Акцентот е нагласено

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

 Акцентот е нагласено, посилно, продолжено изговарање на еден слог во зборот.

 Слогот врз кој паѓа акцентот се вика акцентиран слог.

 Македонскиот акцент е динамичен и определен. Динамичен акцент значи дека се


одликува со силата на издишната струја, а определен значи дека се наоѓа на точно
определено место во зборот.

 Местото на македонскиот акцент е на третиот слог од крајот на зборот кај трисложните и


повеќесложните зборови.

Правила за акцентирање

Акцентот се бележи со знакот ( ‘ ) пред самогласката врз која паѓа акцентот во зборот: мáјка,
уч’илиште, лет’уваат, нос’ете ја, кој г’о виɡе?

 1. Кај едносложните зборови акцентот се наоѓа на единствениот слог.

На пример: с’он, д’ом, б’ол, в’ол.

 Кај двосложните зборови акцентот стои на почетниот слог од зборот, односно на вториот
слог од крајот на зборот.

На пример: с’ело, с’олза, д’ома, б’олва.

 Кај трисложните и повеќесложните зборови акцентот стои на третиот слог од крајот на


зборот.

На пример: слатк’арница, менув’ачница, зб’орови.

 . Ако зборот се зголемува со додавање на претставки и наставки, акцентот се поместува за


да застане секогаш на третиот слог од крајот на зборот.

На пример: гр’ад – гр’ади – ‘изградба – изгр’адбата.

a) Kај морфолошки сложените зборови акцентирањето е како кај трисложните и


повеќесложните зборови: пол’увреме, едно’образен, остр’оумен, знам’еносец,
оч’евидец.

 Отстапки од правилото
Освен овие правила за акцентирање имаме и определени отстапки.
Отстапките ги има кај глаголскиот прилог, кај некои зборови од туѓо потекло, кај прилошки
употребени членувани именки и други.
Отстапување од третосложното акцентирање

Отстапување од третосложното акцентирање имаме во домашни зборови и во зборови со


туѓо потекло.

