АНТИЧКИТЕ АТОМИСТИ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 8

АНТИЧКИТЕ АТОМИСТИ

Особено учење за атомите како најситни делови на материјата развил


најславниот научник на епохата Демокрит.

Демокрит (460 – 370 пред н.е.)

- Роден е и живеел во Абдера


- Го потрошил наследството патувајќи низ светот.
Во тие патријахални времиња, за растурање на
богатството се одземало граѓанското право, па
некои побарале казна за Демокрит. Сите им
се смееле на абдерќаните ( кои биле прочуени
поради скржавоста и глупоста) кога Демокрит
покажал дека парите ги потрошил за да
студира и да ги напише своите книги,
од кои се зачувани над 300 фрагменти.
- Демокрит починал кога имал 90 , а можеби и 100 години.
Пред карајот на животот ослепел. Повеќе не можел
да разликува меѓу белото и црното, но знаел да
направи разлика помеѓу доброто и лошото,
праведното и неправедното, важното и
безначајното. Без познавање на боите
може да се живее, но не се живее
човечки бев вистината и
добрината.
Демокрит се сложувал со елејците дека битието е нешто исполнето,
цврсто и неменливо. Но не се согласувале дека небитието не постои;
тие сметале дека небитието постои. Така Демокрит отстапил од
формалната логика и се потпрел на сетилното познание.
Небитието е празниот простор кој овозможува битието да се дели до
основни неделиви делчиња, како и тоа овие да можат да се движат.

Всушност, Демокрит го разбил елејското битие на парчиња кои ги


фрлил во празнината.
Но, зошто мора да има атоми (делчиња кои не се делат), кои освен тоа,
сетилно не може да се доловат? Демокрит тука се служи со аргумент од
Зенон. Тој образлага: Ако предметите се делат на сé поситни и поситни
делчиња, тогаш ќе има бесконечен број делчиња. Овие, пак, или имаат
големина или немаат големина (трето не е можно). Ако тие имаат големина,
колку и да е мала таа, збирот од бесконечно ситни делчиња ќе даде
бесконечно голем предмет. Тоа е секако апсурно, невозможно. Но и
претпоставката дека овие делчиња немаат големина дава невозможна
последица: збирот од бесконечен број делчиња кои немаат големина дава
предмет без големина. Така, мора да постојат атоми кои понатаму не може да
се делат.
Има различни атоми, во разни форми – аглести, тркалести, извиткани, со
кукички, издлабени, испакнати и можни се нивни различни врски.

Можат да се поврзуваат на различен начин, според редот и положбата.


Движејќи се во празниот простор, атомите се судираат. Како резултат на
судирањето, едни атоми се одбиваат, а други се спојуваат (вклучуваат,
закачуваат, вклештуваат – зависно од формата).

Така, атомите кои се сетилно недостапни, ги градат сложените нешта кои го


минуваат прагот на сетилноста и се достапни за сетилното познание.
Сложените тела се составени од битие и небитие, од атоми и празнина.

Всушност, космосот настанува кога на некое место од бесконачната празнина


се натрупува огромен број атоми. Тие се завитлуваат во еден космички виор
во кој потешките атоми одат во средината, а лесните кон периферијата. Од
тешките атоми во центарот настанува земјата (Демокрит е геоцентрист),
околу неа воздухот и огнот, а кога ќе се распадне огнот ги дава небесните
тела. Има безброј светови, од кои едни настануваат, а други исчезнуваат.
Во светот владее строга причинска условеност и детерминираност.
Теорија на познанието (гносеологија)

Сознанието почнува со восприемањето на сликите од надвор. Од предметите


се одделуваат малечки сликички (еидола) кои низ сетилата влегуваат во нас,
предизвикуваат претстава и, натаму, мислење. Никому не му се јавува
никаква претстава доколку не е изложен на впечатоци на тие слики –
Демокрит.
Но познанието добиено преку сетилата е темно, а само разумот дава јасно
познание. Првото не е сигурно, само за второто сметал Демокрит дека ја
открива вистината.
Сé што се измолкнува да го видат очите, тоа може да се види преку
разумот - Демокрит
Етиката на Демокрит – животниот идеал

Го викале Насмеаниот. Тој постојано бил со ведар дух и се насмевнувал.


Насмеаноста стана имиџ на Демокрит, како особена карактеристика на
мислителот.
Го нарекувале и Мудриот. Со овој прекар се кажува дека тој и Аристотел
биле научени во таа епоха.

За човекот е најдобро својот живот да го мине што повеќе духовно ведар и


радосен и што помалку нерасположен.
- Демокрит

ЕВТИМИЈА – духовна ведрина, животна радост, благост во душата.


Таа е внатрешна рамнотежа и непоматеност, бестрасност,
спокојство на душата која станала господар на страстите.
За луѓето е подобро и етички пооправдано повеќе да се грижат за душата
отколку за телото, зошто совршенството на душата ја поткрева
слабоста на телото, но силите на телото без силата на умот не ја
прават душата подобра.

Евтимија може да се постигне само со мерата – умереност во барањата и


насладите. Ваквото однесување ги смирува лошите страсти на душата,
како што се завидливоста, стремежот кон слава и непријателството.
ЕПИКУР (341 – 270 пред н.е.)

Е најважниот антички следбеник на Демокрит.


Тој ја прифатил атомистичката теорија – во природата
има само атоми, празен простор и вечно движење.
За разлика од Демокрит, кој тврди дека атомите се движат
праволиниски, по определени патеки, и дека секое случување е нужно,
Епикур вовел концепција на случајност.
Во општа смисла сé е нужно, но има можност за отклон, за
деклинација на атомите. Со ваквото дополнување, Епикур ја
објаснил и можноста за слобода на личноста, која се
изразува со етичкото избирање.

You might also like