврши мала Клиса,


си го зеде Пузе маже,
си го пушти на орање.
Прва бразда си образди.
Кај се најде пуста грутка,
го подвати Пузе маже.
И си зеде мала Клиса,
копни овде, копни онде,
си го најде Пузе маже.
И го зеде Пузе маже,
и го кладе во камарче.
Кај се најде пусто глувче,
му изгриза ушината.
Си го зеде мала Клиса;
го однесе на буниште.

274
Кај се најде пуста квачка,
му ископа очината,
ми остана Пузе маже
ќоро, слепо — за никаде.

Кој што има куса жена,


да не оди на пењушки,
дома му се пењушките.
Кој што има долга жена,
да не оди на драгои —
дома му се драгоите.
Кој што има црна жена,
да не оди на јаглење —
дома му се јаглењето.
Кој што има лична жена,
да не оди на панаѓур —
дома му е панаѓурот.

275
„Петкано, бела Вардарке,
егиди зрно одбрано
во сто товари пченица,
во Вардар цвеќе секакво,
бери, Петкано, да носи.“
„Како да берам да носам?
Синоќ сум била на свадба:
сите момчиња на танец,
моето аро в пепелта;
сите момчиња биниши,
моето аро кожувче;
сите момчиња калпаци,
моето аро шапчиште;
сите момчиња тозлуци,

276
моето аро опинци;
сите момчиња шалвари,
моето аро бечвишта;
очите му се в бочвата,
рацете му се в ноќвите."

Момче невеста фалеше:


„Имам невеста работна,
на ден си мишка тегнеше,
в недела кадела вретенце,
и во месецот пасменце,
во годината платненце.
Там дека мома предеше,
тешка ја дремка нападна;
бутнала фурка пепелот,
да легна мома, да заспа.
Пустата фурка дренова,
дури се мома разбуди,
пустата фурка никнала,

277
родила дренки зреани.
Кога се мома разбуди,
зрели се дренки назоба“.
Невеста момче фалеше:
„Имам си момче работно,
на денот бразда ораше,
во неделата леичка,
и во месецот погонче,
а в годината нивичка.
Там дека момче ораше,
пуста го дремка налегна,
закачи рало сред нива.
Пустото рало крушево,
дур да се момче разбуди,
пустото рало никнало,
родило круши зреани.
Кога се момче разбуди,
зрели се круши најаде.“

278
У дрила ме попадија
со полено по колено.
Да ми беше нешто жена,
жалба да ми не е.
А она е едно аро,
што го нигде нема.
Запашала алов скутач
на криви колена.
Обула ми жолти чевли
на крастави нозе.
Па турила вити гривни
на шкобави раце.
Па си ојде на нов пазар
нешто да си купи.

279
Па си купи едно прасе
сама да го пасе.
Потера го, погледа го,
маана му најде.
Прекриви му една нога,
да и накивнуе,
пресече му и другата,
на газ да се влече.
Извади му едно око,
да ѝ накивнуе,
извади му и другото,
на нишан да гаѓа.
Пресече му едно уво,
да ѝ е сујлаво,
пресече му и другото,
даѝе убаво!

280
п опот ми има сто гуски,
сто гуски, та и сто миски
и стојпедесет пајчиња.
Попот ми бара измеќар,
измеќар мошне прокопцан,
да му ги пасе гуските,
гуските, та и миските
и стојпедесет пајчиња.
Попот ми најде измеќар,
измеќар мошне прокопцан,
да му ги пасе гуските,
гуските, та и миските
и стојпедесет пајчиња,
в планина дур до Мечкин дол.

281
Момок си легна да спие,
та му дојдоа мечките,
му изедоа гуските,
гуските, та и миските,
и стојпедесет пајчиња.
Момок ми станал од спање,
та си побарал гуските,
гуските, та и миските
и стојпедесет пајчиња.
Тога си нашол клунките,
та ги нанизал на конец,
однесол му ги на попот:
„На ми ти, попе, бројници,
да си ги броиш селата,
селата, та и куќите,
да им крштаваш децата!“

282
П рела баба три вретена,
с чудом стои да се чуди,
да се чуди што да чини.
Однесла ги на пазарот,
продала ги по три пари,
по три пари, девет пари.
С чудом стои што да чини.
Купила си еден дедо,
педа човек, лакот брада,
па го зави в цедилката,
однесе го дури дома,
дури дома, на оџакот.
Навалила силен оган,
па си прсна пуста искра,

283
испрли му брадичката.
Па му свари казан чорба,
насрка го, најаде го,
изнесе го на средсело,
на средсело да се бори.
Никој нема да се најме
со дедото да се бори;
најмело се кусо петле,
грабнало се со дедото;
ни тој пада, ни тој пада:
од дедото крви течат,
од петлето пердув лета.
А што беше кусо петле!
Искара му десно окце,
надвило му кусо петле!
Пак дедото сака борба.
Испаднала стара жаба,
грабнала се со дедото,
изгризало десно уше,
па надвила над дедото.
Пак дедото сака борба.
Излегло му едно орле,
грабнала се со дедото,
па го дигна со сè 'пинци,
однесе го на седело,
си нарани својте пилци.
Фати баба да го бара,
да го бара, да си плаче,
да си вика со гласови:
„Камо ми го пеливанот!“

284
п осадил ми дедо рамен бел босилек,
на онаа рида, рида без вода.
Ми се научија до две малки моми,
босилек да кинат, штета да му чинат.
Ми се спушти дедо, ја фати Стојана;
Стојана му вели: „Пушти мене, дедо,
пушти мене, дедо, јаска сум ти мнука.“
„Кога си ми мнука, што бараше тука,
босилек да кинеш, штета да ми чинеш?
Ја пушти Стојана, ја фати Достана,
Достана е мала, лагата не знае,
туку што му вели: „Пушти мене, дедо,
ќе донесам мајка, бела и црвена,
морската кадана“. И дедо ѝ вели-.
„Кога имам млада, чуму ми е стара?“

285
Перат моми на Пелиор,
оре старо во градина
со два вола со плужница.
Се распули кутро старо,
ги догледа до две моми,
каде перат на Пелиор.
Трча старо скокаештем,
скокаештем, играештем,
ми отиде при момите;
тога зборва кутро старо:
„Земајте ме, мили моми!“
Пак му зборват до две моми:
„Море старо гурелаво!
Ај појди си дури дома,

286
изгори си плужницата,
запали си куќицата,
дојди ваму, да те зејме“.
Трча старо играештем,
играештем, скокаештем,
си отиде дур дома си,
си изгоре плужницата,
си запали куќицата.
Трча старо играештем,
играештем, летаештем,
си отиде при момите:
„Земајте ме, мили моми!
Си изгорив плужницата,
си запалив куќицата“.
Пак му зборват до две моми
„Море старо гурелаво!
Пак дома ти да си појдеш,
заколи си до два вола,
дојди назад да те зејме“.
Трча старо играештем,
играештем, скокаештем,
си заколи до два вола.
Трча старо при момите,
пак им вели кутро старо:
„Земајте ме, мили моми!
си заколив до два вола“.
Пак му зборват до две моми
„Бегај таму, море старо,

287
море старо гурелаво,
што изгоре плужницата,
што запали куќицата,
што си закла до два вола!
Бегај таму, витосај се!
Чуму ти се до две моми?“
Викна старо да ми плаче:
„Леле, леле плужницата!
Ја сиромав куќицата!
Дур до бога волоите!“
Бега старо по колена,
По колена, поносечки.

