Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 3

МИЛЕТСКА ШКОЛА – ПОТРАГАТА ПО АРХЕ

Што е основата на сé, каква е општата праоснова, кој е праелементот на


сето постоечко?
АРХЕ ( прв филозофски поим) - потекло, извор, начело

1. ТАЛЕС ( ок. 624 – 547 пред н.е.) – родоначалник на филозофијата.


- Открил како да се плови по морето следејќи ги ѕвездите и Сонцето
- Предвидел помрачување на Сонцето
- Од него потекнува поделбата на годината на 365 дена
- Успеал да ја пресмета височината на пирамидите врз основа на
нивната сенка.

АРХЕ Е ВОДАТА
Според Талес, водата не само што дава живот, таа е жива супстанција,
таа поттикнува движење и создавање. Тој елемент има душа. Во природата
сите нашта имаат душа – Талес укажувал дека каменот (магнетот) има душа
затоа што го движи железото. Овој став е хилозоизам (ст.гр. хиле – материја
и зоон – живот).

Повеќето први филозофи сметаа дека начелата на сите нешта се дадена


само во вид на градиво од кое произлегуваат сите суштества, од кое
првично настануваат и во кое најпосле пропаѓаат, додека пак суштината
останува, иако ја менува состојбата... Имено, треба да има некаква
природа, една или повеќе од една, од којашто настануваат другите нешта,
додека таа самата опстојува. Меѓутоа, за бројноста и видот на таквото
начело не зборуваат сите исто – туку Талес, родоначалник на таквата
филозофија, вели дека тоа е водата (оттаму и изјавува дека Земјата е на
вода), усвојувајќи ја таа претпоставка, можеби согледувајќи дека храната
на сите суштества е влажна и дека самата топлина произлегува од неа и
живее врз нејзината основа и токму поради тоа ја прифаќа таа
претпоставка бидејќи семето на сите суштества е влажно; за влажните
нешта водата е природно начело.

Аристотел: Метафизика
2. АНАКСИМАНДАР (610 – 546 пред н.е.) – создал филозофски принцип
- ученик на Талес
- автор на првата филозофска книга За природата
- бил физичар, географ и државник
- конструирал и вовел сончев часовник
- ја изработил првата географска карта, како и некој вид небесен глобус
- измислил и повеќе инструменти за градежништвото

ОД АПЕЈРОНОТ ПОТЕКНУВА СЕ
апејрон – неограничено, бесконечно,
она што не може да се определи

Апејронот нема почеток ни крај. Апејронот нема определен квалитет,


бескраен е во квантитетот и во времето, безграничен во просторот.

Од апејронот настануваат сите светови и нештата во световите. Тие нужно се


враќаат во својата праоснова. Станува збор за вечно движење при коешто има
законитост.

Основата на настанувањето и пропаѓањето на појавите во природата се


спротивностите што ги содржи праосновата – како што се топло и студено,
суво и влажно. Од нив настануваат 4 елементи на светот – од топлото и
сувото настанува оган, од топлото и влажносто излегува воздух, до
студеното и влажното се појавува вода, а од студеното и сувото настанува
земја. Од овие елементи настануваат сите конкретни нешта.

Така настанал и човекот. Анаксимандар прв зборува за еволуцијата на


појавата на човекот. Со затоплувањето од водата и земјата излегле риби или
живи суштества слични на риби, а во нив се зачнале луѓето кои
произлегуваат од неив.
3. АНАКСИМЕН (ок. 588-524 пред н.е.)

АРХЕ Е ВОЗДУХОТ
Од воздухот настанува сé и во него сé се враќа. Без него нема живот,
тој е живототворна материја. Тој е хилозоист и инстинктивен материјалист.
Нашата душа се храни со воздух. Воздухот е во основата на светот, но и во
основата на нашата душа. Космосот е идентичен со човекот.
Со разретчувањето на воздухот станува оган, а со згуснувањето ветер,
потоа облак, па вода, земја и сé останато. Разретчувањето на воздухот
Анаксимен го поврзува со загревањето, а згуснувањето за него значи ладење
на воздухот. Промените произлегуваат од движењето на воздухот, кое е
вечно.

МИЛЕТСКИТЕ МИСЛИТЕЛИ:
- раскинуваат со религиозното сфаќање за настанокот на светот по
волјата на боговите
- создаваат филозофија, слободна размисла која трага по начелото на
сé што постои
- го наоѓаат во природата и се трудат истата да ја објаснат рационално
- имаат монистичко учење ( следат еден принцип)
- имаат материјалистичко учење (праматеријата е вечна,
живототворна и во постојано движење и промена)
- поставуваат исто прашања, а даваат различни одговори, што е
особеност на филозофирањето.

You might also like