Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 17

Семинарска по предметот:

Геријатрија со нега

Тема: Хронична обструктивна


белодробна болест
(ХОББ)

Изработиле: Ментор:
Марија Јошевска 6864 Проф. Д-р Викторија Продановска
Стојчевска

0
Содржина:

1. Вовед...........................................................................................................................................................2
2. Симптоми и знаци на
ХОББ......................................................................................................................4
2.1 Егзацербација.....................................................................................................................................5
3. Причина за настанување на ХОББ...........................................................................................................6
4. Дијагноза и
проценка.................................................................................................................................7
5. Терапија за ХОББ......................................................................................................................................9
6. Заклучок...................................................................................................................................................13
Користена литература...................................................................................................................................15

1
1. Вовед

Белодробното дишење е размена на гасови што се одвива меѓу алвеолите и крвните капилари во
белите дробови, додека ткивно дишење е размената што се одвива меѓу крвните капилари на ткивото и
самите клетки на тоа ткиво.Системот за дишење се состои од низа органи, кои можат да се поделат во
две групи:

1.горни дишни патишта (носот, грлото и гркланот)

2.долни дишни патишта (душникот, бронхиите и белите дробови со плеврата).

Белодробна болест е состојба кога е пореметена функцијата на белите дробови. Во некои


случаи проблемот лежи во процесот на размената на гасовите кога е спречена апсорпцијата на
кислородот и елиминацијата на јаглерод диоксид. Респираторните болести често доведуваат до
инвалидност и прерана смрт. Меѓу почестите респираторни заболувања се вбројуваат акутните
горнореспираторни инфекции и на нив отпаѓаат над 50 % од сите акутни заболувања. Инциденцата на
акутните респираторни заболувања во САД се движи од 3 до 5.6 инфекции по лице годишно. Стапката е
највисока кај децата до едногодишна возраст (6.1 до 8.3 случаи годишно) и останува висока се до 6-тата
година од животот, по што се забележува прогресивно намалување. Кај возрасните се јавуваат 3 до 4
инфекции по лице годишно.

Бронхитис е воспаление на обвивката на бронхијалните цевки. Акутниот бронхит е многу чест


и во најголем број од случаите е резултат на настинка или друга респираторна инфекција. Хроничниот
бронхит пак, е многу посериозна состојба бидејќи претставува континуирана иритација или воспаление
на обвивката на бронхијалните цевки, најчесто предизвикано од пушење.

Хроничниот бронхит се манифестира со полоша перцепирана здравствена состојба,


функционално ограничување, намалување на секојдневните активности, губење на работно време и
поголема потрошувачка на медицински ресурси. Симптомите на хроничниот бронхит треба да се
сметаат како индикатори за зголемен ризик од значително нарушување на здравствената состојба и
користењето на ресурсите за здравствена заштита.

2
Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) е дефинирана од страна на Светската
иницијатива за хронична опструктивна белодробна болест (GOLD) како состојба што се одликува со
ограничување на протокот на воздух, кое не е целосно реверзибилно. ХОББ се карактеризира со
емфизем, состојба што анатомски се дефинира како уништување и проширување на белодробните
алвеоли и хроничен бронхит. Клинички се манифестира како состојба со хронична кашлица и создавање
мукус. Одредени испитувања покажале дека респираторните болести се поинтензивни кај лицата што
живеат во урбани средини, во споредба со оние што живеат во рурални области, што може да се објасни
со поголемиот степен на загаденост на урбаните средини. Сепак се уште не е утврдена поврзаноста меѓу
загаденоста на воздухот и појавата на хронична опструкција на протокот на воздух. Пролонгираната
изложеност на чад што се ослободува при согорување на биомаси – што претставува вообичаен начин
на готвење во одредени земји – се чини дека е уште еден значаен фактор на ризик кај женската
популација во тие земји. Сепак, во повеќето земји, загаденоста на воздухот на околината е многу
поневажен фактор на ризик, отколку пушењето цигари.