288
п етлите пеат на леса,
бабата ми ја скореват,
рано ми зелник да меси.
В три куќи брашно сакала,
в три бавчи зелје набрала,
да ми го меси зелникот:
долната кора пет педи,
горната кора три педи,
средната кора вратата,
витките колку гредите!
Ми го донесе на фурна,
фурната ми го незима.
Ми го однесе на гумно,
седнале да ми ручаат,

289
фатиле да го клопаат.
Попот ми клопна озгора,
нешто ми кркна оздола,
Сите рекоа: „Жаба е!“
Попот ми рече: „Мечка е!“
Сите зедоа вилите,
попот ми зеде стежерот.
Сите фатија в долишта,
попот ми фати в ридишта.
Сите дојдоа со круши,
попот ми дојде без уши.
Сите дојдоа со плочи,
попот ми дојде без очи.

290
ж.Живеал сум стојтридесет,
стојтридесет и пет лета.
Капка вода не сум пиел,
сал сум пиел рујно вино.
Ако умрам, таму долу,
таму долу во визбата,
таму да ме закопате,
под бочвата, под чепчето.
Што ќе капне на земјата,
нека капне во устата!

291
ТУЃИНА ПУСТА ЈАБАНА
али, моме, да жалиме,
како ќе се разделиме, еј моме!
Како бевме посвршени,
сега ќе се разделиме,
јас од тебе, ти од мене.
Јас ќе одам на туѓина, еј душо,
на туѓина, на работа,
ќе останам три години.
Ќе ти пратам бела книга,
бела книга, жално писмо —
ем да четеш ем да плачеш.
Ќе ти пратам убав ѓердан,
ем да носиш ем да плачеш, еј моме!

295
Момче се спрема на гурбет д' оди,
млада невеста пред коња стои,
крвај солзи рони ем му се моли:
„Не оди, лудо, уште ова лето,
аман не оди пуста туѓина!
Парите, бре лудо, секош се печалат,
а пуста младост не се печали!
Цвеќе мириса дури е росно,
моме се љуби дури е младо!“

296
3ора се зори, мило љубе,
сонцето ми изгрева.
Ах, излези, излези, љубе,
ушт еднаш да те видам,
дур не сум тргнал, слатко пиле,
на пат да си одам јас,
ах, излези, излези, љубе,
баре на прозорецот.
Со коњче ќе минам, слатко пиле,
таму да ми те видам.
Ал ќе ме жалиш, мило пиле,
ака ти загинам?
Ал ќе ме плачеш, слатко пиле,
ако да ти умрам јас?

297
В зора кога станеш, љубе,
росата погледај ја:
и мојте солзи, слатко пиле,
исти се како неа.
Вечер ко ќе изгреј месечина,
погледај го мое лице.

Пилето пее утрина рано,


утрина рано и во недела.
Пилето пее, на пат ќе одам,
на пат ќе одам туѓа туѓина.
Дал ќе ме жалиш, млада младино,
дал ќе ме жалиш како јас тебе?
Три години шетав, как тебе не најдов,
од жал за тебе на смрт сум дошол,
ај ајде ајде, јагне калешо,
ај ајде ајде, јагне сугаре.
Стани си рано, утрина рано,
утрина рано, ем во недела,
та да си влезеш в ѓулови бавчи,
в ѓулови бавчи, покрај цветјата:

298
таму ќе најдеш ситна росица,
ситна росица, мој дробни солзи.
Да не ја мислиш от е од бога,
али да знаеш от е од мене.
Три години шетав, как тебе не најдов,
од жал за тебе на смрт сум дошол,
на смрт сум дошол, јагне калешо,
на смрт сум дошол, јагне сугаре.

„Рачај, порачај, бела Бојано:


сега сум овде, утре ќе одам,
утре ќе одам туѓа туѓина.
Рачај, порачај што да ти пратам,
ал пари сакаш, ал книга сакаш?“
„Ни пари сакам, ни книга сакам,
и јас си сакам овде што нема,
овде што нема таму што има,
таму што има до три биљбиља,
до три биљбиља рано што пеат:
првиот пее за вечерање,
вториот пее за легнување,
третиот пее за станување!
„Ај вечерајте, две луди млади,

299
две луди млади, две неженети!“
„Ај легнете си, две луди млади,
две луди млади, две неженети!“
„Ај станете си, две луди млади,
две луди млади, две неженети!“
Ах да би знала тој што ми пее,
рано што пее за вечерање,
јас ќе го ранев со топен шеќер.
Ах да би знала тој што ми пее,
рано што пее за легнување,
јас ќе го ранев со суво грозје.
Ах да би знала тој што ми пее,
рано што пее за станување,
јас ќе го ранев отров и катран!“

300
Денеска сум овде,
златна ле Злато,
утре ќе си одам.
Утре ќе си одам
туѓана туѓина.
Сакај што ќе сакаш,
златна ле Злато,
тебе да ти пратам.
— Ништо не ти сакам,
лудо ле младо,
мене да ми пратиш.
Многу ти се молам
побргу да дојдеш.
Ако се забаиш,

301
лудо ле младо,
за тебе ќе умрам.

Ја излези, моме, и јас да те видам,


и јас да те видам, и ти да ме видиш,
и јас да те простам, и ти да ме простиш,
и јас да ти простам дробното овоште
што сум ти пуштувал за белото лице.
Уште да ти простам рудите костени,
рудите костени за рудото грло,
црните череши за црните очи,
благите јаболки за белите гради,
жолтите флорини за рамната снага.
И ти да ми простиш дари, тенки дари,
уште да ми простиш тие дребни китки;
оти ќе си одам младо калинџиче,
младо калинџиче, младо корабарче.

302
Мошне ти се молам, ветер ка ќе дувне,
ветер ка ќе дувне, да не напилесаш,
оти ќе се тие моите издиви.
Мошне ти се молам, роса ка ќе роси,
роса ка ќе роси, да не напилесаш,
оти ќе се тие мојте дробни солзи.

Што коња спремаш, назлан Димитри,


каде ќе одиш?
— Јас ќе си одам, назлан Марие,
туѓа туѓина,
пуста јабана.
— Оти не кажа, назлан Димитри,
три дни порано,
јас да си спремав, назлан Димитри,
сејменска руба.
И јас со тебе, назлан Димитри,
сејмен ќе дојдев,
дење сејменче, назлан Димитри,
ноќе невевче.
— Таму си има, назлан Марие,

303
клети дервени;
тебе ќе љубат, назлан Марие,
мене ќе губат!

Роса роси, трева никне, горум зелена,


горица се с листом ставја, јас немам с кого.
Јас си имав едно драго, и то не тука,
отишло ми на далеку, на туѓа земја,
туѓа земја, туѓ вилает, тага голема!
И јас да го на сон видам, како на јаве,
и тој да ми книга пушти, како сам дошол.
Малу легнав, малу преспав, чуден сон видов:
како да ми книга пуштил, сам си не дошол,
во книгата три дуката ем злати прстен.

304
Садила мома крај море лозје,
лозје ми сади и песна пее:
„Ај лозје, лозје, со бело грозје!
Ал да те садам, кој ќе те јаде?
И јас си немам нигде никого,
ни татка имам ни мајка имам,
ни брата имам, ни мила сестра;
саде си имам првата љубов,
и то ми ошло пуста туѓина,
пуста туѓина, арапска земја“.

305
„Плачи Мандо, да плачиме,
да плачиме жалоите,
жалоите дердоите,
ти твоите, јас моите!
Наши мажи по туѓина,
едниот е пусти Мисер,
а другиот Московија!
Наши друшки зарадвани,
ние двете за жалење,
за жалење, без стопани.
Наши друшки с машки деца,
ние двете с празни раце.
Наши друшки се шетаат,
се шетаат по џумбуши,

306
ние двете затворени,
затворени во зандани!"

„Рај, боже, рај да не види


тој што научи туѓина,
да одаѓаат момчиња
женети ем неженети.
Сите момчиња дојдоа,
моето момче не дојде,
од три месеци земено,
девет години бегано".
Еве го млад кираџија,
тој нејзе ѝ проговара:
„Захо ле, мила Захо ле!
Ако момчето не дојде,
Малко ти пари пуштило,
сто бели карагрошеви,

307
двадесет и пет хаерли
и тридесет мендухии".
„Кираџи, млади кираџи!
Да ти ослепам парите,
кога момчето не дојде!“
„Захо ле, мила Захо ле!
Тој книга скришно ми даде“.
„Кираџи, млади кираџи!
Да ти ослепам книгата,
кога момчето не дојде“.