Отстапување од правилата за акцентирање кај домашните и туѓите прилагодени


зборови има кај:
 Глаголскиот прилог: вик’ајќи, бид’ејќи, организир’ајќи, пишув’ајќи, раскажув’ајќи,
сак’ајќи.
 Прилозите за време: годин’ава, зим’ава, лет’ово.
 Одделните прилози за степен (деминутивни образувања со засилена
емоционалност): малк’уцка (и м’алкуцка), олк’уцка, толк’уцка (и т’олкуцка),
трош’ичка.
 Некои именки од турско потекло: апс’ана, барут’ана, тарап’ана.
 Сложени зборови од типот: југоз’апад, југо’исток, североз’апад, северо’исток; (но:
југоз’ападен, југо’источен, североз’ападен, северо’источен).
 Сложенките со прв елемент полу- и двосложни зборови. Кај овие зборови акцентот
најчесто паѓа на вториот слог од крајот на зборот: полул’ево, полу’остров,
полуп’ијан, полуп’исмен, полус’енка, полус’естра, полут’емен, полут’опка, но
пол’увреме. Ако, пак, по првиот елемент полу- следува едносложен збор, акцентот
паѓа на третиот слог од крајот на зборот: п’олубог, п’олубрат, п’олуглас, п’олужив,
п’олукруг, п’олусвет.
 Сложените придавки: црвенобр’ад, црвенок’ож, црвенок’ос (но: с’ивокос, с’ивоок,
с’иноок, ц’рнобрад, ц’рнокож, ц’рнокос, ц’рноок); светлож’олт; темноз’елен,
темноц’рвен (но: т’емножолт, т’емносин); црвено-ц’рн; сино-з’елен, сино-ц’рвен
(но: с’ино-бел, ц’рно-бел).
 Сложените зборови кај кои секој составен дел го чува својот акцент: амер’иканско-
мак’едонски, ‘англиско-мак’едонски, в’оспитно-обр’азовен, к’ултурно-пр’осветен,
л’ека-п’олека, ‘одвреме-н’авреме, ‘увозно-‘извозен.
 Личните имиња, презимињата и имињата на места:
а) Некои сложени имиња имаат акцент на првиот слог од двете компонени:
Бр’анисл’ава, М’иросл’ава, Ст’анисл’ава.
б) Некои лични имиња и презимиња (по потекло од други јазици, но вообичаени во
македонската средина) имаат акцент на вториот слог од крајот на зборот:
Абдул’аќим, Афрод’ита, Габри’ела, Диј’ана, Ире’на, Исид’ора, Јулиј’ана, Адриј’ана,
Кали’опи, Красим’ира, Линд’ита, Мер’ита, Сан’ела, Славом’ира, Те’ута, Теод’ора,
Ад’еми, Бес’ими, Зек’оли, Јаш’ари, Пољ’оска, Рамад’ани, Стар’ова.
в) Некои македонски презимињa, кои имаат акцент врз вториот слог од крајот на
зборот, образувани со следниве суфикси:
 -ев(-а)/-ов(-а): Аксент’иев, Алекс’андров, Дрвош’анов, Магл’ешев. Кај некои
презимиња образувани со овој суфикс, акцентот може да паѓа и на вториот и на
третиот слог од крајот. Сп.: ‘Адамчев и Ад’амчев, ‘Алексов и Ал’ексов, Гл’игоров и
Глиг’оров, ‘Иванов и Ив’анов.
 -ски(-а)/-цки(-а)/-чки(-а)/-шки(-а) кои доаѓаат директно на основата, односно без
проширување со -ев-/-ов-. Сп.: Ажд’ерски/Ажд’ерска, Ајд’арски/Ајд’арска,
Џамб’аски/Џамб’аска; Карав’ецки/Карав’ецки, Пат’ацки/Пат’ацка,
Тро’ицки/Тро’ицка; Ал’ачки/Ал’ачка, Парм’ачки/ Парм’ачка, Ра’ички/Ра’ичка;
Коч’ишки/Коч’ишка, Мрен’ошки/Мрен’ошка.
 д) Некои македонски топоними: Добр’ејци, Прд’ејци, Рад’ожда, Трп’ејца.
 ѓ) Некои географски имиња (планини, планински масиви, островски архипелази)
имаат акцент на вториот слог од крајот на зборот: Апен’ини(те), Ард’ени(те),
Кар’иби(те), Карп’ати(те), Пирин’еи(те), Хав’аи(те).
 е) Некои имиња на држави, региони, градови и нивни жители кои имаат акцент на:
 Првиот слог од крајот на зборот: Азербејџ’ан (Азербејџ’анец, Азербејџ’анка),
Таџикист’ан (Таџикист’анец, Таџикист’анка), Борд’о (бордо’анец, бордо’анка),
Диж’он (диж’онец, диж’онка), Стразб’ур (стр’азбурец, стр’азбурка).
 На вториот слог од крајот на зборот: Аргент’ина, Гвин’еја, Грен’ада, Екв’адор,
Мал’аја, Мар’око, Најр’оби, Бол’оња, Ел’ада, Сан Ди’его, Сан Франц’иско,
Хирош’има.
г) Некои странски лични имиња и презимиња кои имаат акцент:
 На првиот слог од крајот на зборот: Андр’е Вај’ан, Верл’ен (Пол), Диоклециј’ан, Дон
Жу’ан, Наполе’он, Одис’еј (но: Одис’еев), Октавиј’ан, Паст’ер, Промет’еј, Сен-
Сим’он, Фердин’анд де Сос’ир.
 На вториот слог од крајот на зборот: Алиги’ери, Артем’ида, Верг’илиј, Вас’илиј,
Досто’евски, Макијав’ели, Нострад’амус, Тутатанк’амон, Џуз’епе.

Акцентски целости

 Акцентски целости и клитички изрази се една од основните одлики на македонскиот


стандарден јазик во сферата на правоговорот.

 Поимот акцентски целости се однесува на поврзување (синтагми) на два збора носители на


акцентот изговорени со еден акцент, како во следните случаи:

 а) лексикализирани изрази (означување на еден поим): кисел’а вода, кисел’о млеко, сув’о
грозје, црв’ен пипер, ц’рн пипер.

