Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 6

Што е експеримент?

Претставува збир на процедури кои имаат за цел да утврдат дали хипотезата може
да го реши проблемот, тој е темелен и најзначаен облик на стекнување нови
сознанија.
Од што е дел експериментот?
Експериментот е дел од истражувањето
Каков треба да биде експериментот?
 планиран
 систематичен
 надгледуван
Што се испитува со експериментот?
Причинско-последичните ефекти
Во што се состои експериментот?
во споредба на испитувана-експериментална група со контролна група

Што е варијабла?
Фактор во експериментот кој може да се менува, има влијание врз испитувањето и
доведува до различни ефекти

Каква може да биде варијаблата?


 Квантитативна (нумеричка, бројна)
 Квалитативна (опсервација-боја, изглед, има/нема)
 Зависна-онаа врз која влијаат независните варијабли и кое влијание се
испитува или мери во експериментот со цел да се реши поставениот проблем
 Независна-онаа која во експериментот намерно се менува,со цел да се
определи нејзиното влијание врз зависната варијабла

Услови за валидонст на експериментот

 Соодветна контролна група


 Ги има сите крактеристики на експерименталната група освен испитуваната
варијабла
 Повторливост-можност да се повтори експериментот
 Собирање и анализирање на резултатите
 Пред заклучокот , по анализата може испитувањето да се повтори. Може
хипотезата да е парцијално или комплетно неточна:
 Хипотезата се отфрла
 Треба да се размисли, да се преформулира хипотезата и да се
повтори испитувањето
Анализа на податоци
 Податоците добиени од нправеното испитување може да се
квантитативни(бројки) и квалитативни(описни)
 Се изведува статистичка анализа
 Резултатите може да се прикажат во табели или /и графикони, алгоритми
 Може да се прикажат и како слики

Заклучок-кога се произнесува треба да се внимава на:

 Дали резултатите се во согласност со поставената хипотеза


 Во него кратно да се запише што е добиено во текот на експериментот
 После добиениот заклучок хипотезата се прифаќа или отфрла
 Може да се запишат и ограничувањата кои влијаеле или придонеле кон тој
резултат

Единките врз кои се врши истражувањето меѓу себе се разликуваат по добиените


вредности за одредени карактеристика (обележја)

Мерење на обележја-со примена на дадено (еднозначно) правило на единките им


се придружуваат броевните вредности или ознаки

Добиените резултати од мерењето се податоци

Правилата на придржувањето се дефинирани со мерни скали

Според точноста со кои мерењата можат да се спроведат има 4 мерни скали:

 Номинална (категоричка, описна, атрибутивна)


 наједноставна, најмалку точна скала.
 Се темели на описните категории кои се вредности на обележјето
 се означуваат со бројки, букви или друг начин кој е погоден за
истражување
 Мерењето-со разместување по групи, собири, одделенија
 Ординарна (уредбена)
 На единките им се придружуваат вредности најчесто броевни, според кои
се разместуваат т.е. уредуваат во низа и се подредуваат
 Податоците се уредуваат во растечки или опаѓачки низови
 Интервална (главна кардинална мрна скала)
 При мерењето мерните единици им се придржуваат на показателите
 Исходот на скалата и вредностите на мерните единици се договорни
вредности
 Растојанието меѓу мерните единици е еднакво и непроменливо
 Односна (броевна, нумеричка) кардинална скала, има 2 важни посебности
 Нулата е исходиште на мерењто и укажува на непостоење својство кое се
мери
 Големината на мерната единица е постојана и непроменлива
 Примената овозможува директно да се споредат двете вредности, да се
заклучи колку е едната поголема или помала и за колку пати

Дискретен, испрекинат показател-ако показателот мерен со односната скала добие


изброено многу вредности

Континуиран, непрекинат показател-ако показателот може да придобие која и да е


броева вредност
Семинарска работа-самостојно пишан материјал на еден или повеќе студенти
Зошто е значајно изработувањето на семинарска работа-зашто преку неговата
изработка може да се проценат афинитетите и способностите за истражувачката
работа
Во тек на изработка на семинарска работа се препорачува комуникација и
соработка со ментор кој ќе дава насоки и сугестии при дефинирање на темата и
изработката на сем.раб.
Семинарската работа се изработув со цел студентот да се оспособи за прибирањ
податоци, кои се од подебно знањење за проценката на здравствената состојба,
факторите кои дејствуваат на здравјето и стилот на живот на населението
Постапката за изработка на семинарска работа опфаќа повеќе фази:
 Прибирање податоци за снимање и проценка на здравствената состојба
 Идентификација на причините ии факторите на ризик за конкретен
проблем,болест
 Да се определат целите на здравствената заштита, превенција, промоција на
здравјето
 Да се определат индикаторите за евалуација во согласност со поставените
цели
Теоретска-компилативна семинарска работа се состои од:
*Насловна страна-име,симболи на Универзитетот и Факултетот, насока на студии,
предметна припадност,, наслов, име,презиме на студентот, број на индекс,
име,резиме на менторот, град и година
*Содржина-преглед на сите поглавја со број на страна, потточките се нумерирани
со вовлечен параграф
*Вовед-краток опис на азгледуваната проблематика, отоа основна цел и предметот
на анализата, на крајот може да се посочи и методолошкиот приод при изработка
на семинарската, треба да биде 1 страна, по воведот следи главен дел
*Главен дел-се состои од тематски поглавја и потточки кои се однесуваат на
разгледуваната проблематика. Студентот треба да ги обработи и презентира
сознанијата релевантни за темата која ја обработува, не мора тоа да е нешто
ново, но треба да го претстави на свој оригинален начин
*Тематски поглавја и потточки (обработка на темата)
*Заклучок-претставува сублимиран приказ на се она што претходно е
анализирано(концизен, јасен, краток, во подточки), треба накратко да ги прикаже
главните заклучоци кои произлегуваат од резултатите на истражувањата, да наведе
можност за нивна примена,да даде препорака за понатамошна работа
*Користена литература-список на целосни библиографски единици-референци
кои студентот ги користел. Бројот на цитирани извоори да не е помал од 10.
*Прилог/прилози (доколку постојат)