Според студијата за глобално оптоварување на болести, повреди и фактори на ризик од 2017


година, пневмонијата останува водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години, и покрај
36% намалување на смртните случаи поврзани со пневмонија кај оваа популација во последните десет
години. Поради актуелната хуманитарна криза, милиони раселени луѓе се соочуваат со неизвесна
иднина. Тие се изложени на исклучително висок ризик од инфекции како пневмонија поради
неухранетост, загадување на воздухот во затворените простории, пренатрупаност, здравствени
недостатоци и ограничен пристап до вода.

3
2. Симптоми и знаци на ХОББ

Најчести симптоми на ХОББ се производство на исплувок, недостиг на воздух и продуктивна


кашлица. Овие симптоми се присутни подолго време и обично со тек на време се влошуваат. Не е
познато дали постојат различни типови на ХОББ. Претходно болеста се делела на емфизем и на
хроничен бронхит, но емфиземот е само опис на белодробна промена, не на самата болест. Хроничниот
бронхит, пак, само ги опишува симптомите што може да се појават со ХОББ.

*Хроничната кашлица обично е првиот симптом што се појавува. Кога опстојува повеќе од три
месеци и повеќе од две години, во комбинација со производството на исплувок, а за што нема друго
објаснување, се смета, по дефиница, за хроничен бронхит. Оваа состојба може да се појави пред ХОББ
целосно да се развие. Количеството на произведен исплувок може да се менува во текот на неколку часа
или денови. Во некои случаи кашлицата може да отсуствува или да се појави само повремено, или да
биде сува кашлица. Некои што имаат ХОББ симптомите ги припишуваат на „пушачка кашлица“.

*Исплувокот може да се проголта или да се исплука, често, во зависност од општествени и


културни фактори. Енергичното кашлање може да доведе до скршеници на ребра или кратко губење на
свест. Луѓето со ХОББ често имаат историја со „настинки“ што траат долго.

*Недостигот на воздух, често, е симптомот кој најмногу пречи. Често го опишуваат како:
„тешко ми оди дишењето“, „немам воздух“ или „не можам убаво да вдишам“. Меѓутоа, во различни
култури може да се користат различни термини. Обично недостигот на воздух се влошува при
егзацербација, трае подолго и со тек на време се влошува. Во напредните степени се појавува при одмор
и може постојано да биде присутен. Предизвикува и нервоза и влошен квалитет на живот кај болните со
ХОББ. Многумина со напредна ХОББ дишат преку напрчени усни, а со тоа кај некои може да се
подобри недостигот на воздух.

Напредната ХОББ води до висок притисок во белодробните артерии, што става напор врз
десната комора од срцето. Оваа ситуација се нарекува кор пулмонале и води до симптоми на отекување
на нозете и набрекнување на вратните вени. ХОББ е позастапена причина на кор пулмонале од другите

4
белодробни заболувања. Кор пулмонале е помалку застапена состојба откако се користи кислород како
додаток.

ХОББ често се јавува со други состојби, делумно поради заемните ризик-фактори. Овие
состојби вклучуваат: исхемична срцева болест, висок крвен притисок, дијабетес мелитус, атрофија,
остеопороза, рак на бели дробови, анксиозно нарушување и депресија. Кај оние со сериозна болест
често се јавува чувство на умор.

2.1 Егзацербација

Aкутна егзацербација на ХОББ се дефинира како зголемен недостиг на воздух, зголелемено


производство на исплувок, промена на бојата на исплувокот од провидна до зелена или жолта или
зголемена кашлица кај заболен од ХОББ. Тоа може да се појави со знаци на зачестено дишење како брзо
дишење, забрзано срцебиење, потење, активна употреба на вратни мускули, синкава боја на кожата и
забуна или борбено однесување при сериозни егзацербации. При преглед со стетоскоп на белите
дробови може да се слушне шуштење.

5
3. Причина за настанување на ХОББ

Примарна причина за ХОББ е чадот од цигарите, а во некои земји значителни причинители се


професионалната изложеност и загадувањето од оган во затворен простор. Обично оваа изложеност
мора да се случува неколку децении пред да се појават симптомите. Генетскиот склоп на поединецот
исто така влијае на ризикот.