308
н евеста платно ткаеше,
скрипците песна пееја.
Оздола иде туѓинче,
туѓинче младо ергенче.
Ватило коња за узда,
право ми трга на куќа.
— Туѓинче, младо јабанче,
не врти коња кај мене,
момчето не ми е тука.
— Невесто, калеш убаво,
јас ќе те прашам распрашаг
али си млада невеста,
али си црна вдоица?
— Туѓинче, младо јабанче,

309
лели ме прашаш распрашаш,
јас тебе право ќе кажам:
не сум си црна вдоица,
туку сум млада невеста,
невеста од три години.
Момчето не ми е тука,
момчето ми е туѓина.
— Невесто калеш убава,
вати го коњот за узда,
јас сум ти твоето момче!

310
Невестице гулабице,
ајде двата да се зејме!
— Ејди лудо, лудо младо,
јас си имам првно либе,
кај го чекам девет годин,
ќе го чекам и десетга.
Ако дојде, нека дојде,
ак не дојде, ќе си идам,
ќе си бидам калугерка.
— Невестице, гулабице,
да го видиш, го познаваш?
— Да го видим, го познавам,
нишан има на градите.
— Невестице, убавице,

311
та ја сум ти првно љубе!
— Кога си ми првно љубе,
кажи си ги нишаните,
нишаните на куќата!
— Зад куќата бела лоза,
пред куќата јаболкница.
Невестице, убавице,
кажи си ги нишаните!
— Што ме удри по градите,
по градите со јаболко,
кога двата се сакавме.

312
—А настасице, млада невесто,
што бело переш, што црно носиш,
мајка ли жалиш, татка ли плачеш?
— Ни мајка жалам, ни татка плачам,
јас си го жалам моето лудо,
како отишло девет години,
ни книга праќа ни само иде.
— Анастасице, млада невесто,
ти да го видиш дал го познаваш?
— И да го видам не го познавам,
ќе го познаам по голем белег,
под тујно февче од лева страна.
— Анастасице, млада невесто,
ја ми подигни тујното февче,

313
и да ми видиш големи белег. —
Па му подигна тујното февче,
па му видела големи белег,
и си познала нејното лудо:
„Јас ми те чекав девет години,
затоа носев црна марама,
јас тебе, лудо, не забораив“.
Живи се они двата згрнале,
а мртви они се одгрнале.

314
али ми имаш, стара ле бабо, сина на туѓина?
Аса хајде, хајде. стара ле бабо, сина на туѓина?“
,;Оф имам си, имам, мили ле синко, еден како тебе!
,.Дал одамна ошол, стара ле мајко, дал сега бргу?“
„Ни е одамна, мили ле синко, нито од бргу;
еве ми има девет години,
ни книга пушта нито само иде!“
„Дал да го видиш, стара ле мајко, да ли го познаваш?
„Познавам си го, мили ле синко, камо да го видам?
Нишан ми има на десна пазуа“.
„Дали ми има, стара ле бабо, изан да ноќувам?“
„Изан ми имаш, мили ле синко, овде да ноќуваш!“
Невеста му седи, стара ле бабо, на малата врата;
јунак ми помина низ малата врата,

315
невеста си фати за десна рака.
Кога ми виде, мили ле синко, нејзина свекрва,
аса хајде, хајде, мили ле синко, твоја стара мајка,
на пизма. те фати, многу се налути.
Тога и рече на млада невеста,
аса хајде, хајде, на твоја невеста:
„Ај ти земи си, невесто, острана секира;
аса хајде, хајде, јунак да губиме!“
Жалба ѝ беше на млада невеста јунак да загуби,
пак страв и беше од стара свекрва.
Оф! та си зеде млада невеста остра секира,
аса хајде, хајде, млада невеста, јунак си загуби!
Кога си дојде твојата сестра, брата да види:
„Камо ми го брат ми, мила ле мајко, јас да си го
видам?
„Не зборви така, мила ле ќерко, за твоего брата!
Еве ми има девет години,
како ми ошол пуста туѓина, уште не си дошол!“
„Вчера си дојде, мајко ле мила, у мене се врати,
у мене се врати, со него си зборвав;
овде си дојде, камо да го видам?“
Тога си плусна млада невеста свои бели раце:
„Душа немала, кучко свекрво, што е ова што стори?!
Аса хајде, хајде, јунак што погуби?!“
„Ја откопај го, ќерко, од темни керали,
да се опростиме од туѓи јунака!“
Кога го виде неговата сестра, од жалба си умре,
аса хајде, хајде, за брата си умре!

316
п уста останала Америка!
Америка, земја печалбарска!
Многу печалбари останаа,
кој без рака, кој без нога,
мојто момче и без глава.
Многу деца: сирачиња,
голи, боси и без татко.
Пуста останала Америка,
Америка, земја печалбарска!

317
ТУРЧИН НИЗ ГОРА
ВРВЕШЕ
Т урчин низ гора врвеше,
моми робинки тераше:
напред ми оди Тодорка,
Тодорка, млада невеста,
Тодорка, млада невеста
со машко дете на раце.
Турчин на Тода и вели:
„Тодорке, млада невесто,
ја остај си го детето,
ја остај си го детето
кај таа чешма студена,
на тие мермер камења!“
Турчин си Тода послуша,
си го остави детето

321
кај таа чешма шарена,
на тие мермер камења.
Тодорка, млада невеста,
лепа му песна запеа:
„Нани ми, нани, Марјанчо,
големо да ми пораснеш!
Кога ќе роса зароси,
Марјанча да го искапе;
кога ќе стадо заблее,
Марјанча да го надои;
кога ќе ветер завее,
Марјанча да го залула,
Марјанча да го залула,
големо да ми порасне:
на крала кралство да земе,
на бана банство да земе,
на цара царство да земе,
мене од ропство д' избави.“

322
нани ми, нани, малечок Јован!
Со нога лулам, со рака предам,
со рака предам, со уста пеам:
нани ми, нани, да ми порастеш,
да ми порастеш ти голем јунак,
ќе му земеме на цара царство,
на цара царство, на крала кралство,
на крала кралство, на бана банство.“
Бог да убие клети комшии,
што ми дочуле мајка Ангелина,
што ми отишле право кон царот;
„Честити царе, се пофалија,
ќе ти го земат твоето царство,
твоето царство, на крала кралство,

323
на крала кралство, на бана банство.“
Царот ми пуштил двајца гавази,
да ми го земат малечок Јован.
— Ај врлете го долна пондила,
да го изгазат, да го исцапат.
— Честити царе, ни ми го газат,
ни ми го газат, ни ми го цапат.
— Ај врлете го горна пондила,
да го исклоцат, да го избуцат.
— Честити царе, ни ми го клоцат,
ни ми го клоцат ни ми го буцат.
— Ај врлете го белата вурна.
— Честити царе, сред вурна седи,
на чело има ѕвезда деница!

324
Три пати петли пеале,
тримина Турци минале,
три ми робини носеа:
едната беше невеста,
другата беше вдовица,
сетната беше девојка.
Невеста вели, говори:
— Милото момче, злато ле,
кој ќе да ми го промени,
кој ќе да ми го накити! —
Вдовица вели, говори:
— Милите дробни сираци,
кој ќе да ми ги собере! —
Девојка вели, говори:

325
— Белите златни дарови,
со севда што сум правила,
кој ќе да ми ги ќердоса!

Пладнина, мајко, пладнина!


Да знае Турчин правина,
ручекот би ни донесол,
под сенка би не однесол,
кај таа вода студена,
кај таа трева зелена.

