Professional Documents
Culture Documents
Кристијан Трајковски проектна задача проектирајне на технолошки процеси
Кристијан Трајковски проектна задача проектирајне на технолошки процеси
Техничко-Технолошки факултет
Професор:Винета Сребренкоска
Студент:Кристијан Трајковски 18724
Прилеп 2023
Содржина
Вовед..........................................................................................3
Хемиско технолошки процес................................................4-6
Вовед
Севкупност на елементите на процесот и специфичноста на нивните меѓусебни
врски ја прават, како што и претходно е споменато, структурата на процесот. Може да се
разликува макроструктура и микроструктура. Макроструктурата на процесот ја прават
елементите на процесот и врските меѓу нив, додека микроструктурата ја прават врските
на елементите со помошната опрема.
Задачите вклучуваат:
- складирање на суровини,
- припрема на суровини,
- хемиска реакција,
- сепарација на производи,
- пречистување на производи,
- складирање на производи.
Складирање на суровини
Припрема на суровини
Припрема на суровините Некое прочистување или друга припрема на суровините
може да се покаже како потреба во однос на влезниот квалитет на суровините или во
однос на степенот на чистота кој се бара за реакцијата.
Хемиска реакција
Хемиска реакција — процес во кој едни хемиски соединенија се претвораат во
[1]
други. Во реакција можат да стапат и хемиски елементи. Хемиските реакции обично
вклучуваат промени во хемиските врски во молекулите или кристалите. Од степенот на
познавање на хемиска реакција, влијанието на катализаторот, дефинирање на работните
услови зависи степенот на конверзија на реактантите и приносот на саканите производи,
односно, во случај на сложени реакции, зависи во која мера е можно да се спречи
споредна паралелна реакција која доведува до создавање на нуспроизводи.
Сепарација на производи
механички
рамнотежа
условени од брзината на преносот
Во првата фаза на сепарација треба да се одвојат сите производи и нуспроизводи од
делот на суровината кој нема изреагирано, а кој повторно може да се врати во хемискиот
реактор доколку економската пресметка покажува оправданост или да се врати во
суровинскиот тек во зависност од чистотата на повратниот тек или пак треба да се смисли
некое најповолно решение
Пречистување на производите
Овој елемент на процесот зависи од добиениот квалитет во предходните фази
(елементи) на процесот и бараниот квалитет на пазарот. Материјалот може да пристигне
на големо. Ретко кој производствен капацитет ја троши оваа суровина во иста количина.
Условите на пласманот на крајниот производ на пазарот условува и начин на конечна
обработка на производот.
Складирање на производи
Складирањето на производите се врши во затворени простори каде тие производи
се подготвени за транспорт и нивна употреба. Притоа се заема во предвид и влијанијата
што можат да ги променат физичко-хемиските својства на стоката.