Примарен ризик-фактор за ХОББ во светот е пушење тутун. Од пушачите околу 20% ќе добијат
ХОББ, а од оние што цел живот се пушачи, половината ќе добијат ХОББ. Во Соединетите Американски
Држави и во Обединетото Кралство, од болните со ХОББ 80-95% се или тековно пушачи или претходно
биле пушачи. Веројатноста од заболување со ХОББ се зголемува со вкупната изложеност на чад. Освен
тоа, жените се поподложни на штетните ефекти на чадот од мажите. Кај непушачите, пасивното пушење
е причина за околу 20% од случаите. Другите типови на пушење, како пушењето марихуана, пури и
наргиле, се исто така ризик. Жените што пушат за време на бременост може да го зголемат ризикот од
ХОББ кај своето дете

6
4. Дијагноза и проценка

Клиничката дијагноза на ХОББ се темели врз присуство на симптомите и изложеноста на


ризик-фактори.

Спирометријата е неопходна за поставување на дијагнозата. Наодот на постбронходилататорен


FEV1/FVC < 0.70 говори за перзистентно ограничување на воздушниот проток, односно за ХОББ.

ХОББ е мултикомпонентна болест, а примарно место во нејзината патогенеза има


инфламацијата

Кај болните со ХОББ постои зголемен ризик за кардиоваскуларни болести, остеопороза,


респираторни инфекции, анксиозност и депресивност, дијабет и белодробен канцер. Придружните
болести не влијаат на третманот на ХОББ, а тие се третираат според актуелните препораки за нивно
лекување.

Глобалната иницијатива за хронични опструктивни белодробни болести препорачува проценка


на пациент со ХОББ:

*Да се проценат симптомите

*Да се процени степенот на ограничување на проток на воздух со спирометрија (FEV1)

*Да се процени ризикот од егзацербации

*Да се процени присуство на коморбидитети

Егзацербација на ХОББ е: “акутен настан што се карактеризира со влошување на симптомите


поголемо од во однос на нивните вообичаени варијации и бара промена во третманот”

7
Исклучително значење: ја забрзуваат прогресијата на болеста, го влошуваат квалитетот на
живот, големи трошоци за дијагностика и лекување. Тешките егзацербации се најчеста причина за смрт
кај болните од ХОББ.

Клучен елемент во дијагностиката има нивната клиничка презентација – акутно влошување на


симптомите (постојна диспнеа, кашлица и/или продукција на спутум)

Цел на третманот е да се минимизира влијанието на егзацернацијата врз прогресијата на


болеста и да се превенира појавата на наредна егзацербација

Егзацербациите на ХОББ можат да се превнираат. Честите егзацербации значително ја


забрзуваат прогресијата на ХОББ

Проценка на егзацербации се извршува преку:

*Гасни анализи: PaO2 < 8.0 kPa со или без PaCO2 > 6.7 kPa укажува на респираторна
инсуфициенција

*Ртг: исклучување на други дијагнози или потврда на пнеумонија

*ЕКГ: детекција на придружни кардијални проблеми

*Крвна слика: детекција на полицитемија, анемија, крвавење

*Пурулентен спутум: индикација за емпириска примена на антибиотици

*Биохемија: детекција на дијабет, електролитен дисбаланс, потхранетост

*Спирометрија: не е задолжителна, пациентот често не може да ја изведе, резултатите се


непрецизни

8
5. Терапија за ХОББ

Еден од најважните чекори за прогноза на ХОББ е откажување од пушење. Тоа не ја


нормализира белодробната функција, но го успорува прогресивниот пад на FEV1, доведувајќи го на
исто место, како и кај непушачи.

Според досегашните сознанија, не постои медикаментозна терапија која би го одложила падот


на белодробната функција ако пациентот продолжи да пуши. Лековите се корисни само за
ослободување од субјективните симптоми и при терапијата на акутните егзацербации.