 б) Синтагми од атрибут + именка (вториот член на синтагмата е двосложна именка и затоа


акцентот се пренесува врз придавката): зимн’о време, летн’о време, н’ов бунар, ст’ар
човек, стар’и луѓе, топл’а вода.

 в) Синтагми од атрибут + именка (вториот член на синтагмата е трисложна именка и затоа


акцентот останува на именката): долга ‘улица, Нова г’одина, црна ш’амија.

 г) Членуван атрибут (при што е редовно образувањето вакви целости): другат’а страна,
леват’а рака, нашат’а нива, новат’а куќа, новот’о палто, старит’е луѓе.

 д) Нечленувани синтагми со самостојно значење: прв’а вечер, Рус’а среда, трет’а вечер.
 ѓ) Изрази со прилошко значење образувани од атрибут + именка: ц’ел ден, ц’ел живот,
цел’а зима, цел’о време, цел’о лето.

 е) Синтагми од именка + сопствени имиња: Поп ‘Андова, Хаџи Конст’антинов, цар С’амуил.

 ж) Синтагми од прост број + именка (едносложна или двосложна): дв’а дена, двест’е грама,
дес’ет дена, п’ет пари, ст’о евра.

 з) Синтагми од заменски придавки + именка: ваш’и глави, м’ој човек, н’аш човек, наш’и
луѓе, твој’а глава.

 ѕ) Синтагми од показна заменка + именка (едносложна или двосложна): ов’а дете, ов’ој
пат, ов’ој човек, та’а жена, ти’е луѓе, т’ој ден, т’ој час, т’ој човек.

 и) Синтагми образувани од неопределените заменки еден и некој + именка (акцентот се


префрла врз именката): еден ч’овек, една ж’ена, некој ч’овек, некоја ж’ена. Но акцентот
останува кај заменската форма секој: с’екој ден, секој’а вечер, секо’е утро.

 ј) Поздрави: до вид’ување, до гл’едање, д’обар ден, добр’о утро, добр’а вечер, д’обра ноќ,
добр’е дојде, добре д’ојдовте, здрав’о-живо.

 к) Mесни (географски) имиња: Газ’и Баба, Гол’о Брдо, Дем’ир Хисар, Кисел’а Вода, Мечк’ин
Камен, Нов’о Село, Овч’е Поле, Црн’а Гора.

Клитички изрази

 Клитичките изрази претставуваат една изговорена целина составена од клитика


(неполнозначен збор) и акцентогена форма (полнозначен збор).

 Клитика претставува збор кој нема свој акцент и може да се најде пред зборот носител на
акцентот (проклитика) и по зборот носител на акцентот (енклитика).

Проклитики

 Кај клитичките изрази разликуваме три случаи на поврзување: задолжително


пренесување, можно (факултативно) пренесување и непренесување на акцентот врз
првиот збор.

 а) Задолжително пренесување на акцентот:

 Во прилошки синтагми образувани од предлог + именка: (со просторно значење) в’о вода,
д’о дома, д’о небо, з’ад врата, н’а гости, н’из поле, п’о пат, п’од земја, (со временско
значење) д’о зори, з’а час, прек’у лето, ср’ед зима, (за начин) н’а сон(е), н’а нога, н’а рака,
н’а смеа, н’а срце.

 Во состави од предлог + долга заменска форма: б’ез нас, д’о мене, к’ај тебе, меѓ’у себе,
пр’ед вас, с’о мене.
 Во состави од негација + едносложни или двосложни глаголски форми: н’е бев, н’е гледам,
н’е дојде, н’е одам, н’е пиј, н’е трчај, н’е чекам.

 Во состави од прашален збор + глагол: к’ој рече? шт’о рече? ког’а дојде? шт’о виде? к’ај
одиш? шт’о сакаш?

 Во состави од сврзник + полнозначен збор: ‘и јас ‘и ти, ‘и ние ‘и вие, н’и ваму н’и таму.

Енклитики

 Кај клитичките изрази со енклитика секогаш имаме задолжително пренесување на


акцентот во составите од:

 Именка + кратка заменска форма: бр’ат ми, брат’учед ми, братуч’етка ми, ж’ена му, м’ајка
ми, т’атко ти, жен’ата му.