Теоретска-истражувачка семинарска работа се состои од:


*Насловна страна
*Содржина
*Вовед, по воведот следи главен дел кој се состои од 3 дела
*1. Теоретски дел-обработува и презентира најнови но и постари литературни
изданија релевантни за темата која ја обработува треба да даде преглед и анализа
за слични истражувања од други автори
*2. Експериментален дел-ги опишува матријалите и методите кои се користени за
реализација на истражувањето
*3. Резултати и дискусија-ги прикажува резултатите (табеларно или графички) од
сопственото истражување, дава свои видувања во однос на истите и ги споредува
и коментира со литературно достапните податоци
*Заклучок
*Користена литература
*Прилог/прилози (доколку постојат)
Стручно-научен труд-се користи за презентација на стручен собир или за
објавување во научно списание со рецензија

Стручно-научен труд претставува обработка на определена тема, поврзана со


здравјето и фактори кои дејствуваат на него, со која се докажува способоста за
стручната работа и снаоѓање во решавањето определени проблеми

Трудот треба да оствари 3 основни цели:


*да се оспособи за користење и оцена на литературата со која се сретнува
*да се оспособи за стручен и креативен начин на размислување
*да се оспособи за тимска работа и учество во тим кој спроведува истражување

Изработката на трудот опфаќа неколку фази:


 *избор на тема, современа и актуелна
 *ориентационен план за работа (основни информации за темата, проучување
основна литература, разговор со потенцијален ментор и стручњаци,
прибирање податоци и литература)
 *прибирање и обработка на изворите и материјалите
 *пишување на стручно-научниот труд преку расчленување на темата,
пишување на првиот концепт и работна верзија на трудот за натамошна
ревизија
 *техничка обработка и финализација

Основни елементи на стручно-научниот труд


 *Насловна страница-наслов кој треба да е концизен, доволно информативен,
подолу лево се става името и презимето на авторот/кандидатот
 *Апстракт-се наоѓа на следната страна. Во неколку реченици се опишува
суштината на трудот, треба да содржи 250-300 зборови, во него да се наведат
целите на трудот, најважните резултати од истражувањето, најважните
заклучоци кои следат врз основа на резултатите од истражувањето. Треба да
има и 3-10 клучни зборови.
 *Текст на трудот-се дли на неколку целини:вовед, цели на истражување,
метод на работа, резултати, дискусија и заклучоци. Подолгите трудови треба
да имаат и поднаслови
 *Вовед-се разгледуваат теориските претпоставки на трудот и се сумираат
причините зошто е преземено конкретното истражување. Прашањето-Што
сакав да направам? Треба да се започне од општиот контекст, да се заврши со
целта и да се постават хипотезите.
 *Метод на работа- Прашање-Како го направив тоа?се дефинира
популацијата опфатена со истражувањето, треба да се набројат и опишат
обележјата, варијаблите на истражувањето и факторите на истражување
 *Резултати-Прашање-Што пронајдов/добив/утврдив?резултатите се
птетставуваат по логички редослед.Бројот на табелите и графиконите се
сведува во разумен број, графиконот е алтернатива за табелата. Резултатите се
анализираат и интерпретираат според хипотезата која е поставена, најважните
резултати се нагласуваат или сумираат
 *Дискусија-Прашање-Какво е значењето на тоа што го пронајдов или утврдив?
Се истакнуваат новите и важни асшект на истражувањето, треба да се истакнат
силните ислаби страни, нивните ограничувања
 *Заклучоци-треба да се поврзат со целите на истражувањето, препораките кои
следат од анализата на резултаите на истражувањето можат да се вклучат во
трудот, со поставување на нови хипотези ако тоа е оправдано
 *Преглед на литературата-се состои од правилно цитирани и нумерирани
референци според редослед на појавување во текстот или по азбучен ред. Во
европските земји доминира ванкуверски стил-се користи во
биомедицинските списанија.

Дипломска работа-самостоен труд изработен под менторство на избран ментор


кој има искуство во проблематиката која студентот ја истражува. Менторот и
научната дисциплина се одредуваат според интересот на студентот.

Дипломската работа е индивидуален труд и со закон не е дозволено,


препишување, копирање и земање резултати од друга дипломска работа.

You might also like