326
Повеј, ветре, повеј
силен од морето,
ладен по полето,
ладен по полето,
по бели аргати,
по млади момчиња,
по млади невесии!

327
д али си чуло, Недо, чуло и разбрало,
што в село дошло солунсконо Турче.
Аргати ќе збира, в Солун ќе ги води,
в Солун ангарија кај Турчин спаија.
Бог да го бие солунското Турче,
што ми пособра белине аргати,
бели аргати, триста јунаци,
триста јунаци, двесте девојки.
Што ми немало на јунаците,
по едно моме на секој јунак.
Ми се скарале с Турче солунче:
„Зашто си илје ни напраило,
зашт не си зело уште сто девојки,
на секој јунак по една девојка?“

328
„Колку ти се сејмените,
Василке мори, босилке?“
„Токму ми се сејмените,
Селмане море, душмане,
токму ми се триста мина,
Селмане море, буљук-баш!“
„Дај ми мене полојната,
Василке мори, босилке!
полојната стојпедесет,
Василке мори, босилке!
Да им плаќам улефето,
кому двесте, кому триста,
на Василка петстотини,
зашто ми е поубава.

329
Ќе им правам мор долами;
ќе ги праќам по селата,
по селата по Дебарца,
да ги вардат планињето!“

3апрегни, Вело, запрегни,


запрегни поли, ракави,
замеси девет погачи,
испржи девет кокошки,
нареди девет столови.
Ќе дојдат земски сејмени.
На сите, Вело, на сите,
на сите пушка да фатиш,
Парталу пушка не фаќај,
тој ти го опра татка ти.
На сите, Вело, на сите,
на сите коња да фатиш,
Парталу коња не фаќај,
тој ти го опра брата ти.

330
Невесто калеш убава,
што кротко одиш на вода,
дали ти тежат стомните
или ти тежи герданот?
— Ниту ми тежат стомните,
ниту ми тежи герданот,
туку ми тежи меракот.
Меракот ми е Битола
во тие пусти зандани,
со тешки пранги на нозе,
со ситен синџир, леле, на раце

331
Б ог да убие Дебрани,
Дебрани долнограѓани,
што настанаа азбии
по таа река Радика,
по тие села рисјански,
старо и младо колеа.
Појдоа в село Галичник
при една млада невеста,
зедоа млада невеста.
Водеа што ја водеа,
постана млада невеста.
Дебрани велат говорат:
„Невесто, млада невесто,
дал ти е тешко среброто

332
ил ти е тежок герданот?"
Невеста вели говори:
„Нито ми тежи среброто
нито ми тежи герданот,
тук ми е жал за либето.
Кога ми либе колевте
в очи ме либе гледаше,
крвави солзи ронеше“.

333
имчета низам писале,
од баш баздриѓан детето.
Кога чу млада невеста,
си плесна две бели раце
како два бели аимида.
Си слезе в земјени керал,
отвори дрвени ковчег
и тури туљбен на глава;
си ојде право на сарај,
на сарај при Шаин бега,
Димчета да го куртули:
„Шаин бег, море Шаин бег,
колку флорини ќе сакаш,
Димче војник да не оди?“

334
„Димкојце, млада невесто,
Султан не сака флорини,
туку си сака момчиња,
момчиња како Димчета:
три години посвршени,
шест месеци оженати“.

Б ог да го бие Мицко кумита,


Мицко кумита Латовчанецот
и Ристе другар Добреноецот!
Каде м!и одат и Бога молат:
— Еј, дај, ни, Боже, провирна пролет,
да си збереме верна дружина,
млади момчиња, кически села,
да прошетаме по вилаетот,
Поречка река, кическа страна,
и да појдеме кај побратимот,
кај побратимот јунак Стевана,
јунак Стевана, и тој кумита,
да го земеме за бајрактара,
за да шетаме кически села,

335
кически села, поречка страна,
да си чуваме нашите браќа,
нашите браќа, нашите сестри
од тој пес Џема Кичевчанецот,
што ни запусти сиот вилает,
сите рисјански села поплени;
што ми расфрли тешка вергија,
тешка вертија ем индадија:
кому две лири, кому четири.
Кој не му даде, глава му сече,
глава му сече, челад зароби.
Тој ни бесчести нашите сестри,
нашите сестри и братучеди,
тој ни истепа домаќините,
и им поплени се што имаа,
се што имаа во куќа стока.
Брат му на Џема во судот седи,
в Кичаа на суд мезлич да биде.
Џемо за себе стока пленуе,
и на брата си тој дел му дава.
Судот кически тоа го гледа,
тоа го гледа, ич гајле нема,
за да ја брани царската раја.

336
Седнал ми Џемо, слободен Џемо,
под таа круша горница,
крај таа река Слатинска.
Во десна рака килибар,
а во левата мартинка.
Мајка му вели, говори:
„Не седи, синко, сло-боден,
под таа круша горница.
Не ми е мирна година,
каури глава кренале,
Мицко комита излегол
со таа верна дружина".
„Ај мори мајко, будала мајко,
каурска пушка не дупи,

337
каурска сабја не сече“.
Уште ми збор не дорече,
ете го Мицко пред него:
на рамо носи руска берданка,
крстосал колан фишеци.
Одрами Мицко берданка,
нишани Џема по рамо.
Прснал ми Џемо да бега
по таа река Слатинска.
„Почекај, куче кическо!
Да видиш пушка как дупи,
да видиш сабја как сече“.

338
БЛАЖЕНА ГОРА
ЗЕЛЕНА
Блажена гора зелена,
никога празна не биваш,
ни лете, горо, ни зиме.
Зиме си полна овчари,
лете си полна јунаци;
до сека бука јунака,
на сека гранка берданка,
на сека шумка патронка,
на сека чука и бајрак.
Блажена гора зелена!

341
Ни прела гора ни ткала,
са зима болна лежала,
како ми дојде Ѓурѓовден,
сама се гора облекла
сè во зелена долама,
сè во зелено кадифе.

342
Ајде море кукни, кукни,
сино пиле, кукавице,
кукни да не кукнеш!
Надеваш ли се, Султане,
пролет кумити да дојдат,
агите да ти исколат!
Ајде да ми дојде,
сино пиле, кукавице,
таа рана пролет.
Ајде да си зберам,
сино пиле, кукавице,
се одбор јунаци.
Ајде да си слезам,
сино пиле, кукавице,
во солунско поле.

343
Развивај, горо зелена,
развивај шума зелена,
отвори сенки широки,
ќе мине Делчев војвода
со неговата дружина!

344
Ајде, жалај ме, Малино моме, плакај ме,
оти, ќе одам, Малино моме, кумита,
ајде низ таа, Малино моме, Пирин планина,
на кумитските, Малино моме, зборишта.
Ајде отиди, Малино моме, в градина,
ајде набери Малино моме, китка трендафил,
ајде накити, Малино моме, Делчев војвода,
и неговата, Малино моме, верна дружина.

345
Извикна Стојан, провикна,
од високите планини,
од кумитските рамнини:
„Дочуј ме, мамо, дочуј ме,
сега сум младо кумита,
со одбор верни другари!“
Мајка на Стојан велеше:
„Стојане, сину Стојане,
седи, не оди кумита,
кумитлук, сину, најстрашно,
ќе страдаш, сину, ќе страдаш
по тие тешки туѓини,
по тие темни темници,
беки ќе нешто да стане,

346
та младо да ми загинеш."
Стојан на мајка говори:
„Еј тизе, мајко роѓевна,
немој ме, мамо, сопирај:
ти раѓаш, мила мајко ле,
се одбор храбри јунаци,
ама дома не ти седат;
ти раѓаш, мила мајко ле,
се лични ќерки убави,
ама турски измеќарки.
Дочуј ме, мамо, дочуј ме,
сега сум младо кумита,
со одбор верни другари!“

347
Ај излез, Ѓурѓо, ај излез, сестро,
ај излез, џанам, на сред село,
да ги видиш, Ѓурѓо, комитите,
комитите, џанам, востаниците!
Ред по редом, Ѓурѓо, ред по редом, сестро,
ред по редом, џанам, девет реда.
Напред оди, Ѓурѓо, напред оди, сестро,
напред оди, џанам, војводата,
напред оди, џанам, Пиперката.
И по него, Ѓурѓо, и по него, сестро,
и по него, џанам, бајрактарот.
Ќе ми одат, Ѓурѓо, ќе ми одат, сестро,
ќе ми одат, џанам, во Прибилци,
во Прибилци, Ѓурѓо, кај мудурот.