Основни правила при терапијата со лекови:

 Лесен облик на болеста:


 Асимптоматски пациенти:
 Нема потреба за терапија со лекови.
 Пациенти со повремени симптоми (FEV1 повеке од 50% од предвидените вредности):
 Антихолинергици или краткотрајни бета 2 агонисти во зависност од клиничкиот

одговор.

 Третман со стероиди ако постои сомнеж за астма.


 Постојани симптоми (генерално FEV1 помалку од 50% од предвидените вредности):
 Антихолинергици и краткотрајни бета2 агонисти (комбинирано), во зависност од

клиничкиот одговор.

 Долгоделувачки антихолинергици или бета 2 агонисти или нивна комбинација.


 Во селектирани случаи инхалаторни гликокортикоиди ако се работи за фреквентни

9
егзацербатори.

 Третман со аминофилин (ннд -A).


 Хирургија (булектомија, белодробна трансплантација, белодробна волумен редукција)

може да биде препорачана само на мал број пациенти по внимателна евалуациа).

Опции за третман на егзацербации:

 Бронходилататори: краткодејствувачки b2-агонисти со или без кратко дејствувачки


антихолинергици

Не се препорачува примена на небулизиран магнезиум како додаток на салбутамолот

 Системски кортикостероиди: го скратуваат времето на опоравување, ја подобруваат белодробната


функција (FEV1) и хипоксемијата (PaO2), го намалуваат ризикот од релапси, неуспех на третманот
и траењето на хоспитализацијата

*80 mg преднизон/дневно во тек на 5 денови

 Антибиотици

Индикации за употреба на антибиотици:

*Присутни сите три кардинални симптоми

*Присутни два кардинални симптоми од кои еден е промена на бојата на спутумот

*Пациенти кај кои е индицирана механичка вентилација

Избор на антибиотик:

*Емпириски – препораки за иницијален третман: аминопеницилини со или без клавулонска киселина,


макролиди и доксициклин, флуорокинолони

*Според микробиолошкиот наод

Траење на антибиотскиот третман: –10 денови

Респираторна поддршка – хоспитални услови

10
 Оксигенотерапија – Подобрување на хипоксемијата до сатурација 88-92%
 Вентилаторна поддршка – Неинвазивна механичка вентилација (Non–invasive ventilation – NIV) Ја
подобрува респираторната ацидоза и тежината на диспнеата, ја редуцира појавата на компликации,
траењето на хоспитализацијата, потребата од интубација и стапката на морталитет
 Механичка вентилација

Кај животнозагрозувачки егзацербации доколку личноста ги има симптомите и индикациите за


хоспитално лекување на егзацербациите се преминува кон истото:

*Изразено тешки симптоми

*Тешка и многу тешка постојна ХОББ

*Појава на нови симптоми и знаци во тек на егзацербацијата (цијаноза, периферни едеми и др.)

*Слаб одговор на иницијалниот третман

*Присуство на сериозни коморбидитети

*Чести егзацербации

*Напредната возраст

*Немање услови за домашно лекување

Сепак медицинскиот персонал и високо стручен кадар има за цел на третманот на стабилна
хронично респираторна болест да ги намали симптомите, да ја подобри толеранцијата на напор и
погобрување на здравствениот статус. Но и да превземе намалување на ризик на превенција на
прогресија на болеста, превенција и третман на егзацербации и намалување на морталитетот.

11
Слика 1

Престанок со пушење може значително да влијае на природната историја на ХОББ и треба да се


направи напор да се поддржат пациентите да престанат да пушат .

Вакцинација против грип и пневмококни инфекции

Пулмонална рехабилитација

Едукација на пациентите за терапијата и начинот на инхалација

Во време кога аеро загадувањето е се почест проблем, но и според проценката на Светската


здравствена организација дека 3 причинител на смрт ќе биде баш ХОББ многу е важна превенцијата и
третманот на пациентите кој е комплексен и во нивното лекување треба да бидат инволвирани
специјалисти кои директно треба да соработуваа во индивидуалниот третман на пациентот. Само
доколку има вистинска и соодветна комбинација на третман и совет може да се влиае на успешноста на
лекувањето на пациентите со хронични респораторни белодробни болести.