 Показен збор + кратки заменски форми: ‘еве го, ‘еве ја, ‘еве ти, ‘ене ги, ‘ене го, ‘ете ги; ев’е
ти ја, ен’е им го.

 Заповеден начин + кратка заменска форма: вид’ете го, ‘види се, д’ајте ја, дон’еси ги, ‘оди
си, ‘речи му.

Акцентот кај зборовите од туѓо потекло

 Акцентот во македонскиот јазик е определен и динамичен.

 Голем број зборови преземени од други јазици се акцентираат во согласност со правилата


за акцентирање во македонскиот стандарден јазик.

 Некои од нив се неприспособени, па затоа може да се издвојат акцентски потсистеми со


поинаков акцент од тој во македонскиот.

Зборови со приспособен акцент

 Некои двосложни именки со акцент на вториот слог од крајот на зборот: м’аршал,


с’имбол, в’ирман, д’екан, б’илтен, ‘орден, т’ерен, к’омфор, л’ектор, р’ектор, с’ектор,
тр’актор, тр’езор, ф’актор, г’уру, к’иви, к’ино, к’орзо, п’алто, т’орзо, ‘албум, ‘аспект, б’ензин,
б’ојкот, к’армин, к’онфликт, м’омент, ‘објект, п’аркет, п’арфем, п’илот, пл’оштад, пр’оцент,
р’еспект, р’ефлекс, с’убјект, тр’иумф, тр’офеј, т’урнир.

 б) Некои трисложни и повеќесложни именки со акцент на третиот слог од крајот на


зборот: м’аскенбал, ‘апостол, м’онопол, пр’аматар, бот’аничар, матем’атичар, ф’изичар,
м’инистер, д’иректор, м’онитор, пр’офесор, с’емафор, к’арактер, д’ијалог, ‘епилог,
м’онолог, ‘епископ, м’икроскоп, п’ерископ, ст’етоскоп, т’елескоп, ‘аптека, м’инимум,
м’аксимум, к’алциум, магн’езиум, н’атриум, конт’инуум, ‘адреса, ‘антимон, д’ефицит,
к’амбана, метр’опола, с’интакса, с’уфицит.

 в) Некои трисложни и повеќесложни придавки со акцент на третиот слог од крајот на


зборот: ‘активен, м’онтажен, н’ервозен, п’асивен, пр’ецизен, л’егален, л’окален,
н’ормален, ф’ормален, ц’ентрален, л’абилен, м’обилен, с’енилен, ст’абилен, ст’ерилен,
с’уптилен, ст’омачен, дин’амичен, драм’атичен, др’астичен, ел’ектричен, ир’оничен,
кл’асичен, по’етичен, пр’актичен, хр’оничен, ‘анкетен, д’иректен, к’онфликтен, ‘ажурен,
‘азурен, д’ежурен, к’ултурен, стр’уктурен.

Зборови со неприспособен акцент

 ) Акцентот на првиот слог од крајот:

 Некои именки со завршок на самогласка (главно, преземени од францускиот јазик):


аташ’е, ателј’е, бид’е, експоз’е, жел’е, кабар’е, клиш’е, крупи’е, куп’е, пир’е, протеж’е,
резим’е, реном’е, сепар’е, сиж’е, фоај’е, деб’и, жир’и, рел’и, бир’о, деп’о, лаваб’о, макр’о,
нив’о, пан’о, плат’о, сак’о, трик’о, интервј’у, какад’у, рандев’у.

 Некои именки со завршок на согласка: штафел’ај, јубил’еј, мавзол’еј, адмир’ал, генер’ал,