348
Да му платат Ѓурѓо, да му платат, сестро,
да му платат, џанам, вергијата,
да му платат, џанам, беделите.
Вергијата, Ѓурѓо, вергијата, сестро,
вергијата, џанам, со тешки бомби,
беделите Ѓурѓо, со тенки пушки.
н ели ти е жално за твојата мајка, Богдане бре?“
„И да ми жално, нема што да чинам, дружино бре;
мене ми е мајка Стара Планина, дружино бре!“
„Не ли ти е жално за твојот ти татко, Богдане бре?“
„И да ми е жално, нема што да чинам, дружино бре;
мене ми е татко мој стари вилает, дружино бре!“
„Нели ти е жално за твоите браќа, Богдане бре?“
„И да ми е жално, нема што да чинам, дружино бре;
мене ми се браќа чифте ми пиштоли, дружино бре!“
„Нели ти е жално за твојата сестра, Богдане бре?“
„И да ми е жално нема што да чинам, дружино бре;
мене ми е сестра таа остра сабја, дружино бре!“
„Нели ти е жално за твоето либе, Богдане бре?“
„И да ми е жално нема што да чинам, дружино бре;
мене ми е либе таа танка пушка, дружино бре!“
„Нели ти е жално за твоите деца, Богдане бре?“
„И да ми е жално нема што да чинам, дружино бре;
мене ми се деца ситните куршуми, дружино бре!
Дека да ги пратам работа ми вршат, дружино бре!
Работа ми вршат, назад не се враќат, дружино бре!“

С обраа ми се, набраа


до седумдесет момчиња
во Негушката планина,
млади кумити да бидат.
Лута си клетва ставија:
„Кој ќе се болен поболи,
да не на пат го оставиме,
на раце ќе го носиме,
на раце, ем на рамена.“
На прво ми се поболе
млад Стојан, млади војвода.
Болувал, што ми болувал
од Иванден до Илинден.
В раце го дружно носиле.

351
в раце ем па на рамена,
в раце им рана искочи,
в рамена садно искочи.
Тогај продума млад Стојан:
„Дејгиди верна дружина,
многу ве мака намачив,
још мало гајрет чинете,
таму ме горе носете,
во таа гора зелена,
имам си нива таткова,
сеана с бела ченица
во среде нива горница,
таму ме м' не остајте,
под таа круша горпица,
до мене да е пушката,
пушката малихерката.
Кога Богу душа предавам,
пушката ќе ја изгрмам.
Кога ќе пушката чуетс,
побргу при мен дојдете,
за да се сите простиме,
вие да мене простите,
што сте ме в раце носеле,
во раце, ем на рамена,
в раце ви рана искочи,
в рамена садно искочи,
на пат ме не остаавте,
не можам вас да забравам.“

352
Еј го фанаа
Петрета Михов,
ем го фанаа,
ем го врзаа,
та го носија
во бело Скопје,
во Куршумли хан.
На врата стоат
двајца џандари.
Бог да го бие
Дервиш баш полиц,
он го запитва
Петрета Михов:
„Кажи, бре Петре,

353
кажи, бре ѓаур,
со кој работиш?"
„Јас ништо не знам
од таа работа!“
„Кажи, бре драскал,
чие е писмово?“
„Јас ништо не знам
од таа работа!“
„Кажи, бре Петре,
кај се пушките?“
„Јас ништо не знам
од таа работа!“
„Кажи, бре ѓаур,
зер те изедов!“
„Што знаеш прави,
сум ти в раците!“

354
п укна ми ггушка, Македонијо!
Пушка ми пукна, јунак ми падна,
јунак ми падна, падна и викна:
„Дочуј ме, Кољо, дочуј та дојди,
да ти предадам до две три писма,
да ги однесеш до мојто село.
Првото писмо да го предадеш,
да го предадеш на стари татко
и да му кажеш, кардаш бре Кољо,
да не ме жала, да не ме плака,
оти сум, Кољо, младо загинал,
младо загинал за слободата.
Второто писмо да го предадеш,
да го предадеш на стара мајка

355
и да к кажеш, кардаш бре Кољо,
да не ме жала, да не ме плака,
оти сум, Кољо, младо загинал,
младо загинал за слободата.
Треќото писмо да го предадеш,
да го предадеш на мој другари
и да им кажеш, кардаш бре Кољо,
да не ме чекат, да не ме плакат,
пушки да фрлат и да се радват,
оти сум, Кољо, младо загинал,
младо загинал за слободата.“

356
Бог да го прости Миле поп Орданов!
Миле поп Орданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.
Неговата мајка црно променета
над глава му стои, жално го жали,
жално го жали, милно го плаче:
„Стани, ми стани, мое мило чедо!
Твоите другари по сокаци шетат,
жални песни пеат и тебе те слават!"
Неговите браќа црно променети,
жално го жалат, милно го плачат,
оти ми е Миле за народ загинал;
неговите сестри ситно оплетени,
свадба ќе прават, брата ќе женат
за црна земја, за Македонија.

357
Ц рна се чума зададе
там долу в Македонија,
там долу в Македонија.
Кој ќе се јунак одбере
чумата да ја пропади?
Избрал се, ми се изнашол
млад Делчев, Гоце војвода,
млад Делчев, Гоце војвода.
Он ојде в Македонија,
чумата да ја пропади
од жална Македонија.
Кој иде горе низ гора,
дал ми се Турци поганци?
Не ми се Турци поганци,

358
тук ми се одбор дружина,
ранет ми другар носеа.
Со куршум јунак пронижан
од лева страна во срце,
млад Делчев, Гоце војвода.
Делчев дружина говори:
„Дружино, верна заговорна,
вие утре ќе врвите,
кому ќе ме оставите,
водичка да ми подаде,
срцето да си разладам,
устата да си расквасам?
„Дружино, верна зговорна,
кога ќе вие минете
низ моја града Кукуша,
мајка ми ќе ве пречека,
за мене ќе ве попита:
„Дека е Делчев војвода?“
Вие ќе нејзе кажете:
„Делчев се јунак посврши,
за црна земја робинка“.

359
Се зададе темен облак
откон исток на запад.
Не ми било темен облак,
туку било турски зган.
Сардисаа планините,
планините, полето.
Ги догледа караулот,
караулот, стражата.
Абер стори на четата,
на четата в селото:
— Ај станете, мили браќа,
зашто сме сардисани.
Ми станаа комитите
слободно да отстапат.

360
Зафати се бојот жален
од Турци и комити.
Пушки пукат, бомби грмат,
и бории ми свират.
Турци викат: „Алах, Алах“,
„Ура“ викат комити.
Турци викат: „Бре комити,
предајте се, предајте,
силата ви веќе згасна,
царот ќе ви опрости“.
Крсте војвода извика:
„Кладете ги ножоите,
запалете и бумбите,
сите браќа ај по мене!“
Осум души побегнаа,
седум души паднаа.
Ах, не жалајте, другари,
и ние по вас ќе дојме
за народски правдини,
оти овој ропски народ
ропство веќе не трпи.