12
6. Заклучок

Според светската здравствена организација хроничната респираторна болест (ХОББ) е една од


главните причини за смрт и морталитетот на глобално ниво со проекција дека до 2030 ХОББ ќе биде
трета причина за смрт од хроничните болести на глобално ниво. Хронична опструктивна белодробна
болест (ХОПБ), уште позната и како хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и хронична
опструктивна болест на дишните патишта (ХОБДП), се само некои називи за тип на опструктивна
белодробна болест што се одликува со хронично мал проток на воздух. Со тек на време се влошува.
Главните симптоми вклучуваат недостиг на воздух, кашлица и шлајм. Повеќето што имаат „хроничен
бронхит“' имаат ХОББ.

Најчеста причина за ХОББ е пушење тутун, а има и многу други фактори како загадување на
воздух и генетика, кои имаат помала улога. Во земјите во развој најчест извор на загадување на
воздухот доаѓа од слаба вентилација на оган за готвење и греење. Долготрајната изложеност на овие
раздразнувачи предизвикува воспалителна реакција во белите дробови, што резултира со стеснување на
малите дишни патишта и разложување на белодробното ткиво што е познато како емфизем. Дијагнозата

13
се заснова на слаб доток на воздух кој се мери со тест за белодробна функција. За разлика од астмата,
смалениот доток на воздух не се подобрува значително со давањето лекарства.

ХОББ може да се спречи со намалување на изложеноста на познатите причинители. Ова


вклучува обид за намалување на стапките на пушењето и подобрување на квалитетот на воздухот во
затворен простор и на отворено. Лекувањето на ХОББ опфаќа: откажување од пушење, вакцинирање,
рехабилитација, а често и инхалација со бронходилататори и стероиди. Кај некои, корист може да има
од долготрајна терапија со кислород или пресадување на бел дроб. Кај оние што имаат периоди на
акутно влошување, потребна е зголемена употреба на лекарства и хоспитализација.

Во светот ХОББ ја има кај 329 милиони луѓе или речиси 5% од популацијата. Во 2012 година се
вбројуваше како трета водечка причина за смртност, а уби над 3 милиони луѓе Се предвидува бројот на
смртни случаи да се зголемува поради зголемени стапки на пушачи и старата популација на многу
земји.Тоа резултираше со проценет економски трошок од 2,1 билиони американски долари во 2010
година

Карактеристични симптоми на ХОББ се хронична и прогресивна диспнеа, кашлица и


продукција на спутум, кои може често да варираат од ден на ден.

Диспнеа: перзистентна, прогресивна, се влошува при физички напор.

Хронична кашлица: може да биде повремена и непродуктивна.

Хронична продукција на спутум: кашлицата обично е следена со искашлување.

14
Користена литература:
1. Докиќ, Д. (2002). поглавје Пулмологија, Интерна Медицина, Скопје , стр.341
2. Ѓоргоски, И.К. (2011). Физиологија 1, Скопје стр.2
3. Фаучи, Е.С., Браунвалд, Ј.Л., Каспер, Д.Л., Хаузер, С.Л., Лонго, Д.Л., Џејмсон,
Џ.Л., & Лоскалцо, Џ. (2012).
4. Принципи на интерната медицина на ХАРИСОН, Табернакул, Скопје,стр.
1635 – 1636
5. WEB site: https://zmc.mk/blog/shto-pretstavuva-bronhitis-i-kako-da-se-namali-
rizikot-od-ova-zaboluva-e/
6. WEB site: https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0954611111004
7. WEB site: https://blogs.biomedcentral.com/on-health/2019/11/12/pneumonia-is-a-
major-threat-to-public-healthwhy-dont-we-acknowledge-the-fact/
8. WEB-stranica/WEB site: http://www.stat.gov.mk
9. WEB site: https://www.who.int/health-topics/chronic-respiratory-
15
diseases#tab=tab_1
10. WEB site:https://www.stat.gov.mk/Publikacii/2020/MakStat_IZBOR_2020.pdf
16

You might also like