журн’ал, иде’ал, интерв’ал, капит’ал, крист’ал, материј’ал, минер’ал, потенциј’ал, рецит’ал,
риту’ал, аквар’ел, крокод’ил, проект’ил, карфи’ол, оре’ол, ветер’ан, рестор’ан, целоф’ан,
феном’ен, витам’ин, нафтал’ин, никот’ин, параф’ин, пеницил’ин, пластел’ин, проте’ин,
ави’он, барит’он, дијапаз’он, електр’он, камеле’он, лампи’он, лексик’он, тепис’он, фара’он,
шампи’он, дијам’ант, емигр’ант, практик’ант, амби’ент, аргум’ент, елем’ент, парлам’ент,
продуц’ент, темперам’ент, тестам’ент, булев’ар, куло’ар, мемо’ар, реперто’ар, трото’ар,
формул’ар, хонор’ар, амат’ер, волонт’ер, вулканиз’ер, диспанз’ер, милијард’ер, милион’ер,
опозицион’ер, преми’ер, рекорд’ер, репорт’ер, симпатиз’ер, фрижид’ер, ман’ир, маник’ир,
сувен’ир, агрег’ат, адвок’ат, акроб’ат, апар’ат, демокр’ат, диплом’ат, кандид’ат, патрон’ат,
резерв’ат, сурог’ат, фалсифик’ат, цит’ат, кабин’ет, кларин’ет, тротин’ет; еруд’ит, колор’ит,
параз’ит, фавор’ит, иди’от, инстит’ут, рендгеногр’ам, историогр’аф, кинематогр’аф,
кореогр’аф, авантур’ист, алтру’ист, есе’ист, журнал’ист, интерн’ист, лингв’ист, македон’ист,
национал’ист, публиц’ист, спорт’ист, флејт’ист, фолклор’ист, хумор’ист, шах’ист, алергол’ог,
биол’ог, геол’ог, психол’ог, рендгенол’ог, афинит’ет, имунит’ет, интегрит’ет, наталит’ет,
пуберт’ет, универзит’ет, факулт’ет, ацет’он, велосип’ед, доктор’анд, лавир’инт.

б) Акцентот на вториот слог од крајот:

 Некои именки: амбал’ажа, апан’ажа, арбитр’ажа, плант’ажа, репорт’ажа, парафр’аза,


дев’иза, хипоф’иза, псих’оза, плеон’азам, сарк’азам, арха’изам, ате’изам, идеал’изам,
материјал’изам, национал’изам, орган’изам, реал’изам, романт’изам, тур’изам, гениј’алец,
гимназиј’алец, илег’алец, интелекту’алец, вегетариј’анец, парламент’арец, документ’арец,
бари’ера, бонбо ни’ера, кари’ера, преми’ера, архитект’ура, глаз’ура, корект’ура, култ’ура,
лект’ура, литерат’ура, магистрат’ура, мат’ура, факт’ура, ценз’ура, акт’ива, алтернат’ива,
арх’ива, пас’ива, регулат’ива, стат’ива, конзерват’ивец, операт’ивец, репрезентат’ивец,
ал’еја, алин’еја, епоп’еја, ид’еја, орхид’еја, турн’еја, компј’утер, маг’истер, вентил’атор,
имит’атор, опер’атор, регенер’атор, ел’ипса, грим’аса, тер’аса, пи’еса, поет’еса, стујард’еса,
картот’ека, кинот’ека, филмот’ека, цедет’ека, јану’ари, февру’ари, септ’ември, окт’омври,
но’ември, дек’ември, аванг’арда, анк’ета, анс’амбл, ант’ена, дин’амо, епиз’ода, ет’апа,
каз’ино, лав’анда, лимуз’ина, орб’ита, парал’ела, силу’ета, цун’ами.

 Некои придавки: гениј’ален, иде’ален, специј’ален, театр’ален, акту’елен, визу’елен,


адаптиб’илен, варијаб’илен, аларм’антен, арог’антен, хидрат’антен, шарм’антен, ург’ентен,
фрекв’ентен, секунд’арен, кок’етен, тоал’етен, малер’озен, тенденци’озен,
администрат’ивен, ефект’ивен, позит’ивен, релат’ивен, факул тат’ивен, гарн’иран,
мотив’иран, план’иран, резерв’иран, трен’иран.

 Глаголите: ирониз’ира, лак’ира, парк’ира

Зборови со два начина на акцентирање

 Дел од зборовите од туѓо потекло се наоѓаат во постојан процес на приспособување кон


македонскиот акцентски систем. Тие што се опфатени со овој процес имаат два начина на
акцентирање: б’иф’е, ‘екр’ан, м’икроф’он, н’ерв’оза, п’ортр’ет, р’ез’ерва, р’еф’орма,
с’ем’естар, ст’ади’он, т’елеф’он, фр’агм’ент, ш’амп’он.

You might also like