361
Црвено знаме ветрее, Македонијо,
Јордан Пиперков сардисан
во тоа село Брезоо.
Пристига силна потера,
до двесте триста помаци,
петстотин души војници.
Сам валијата битолски
потргнал силни топови.
Сетиле куриерите,
на часот абер пратиле,
Јордану абер сториле.
Извикал Јордан војвода:
„Дружина верна, зговорна, Македонијо,
земете пушки на рамо,

362
земете бомби, динамит,
фрлајте бомби, динамит.“
Ми отстапија војници,
Јордан Пиперков се спаси,
и неговата дружина.
Сам валијата говори:
„Аферим, Јордан Пиперков,
алал да ти е јунаство!“

363
Ајде, браќа, да минеме
преку Вардар за Велешко;
од Велешко за Прилепско,
од Прилепско за Крушовско.
Ој ви вие, Крушовчани,
што сте толку нажалени,
нажалени, натажени,
со куќите изгорени,
со топови преорани!
Таму горе Мечкин камен,
там се бие Питу Гуле,
Питу Гуле војводата!
Турци викат: „Алах, Алах!“
А кумити: „Ура, ура!“

364
Турци паѓат неброени,
а кумити песни пеат:
„Бог да прости војводата,
Питу Гуле, храбер јунак,
наша гордост, наша слава!“

365
МАКЕДОНСКО ИМЕ
НЕМА ДА ЗАГИНЕ
А бре Македонче,
каде се спремаш?
Борба те чека,
борба за слобода.
Момци накитени,
моми наредени,
в борба ми влагат,
борба за слобода.
Нека разберат
крвави фашисти:
македонско име
нема да загине!

369
Ај што ми е мило и драго
млада партизанка да станам,
на Пелистерска планина,
на Лавчанската корија,
кај дванајсетте кладенци.
Таму си клетва зедовме
со фашисти да се биеме,
слобода да добиеме
за наша Македонија!

370
Давај ме, мила мамо, давај ме,
за што ме срце, мамо, тргнало:
млада партизанка да станам,
Козјак планина да идам,
Карпуш војвода да видам.
Пушкомитралезот да носам,
клети фашисти да косам.

371
Г ледај ме, гледај, ах мило либе,
нагледај ми се !
Денес сум тука, шарено пиле,
утре ќе одам,
утре ќе одам млад партизанин
в Славеј планина.
Оттам ќе гледам, ах мило либе,
славна Дебарца,
славна Дебарца, се попленета,
се попалена.
Ја попленија, ја попалија,
ја попалија, ах мило либе,
клети фашисти!

372
Ој Милево другарице,
те ранија на Распаќе.
Од Распаќе до болница
патот крви се полеа.
Кај Милева ми врвеше,
орман ми се одзвиваше.
Кога душа излагаше,
Милева ми говореше:
„Ој дугари, Косовари,
мене да ме не жалите,
јас погинав за слобода“.

373
РЕЧНИК НА ПОНЕПОЗНАТИТЕ ЗБОРОВИ

А
Азбија — насилник, зулумќар
Азно — сокровиште, голема сума пари
Аинк — веселба
Алајка — аремска слугинка
Алтан варакли — златни лисја
Анама, анамче — жена Турчинка
Ангарија — кулук, работа за спаијата
Аро, старо аро — стар, грд, мрзлив)маж

Б
Баздриган — трговец, ситничар
Баш-калфа — главниот калфа
Бедели — вид данок, пари што се прилага-
ле за одење на аџилак во Мека
Белки — можеби
Бекрија — пијаница
Биниш — старинско алиште, како долама
Бирден — веднаш, одеднаш
Болќи в. белки

375
Борија — труба
Брак — свадба
Букагии — окови за нозете
Буљукбаш — началник на одред, војвода

В
Вакли овни — бели овни со црно околу очи
Валија — окружен началник
Варам — лутам, талкам
Везирство — везир = првиот човек на сул-
танот, помошник на султанот
Везме — алтекарски кантар
Вергија — данок на куќа
Вилет — област, роден крај

Г
Гаваз — частен полицаец, гласник
Гемија — лаѓа
Гредам, гредење — одам, идам, одење

Д
Давија — судебно дело, тужба
Далјанка пушка — далекострелна пушка
Дарпна — ленена везена крпа за главата
кај жените
Дервен — проход
Дерт, дерд — болка, мака
Дорија коњ — црвендалест коњ
Дуљбија — далекоглед, бинокл

376
V
Ѓул — ружа
Ѓуч — ѓуч му падна = тешко му падна

Е
Ергелс коњи — група коњи
п

Завал — зло, лошо, беда


Загар — ловџиско куче
Загон — нива, парцела
Заимче, заим — заменик на некаква должност
Зеер — отров
Зуграф — иконописец
Зулум — злосторство, грабеж

И
Ибришим — копринен конец (навиткан)
Изан, изим — разрешение
Илје — завист, измама,
Индадија — помош, вид данок

Ј
јабана — туѓина
Јалдаз — ѕвезда, синџирите јалдази —
златни синџири
јаран — љубовник
Јашмак — бела шамија за покривање
лицето кај муслиманките

377
к
Каар — грижа, тага
Кабает — кривица, грешка
Кадана — Турчинка
Кадија — судија
Каил да станеш — да се согласиш
Калафа — ножница
Калинџиче,
корабарче — морнар
Карадузен — вид тамбура
Кемер ќуприја — засводен мост
Келари, керали — соба, визба, зимник
Кесеџија — разбојник
Кивур — натрупани камења на гробот
над главата од мртовецот
Кираџии — превозници
Клед — килер, зимник
Коа — време, час
Коложег — месец јануари
Коџабашија — селски старешина, кмет
Крондир — сад за ракија
Кумрија — гугучка
Кунатче, кунатка — шумска животина од родот
на ласиците
Куртулам — спасам
Кутел — мера за жито

Л
Леса — прцлиња, ред сплетени коси
Лештин — лешник
Лудоделија — луда глава

378
м
Маштрапа — сад за вода, стомна
Мезлич — совет, заседание
Мекан — сврталиште
Мендухии — жолтици од 20 гроша
Мефтер - свирач
Миндал — бадем
Монохеро крст — прост крст
Мрено гледа — како мренка риба
Мудур — началник на административна
единица помала од околија

Н
Наеро — накриво, налошо
Назлан — гален
Наима се — се нафаќа
Напилесам — колнам, проклинам
Нафол, наул — престорување
Низам — војник

О
Операм — отепам, убијам
Ордија — дружина, одред
Орман — шума, гора

П
Пазумарче — џеб на антерија, на градите
Пајвани — јаже за сопинање коњи
Паратир — прозорец

379
Парта — платно со злато извезено
Пасменце — предено навиткано за бојадиса-
ње
Пизма — омраза
Погонче, погон — ден орање
Појасмо — кадела
Полено — цепеница
Пондила — коњушница
Попраг — колан на коњ
Пусија — заседа
Пуштарак — расипан човек

Р
Руга — плата
Ружам коња — спремам
Румелиска земја, — европските краишта на неко-
Румелија гашната турска империја
Рушко ноже од фрушко (од името на народот Франки)

С
Сажен — мера за должина (колку двете
раширени раце)
Сарај — дворец
Сардисам — опколам
Севда — љубов
Сеисче — прислужник-коњоводец
Сејмен — турски стражар
Спаиче, спаија — турски поседник
Сугаре ----- јагне што не се одбива од мај-
ка си

380
Сујлав — без уво
Сунга — штик, бајонет
Сурија — множество, маса

Т
Тас — чамче на чешма за пиење вода
Тишрајка — пара
Тове — тој
Тозлук — калчун
Тујно февче — низок фес
Туљбен — бела шамија, танка бела мате-
рија
Туфка — снопче, китка
Туџар — трговец

Уѕур — беспослица, довлет, уживање


Улефе — плата за чиновници
Унер — чудо
Урнек — пример, мостра

Ф
Ферман — султански указ
Флорина — златник

X
Хаерли — пари, жолтици

381
ц
Цуцул — птица, чучурлига

Ч
Чаикуи — шалав, ѓаволест
Чапраџија — богат човек
Чарк — удирач на пушка
Чатал камшик — камшик со два крака
Чауш — старши стражар, подофицер
Челебија — господин, високопоставен човек
Чинар — јавор
Чоадар — царски служител

