Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 4

ДОГОВОР ЗА ДЕЛОВНО-ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА

Склучен во Скопје, на _________________ година помеѓу:

1. ________________________________, со седиште на ул._______________________________


Скопје, со ЕДБ _____________________ и ЕМБС ___________________ претставувано од страна
на Управителот ______________________________ (во продолжение: _____________________),

2. ________________________________, со седиште на ул._______________________________


Скопје, со ЕДБ _____________________ и ЕМБС ___________________ претставувано од страна
на Управителот ______________________________ (во продолжение: _____________________),
и

3. _________________________________, со седиште на ул. __________________________


Скопје, со ЕДБ _____________________ и ЕМБС ___________________ претставувано од страна
на Управителот ______________________________ (во продолжение: _____________________)

Договарачите од овој Договор заеднички ќе се именуваат како Договорни страни.

ЦЕЛ И ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ


Член 1

(1) Водени од заеднички интереси Договорните страни засноваат деловна и техничка


кооперација на начин и под услови дадени во овој Договор, со цел_____________________.

(2) Договорните страни за остварување на целта на овој Договор се согласуваат:

- да состават и поднесат групна понуда за сите 3 (три) дела на огласот бр.____________


за__________________________________________за:
а)______________________________________________
б)______________________________________________
в)______________________________________________

- групната понуда да биде потпишана и поднесена од ________________________, како


главна договорна страна („leading partner“)

- во случај на избор на групната понуда за најповолна независно дали за еден, два или
сите три дела од предметот на набавката, тогаш носител на набавката, односно правно
лице кое ќе го склучи договорот за јавна набавка со град _____________ ќе биде
_________________. Вклученоста на секоја договорна страна во реализација на
конкретниот дел од предметот на набавката е утврдена во член 2 од овој Договор.
ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ
Член 2

(1) Доколку групната понуда биде избрана за најповолна независно дали за еден, два или сите
три дела од предметот на набавката, тогаш секоја договорна страна ќе треба да ги обезбеди и
да и ги предаде на ________________ сите неопходни документи со кои се докажува дека
правното лице е способно да биде избрано и да го реализира договорот за јавна набавка кои
се наведени во огласот бр.________________ објавен од град Скопје.

(2) Доколку групната понуда биде избрана за најповолна во сите три дела на набавката, тогаш
поделбата на задачите и средствата меѓу договорните страни за реализација на договорот за
јавна набавка е следна:

- _________________ и неговите консултанти ќе ја имаат водечката улога за реализација


на дел 1: ___________________________________________________ (во сооднос _____)

- _________________ и неговите консултанти ќе ја имаат водечката улога за реализација


на дел 2: ___________________________________________________ (во сооднос _____)

- _________________ и неговите консултанти ќе ја имаат водечката улога за реализација


на дел 3: __________________________________________________(во сооднос ______)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 3

Овој Договор е склучен за период од __________ до __________.

ЗАШТИТА НА ДЕЛОВНИТЕ ИНТЕРЕСИ И ДОВЕРЛИВОСТ НА ДЕЛОВНИТЕ ТАЈНИ


Член 4

(1) Секоја Договорна страна ќе ги подобри и заштити интересите на другата Договорна страна
кои ќе произлезат од одредбите од овој Договор согласно со добрите деловни обичаи.

(2) Доверливите информации во комуникацијата помеѓу Договорните страни за време на


извршување на овој Договор ќе се смеетаат за деловни тајни.

(3) Обврската на чување на доверливост ќе биде обврзувачка за Договорната страна од


моментот кога ќе добие таква информација и ќе биде во сила за време на целиот период на
важење на овој Договор.
ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 5

Секоја од Договорните страни е одговорна за навремено, внимателно и квалитетно


извршување на својот дел од овој Договор.

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 6
(1) Доколку некоја од Договорните страни ненавремено, невнимателно или неквалитетно го
изврши својот дел од овој Договор им ја надоместува штетата на другите Договорни страни во
износ од _________% од _____________.
(2) Договорните страни имаат право на надомест на обичната штета, испуштената корист, како
и справедлив паричен надоместок на нематеријална штета во случај кога една од Договорните
страни ненавремено, невнимателно и неквалитетно го извршила својот дел од овој Договор.

ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ
Член 7
Овој Договор може да биде еднострано раскинат од било која Договорна страна во случај на
___________________________, со отказен рок од ______ дена.

ПРИМЕНА НА ПРОПИСИ
Член 8

За се што не е регулирано со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за


облигационите односи.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 9

(1) Договорните страни се согласни настанатите спорови меѓу нив во врска со применувањето
на одредбите од овој Договор да ги решаваат спогодбено.

(2) Во случај на неможност споровите да се решаваат вонсудски, Договорните страни


признавааат надлежност на Основниот суд Скопје 2 - Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 10

(1) Овој Договор е составен и потпишан во 7 примерока, од кои по 2 (два) за секоја Договорна
страна и 1 (еден) како дел од понудата која ќе биде поднесена на објавениот оглас.

(2) Овој Договор влегува во сила на денот на негово склучување.


_________________________
Гоце Адамчески
Управител на АЦТ! ДОО Скопје

_________________________

Име и презиме
Управител на ________________

_________________________
Име и презиме
Управител на ________________

You might also like