Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Универзитет,, Гоце Делчев-Штип“

Техничко-Технолошки факултет

Проектирање на технолоски процеси


Тема: Основна структура на хемиско-технолошки
процес

Професор:Винета Сребренкоска
Студент:Кристијан Трајковски 18724

Прилеп 2023
Содржина
Вовед..........................................................................................3
Хемиско технолошки процес................................................4-6
Вовед
Севкупност на елементите на процесот и специфичноста на нивните меѓусебни
врски ја прават, како што и претходно е споменато, структурата на процесот. Може да се
разликува макроструктура и микроструктура. Макроструктурата на процесот ја прават
елементите на процесот и врските меѓу нив, додека микроструктурата ја прават врските
на елементите со помошната опрема.

Техничарите за хемиско-технолошки занимања вршат задачи во истражувањето во


областа на хемиското инженерство, планираат, организираат и водат комерцијални
хемиски – технолошки процеси и производство на разни производи во преработката.

Задачите вклучуваат:
- складирање на суровини,

- припрема на суровини,

- хемиска реакција,

- сепарација на производи,

- пречистување на производи,

- складирање на производи.
Складирање на суровини

Опремата за складирање зависи од природата на супстанциите кои што се


складираат, од методата на интерниот транспорт и од степенот на резервите кои треба да
се обезбедат за континуирана работа на постројката. Магацините се наменети за прием,
краткорочно складирање и отсуство од полу-готови производи, суровини, производи
испорачани од добавувачи. Тие можат да заземаат посебни области, стационирани во
подруми, на првите и приземните подови. Клучна побарувачка за магацини -
обезбедување на погодно поврзување со други главни работилници.

Припрема на суровини
Припрема на суровините Некое прочистување или друга припрема на суровините
може да се покаже како потреба во однос на влезниот квалитет на суровините или во
однос на степенот на чистота кој се бара за реакцијата.

Хемиска реакција
Хемиска реакција — процес во кој едни хемиски соединенија се претвораат во
[1]
други. Во реакција можат да стапат и хемиски елементи. Хемиските реакции обично
вклучуваат промени во хемиските врски во молекулите или кристалите. Од степенот на
познавање на хемиска реакција, влијанието на катализаторот, дефинирање на работните
услови зависи степенот на конверзија на реактантите и приносот на саканите производи,
односно, во случај на сложени реакции, зависи во која мера е можно да се спречи
споредна паралелна реакција која доведува до создавање на нуспроизводи.
Сепарација на производи

Сепарација е назив за издвојување, одвојување, изолирање, или отстранување


на супстанции од примерок . Различни компоненти со различни својства се одвојуваат.
Познато е математичкото раздвојување на променливите и хемиското раздвојување.

Процесите на сепарација може да се поделат на:

 механички
 рамнотежа
 условени од брзината на преносот
Во првата фаза на сепарација треба да се одвојат сите производи и нуспроизводи од
делот на суровината кој нема изреагирано, а кој повторно може да се врати во хемискиот
реактор доколку економската пресметка покажува оправданост или да се врати во
суровинскиот тек во зависност од чистотата на повратниот тек или пак треба да се смисли
некое најповолно решение

Пречистување на производите
Овој елемент на процесот зависи од добиениот квалитет во предходните фази
(елементи) на процесот и бараниот квалитет на пазарот. Материјалот може да пристигне
на големо. Ретко кој производствен капацитет ја троши оваа суровина во иста количина.
Условите на пласманот на крајниот производ на пазарот условува и начин на конечна
обработка на производот.

Складирање на производи
Складирањето на производите се врши во затворени простори каде тие производи
се подготвени за транспорт и нивна употреба. Притоа се заема во предвид и влијанијата
што можат да ги променат физичко-хемиските својства на стоката.

You might also like