Џ
Џаним, џанам — душо моја
Џелепски од џеле — богат трговец на добиток
Џефа — препирка, спротивење
Џилит — копје, фрлање копје

Ш
Шаварлија — од блатната трева шавар
Шкобав — грд

382
содржинА

СТРАНА
Уводна белешка — — —— — — — — — — — 5
Предговор — — — —— — — — — — — — 7

ШТО МИ ГРАЧИШ ГАВРАНЕ МОРЕ


Што ми грачиш, гавране море, на каменот — — — 15
Во зандана Иво Црногорче — — — — — — — 16
Што ми е роса, што ми е магла — —— — — — — 17
Дваца браќа во зандана — — —— — — — — — 19
Што ми белее в онаа страна — —— — — — — — 22
Луто се дете налути — —— — — — — — — — 23
Чума бие горното маало — — — — — — — — — 25
Сонцето оди заоѓа — —— — — — — — — — 26
Болно ми легнало Русо Граматчето — — — — — — 27
Оро ми играле триста самовили — —— — — — — 28
Млад Манула мост ми прави — —— — — — — — 30
Од сон Ѓурѓа попленета — — —— — — — — — 33
Облагала се Петкана — — — —— — — — — — 35
Попитал Стојан бела Бојана — —— — — — — — 37
Ѓорѓи ле, Ѓорѓи грозниче — —— — — — — — 39
Карала Мара свекрва — —— — — — — — — — 43
Јанко ле, банко убава —— — — — — — — — 46
Изникнала јаболкница — — —— — — — — — 50
До три ми пушки пукнале — —— — — — — — 54
Девојка си црни очи колне — —— — — — — — 55

383
Мома Ерина, скоро робена —— — — — — — — 56
Стојане, море Стојане — —— — — — — — — 57
Товарил е Димо девет ми товара — — — — — — — 59
Никола вика низ гора — —— — — — — — — 61
Кучишта лаат, брато Митано — — — — — — — — 64

АРАМИЈА КУЌА НЕМА


Арамија куќа нема — — —— — — — — — — 69
Ој Стојане, бре Стојане — —— — — — — — — 71
Стојане, сину Стојане, — —— — — — — — — 71
Дека се чуло видело — — —— — — — — — — 75
На душа ти било, нане, воденички камен — — — — 77
Извика Стојан извика — —— — — — — — — 78
Откако гора никнала — — —— — — — — — — 79
Заплакала ми гората — — —— — — — — — — 80
А бре Митре, чауш Митре — — — — — —- — — 82
На планина до два снега — —— — — — — — — 84
Вита се гора, гора развила —— — — — — — — 85
Пушка пукна во гора зелена — — — — — 80
Болен лежи Шико капиданот — — — —— — — 88
Бог да бие девет мина браќа — — — — — — — 90
Озгора идат сејмени — — —— — — — — — — 91
Стига сме јале, јале и пиле — —— — — 92

ДОЈДЕ ВРЕМЕ, ДОЈДЕ


КОА ДА РАСЦУТИ ТРЕНДАФИЛОТ
Дојде време, дојде коа да расцути трендафилот — — — 95
А девојче перуниче — — — — — — — — — — 96
Сонцето оди заоди — — — — — — — — — — 97
А девојче загорјанче, билјаро — — — — — — — 98
Качунчице, сиротице, билјаро — — — — — — — 99
Ран босилек, бел босилек, ран горе венее — — — -— — 100
Цутила ружа во кледа — — — — — — — — — 101
Ѓул девојка под ѓул ми заспало — — — — — — — 102
Заспала ми е, заспала ми е — — — — — — — — 103
Славеј пее во градина — — — — — — — — — 104
Ој ливадо зелена ливадо — — — — — — — — — 105
Здравче венче меризливо цвеќе — — — — — — — 106

384
ЛУДОСТ МЛАДОСТ

Море лудост младост — — —— —— — — — — 109


Ја опули се, девојче — — — — — — — — — — 110
Дали легна, дали заспа — — — — — — — — — 111
Ој ти моме, мало моме — — — — — — — — — 112
Шетале ми се шетале — — — — — — — — — 113
Ти беше сношти на вода — —— —— — — — — 114
Излези, Марче излези — —— —— — — — — 115
Мома ме е, мале, омајала —— —— — — — — 116
Магла падна, мамо, по полето — — — — — — — 117
Седумдесет села шетав — —— —— — — — — 118
А невесто русокосо — — —— —— — — — — 119
Таму горе извор вода студена — — — — — — — 120
Билјана платно белеше — —— —— — — — — 121
Што појдов в село Дреново — — — — — — — — 122
Треска ме тресе, глава ме боли — — — — — — — 123
Да ти беше тебе мило за мене — — — — — — — 124
Ако сакаш росно цвеќе — —— —— — — — — 125
Заспала мома крај море — —— —— — — — — 126
Аман, моме, ти се молам —— —— — — — — 127
Девојко, тага голема — — —— —— — — — — 128
Девојчиња гугутчиња — — —— —— — — — — 129
Синоќ си појдов мила мамо — — — — — — — — 130
Крена лудо тенка пушка — —— —— — — — — 131
Прошетало се девојче — —— —— — — — — 132
Кинисало моме наквечер на вода — — — — — — — 133
Многу ми го фалат, мајко, комшиско девојче — — — 134
Синоќа ти дојдов, Кито — —— —— — — — — 136
Горе долу Нижо-поле — —— —— — — — — 137
Куме ле, куме, кум Карафиле — — — — — — — 138

БИСЕРО, МОМЕ БИСЕРО


Ако ме милуеш, милувај — —— —— — — — — 142
Бисеро, моме Бисеро — — —— —— — — — — 144
Ој Ројно, Ројно Мемедичина — — — — — — — — 145
Карамфило, малој моме — —— —— — — — — 146
Ој ти моме убаво и лично — — — — — — — — 147
Видов мома в одајата — —— —— — — — — 148

385
Еј колку те милувам, мори моме — — — — — — — 149
Девојчице драга љубичице — — — — — — — — 150
Девојче тенко високо — — — — — — — — — — 151
Ситно просо, црно око, не стој спроти мене — — — — 152
Петлите пеат како на самнато — — — — — — — 153
Дал си одамна, девојче, калугерица — — — — — — 154
Мерудо, Мерудо, ај златна Мерудо —— — — — — 155
Девојко, девојко, моме црнооко — —— — — — — 156
Али си рада, девојче, вечер да дојдам — — — — — 157
Злато, мори Злато, златна ми јаболко — — — — — 159
Девојко, мори Маријо — —— — — — — — — 161
Терзии, браќа терзии — —— — — — — — — 162
Ој Радо, Радо, работно моме — — — — — — — — 163
Филипо, моме Филипо — —— — — — — — — 164
Шетнала се калеш Ѓурѓа — —— — — — — — — 166
Заљубиле се, душо, две луди млади — — — — — — 168
Питал ја Стојан Бојана — —— — — — — — — 170
Заљубил Стојан Марија — —— — — — — — — 173
Рано ранила Петкана — —— — — — — — — 176
Заљубил јунак три девојчиња — —— — — — — 178
Облаг ми чинеле лудо ем девојка —— — — — — 180
Јана иде од бањата — — —— — — — — — — 181
Трено, пиленце шарено — —— — — — — — — 183
Остана Кољо сираче — — —— — — — — — — 185
Бојано, Бела Бојано — — —— — — — — — — 187
Растол јунак, јунак за женење — — — — — — — 189

Е ПРОКЛЕТ ДА ЕКОЈ ЉУБИ


Е проклет да е кој љуби — — — —— — — — — 198
Се заљуби, се заљуби — — —— — — — — — — 194
Летај, пеперуго — — — —— — — — — — — 195
Милице мила, Милице — —— — — — — — — 197
Ој ти моме, мало моме, колку те милвам — — — — — 198
Девојко, мори девојко — —— — — — — — — 199
Марие, бела Марие — — —— — — — — — — 200
Си посакав моме од малено —— — — — — — — 202
Три години, Кате, болно лежав — — — — — — — 204
Јас ќе ти умрам, мајко мајчице — —— — — — — 205
Болно лежи мало моме — — — —— — — — — 206

386
ИГРАЛИТО СРЦЕ ЈУНАКОВО

Игралито срце јунаково — —— — — — — — — 209


Да знаеш, моме, да знаеш —— — — — — — — 210
Маро, бела Маро, мајчино кадано —— — — — — 211
Обложил се Дамјан јунак — — —— — — — — 212
Стојна в градина седеше — —— — — — — — — 213
Ветар вее, гора се лелее — —— — — — — — — 216
Слушај, зете, слушај — — —— — — — — — — 217
Добре дошле, китени сватови — —— — — — — 218
Сношти дошол туѓин јунак од туѓа земја — — —— — 219
Ранила мома биљбиља — — — —— — — — — 220
Девојко, девојко, девојкини двори —— — — — — 222
Дајте сито и ситно решето — — —— — — — — 223
Доста си, моме, одила — — — —— — — — — 22-1
Девер снаа водеше — — — — — — — — — — 225
Никој нема коња да изведе — — — — — — — — 226
Месече сече војниче — — — — — — — — — — 227
Пофали се гора божурова — — — — — — — — 228
Облак дојде, а ѕвезда не дојде — —— — — — — 229
О да би знала момината мајка — —— — — — — 230
Напи мене ладна вода, трандафил невесто — —— — 231
Девер невеста водеше — — — —— — — — — 232
Сношти ојдов на студен кладенец — — — —— — 233
Голуб ми гуга осое — — — — —— — — — — 234
Биљбиљ пее на трендафил — — —— — — — — 235

ОТКАКО МИ СЕ ОВЧАР ОЖЕНИ


Заблеала ми, заблеала ми овца рогуша — — — — — 239
Сонце ме зајде, мале мајко ле, на врв планина — — — 240
Заимчето спаичето — — — — —— — — — — 242
Извикнал Стојан, провикнал — — —— — — — — 244
Канам те, ќерко, канам те — — —— — — — — 245
Везден Јана до девера жнала — —— — — — — 246
Дали си се наспало — — — — —— — — — — 247
Ој невесто Стојанице — — — — —— — — — — 248
Кажи, кажи, диљбер Стано — — —— — — — — 250
Ај Митре ле, русокосо невесто — —— — — — — 251

387
Ружо ле, Ружо, млада невесто — — — — — — — 253
ЈЈевен Пејо нива ора — — — — — — — — — — 254
Сон сонила Јанкулица — —— — — — — — — 256

ШТО Е ОВА ЧУДО ГОЛЕМО


Стојане, море Стојане — —— — — — — — — 261
Ајде да идеме у Легена града — — — — — — — 263
О мори Стано Додоа — — —— — — — — — — 265
Предете, прелки предете — —— — — — — — — 267
Ејди сфаќе, СЕаќе ваќе — — — — — — — — 268
Кинисало раче осмокраче — — — — — — — — 269
Се посврши куси врабец — — — — — — — — — 270
Се посврши желурокот — — — — — — — — — 272
Ракоите свадба чинат — — — — — — — — — — 273
Се посврши мала Клиса — — — — — — — — — 274
Кој што има куса жена — — — — — — — — — 275
Петкано, бела Вардарке — — — — — — — — — 276
Момче невеста фалеше — — — — — — — — — 277
Удрила ме попадија — — — — — — — — — — 279
Попот ми има сто гуски — —— — — — — — — 281
Прела баба три вретена — —— — — — — — — 283
Посадил ми дедо рамен бел босилек — — — — — — 285
Перат моми на Пелиор — —— — — — — — — 286
Петлите пеат на леса — — —— — — — — — — 289
Живеал сум стојтридесет — —— — — — — — — 291

ТУЃИНА ПУСТА ЈАБАНА


Жали моме, да жалиме — — — — — — — — — 295
Момче се спрема на гурбет д’ оди — — — — — — 296
Зора се зори, мило љубе — — — — — — — — — 297
Пилето пее утрина рано — — — — — — — — — 298
Рачај порачај, бела Бојано —— — — — — — — 299
Денеска сум овде — — —— — — — — — — 301
Ја излези, моме, и јас да те видам — — — — — — 302
Што коња спремаш, назлан Димитри — — — — — — 303
Роса роси, трева никне, горум зелена — — — — — — 304
Садила мома крај море лозје — — — — — — — 305

388
Плачи Мандо, да плачиме —— — — — — — — 306
Рај боже, рај да не види — —— — — — — — — 307
Невеста платно ткаеше — —— — — — — — — 309
Невестице, гулабице — — —— — — — — — — 311
Анастасие, млада невесто — —— — — — — — — 313
Дали ми имаш стара бабо, сина на туѓина — — — — 313
Пуста останала Америка, — — — — — — — — — 317

ТУРЧИН НИЗ ГОРА ВРВЕШЕ


Турчин низ гора врвеше — —— — — — — — — 321
Нани ми, нани, малечок Јован — — — — — — — 323
Три пати петли пеале — —— — — — — — — 325
Пладнина, мајко, пладнина —— — — — — — — 326
Повеј, ветре, повеј — — —— — — — — — — 327
Дали си чуло, Недо, чуло и разбрало — — — — — 328
Колку ти се сејмените — —— — — — — — — 329
Запрегни, Вело, запрегни — —— — — — — — — 330
Невесто калеш убава — — —— — — — — — — 331
Бог да бие Дебрани — — —— — — — — — — 332
Димчета низам писале — —— — — — — — — 334
Бог да го бие Мицко кумита — — — — — — — — 333
Седнал ми Џемо, слободен Џемо — — — — — — — 337

БЛАЖЕНА ГОРА ЗЕЛЕНА


Блажена гора зелена — — —— — — — — — — 341
Ни прела гора ни ткала — —— — — — — — — 342
Ајде море кукни, кукни — —— — — — — — — 343
Развивај, горо зелена — —— — — — — — — 344
Ајде, жалај ме, Малино моме, плакај ме — — — — — 345
Извикна Стојан, провикна — — — — — — — — 346
Ај излез, Ѓурѓо, ај излез сестро — — — — — — — 348
Нели ти е жално за твојата мајка, Богдане бре — — — 350
Собраа ми се набраа — — —— — — — — — — 351
Еј го фанаа — — — — —— — — — — — — 353
Пукна ми пушко, Македонијо — — — — — — — 355
Бог да го прости Миле поп Орданов — — — — — — 357

389
Црна се чума зададе — —— — — —— — — — 358
Се зададе темен облак —— — — —— — — — 360
Црвено знаме ветрее, Македонијо, — — — — — — 362
Ајде, браќа, да минеме — — — — —— — — — 364

МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ

А бре Македонче — — —— — — —— — — — 369


Ај што ми е мило и драго — — — —— — — — 370
Давај ме, мила мамо — — — — — —— — — — 371
Гледај ме, гледај ах мило либе — — —— — — — 372
Ој Милево другарице — —— — — —— — — — 373
ГЕЧНИК — — — — —— — — —— — — — 375

390
БЛАЖЕ КОНЕСКИ
БЛАЖЕНА ГОРА ЗЕЛЕНА
АНТОЛОГИЈА
НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ЛИРИКА

КОРЕКТОР
МИЛИЦА НОПЗРИЗОВА

ИЗДАВАЧ
МАКЕДОНСКА КНИГА
СКОПЈЕ — 1986

ПЕЧАТ
ГРАФИЧКИ ЗАВОД
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ — СКОПЈЕ

You might also like